![]() |
![]() |
![]() |
Рудници и рудни богатства |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 13> |
Author | |||||||||||||||
30ran ![]() Newbiе ![]() Joined: 11-May-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Браво како го обајсни проблемов сега гледам дека целиот тој венец од Струмица до Алшар е волшебен и треба да се чува. Во еден момент овој без везе напис од Глобус ме попишмани, ама ти ми ја врати вербата дека тука се крие решението за сфетовната енергиска криза. Всушност нас не ни треба ни Шенген виза. Тие ќе се молат да дојдат кај нас. Тоа неутринот треба да се преименвуа во македонин дека само лорандот може да го фати и да биде извор на енергија за цел свет. Ќе ни се молат и од руски Газпром, да не зборам за арапине за да не ги затворат своите погони.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
верувај дека и практично да го искористат лорандитот за ловење на неутриното, ние ќе бидеме последните кои ќе имаат монопол врз него! да, треба да се одаде признание дека само во Македонија го има кристалот на талиум во најчиста форма и во неспоредливо најголеми залихи во однос на сите останати познати наоѓалишта низ светот, кои ај што се малку туку скоро и да не е ни исплатливо да се треби талиумот од таму, но искрено освен признание и тапшање по рамо не верувам дека нешто повеќе би можеле да добиеме, големите за лигнит или нафта тераат окупации врз суверени земји а не па за употреблив лорандит со такви својства...
факт е едно дека ако ништо друго дури и во романтичарски занес, можеме цела оваа светски признаена теорија да ја спакуваме како екстра туристички момент за експлоатирање, кој во однос на природната понуда би предничел и како раритет но и како куриозитет, кај баш тука најде да падне цело парче од сонцето!
![]() најнапред треба еден поголем природно-научен музеј кај самиот локалитет, ајде нека биде конопиште, поголем во смисла каде детално би се обработила цела тема и со лорандитот, но и со другите раритетни минерали во Македонија, а не како што сега е покриено се со едно оскудно цеде, кое и случајно имам налетано на него каде како на лоша лента се наредени позначајните минерали и кристали во МКД и смешно оскудни информации само за нивната локација, она направиле копи пасте од самата денешна исто толку оскудна поставка во природно-научниот музеј во золошка градина. додуша немам отидено едно 3-4 год натака, но не ми се верува дека нешто особено е сменето! значи немаме основна нормална (а не па атрактивна) поставка која би го актуелизирала ваквото богатсво и за самите нас но и за добронамерните гости, а не па некаква маркетинг стратегија за експлоатација на оваа засега само теориска потврдена енергетска мистерија, за чие посеопфатно докажување и постојано промовирање е заслужен повторно македонец др. Паскал Сотировски редовен професор по астрофизика на сорбона... mk.wikipedia.org/wiki/Паскал_Сотировски
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
30ran добредојде
..................................................................................................................................................................... Бетон брилијантна ти е идејата за музејот кај Конопиште, само нема да е добро да застанеме на тоа, туку мислам ќе треба да се надоврземе и со аеродром кај Стрмашево, инаку како би ги донеле таму сите тие силни туристи што ќе ги привлече музејот откако лорандитот ќе ги реши енергетските потреби на човештвото еднаш засекогаш? Но секако не толку брилијантно како ова:
![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
treset ![]() Newbiе ![]() Joined: 22-May-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Beam me up Scotty или beam me down Cloverstock во Стрмашево за да го видам музејот во Конопиште.
Ќутењето е злато, ама не и за сезнајковците. Паскал беше голем хуманист, незваничен југословенски амабасадор во Париз, држеше живописни предавања, да беше жив во светлина на новите сознанија ќе одржеше друго предавање. А таа една чистица со толку енергија колку едно мало сонце ... легенда! |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
незнам што не ви е јасно!? па прашајте, нема од што да се срамите! или муабетов го терате од екстра потреба за абење вишок простор во нишкава
![]() ![]() ако нешто не сте чуле, незначи и дека не постои, во секој случај со сеир фаќање не дека нешто сте успеале да оспорите, туку само непотребно се растегнува како мастика нишкава! ајде да не излезе дека тресет се нашол на право место еве нешто инфо: конкретно иако доста пати имав порано слушано приказни од некој што чул а неразбрал, сепак никогаш не ни претпоставував дека волку голема фама има околу неутриното! пред едно 5-6 години имаше научен документарец на МТВ, мислам дека е и единствен од тој тип снимен досега, каде наши физичари вклучувајќи го и Паскал дискутираат за лорандитот и загатката на неутриното, каде потенцираат дека преку детекцијата на неутриното може да се објасни сончевиот модел на постанок на светот, а со тоа и евентуално преку заробување на оваа честица, односно нејзино стабилизирање во одреден простор, може да се добие чист и непрекинат извор на енергија, симболично тоа го објаснија како вештачко сонце на дланка... инаку дефакто Паскал го реафирмира лорандитот повторно со неговите истражувања како минерал со кој може да детектира но и улови неутриното, тоа се наведува и во самиот документарец, се надевам некој ќе го ископа и ќе го качи на нет документарецов, како би немало потреба од понатамошно безсвестие ![]() сега конкретно со екпериментите на тешка вода за детекција и ловење на неутриното се објави дека со галекс имаат постигнато голем напредок, што значи дека како теорија ловот на неутриното се потврдува и веќе добива практични примери...
