Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#41 Posted: 02-Feb-2009 at 03:05 |
Еее ова е еден голем проблем во Скопје и низ Македонија. Колку што се сеќавам имаше некои акции за собирање. Прво се лепеше една налепница на колата, па ако ја возиш ќе си ја тргнеш налепницата. Кога проаѓа комисија, лепи уште една налепница и така до трета. После тоа проаѓаат "шинтерите" и секоја кола со три налепници ја товараат.
Хаварисани возила дремат по паркинзи
Градот се подготвува за голема акција за нивно собирање со помош на пајак-службата
Додека
скопјани мака мачат да најдат слободно паркинг-место, хаварисани возила
и приколки со години лежат неподвижни и скапуваат неупотребливи.
Градот по којзнае кој пат се подготвува за голема акција за нивно
собирање со помош на пајак-службата. На сопствениците на овие возила ќе
им дадат рок од 30 дена да ги отстранат од паркинзите. Граѓаните што
живеат или работат во центарот на градот велат дека не е фер на малкуте
бесплатни паркинзи да лежат хаварисани возила, а тие со часови да
бараат празно паркинг-место.
- Кај Прва полициска станица „Беко“
има еден стар „ситроен“ кој со години скапува пред носот на сите
станари и граѓани што минуваат оттаму. Не знам зошто тоа возило е
привилегирано, но знам многу примери низ цел град каде што стари возила
или приколки зафаќаат место, а јас не можам да најдам слободно
паркинг-место, па доцнам на состаноци и на работа - вели еден
револтиран скопјанец.
Од Општина Центар велат дека наскоро ќе се
приклучат кон акцијата. Ги повикуваат граѓаните што забележале
хаварисани возила на нивна територија да се обратат во Општината за
побрзо да ги отстранат од паркинзите. Во Општината Карпош велат дека и
годинава продолжуваат со акцијата за отстранување хаварисани автомобили.
-
Според одредбите од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата,
во тек е постапката за евидентирање хаварисани возила и приколки на
целата територија на општината. На евидентираните возила ќе залепиме
налепници со жолта боја, со кои сопствениците ќе бидат известени дека
во рок од 30 дена ќе можат самите да ги отстранат возилата од
паркинзите и од зелените површини. По истекот на тој рок, Општината
Карпош во соработка со МВР, ќе ги подигне означените моторни возила и
ќе ги складира на одреден простор, каде што ќе се чуваат уште 30 дена,
а по истекот и на тој рок, возилата ќе ги однесеме на отпад за старо
железо или во „Макстил“ на топење - велат од Карпош.
Во Аеродром
акцијата во моментов не се реализира, но очекуваат по завршувањето на
зимската сезона таа да продолжи. Во минатата година во оваа општина
биле отстранети околу петнаесетина хаварисани возила. И во другите
општини велат дека ги чекаат првите денови од пролетта и ќе се
приклучат кон градската акција за чистење на паркинзите од хаварисани
возила.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=19623BE6EB874743821E96AC1558F673 | Што ако некој е отсутен од државата на повеќе од два месеци. Како ќе го обештетат?! Или ќе му вратат коцка железо?!
Edited by lslcrew - 02-Feb-2009 at 03:07
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#42 Posted: 13-Feb-2009 at 03:02 |
Добар осврт на она што ни се дешава во културата...
Распеаниот Александар ќе црвенее од страшниот кич
Скопје веќе станува метропола со нагласен кич, а како последица на неукоста на неговите културни промотори
Тина Иванова
„Аман, веќе, нека дојде конечно
тој 22 март и локалните избори, да си заминат бербатлиите на нашата
култура и кичеристите на нашиот простор“. Вака малку на шега, малку на
очај, скопјанец на плоштадот „Македонија“ ги коментира гласиштата за
најновите бисер идеи на градоначалничката на Општина Центар, Виолета
Аларова, за натамошно бербатење на најелитните скопски и македонски
плоштади.
