build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 159>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 14-Jun-2009 at 16:52
Кај нас многу работи се поставени наопаку, па еве и во овој случај треба да се радуваме за кратење на средства и нереализирање на проекти.
Бришењето на ставката за претворање на „Гологанов“ во булевар е одлична вест бидејќи тој проект беше импровизаторска крпеница наместо да се гради јужен булевар.
Во меѓувреме можеби ќе созрееме и ќе видиме дека со такви работи нема зезање, па еден убав ден можеби ќе го дочекаме и јужен булевар, токму онаков каков што е зацртан во ГУП.

ЌЕ СЕ СКРАТАТ ГРАДСКИТЕ ПАРИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПРОЕКТИ
Трамвај во Скопје, можеби

Средствата во буџетот на град Скопје предвидени за трамвај, најверојатно, ќе се намалат за околу 400 милиони денари, односно ќе останат пари само за ревизија и за консултанти за проектот. Со ребалансот, кој градоначалникот Коце Трајановски го предложи до советниците за наредната седница, ставките за трамвајско депо, изградба на шини и трафостаница, како и за кредити целосно се бришат. Остануваат само 42 милиони денари за проект, ревизија и за консултанти за трамвај. Вкупниот буџет на Скопје се намалува за околу пет милијарди денари. Од Град Скопје велат дека не се откажуваат од проектот, но се уште го разгледуваат како можност. - Ребалансот е направен бидејќи буџетот не одговара на реалната состојба, туку е предимензиониран. Намалени се средствата во повеќе ставки кои биле нереално планирани. Проектот за трамвај се уште се еволуира од страна на градоначалникот. Тој влегува во ребалансот, но со оглед на тоа што е вклучен и во програмата за работа за периодот од 2009 до 2011 година, сепак не може да се каже дека градоначалникот се откажал од него “ вели Неделчо Крстевски, портпарол во Град Скопје. Меѓу проектите со скратени средства се и проектите за Илинденска, за која наместо предвидените 120 остануваат 40 милиони денари, плоштадот на кејот Димитар Влахов, поточно околу црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“, реконструкција на улици, а целосно се бришат ставките за изградба на првата фаза од булеварот Гологанов и за тротоари. Четирикратно се намалува и сумата за набавка на опрема за сообраќајници, а ќе се зголемат средствата за клучката Бит-пазар и за булеварот Гоце Делчев. - Илинденска се наоѓа во програмата на градоначалникот и ќе се реализира, а овие средства во буџетот се за проектирање, не за нејзина изведба. За проектите на градоначалникот немаше изработени изведбени проекти, а и доколку има нешто, тоа е на база на идеен проект “ вели Крстевски. Во програмата на Градот за следните три години остануваат проектите за обнова на првиот и на вториот дел од Градски парк, регулација на Вардар во близина на изворот Рашче, систем за одведување отпадни води во општина Аеродром и Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Со предлогот на градоначалникот трошоците за работа на градската администрација, во делот за снимање на ТВ-емисии и кампањи за промоција на нивната работа, ќе се намалат. Парите за проектите на „Паркови и зеленило“ за цветни знамиња, хортикултурниот проект за аквадуктот, уредувањето за новиот театар и висечките жардиниери на канделабрите се бришат, а се намалува и сумата за обнова на градското зеленило. Отпаѓаат и реализацијата на патеката „Виа ферата“ за екстремно планинарење на Матка, уредување на пештерата Дона Дука во Сарај и за природно-научниот музеј и спасителната станица во кањонот. Се намалуваат и ставките за изградба и обнова на Зоолошката градина со буџетски пари.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1730&ArticleID=115650


Edited by Cloverstack - 14-Jun-2009 at 16:53
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 14-Jun-2009 at 18:02
Проектот за трамвај се уште се еволуира од страна на градоначалникот.
Aу и ЕВОЛУЦИЈА на трамвајот ли ќе измислиме?!? ЕвАлуира неписнемни одвратни новинари! Евалуација=оценување, проценка Bash  Ова се се радосни вести, заради утнатите проекти на неколку градски администрации по ред, но доаѓаме до точка кога во град како Скопје не се гради ниту еден капитален инфраструктурен објект, што е очајно!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 17-Jun-2009 at 13:06
ВО СВЕТОТ Е ТРЕНД, КАЈ НАС СЕ ПРИФАЌА БАВНО
Кружен тек за излез од сообраќајниот метеж

