build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 26-Aug-2009 at 22:35
imas konvertor mnogu e prosto da se prebaci prakticno vo word si celo vreme...samo go instaliras kako plagin e...ms convertor ili ls converotor taka nesto se viakse zanm set go  imaa narpaveno za prebacunje od font vo podrska i obratno.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 26-Aug-2009 at 23:01
крај крајева нека го прати кај некој на маил па ние ке го постираме =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 02-Sep-2009 at 21:21
од денеска

убаво се гледа портата, само уште да го срушат ова ресторанов...


Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 06-Sep-2009 at 20:51
ej eve go najdov linkot za konvertorot na login bil  i se vika ЛС КонвертМак

eve ti link za vo word

http://www.loginsys.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=160

eve ti link  za online

http://old.prespasky.com/konvertor.htm


Edited by igorius - 06-Sep-2009 at 21:09
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 11-Sep-2009 at 09:06
Фала за линковиве! Не бев во Скопје некое време, после се разболев...малку е хаос, ама ќе гледам да го постирам текстот деновиве...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 24-Sep-2009 at 19:17
[QUOTE=Cloverstack]Јас уште не можам да идентификувам ни една фотка каде што има некакви знаци на обнова на кулата што митатос ја има обележано со бр.1  (на долната слика бр.10).


1


ovaj del e osvetlen, gledajte ja so kameri  individi  navistina super izgleda Applause
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 24-Sep-2009 at 19:40
голем дел од тој дел беше осветлен и порано, само немаше некои поголеми бедеми за да биде позабележително
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 24-Sep-2009 at 20:22
еве две фотки од кале (не ми замерајте што се од пред четири дена)

тука се гради уште една кула која не ја приметив кога сликав, дали се работи за една од кружните или шестоаголни кули?



Edited by zabegan - 24-Sep-2009 at 20:23
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 26-Sep-2009 at 13:00
1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 26-Sep-2009 at 18:28
ПРЕКРАСНО - симбол на градот

Скопје најпосле ќе добие и едно прекрасно место за посета.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 26-Sep-2009 at 23:05
Jas kako malce poglup da prašam nešto, dali na kale ke se obnovuva samo tvrdinata ili i objektite šo se bile vnatre vo tvrdinata???Wallbash
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 27-Sep-2009 at 00:20
Originally posted by Vladimir P

ПРЕКРАСНО - симбол на градот

Скопје најпосле ќе добие и едно прекрасно место за посета.
е што па сега ќе стане толку поинтересно? некој камен повеќе, голема работа, и такак колку што гледам го прават како што си го замислиле, а не автентично, што е и невозможно, сметајќи дека барем ние располагаме со малку материјали
јас сум повеќе за тоа да се уреди внатрешноста на калето, да ја урнат кафаната и посетителите да бидат барем за некои работи информирани без човек водич, на пример да наплаќаат и со влезницата да има некаков водич и да м0ожат полесно да се информираат

мислам го дискутиравме ова, ама ќе се наплаќа ли влез потоа?
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 27-Sep-2009 at 01:14
Па барем нешто се прави. Градот ке си добие друг лик, култура, историја итн. Незнам по кој друг начин можеа да го обноват, но овака изгледа одлично според моја оценка. Тоа што гледам по сликивие, ме радува што се обновува калето, барем ке заличи тој дел на нешто.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 27-Sep-2009 at 12:25
Originally posted by Makedonij

Jas kako malce poglup da prašam nešto, dali na kale ke se obnovuva samo tvrdinata ili i objektite šo se bile vnatre vo tvrdinata???Wallbash

Тешко да се дојде до информаци какви точно се плановите и каков концепт сакаат да заокружат. Во тој смисол сите сме малце „поглупи“  Smile
Но не е наша вина што кај нас работите по обичај се прават нетранспарентно.


