Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#421 Posted: 11-May-2009 at 15:59 |
Уште еден градоначалник ќе му ја мисли како да го прошири булеварот Климент Охридски |
|
Дали
да се исечат стотина долгогодишни липи за да се растовари сообраќајниот
метеж во дел од центарот? Какви ќе бидат реакциите на скопјани за
таквото уништување на зеленилото, со толкави размери? И дали целата таа
сеча ќе ги оправда очекувањата или ефектите од двете нови коловозни
ленти ќе бидат минимални? Ова беа главните дилеми што не успеаја да ги
решат досегашните градоначалници кога станува збор за проширувањето на
булеварот Свети Климент Охридски. Одговор на овие прашања ќе бара и
новоизбраниот градоначалник Коце Трајановски, бидејќи и во неговата
програма пишува дека ќе ја разгледа можноста да изгради нови ленти на
оваа сообраќајница.
И додека сите размислуваат, разгледуваат
можности, нарачуваат испитувања и студии и ги проценуваат политичките
поени што би ги добиле од поголемата проодност или би ги загубиле
поради уништувањето на средишното зеленило, булеварот сè повеќе се
упропастува. Поради зголемениот број возила проодноста станува сè
помала, а условите се најлоши за пешаците. Тротоарите во некои делови
се претесни, широки се само половина метар, а на средишната пешачка
патека уште одамна и е неопходна целосна реконструкција.
Булеварот
Свети Климент Охридски е едно од најтесните грла во градот. Тој ги
поврзува главните паралели преку кои се одвива сообраќајот во Скопје,
односно улицата Илинденска кај зградата на Владата, булеварот
Партизански одреди кај Соборниот храм, улиците Димитрија Чуповски и
Теодосиј Гологанов во близината на гимназијата „Јосип Броз-Тито“ и Мито
Хаџивасилев Јасмин кај поранешната зграда на „Нова Македонија“. Поради
тоа неговиот капацитет уште одамна не ги задоволува потребите, па се
наметна прашањето за проширувањето.
АРКАДИ ЗА ПЕШАЦИТЕ
Идеите
да се направи уште по една сообраќајна лента од двете страни на
булеварот се појавија во 2003 година, уште додека Ристо Пенов го тераше
вториот градоначалнички мандат во градот, а Виолета Аларова во
општината Центар. Се бараше решение каде да поминува трасата на
булеварот за неговото проширување да предизвика што помалку уништување
зеленило, како и да се зголеми безбедноста на пешаците. Паралелно со
тие работи требаше и да се прошири крстосницата кај Соборниот храм,
меѓу булеварите Свети Климент Охридски и Партизански одреди.
Веќе
наредната година општината Центар усвои детален урбанистички план со
кој се предвидуваше да се заштити и зеленилото и да се обезбеди доволно
место за пешаци, така што ќе се изгради колона со столбови поврзани со
сводови, односно со аркади. Со проширувањето без да се уништува
средишната патека се навлегува во приватните имоти, па општинарите
решија на станарите да им дозволат да си изградат уште по еден кат
нагоре, а за сметка на тоа да дозволат да им се одземат делови од
долните катови, кои би биле искористени за тротоари. Повеќето жители се
согласиле со понудената компензација, да отстапат четири метри во
приземјето и да добијат цел кат погоре. Но плановите за овој амбициозен
градежен зафат, со кој требаше да се направи проширување на потегот од
зградата на Владата до Соборниот храм, не се остварија.
ЕДЕН ДРВОРЕД НАМЕСТО ДВА
Претходниот
градоначалник Трифун Костовски планираше проширувањето на
сообраќајницата да го изведе во летото 2006 година, додека голем број
граѓани се надвор од Скопје, а со тоа и сообраќајниот метеж е
значително намален. Според неговиот план, требаше да се направи еден
дрворед наместо два, точно на средината меѓу двете новопланирани
сообраќајни ленти, со стандардна широчина од по три и пол метри. Со тоа
би се добила нова површина за возила, а би се задржал и дел од зелениот
појас. Проектот го опфаќаше само третиот дел од булеварот, потегот од
раскрсницата со улицата Димитрие Чуповски до зградата на „Нова
Македонија“, со вкупна должина од 520 метри.
Сепак, и покрај тоа
што сè беше подготвено за да почнат градежните работи, проектот се
одложи за да се направат дополнителни анализи, бидејќи булеварот е една
од можните траси на идната трамвајска мрежа. Се бараа студии за
оправданоста на проширувањето од битолскиот технички факултет и од
скопскиот шумарски факултет, а потоа целата работа запре.
ВРСКА МЕЃУ СЕВЕРНИОТ И ЈУЖНИОТ БУЛЕВАР
Од
Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски велат дека тој веќе во
согласност со определбите од изборната програма ја разгледува можноста
за евентуално проширување на булеварот Климент Охридски.
- Во
тек се преиспитувањата на постојните проекти и на сите други параметри
што треба да ја детерминираат потребата за проширување и на овој
булевар. Ако заклучиме дека е потребно проширување, тоа ќе го извршиме
врз основа на добро подготвена техничка документација, идејни решенија
и изведбен проект - објаснуваат од градот.
Проширувањето на
овој булевар е предвидено во Генералниот урбанистички план, каде што
тој треба да има шест коловозни ленти, како и да биде главна врска меѓу
неизградениот Јужен и полуизградениот Северен булевар, со нов мост
преку Вардар кај Владата и со тунел под тврдината Кале.
Цар Душан, па ЈНА, па Климент Охридски
Свети
Климент Охридски е еден од најстарите булевари во Скопје, кој бил
граден кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Според хроничарот Данило
Коцевски, со изградбата на булеварот бил урбанизиран целиот тој дел од
градот.
- Овој булевар пред Втората светска војна се нарекувал
Цар Душан, потоа бил преименуван во ЈНА, за во 1996 година да му се
замени името во Климент Охридски. Тој се поврзува со настанувањето на
маалото Буњаковец и Козар Маало. Во почетокот на 20 век тој ги
разделувал Буњаковец Маало и Бимбо Маало. Тоа било срцето на Скопје и
едно од најфреквентните места каде што сè пулсирало. Во близината на
местото каде што сега е Соборниот храм се наоѓаше и Поштенскиот дом, во
кој се одржуваа игранките - објаснува Коцевски.
Тој додава
дека оваа улица се поврзува со две важни сообраќајни артерии во градот,
како што се булеварот Илинденска, поранешна Царица Марија и со
Водњанска.
И покрај тоа што од 1996 година булеварот е
преименуван од ЈНА во Климент Охридски, во личните карти и во други
официјални документи што ги издава Министерството за внатрешни работи,
тој сè уште се означува со името на веќе непостојната армија на
поранешната држава.
|
|
| http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=390&ArticleID=24282 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#422 Posted: 11-May-2009 at 16:02 |
Додека 20 години мозгаме како да се реши зеленило, за толку време ќе никнеше средишен појас до сега. Значи, ако може, уште утре да се пристапи кон засадување средишен појас зеленило, како и со соработка со шунмарски факултет доколку има шанси пресадување на некои од сегашниве дрва. Така да да немораме да мислиме дали да исечеме еден дрво ред во интерес на инфраструктурата која е примарна, а зеленилото е второстепено. реакции ќе има секако, и врвен политички настан ќе направиме од еден дрворед ако треба, ама не смее уште у почеток даз се влага со клизачи на идејата за проширување само во интерес на зеленилото. Значи до сега до дека мислевме ќе пораснеше и уште еден појас.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#423 Posted: 11-May-2009 at 16:42 |
 Тому така. Но морам да забележам и дека вакви какви што сме, ни од проширување нема да се офајдиме баш, затоа што тоа проширување извесно ќе се искористи како лента за паркирање, па место подобрување ќе добиеме уште полоша состојба. А на некого може уште попримамвлива да му ја направи идејата од тука да го плетка трамвајот... Исто така и ова многу боде очи:
Проширувањето на
овој булевар е предвидено во Генералниот урбанистички план, каде што
тој треба да има шест коловозни ленти, како и да биде главна врска меѓу
неизградениот Јужен и полуизградениот Северен булевар, со нов мост
преку Вардар кај Владата и со тунел под тврдината Кале. |
Не, не, не и не!!! Булеваров ќе биде важна врска, но главна врска мора да биде бул. Крушевска Република. Што е ова сега, новинарска „прецизност“ или работите до таму отишле што на „Крушевска“ и го копаат гробот?!?