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
патем тресет добредојде, но мислам дека си го утнал местото! да, молчењето е најголемата мудрост, но се чудам од каде истата на јавен форум очекуваш да ја најдеш, па кога на истата се повикуваш гледај и да ја живееш, а не на други да им ја товариш како грижа на совест!
она со музејот е чисто идеа која може некому би му се чинела како лудост, но кога можат луѓе во светот да прават пари од текстилни музеи, зошто ние не би направиле некоја атракција со природно-научен музеј во конопиште и тоа не би молзеле пари!? тука во пакет како туристичка понуда би оделе и ски центарот, и вулканската висорамнина Витачево, но мора ова се дае и логистички и маркетиншки квалитетно организирано, сега освен за авантуристи на ова место за друг нема карта... |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Бетон ајде прво одлучи се дали „стабилизираното“ (како што го опишуваш) неутрино ќе служи како извор на енергија или за подобро разбирање на реакциите во сонцето од што евентуално потоа би можеле да произлезат можности за нови начини за вештачко ослободување на енергија, за да знае човек на што да ти одговори, бидејќи во онаа каша тоа не може да се разграничи, а верувам сваќаш дека не е исто. И дали треба да отвориме нова тема за нуклеарна физика, или можеби е најдобро тоа со неутриното да го им објасниш на некој форум што се занимава со таа тематика па да видиме како ќе биде прифатено.
Edited by Cloverstack - 24-May-2009 at 01:43 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
кло искрено очекував некоја реакција, но ваква небаре зборуваме за раноградинарски патлиџани? значи убаво кажувам за оној што сака да чита: со детекцијата да се докаже сончевиот стандарден модел, кој теоретски е веќе поставен (фузија во сонцето), а со евентуално заробувањето односно стабилизирањето и контролирањето на овие честици да се произведе фузиска реакција, со што би истерале и вештачко сонце!
конкретно сега веќе детекцијата е надмината во однос на сите познати форми на неутрино честици (заради осцилациите на честиците при патот од сонцето до земјата), сега се оди на втората фаза односно и практично искористување на веќе детектираните неутрино честици и нивно стабилизирање(досега само на миг можат да ги задржат). но најголем проблем што го истакнуваат научниците не е сега како да се произведе оваа реакција, туку како истата да се контролира откако ќе се јави, со оглед дека станува збор за големо количевство енергија!
а за дебатирање што да ти кажам, јас фрлам муабет онака како што сум прочитал и разбрал, а не онака како мислам дека треба!
ако мене ме прашуваш, сеуште имам многу непознати конкретно со лорандитот и начинот на кој теоретски може да се улови со него неутриното.
имам чуено дека наводно проблемот е бидејќи својствата кои ги има овој минерал при контакт на дневна светлина ги губи, па затоа бил проблематичен за и практично да се потврдат тие теории околу него и неутриното! е сега за ова и баш не сум сигурен па затоа и до сега го немав наведено како констатација некаква во прилог на муабетов.
но негледам зошто би било дискутабилно да пренесам инфо кое е и официјално! како детекцијата на неутриното и негово искористување. мислам на самиот научен документарец за лорандитот овие теории и претпостапки се подетално и појасно објаснети! тогаш на момент го фатив и никогаш повеќе, сигурно доколку се побара да го свртат на трета тоа и ќе го направат, ако веќе и не го сториле, па може да се качи и на нет за евиденција истиот. во секој случај збор на научник кому та проблематика му е спецјалност и моја интерпретација на нигов муабет ни на сон не можат да се споредат!
Друго !?!
![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Алшар ќе стане споменик на природата
Алшар ќе стане споменик на природата, со закон со 11 точки оваа област во јужна Македонија, богата со минерали на реткиот и скапиот елемент Талиум ќе биде заштитена од државата. Големи количества минерали вредат многу пари - сметаа надлежните и тоа е и дополнителна причина за државна грижа за Алшар. „Досега се смета дека резервите што ги има, доколку се извадат, по досегашните цени би биле околу две милијарди евра. Сигурно дека ќе биде многу повеќе во услови на технологии коишто ќе бидат многу поиздржани за да можат тоа да го експлоатираат“, изјави Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина. Претпоставките се дека во Алшар покрај минерали на талиум, има и огромно количество злато, но вистинска експлоатација на тој метал немало никогаш. „По извршените анализи во хемиска лабараторија во Невада, кај нашиот партнер, дојдовме до заклучок дека сите бушотини покажуваат знаци на постоење на злато“, рече Ангел Еленов, АД „Рудкоп“. Најпознат минерал откриен во 19-тиот век во Алшар - е лорандит. Интересот на научниците но и на пустоловите за Алшар отсекогаш била голема. Се вршеле ископувања и истражувања но имало и диви копачи. Пред еден месец 6-мина Германци и Унгарци беа фатени како носат половина тон руда и минерали од Алшар. Беа ослободени, а рудата им беше одземена. Сега законот за заштита на Алшар влегува во собраниска процедура-во петок првпат ќе го разгледуваат пратениците во комисијата за екологија. Дамјан Варошлија - web новинар http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109167 Edited by Cloverstack - 27-May-2009 at 21:47 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9283C01E40163748914E9FE6B664678E |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
|
|||||||||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Загина рудар во рудникот Злетово - Канал 5 - 09.09.2009 Трета Жртва годинава |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1818&ArticleID=122167 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
„Бучим“ го продолжува работниот век
Со нови инвестиции од десет милиони евра рудникот за бакар ќе работи до 2018 година Иван БојаџискиШТИП - Десет милиони евра нови инвестиции вложува рудникот за бакар „Бучим“ за продолжување на работниот век до 2018 година. За таа цел е изготвена развојна програма за периодот 2010-2018 година во која се предвидени сите активности, кои менаџментот ќе ги реализира за подолг живот на овој значаен стопански капацитет за македонската економија. „Кога пред три децении бил означен почеток на работата на рудникот, проектот предвидувал дека ќе биде во функција седумнаесет години. Но, секогаш се наоѓале нови можности, кои овозможиле ‘Бучим‘, на 29 ноември годинава, да одбележи триесет години од работата. Имаме идеја да обезбедиме услови за работа за уште една дестолетка и од тоа нема да отстапиме, бидејќи сметаме дека на овој терен има уште скриени ресурси“, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор. Развојната програма се темели на дополнително утврдување на најмалку 33 милиони тони рудни резерви. Во таа смисла наскоро ќе почнат геолошките истражувања на новите рудни тела „Бунарџик“ и „Вршник“, како и на централното рудно тело. Најголем акцент ќе биде ставен на рудното тело „Бунарџик“, бидејќи на другите две рудни тела од претходно се вршени геолошки истражувања, кои сега само треба да се докомплетираат и на кои се утврдени резерви на бакар. Идната седмица на локацијата на која се наоѓа рудникот ќе биде поставена една од најголемите дупчалки, која ќе се земе на заем од рудникот „Саса“ и која за утврдување на резервите на бакар ќе оди во длабочина до 300 метри. „Програмата предвидува инвестиции од десет милиони евра. Половина од оваа сума ќе биде вложена во геолошките истражувања, а другата половина во капитален ремонт на машините и на опремата, но и за набавка на нова механизација. Нашите предвидувања врз база на некои претходни истражувања се дека содржината на бакарот во сировата руда во новите рудни тела е како и постојната, но малата профитабилност ја прават цените на бакарот на Лондонската берза, кои се заокружија на околу 6.300 долари по тон. Имаме најави дека оваа цена ќе остане подолг период поради фактот дека светската економија по времето на рецесијата повторно се буди“, потенцира Николов. Тој изрази надеж дека во Македонија, за десетина години, ќе бидат откриени нови рудни лежишта на бакар, со значителен потенцијал и оти од тој аспект „Бучим“ ќе има иднина и за подолг рок од моментно планираниот. Во „Бучим“ се задоволни од последните средби во Министерството за економија при што се водела дебата за спроведувањето на тарифникот за концесиски надоместок за металите. Николов, кој воедно е и претседател на Македонската асоцијација за рударство, вели дека голема помош во разјаснувањето на прашањето што пред неколку месеци ги револтираше рудниците, добиле од Катерина Костевска, државен секретар во Министерството и одговорните од Секторот за минерални суровини. „Откако заеднички ја утврдивме состојбата, се договоривме за конструктивност во спроведувањето на тарифникот за концесиски надоместок, како и за стабилна политика во однос на издавањето концесии и дозволи за работа. Односно да се поправат лошо формулираните договори, кои предизвикуваат проблеми на релација рудници - Министерство за економија“, објасни Николов. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=905CB1FC334C5740BC8E481EED5FC70A |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
http://vest.com.mk/?ItemID=7473844A7403384E90BCB6CA93292A75 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1827&ArticleID=122901 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1829&ArticleID=123086 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1013992287&id=10&prilog=0&setIzdanie=21810 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Еве една „детална“ вест. Би било добро доколку некој може да објасни нешто повеќе за што се работи.
|
|||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 13> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |