![]() |
![]() |
![]() |
Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 88> |
Author | ||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Денови пред да се постави се пуштаат пробни балони низ јасвност и ни се најавуваат уствари 8 пиони, па после меѓу пиони го ставиле и филип втори. Ова е крајно нелогичен потег кога се работи за симболика и споменици. Доколку веќе ги ставаме Филип II и Александар III на исти споменик, тогаш Филип треба да има поголеми димензии пошто треба да се симболизира односот родител-дете. Значи ова останува спорно, исто како и димензиите на споменикот кои се напумпани. А завчера Паско Кузман спомна некоја бројка од 17 метри што е сосема нова бројка во етерот.
Инаку ја сакав да се задржиме на споменикот и на апликациите околу него. Сепак јас дебатирам од позиција на одобрување на споменикот (освен димензиите и она што во предходниот пасус го истакнав). Но без разлика од која позиција дебатираме, воопшто нема да ги исправиме грешките околу спомеников доколку се фаќаме за лично дискредитиање на авторот, а кредибилитетот не зависи воопшто од тоа дали палеле свеќи за александар или што сањале и други пар саморекламни мерки за кои многу е јасно зашто се дадени у јавоност. Едноствано сакам да кажам, барем ние да не се фаќаме за јадицата која е наменета за комисијата која патем се подразбира дека е дел од една политичка провиненција и сега треба авторите да и се удваараат. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Инаку, не знам можеби сум емотивен, но мислам дека авторката апсолутно заслужува да биде дискредитирана, затоа што во нашево општество конечно треба да се воспостави механизам на јавна осуда за вакви работи. Во случајов мислам нема дилема дека како е истуркана целава работа е за најостра осуда! Кога веќе не може да се потпреме на совест или професионална етика, можеби осудата ќе даде резултат. На личности како типкава или како Вангел мора да им се наговести дека нивните имиња нема туку така да бидат запишани со златни букви во историјата ![]() Ако почнат да сваќаат дека јавноста ќе ги осуди и дека историјата ќе ги запамти поинаку отколку што им се увртело во глава, луѓево можеби и нема така лесно да се впуштаат во секакви будалаштини кои не се исправаат, а за кои цехот го плаѓаме сите. Edited by Cloverstack - 11-May-2009 at 21:43 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Па јас стварно цело време не ве сваќам што има за осуда кај дотичната?!
![]() За јавна осуда е постапката која се спроведува крајно нетранспарентно, за јавна осуда е магаломанијата што завладејала со спомеников и знаеме од каде потекнува и што воопшто дозволува такви нефкусно-огромни димензии. Незнам што има спорно со тоа што некој скулптор земал учество во еден од проектите да го изготви вајарскиот дел. Тоа се барало од нејзе тоа го извајала, а колку што можам од сликиве да видам и не се работи за некои лоши дела. Сега што да праи она кога се барало толкав споменик?! Инаку ова дело воопшто не може да се споредува со Вангел, пошто на Вангел му се дадоа одврзани раце, а он ја оплеска работата, за разлика од ова дело каде што ќе добиеме доста реалистично дело, барем според сликиве мене ми се допаѓа. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() За осуда е тоа што авторката е клучен учесник во една крајно матна процедура, а чиј резултат треба трајно да го одбележи „најцентралното“ парче земја во државава и за што се потрошени огромни пари. Плус тоа да не се лажеме, „победници“ на такви нетранспарентни конкурси не се случајни луѓе... Исто така за осуда е нејзиниот настап каде дрско ја преврте целата работа и заклучи дека било неблагодарно што сме коментирале, а ништо не сме виделе. А тоа што тресеше глупости во интервјуто, тоа си е нејзин личен проблем, но секако не ме остави рамнодушен. Edited by Cloverstack - 11-May-2009 at 22:23 |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
Вангел не ја оплескал, идејата му е на место, изведбата е аут, истото ќе се случеше и со спомеников доколку им се оставеше на македонски леари, бидете сигурни во тоа!
инаку има две прилично познати заврзлами околу нагаѓањава по весниците, или новинарите заради публицитет тресат зелени во изобилство, јасно зачинети со полувистини од тоа за големината па до тоа околу целата композиција на споменикот, или пак знаејќи го ваквиот нивен пристап државата за да одвлекува внимание од реалните проблеми (иако легално) не ја тера целосно транспарентно постапката. веќе ми се смачи да читам весници, а уште повеќе ми е мака да ги коментирам, ај што сервираат сензационастички недоквакани информација, па уште и народот немајќи попаметна работа ги џвака со ќеиф, за жалење е навистина цел медиумски простор, но тоа е резултат само бидејќи не постои европски закон за медиуми па затоа сеуште и вакви транзициони истражувања и написи, па не може на волку мал простор да има толку медиуми, многу јасно е дека квалитетот на информирањето ќе биде катастрофално!!! |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Авторката воопшто не е централен лик во постапката. Многу ни е јасно кој е централен лик вои целата постапка. Авторката е само логистичар, техничар, обичен шум во целата постапка.