Edited by Cloverstack - 11-May-2009 at 16:45
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#424 Posted: 11-May-2009 at 16:51 |
Крушевска е оддман утепана, само што никој до сега не ни соопштил. Сега Климент Охридски ќе ни го промовираат како главна врска. Па макар и да ги спојувал овие два главни булевара тоа мора да го врши во заедништво со Крушевска, а не сам! А гледам и мост ина Вардар и тунел веќе направија, а башка што се спојува со северниот булевар во неговото најтесно издание. Тахикардија... за извоз!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#425 Posted: 11-May-2009 at 17:16 |
Всушност Крушевска не можат да ја „утапаат“ како што викаш. Ако не ја изградиме наскоро, таа со време сепак ќе ни се наметне како нешто од кое не можеме да избегаме во, со таа разлика што тогаш ќе мора многу да импровизираме, а нејзината цена сепак ќе биде многу поголема. Значи сега можат да играат играчки со Крушевска во полза на урбаната мафија и којзнае уште какви интереси комбинирани со неспособност да се направи барем еден вистински капитален проект, но не можат да и турат пепел. Некогаш ќе мора да ја изградиме, само што и тогаш, а и во меѓувреме ќе плаќаме преголема цена за нечии лични интереси и за нечија неспособност!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#426 Posted: 14-May-2009 at 11:58 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#427 Posted: 14-May-2009 at 12:44 |
Ме престигна одавна се спремам ова да го сликнам. Всушност до пред 2-3 недела имаше едно 90% помалку сработено од ова сега дури и се забрзаа... Сумарно темпото е ужасно, мислам од форумов да се соберевме со лопати побрзо ќе го средевме ова.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#428 Posted: 14-May-2009 at 12:47 |
Најтрагично е што реално се работи за минорен проект. Тоа што го најавуваа со години и што сега се гради цела вечност не значи дека се работи за крупен проект, колку и да се обидуваат да не убедат во тоа!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#429 Posted: 15-May-2009 at 09:48 |
ГРАДЕЖНИТЕ ПРОЕКТИ ВО СКОПЈЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ БАВНО
Булевари и крстосници раскопани со месеци
Ниту
еден од капиталните градежни проекти на Град Скопје најавени уште
минатата година во нивниот акциски план не е завршен. Се уште се работи
на булеварот Гоце Делчев, бавно оди и проширувањето на крстосницата кај
„Тутунски комбинат“, а не е завршена ниту клучката во форма на детелина
кај Бит-пазар. Пред четири месеци надлежните велеа дека проширувањето
на булеварот Гоце Делчев ќе го продолжат со реконструкција на пешачките
острови на крстосницата кај Судска палата, за да се исправи линијата на
движење на таа крстосница и да се овозможи булеварите Гоце Делчев и
Крсте Петков Мисирков да се вкрстат под агол од 90 степени. Но потоа се
најдоа оправдувања дека е зима и не е почната градежната сезона, па
следеа избори, за на крај повторно и пролетните дождови да се
искористат како пречка за завршувањето на работите. Сега градските
власти повторно уверуваат дека булеварот Гоце Делчев е во завршна фаза.
- Останува само финото асфалтирање на приклучоците кон МТВ и
поставувањето на семафорската сигнализација на новоформираната
крстосница меѓу Универзитетот и МТВ. Бидејќи се работи за асфалтирање
на главниот слој на приклучоците и делот од крстосницата, неопходно е
истото да се направи во услови кога основниот слој е сув. Деновиве ќе
почне инсталирањето на семафорските светла “ објаснуваат од Градот. Со
оваа реконструкција е поврзано и проширувањето на автобуската станица
пред влезот во трговскиот центар „Мавровка“, која стои раскопана цела
зима. Општинските власти од Чаир лани почнаа да го уредуваат просторот
и ја оставија недовршена постојката со изговор дека треба да ја направи
Градот заедно со проширувањето на булеварот Гоце Делчев. Сега градските
власти објаснуваат дека, сепак, автобуската станица треба да ја уреди
Општината, но дури откако ќе завршат работите на булеварот. За
проширувањето кај „Тутунски комбинат“ надлежните велат дека се одвива
според предвидената динамика. - Проблем е што се чека на дислокација на
подземните инсталации, кои се обврска на ЕВН. Градоначалникот Коце
Трајановски со раководството на компанијата го договори реализирањето
на оваа нова обврска на сите локации каде што Градот реализира проекти
и проблемот е решен. Со дислокацијата на инсталацијата ќе може да се
пробие целата траса и да се тампонира, а потоа ќе се асфалтираат новите
ленти кои се прават во моментов - објаснуваат од Град Скопје.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1702&ArticleID=113698 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#430 Posted: 30-May-2009 at 02:33 |
Кај црквата во Ѓорче Петров ќе се прави кружен тек

Моментно се распишува тендер за изработка на идеен проект
Раскрсницата кај црквата „Св. Петар и Павле“ во општината Ѓорче
Петров до крајот на годината ќе биде решена со кружен тек. Во Градот
Скопје моментно во тек се подготовките за распишување тендер за
изработка на идеен проект за оваа раскрсница. Се очекува проектот да
биде готов за неколку месеци, кога ќе бидат познати и деталите за
целото сообраќајно решение.
На местото каде што се сечат дури
пет улици, сега и возачите и пешаците се снаоѓаат како што знаат и
умеат, бидејќи нема ниту семафори. Се работи за многу фреквентните
улици „4 Јули“, „Лука Геров“ и „Пролетерска“, а од неодамна и
новоизградената „Македонска војска“. Од раскрсницата, сега се влегува и
кон црквата, полициската станица и кон објектот на Противпожарната
бригада. Во иднина, оваа улица ќе биде затворена, а за сите овие
објекти пристап ќе се обезбеди со сервисни улици.
„Оваа
раскрсница е несиметрична и не одговара да се постават семафори.
Напротив, има доволен простор да се направи кружен тек и на тој начин
да се регулира сообраќајот. Моментно се подготвува тендерот за идејно
решение, а се надеваме дека до крајот на годината и ќе биде направен
кружниот тек“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
Тој
објаснува дека сегашниот влез кон црквата ќе се затвори и ќе се
пренасочи кон сервисната улица, која ќе води кон пазарот и која ќе биде
во функција и на новите згради што ќе бидат изградени на оваа локација.
Според Деталниот урбанистички план, до зградата што се гради ќе се
преместат и полициската станица и објектот на ПП бригадата. На нивно
место е предвидено да се прошири дворот на црквата, информираат од
Општината. http://utrinski.com.mk/?ItemID=E4E1221725BEB84AA36CA5012AE8EFA3 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#431 Posted: 30-May-2009 at 02:36 |
Kружниот тек воопшто е неповолно решение, а дополнително е неповолно пошто неколку од пристапните улици се доста прометни, но мислам дека е оправдано како единствено решение за раскрница со повеќе од 4 улици. И така не е некој скап и голем зафат за да неможе во иднана да биде преуредено кога ќе му дојде време според ГУП!Тука всушност проблем е и што на едната од уличките (онаа која не е спомната во текстот) и се придава ранг на булевар и се иде на решение да се обезбеди рамноправен пристап кон сите правци за таа уличка, што мислам дека е проблем и дека дополнително може да ги загуши Лука Геров и нновиот булевар. Инаку на GE неможам да ја сконтам позицијата сликата од веста во однос на мапата! Ај ќе замолам ако може некој да ја скицира раскрсницата врз слика од GE.
Edited by lslcrew - 30-May-2009 at 02:43
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#432 Posted: 31-May-2009 at 13:33 |
а од неодамна и новоизградената „Македонска војска“. |
да не е стара сликата на ге
Чисто гаѓам али црквата ми изгледа како да е горе десно на сликава.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#433 Posted: 03-Jun-2009 at 00:40 |
Се асфалтираат детелинката и раскрсницата кај Тутунски
Градежните работи се одвиваат без прекин на сообраќајот, поради што секојдневно има нов режим
Сања Наумовска Истовремено,
градежни работи се одвиваат и на вториот голем градски проект за
проширувањето на раскрсницата кај Тутунски комбинат. Завршено е
тампонирањето и асфалтирањето на проширувањата на улиците „Слава
Георгиева“ и „Пролет“. Дислоцирани се и три семафори, по што ќе следува
уредување на тротоарите со бехатонски коцки.
Проблем со
подземните инсталации на ЕВН има и на овој објект. Градот Скопје и
компанијата неодамна склучиле договор ЕВН да ги дислоцира своите кабли
од неколку локации на раскрсницата. По завршувањето на оваа активност,
информираат од Градот, ќе има услови да продолжи проширувањето и на
другите краци на раскрсницата.
„Изградбата на детелинката
’Бит-пазар‘ и проширувањето кај Тутунски се одвиваат без прекинување на
сообраќајот, поради што режимот се менува секојдневно, во зависност од
градежните работи што се планирани. Сообраќајниот режим постојано се
утврдува со Сообраќајната полиција. Изведувачите секојдневно
поставуваат потребна сообраќајна сигнализација, која апелираме возачите
да ја почитуваат. Што се однесува до затворање на улиците поради
асфалтирање и воспоставување привремен режим и пренасочување на
сообраќајот засега не е планирано, а ако биде потребно, граѓаните ќе
бидат дополнително информирани“, велат во Градот.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=5B0382F81264CD4CA7BA805AB87E12CC |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#434 Posted: 03-Jun-2009 at 20:15 |
кај тутунски асфалтот на еден дел е завршен, ќе сликнам утре (ако не заборавам) и така сум во близина
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#435 Posted: 03-Jun-2009 at 20:47 |
 Епа те претркав  1 Вртење од кај Злате кон Корчагин и новоформираното островче  2 Улицата кон Корчагин проширена  3 Новиот тротоар и отстранетите дрвени столбови за телефонија од овој потег. Незнам зошто не ги отстранија дрвените столбови и од ул. Ленинградска во продолжение кога комплетно ја реновираа пред 2 години  4 Новото островче гледано од страната на ТКС кон Злате  5 Правецот кон ТКС  6 Убав поглед кон проширениот сегмент  Инаку ако веќе не сум спомнал до сега. Скоро целиот потег на слика 6 од местото каде што сликам па се до зградата беше новоизградено "паркче" од страна на општина центар отворено само неколку месеци пред градот да го најави овој проект. Не дека се работеше за нешто грандиозно но во нивни добро познат стил истрошија НАШИ пари за некое паркче кое го срушија за само неколку месеци.  Секако никој не одговара за таа некоординираност и бахатост.
Edited by pbanks - 03-Jun-2009 at 20:50
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#436 Posted: 03-Jun-2009 at 20:57 |
не гледам некоја посебна потреба од проширување на улицата кон корчагин, ама ако
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#437 Posted: 03-Jun-2009 at 21:08 |
Originally posted by zabegan
не гледам некоја посебна потреба од проширување на улицата кон корчагин, ама ако
|
Ко ќе земеш возачка и ко ќе купиш стан таму ќе видиш и те како дека има потреба
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#438 Posted: 03-Jun-2009 at 21:37 |
И повторно објектот на АУТОВУЛЕ си остана тука да прави гужва. Имаме некое нагло свртување на целата улица со цел да се избегне времен објект. Апсолутно нелогична ситуација. Можеби неколку пати наназад низ нишкав ја потенцирам таа точка која е најголемиот трн во потегот од пролече до тутунски. Таа е точката поради која што потегот во голем дел беше со три ленти, дополнително создава непрегелда ситуација зашто како насилно упаѓа на улицата, има стеснуавање на тротоарот, а за дополнително да се изгуби од непрегледност и проодноста на торарот има зленеило ван контрола и котејнер! Никаков тобоган како овој што сега се гради неможа да ги замени четрири прави ленти.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#439 Posted: 05-Jun-2009 at 12:41 |
19.05.2009,
18:58
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ТОДОР ЧАНГОВ
УЛИЦАТА ПРЕД ГРАДСКИОТ СТАДИОН СО МЕСЕЦИ ОСТАНУВА РАСКОПАНА
Раскопани дупки, извадени коцки, крпеници… Вака изгледа улицата пред Градскиот стадион на влезот на Градскиот парк.

Уште пред неколку месеци улицата беше раскопана
поради менување на кабли, но по завршувањето на работата никој не најде
време и начин да ја врати барем во првобитната состојба. Ниту оние кои
ја раскопаа, ниту општината. Граѓаните се револтирани. Велат како може
една толку фрекфентна улица да биде оставена во ваква сосотојба.
Наспроти
ова, подобрување во општина Аеродром. Улицата Тодор Чангов која со
години беше заборавена од претходните градоначалници, од денеска добива
нов лик.
Како што посочи и министерот за транспорт и врски и
останатите градоначалници треба да го следат овој пример и да ги
исполнат ветувањата пред граѓаните. http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=2379AC727E37104BA17F08D25B27E4BE |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#440 Posted: 10-Jun-2009 at 14:43 |
Еве до каде се стигнати со проширувањето на БУЛ „Видое Смилевски Бато“. Премногу се задржуваат, ова требаше бар пред месец да биде готово. 41°58'52.04"N 21°28'30.16"E 1.  2.  3. 
Edited by La Linea - 10-Jun-2009 at 14:45
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |