build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 30-Sep-2009 at 10:44
Originally posted by lslcrew

Сабајле користев зонско паркирање. И само што влегов на паркинг ми се сипаа едно десетина души и по неколку кревања рака, што беше доволно да им дадам до знаење дека знам како функционира концептот, се паркирав. На излагање од кола пишав порака во идење, и кога ја пратив порака веќе бев пешки стигнат до влезот на паркингот кадешпто еден возач се убедуваше со вработениот дека бил само за пет минути и според тоа не гледаше за сходно да плаќа паркинг. И згора на тоа доби потврден одговор од вработениот. зашто се тие десет вработени на секој метар?! За да оставаат возаи да паркираат бесплатно или што?! И јас бев за пет минути па пратив порака!  Всушност повеќето тамо се за пет минути и тоа беше замислата со ограничувањето временско!


10 вработени се бидејќи се работи за уште една партиско-државна социјална институција.

Се надевам дека барем ова што улетуваат "со клизечи" кога човек влегува на паркинг им е привремено, демек додека луѓето не се навикнат на новиот начин на функционирање. Понатаму нив треба да им биде работа да проверуваат и казнуваат.

Ме интересира уште една работа ЛСЛ. Пред 10на дена кога јас прв пат го пробав зонското паркирање "пазачот" кој ми пријде беше уредно униформиран. Пред неколку дена кога поминував пешки, забележав дека наместо униформи се носе тренерки, блузони... Луѓето што воведуваа ред не личеа на ништо.

Како беше денеска?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 30-Sep-2009 at 11:40
Имаа некои црни маици со бели натписи, ваљда градски паркинг им пишуваше!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 30-Sep-2009 at 18:55
што се однесува до она со шемаџиите, го направиле обратно, цената на паркинзите треба да биде помала, а на тротоарите поголема, треба да стане луксуз да паркираш на тротоар, но сепак мислам дека за такво нешто треба да ја намалат цената на паркинзите
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 02-Oct-2009 at 19:43
Pbanks
Денеска исто бев до Т.Ц. Бисер и таму воведоа зонско паркирање и имаат вработените црни маици и има испечатено она А Б Ц зона како што е на флаерите.
Иначе глетката беше прекрасно онака ни гужва ни ништо , пошо ај и сеа не бива ова, у фамилија со 4 члена 5 автомобили епа брате извини ми, и исто за оние шо работат на пазариве, донеси роба и после мрдај колата. Е сеа негативната страна е тоа што ќе ти дојде некој од кој знае каде ќе си плати ќе ти фати место за да иде у град ќе му стои колата а ти немаш место за да дома да си идеш. АЛи ете као што викате сите само добар јавен транспорт и ништо повеќе!!!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 02-Oct-2009 at 20:15


Јас не сум скроз сигурен дека треба да има зонско паркирање на тој дел. Ама штом даваат паркинг места на станарите за 200 ден (што е багатела), ваљда е ОК.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 02-Oct-2009 at 21:18
Еве подетално за кај Бисер

Најавеното зонско паркирање зад ТЦ „Бисер“ ги изнервира аеродромци

Трајановски и Коневски ветија укинување на системот доколку за еден месец се покаже како нефункционален

Деспина Трајковска


Уште непрофункционирано, зонското паркирање зад ТЦ „Бисер“ во Аеродром наиде на негодување кај жителите од околните згради, а особено кај пазарџиите и дуќанџиите од трговскиот центар. Триесетина жители вчера спонтано се собраа на паркингот каде што градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, го најавија и промовираа зонскиот систем на паркирање, кој во тој дел од населбата ќе почне да функционира од понеделник.

Речиси еден час градоначалниците им објаснуваа на станарите дека воведувањето на зонското паркирање ќе биде првенствено полезно за нив, оти во секој моментот ќе имаат место за паркирање, за што месечно ќе треба да издвојуваат симболични 200 денари. На пазарџиите и дуќанџиите од „Бисер“, пак, им укажаа дека дотурот на стока и паркирањето, воопшто, ќе им биде овозможено по повластени цени. Сепак, ноншалантно им порачаа дека користењето паркинг-простор е нешто што секаде се наплаќа. По објаснувањата и разубедувањата помеѓу градоначалниците и претставниците од ЈП „Градски паркинг“, од една страна, и корисниците на паркингот, од друга страна, надлежните ветија дека доколку за еден месец проценат оти зонското паркирање на таа локација не е функционално и постојано има поплаки за него, тоа ќе биде укинато.

„Разбирливи се реакциите на станарите и на останатите. Но, за кратко време сами ќе заклучат дека тоа е во нивна полза и, пред се', исплатливо. Таков беше случајот и со граѓаните на Центар, во оние делови каде што зонското паркирање веќе успешно функционира“, порача градоначалникот Коце Трајановски, кој најави дека зонско паркирање наскоро ќе се воведе и во делови на општините Ѓорче Петров и Карпош, и тоа по барање на градоначалниците.

„Ова беше едно од тесните грла во населбава и одлучивме оти решение за проблемот е зонското паркирање. Од денешниве реакции не сум изненаден, но убеден сум дека за само два-три дена станарите ќе дојдат и ќе ни подадат рака за стореното“, рече градоначалникот Коневски.

Месечно користење на паркингот, кој има околу 1.000 места, за станарите од околните згради ќе чини 200 денари, додека паркирање за еден час ќе се наплаќа 25 денари. Плаќањето може да се врши на два начина, преку плаќање СМС-порака, или со купување билет-грепка за зонско паркирање. За сите детали корисниците на паркингот можат да се информираат од поставени информативни табли на паркиралиштето, или на телефонот 3215-566.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FC0193C17E2CD54F8B52450A22246A9B
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 03-Oct-2009 at 10:53
По објаснувањата и разубедувањата помеѓу градоначалниците и претставниците од ЈП „Градски паркинг“, од една страна, и корисниците на паркингот, од друга страна, надлежните ветија дека доколку за еден месец проценат оти зонското паркирање на таа локација не е функционално и постојано има поплаки за него, тоа ќе биде укинато.


Па сеа има секој божји ден да се жалат само да го укинат паркирањево овде . Ама не ми е јасно што им смета на пазарџииве и на дуќанџиите?? Донеси роба и ајт иди си, а не они сакаат колата да им седи 100 саата таму... 
Предлог: Делот што е под железничка кај Пошта што е тука кај делот за пакети кај што се подигнуваат, зашо тука не го напраат паркинг тоа до крај таму до кејот. Тука да не претерам 100тина места може да се извадат.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 03-Oct-2009 at 11:28

  

греота е таков простор да се отепа за паркинг!

а пазарџиите, кафанџиите и нивните гости кај бисер можат за почеток да сменат навика и наместо да се провозат, да се прошетаат! но се плашам дека со оваа цена од 25 денари за саат, тука ништо нема да се промени, особено што тука се гради и катна гаража! вакво нешто може пример да упали на потегот на К.Ј.Питу Скопјанка и од спротива, каде сега откако згнаа да ги чистат тротоарите , по постојните паркинзи ќе биде ептен кнап. патем сите од овие згради си ги распродадоа гаражите за магацини, та сега незнам какво чаре ќе бараат, но најверојатно ќе се крати од зеленилото позади зградите како би се отворил простор за паркирање или пак ќе се затнат сервисните улици!? 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 03-Oct-2009 at 12:26
Originally posted by Max

патем сите од овие згради си ги распродадоа гаражите за магацини, та сега незнам какво чаре ќе бараат
Сигурно негде е регулирано дека гаражите не смеат да се користат како магацини, а ако не е регулирано, тоа лесно и брзо може да се направи. Со тоа надлежните ќе имаат полно право да проверуваат што се случува со гаражите и да ги казнуваат злоупотребите. Значи не е дека нема чаре, само треба малку да се поработи на тоа. Оние што продале или купиле гаражи во зделка каква што спомна, нека си го решаваат проблемот. Јас мислам дека доколку надлежните сериозно се посветат, нема да помине долго додека гаражите-магацини најдат сопственици заинтересирани за паркирање.


@ Дуле
За цитирање користи quote тагови. Подетално е објаснето во упатството за постирање:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181


Edited by Cloverstack - 03-Oct-2009 at 12:29
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 03-Oct-2009 at 13:06
Конкретно за бисер и жителите околу бисер може да се склопи некој привремен паркинг позади према касарната Милсам дека тука проблемот со гужвата не е толку трговскиот колку што е пазарот во склоп на бисер. Ако се дислоцира пазарот ситуацијата значителоно ќе се смени. А може пазарот многу лесно да се дислоцира исто така према касарната позади.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 06-Oct-2009 at 16:38
ПО РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД АЕРОДРОМ, „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СЕ ПРЕМИСЛУВА
Ќе паѓаат цените за зонското Недоразбирање и многу прашалници кај станарите и продавачите предизвика воведувањето на зонското паркирање во Аеродром, кое од минатата недела пробно се спроведува зад трговскиот центар „Бисер“. Проблем настана кај жителите што се доселиле неодамна, па немаат лична карта со адреса на станот во кој живеат, која им е потребна за да се регистрираат за повластената месечна цена за паркирање. Други, пак, имаат проблем со сообраќајната дозвола, на која немаат иста адреса како и на личната карта. Граѓаните се незадоволни поради тоа што мора да плаќаат и за второ возило доколку го имаат во семејството, потоа паркинг плаќаат и за да го остават автомобилот, ако работат во центар, а истото треба да го направат и кога излегуваат навечер. - Секое семејство во Скопје треба да плати 200 денари за да паркира пред зграда, 400 ако имаат второ возило, за да паркираат пред работното место двапати по 3.000 денари месечно, а ако сакаат да се видат со пријателите 100 ден за два-три часа во центарот. Сумата што едно семејство со две возила треба да ја одвои за паркинг е околу сто евра. А „Градски паркинг“ не ми гарантира ниту безбедност на возилото или заштита од оштетување и“револтирано велат граѓаните. Паника се јави и кај продавачите во дуќаните и кај пазарџиите кои работат кај ТЦ „Бисер“, на кои првично им било кажано дека ќе плаќаат по 3.000 денари месечно, цена која е определена за физички и за правни лица во ценовникот усвоен во градското собрание. Од „Градски паркинг“ велат дека знаат за поплаките од граѓаните и набргу ќе понуделе посебни цени само за Аеродром, за кои градските советници ќе треба да се изјаснат на следната седница. Сепак, од јавното претпријатие не признаваат дали овој чекор се должи на притисокот од јавноста или на предлогот на советниците од опозицијата кои веќе поднесоа барање да се намалат цените за паркирање. - Зонското паркирање во Аеродром се уште не се наплаќа. За правните лица кои гравитираат во трговскиот центар „Бисер“ месечната повластена цена најверојатно ќе биде 1.000 денари или помалку. За ова ќе одлучи раководството на претпријатието и ќе ги достави предлозите до советниците на следната седница и“вели Ана Витановска, задолжена за односи со јавност во „Градски паркинг“. Таа објаснува дека станарите ќе мора да ги усогласат адресите во личната карта и таа во сообраќајната дозвола затоа што тоа било според прописите дадени од Град Скопје. - Толерантни сме и ќе ги почекаме граѓаните да ги направат потребните измени во документите, а дотогаш ќе може без нив да се регистрираат за месечно паркирање и“вели Витановска. Од претпријатието најавуваат дека деновиве ќе постават пункт и на паркиралиштето во Аеродром, каде што граѓаните ќе може да се информираат за зонското паркирање.

Тротоарите под опсада од возила


Реакции има и за паркирањето по тротоарите на улиците Ленинова и Орце Николов во Дебар маало. Граѓаните што сакаат да поминат пеш, со велосипед или, пак, со количка со дете немаат доволно простор затоа што возилата се паркираат на тротоарите и тие се принудени да одат по улицата. На прашањето какви се тие стандарди според кои целиот простор на тротоарите, наменети првенствено за пешаците, е узурпиран од автомобили, во Град Скопје се правдаат дека тоа е предвидено со правилник.
- Правилникот прецизно пропишува дека дел од тротоарите треба да се користат за слободно движење на пешаците, а другиот дел за зонско
паркирање. Исто така, зонското паркирање има добиено согласност и од МВР – велат градските власти.


За загубена картичка 1.000 денари

Скопјани реагираат и за високата цена што мора да ја платат за загубена картичка за паркирање. Според ценовникот, на паркиралиштата со рампа „Градски паркинг“ наплаќа 1.000 денари за нова картичка


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1831&ArticleID=123261
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 07-Oct-2009 at 17:29
Од почеток го подржував проектов за зонски паркирање, но ја имав оваа задршка:
Originally posted by Cloverstack

Проектов е суштински и не смее да се дозволи да се претвори во обична фасада за максимизирање на профити, без квалитетна услуга и без решавање на проблемите!


За жал се повеќе симптоми во тој правец:

Пешаците избркани на улица



Граѓаните се револтирани што проектот за зонското паркирање ги остави без тротоари и што мора да одат по коловозите Зонското паркирање ги обесправи пешаците. Со проектот се легализира целосното узурпирање на тротоарите со автомобили, а пешаците како негови жртви се исфрлени на опасните коловози. На улиците Орце Николов и Ленинова, каде што неодамна беа обележани места за зонско паркирање воопшто нема простор за минување на пешаците, а за возење велосипед не може ни да стане збор.