Бескрајни редици автомобили, турканици и нервози на секоја пофреквентна крстосница се секојдневие за скопјани, кои по половина час и повеќе патуваат од поблиските населби до центарот на градот. Проблемите со сообраќајниот хаос не се ниту нови, ниту непознати, но нивното разрешување со години тапка в место. Најголемиот метеж се случува на крстосницата на Илинденска, мостот „Гоце Делчев“, кај Судска палата, на булеварот Свети Климент Охридски, Партизанска, кај Железничка станица, пред Народна банки, кај Стара рампа во Кисела Вода, на крстосницата кај „Тутунски комбинат“ и на други локации. Сообраќајните инженери посочуваат дека денес во светот е тренд крстосниците да се решаваат со кружен тек. Според нив, кружните текови не предизвикуваат застој и чекања на семафори, со тоа се намалува и загадувањето на воздухот, но и потрошувачката на граѓаните кои ги користат автомобилите. - Во одделни земји, особено во западна Европа, се промовира како добро решение зашто се елиминира семафоризацијата, а и протекот на возила е поголем. Но мора да се има предвид дека ваквото решение важи само за определен број возила. На пример, ако протекот е од 900 до 1.000 возила на час и притоа на кружниот тек се вкрстува широка улица со три ленти, во таква ситуација ќе се создаде метеж и ќе мора да се постави семафор “ смета Никола Крстаноски, професор на отсекот сообраќај и транспорт на битолскиот Технички факултет. Според него, ваквите решенија треба да се проектираат внимателно и посебно да се внимава на радиусот на кругот и приодите. - Ги поддржувам овие решенија затоа што имаат многу предности, па дури има и истражувања кои покажуваат дека се добри од визуелен аспект, бидејќи кога ќе се приближат возачите, автоматски ја намалуваат брзината затоа што мора да свртат, а со тоа се намалува и опасноста од сообраќајни несреќи. Сообраќајниот дел не е скапа инвестиција, но проблем кај нас е што немаме катастар за подземните инсталации, па преместувањето на цевки дополнително чини пари и време “ додава Крстаноски. Последни локации за кои се споменуваше изградба на кружен тек во градот се крстосницата кај црквата „Светите Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и Католичката црква во Капиштец. Во првиот случај, каде што се вкрстуваат пет улици, општинските власти најавија дека е во тек тендер за изработка на идејно решение. За вториот случај, со смена на власта и доаѓањето на нов градоначалник, се променија и најавите од почетокот на годинава кога властите велеа дека проектот за идејно решение е готов, па ќе распишат тендер за основен проект. - Во програмата на градоначалникот Коце Трајановски е предвиденопроширување на булеварот Теодосиј Гологанов. Во моментов се подготвуваидејно решение кое најдобро ќе покаже како треба да се реши проблемот сорегулацијата на оваа фреквентна сообраќајница “ соопштија од Град Скопје, без да одговорат јасно дали се откажале од идејата за кружен тек кај црквата. Кружниот тек како сообраќајно решение се користи и во Тетово, Охрид, Штип, а надвор од земјава доста се применува во Словенија, Софија, Белград, Букурешт, Франција, Шпанија, Австрија. Во арапските земји е особено популарен, како на пример во Египет, каде што најголем дел од сообраќајниците се решаваат на овој начин.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1733&ArticleID=115877
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 17-Jun-2009 at 13:12
Кружниот тек како решение неколку пати го имаме дискутирано тука. Ај ќе се повторам...лично сметам дека не е некое решение, а уште па најмалку да ни се промовира како лек за сите гужви што е крајно ван памет. Естесткиата димензија во инфраструктурата треба да е фактор но онаму какде што има маневарски простор за тоа, а не да биде пресуден фактор. Тоа што во некои држави се практиркува воопшто не треба да ни биде репер туку треба со домашна анализа да си утврдиме каде ни треба и дали има услови. Нормално за повеќе од четири улици е нужно како во Ѓорче или па за оние раскрници каде што и нема многу фреквентен сообраќај па да се избегнат чекање семафори, но воопшто не гледам причина да ова го фаворизираме како лек, а воедно и зашто "убаво изгледало. Инаку прв пат гледам стручно објаснување во весник во врска со кружните текови. досега обично паушални текстови искачале од некои новинари што се прошетале некаде низ свет па ај сега сакам дома, па и не само од новинари него често пати ова сме го слушнале и од доста локални власти. Значи при денени услови греота да не се направи анализа на доточниот и одточниот сообраќај па следствено на анализата да се симулираат сите можни решение па тоа што е најефективно да се примени. Барем денеска греота е при толку софтвер да не го користиме. Ај се надевам со новата студија што се спрема прецизно ќе утврдиме која раскрница каква треба да ни биде и да немаме повеќе бит-пазар клучки.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 17-Jun-2009 at 13:47
Текстот е толку конфузен, контрадикторен и нафрлан со се и сешто, што не вреди ни со него да се избрише газот. Го приметив прееска ама намерно не го постирав затоа што преку глава веќе од тоа генеричко срање „Кружен тек за излез од сообраќајниот метеж“ што го акнале и во поднасловот на текстот.

