Author |
Topic Search Topic Options
|
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#121 Posted: 18-Jun-2009 at 21:54 |
Во сред центар на метрополата лол
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#122 Posted: 17-Jul-2009 at 05:10 |
ВАНДАЛИЗМОТ ГО УНИШТИ ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ
„Бреза“ стана пансион за коњи
Домот се наоѓа на 1.200 метри надморска височина, среде букова шума
и тука до пред некоја година доаѓаа гости не само од Македонија туку и
странци

Реа од
лепешки од коњи се шири во запуштениот планинарски дом „Бреза“, на
падините на истоимената планина, кој е само на половина час од
Велес. Невремето го откорнало покривот, па сега горниот кат е под ведро
небо. Напуштениот објект се уништува и се распаѓа, а само до пред
некоја година тука доаѓаа планинари не само од Македонија туку и
пошироко од Балканот. Тоа е одлично место, за само половина час да се
избега од Велес и од градската врева.
- Домот почна да се
уништува пред четири-пет години кога беше оставен од сопствениците.
Целиот имот, креветите, кујната, бањата, е разграбан. Сега, откако и
кровот падна, постои опасност и објектот да се сруши од влага. Тука
лете имаше толку гости, што откако се' ќе се исполнеше, тие спиеја под
шатори по околните ливади. Имаше планинари и од Словенија, Хрватска,
Војводина - вели Митат Лимани, кој во околината има сеча за дрва, а
чува и коњи со кои дрвата ги транспортира.
Тој, заедно со уште
неколкумина пријатели, спие во соседниот дом, сопственост на ЕВН-ЕСМ,
кој не е во толку лоша состојба, но гости и тука нема. И кога
температурата во Велес минува над 30-тиот степен, тука е пријатно и
свежо. За да оживее домот кој се наоѓа на 1.200 метри надморска
височина, среде букова шума и папрат, потребно е да се поправи
земјениот пат кој дождот и водата го уништиле, а објектот целосно да се
реновира што побрзо.
- Проблемите со домот „Бреза“ почнаа по
воениот конфликт од 2001. Се' до 2004-та имавме домар во викендите, но
во текот на неделата кога таму немаше никој, од непознати сторители се
разграбуваше имотот и опремата. Попусти беа нашите напори да го
сочуваме она што го имаме. Бевме немоќни да сториме нешто. За грабежите
го информиравме СВР Велес, но не беше пронајден ниту еден разбојник, па
бевме принудени да го напуштиме - вели Јован Павлов, претседател на ПСД
„Солунска глава“, во чија сопственост е домот заедно со домот на
Чеплес.
Домот „Бреза“ има вода, струја, инфраструктура, се
наоѓа на само 30 минути од Велес. Сликата околу домот е лоша, но околу
се чувствува планинскиот воздух и има прекрасен поглед кон велешката
котлина. Мирисот на планинските цвеќиња ја дополнува идиличната слика
на планината. Домот е уништен, но не и надежта дека повторно може да
заживее, велат планинарите.. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5CB56EDC404F7A4B956361F0C87B2D8D |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#123 Posted: 22-Jul-2009 at 15:10 |
Поранешна спортска сала го засмрде Чаир
Од Општина Чаир, на
чија територија се наоѓа салата, најавија дека наскоро ќе ја
реконструираат зградата и ќе ја опремат за потребите на спортските
општински клубови
Искршени прозорци и исчкртани ѕидови во распаѓање е состојба во која денес се наоѓа поранешната
спортска сала во близина на текстилната фабрика "Златекс" на булевар
Александар Македонски бб во Општина Чаир. Со години наназад салата е
претворена во јавно веце и собиралиште на наркозависници. Навечер, пак,
изгледала како зграда од некој хорор филм. По цели ноќи
наркозависниците викале, а понекогаш и крвнички се пресметувале. Наутро
салата осамнувала со срчи, измет и отпадоци насекаде. Руинираната
сала најмногу им пречи на вработените во фабриката "Златекс".
Стравувале дека некој ден ќе ги преплаши некој манијак или
наркозависник, а од неподносливата смрдеа не можеле да работат. "Зградата
треба под итно да се среди оти го нагрдува целиот простор, па кога ни
доаѓаат гости од странство буквално се чудат во каква средина работиме.
