build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска обиколница [A2/A4]

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 19-Jun-2009 at 14:11
Жално ќе биде ако не и трагично ако не може да се користат добар дел од пристапните патишта, затоа што реално и не постојат. Годинава градот скрати пари за да ја прошират Илинденска, а не пак да ја пробијат до спојот со обиколницата.
Има ли некој информации дали има валидни проекти и рокови за завршување на пристапните патишта ?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 19-Jun-2009 at 15:40
Па досега цело време што се збореше, се збореше за пристапните клучки. Имаше преивирања дали треба да ги гради државата како дел од автопатот или па општините како сопствен интерес. За пристапни патишта досега ништо се нема ниту пуштено водичка по медиуми, а камо ли па да размилсуваме за реализација. Моментално клучките иако изградени да поврзуваат булевари сепак имаме ситуации од автопат да се приклучуваме на некое локално патчче што било најблиску па се искористило за пристап. Единствено имаше некоја најава лани дека ќе се догради булеварот Х.Т. Карпош од Бутел2 до обиколница како една многу битна врска на градот со обиколницата, но досега е останато само на една единствена најава и толку.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 21-Jun-2009 at 15:23
Груевски ќе го пушти вториот дел од обиколницата над Скопје

Премиерот Никола Груевски, утре, понеделник, свечено ќе го пушти во употреба вториот дел од обиколницата над Скопје, информираат од владината прес служба.
 
Свеченото пуштање во употреба на вториот дел од скопската обиколница ќе се случи во близина на клучката Хиподром.


http://netpress.com.mk/vest.asp?id=57872&kategorija=1

Cheers


Edited by lslcrew - 21-Jun-2009 at 15:23
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 21-Jun-2009 at 18:22
Обиколницава дефинитивно злато вреди, но она со сигнализацијата мора да се корегира. Да не рушам славеничка атмосфера после утрешното сечење лента (а верувам дека сите сме презадоволни што конечно се заокружи овој проект и покрај сите фалинки и одолговлекувања) еве денеска повторно го актуелизирав проблемот, колку да не се заборави, бидејќи навистина треба под итно да се среди тој циркус:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=338&PID=41218#41218


Исто така боде очи шареноликоста на сигнализацијата. Не само што е различна на двата сегменти, туку и во двата одделни сегменти посебно има шареноликост. Стандарди очигледно имаме колку што имаме „стручњаци“ на ова поле, помножено со нивните моментални видувања и расположенија.


Освен сигнализацијата, упаѓа во очи и шареноликоста на звучните огради. На западниот сегмент има 3 видови. Претпоставував дека имаат различна намена:
- нетранспарентните чисто да обезбедат звучна заштита
- транспарентните за да овозможат и видик каде што се пружа убав поглед
- големите транспарентни на вијадуктот Орман се сомневав дека имаат улога и за заштита од ветар

Но сега кога на источниот сегмент видов два нови типа не знам што веќе да мислам.

Уште повеќе боде очи што во Македонија практично сите звучни бариери се лоцирани на периферијата на Скопје (обиколницава + таа првата од цигли на источниот влез на градот = 6 видови).
Како само успеавме на околу 30 километри да сместиме 6 различни видови, а се работи за вкупно десетина огради, тоа навистина не ми е јасно.

Оваа екстремна неунифицираност не е трошок само при набавката, туку особено при одржувањето. Ваљда нема да дочекаме оштетени панели да се заменуваат и прикрпуваат со што ќе им дојде под рака...

1


2


3


4


5




Edited by Cloverstack - 21-Jun-2009 at 18:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 22-Jun-2009 at 11:36
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ВТОРАТА ДЕЛНИЦА ОД СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба вториот дел од северната обиколница на Скопје што се простира на 14,9 километри од Хиподром до Оризари.

-  Проектот Скопска обиколница денеска добива завршница, Скопје добива обиколница, а Македонија модерен автопат според сите европски стандарди, истакна во обраќањето на свеченоста премиерот Груевски.

Тој посочи дека Скопската обиколница која се комплетира со пуштањето на денешниот дел, е еден од најголемите капитални проекти и инвестиции за државата. Проектот е почнат пред седум години, но поради разни причини имаше прекини во работењето, потсети Груевски, посочувајќи дека во изминатите три години актуелната Влада со максимални напори и во соработка со надлежните институции ги интензивирала активностите.

Истакнувајќи ги придобивките од пуштањето во употреба на Скопската обиколница, Груевски наведе дека со неа се растоварува сообраќајот, се подобрува сообраќајната комуникација, се намалува времетраењето на патувањето и се заштитува животната средина.

Првиот дел од Скопската обиколница беше пуштен во јули минатата година кога почна да функционира делницата од Оризари до Сарај во должина од 11,8 километри. Вкупната должина на обиколницата е 26,7 километри. Таа е дел од Коридорот 8 што ја поврзува Македонија со Албанија и со Бугарија. Обиколницата е изведена како автопат со четири ленти со широчина од 27,5 метри. Во изградбата на Скопската обиколница се вложени 150 милиони евра. Парите се обезбедени од државниот Буџет, како и преку кредити од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

http://sitel.com.mk/?ItemID=3B8195F75387E44C97C4E9B35509211F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 22-Jun-2009 at 13:27




МИА-ФОТО www.mia.com.mk


Edited by lslcrew - 22-Jun-2009 at 13:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 23-Jun-2009 at 11:34

Обиколницата отворена по седум години изградба

Вчера конечно завршија градежните работи на обиколниот автопат околу Скопје, дел од коридорот 8, со кој им се овозможува на возачите да не поминуваат низ густиот градски сообраќај за да патуваат од Тетово кон Куманово и обратно

%20
Скопската обиколница од вчера е целосно пуштена во функција, со што возачите кои патуваат до влезот на градот кај Петровец кон Тетово нема да мора да сообраќаат низ градските улици. Ова значи конечно завршување на градежните работи и крај на пробивањата на роковите за изградба. Откако во јуни 2002 година беше потпишан договорот со домашната фирма „Гранит“ за почеток на изградбата на првата делница од Хиподром до Оризари, конечно завршија градежните работи и пробивањата на роковите. За изградба на делницата од Оризари до Сарај во јуни 2005 година беше избрана грчката фирма „Терна“, која се обврза да ја заврши за 36 месеци.

Премиерот Никола Груевски, директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски вчера на клучката кај Хиподром ја пресекоа лентата на делницата од Хиподром до Оризари, со што се пушти во употреба целата обиколница долга 26,7 километри.

- Проектот скопска обиколница денес добива завршница, Скопје добива обиколница, а Македонија модерен автопат според сите европски стандарди. Ова е еден од најголемите капитални проекти и инвестиции во земјата. Проектот почна да се реализира пред седум години, поради разни причини имаше застој во работењето, но последните три години се заложивме да се интензивираат градежните работи. За изградбата на северната обиколница се потрошени вкупно 150 милиони евра - објасни Груевски.

Тој ги истакна и сите придобивки на граѓаните од обиколницата, а особено нагласи на растоварувањето и подобрувањето на сообраќајната комуникација.

За изградбата на првата фаза од делницата од Хиподром до Оризари, како што објасни директорката Валкановска, се потрошени 75 милиони евра, вградени се 2.700 тони арматура и 40 илјади квадратни метри асфалт, изградени се 22 моста и надвозници, како и пет клучки со кои се поврзуваат околните населени места.

Иако делницата од Хиподром до Оризари која е долга 14, 9 километри почна прва да се гради, нејзиното одложување од Агенцијата за патишта, поранешен Фонд за магистрални и регионални патишта го правдаа со тешкиот процес на експропријација на земјиштето, како и со нерешливите имотно-правни односи. Делницата од Оризари до Сарај е долга 12 километри, а беше пуштена во употреба во јули минатата година. За нејзината изградба биле потрошени околу 70 милиони евра. Проблем за одложување на изградбата на целата обиколница беше и поместувањето на трасата кон север и протестите на населението од некои околни села, особено од Волково до Стајковци, кои ги попречувале градежните работи, бидејќи сметале дека патот поминува во близина на нивните куќи и со тоа се намалува нивната безбедност.

Обиколницата има шест сообраќајни ленти, четири за возење и две за застанување, а поминува низ општините Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров, кои имаат слаба поврзаност со остатокот од градот. Населбите со обиколницата ќе се поврзат преку девет клучки, како што се Хиподром, Стајковци, Синѓелиќ, Бутел, Оризари, Волково, Стенковец, Стопански двор и Сарај. На делницата се наоѓа и најдолгиот мост во земјата долг 630 метри.




 Обиколницата низ годините
 
1965 година             Северната обиколница околу Скопје е предвидена со Основниот урбанистички план на главниот град
 1985 година  Потврдена потребата од изградба на обиколен пат
август 2002 година Градежното претпријатие „Гранит“, по потпишувањето на договорот, почна да го гради првиот дел од обиколницата, потегот од Хиподром до Оризари
 2002 -2004 година Жителите на Волково, Орман и на други села протестираат против изградбата на автопатот, кој, според нив, поминува преблиску до населените места и ја загрозува нивната безбедност
 јуни 2003 година  Владата одлучи обиколниот пат да се гради според првичниот проект, и покрај протестите на жите лите на Волково и на Орман
 2004-2006 година  Фондот за патишта ги решаваше многубројните имотноправни проблеми во делот од Оризари до Сарај
26 мај2004 година  Шест жители на Стајковци се приведени поради попречување на градежните работи за изградба на обиколницата. Се јавува незадоволство и кај селаните од овој дел, кои сметаат дека трасат на автопатот е премногу блиску до куќите
 29 јуни 2005 година  Потпишан е договорот со грчката фирма „Терна“ за изградба на вториот дел од обиколницата, потегот од Оризари до Сарај
2 јули 2007 година  со полициска придружба продолжија градежните работи на првиот дел од обиколницата, за да се спречат блокадите од жителите на Стајковци
 24 јули 2008 година Пуштен е во употреба вториот дел од автопатот, потегот од Оризари до Сарај, долг 14 километри
22 јули 2009 година  Отворен е за употреба првиот дел од обиколницата, со што конечно е овозможено да се патува од Тетово кон Велес или кон Куманово и во обратна насока без да се поминува низ улиците на Скопје
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62391048466&id=14&prilog=0&setIzdanie=21719


Edited by lslcrew - 23-Jun-2009 at 11:35
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 23-Jun-2009 at 15:25
Обиколницата е пуштена за сообраќај, но за жал сеуште се работи на бројни локации Roll%20eyes

Највеќе ми избоде очи ова: пред да го снимам клипов, на одење накај Ѓорче кај Стопански Двор, на другата страна забележав беа затворени две ленти, се работеше нешто покрупно... После видов дека цел тој дел е изразито вдлабнат и дека ставале нов асфалт, но сепак не е решен проблемот - вдлабнатината останува прилично длабока и непријатна. Дури и на клипов се приметува (0:50), иако поминав по третата лента. Овој сегмент верувам знаете го градеше Терна.

Инаку кај Стенковец не се тргнати ни старите привремени знаци од времето кога другиот сегмент не беше отворен. Македонски јавашлук  Wallbash

Еве го клипот. Сообраќајот е мизерен, веројатно ќе треба недела-две за да живне работата.



Северна обиколница Скопје

Skopje Northern Bypass


Edited by Cloverstack - 25-Jun-2009 at 15:26
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 23-Jun-2009 at 16:11
Велосипедистот на 0:46 Bash Сигурно не беше работник. И што е финтата со толку застанати возила во третата накај четвртата минутиа? Сите се работници, или? Супер клип инаку
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 23-Jun-2009 at 16:17
Тракторот не го примети понатака?  Wallbash

Иначе од застанатите возила фала богу најголем број ми изгледаа како да се заради работите што се одвиваат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 23-Jun-2009 at 16:38
Заборавив да спомнам - клипот е забрзан х3
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 23-Jun-2009 at 16:50
конечно без премногу помпа да помине нешто вака сегментарно кај нас, можеби бидејќи грци беа изведувачи
Македон блиску си бил со шутка зошто главно потегот е познат како Шутка и Топаана, а тоа пластичарската улица е меѓу битпазар и серава а на нив се надоврзува Топаана
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 23-Jun-2009 at 17:02
Originally posted by Cloverstack

Тракторот не го примети понатака?  Wallbash

Иначе од застанатите возила фала богу најголем број ми изгледаа како да се заради работите што се одвиваат.


Не заебавај? Го видов, ама мислев дека е од градежниците... Лом! Ај добро, можеби кога ќе почне да се вози со 120 и кога ќе има густ сообраќај, ќе им текне дека е страшно таму со трактор и велосипед. Инаку паметно е што е забрзан и што е со музика, да беше во нормално време и со бучава од моторот немаше да го гледам Мило ми е што го гледав, навистина е убава обиколницата. Да видиме само како ќе се покажи асфалтот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 23-Jun-2009 at 22:04
Вчера ја претрчав обиколницава, ама во обратен правец од Кловер. На оние ридовите што се гледаат на клипот на 1:15 од десно може да приметите дека има едни како каналчиња нови. Епа тие каналчиња се слеваат во некои цефки ли колектор мал ли е до обиклоница и на некое место се затнале па кал течеше по сред обиколница.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 24-Jun-2009 at 10:50
Нова сигнализација на новата Обиколницата на Скопје



  Во период мај-јуни 2008 во соработка со ТЕРНА СА, а во заедничка реализација на Кединг Скопје и Бојта ИНГ Скопје беше изведена сообраќајната сигнализација за новата Обиколница на Град Скопје.

www.bojta-ing.com.mk


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 24-Jun-2009 at 12:36

Обиколницата е супер, но не излегувајте од неа

Пријатната глетка од нов автопат опкружен со полиња и со планини лесно се нарушува кај која било клучка за излез, каде што се наидува на тесни и недоградени патчиња, ѓубришта и кал. Од Хиподром до Сарај речиси воопшто не се забележува Скопје, само приградските населби

%20
И Скопје ја доби својата обиколница, замислена пред четири децении, а градена седум години. Модерен автопат долг 26,7 километри, кој треба да го користат сите што сакаат да транзитираат кон околните градови. Со тоа ќе се овозможи намалена опасност од газење пешаци во Маџари, помал застој на семафорите во Автокоманда, побезбеден шопинг на пластичарската улица, како и помало раскопување на улиците кај трговско-деловно-индустриската зона кај Момин Поток. Заобиколувањето на главниот град, за жал, ќе значи и помала потрошувачка на „шоферските“ плескавици во Автокоманда и на бурекот во Ѓорче Петров.

Како изгледа возењето по новата скопска обиколница? Мирисот на тазе асфалт кај „Белви“ не носи на вистинскиот пат, па го избегнуваме збунувачкиот патоказ Скопје-исток, кој упатува кон влезот кај Маџари.

Неколкумина работници се уште довршуваат работи во средишниот дел или местат знаци и патокази. Зеленилото во нивите од десната страна е вистински одмор за очите, а полуразурнатите супстандардни објекти од левата се затскриени со заштитните непроѕирни прегради во зеленкаста боја. Всушност, звучните ѕидови, поставени за да го штитат околното население од бучавата, низ целата обиколница се направени од проѕирен материјал, освен каде што треба да се скрие некоја дива депонија, купишта шталско ѓубре, картон-маало и слично.

Поминуваме под првата клучка, излезот за Арачиново, целосно оспособен за сообраќај. Веќе следната е без пристапни патишта за влез и за излез. Обесшумените падини на Скопска Црна Гора се испречуваат пред нас, додека поминуваме покрај езерцето зад Железарницата, единствена водна површина што ја разбива монотонијата од ниви и од куќи. Од овде се гледаат кулите во населбата Железара, кои заедно со зградите на Порта Влае се единствените објекти во Скопје што може да се видат од овој автопат, ако не се сметаат тие во приградските населби.

Потоа следуваат селата Мирковци и Стајковци, чии жители мошне жестоко се бореа против изградбата и ја попречуваа долго време, па градежниците мораа да работат со помош од полицијата. Тие се плашеа дека патот ќе им поминува преблиску до домовите, но тој во овој дел е толку вкопан во земја, што воопшто не се забележуваат куќи. Патоказите за излезите постепено се менуваат од Скопје-исток во Скопје-север, напишано на кирилица и на латиница, но тие се однесуваат на северниот дел од градот, а не на истоимената населба. За да видиме како функционираат клучките излеговме кај таа што треба да води кон Радишани. Заглавивме во тесно уличе од кое населбата само се гледаше во далечина. Доволен беше само еден излез од модерниот автопат за да не врати во реалноста.

Влегуваме во вториот дел. Наречен е така бидејќи почна втор да се гради, а прв беше завршен. Тоа е делот што го градеше грчката фирма „Терна“. Границата меѓу двата дела се уште е обележана со знаците „Внимание - крај на патот“. Прво нешто што се забележува е разликата во патоказите. Овде се на три јазици, на македонски, на англиски и на француски. Клучките и излезите се обележани со знаци какви што се користат во Грција. Медитеранските растенија што беа засадени лани во средишниот дел веќе се исушени. На патоказот за излез кај Визбегово пишува Скопје-центар, а кај Орман и кај Волково, клучки што не функционираат, Скопје-запад. Вијадуктот над Волково го привлекува вниманието додека се поминува низ мостот кај Орман, најдолгиот во земјава, со 630 метри. Депонијата околу излезот во ова село е единствената непокриена грда слика. Среде ѓубрето, покрај калливиот пат, е поставен и нов патоказ.

По Волково се продолжува меѓу насипи, чии подножја изѕидани од камен даваат рустикален амбиент. Карпите од кањонот Матка се протегаат пред нас додека возиме. Градот не се гледа, но околните природни убавини не може да се промашат. Пред Сарај, конечно патоказ - Скопје. Без исток, запад, север или југ. Овде ја напуштаме обиколницата и повторно низ повеќето краци и улички влегуваме во градот.

Се на се, седум години изградба „држ - не дај“ за седум минути возење „шибај - шибај“. Брзо, пространо и безбедно. Можеби бескорисно за жителите на поголемиот дел од градот, тие на јужната страна од реката Вардар, но ќе биде многу полезно за запоставените северни реони, особено кога ќе се оспособат сите клучки. А се очекува и намалување на метежот низ целиот град. Останува времето да покаже дали обиколницата вреди за сите пари, за сите 150 милиони евра вложени во неа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62491034563&id=14&prilog=0&setIzdanie=21720
Back to Top
Cresevo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cresevo Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 24-Jun-2009 at 18:47

Скопско Стајковци повторно под вода

Мирјана Мирчевска Коментари (0)   
24.06.2009 16:33
Причина за поплавите е обиколницата, велат жителите

 

Поплавени визби, дворови, цела ноќ акција на чистење вода од домовите. Причина за поплавите била обиколницата.

„Ова е откако е изградена, немало никогаш ни поплави ни ништо. Штети има, имаме зимници, работи по визбите“, вели Андрејчо Димишков, жител на село Стајковци.

„Откако е направена обиколницата, од тогаш веќе по трет пат ние не спиеме мирно. Секоја вечер кога врне дежураме на патов и не да сме поплавени, скроз сме поплавени“, рече Марјан Ѓорѓиевски, жител на село Стајковци.

Внатре во куќите се уште се чувствува миризбата на мувла од претходната поплава. Во домот на Петровски се уште се распослани деловите од нивниот автомобил, што пред две недели беше поплавен од дождовите.

„Во зима нема теоретска шанса да го возиме, тиња е внатре, деловите се сите извадени“, вели Благица Петковска, жител на село Стајковци.

Од Фондот за патишта рекоа откако ќе завршат дождовите проблемот ќе се средел

 

Револтирани граѓаните заминаа и кај надзорот на обиколницата. Таму не дадоа изјава за А1, надлежните им цртаа што треба да се санира од обиколницата.

Од Фондот за патишта рекоа - откако ќе завршат дождовите проблемот ќе се средел.

Градоначалникот на град Скопје и градоначалникот на општината Гази Баба контактирале со Фондот, добиле одговор дека проблемот ќе се решел.

„Таму треба да се ископа канал, водата да се насочи да не оди кон куќите, туку кон каналот“, изјави Тони Стојановски, градоначалник на Гази Баба.

„Тој проблем почнува да се отклонува, „Гранит“ како изведувач на обиколницата и се надеваме дека тој брзо ќе биде завршен“, рече Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Пред два дена се пресече црвената лента за пуштање на обиколницата во употреба. Таа е дел од Коридорот 8 што ја поврзува Македонија со Албанија и со Бугарија.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110492
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 24-Jun-2009 at 18:57
Добро барем се лоцирал проблемот и нема да има бесконечно натегање дали воопшто постои проблем, дали е до обиколницата, кој е надлежен итн итн...

Само дали ќе има одговорност за лошото планирање или изведба?
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 25-Jun-2009 at 08:03
Originally posted by lslcrew

Вчера ја претрчав обиколницава
 
  Баш би сакал да ми кажете заедно со Кловер колку време е потребно да се помине целата обиколница чисто ме интересира колку би заштедувала време бидејќи дефинитивно ќе се заштедува гориво. Е сега мислев од клипот на Кловер да одам X3 и да го добијам точното време ама не знам со која брзина возел Nuts. Ако ја изгубивме шансата да направиме нешто поблиску до ринг и да биде во функција за побрзо пристигнување и во некои внатрешни места во Скопје тогаш барем да заштедува време и да нема премин на камиони низ градот Yes
 
 Второ нешто што ме интересира е колку е изводливо и потребно да се направи иста ваква обиколница на јужната страна на Скопје колку што гледав на ГЕ пола од теренот не е проблематичен а пола е планински (ме инпирира сликата од Андреј_ЛЈ за Софиската обиколница во изградба Cheers). Таа делница дефинирно би заштедувала време одејќи од Велес према Тетово на пример или обратно. А преку неколку тунела би се споила со градот Drool
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 25-Jun-2009 at 10:13
За отприлика ~15-тина минути се вози. Вкупно е 26,7 км па најдобро израчунај си! Не знам зашто сметаш да на Скопје му е потребно ринг за да има пристам до внатрешни делови. Рингот е обично кај некои порамнински градови и каде што има пристап од сите насоки, додека кај Скопје пристапот е од две насоки само. За внатрешната достапност предуслов се јужниот севрниот и крушевска булеварите како и полупрстевнот (внатрешна обиколница) од булеварите кои ги носат имињата на екс-ју републики.

Јужната обиколница, погледни го ГУП-от ќе видиш дека е обична улица на Водно која и кое е пред се за потребите на градот. Воопшто не е исплатливо, а и малку нелогично е да се гради обиколница по планински терен за да се сткрати два-три километра за камионите кои идат од велес за тетово. Тогаш воопшто не требаше да ја градиме северната обиколница.

Гледам заклучоков си го извел од тоа што ги до видел на сликите од Бугарија. Све е тоа ок, но додека си обичен граѓанин. Кај нас понекогаш се случува и градоначалниците и други власти да се раководат така па еве сега за малку ќе имавме трамвај по селски сокаци. На факултет кога се учи градско и просторно планирање ваљда се учат методи како да се планираат ефикасно градовите и државата, а не се покажуваат слики од странство.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.246 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.