Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#121 Posted: 29-Jan-2008 at 20:27 |
Значи уште „добри вести“... Секој ден барем по една објава на оваа тема и ни еден чекор назад!  Како може бе влада да се однесува вака ко на див запад!? Колку е само дрзок овој упад во туѓи надлежности... Сервилноста и одвратната неодговорност на градот и општината не можат да го скријат фактот дека владата ова го прави илегално и насилнички. Кога некој вака би упаднал во надлежностите на владата, тоа не би било ништо друго освен државен удар! Само ако... нека се фураат лудациве... Со глава низ ѕид не се оди. Кога конечно ќе си ја скршат главата, јас ќе се радувам! Затоа што после оваа последнава офанзива врз мал ринг што ја направија, јас сосема ги отпишав...
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#122 Posted: 29-Jan-2008 at 20:57 |
Originally posted by pbanks
Не бе овие решиле да бидат насилници и тоа ти е. Во секоја нормална држава во најмала рака после вакви реакции во јавноста проектот ќе се одложеше привремено за да се отвори простор за дебата. Но тие биле спремни на ова.
Ова не е епифанија што му се случила на Груевски на последната владина седница ова е тајно планиран и координиран проект бидејќи за премногу прашања веќе имаат одговори и издиференцирани ставови и од страна на владата и од страна на МПЦ. Пристапот е тој бидејќи очигледно сметале и на ваквите реакции.
Ејјј објавуваат меѓунардоен конкурс неполна недела дена од обзнанувањето на проектов. Спонтано како да не...
  
П.С. Содржината на конкурсот случајно сеуште ја нема на сајтот на Министерството
Објавен конкурс за црквата на плоштад
29.01.2008 16:50
Објавен меѓународниот конкурс за идејно решение за изградба на црквата на плоштадот „Македонија“. Одлуката ја потпишал за заменик министерот за култура Слободан Деспотовски, а не неговиот шеф, министерот Арификмет Џемаили.
Министерот од редовите на Демократската партија на Тачи вчера бил отсутен, затоа Деспотовски ја официјализирал изградбата на православниот храм.
Не знам зошто министерот не ја потпиша одлуката, вели Деспотовски за А1, но нема ништо спорно во тоа што јас ја спроведов одлуката на Владата.
Одлуката е потпишана вчера, иако според Владата, рокот во кој требало да се објави конкурсот бил до крајот на неделата.
Од МПЦ се задоволни што официјално е решено да се гради црквата, но велат дека треба да се смири топката, затоа што по објавувањето на иницијативата од страна на Владата се разбранува јавноста. Секогаш ќе има приврзаници, но и луѓе кои се противат на ваквите идеи, велат.
Од општина Центар, на чија територија треба да се гради црквата, со став, постои законска можност за изградба.
Но, за исполнување на желбата на Премиерот ќе мора да се менува деталниот урбанистички план за плоштадот, затоа што таму сега не е предвидена изградба на верски објект.
Планот може да се дополни и измени откако официјално до општина Центар ќе стигне барање од Министерството за култура. |
Извор: А1
|
само што прочитав на веб 
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#123 Posted: 29-Jan-2008 at 21:03 |
Малце е чудно што заменик-министер потпишал. Сепак, незнам колку бил отсутен министерот, или пак нешто пројавуваат незадоволство ДПА  .
|
 |
Ганчо
Newbiе
Joined: 02-Jan-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#124 Posted: 29-Jan-2008 at 21:06 |
Недоградената зграда одамна не е во сопственост на Македонска Банка. Нејзин горд сопственик е Еуролинк, Еуростандард банка, Еуролизинг . . . т.е. нашиот градски татко Трифун.
Edited by Ганчо - 29-Jan-2008 at 21:11
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#125 Posted: 29-Jan-2008 at 21:06 |
Како и да е таа за црквата мора да се бара друга локација
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#126 Posted: 29-Jan-2008 at 21:54 |
Originally posted by Ганчо
Недоградената зграда одамна не е во сопственост на Македонска Банка. Нејзин горд сопственик е Еуролинк, Еуростандард банка, Еуролизинг . . . т.е. нашиот градски татко Трифун.
|
Озбилно 100% си сигурен во тоа? Тоа е и добра и лоша вест ако е точна... По кој основ е негова малку чудно ми звучи? Поштенска банка знам како ја лапна ама со Македонска не ја гледам врската.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#127 Posted: 29-Jan-2008 at 23:22 |
На Утрински има анкета за црквата.... Моментално води опцијата ЗА  ако продолжи така уште еднаш ќе се докаже дека ништо не е случајно.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#128 Posted: 29-Jan-2008 at 23:23 |
Го дадов мојот глас
Црква на плоштадот во Скопје?:
за
(839)
|
 |
против
(771)
|
 |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#129 Posted: 29-Jan-2008 at 23:23 |
Па добро тие од утрински се свесни дека изградбата не би била во прилог на вмро па сега јадат трици.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#130 Posted: 29-Jan-2008 at 23:28 |
Originally posted by pbanks
На Утрински има анкета за црквата.... Моментално води опцијата ЗА 
|
Којзнае... кај нас има такви бедници што со државни ресурси местат анкети. Сетете се на гласањето во Чуму од МО. Кој е на власт моментално ништо не менува затоа што и едните и другите се иста багра...
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#131 Posted: 30-Jan-2008 at 01:29 |
Уште една добра колумна, овој пат од Утрински весник
Наследство на плоштадот
Билјана Ангеловска
Ако идејата за изградба на стокатници во Скопје и можеше некако да
се проголта како нечија пуста желба за исполнување на сопствениот
американски сон, најавата за возобновување на некогашната црква „Цар
Константин и царица Елена“ е веќе нешто посериозно, затоа што и може да
се изгради. Не мора да се биде премногу паметен за да се сфати дека
изградбата на црквата нема баш којзнае колку врска со нечија верба во
Бога. Напротив, како некој да има голема желба да остави личен печат на
времето на сопственото владеење, особено ако црквата биде крстена по
неговото име.
Скопје пред седум-осум години го доби
Милениумскиот крст, сега мошне веројатно ќе ја добие и новата црква на
плоштадот. Во главниот град на државата некои од премиерите сакаат да
остават некакво сакрално наследство по кое ќе се памети нивното
владеење. Љупчо Георгиевски го изгради крстот на Водно. Сега Никола
Груевски сака да гради црква на плоштадот „Македонија“.
Идејата
за изградба на црква можеби и не би била толку дискутабилна да дојдеше
од некое свештено лице или, пак, од народот, а не од премиерот.
Веројатно и одѕивот во јавноста ќе беше многу поинаков доколку
замислата беше пласирана само како предлог за кој ќе се дискутира, ќе
се отвори широка јавна расправа, ќе се бара стручно мислење. Вака,
идејата влегува во толку замрсена ситуација од која тешко може да се
излезе. Не само што предлогот ќе има архитектонски и урбанистички
последици туку и политички реперкусии. Може ли идејата на Груевски да
му се врати како бумеранг?
Веќе почнаа да се јавуваат
граѓаните со поинаква од православната вероисповед и да бараат и ним
државата да им изгради соодветни храмови. Муслиманите изразија желба
Владата да им ја возобнови старата Бурмали џамија, на местото на
некогашниот Офицерски дом. Власите, кои со одобрување гледаат на
идејата на премиерот, бидејќи храмот „Константин и Елена“ во почетокот
бил под Романската православна црква и во него се служело на
влашко-романски јазик, сега бараат државата да им даде можност и тие да
си изградат своја црква. Зошто да не, и католиците имаат целосно право
утре да бараат нова катедрала на плоштадот.
Проблемите, се чини, допрва ќе се отвораат.
Впрочем,
такво нешто и може да се очекува кога се носат одлуки со императорска
логика, како во римско време, кога императорот по секоја голема победа
решавал да си изгради храм обично посветен на богот Јупитер, без притоа
да го слушне мислењето на Сенатот. Така и сега, премиерот решава во
центарот на Скопје да си изгради сопствен храм кој можеби ќе се вика
„Св. Никола“.