Што има во текстов? Прво новинарот констатира големи сообраќајни гужви во Скопје (патем местата кои се посочени се неприкладни за кружни текови). После по обичај без никаква поткрепа се велича кружниот тек како универзално применливо решение и решение кое има неверојатни предности а никакви недостатоци. Некакви си анонимни експерти наводно посочувале дека кружните текови моментално биле многу „тренди“ и „кул“ во светот, нормално без никаква статистика или поткрепа, ниту дистинкција за тоа на какви места и во какви околности обично се градат. За чудо на момент се наведени некои ограничувачки фактори кои биле посочени од професорот Крстаноски, но понатаму текстот пак почнува да лута за конечно да заврши со нафрлање на релативни и паушални тврдења.

Текстов нема скоро никаква вредност, ама сепак е добар пример за напливот заблуди и илузии што придонесуваат за билдање на нашиот растечки фетиш кон кружните текови. Сообраќајните гужви растат, со тоа расне и нервозата и притисокот да се превземе нешто, а со вакво перење мозок (кое трае веќе неколку години) голем дел од јавноста е убедена дека токму кружните текови ќе ни ги решат проблемите. Ова е како добредојдено за неспособните локални власти кои наместо да се зафатат со крупни зафати во примарната сообраќајна мрежа (вистинското и долгорочно решение), ќе можат да си ги истераат мандатите со мачкање очи, правејќи разноразни импровизации меѓудругото и од ваков тип.



Edited by Cloverstack - 17-Jun-2009 at 13:57
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 17-Jun-2009 at 13:51
ај жити све, да сме ставеле кругче на секоја раскрсница зошто било тренд (пази да не е тренд случајно) Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 18-Jun-2009 at 13:47

Градот прави проект за кружен тек на булевар Македонска војска

Со идејниот проект, кој во моментов го работат во Градот, треба да се изгради кружен тек за регулирање на сообраќајот на новоизградената прва делница од булеварот Македонска војска, но, како што велат градските власти, сe уште не е прецизирано како ќе се изведе тоа

Жителите од Ѓорче Петров бараат од градските и општинските власти да стават семафори на новизградената улица Македонска војска што минува крај општинскиот парк и која е прва делница од новиот градски булевар во оваа Општина. Тие велат дека откако лани беше пуштена во употреба, улицата за кусо време станала многу фреквентна, а бидејќи излегува на градските улици Ѓорче Петров и 4 Јули сообраќајот мора дополнително да се регулира со семафори.
"Со изградба на улицата буквално добивме раскрсници, кои мора да се регулираат со семафори за поголема безбедност во сообраќајот. Вака е многу опасно, бидејќи многу луѓе не внимаваат и возат брзо, а по улицата Ѓорче Петров со која е поврзана новата улица минуваат сите што влегуваат и излегуваат од Скопје, па во одредени делови од денот е вистински хаос на оваа делница", велат ѓорчевчани.
Момо Николовски, портпарол на Општина Ѓорче Петров, вели дека веќе побарале од Градот да постави семафори на спојот со улицата Ѓорче Петров и дека од Градот им ветиле дека до средината на следниот месец ќе се монтира потребната сигнализација, како и дека ќе градат кружен тек на спојот со улицата 4 Јули.
Од секторот за односи со јавност на Градот велат дека веќе почнале постапка за регулација на сообраќајниците кај новоизградената улица во Ѓорче Петров, односно дека работат на идејното решение со кое точно ќе се определи начинот на вкрстување и регулирање на сообраќајот.
"Засега не можеме прецизно да кажеме дали на едната страна ќе има семафор, а на другата кружен тек, бидејќи се разгледуваат повеќе можности за реализација на кружен тек. Од конфигурацијата на теренот и од густината на сообраќајот ќе се утврди моделот на кружниот тек", велат од Одделението за односи со јавност на Градот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8480D13D31151F48AEC72D252A8898FE
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 19-Jun-2009 at 14:11
Предлог за најдебилна раскрсница во светот. Колку за ориентација, жолтеникавото е католичката црква.
100 мајки на сите досегашни градоначалници, што ја игнорираат!
Неизбежна ми е секој ден, па и по неколку пати и секогаш се поминува или со свирење или со тешка пцовка. Можеа барем привремено да стават некакви семафори.
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 19-Jun-2009 at 16:03
Пробуричкај наназад по нишкакава, по страите страници ќе јандеш за кружниот тек што го спомнуваа за тука!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 19-Jun-2009 at 22:58
Денеска се асфалтира проширениот В.С. Бато

1.


2.


3.



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 19-Jun-2009 at 23:02


Не сум поминал таму но сликиве ме изненадуваат. Не дека зафатов е тежок но не личи на нас волку бргу да завршиме проект.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 19-Jun-2009 at 23:11
Originally posted by pbanks

Не сум поминал таму но сликиве ме изненадуваат. Не дека зафатов е тежок но не личи на нас волку бргу да завршиме проект.


Бргу? Пола година за ваков проект е смешно бавно:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=31097#31097
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 19-Jun-2009 at 23:13
Не толку смешно бавно како реконструцијата на Гоце Делчев особено проширувањето на раскрсницата кај МТВ. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 19-Jun-2009 at 23:19
Адитиви за скопскиот асфалт


Сообраќајниците во иднина ќе се асфалтираат со додаток на природен битумен или на геокомпозит, смеси кои го подобруваат квалитетот на асфалтот, неговата стабилност и отпорност на атмосферски влијанија


Скопските сообраќајници во иднина ќе се асфалтираат со додаток на природен битумен или на геокомпозит, смеси кои го подобруваат квалитетот на асфалтот, неговата стабилност и отпорност на атмосферски влијанија. Пилот-проектот ќе се имплементира на булеварот Кузман Јосифоски-Питу во должина од 500 метри почнувајќи од булеварот Кочо Рацин до улицата Никола Карев вклучително и двете крстосници. Според проектот, природен битумен ќе се употреби на еден коловозна лента а геокомпозит на другата, така што ќе се следи состојбата на вградениот материјал и оној адитив кој ќе покаже најдобри карактеристики ќе се употребува за реконструкција и изградба на останатите сообраќајници.

Природниот битумен тежок 4 тони е донација на Албанија од рудникот за природен битумен Селеница што се наоѓа во близина на Валона. Оваа донација вредна две илјади евра беше договорена при неодамнешната посета на Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ) на компанијата Селеница. Станува збор за рудник за природен битумен каде битуменот се добива од руда со топење, а не со дестилација на нафтата. Цената на материјалот е независна од цената на нафтата. Се употребува за избегнување на сите деформации на коловозите, особено деформитетите кои се јавуваат при високи температури кога на автобуските постојки, на семафорите и на оние места каде што има поголема фреквенција на сообраќајот асфалтот се оштетува.

Геокомпозитот, пак е донација на скопската фирма Ерголанд која одлучила да му подари на Град Скопје материјал кој што се вградува како слој меѓу асфалтот вреден околу 2000 евра. И оваа смеса ги подобрува својствата на асфалтот и имаа одлични карактеристики на атмосферски влијанија.

За двете донации позитивно се изјасни и Советот на Град Скопје кој ги усвои двете одлуки за примање на донациите кои ќе придонесат за заштита и унапредување на животната средина.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0AE4B2FFB129A843A0676DD5ECF6F27D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 19-Jun-2009 at 23:24
Не дека има нешто интересно во оваа вест или нешто ново, ама многу го завлекоа ова!
Се асфалтира улицата В. Мачуковски


Во населбата Мичурин, на улицата "Венијамин Мачуковски" започна да се поставува и вториот асфалтен слој. Улицата ќе се асфалтира во должина од околу 350 метри и широчина од 7 метри. Градежните активности ги изведува фирмата "Урбан инвест", а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром. Асфалтирањето на улицата, се очекува да заврши до крајот на неделата доколку не се променат временските услови.