Па јас тоа и сакав да го потенцирам. Вангел да го добиеше конкурсов којзнае што ќе ни насадае на плоштад. Авторкава и поокрај одврзани раце се потрудила да склопи квалитетно дело (барем нејзиниот дел). Инаку она неможе да влијае на побарувањата за висината на склулптурите, побарувања кои ги поставува или оној кој го распишал конкурсот или во заедништво со тој што го работи другиот дел од поректот односно фонтаната. Значи одврзаните раце не се злоупотребени.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Во право си.
Сепак авторката не може да очекува ниту заслужува симпатии бидејќи свесно се нафатила на вакви заврзлами. Тоа ми беше поентата прееска за јавната осуда. Доколку имаше претпазливост од таков механизам, немаше толку лесно да проаѓаат секакви будалаштини и своеволија, јавната осуда ќе делуваше во некоја мерка како превентива и филтер. Edited by Cloverstack - 11-May-2009 at 22:43 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Но и да те надополнам! Јавната осуда од нас како цивили и од нејзините колеги немаат иста тежина. Има ли некое друштво кое што треба сега да се осети одповикано да даде критика (под критика не се подразбира само негативно) за мал ринг, а воедно и даја поздрави идејата за украсување на градот, но токму таквите друштва на уметници/скулптори треба да бидат оние кои групно ќе го изменаџираат целиот процес. Или изгледа им се отвори тезгето сега, па дај што даш..... |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
заврзлама беше крукчето за елка кло, ова сега можеби повеќе е обид за
исправање на истата, колку ќе биде успешен тоа ќе видиме, и мене не ми
е по ќеиф но ја разбирам која им е идејата за и околу истиот овој
проект. но за истиот да биде транспарентен и немаме баш многу простор,
едно заради осетливоста на идејата а друго заради слабите законски
механизми кои можат некоја ситуација да овозможат да биде целосно
транспарентна, па како што реков може и некој ја користи како спотер за
одвлекување внимание во таков случај!
инаку авторкава и да е и да не е ок, битно е како делото ќе излезе на виделина, многу релативно е да биде човек уверен дека во вакво време на културна хипокризија нешто може да излене перфектно, па дури истото било меѓународно признато и наградувано... |
||
![]() |
||
Cartman ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Човек у оваа држава си има процедури. Ниедна од тие процедури не беше почитувана. Како тоа сега законите и процедурите може да се кршат коа се работи за "осетливи" идеи??? Или има закон и пропис или нема. Планирањето на споменикот е демек "осетливо" па затоа не мора да биде транспарентно, а неговото поставување нема да биде осетливо? Или можда ке го покриеме со чаршав за да не го видат Грците?
Па затоа се и процедурите кои налагаат модел на делото да се изложи у јавност баш за да се види дали е ОК. А сега што? Ке чекаме да се постави и што? Што ако не е ок? Ке го тргаме? Ке го претопуваме? Edited by Cartman - 12-May-2009 at 00:41 |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
требаше првиот цитат да го побараш во претходниот пост, погоре кажувам дека ваквото осетливо прашање во однос на преговорите добро се изигрува во контекст на пакувањето бренд, а во костец со транспарентноста, ова е овозможено бидејќи нема силни механизми кои ќе наметнат силен услов за стоотстотна транспарентност на цела идеја но и реализиција, сепак во голема мера прилично јасни се сите ситуации околу споменикот, само што ние сакаме да веруваме дека посреди е некаков заговор против естетиката во градов...
значи формално процедурите се испочитувани, до мера прифатлива за законски да не може да падне ваквата иницијатива, а се останато мислам дека се користи крајно пресметано т.е. и како начин за одвлекување внимание од економски проблеми, но и заради билдање бренд во време кога за такво нешто има премалку и политички и економски простор. кажи конкретно која процедура не е почитувана, немало конкурс, немало средства, или тоа дека не е извадена идејата за споменик на јавен увид, напротив беше извадена на јавен увид при носењето на дупот, само што немаше никаква сериозна реакција на истата, особено не од жителите на центар, отстрана засегнатите почнаа да скокаат откако помина возот, за кој сега друг им е крив што не успеале со време да го фатат! но да не заборавиме самите тие го скроија вака законот за локална самоуправа каде не се бара ничија согласност за дуповите освен на жителите кои живеат на таа локација, дури и законски мислењето на градот се испостави дека е само мислење но не и обврска за усогласување... |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Не зброуваме околу проедурата за носење на ДУПот! Зборуваме за конкурсот и законската должонст на тој што го распишува конкурсот на јавен увид да ги постави пристигнатите дела. Тоа не се деси!
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
па тоа и велам јас, заради се што можеше да падне во вода оваа иницијатива, се е добро сработено, само што не се целосно (100%) отворените карти околу целата таа постапка за изборот и текот на проектот, што пак еве по трет пат пак ќе напоменам законски не е условено нешто особено, и ваквата ситуација може само да нагаѓаме зошто вака се тера! мое мислење е дека е спотер како и ред други процедури и постапки кои се одвиваат во државава, па подобро народ да крева прашина и џева за зеленчук него за омраза!
Edited by beTon - 12-May-2009 at 00:14 |
||
![]() |
||
Cartman ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Па тоа е најважно! Уствари тоа е се. Кој е авторот, која е комисијата, колку пари ке чини, и на крај кое е решението??? Ниту една од тие работи не беше објавена јавно, се до прес конференцијата на општина Центар што беше скоро. Кај го има тоа? За споменици од ваков карактер на запад (кон кој што демек се стремиме) се имаат одржувано и референдуми. Работата е што нема кој да ја казни општината (читај Владата)! Пошто општината крши закон и процедура а државата треба да ја казни општината. Како ке ја казни, кога идеите се на државата и башка она ги плаќа??? Ке ја казни општината затоа што ги форсира нејзините идеи? Затоа институциите што се надлежни за ова не реагираат. Затоа се дозволува буквално криминал... пошто кога е наш криминал не е толку страшно..
Ова се прави вака затоа што е премногу скапо, премногу екстравагантно, па на крај и без основа (немаме ни повод ни средства ни потреба ни место за вакво нешто). Се прави за да има помал отпор... сега веќе се е готово.. нарачано е ... не може да се спречи или да се менува и они веќе не се криви... Edited by Cartman - 12-May-2009 at 00:39 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Ќе се обидам малку да доловам преку слики како одприлика ќе изгледа крајниот производ....
Висок постамент не е редок случај низ свет, еве некои одпрликика што проценив дека се приближни на она што ќе го имаме кај нас..... 1. Juan Manuel de Rosas - Argentina 2. King Willem III - Netherlands ![]() 3. Mustafa Kemal Ataturk - Turkey ![]() Во однос на дополнителните мотиви во подножјето или околу постаментот не е некоја масовна појава, односно се практикува украсување дополнително на постаментот но тоа е обично нешто поапстрактно. Еве нешто што би било слично, иако не е нешто многу слично. Секој еквестриан е приказна сам за себе и не може баш да се споредуваат. 4. Monument to the Tsar Liberator - Bulgaria ![]() 5. Види Ататурк Погоре А во однос на големината не можев да одберам некоја прикладна, да не свнесам дополнителна шпекулација и забуна, еве само ќе постирам во прилог слика од најголемиот еквестријан во свет, ова е Џингис Кан.... ![]() Edited by lslcrew - 12-May-2009 at 00:43 |
||
![]() |
||
Cartman ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
За големината и изгледот ја постирав веќе... ова решение е 90% исто со нашето, и по големина и по изглед... само постаментот е низок околу 2.5m до 3m отприлика, додека нашиот ке биде 10m...
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
cartman јас баш од твојов пост трггнав! Прво го барам овој споменик кој ти го посочи, прво на гоогле еарт па не го најдов и продолжив по енциклопедии! ПА излезе збирка еквестријани!
![]() |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
картман тоа е се но повеќе од јасно е дека затоа е конкурс и комисија, сигурно нема народот да им диктира мнение ним, проблем е доколку ваквото нешто се договори без конкурс и во четири очи, а право е на тој што го распишува дали ќе биде јавен или затворен! инаку да општината е обврзана на транспарентност, но затоа велам искористена е можноста за ескивирање бидејќи законот нема некој строг механизам за на тоа да ја натера истата. патем ако ова е криминал тогаш што да кажам тогаш цело општество ни е криминално ![]() ако ова е скапо незнам што да кажам, четири милиони за ваков споменик стокмен од светски етаблирана леарница мислам дека е прилично нормална цена, нас не ни е нормално бидејќи сме навикнати се да гледаме од призма на дај што даш! што значи единствен реален можен момент околу транспарентноста е само дефокусирање за одредена колективна цел, а тоа е да се пополни просторот во медиумите како не би се јавил вакум за хистерија околу другите далеку понегативни појави. јасно повод има и во контекст за добро изигрување околу туристичкото брендирање на МКД без премногу за тоа да се крева џева, на која сигурно далеку по настрвени ќе бидат елефтеротипијас и компанија, таман уште пред време да имаа официјани слики и со ќеиф да распалуваат секојдневно. Edited by beTon - 12-May-2009 at 01:15 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
4272px × 2848px
![]() ЛСЛ нели можеше поголеми слики да најдеш ![]() |
||
![]() |
||
Cartman ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Налетав на оваа сликичка на фејбук
![]() ![]() |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 88> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |