Author |
Topic Search Topic Options
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#101 Posted: 27-Aug-2009 at 07:04 |
Чистење на кејот на река Вардар
Во текот на изминативе денови во деновите кои следат, ангажираните лица вклучени во одржувањето на јавната чистота во Општина Центар во проектот Чиста и зелена Општина Центар работат на чистење на кејот на реката Вардар.Акцијата се спроведува од мостот кај Нова Железничка Станица до пешачкиот мост во Градскиот парк. Целта е да се исчисти кејот од отпадоци за да биде по пријатно место за одмор и рекреација за сите граѓани.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#102 Posted: 31-Aug-2009 at 10:52 |
ГРАДОТ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕ НА РЕКАТА
Со каскади Вардар ќе се прави подлабок
Со
изградба на каскади, кои треба да го задржат поголемо нивото на водата
во летните месеци, градските власти планираат да му дадат нов естетски
изглед на Вардар. Проектот каскадни прегради, вклучен во програмата на
градоначалникот Коце Трајановски, е замислен за да го реши проблемот со
фекалните води, кои ја загадуваат реката. Според објаснувањата од
надлежните, каскадите се, всушност, последниот дел од проектот, а
претходно треба да се изгради канализација во руралниот дел на општина
Ѓорче Петров и да се направат две прочистителни станици, едната во оваа
општина, а другата во Сарај. Во Министерството за транспорт и врски, од
каде што се префрлаат парите за проектот, велат дека со последниот
ребаланс на буџетот се одобрени 60 милиони денари, односно околу еден
милион евра за изградба на канализација во општина Ѓорче Петров. -
Станува збор за руралниот дел од општината каде што воопшто нема
никаква канализација. Тоа се населените места Кисела Јабука, Стопански
Двор, Волково, Пржина, поточно од железничката станица во Волково до
вливот на Лепенец во Вардар. Мрежата треба да е во должина од вкупно 60
километри и е проценато дека ќе чини 12 милиони евра, а заедно со неа
треба да се изгради и прочистителни станица и“објасни Сокол Митровски,
градоначалник на општина Ѓорче Петров. Во општината велат дека за
пречистителната станица, која е проект на Министерството за животна
средина, веќе е избран изведувач, словенечка фирма, а изградбата чини
околу шест милиони евра. - Идејата е прво да се исчисти водата на
Вардар, а дури потоа да се постават преградите, во централното градско
подрачје. Со изградбата на фекалната канализација ќе се овозможи
подобар третман на водите на Вардар и тие да бидат од втора или од
трета категорија, а воедно и ќе се заштитат бунарите Нерези - Лепенец
од кои Скопје се снабдува со питка вода и“додава Митровски. Во град
Скопје велат дека се уште немаат информации за димензиите на преградите
и како ќе се поставуваат, затоа што проектот се уште само се
разгледувал. - Прво треба да се изгради колектор и да се доврши
канализациската мрежа. Кога ќе се тргнат отпадните води ќе може да се
направат каскадите. Со нив ќе се зголеми нивото на Вардар, водата
повеќе ќе се задржува во коритото, затоа што нејзиниот тек ќе се
забави. Но, не сме во фаза на, условно речено, проект за изведба, туку
се уште го разгледуваме и“вели Неделчо Крстевски, портпаролот во град
Скопје. Сегашната состојба со водата во Вардар покажува дека на некои
мерни места таа е од втора или од трета категорија, но сепак, во
летните месеци квалитетот се намалува и достигнува четврта или петта
категорија. http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1800&ArticleID=120789 |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#103 Posted: 31-Aug-2009 at 11:47 |
ГРАДОТ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕ НА РЕКАТА Со каскади Вардар ќе се прави подлабок
Со
изградба на каскади, кои треба да го задржат поголемо нивото на водата
во летните месеци, градските власти планираат да му дадат нов естетски
изглед на Вардар... |
Овака се открива топла вода - во случајов ладна 
Originally posted by Vladimir P
Ако веќе мислиме за пари, буџети ... тогаш едино
ефтино решение е да се контролира висината на водата и протокот, така
ќе се успори растенје на вегетацијата и заштедат средства. Вардар ќе изгледа ко река а не некој обраснат поток, а со тоа ке се поправи еко и микро климата.
|
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#104 Posted: 13-Sep-2009 at 15:33 |
ВО ДЕЛОТ НА АЕРОДРОМ
Се чисти кејот на Вардар
Сезонските
работници на Општина Аеродром, во соработка со Дирекцијата за заштита и
спасување, го расчистуваат кејот на реката Вардар кој поминува во овој
дел од градот. Од Одделението за односи со јавност велат дека во
изведувањето на комуналните активности се расчистуваат отпадоците и се
коси тревата. Во ваквата акција се вклучени педесетина сезонски
работници, а доброволно учествуваа и вработени во фирмата „Промонтинг“
и „Бигтрејд“, кои во целост ја имаат обезбедено и потребната
механизација за раскопување и за расчистување на кејот.
Е.М |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1811&ArticleID=121610
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#105 Posted: 21-Oct-2009 at 00:01 |
Вардар почист за 3800 кубици ѓубре
Во
рамките на акцијата за чистењето на коритото на Вардар, изминатиов
период екипите на "Улици и патишта" интензивно ги спроведуваа
активностите предвидени во втората и третата фаза, информираат од
јавното претпријатие. - Од предвидените 5000 метри кубни речен
нанос, тиња и непотребни отпадоци досега се исчистени 3800 метри кубни.
Овие активности опфатија машинско чистење по косините на коритото и
подигнување на ископот и транспорт со камиони до соодветна локација.
Изминатиот период се чистеше левиот и десниот брег на коритото на
потегот од железниот мост кај МАНУ до мостот кај Железничка станица. На
овој потег се искористи ниското ниво на реката Вардар, што овозможи
влегување на потребната механизација специјализирана за таа намена, при
што се израмнија 3000 кубни метри и се пополнија сите дупки и нерамнини
на дното на коритото на овој потег - информираат ЈП од Улици и патишта.
Тие најавуваат дека продолжуваат да работат според предвидената
динамика утврдена во програмата на Градот, со што ќе бидат опфатени
повеќе позиции од двете страни на коритото на реката.
http://vecer.com.mk/?ItemID=0A8F9C8B547E5D438092C40AFBD6DD9F |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#106 Posted: 22-Oct-2009 at 09:22 |
1
2
3
skopje.gov.mk
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#107 Posted: 05-Nov-2009 at 06:41 |
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ЗАБАВУВА ПРОЕКТИТЕ
Фонтани во Вардар идната година
Општина
Центар во 2010 година ќе почне да ги гради фонтаните во Вардар, кои
треба да бидат поставени од двете страни на Камениот мост. Како што
информираат општинарите, изградбата била одложена поради временските
услови. - Изведувачот „Ла Моне Мореда“ одлучи да продолжи со работа во
текот на следната година поради водите во реката, кои во овој период се
непредвидливи и може да дојде до зголемување на нивото, а тоа би било
неповолно за почеток на работите - вели Јовица Ацковски, портпарол на
општината. Општинските власти се уште не почнаа да го градат ниту
мостот „Око“, за кој пред две месеци беше ставен камен-темелник. Тие
објаснуваат дека засега се отстрануваат подземните инсталации на
локацијата, канделабрите за улично осветлување, а во наредниот период
ќе се виделе поинтензивни градежни работи.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1858&ArticleID=125808 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#108 Posted: 18-May-2010 at 14:52 |
Почнува изградбата на
фонтани во Вардар
Општина Центар ги завршила сите подготвителни работи, како
што е испитување на слоевитоста на почвата и нивото на подземната вода, и
сега се чека само пристигнување на претставници од италијанската фирма
"Ла Моне Мореда" за да почнат градежните работи
Кон
средината на јуни ќе почне изградбата на двете фонтани во реката Вардар.
Општина Центар веќе ги завршила подготовките околу испитувањата на
слоевитоста на почвата и на нивото на подземната вода. За да почнат
градежните работи, се чекаат единствено претставници од италијанската
фирма "Ла Моне Мореда", која победи на тендерот. "Во консултации со
италијанската фирма, одлучивме изградбата на фонтаните да ја почнеме
летово, односно во јуни, кога нивото на реката Вардар е намалено и многу
полесно и побрзо може да се одвиваат градежните работи. Сите
подготвителни работи се завршени, и за неколку недели ќе стартуваат
градежните работи", велат од Општина Центар. Фонтаните во Вардар ќе
треба да бидат готови кон почетокот на наредната година. Изведувачите од
Италија, при потпишувањето на договорот со Општината, се обврзаа дека
фонтаните ќе проработат седум месеци откако ќе стартуваат градежните
работи. Проектот предвидува во Вардар да никнат две фонтани, од кои
ќе се распрскува вода. Едната ќе биде пред Театарот, а другата пред
новата зграда на Уставниот суд. Изведувач е италијанската фирма "Ла Моне
Мореда", а пари за изградба се обезбедени од Општина Центар. Како и
досега, од Општината не кажуваат колку пари од буџетот ќе бидат одвоени
за фонтаните.
http://vest.com.mk/?ItemID=15E09AECE3224D4E8040FD13D7FB0F64 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#109 Posted: 27-May-2010 at 13:35 |
Нерези никако да добие
кеј
Според проектот, од Железничкиот мост до крајот на населбата
Нерези требаше да се гради пешачка патека од бекатон плочки, долга 650
метри, но од тоа нема ниту трага
Жителите на населбата
Нерези никако да добијат кеј покрај реката Вардар. И сегашниот
градоначалник на Општина Карпош Стевче Јакимовски и неговиот претходник
Андреј Петров ветуваа дека шеталиштето од десната страна на Вардар ќе го
продолжат до и низ селото Нерези. Според проектот, од Железничкиот мост
до крајот на населбата Нерези требаше да се гради пешачка патека од
плочки, долга 650 метри, а широка два метра. По целата должина на
патеката треба да се постават клупи, канти за отпадоци и осветлување со
украсни канделабри. За реализирање на проектот дури беше избрана и
фирмата "Металелектрик", која требаше да биде изведувач на градежните
работи, а од општинскиот буџет беа одвоени два милиона денари. Но од
ваквите најави сe уште нема ништо. Кејот сe уште е запуштен, обраснат со
треви, грмушки, а жителите на Нерези немаат никаков пристап до реката. Од
Општина Карпош велат дека не можат да почнат со продолжување на кејот
кон Нерези оти имаат проблеми со имотно-правни односи. "На дел од
трасата се наоѓа приватен имот, и се обидуваме да најдеме решение со
сопственикот за да го откупиме земјиштето и да почнеме со градба. Ние
веќе го изградивме детско игралиште и спортскиот терен за кошарка и за
фудбал, кои се наоѓаат на крајот од делницата, но не можеме да ја
пробиваме патеката оти спорниот имот се наоѓа на средина", велат од
Општина Карпош.
http://vest.com.mk/?ItemID=99B708A8C21B454A877E5687D77183FF |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#110 Posted: 15-Jun-2010 at 23:36 |
Пешачката
патека на кејот во Ѓорче Петров долга 500 метри

Градот Скопје ќе гради уште 500 метри пешачка патека на кејот на
Вардар во Општина Ѓорче Петров. Моментно е во тек тендер за избор на
фирма што ќе ја изгради патеката, а финансиите се обезбедуваат од
буџетот на Градот.
Граѓаните ќе можат да прошетаат од стадионот
„Македонија“ во правец на Хром, бидејќи новата патека ќе биде
продолжение на веќе постојната, која почнува кај мостот во Сарај.
Патеката ќе се движи паралелно со насипот на реката и ќе им биде на
располагање на рекреативците што сакаат ролери, велосипеди или само
пешачење.
Во Градот не соопштуваат дали покрај изградбата на
патеката ќе се зафатат и со уредување на околината на кејот, која одамна
служи како дива депонија за исфрлање секаков отпад. Граѓаните што
сакаат да се рекреираат покрај Вардар се жалат дека се запуштени и
зелените површини, тревата не се коси со месеци, а на веќе постојната
патека нема осветлување, па се користи само дење. Нема ниту клупи ниту
канти за отпадоци, како што е покрај патеките во другите општини.
Сепак,
и по продолжувањето на патеката, кејот на Вардар нема да се поврзе со
патеката во Карпош, бидејќи градските власти се' уште немаат проект за
уредување на брегот на Вардар во Хром. Од железничкиот мост во Карпош,
покрај некогашната фабрика „Купрум“, кејот е целосно неопрооден,
обраснат со дрвја и со грмушки, а за негово уредување ќе треба многу
време и финансии. Дополнителна причина што овој потег е неуреден се
имотно-правните односи со неколку сопственици на земјиштето покрај
Вардар.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=B75122B7B11F294CAA16875A892B0849 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#111 Posted: 06-Jul-2010 at 17:41 |
СЕ ЧИСТАТ КОСИНИТЕ НА
КЕЈОТ НА РЕКАТА

Во рамките на
редовните активности за континуирано чистење на косите површини на кејот
на реката Вардар, во периодот од средината на месец јуни до денеска
/06.07.2010 година/ е исчистена вкупна површина од 22 000 квадратни
метри.

Чистењето на тревата и на
земјата од косините се врши рачно со копачи, мотики и
со шпакли, а машински со тримери и со моторни пили се сече повисоката
трева и нискостебелестата вегетација.

Во периодот од 10 јуни до
денеска се работеше на потегот од пешачкиот мост кај хотелот Александар
Палас до новиот мост кај Железничка станица, опфаќајќи ги Камениот Мост и
делот од кејот кај кајакарскиот клубот Кајак Кану. Работните
активности ги извршуваат екипи на ЈП „ Улици и патишта“.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3490&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#112 Posted: 01-Sep-2010 at 13:51 |
ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА КОСИНИТЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР


Екипите на Град Скопје коишто се задолжени за одржување на кејот на реката Вардар, во текот на месец август рачно и машински темелно исчистија површина од 31 000 метри квадратни.
Косите површини на левиот и на десниот брег, се чистеа машински со тримери на следниве потези:
- од мостот Железничка станица кон булеварот Србија,
- од пешачкиот мост Луна Парк кон Кајак Кану,
- од пешачкиот мост кај Жабарот кон мостот Гоце Делчев,
- од пешачкиот мост кај Жабарот кон мостот Луна Парк .
Левата страна на кејот на реката Вардар машински се чистеше и на потегот од мостот Железничка станица кон Канал 5 телевизија.
Косините на двата брега од нанесената земја и од изникнатата трева се чистеа рачно со шпакли, мотики, и со копачи, а со тримери се косеше повисоката трева.
Ископот и транспортот на милот, што беше наталожен на косините на кејот, се вршеше со скип машини.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3619&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#113 Posted: 01-Sep-2010 at 15:56 |
Najrealno kazano , vardar nikogas ne sum go videl pocist otkolku sega ...
Nekako i vodata mi stoi pobistra
|
 |
<Fresno>
Senior Member
Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
|
Quote Reply
#114 Posted: 01-Sep-2010 at 16:22 |
Баш ме интересира дали има некој друг начин да одржува коритото, односно да не мора на секои 3-4 месеци рачно да се чисти наталожената земја и тревата на неа
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#115 Posted: 01-Sep-2010 at 16:44 |
Originally posted by <Fresno>
Баш ме интересира дали има некој друг начин да одржува коритото, односно да не мора на секои 3-4 месеци рачно да се чисти наталожената земја и тревата на неа
|
Со пожар
Мала шала....и мене ме нервираат ова безвезниве треви, како само во Скопје да ги гледам...
 што ги чистат...уште кога би се регулирало и нивото на Вардар во овој период би било многу фино, направени се големи острови од сушата и личи на повеќе на бара отколку на река....
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#116 Posted: 01-Sep-2010 at 17:29 |
Originally posted by Dave Gahan
Со пожар
Мала шала....и мене ме нервираат ова безвезниве треви, како само во Скопје да ги гледам...
што ги чистат...уште кога би се регулирало и нивото на Вардар во овој период би било многу фино, направени се големи острови од сушата и личи на повеќе на бара отколку на река.... |
Мислам дека во тоа е и клучот. Доколку би се регулирало нивото на реката, веројатно би имало многу помалку за кастрење по косините. Кога е волку низок водостојот логично е на косините да никне вегетација.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#117 Posted: 02-Sep-2010 at 19:11 |
проблемот е што нивото на водата во Вардар не е постојано, со надоаѓање и потоа повлекување водата само ја наводнува земјата во пукнатините меѓу каменот и создава услови за диви треви
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#118 Posted: 02-Sep-2010 at 19:37 |
Богами разликата во односот вода - фекалии е прилично приметлив во периодов...баш прееска бев на трчање, мирисот е неподнослив, а и глетката не е баш пријатна...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Plugger
Senior Member
Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
|
Quote Reply
#119 Posted: 09-Sep-2010 at 17:27 |
Za edno 5 godini ke mozheme da se banjame na vardar hehehe
Barem taka kaza Koce Trajanovski
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#120 Posted: 11-Jan-2011 at 23:23 |
Edited by lslcrew - 11-Jan-2011 at 23:25
|
 |