@ zabegan
100% „автентично“ никогаш не може да биде. Плус тоа автентичноста за ваков објект кој низ вековите постојано се менувал е многу релативна работа. Нормално, можеме да збориме дали во случајов можело и требало да се направи повеќе на тоа поле. Исто така можеме да збориме околу квалитетот на проектот од други аспекти...
Ама ваква квалификација за обновата воопшто, според мене е тотално несоодветна па и малициозна:
Originally posted by zabegan

е што па сега ќе стане толку поинтересно? некој камен повеќе, голема работа

Eeek2 


Edited by Cloverstack - 27-Sep-2009 at 12:35
Back to Top
Keeray View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Sep-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Keeray Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 28-Sep-2009 at 01:30
Јас Мислам само нека реконструриаат квалитетно.. и барем нека се потрудат да личи како што некогаш личело, а за внатрешна реконструкција може некогаш во блиска иднина бидејќи тоа е проект што е неизводлив за наши стандарди

Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 28-Sep-2009 at 11:48
П ромашените градежни сезони во 2007-2008 година и немањето капацитет да се одговори на барањата за реализација на два милиони евра одобрени средства за остварување на „владиниот проект“ за испитување, конзервација и реставрација на Горни град од Скопската тврдина, веројатно, ги стави пред свршен чин сите инволвирани во овој грандиозен проект. Во 2007 година околу 500.000 евра беа вратени во буџетот како нереализирани средства за конзервација и реставрација на фортификациониот комплекс. Промашувањето се „покри“ со изложба за археолошките истражувања. Многубројните откриени објекти од профана и сакрална архитектура веќе три години го имаат статусот на „културен вандализам“, бидејќи не е преземена никаква превентивна заштита, ниту се направени некои конзерваторско-реставраторски активности и затоа целокупната таа материјална култура од различни временски периоди го преживува синдромот на самоуништување.

Во август 2008 година многу помпезно, дури и со понижувачки рекламни средства за дигнитетот на Горни град од Скопската тврдина, преку огромни бели платна што ја покриваа целокупната волуменско-просторна композиција на Кулата бр. 5 (што е спротивно на сите законски прописи), се рекламираше некојаси „Септемвриска културна обнова“, која помина со симптоматично колегијално, административно и експертско молчење. Проѕирниот таблоид во меѓуѕидниот простор на тврдината загрижуваше со блефот на „интелектуалната проекција“. Секој упатен интелектуалец можеше да ги согледа ограничените можности на „стручниот“ и „научниот“ потенцијал на авторот на таа нападлива и лаичка „конзерваторско-реставраторска презентација“ на „визијата на малиот Ѓокица“ како треба да изгледа обновената Скопска тврдина. Некомпетентни лица проектираа, гледаа, одобруваа и со големо задоцнување почнаа работите да ги изведуваат под многу сомнителни околности и со многу контроверзни „тајфи“.

Во 2009 година речиси беа на „мртвило“ наводните археолошки испитувања, но затоа со полна пареа се одвиваа(т) „конзерваторско-реставраторските интервенции“ во кои некомпетентните веројатно гледаа, а не знаат ниту што видоа; ѕидаа, а не знаат што, како и зошто така изѕидаа; ѕидаа и рушеа, бидејќи не знаеја како да ги решат комплексните денивелации; го промашија општиот габарит и изглед на бедемите и кулите; обновија парапети со пушкарници од 1865 година таму каде што тие никогаш не постоеле; обновија контрафори на места на полукули или онаму каде што требаше да ги нема; обновија Јужна порта со габарит, изглед и начин на ѕидање, кој не може да се сретне во ниедно време и на ниеден простор на Македонскиот Полуостров; направија лажен модел на порта со кули, а не ги знаеле ниту основните архитектонски елементи на таквиот тип, заборавајќи дека масивните двокрилни врати треба да имаат стабилни елементи од обработени камени блокови на ниво на праг и на ниво на венци заради осовинско центрирање и вртење на крилата и дека секоја порта на надворешниот челен ѕид има ниша за плоча со пригоден натпис; измислија ѕидови со парапети и стрелници и нивен лажен пресек и начин на ѕидање на места и траси каде што никогаш не постоеле; обновија форми со деформирани габарити и унифициран начин на ѕидање, кој никогаш го немало и никаде го нема на зачуваните фортификациони елементи на Скопската тврдина и пошироко итн., итн. Општо земено, некомпетентни „стручни и други кооперативни лица“, кои веројатно добро се „нафатираа“ од овој „Владин проект“, направија и прават скандалозна конзерваторско-реставраторска интервенција, си прават шоуменски публицитет и кариера со шешири и без шешири и ич не ги боли уво дека реставрацијата на тврдината е научна постапка, а не лаички занес за рушење и фалсификување на нејзините уникатни сведоштва за материјалната култура на македонската цивилизација.

Саморекламирањето и фалбаџиското претставување пред јавноста на некои Брзи Гонзалеси дека демек се многу успешни менаџери или раководители на десетици проекти, со моменталната апсолутистичка административна и финансиска сила и моќ, создаваат услови за наводно невина и невидна, а фактички алчна и многу бескрупулозна „културна мафија“, која, судејќи по неофицијалните извори, „врти“ голем дел од оние наменски и најдобронамерно одобрени околу осум милиони евра. Никогаш ниедна влада на РМ нема одобрено толкава сума пари за разновидни проекти во сферата на културата. Таквиот позитивен став на Владата е за општо поздравување. Меѓутоа, се наметнува сознанието дека не се создадени ефикасни контролни механизми за благовремено санкционирање на снаодливите Брзи Гонзалеси, кои, запоставувајќи ја професионалната етика, научната методологија и, општо земено, непочитувајќи ги елементарните конзерваторско-реставраторски принципи и меѓународни конвенции, а особено Хашката во која децидно стои: „реставрацијата престанува онаму каде што почнува претпоставката“, забрзано реализираат што повеќе квадратни, кубни или должни метри ѕидарија само за да си ги задоволат сопствените интереси од договорените „менаџерски зделки“. Инаку, како да се сфати „спринтерското“ брзање за „остварување на проектот“, кога не се создадени ниту елементарни услови за почнување и контрола на работите, а камоли за професионална, научна и автентична реставрација.

Од увидот направен на 7.9.2009 година се констатира дека, паралелно со скандалозното „обновување“ на Јужниот бедем од внатрешниот одбранбен појас на петаголна основа на Горни град, се одвива и немилосрдно фалсификување на Источната тркалезна кула од Североисточниот таканаречен Киклопски ѕид. Градежните работи треба веднаш да се стопираат; сите инволвирани во ова шарлатанство треба да се санкционираат и отстранат од проектот; компетентна стручна комисија да ја утврди направената штета и да предложи начин за отстранување на скандалозниот фалсификат на материјалната култура. Во сета шокантна вандалска креатура најтрагично е што безмилосно и неповратно се уништени многу драгоцени автентични податоци, кои сведочеа за еден долготраен континуитет на уникатен фортификационен комплекс. Науката не трпи импровизации, а секоја произволност го сакати културното наследство.



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92891029357&id=13&prilog=0&setIzdanie=21798
Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 28-Sep-2009 at 11:56
inace avtor na tekstov e vasil iljov covekot koj ja srusi strazarnicata na kameni odnosno sto bese odgovoren za restavracija na kameni
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 28-Sep-2009 at 20:27
кловер не сакав да го напаѓам проектот, баш напротив го поддржувам, само сакав да кажам дека калето ќе заличи на нешто кога во него ќе се воведат повеќе содржини, повеќе урбана и модерна опрема, поуредно зеленило и т.н.
затоа сакав да кажам дека не е работата само да се догради и да се додаде некој камен повеќе, туку целосно да се осмисли изгледот и функционирањето на калето
Back to Top
mileeeM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 01-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mileeeM Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 11-Oct-2009 at 11:16


http://217.16.70.245/?pBroj=2050&stID=66099&pR=5
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 11-Oct-2009 at 14:44


Еве го и текстот кој е од 2006 година од Утрински Весник

Претпоставувам дека го постираш во врска со полемиките за старите гравури на Скопје претходно во нишкава.

Полемики
Камениот мост не може да се прави според желбите на Васил Иљов
(Повод: текстот 'Време на премолчена вистина" од Васил Иљов)






Коста Балабанов
Вистиниљубивиот и високонаучно поткованиот архитект г-н Васил Иљов, во "Утрински весник° од 1 март 2006 година, под наслов "Време на премолчена вистина°, откако самиот си рекол "се има свое време° по долго и напорно, творење, градење и молчење°, решил на крајот да го искористи времето за зборување. Меѓутоа, неговото решение да зборува, не се однесува на тоа што тој "творел и градел° во изминатиот период, во својство на архитект-конзерватор и реставратор во Заводот за заштита на спомениците на град Скопје, и какви "успеси° постигнал на тој план, и во тоа својство, туку ќе зборувал за "нечии времиња на зборување невистини и премолчување вистини°.
Одпрвин, господин Васил Иљов, го критикува искажувањето на господин Бехиџудин Шехаби, кој на Вториот меѓународен симпозиум на исламската цивилизација на Балканот, одржан во Тирана, во декември 2003 година, во рефератот под наслов "Скопскиот камен мост во светлината на последните интервенции°, тврдел дека "наводно со последните интервенции на мостот се отстранети сите белези од османлискиот период и дека, наводно, со таквите активности објектот ја изгубил својата автентичност°. За да покаже и докаже дека Шехаби не е компетентен да искажува свое мислење за последните интервенции на Камениот мост, Васил Иљов вели дека Шехаби во "Ел Хилал не го истражувал, проучувал, санирал, конзервирал или реставрирал овој импозантен споменик на културата°, што воопшто Шехаби такво нешто никаде и не тврдел, ниту сега тврди. Тој, едноставно, како дипломиран историчар на уметноста, изнесува свое мислење, што веројатно, барем засега, не е забрането. (Споменувањето пак на °Ел Хилал° од страна на Васил Иљов, по овој повод, и во контекст на името на Шехаби, едноставно не би сакал да го коментирам, бидејќи сметам тоа би не одвело на сосема друга страна). Впрочем, дека искажувањата на Шехаби, за тоа дека "со последните интервенции на Камениот мост, се остранети сите белези од османлискиот период, и дека со таквите активности објектот ја изгубил својата автентичност°, се точни, во својот текст децидно кажува и самиот Иљов, тврдејќи дека Камениот мост нема никаква врска со Османлискиот период и дека тоа е мост од времето на Јустинијан Први.
Васил Иљов, тоа со голема сигурност и непоколебливост го тврди, бидејќи, претпоставувам, самиот добро знае дека "истражувајќи го, проучувајќи го, санирајќи го, конзервирајќи го и реставрирајќи го импозантниот споменик на културата°, како проектант и конзерватор-реставратор, направил се да не им се даде соодветниот третман на белезите што сведочеле дека мостот настанал во времето на Османскиот период. Кога пак некои од белезите, односно постоечката стражарница и на камени конзоли изградениот простор (во вид на балкон) надвиснат над водите на реката, од спротиводната страна, очите се појавиле како непремостлива пречка на "научно заснованата конзервација и реставрација°, тогаш, сосема случајно, кога Васил Иљов и не бил на објектот, стражарницата се обрушила во реката, а сосема намерно, кога Васил Иљов бил на објектот, просторот (балконот) проектантски потполно негиран, бил скратен и реализиран како некаков крајно недефиниран и нелогичен дел од оградниот ѕид.
Научнољубивиот архитект, ја занемарува и не ја споменува пластичната декорација од сталактитни украси, карактеристични елементи на османлиската декоративна пластика, изведена на просторот под стражарницата, укажувајќи на декоративната пластика (барељефни композиции, розети и соларни симболи) што се наоѓаат на челните ѕидови, лаковите и клуновите на мостот, како сведоштво за врската на мостот со времето на императорот Јустинијан Први, иако токму такви розети и симболи можат да се видат на бројни исламски споменици. Во понатамошното "аргументирање° Васил Иљов, споменува: "едни наши загрижени сожители°, (можам само да претпоставувам на кого мисли), кои потрошиле време и испратиле писмо или остра петиција до ООН, УНЕСКО или ИКОМОС, доведувајќи ги надлежните до време на заблуда, дека со последните конзерваторско-реставраторски интервенции наводно се уништува Камениот мост во Скопје и се уништуваат сите белези од османскиот период°.
"Рационалните светски чиновници, вели понатаму Иљов, несакајќи време на деривати на препознатлива "балканска кујна° ја препратиле информацијата до надлежните во пријателска Турција, која не удостоила со испраќање на експерти (ги наведува имињата и титулите на турските експерти: доц. Д-р Мехмед Ибрахим Гил, проф д-р Хаки Апун,  проф. д-р Халит Чал, од Универзитетот "ГАЗИ° во Анкара и арх. Невал Конук, од институтот "ДИЈАМ°) кои во Скопје престојувале на 16 и 17 август 2004 година). Тимот на турските стручњаци, според кажувањето на Иљов, правејќи увид во постојната состојба, точно во времето на екот на најголемите конзерваторско-реставраторски интервенции, на општо задоволство, го потврдиле фактот дека со комплексните интензивни реставраторски рботи не се направени никакви уништувања или оштетувања, ниту на апострофираните розети и симболи, ниту на другите непознати на гостите барелјефни композиции, розети и соларни симболи, кои се наоѓаат во одлична автентична состојба на своите првобитни места на челните ѕидови, лакови и клунови на овој значаен споменик на културата. Се констатирало притоа, дека немало и сега нема, никакви намери или било какви други физички или хемиски оштетувања на површината на различните видови симболи°.
"Како на почитувани гости, колеги и добри пријатели, продолжува Иљов, им била ставена на увид целокупната расположива документација и за фазите на реставрација и за одделниот пројавен интерес за состојбата на стражарницата. Тогаш, проф. д-р Халит Чал, дипл. инж.. арх, рекол дека проектот е изработен на високо професионално ниво и дека немал никакви забелешки°. Директорот на Заводот за заштита на спомениците на град Скопје, г-н Јани Антониев, пак на гостите им го подарил, покрај другиот пропаганден материјал, посебно, Зборникот на МАНУ, од научниот собир за "Старохристијанската археологија во Македонија°, оддржан во 2000 година во кој е објавен и трудот на Васил Иљов пдо наслов "Јустинијановиот (Камениот° мост во Скопје°).
По оваа приказна за "почитуваните гости, добри пријатели° од Турција, во својот текст "Време на премолчена вистина° Васил Иљов вели: "и покрај неофицијалниот карактер на видувањата, сепак издвоивме време за експертски констатации за увидот на објектот и документацијата, за текот и резултатите на досегашната реставрација, за можните идни интервенции и се разбира, за контактите за време на таа наша ненајавена, неодговорена и непланирана прва билатерална пријателска средба°.
Васил Иљов, со својата навистина брилијантна вештина за раскажување на фантазмагорични приказни, сепак, не успева да не замелуши и убеди дека турските стручњаци "по долготрајните стручни дискусии и изнесени аргументи, по уточнувањето на релевантните формулации и прецизирање на соодветноста на преводите, по сублимирањето на содржината и формулацијата на девет суштински констатации°, ја прифатиле тезата на Васил Иљов за Јустинијанското потекло на Камениот мост и од толкаво големо воодушевување и признавање на "научниот° дострел на проектантот и конзерватор-реставратор, посакале веднаш да рипнат во водите на Вардар и да ги згаснат своите, вжарени од среќа, емоции. Арно ама, се појавила една пречка, во месец август, кога тие биле во Скопје, реката, за жал се покажала многу плитка, така што турските стручњаци решиле веднаш да не скокаат, да почекаат да надојдат водите.
На крајот, како што пишува самиот Васил Иљов турските стручњаци, како "добри пријатели, не се согласиле да ги потпишат заедничките констатации за состојбата на реставрацијата на Јустинијановиот (Камен) мост во Скопје, и тоа од принципиелни причини: како прво, поради безусловното инсистирање на гостите од Турција, согледувањата да бидат презентирани исклучително под наслов: "Констатирање на состојбата на реставрација на мостот Фатих Султан Мехмед (Камениот мост) во Скопје", што за претставниците на Заводот за заштита на спомениците на град Скопје, беше апсолутно неприфатливо°.  Покрај другото, вели понатаму Иљов "и поради севозможните импликации, кои би следеле од таквата формулација на насловот, како второ, поради различното поимање и идентификување на материјалната култура, поради диаметрално различниот пристап кон иницијативата за поставување плоча со натпис по престојното обновување на стражарницата° итн. Прашањето за поставувањето на нова плоча на мостот (на местото на плочата од 1909 година, која била  уништена во земјотресот од 1963 година), која "со својата содржина ќе сведочи за најголемата конзерваторско-реставраторска интервенција на мостот за последните 1.500 години°, што ја предлага Васил Иљов, би можело да се прочита како "скромна° желба на проектантот и неговите евентуални подржувачи, историјата да ги забележи нивните имиња, а не имињата на вистинските градители и донатори на Камениот мост.
Обраќајќи му се повторно на Шехаби, со цел да го проучи, Васил Иљов вели: "Почитуван Шехаби, санацијата, конзервацијата, реконструкцијата на спомениците на културата не се прави по вкус и желба на граѓаните или на било кои други стручни или нестручни лица, туку по соодветна проверена научна методолошка постапка, со користење на повеќе релевантни методи°. Од поучителното слово, може да се разбере, дека санацијата, конзервацијата и реконструкцијата на Камениот мост, може да се прави само врз основа на вкусот и желбите на Васил Иљов.
Пишувајќи понатаму Васил Иљов вели "Имајќи време, во "Утрински весник° од 24 јануари 2006 година, д-р Коста Балабанов не извести дека Камениот мост потекнува од 15 век и како доказ ја извади од нафталин познатата гравура на холандскиот графичар Јакобус Херавин, за која тврди дека потекнува од периодот 1450-1460 година. И дека таму, наводно, на местото на денешниот Камен мост нема ништо идека во тоа време во Скопје не постоел Јустинијанов мост. Меѓутоа, за волја на вистината, на десниот долен агол на некои јубилејни или дистрибуирани примероци од гравурата, покрај потписот на графичарот, постои и годината 1594. Некои автори оваа гравура ја датираат во 17 век.°
Прво, господине Иљов, и покрај Вашата висока научна наобразба и темелните проучувања, како што сами велите, токму за познатата и единствено зачувана гравура за Скопје од средновековниот период, за која напишавте дека сум ја извадил од нафталин, немате апсолутно никаков поим. А би требало да имате, бидејќи, таа гравура, се покажува клучен сведок за времето на настанувањето, не само на Камениот мост, туку и на бројни споменици во Скопје. На крајот на краиштата, вадењето од нафталин на некои тенденциозно забошотени, прерипнати или избришани историски факти, се покажува корисно, бидејќи нафталинот многу ефикасно ги уништува молците.
Тоа што го кажувате за испишаната 1594 година, до името на холандскиот графичар, е најобично непознавање на содржината на оригиналната фотографија на гравурата, која очите не сте ја имале во раце. Ако пак сте ја имале, тогаш не сте знаеле или не сте сакале, да ја прочитате и протолкувате нејзината содржина. Од тоа што го кажувате, сепак, заклучувам дека на Вас не ви е познат оригиналот, туку еден широко распространет фалсификат, изработен од некои луѓе, кои сакале да прикријат некои ординарни, во прв ред историски факти, што безусловно ги содржи оваа гравура. Прво, на оригиналната фотографија на гравурата, до името на графичарот, не е испишана никаква година. Воопшто годината на настанувањето на гравурата не е испишано никаде. Меѓутоа, под печатената гравура, во десниот долен агол, бил испишан редниот број на гравурата во албумот во кој се наоѓала, а тој реден број е 94.
На фалсификуваната гравура, за која Вие раскажувате и ја опишувате, фалсификаторот, врз основа на своја или туѓа иницијатива, извршил две суштествени корекции. Првата корекција е врзана токму со редниот број 94, што се наопѓал испишан на листот веднаш под  отпечатената гравура. Сакајќи лажно да ја датира оваа гравура, едноставно го зел редниот број 94 и кон него ја додал цифрата 15, со што ја добил цифрата 1594, прогласувајќи ја за година на настанувањето на гравурата. Но, не се задоволил со тоа, туку на тој начин добиената година, ја уфрлил, испишувајќи ја на полето на гравурата, во близина на името на графичарот, за да изгледа фалсификатот по убедлив. Демек, самиот автор-графичар ја датирал гравурата.
Втората корекција, меѓутоа, била уште позначајна. Бидејќи на листот на кој е отпечатена оригиналната гравура, како текст за нејзина идентификација, се наоѓа испишан следниот текст "СКОПИА оп де Ревиер де Вератазар ин Сербиа°. На фалсификаторот, овој текст не му се бендисал и едноставно го исфрлил. Меѓутоа, исфрлувањето се одвивало во две фази. Во првата фаза, на едни копии, бил зачуван текстот СКОПИА оп де Ривер де Вератазар, исфрлено било само: " ин Сербиа°. Меѓутоа, во втората фаза, на други копии, бил исфрлен целиот текст, а оставени биле само уфрлената и измислена 1594 година и испишаниот текст, на една лента изведена над градот, меѓу облаците, каде пишува со големи латински букви: "СКОПИА°.
Вашите кажувања, господине Иљов, се базираат, практично, врз таквиот фалсификат.