Од Општина Аеродром, апелираат до жителите и до посетителите на Мичурин да не ги паркираат своите возила во близина на местата каде што се работи, со што ќе овозможат градежните активности да се изведуваат со поголем интензитет. Во спротивно, возилата паркирани на локациите каде што се извршуваат градежни работи ќе бидат подигнати од страна на пајак-службата на Град Скопје.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B9F2CB67F9254742996E865011402CC7
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 20-Jun-2009 at 14:19
Тука во околината седам кога одам Скопје, и морам да кажам дека таа улица е најголема заебанција на светот. Ај што во најлошото во дождовите сите мораа да шлапаат во кал 10 cm, сега откако ја асфалтираа ни жлебови направиле за контејнерите, па го зафаќаат пола пат, а бандерите се 10 cm влезени во улицата. Плус од другата страна, под транспортен уште живее онај будалата што протестира
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 26-Jun-2009 at 13:37
Да го регистрираме текстов за овој важен предвиден проект, иако содржи очигледни глупости како должината на тунелот или тоа со америчката амбасада, а со тоа под знак прашање се доведува веродостојноста и на остатокот од информациите.

Инаку се разбира должината на тунелот во никој случај не би била 2km. Каде би излегувал тој тунел? Кај Бутел? Crazy
Должината би била околу 300m

И какви се оние детски приказни дека кога се градела америчката амбасада проектот станал неизвесен, ама после се утврдило дека трасата не поминувала од таму, туку на дури 2-3 километри (што исто така не е точно, ама во секој случај амбасадата воопшто не го тангира тунелот).

Не верувам дека експерти навистина тропаат вакви глупости, ама зошто не реагираат кога новинариве „пренесувајќи“ им ги изјавите ги прават да изгледаат како мајмуни  Dunno

ЗАБОРАВЕН ПРОЕКТОТ КОЈ БИ ГО РАСТОВАРИЛ СКОПСКИОТ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ
Од Центар до Чаир преку тунел под Кале

Изградбата на тунелот под Кале, кој би продолжувал со мост преку Вардар и би ги споил северниот и јужниот дел на Скопје, остана како подзаборавена идеја од Генералниот урбанистички план која ниедна власт досега не ја реализираше. Проектот предвидуваше да се продолжи булеварот Свети Климент Охридски покрај зградата на Владата, па преку мост да поминува и да ја сече улицата Лазар Личеновски под Калето за да влезе во тунел под тврдината. Излезот на тунелот е замислен кај булеварот Никола Карев, односно улицата позната како пластичарска. Идејата била на тој начин да се добие директна и најкуса врска на центарот на градот со северните населби Скопје Север, Бутел, Шуто Оризари. Познавачите на оваа проблематика велат дека проектот стар повеќе од педесет години, би бил клучно решение за сообраќајниот хаос во главниот град, кој со текот на времето станува се поголем проблем. - Според идејата, тунелот би имал должина од околу два километри и висина од 5,5 метри. Земјиштето под Калето е меко бидејќи се работи за седиментна карпа, која лесно може да се пробуши и поради тоа нема да има поголем проблем во изградбата. Кога се градеше американската амбасада, се постави прашањето дали проектот е изводлив, но потоа се утврди дека правецот на тунелот не поминува под овој објект, туку е на растојание од два до три километри “ вели Благој Гајдов, градежен инженер. Продолжението на булеварот е замислено со два коловози, колку што има и сегашното решение, а на излезот кај Лазар Личеновски, според Гајдов, се предлага да се направи надвозник кој ќе го премости тунелот и ќе обезбеди непрекинат тек на улицата. Единствена пречка би се појавила во делот каде што излегува тунелот и каде што ќе мора да се урнат неколку приватни објекти. Гајдов потсетува дека идејата за тунел под Кале и пробивање на булеварот Свети Климент Охридски постоела уште во 1955 година, кога негов колега бранел дипломска работа на истата тема на Градежниот факултет. Според него, главната придобивка од реализацијата на проектот е растоварување на целиот сообраќај кој минува преку Бит-пазар, а особено метежот на крстосницата кај Судска палата, каде што е проценето дека дневно поминуваат и повеќе од 86.000 возила. - Пред седум години на правецот на булеварот нелегално почна да се гради објект. Тогашните власти издадоа локација за магацин со управна зграда на претпријатието „Рудине“, на левата страна на Вардар. И покрај пријавите за стопирање на изградбата, таа упорно се градеше без некој да ја санкционира, за најпосле во 2003 година Републичката градежна инспекција да донесе решение за нејзино уривање. Уривањето на таа зграда ја водев јас, со тоа што сите столбови се скратени за 80 сантиметри и сите железа се исечени “ раскажува Гајдов. Пред пет години тогашните градски власти на трибина за решавање на примарната сообраќајна мрежа во градот ја разгледуваа оваа идеја. Тогаш беа направени пресметки дека за нејзина реализација би биле потребни околу 16 милиони евра. Во Град Скопје потврдија дека во актуелниот ГУП постои коридор под Кале, како можно сообраќајно решение за поврзување на булеварите Свети Климент Охридски и Никола Карев. Но, сепак, во програмата на градоначалникот Коце Трајановски овој проект не е влезен, што значи тунелот најверојатно ќе биде прескокнат и од оваа градска гарнитура.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1741&ArticleID=116534