Со споменикот на Александар Македонски на скопскиот
плоштад ќе се гради и музичка фонтана, од која ќе ечат и две песни на
Тоше Проески, од чии ноти ќе танцуваат водоскоците. Оваа идеја, која
Аларова ја објаснува како „навистина убава“, е можен компромис да се
реши спорот меѓу Општина Центар и градоначалникот на Скопје Трифун
Костовски, за тоа дали во кругот на плоштадот треба да се постави
споменик на античкиот војсководец или на трагично загинатата македонска
поп-икона.
За ваквата мошне нејасна идеја пишува и хрватскиот
портал „Индекс“ во текстот со наслов „Во чест на Тоше Проески во Скопје
градат распеан Александар“. „Многу од жителите на Скопје“, се вели во
текстот, „веднаш се огласија со зборовите дека ваквата идеја би била
ненадминлив кич, додека еден читател саркастично дофрли дека покрај
нив, би требало да се постави и фрижидер со грицки за да се
докомплетира сликата“.
Се чини, чаршиските муабети за
фрапантниот податок дека бронзениот споменик на Александар ќе биде
висок 34 метри, па и политичко-економските дилеми за тоа дали неговиот
поглед ќе биде насочен накај Пела или кон Брисел, сега кружат околу
оската на вниманието на граѓаните. Фокусот на јавноста моментно, откако
се објави идејата дека копитата на Букефал ќе танцуваат во озвучената
вода, е насочен кон прашањето: како Македонија и главниот град понатаму
ќе го трпат срамот од овој невиден кич?
Скопскиот културен
простор не е имот ниту на Аларова ниту на нејзините налогодавци и
партиски ментори. Не е простор што може „културолошки“ да се уредува со
штапски декрети. Така насила ни се случија естетско и архитектонски
контроверзниот музеј на Мајка Тереза, „Шмизлата“, девојчето кај
пешачкиот премин пред некогашен „Путник“... Вкусот, се разбира, е
индивидуална работа, ама за дома и за шопинг. Јавните простори се
општа, заедничка и генерациска категорија. Тие им припаѓаат на луѓето,
а не на градоначалниците. Затоа, елементарна човечка култура и обврска
е иницијаторите и уредувачите на заедничките простори да не робуваат на
сопствениот вкус од позиција на моментна моќ од актуелната функција. Се
виде и досега каков и колкав е нивниот капацитет за тоа.
„Скопје
стана пример за тоа како изгледа еден град кога го градат луѓе со
паланечки критериуми. ’Градители’ кои за задоволувањето на своите
криминални апетити си играат со најевтините сентименти на народот, а му
градат градби кои за ништо не ги бидува, освен за распламтување на и
онака разгорениот национализам“, вели Соња Исмаил, филозоф. „Примерот
со Спомен-куќата на Мајка Тереза е само уште еден во низата недоквакани
потези на ’градителиве’. Се чудам како никој не се сети во име на сета
онаа благородност и добрина на скопјанката, со парите што ги фрлија во
градба на монструм, да нахранат гладни и бедни луѓе, она што самата
Мајка Тереза го правеше целиот нејзин живот. Го изгубивме центарот, го
губиме плоштадот, го губиме Дебар Маало, го губиме Скопје. Не знам
колку сме свесни за тоа“, вели Исмаил.
Пошироките стручни и
јавни дебати не се непозната категорија. Секоја идеја и намера за
уредување на овој скапоцен простор, неговите овластени и неовластени
креатори треба да ја проверуваат на таков начин. И, особено, меѓу
луѓето на кои естетиката им е професија и од кои нешто дури ќе можат и
да поднаучат.
Новите избори во март ќе донесат нови
градоначалници. Ако и тие продолжат самоволно, по диктат или поради
сопствени патолошки причини да си поигруваат со заедничкиот простор
според сопствениот вкус, да си поставуваат скулптури и споменици небаре
се тоа сезонски садници, тогаш на градот не му се пишува добро. Особено
Скопје не го заслужува тоа. Скопје веќе станува метропола со нагласена
кич-препознатливост, а како последица на неукоста на неговите културни
промотори. http://www.build.com.mk/forum/forum_topics.asp?FID=8&PN=2 |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#43 Posted: 13-Feb-2009 at 03:30 |
Вкусот, се разбира, е
индивидуална работа, ама за дома и за шопинг. Јавните простори се
општа, заедничка и генерациска категорија. Тие им припаѓаат на луѓето,
а не на градоначалниците. Затоа, елементарна човечка култура и обврска
е иницијаторите и уредувачите на заедничките простори да не робуваат на
сопствениот вкус од позиција на моментна моќ од актуелната функција. Се
виде и досега каков и колкав е нивниот капацитет за тоа.
|
Новите избори во март ќе донесат нови
градоначалници. Ако и тие продолжат самоволно, по диктат или поради
сопствени патолошки причини да си поигруваат со заедничкиот простор
според сопствениот вкус, да си поставуваат скулптури и споменици небаре
се тоа сезонски садници, тогаш на градот не му се пишува добро. Особено
Скопје не го заслужува тоа. Скопје веќе станува метропола со нагласена
кич-препознатливост, а како последица на неукоста на неговите културни
промотори. |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#44 Posted: 18-Feb-2009 at 01:11 |
Печурки се кријат во засолништата
Поголем дел од скривниците се претворија во магацини и бо одгледувачници на печурки, вели архитектот Тагасовски
Јавните засолништа во Гази Баба, под Кале и на Водно се без опрема и услови за престој
Беше страшно
да се влезе во засолништето на зградата со број 10, на улица Мито
Хаџивасилев-Јасмин. Откако љубезниот домаќин Митко Глигоров,
станар во оваа зграда, се понуди да ни покаже на што личи нивната
скривница, се спуштивме по скалите во подрумот. Најпрвин ја отклучи
влезната врата од подрумот, со клуч кој, како што објасни, го имаат
сите станари. Вратата од скривницата немаше клуч, па Митко се снашол и
ја заврзал со цврста жица за да ја заштити од натрапници.
-
Кај нас нема, но се жалат соседите дека бездомниците често се кријат од
студот во засолништата. Таму и јадат, и спијат, и уринираат - вели
тој.Откако ја отвори вратата на скривницата, да зинеш од чудо. Канта за
отпад, оставено старо железо и стар мебел. Прав, пајажини, смрдеа...Не
можевме да ѕирнеме во другата просторија зашто таму немаше струја.
-
Веќе 10 години не дошол никој да се заинтересира за тоа во каква
состојба е засолништето. Нема ниту тоалет, ниту вода ниту струја, иако
тоа се основните услови што треба да постојат за не дај Боже, вели
Глигоров. Тој објаснува дека немало ниту опрема, кревети на склопување,
туку само дрвени клупи кои исчезнале без трага и дека ни куќниот совет
и ни неговиот претседател се доволно ангажирани и ажурни за да се
доведе состојбата во ред.
Темни, без вентилација, без санитарни
јазли и вода се засолништата во најголемиот број згради во Скопје. Без
соодветна опрема и основни услови за престој, тие во никој случај не ја
исполнуваат функцијата. Јавните засолништа, пак, кои се наоѓаат во Гази
Баба, под Кале и на Водно се користеа за одгледување печурки.
Според
Благоја Тагасовски, дипломиран архитект од ИНПУМА до 1990 година
постоел закон, кој обврзувал при изградбата на зградите да се градат
засолништа и го утврдувал начинот на нивното користење. Но, во последно
време тоа не се бара.
- Постоеше обврска секоја колективна
зграда да има засолниште, чија големина зависеше од претпоставениот
број станари.Тие можеа да имаат двојна намена, односно во
мирновременски услови да се користи како магацин, а дозволено беше и
нивно закупување. Така, поголем дел од нив се претворија во магацини и
одгледувачница на печурки. Затоа останаа запуштени, вели Тагасовски. Од
општините објаснуваат дека од јули минатата година, според Законот за
заштитата и спасувањето, изградбата на засолништа во зградите не е
обврска, туку дека скривниците преминуваат во јавни објекти.
-
Со новиот Закон за заштитата и спасувањето се укинуваат скривниците во
зградите и стануваат јавни објекти кои се во надлежност на Дирекцијата
за заштита и спасување. Пред да се случат измените, ние бевме должни од
инвеститорите да бараме во зградите задолжително да се градат
засолништа, велат од Секторот за урбанизам во Општина Центар.
Лидија
Бјелица од Дирекцијата за заштита и спасување, објасни дека со одлуката
на Владата за делбен биланс од 2005 година, засолништата во кои
инвестирала државата паднале во надлежност на Дирекцијата. Таа вели
дека Законот дава можност да се издаваат под закуп, со почетна цена што
ја утврдува Управата за јавни приходи.Таа го нагласи проблемот со
засолништата во зградите, за кои никаде во Законот не е нагласено во
чија сопственост се тие.
- Во принцип, тие се наменети за луѓето
што живеат во тие објекти и за нив би требало да се грижат тие, односно
куќните совети. Но, кога на времето се купуваа становите, никаде во
договорите не стоеја засолништата, ниту, пак, беа предвидени како
заеднички делови од зградите. Со тоа практично не е прецизирано кој да
се грижи за нив, вели Бјелица.
- На тој начин инвеститорите на
згради нема да бидат обврзани да ги градат. Досега, тие што беа
ослободени од градење поради одредени причини плаќаа придонеси од кои
всушност се собираа средства за нивното одржување. Но, како сега
локалната самоуправа ќе се справи со новите ингеренции не знам бидејќи
нема од каде да доаѓаат пари за таа намена, скептична е Бјелица.
Таа
најави дека наскоро ќе се организира акција за чистење на засолништата
што се во нивна надлежност, односно што се градени со државни средства:
црпење на водата од нив, доколку ја има, и поправка на системите за
вентилација.Таа негира дека јавните тунелски засолништа под Кале, на
Водно, во Гази Баба, се претворени во одгледувачници на печурки.
Потврди дека ги користел „Бонум“ и на тој начин го узурпирал, па морале
да интервенираат со асистенција на полицијата и да ги пломбираат.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=58FC5A88B4E4074A85DADF9BC63FE4A8 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#45 Posted: 25-Feb-2009 at 00:37 |
Кабли за струја се' уште висат на дрвени бандери
Додека во европските метрополи електричната и другата инсталација да се поставува под земја, ЕВН бавно ги заменува столбовите
Многу кабли
за електричната енергија и за телефон висат по дрвени бандери и тоа во
строгиот центар на Скопје. Жители на улицата Митрополит Теодосиј
Гологанов се жалат дека овие столбови се вистинска закана за
нивната и за безбедноста на сите скопјани. Велат дека многупати барале
надлежните да ги заменат дрвените бандери со бетонски или метални, но
од Градот секогаш ги упатувале во ЕВН. Живеам во една од ретките куќи
на Теодосиј Голаганов. Тоа е стара градба, но одржана и убаво зборува
за некое минато време. Но, и бандерата пред куќата исто така зборува за
одамна минато време. Скопје е главен град, мора да ги почитува сите
урбани стандарди. Нашетан сум и никаде не сум видел во главен град на
една држава дрвени бандери. Покрај естетиката, важна е безбедноста на
граѓаните. Во невреме стравувам дека бандерата секој момент може да ми
се урне врз глава, врз автомобилот или врз куќата. Во центарот на
градот има голема фреквенција на пешаци, а дрвените бандери на кои им
истекол рокот на траење, секако се опасност за сите. Згора на тоа, од
дрвена бандера полесно се краде струја - вели Милош Стојановиќ.Од
Градот велат дека тие немаат никаков правилник со кој би се регулирало
каде и какви бандери може да бидат поставувани.
- Тоа е работа
на ЕВН или на телекомот. Градот нема ништо со бандерите. Не постои
правилник според кој би требало да се почитуваат стандарди како да
изгледаат или од каков материјал да бидат направени. Сепак, сметаме
дека сите други освен дрвените, покрај издржливоста, нудат и други
можности како, на пример, за поставување реклами - велат од одделението
за односи со јавноста. Од ЕВН велат дека имаат план за смена на
бандерите на кои се закачени кабли што пренесуваат електрична енергија.
- Имаме план и се трудиме да ги смениме дрвените бандери со
бетонски, секаде каде што е неопходно. Ако сакаме влез во Европската
Унија, мора да исполниме некои стандарди. Така е и со сите бројачи,
мрежата треба да е идентична како во Австрија. За жал, дрвени бандери
има во целата земја. Ги менуваме според приоритет. Секако дека треба да
се заменат сите дрвени со бетонски бандери. Дрвените не се безбедни и
при секој посилен ветер имаме проблем со соборени бандери. Бидејќи за
нас е најважна безбедноста на граѓаните, се трудиме во најкус можен рок
да ги смениме бандерите. Граѓаните што имаат проблем со некоја стара
или оштетена бандера треба да достават барање до нашата компанија. За
нас е исто дали дрвената бандера е во центарот на Скопје или во
центарот на Струмица или во центарот на кој било град во Македонија,
предност имаат постарите дрвени бандери - изјави Ленче Карпузовска,
портпарол на ЕВН. Во европските метрополи како Виена, Прага, Париз или
Берлин се практикува електричната и другата инсталација да се поставува
под земја.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=09D0668CBD7EAD49B9188ED0B09F10F4 |
|
|
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#46 Posted: 06-Mar-2009 at 08:02 |
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Венијамин Мачуковски во црвено-жолта боја
Во населбата Мичурин, на улицата Венијамин Мачуковски, во моментов се поставуваат бекатон-плочки на тротоарите на оваа неодамна асфалтирана сообраќајница. Тротоарите на оваа улица, која е долга 400 метри се изведуваат во боите на општината, односно во црвено-жолта боја. Средствата за изградба на тротоарите се издвоени од буџетот на Општина Аеродром, а изведувач на работите е фирмата "Ексико", со која општината има потпишано договор.
(А.И)
http://vecer.com.mk/?ItemID=D59FF17431163A4C97D408E1DD88ED58 |
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#47 Posted: 16-Mar-2009 at 17:01 |
е ова стварно не знаев кај да го ставам, мислам дека може тука нова патека на ликацијата карши Бисер додека сликав слушнав коментар „ абе овој што ја правел толку ли не можел место за точак да направи“ а стварно не можеш да се разминеш
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#48 Posted: 16-Mar-2009 at 17:02 |
какво предизборно павер ѓубре оваа појава ја гледам во цел град, здрави и прави тротоари наеднаш се прекопуваат и експресно се редат павери а нови патеки од овој тип никнуваат на најчудни места.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#49 Posted: 10-Apr-2009 at 23:56 |
ТЕСНИТЕ УЛИЦИ И ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ПРОБЛЕМ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ
Во Скопје не се стигнува до запалените објекти
Тесни
улички, паркиралишта и тротоари пренатрупани со возила или непрописно
оградени дворови најчесто го попречуваат пристапот на противпожарните
возила и ја забавуваат интервенцијата во итни случаи. Секоја пристапна
уличка, тревник или пешачка патека е узурпирана од автомобили, а
новоникнатите градби покажуваат дека инвеститорите алчно го
приграбуваат и последното парче од парцелата за градење и наместо да го
употребат за итни случаи, му даваат комерцијална намена. Неодамнешниот
случај со пожарот кој ја зафати Македонската опера и балет покажа дека
никој не води сметка за слободен простор за противпожарните возила. -
Иако стигнаа навреме, пожарникарските возила немаа пристап до зградата,
па неколку минути кружеа за да пробаат да влезат од друга страна. За
тоа време командирот се караше со една вработена која со автомобилот го
блокирала влезот во паркингот, додека другите пожарникари мораа да ги
отстрануваат столпчињата поставени на тротоарот како заштита од
непрописно паркирање. Загубија драгоцени минути додека успеаја да се
пробијат и да почнат со гасење на пожарот “ вели очевидец на пожарот
кој минатата недела се случи на покривот на Македонската опера и балет.
Во противпожарната бригада на Скопје се немоќни да се справат со овие
проблеми, кои им пречат речиси при секоја интервенција. - Проблемите
почнуваат уште од тргнувањето, кога по улиците се судруваме со
некултурата на возачите. Но најмал пристап имаме на паркинзите. Таков
беше случај и со Операта, каде што наидовме на буквално блокиран
простор, па наместо да ја ставиме опремата за две-три минути, тоа го
направивме за четири-пет минути. Тоа е губење време, но не можеме да
направиме ништо “ вели Благоја Менковски, командир на Противпожарната
бригада на Скопје. Според него, проблемот го има во сите населби, а
најлош е пристапот во центар, особено делот околу кејот на Вардар каде
што воопшто нема улици. Урбанистите велат дека законите пропишуваат
стандарди со кои се внимава да се остави слободен простор околу
објектот, но од проектираното до изведеното има разлика. - Кога се
прави проект, секогаш се внимава да се направи пристап од сите страни.
Во проектирањето се почитуваат прописите, а после кога ќе се изгради
објектот, настануваат пропустите. Нема добра инспекција, па затоа на
терен добиваме градби со повеќе катови и со поголема површина од
претходно планираното “ велат од Заводот за урбанизам и проектирање и
додаваат дека законот одредува пристапните патеки до објектите да бидат
широки 5,5 метри. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=1673&ArticleID=111500
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#50 Posted: 11-Apr-2009 at 17:44 |
Офтопик, ама онтопик. Во Солун, шоферите на автобуси чекаат 1 минута точно, и свират ако некој има блокирано тесна уличка, и по 1 минута поминуваат преку автомобилот Ми се има случено 2 пати, не чека, ќе го истурка од патот, па нека ја мисли после тој што паркирал. И онака автобусот само со гребаници ќе помине. За пожарникарите немам видено, но сигурно во таков случај само тоа е чаре.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#51 Posted: 14-Apr-2009 at 00:50 |
ПРИЛЕП
- На површина од 6000м2, кај зградата на Основниот Суд, во тек се
градежните зафати околу изградбата на новиот парк. Како што кажа
градоначалникот Ристески, првата фаза во која се изведуваат градежните
зафати е при крај, а во втората фаза која следи, хортикултурно ќе се
уредува просторот. Според проектот за изградба на овој парк кој го
изработи ЈП за ПУП предвидено е во паркот покрај урбаната опрема да има
и две езерца што ќе ја доловуваат природноста. Изградбата на паркот се
очекува да заврши до почетокот од наредниот месец.
http://vecer.com.mk/?ItemID=879A0F602F8B1642B1DCB4C2C8B773D7 |
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#52 Posted: 14-Apr-2009 at 02:39 |
Edited by vardar - 14-Apr-2009 at 02:44
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#53 Posted: 14-Apr-2009 at 13:27 |
сопред тоа што го гледам на сликиве езерца некако не ми одговараат таму ама ок е
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#54 Posted: 27-Apr-2009 at 18:31 |
Вовче ќе ги разнесува луѓето низ гробишта
Вовчето би имало
одредена маршрута по која би возело и попатни станици на кои граѓаните
ќе можат да се симнуваат и да се качуваат
Надлежните
од АД Бутел размислуваат да го забранат влезот на возила во гробиштата
и низ нив граѓаните да ги пренесува мини вовче. Вовчето би било
како оние во луна парковите, односно еколошко и нема да ја загадува
животната средина. Оваа идеја кај надлежните во погребалното
претпријатие постои веќе неколку години, поради тоа што секојдневно
зеленилото на грабиштата се уништува од испаркирани возила. - За
време на големи празници, кога секое семејство оди на гробот на своите
покојни овде е вистинска гужва, едвај можеш да се разминеш од
испаркирани возила. Ги остават кај ќе стигнат, најчесто во зеленило и
џабе ние го одржуваме кога постојано се уништува. Затоа ќе бараме
средба со новиот градоначалник Коце Трајановски, за да изнајдеме начин
да ја реализираме оваа идеја - вели Илија Филиповски, директор на АД
Бутел. Вовчето би имало одредена маршрута по која би возело и
попатни станици на кои граѓаните ќе можат да се симнуваат и да се
качуваат. Во тој случај движењето на возила низ грабиштата би било
строго забрането.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=0378C8D709000B409F72844955815908 |
|
|
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#55 Posted: 27-Apr-2009 at 19:05 |
ne vi e malku morbidna slikava so plavi luge?!?!?!? hahahahaha
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#56 Posted: 27-Apr-2009 at 19:37 |
vovce na grobista? lele ova ni vo romanija nemase da im tekne! veseloto chuchu vovche za grobishtata... navistina
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#57 Posted: 09-May-2009 at 19:09 |
Приметив некоја железна конструкција на врвот на пошта. Слична ваква има и врз НИП. Дали знае некој за што се работи?! Дали се некои предаватели или па треба да бидат јарболи или што?!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#58 Posted: 15-May-2009 at 22:46 |
Острово, Езерце и Арборетум-споменици на природата
Централниот дел на Скопската котлина е природен резерват на голем број ретки видови флора и фауна
Околу
29 хектари од централниот дел на Скопската котлина од атарот на
Трубарево кој е природен резерват на голем број ретки видови флора и
фауна ќе биде прогласен за Споменик на природата. Во моментов трае
ревалоризација и постапка за повторно прогласување на локалитетот
Интегрална целина Острово за заштитено подрачје согласно Законот за
заштита на природата од 2004 година. Со него престанала да важи
дотогашната класификација според која Интегралната целина била поделена
на локалитетите Острово, Езерце и Арборетум. Во врска со повторната
постапка за прогласување на Интегралната целина Острово за заштитено
подрачје, вчера Општина гази Баба и Министерството за животна средина
организираа јавна расправа на која македонски експерти го дадоа своето
мислење.
Професорот од земјоделскиот факултет Владимир Џабирски поздравувајќи
ја иницијативата раритетното природно живеалиште и хабитат на ретки
видови да се заштити со закон, но предупреди на заканите од евентуално
деградирање и узурпација на локалитетот од локалното население. - Ќе
треба да се посвети внимание на преземање превентивни мерки во смисла
на едукација и обука на локалното население за добра производна пракса.
Да им се објасни концептот. Истовремено, би апелирал до локалната власт
да преземе мерки за контрола на отпадните води кои се директна закана
за почвата и подземните води бидејќи во овој дел од Скопје нема
изградена одводна мрежа-образложи тој.
Претставникот од Град Скопје, Цветанка Икономова, рече дека во
процес на изготвување е физибилити студијата за отпадните води во
Трубарево, но отвори дилема дали изградбата на пречистителна станица ќе
биде законски дозволена во близина на споменик на природата. Експертите
од ресорното Министерство одговорија дека системот нема да влијае
негативно врз животната средина, туку напротив ќе ја заштити пошироката
околина од загадување.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DEAF35BB923788458165ADC3BCD8877F |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#59 Posted: 18-May-2009 at 14:49 |
Ова е сликано на локација "Чешма" од центар према Кисела Вода. Ова уште една точка во Скопјево покрај Тифани и други локации каде што не се почитува поентата во движењето, односно кога се движите по некоја улица пред вас треба да се издика централен објект кој ќе го потенцира значајниот простор кој му е доделен. Овдека тоа не е случај. Сега точно незнам дали ова воопшто и треба да биде тој објект кој ќе ја одигра таа улога со оглед на тоа што пред него има уште една локација слободна (сега има некој маркет +трафика (ќебапчилница)). Во секој случај грда слика!
Edited by lslcrew - 18-May-2009 at 14:49
|
|
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#60 Posted: 18-May-2009 at 16:21 |
Навистина овој дел до Првомајска како и Јужен Булевар тоа се најгрдите сообраќајници во Скопје
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|