Дали премиерот воопшто помислил дека неговата
одлука, пред се', ја корумпира црквата, бидејќи се меша во работи кои
не се во ингеренции на државата, туку на црквата. Дали со тоа што
државата ќе изгради православен храм не ја доведува Црквата во
ситуација да и' биде должник? Истовремено, со одлуката Владата целосно
ја омаловажува и Општина Центар, чија единствена работа во случајов е
само да го смени Деталниот план и да ја вметне маркичката за црквата.
За ставот на Градот Скопје и да не говориме, него никој не го ни есапи.
Но, она што е многу жално, тоа е фактот дека премиерот ја
дезавуира стручната јавност која, пак, мора да се признае, се однесува
како воопшто да не постои. И, на крајот, премиерот го навредува и
народот. Му значи ли воопшто на Груевски мислењето на граѓаните или
само се пуштаат пробни балони колку да се испита пулсот, исто како што
беше со облакодерите. Ако е важно мислењето на граѓаните, можеби
премиерот и Владата конечно ќе сфатат дека на Скопје не му требаат
стокатници исто како што не му треба и нова црква на плоштадот
„Македонија“. Му требаат нови болници, со нова опрема,училишта, му
требаат брзи улици за побрзо да се стигне на работа, му требаат убави
паркови и што уште не. |
Извор: Утрински весник
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#132 Posted: 30-Jan-2008 at 01:53 |
|
 |
GreatMakedon
Senior Member
Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
|
Quote Reply
#133 Posted: 30-Jan-2008 at 07:10 |
Abe i vie na sve se protivite vo posledno vreme.... mozda crkvata ke ja lici na plostad?
Edited by GreatMakedon - 30-Jan-2008 at 07:11
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#134 Posted: 30-Jan-2008 at 09:57 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#135 Posted: 30-Jan-2008 at 15:31 |
АРХИТЕКТИТЕ И УРБАНИСТИТЕ ДЕЦИДНИ
Нема место за голема црква на плоштадот
На планираната локација може да се изгради мала црква со димензии пет на пет метри, вели поранешниот главен градски архитект

Нема место за изградба на голем репрезентативен
црковен објект на плоштадот, каков што се предвидува на просторот меѓу
стоковната куќа „Типо“ и ресторанот „Дал мет фу“, е заедничкиот став на
повеќе архитекти и урбанисти. Тие се единствени и во ставот дека
начинот на кој Владата сака да ја протурка изградбата на црквата е
незаконски и сметаат дека самиот предлог е нелегитимен и беспредметен,
затоа што не ја поминал долгата и сложена законска процедура за
формирање, стручно-демократско преиспитување и спроведување на условите
за нејзиното градење.
- Таков објект, со висина од 33,5 метри
и камбанарија од 50 метри бара голем простор. На планираната локација
може да се изгради мала црква со димензии пет на пет метри - вели Зоран
Тониќ, поранешен главен градски архитект. Според него, предлогот на
Владата треба да биде доставен до Општината Центар, до Градот и до
Министерството за транспорт и врски, а потоа да се изготви детален
урбанистички план, врз основа на претходна стручна расправа.
-
Кога станува збор за централното градско подрачје, потребно е да се
дефинира проектна програма и да се организира стручна расправа за да се
види дали треба да постои црквата или не. Без тоа, со настојувањето
градежната маркичка да се уфрли само со парцијални измени на
урбанистичкиот план, како што се протна и објектот „Лумикс“, изградбата
ќе биде незаконска. Парцијалните измени на детаљните планови не се
предвидени со закон, а законската процедура мора да се запази - дециден
е Тониќ.
Поранешниот градоначалник на Центар и професор на
Архитектонскиот факултет, Мирослав Грчев вели дека прв услов во сите
демократски земји за изградба на некој објект е тој да биде вклучен во
урбанистички план.
- Ако нема план и услови за градба на таков
објект, тогаш нема што и воопшто да се коментира за него. Според тоа,
предлогот за изградба на црквата и да доаѓа од владиниот врв е
нелегитимен затоа што нема никаква стручна поддршка, туку е предлог на
политичко тело, на извршна власт, кој според Уставот нема надлежност да
се занимава со тие работи - смета Грчев.
Грчев објасни дека за
изградба на објекти за домување во централното градско подрачје
постојат строги урбанистички стандарди, но за објекти каков што е
конкретниов, нема посебни ограничувања.
- Затоа е потребно да се
направи план што нема да згреши во лоцирањето на објектите, а не да се
прави вонпланско лицитирање - вели Грчев. Од Општината Центар вчера се
изјаснија дека постојат законски можности за изградба на црквата на
плоштадот и за внесување на објектот во детаљниот план. За тоа дали има
доволно место на таа локација да се изгради црква, ќе се изјаснат дури
откако Министерството за култура официјално ќе им го достави барањето
со идејното решение.
- Ние не можеме сега да коментираме дали на
таа локација ќе има доволно место за црквата, пред да го видиме
официјално идејното решение, за кое допрва ќе се распишува конкурс -
изјави Лидија Неделковска од Општина Центар.
Наместо министерот Џемаили, одлуката ја потпиша заменикот
Заменик-министерот за култура Слободан Деспотовски
вчера ја потпишал одлуката на Владата за изградба на црква на градскиот
плоштад, откако министерот за култура Алификрет Џемаили одбил да
потпише.
На неодамнешната владина седница беше решено одлуката
да ја спроведе Министерството за култура, за што е потребен потпис од
министерот. Потписот на одлуката е неопходен за Министерството да го
распише меѓународниот конкурс за идејно решение за објектот.
Портпаролот
во Министерството, Александар Ѓорѓиев, вчера не образложи зошто
министерот не сакал да ја потпише одлуката, само рече дека тоа ќе биде
обелоденето денеска.
Анела Петрова |
Извор: Дневник
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#136 Posted: 30-Jan-2008 at 15:35 |
Точна констатација
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#137 Posted: 31-Jan-2008 at 09:41 |
Многу за читање но работава е толку контроверзна да е битно да се евидентира секоја реакција против.
ОЦЕНкА НА ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ОДЛУКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ВЕРСКИ ХРАМ НА ПЛОШТАДОТ
Со владината црква локалната власт е пред свршен чин
За
градоначалникот Костовски е неприфатливо да се гради каков било објект
надвор од утврдените законски процедури и од Генералниот и детаљниот урбанистички план
Неприфатливо е да има изградба на каков било објект,
вклучувајќи и на верски храм, надвор од утврдените законски процедури и
од Генералниот и детаљниот урбанистички план на Скопје, вели
градоначалникот Трифун Костовски.
- Згора на тоа, вообичаена
светска практика е околу сакралните објекти да се формираат плоштади, а
не обратно - вели Костовски и додава дека не би ни навлегувал во
чувствителноста на прашањето од аспект на верската кохабитација, како и
уставното начело на одвоеност на Црквата од државата. Владата во
минатиот вторник, на предлог од премиерот Никола Груевски, едногласно
одлучи со парите на граѓаните да гради црква на плоштадот Македонија,
која ќе биде висока 33,5 метри, со камбанарија од 50 метри. Црквата
треба да се изгради на просторот пред објектот на „Лумикс“, а
архитектите веќе се изјаснија дека таму нема место за толкав објект.
Проблем е и тоа што во неодамна донесениот детален план за Мал ринг
воопшто нема градежна маркичка на плоштадот, но тоа не ја спречи
Владата да ја донесе одлуката и да и' наложи на Општина Центар да го
смени планот според нивната замисла.
- Не би навлегувала во тоа
дали е или не е предвидена маркичка за црква во соодветниот план, но ќе
кажам само дека, во согласност со секуларниот принцип, државата е
одвоена од Црквата, па врз основа на тоа сите нека заклучат дали
Владата е во право - вели Татјана Каракамишева, професор на Правниот
факултет.
Според професорката Гордана Силјановска, овој случај
го изнесе на видело проблемот со некординацијата меѓу Градот Скопје,
Општина Центар и Владата во однос на донесувањето и измените на
урбанистичките планови.
- Се поставува прашањето, што ако
Советот на Општина Центар не изгласа повторна измена на планот за Мал
ринг? Во демократскиот политички систем нема централна власт што е
надредена, ниту пак локална власт која е подредена, туку постојат
партнерски одлуки. Тоа значи дека некои активности треба да им
претходат на други и да постои усогласеност на потезите меѓу
централната и локалната власт. Кај нас, воопшто и во случајов, имаме
политика на свршен чин - вели Силјановска.
Таа додава дека
никој не е против црквата, таа е за граѓаните и токму затоа и ним треба
да им се даде можност да се изјаснат за изградбата.
- Треба да
се слушне стручната и пошироката јавност бидејќи, како што верниците
треба да се еднакви пред Бога, така и граѓаните треба да бидат еднакви
пред Уставот - вели Силјановска.
Според портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, законската процедура при одлуката за изградба на црква е запазена.
- Нема никаков упад во надлежностите на локалната власт во областа на урбанизмот - вели Боцевски.
Тој
додава дека Владата била транспарентна во одлуката и смета дека јавна
расправа за црквата постои, односно за дебата го смета она што се
изнесува во медиумите.
Во Општина Центар, пак, каде што
мнозинството во Советот е на ВМРО-ДПМНЕ, не се чувствуваат подредени на
Владата и велат дека се' е законски, односно дека можат на планот за
Мал ринг во кое било време да му направат парцијални измени. ,
Распишан меѓународниот конкурс за идејно решение
Меѓународниот конкурс за идејно решение за црквата
на плоштадот, на просторот меѓу стоковната куќа „Типо“ и ресторанот
„Дал мет фу“, вчера е објавен во „Службен весник“, соопшти Александар
Ѓоргиев, задолжен за односи со јавноста во Министерството за
култура.Право на учество имаат домашни и странски правни лица
регистрирани за вршење на дејноста што е предмет на конкурсот и домашни
и странски физички лица, дипломирани инженери архитекти. Во конкурсот
не е истакнато за колкави димензии на објектот станува збор, туку се
наведуваат само општите услови што треба да ги исполнат учесниците.
Проектите и плановите треба да се достават најдоцна до 24 март.
Предвидени
се три награди за најдобрите решенија, за кои ќе одлучува
комисија.Најдобриот проект ќе добие награда од 400.000 денари, втората
награда изнесува 250.000 денари, а третата 150.000 денари. Ќе има и два
откупа од по 30.000 денари.
Анела Петрова |
Извор: Дневник
Чудни градителски предлози
Слушам, читам и не можам да верувам што се' се случува во нашата држава и во нашиот град. Но, да почнам малку одназад. Со доаѓањето
на Груевски како млад и амбициозен човек, економист, па магистер по
економија едвај чекав да се појават големи и успешни резултати, но во
економијата. Уште сум подготвена да ги чекам знаејќи дека не може се'
преку ноќ, а нашите „ноќи“ траат и со години. Моите први шокови се
случуваа со предлозите што доаѓаа од премиерот и од кабинетите со
желбите за градба. Се појави иницијатива за обновување на старо-новиот
театар ниту е стар ниту е нов. Кој народ се гордее со нешто помеѓу или
со нешто недефинирано за кој архитектонската фела се изјасни, но тоа не
беше доволно. Помпезно најавуван и се надевам дека и долго ќе биде
граден. Среде нови модерни објекти да се постави здание за кое не ќе се
знае во иднина што била целта - е чекор напред и три назад. Кога
слушнав за Офицерски дом и за неговото возобновување во ист манир,
мислев дека е шега, ама и тоа пројде. Распишан е меѓународен конкурс.
Не можев да им објаснам на колегите од странство што значи овој објект
- фасада на офицерски, а внатре се' по сегашни нови концепти. Ни риба
ни девојка.
Одеднаш во медиумите се појавуваат предлози за
градба на три стокатници. Зошто три, зошто не една триста ката? Ако
сакаме и за нас да се слушне ова е и подобра идеја. Ја предлагам без
многу анализи оти и тој предлог беше даден на ист начин - без трунка
елаборирање.