Edited by Cloverstack - 26-Jun-2009 at 13:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 01-Jul-2009 at 14:04
СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА РАБОТИТЕ НА ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ-БАТО
Проширениот булевар наскоро во употреба

Градежните активности во врска со проширувањето на булеварот Видое Смилевски-Бато во Ново Лисиче се во завршна фаза и се очекува сообраќајницата наскоро да биде пуштена во употреба. Градежната фирма „Конструктор“, којашто е изведувач на работите, го поставува завршниот слој на асфалт, по што ќе следува обележување на коловозот. Булеварот се проширува на потегот меѓу крстосниците со булеварите Србија и Февруарски поход, а неговата изградба чини околу 30 милиони денари. Со реализацијата на проектот значително ќе се олесни сообраќајот во овој дел на општината Аеродром. - Останува уште да се изведе финалното, фино двослојно асфалтирање, а пред тоа ќе се уреди сообраќајната сигнализација и семафоризацијата, со поставување инсталации за поврзување “ објаснуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Оттаму велат дека потоа ќе се уреди и делот на крстосницата, по што е предвидено да се обележи сообраќајницата. - Како дел од градежните активност, при пробивањето на оваа траса на булеварот беше поставена и мрежа на сливници за собирање на атмосферските води “ додаваат од Градот. Проширувањето на булеварот, кој претставува главна сообраќајница во тој дел од Скопје, почна во февруари и, како што беше тогаш најавено, требаше да трае само 45 дена. Како причина за доцнењето на работите, надлежните ги посочуваа активностите за дислоцирање на подземната мрежа од кабли под трасата и обележувањето за проширувањето на булеварот. Во текот на првата фаза од реализацијата беше поставена и нова атмосферска канализација, со сливници за атмосферската вода. Тогаш се изведуваа градежните работи за изградба на уште една коловозна лента со должина од 510 метри и соодветно осветлување за подобра прегледност во вечерните часови. Во втората фаза, пак, на булеварот се изградени нови тротоари и велосипедска патека по целата должина на новата лента, а наскоро ќе бидат направени и жардиниери во средишниот дел, за хортикултурно уредување и наводнување по системот „капка по капка“. Пред да се заврши проектот целосно, предвидено е да се постават и две автобуски постојки, на необележаните места кои и досега ги користеа автобусите на јавниот градски превоз. Парите за проширувањето на булеварот се обезбедени од градскиот буџет.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1745&ArticleID=116841
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 03-Jul-2009 at 12:07

СЕ САНИРА АСФАЛТОТ НА МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ ЈАСМИН
Град Скопје започна со санација на ударните дупки на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин. Екипи на Град Скопје деновиве го гребат асфалот на поголемите оштетени делови од улицата. По машинското гребење на оштетениот и дотраен асфалт ќе биде извршено асфалтирање на улицата.
Асфалтирањето на улицата е предвидено за 11 и 12 јули /сабота и недела/ поради намалената фреквенција на сообраќајот, а истото ќе зависи и од временските услови во тој период.  
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 03-Jul-2009 at 13:31
Originally posted by my Macedonia


СЕ САНИРА АСФАЛТОТ НА МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ ЈАСМИН

Град Скопје започна со санација на ударните дупки на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин. Екипи на Град Скопје деновиве го гребат асфалот на поголемите оштетени делови од улицата. По машинското гребење на оштетениот и дотраен асфалт ќе биде извршено асфалтирање на улицата.
Асфалтирањето на улицата е предвидено за 11 и 12 јули /сабота и недела/ поради намалената фреквенција на сообраќајот, а истото ќе зависи и од временските услови во тој период.  
 
 


Незнам зошто се зезаат со делумна реконструкција, оваа улица е како roller coaster веќе со години мислам дека и треба една потемелна реконструкција а оглед на тоа како убаво се изгради во последниве години тоа и го заслужува.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 159>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.766 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.