Логично, се поставува прашањето, зошто во средината на 15 век, еден странец, под своето уметничко дело, како текст за идентификација на насликаниот град, ќе напише дека Скопје се наоѓа на реката Вардар, ама во Србија. По мое мислење, одговорот треба да се бара во историскиот факт, според кој, пошироката територија, со градот Скопје, кои биле заземени во 1392 година од страна на Османските Турци, долги години по овој датум, дури до крајот на 15 век, од официјалната дипломатија на тогаш постоечките држави во Европа, на Османлиите не им ги признавала освоените територии до кои дошле по пат на силата на оружјето. Таквата активност се сметала за окупација на туѓа територија, која претходно, пред окупацијата била во состав на друга држава, во случајот на Србија. И денес, врз основа на истата логика, има повеќе такви случаи во светот.
Што се однесува пак до приказната што "научно° ја тврди господин Васил Иљов, во својот полемички текст во "Утрински весник° кога вели дека "Што се однесува на бројот на мостовите, вистината е една и единствена: на самата гравура се претставени два моста од кои едниот е точно на сегашното место на Јустинијановиот (Камениот) мост во Скопје. И двата камени моста имаат камена ограда°.
Точно е дека на гравурата се насликани два моста.
Едниот, го премостува каналот околу бедемот на Долен град - (Скопје), овозможувајќи влегување во градот низ портата на кружната кула. По секоја веројатност и елементарна логика, за таквите мостови (за кој имаме пример и на самото Скопско Кале ), тој бил изграден од дрвена граѓа и имал дрвена ограда поставена на дрвени столбчиња. Ѕидан мост, мост од камени блокови, кој да води до влезната порта на кулата од утврдениот Долен град, премостувајќи го одбранбениот канал исполнет со вода, би бил апсурден. Таква глупост, старите воени градители и стратези не би си дозволиле.
Сосема јасно, во предниот план на гравурата е видлив и вториот мост. Тој од копното води кон објектот на познатата барутана. Ориентацијата на овој мост е исток-запад, а го сочинува еден нешто малку поголем и два помали свода. Мостот неможел да биде подолг од петнаесетина метри. Овој мал мост, со практична намена да обезбеди достап до барутаната, г-н Васил Иљов го претвора во Јустинијановиот (Камен мост). Понатаму тој вели дека "двата камени моста имаат камена ограда, а на парапетот на едниот е аплициран, веројатно, грбот на градот. Двата камени моста (што е многу битно и важно), вели г-н Иљов, немаат никакви (софи (мисли на балкони) и никакви стражарница°
Да се обидеме да расчистиме сега некои од "научните° заблуди на господин Иљов. Прво веќе укажав, дека мостот над каналот, не можело во никој случај да биде изграден од тврд материјал. Туку исклучиво од дрвена граѓа која можело бргу да се урне, кога за тоа ќе се појавела потреба.
Камениот мост кон барутаната, нема стражарница, бидејќи мостот е сосема мал, а нема ни потреба да иа стражарница бидејќи, на само неколку чекори од него, се наоѓа ѕиданиот утврден дел од барутаната, пред чиишто врати стои воената стража. На  гравурата, стражарот е насликан пред двокрилната врата. Што се однесува до претпоставката на г. Иљов дека на парапетот на камениот мост е аплициран грбот на градот Скопје, сакам да укажам дека се работи за грб, во облик на војнички штит, со три полумесечини на него, што кажува дека, веројатно, тоа би можела да биде ознаката на турскиот воен гарнизон, задолжен за обезбедување на војниот објект - барутаната.
Потенцирајќи го фактот дека Камениот мост, претставен на гравурата, немал стражарница, Иљов сака да извлече аргумент, за својата намера, дека при сегашната реставрација на Камениот мост, не треба да е обнови урнатата стражарница. Тој доследно ја развива и продолжува својата приказна, велејќи "Ако наводно според турски извори гравурата е апсолутно доказен материјал за Скопје, како што тврди Балабанов, тогаш произлегува дека до 1450-1460 година Јустинијановиот (Камениот) мост во Скопје постоел на своето сегашно место со камена ограда и без софа и стражарница, па затоа секое неаргументирано обвинување упатено кон Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје, за некој наводен фалсификат во однос на датирањето и изгледот на Јустинијановиот (Камениот) мост во Скопје е беспредметно, апсурдно, тенденциозно и ненаучно°.
Каменен мост на реката Вардар, кој да потекнува од времето на Јустинијан први, на овој дел од реката, опфатен и прикажан на споменатата гравура, никогаш не постоел, па ни во времето од 1450-1460 година. Малиот мост, прикажан на гравурата, и покрај желбите на Васил Иљов, навистина е апсурдно да се поистоветува со Камениот мост изграден од страна


Edited by pbanks - 11-Oct-2009 at 14:45
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.