Чиста пародија. Замислете град што со градскиот
превоз е на ниво од 19 век по своите стари автобуси, кој тоне во ѓубре
и помеѓу ѓубрето бликаат гордо три стокатници. Можеби од нив подобро ќе
се види Маџар Маало (43 години по земјотресот неурбанизирано), каде што
среде ден во главниот град пасат коњи, а Ромите перат черги на
маалската чешма. Можеби од повисоко ќе му паднат некому на памет
пореални предлози за градот.
Па следеше информација дека Општина
Центар ќе поставува лавови пред Мост Гоце Делчев. Без анализи, без
стручни мислења, ама желбата е голема. Помислив оти е многу убаво
нашите луѓе што шетаат низ светот, ама очигледно им е потребен и
стручен водич да им објасни во кој архитектонски правец е изграден
некој објект и што оди покрај него да не биде „Се' што виде батко
Ѓорѓија сака да е негово“.
Сега за идејата за црквата на плоштадот.
Почитуван
премиере, многу посреќна ќе бев ако некој од министрите не ве поддржал.
Ваков предлог поддржан од цела Влада почнува да ме плаши.
Прво
министерот за транспорт и врски морал да Ви објасни дека вака само се
вклопувате во урбаната мафија. Зарем ниеден не се осмели да Ви каже
дека прво се прави предлог, па се менува урбанизам, па се слуша и
гласот на архитектите, како најмеродавни, па и гласот на јавноста.
Толку ли е итно, па се распишува и меѓународен конкурс што ќе се изигра
како и оние за Мајка Тереза и за Офицерски дом.
Мојата молба е -
престанете да проектирате. Во светските метрополи постојат такви
објекти - за време на Шарл де Гол се изгради аеродром во Париз, за
време на Жорж Помпиду културниот центар, но тоа се' се правеше по нивно
подолго владеење, не по една година. Од каде толкава желба за враќање
назад и возобновување стари зданија? Толку ли сме грешни како народ да
мораме да се молиме на секој агол од градот?
Кога работев во
Сибир во 1995, војната во Чеченија беше главна вест на телевизија. Ја
прашав мојата колешка Тања што значи на руски Грозни и и кажав што тоа
значи кај нас. Ми потврди дека значењето е исто. Се плашам дека ќе му
го смениме ликот на градот, па тој по некое време сам по себе да го
добие тоа име.
(Авторот е архитект-проектант, името е познато на Редакцијата) |
Извор: Дневник
Груевски не се откажува, на Интернет петиција против црквата

Конкурсот предвидува храмот да биде во форма на крст или ротонда
Билјана Јовановска Билјана Ангеловска
Идејното
решение за новата црква на скопскиот плоштад треба да ги запази сите
православни канони за изградба на сакрален храм кој треба да има
традиционална форма. Конкретно, храмот треба да биде во форма на крст
или ротонда. Накусо, ова се критериумите содржани во меѓународниот
конкурс за идејно решение на црквата, која ќе се гради на просторот
меѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал Мет Фу“. Иако цела недела се
чекаше потписот на оваа владина одлука зад која стои премиерот
Груевски, да го стави министерот за култура, Арификмет Џемаили,
неговата обврска ја презеде заменикот Слободан Деспотовски.
Конкурсот ќе биде отворен до 24 март, а потоа ќе уследи избор, по што најдобриот проект ќе биде награден со 400.000 денари.
Додека Владата ја турка работата со најновата иницијатива, граѓаните на Интернет потпишуваат петиција против
изградбата на црквата на плоштадот, зашто сметаат дека идејата
претставува нов упад во урбанистичката реалност на централното градско
јадро, дека постојат други сфери на кои повеќе им се потребни јавните
пари, како и поради фактот што Црквата е уставно одвоена од државата и
треба да се запази рамноправноста на сите верски заедници во државата.
Според
ликовниот критичар Небојша Вилиќ, ова е уште еден од фантомските
проекти на оваа Влада, по идејата за возобновување на Офицерскиот дом -
како Градска куќа. „Ова е логична и консеквентна линија за
конзервативизмот во македонското општество, а оттука и култура“,
нагласува професорот и вели оти аргументот на Владата дека сите
европски градови имаат по една црква во близина на плоштадот не држи од
неколку причини. Прво, тие цркви никогаш не се подигнувани од темели во
постојното урбано јадро. Второ, додавањето објект на возобновена црква,
а не современ архитектонски приод кон веќе постоен комплексен простор
на кој се судираат архитектонските концепции помеѓу монолитот на
зградата на ЕСМ и ризоматиката на „Лумикс“, претставува своевидна
дефинирана пропаст на македонската, или на скопската урбана мисла!
Трето, доколку се изгради оваа црква, тогаш објектот на „Лумикс“
потполно ќе ја изгуби својата смисла, бидејќи е осмислен да има отворен
простор пред себе. „Веќе не можеме да зборуваме и да ја обвинуваме само
’урбанистичката мафија‘ како виновник за состојбите во архитектурата.
Кон тоа сега се приклучува и Владата, односно државата во пакет со
својата безидејност и немуштост да се справи со времето во коешто го
обмислува и гради градот. Ако толку повикуваната потреба за
потврдувањето на идентитетот на овој град не гледа напред, погледот
назад сигурно дека нема да направи ништо повеќе отколку затапување на
чувството дека ова општество воопшто се движи напред“, смета професорот.
Според
урбанистот архитект Мирко Андовски, што и да се гради мора да помине
низ широка демократска процедура, односно претходно да има јавна
анкета, стручна расправа, да се види мислењето на јавноста. Тој
нагласува дека иницијативата не треба да запре, бидејќи со конкурсот
може да се испита оправданоста на идејата. „Ако се докаже дека на тој
простор не може да има црква, тогаш не треба да се оди натаму во измени
на ДУП. Ако, пак, се гради, мислам дека тоа треба да биде современо
архитектонско дело, зашто крајно време е да се тргнеме од старата
византиска архитектонска шема на имитација“, вели Андовски.
Вчера,
со реакција се јави и Движењето за национално единство на Турците, кое
забележува дека идејата за изградба на црква требало да дојде, како што
налага Уставот, од релевантни верски институции, авторитети и верници,
без разлика на која вера и' припаѓаат. Сметаат дека ваквата одлука на
Владата претставува директна атака врз секуларниот карактер на државата
и директно ја загрозува верската толеранција во земјата. „Доколку
намерата е возобновување на стари објекти, тогаш треба да се има ист
аршин и спрема објектите од исламско потекло. ДНЕТ го поддржува
барањето на ИВЗ за обновување на урнатата Бурмали џамија“, се вели во
соопштението. |
Извор: Утрински весник
Edited by pbanks - 31-Jan-2008 at 09:42
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#138 Posted: 31-Jan-2008 at 13:10 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#139 Posted: 31-Jan-2008 at 13:55 |
Сега се сетив на уште една неприфатлива работа - објавен е конкурс а нема маркичка за изградба... Знам дека насилнички можат да го сменат дуп-от, ама тоа уште не се случило. Па врз база на што е објавен тој конкурс и како можеле правилно да го дефинираат? Уште еден во низата апсурди
|
 |
Feniks_m
Newbie
Joined: 31-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#140 Posted: 31-Jan-2008 at 16:53 |
Немам ништо против градска црква, ама имам против црква на тоа место. Урбанистички хаос кој доаѓа директно од власта. Црква може да се изгради на друго место нема потреба да биде таму. Интересно е тоа што Скопје ќе го изучуваат како пример како не треба да се гради низ архитектонските факултети низ светот. -Прва утка беше по земјотресот што му го сменија 100 % изгледот на градот што е неприфатливо, -Откако прифатија план кој беше светски признат, го унаказија и не го завршија за денес да изгледаме кретени. Кензо Танге се срамеше после тоа и го избаци од својата биографија планот за Скопје, -Трета, четврта, петта, итн. грешка- Сите иницијативи на оваа власт во полето на архитектурата, и тоа сите во центарот на градот. Нема потреба од набројување, се е јасно.......
|
 |