Освен што остава грда слика, салата смрди на мочка и измет, а се
плашиме и дека некој ден ќе настрадаме оти е наркоманско дувло", се
жалат вработените. Од Општина Чаир, на чија територија се наоѓа
салата, најавија дека наскоро ќе ја реконструираат и ќе ја опремат за
потребите на спортските општински клубови. "Ќе ја земеме салата на користење, ќе ја реновираме и ќе биде гордост, а не грдотија на Општината", информираат од Општина Чаир.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=0D57BC7DA5596E409B6BF46B7C798A8B |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#124 Posted: 29-Jul-2009 at 02:35 |
Дупка за ѓубре на фасадата на Градска болница
Фасадата
на Градска болница е исчкртана и искршена, иако оваа здравствена
установа целосно ја реконструираше надворешноста пред околу пет години.
Веќе подолго време фасадата е покриена со најразлични чкртаници, а од
неа недостигаат цели плочки или пак се искршени, а низ дупките зјаат
металните шипки на кои тие беа прикачени и еден куп ѓубре.
Раководството на болницата пак исто како да не ги гледа дупките. Ниту
ги поправа, ниту пак ги заменува искршените плочки.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=17C7E7ACB1F63C4B8D0DBAE5B3E64ACE |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#125 Posted: 06-Aug-2009 at 13:30 |
Срамотилак
Мермерната
скулптура "Жена со гитара" на кеј 13 Ноември веќе неколку дена е срамно
нагрдена. Скопјани минувајќи покрај неа коментираат дека вандалите $
додале женски полов орган на жената со гитара. Муабетот се пренесува од
едни на други, па вчера само во рок од половина час дојдоа еден куп
луѓе да видат како е нагрдена скулптурата. Од Општина Центар на чија
територија се скулптурите, велат дека за нивното одржување, исто како и
за нивното поставување е надлежно Министерството за култура. Од таму
велат оти досега не забележале дека скулптурата е нагрдена и најавија
дека ќе дојдат да ја исчистат. Скулптурата е на авторот Синиша Новески. Министерството за култура ја постави во април годинава.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=4314FB29B4C5D247A097AC358B10931F |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#126 Posted: 06-Aug-2009 at 17:13 |
така е „срамно нагрдена“ и една скулптура кај „Скопјанка“
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#127 Posted: 07-Aug-2009 at 16:08 |
taa e veke old school...od koa znam za mene e obelezana momata
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#128 Posted: 09-Aug-2009 at 02:08 |
Се уништуваат игралишта во Аеродром |
|
|
Неколку
детски игралишта во општината Аеродром имале оштетени реквизити или
огради, забележале општинските инспекциски служби откако извршиле
контрола и на постојните и на новоизградените катчиња за најмладите |
|
|
|
 |
|
Кај
зградите со број 10 и 12 на булеварот Јане Сандански, зад детската
градинка „Калинка“, во близина на „Тобако 2“, несовесни граѓани ја
откорнале и целосно ја уништиле оградата на игралиштето.
-
Апелираме до жителите да не ги уништуваат детските игралишта, како и
целата урбана опрема што се поставува. Ќе ги преземеме сите соодветни
мерки против лицата што ќе ги затекнеме како ги оштетуваат и ги
уништуваат објектите, како и против оние за кои има сомнение дека
сториле таков чин, во согласност со Законот за кривична постапка и
Кривичниот законик - соопштуваат општинарите |
|
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=889108185&id=14&prilog=0&setIzdanie=21758
Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 02:09
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#129 Posted: 09-Aug-2009 at 14:57 |
џабе е и бетонски ѕид со електрифицирана жица да стават, урбана полиција им е мајката, ама ако си ја вршат работата како што треба
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#130 Posted: 10-Aug-2009 at 04:04 |
Паркиралиштата узурпирани за мини-автопазари
 Паркингот и тротоарите кај „Три бисери“ и паркиралиштето во близина на „Алумина“ се едни од дивите мини-автопазари
Сопствениците на автомобилите ги користат јавните паркинзи како изложбени салони
Паркиралишта претворени во мини-автопазари. Оваа појава веќе извесен
период се забележува на неколку локации во градов. Паркингот пред
трговскиот комплекс „Три бисери“, тротоарите и паркингот во близина на
„Алумина“, како и едно паркиралиште во Драчево, се само дел од
„автопазарите“ во градов, во случајов нелегални. Сопствениците на
автомобилите ги користат јавните паркинзи и тротоарите како изложбени
салони, додека станарите од околните згради бараат место за паркирање.
И така секој ден. Препродавачите на возилата си водат бизнис, а
жителите едвај наоѓаат слободно место за своите автомобили.
„Навистина
нема смисла. Речиси две години десетина места на паркингот секојдневно
се зафатени од автомобилите за препродавање, па неколку возила дури се
паркирани и на тротоарите. Не само што нелегално ни го узурпираат
просторот на паркингот, кој е од јавен карактер, туку и околните
тротоари се блокирани. И покрај тоа што на сопственикот на возилата му
укажавме дека не е в ред да го прави тоа, тој си тера по свое“, се жали
една станарка од зградата на булевар „Јане Сандански“, лоцирана веднаш
до паркингот претворен во автопазар.
Револтирана е, како што вели, што не проработува совеста на препродавачот на возилата и покрај укажувањата на соседите.
„Очигледно
веќе не смееме да го толерираме ова, бидејќи и по две години ние едвај
наоѓаме место каде да се паркираме, оти паркингот е зафатен од возила
за продавање“, дополнува таа и смета дека во случајов, освен
комуналната општинска инспекција, може да реагираат и други субјекти,
бидејќи станува збор за нелегална продажба на возила.
Од Општина Аеродром вчера изјавија оти досега кај нив никој не пријавил ваков случај, но најавија дека ќе излезат на терен.
„Возилата
се во возна состојба и прописно паркирани, но, бидејќи станува збор за
продажба на автомобили со кои се зафаќа, односно се присвојува
паркинг-простор, комуналната инспекција веднаш ќе излезе на терен и ќе
реагира“, најавија вчера од Општината.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=BE197015D9F02F468CF7D81F4DEBB12C |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#131 Posted: 27-Aug-2009 at 13:58 |
Стражари на Камени мост
Чуварската
служба нема да ги има ингеренциите на МВР и на Пазаришната
инспекција, но постојано ќе патролира и нема да дозволува мостот да се
уништува и да се претвора во див пазар
Стражари
ќе го чуваат Камени мост од вандали. Градските власти се во
подготовки за формирање чуварска служба која ќе биде задолжена да го
одржува редот на мостот, кој е споменик на културата од прва
категорија. Чуварите треба да ја сменат сегашната слика на мостот,
на кој од превртени картони се продаваат гаќи, чорапи, градници,
очила..., на секој чекор има деца питачи, легнати на камењата,
оградата е исчкртана и насекаде има отпадоци. "Чуварската
служба нема да ги има ингеренциите кои ги имаат МВР и Пазаришната
инспекција. Стражарите ќе патролираат на мостот и ќе имаат
задолженија да го заштитат од вандализирање и од диви продавачи",
вели Неделчо Крстевски од одделението за односи со јавност во Градот. За
чуварската служба Градот нема да вработува нови луѓе туку ќе се
прераспределат вработени од Градското собрание или од јавните
претпријатија. Од Градот очекуваат со чуварската служба не
само да се намали вандализирањето на споменикот и да се одвикнат
дивите продавачи да го користат мостот како пазар туку навечер на
мостот и под мостот да не се собираат бездомници. Цело лето Кејот на
Вардар околу мостот навечер е како спална соба за неколку семејства.
Исполегнати на картони, со купишта ѓубре и партали околу нив, во
шатори од најлони, бездомниците секоја вечер околу полноќ си
легнуваат. Годинава на мостот има светло, за разлика од претходните
четири години, но тоа не им пречи да го окупираат. "Комуналната
инспекција постојано ги отстранува импровизираните живеалишта под
мостот, заедно со полицијата. Но луѓето за само неколку часа пак се
враќаат и си ги креваат шаторите од најлони. Последен пат од мостот и
во близина на Плоштадот бездомниците беа отстранети во петокот на 21
август, но и овој обид даде само краткорочен резултат. Бездомниците
се вратија", велат од Градот. Од МВР велат дека во полициските станици бездомниците добиваат усно или писмено предупредување. "Тие
не го кршат законот, не направиле некој престап, па да ги казниме.
Спиењето под мостот или на мостот не е прекршок, па затоа им даваме
усни или писмени предупредувања да не се враќаат на истото место. Ние
како МВР немаме каде да ги сместиме откако ќе бидат приведени и, по
предупредувањата, ги пуштаме да си одат", велат од МВР. Од
таму нагласуваат дека ги казнуваат питачите на мостот. Им пишуваат
прекршочни пријави на питачите и кривични пријави на нивните
родители. Од Пазаришната инспекција велат дека постојано им пишуваат
казни на дивите продавачи, но и тие, исто како бездомниците и
питачите, повторно се враќаат на мостот. Овие проблеми, од Градот велат дека ќе бидат надминати со воведувањето на чуварската служба.
http://vest.com.mk/?ItemID=258A05C2C7E42242A1E8F234D1FC6F25 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#132 Posted: 27-Aug-2009 at 15:47 |
Амин!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#133 Posted: 11-Sep-2009 at 14:51 |
ПОРАДИ ЛЕСНА ЗАРАБОТКА ЗЈААТ ДУПКИ НИЗ ГРАДОТ
Капаците од шахтите на удар на крадците
Капаците
на шахтите за некого се предмети за брза и лесна заработка, па поради
тоа се почесто зјаат длабоки дупки низ улиците, претставувајќи опасност
за минувачите и за возачите. Речиси во секоја општина овој проблем се
провлекува со години, но до сега ниедна од надлежните институции не
нашла конкретно решение за целосно искоренување на оваа појава.
Капаците од водоводната и од канализациската мрежа се честа цел на
крадците поради нивната тежина, кои добро заработуваат продавајќи ги во
складовите за старо железо. Според надлежните, крадењето на капаците
од шахтите, обично, зависи од цената на железото. Тие велат дека кога
за еден килограм железо трговците даваат по 30 или 40 денари, тогаш
бројот на кражбите се зголемува. Во моментов, пак, цената за еден
килограм железо е многу мала и варира од шест до осум денари, во
зависност од типот на железото, што придонесува за намален број кражби. Сопствениците
на складовите, пак, велат дека не ризикуваат да откупуваат капаци затоа
што лесно можат да добијат кривична пријава. Сепак, дел од нив и покрај
тоа навечер кришум го откупуваат украденото железо. - Доколку некој
граѓанин се обиде кај нас да продаде каков било вид украдено железо,
вклучително и капаци од шахти, ние веднаш го пријавуваме в полиција.
Сепак, некои сопственици се уште откупуваат вакви капаци од луѓе што се
занимаваат со ваков вид кражби. Овие зделки, обично, се прават навечер
и“вели Кире Ѓорѓиевски, од складиштето за откуп на метал „Еко циркон“. Од
СВР Скопје, тврдат дека постојано ангажираат патроли, кои вршат
обиколка за да ги откријат крадците, но и сопствениците на складишта,
кои противзаконски вршат откуп на железо. - Несовесните граѓани, кои
се обиделе да го продадат украденото железо, ги наоѓаме на најразлични
начини. Некогаш и сопствениците на складиштата сами ни ги посочуваат.
На тие сопственици што нема да го направат тоа, заедно со тие што ги
украле капаците, им се поднесуваат кривични пријави за кражби или за
тешки кражби и“објаснува Лиза Бендевска, портпаролка во СВР Скопје.
Според неа, најмногу загрижува тоа што често се случува тие што краделе
капаци од шахти, а биле казнети, повторно да го направат истото
кривично дело. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1810&ArticleID=121551
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#134 Posted: 14-Sep-2009 at 01:00 |
Пак се крадат капаците од шахтите

Само во изминатата недела Општина Кисела Вода заменила десет капаци во Припор
Повторно ги снемува капаците од шахтите на скопските улици. Кражбите
се зачестени особено во Кисела Вода, каде што само во минатата недела
општинските власти поставиле нови 10 капаци во Припор. Пред две години
Владата ја забрани целата трговија со старо железо поради зачестената
кражба на капаците од шахтите, а по неколку месеци ја укина забраната.
Жители
на улицата 24 во Припор пријавиле дека несовесни граѓани ги крадат
капаците од шахтите, поради што улицата не е безбедна за движење. Од
Општината потенцираат дека неколку пати се случувале вакви кражби.
-
Беа извадени капаците на сите шахти, кои се поставени на растојание од
10 до 15 метри. За да не се доведат во опасност, жителите сами ги
покривале отворените шахти со хауби од автомобили. Очигледно е дека
капаците повторно завршуваат на отпадите за старо железо, а општината
се изложува на непотребни трошоци. Еден капак за шахта чини 5.870
денари - вели Марјан Спасески, портпарол во Општината Кисела Вода.
Тој
информира дека сакале шахтите да ги заклучат со синџири, но се откажале
од идејата бидејќи несовесните граѓани можеле и нив да ги исечат.
- Очигледно се работи за организирана група, која ги краде и ги продава капаците - вели Спасески.
Општината Кисела Вода апелира до несовесните жители да престанат со крадење на капаците.
Во
отпадите каде што вршат откуп на метали велат дека за разлика од
порано, откупот на старо железо им е намален тројно и дека дневно во
просек собираат од два до четири тони железо. Категорични се дека не
примаат капаци од шахти.
- За разлика од порано, кога цената
беше 18 денари за килограм, откупот на старото железо сега е многу
намален заради намалените откупни цени. Потенкото железо, како што е
плехот се откупува по шест денари за килограм, а подебелото од 7,5 до 8
денари за килограм. Не примаме капаци од шахти. На отпадот имаме камери
и тие што доаѓаат со капаци, ги враќаме - велат од отпадот „Еко
циркон“, на улицата Перо Наков.
И во отпадот за метали „Инос“
велат дека работата им е намалена и до пет пати, но се категорични дека
не примаат од забранетите предмети.
- Се придржуваме на списокот
и не откупуваме делови од железнички пруги, сообраќајни знаци итн. -
вели Васил Гацевски, управител на „Инос“ и претседател на Групацијата
за отпадни суровини.
Во Државниот пазарен инспекторат се
оградуваат од надлежноста за контролата што се продава на отпадите за
старо железо. Истото го сторија и во Министерството за животна средина.
Портпаролот на Секторот за внатрешни работи-Скопје, Лиза
Бендевска, вели дека за разлика од минатите години, годинава се
забележани помал број кражби на капаци од шахти. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1A23D6AEC5055244ADF56FC9F1C223E2
do koga so vakvi ispadi poarno ke bidat da stavat betonski kapaci
Edited by Dragan - 14-Sep-2009 at 01:00
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#135 Posted: 22-Sep-2009 at 13:26 |
Постоијат телофони, улици и броеви, чак и патокас каде се навоѓат, но нашите инспектори никако да ги пронајдат кој тоа ни го загадува градот 2009-09-20
|
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#136 Posted: 26-Sep-2009 at 00:23 |
ВАРВАРСКО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЛЕТНИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ НА ОХРИД
Уништени праисториски наоди во Музејот на вода
Десетина
предмети, повеќето оригинали, кои се во куќичките на реконструираната
праисториска населба на водите на Охридско Езеро, позната како Музеј на
вода, се комплетно уништени од посетителите на археолошката туристичка
атракција во текот на летната сезона, велат од Управата за заштита на
културното наследство. Се работи за керамички садови, накит,
орудија, садови за домаќинство и декоративни предмети од праисториско
време, од 1200 до 800 година пр.н.е, кои за време на подводните
истражувања беа пронајдени во Охридско Езеро, на местото каде што
некогаш се простирала наколната населба, а потоа беа изложени во
реконструираните наколни куќички во автентичен амбиент. Кузман вели
дека посетителите на Музејот на вода, и домашни и странски, кои во
огромен број го посетуваа наоѓалиштето во текот на летото, немале
соодветен однос кон изложените експонати, кои се вредни археолошки
парчиња. - Некои ќе скршат вреден наод, па ќе избегаат. Други, пак,
играат со животинските кожи, кои се дел од внатрешниот амбиент на
куќите, ги ставаат на глава, се забавуваат, се сликаат со нив. Се на
се, ниту малку не се однесуваат како со вредни археолошки парчиња -
вели Кузман, нагласувајќи дека варварското однесување на дел од
домашните и на странските посетители прави голема штета. Како резултата на безобразното однесување, археолозите имаат дополнителна работа - да ги коригираат оштетените наоди. -
Тоа одзема многу време, енергија, а и пари - вели Кузман, потсетувајќи
дека праисториската наколната населба на Охридско Езеро, неколку месеци
по нејзиното отворање во декември 2008 година, стана најпосетуваниот
културен објект во Македонија. Поради варварско однесување, пред
неколку месеци иста судбина ја снајде и реконструираната неолитска
населба Тумба Маџари, каде што е изложен еден од најпознатите домашни
археолошки пронајдоци, статуетката на Големата Мајка. Таму беа
демолирани двете колиби, беа искршени керамички садови, статуетки со
праисториски божества, разбои и друго.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1822&ArticleID=122510
|
 Катастрофа! Па зарем нема чуварска служба на овие места?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#137 Posted: 27-Sep-2009 at 20:54 |
Центар на Скопје
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#138 Posted: 27-Sep-2009 at 21:10 |
Џабе е значи и да се санираат сите овие штети макар и милиони евра донации да добиеме за санации сепак урбаната и општата култура е на примитивно ниво. Затоа и тапкаме во место.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#139 Posted: 27-Sep-2009 at 22:34 |
Па добро, јас тука гледам само лоша и неквалитетна изведба... или пропуштам нешто?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#140 Posted: 27-Sep-2009 at 22:38 |
веројатно исечените столпчиња на аголот и небројните пати како тука сум видел паркирани коли.
можеби и ѓубрето со кое остатокот од народот ја полни дупкава што се направила
Edited by pbanks - 27-Sep-2009 at 22:38
|
 |