Мајки со колички, пензионери со торби од пазарување, деца што одат и се враќаат од училиште - сите се принудени да се движат на местата каде што јурат автомобили.

И улицата Ѓуро Ѓаковиќ во Дебар Маало, која води кон Општината Центар е обележана по истиот модел. Таму зонското паркирање ќе почне од денеска, а за таа цел тротоарите од обете страни се обележани како паркинг-места. За пешаци не е оставен простор ниту за лек.

Надлежните како да заборавија дека кога пред повеќе години го најавуваа зонското паркирање ветуваа дека автомобилите ќе се оставаат на крајната десна лента на самите коловози и дека нема да се узурпираат пешачките патеки.

Некој друг е виновен

Жителите што живеат на улиците каде што почна зонското паркирање се револтирани. Велат дека не е во ред да им се одземе просторот за движење и да се доведуваат во опасност да бидат прегазени од автомобили.

- Знаеме дека нема доволно место за паркирање во градов, но сепак требаше малку да се размисли кога се окупираа тротоарите. И порано тротоарите беа зафатени, но сега „Градски паркинг“ си наплатува за тоа, а пешаците се оставени на цедило. Животот ни се доведува во прашање. За нас никој не води сметка - се жали жител од улицата Орце Николов.

Лути се и тие што живеат на „Ѓуро Ѓаковиќ“.

- Не е во ред да се зафаќаат тротоарите. Требаше да се остави простор за минување на пешаци. А што е со велосипедистите? Каде ќе возат тие? Не велам дека не требаше да се воведе зонското паркирање, но тоа требаше да се направи осмилено, како што е решено во модерните градови - вели скопјанецот Тодор Рафајлов.

Раководителот на секторот паркиралишта во „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, вели дека секаде е оставен простор за пешаци во широчина од 1,6 метар за нивното непречено движење. Сепак, сликата на терен го покажува спротивното. Кроневски вината ја фрла на возачите, кои несоодветно се паркираат, односно не ги почитуваат обележаните линии.

- Има несовесни возачи кои своите автомобили ги паркираат надвор од обележаните места. Ние се обидуваме да им укажеме каде да паркираат, но не можеме да реагираме секаде, а и не сакаме од почеток да бидеме ригорозни. Затоа ќе обележиме дополнителна полна линија за да не може да се прејде преку неа и да се зазема просторот за пешаците - дециден е Кроневски.

Се било легално

Кроневски објаснува дека зонското паркирање е предвидено и по коловозите и по тротоарите.

- Бележењето на местата за паркирање е вршено во согласност со проектот за зонско паркирање. Согласност за трајно утврдување на условите и за режимот на сообраќајот издаде МВР, а Секторот за сообраќај во Градот издаде Решение врз основа на позитивните законски рамки и регулативи. Паркинг-местата што се обележани на тротоарите ги почитуваат пропишаните правила и закони, односно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кои е оставен простор за пешаци од 1,6 метар - објаснуваат од „Градски паркинг“.

И од Градот потврдуваат дека зонското паркирање на улиците е стандардизирано врз основа на Правилникот за планирање и уредување на просторот, издаден од Министерството за транспорт и врски, а со согласност со МВР.

- Правилникот прецизно пропишува дека дел од тротоарите треба да се користат за слободно движење на пешаците, а другиот дел за зонско паркирање - објаснуваат од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Според Кроневски, граѓаните се задоволни од функционирањето на зонското паркирање и имаат позитивно искуство.

- Вчера ми дојде една жена од Аеродром само за да ми се заблагодари дека прв пат има можност да се паркира до својот дом и дека и' е овозможено бесплатно паркирање, бидејќи има дете со посебни потреби. Исто така, станарите од зградите го поздравуваат зонското паркирање, бидејќи имаат обезбедено паркинг- место за месечна цена од 200 денари. Сепак, генерално, голем дел од граѓаните не сакаат да плаќаат, едноставно, не се навикнати да плаќаат за паркирање - вели Кроневски.

Тој најави дека следни за бележење се улиците Пиринска, каде што ќе се обезбедат 17 места, Наум Наумовски-Борче, каде што ќе се формираат 20 паркинг-места, Антоние Грубишиќ, каде што се предвидени 19 паркинг-места и Мирослав Крлежа, со 11 паркинг-места. Овие улици се во третата зелена зона, каде што паркирањето чини 25 денари од час.

Исто така, се предвидува да се воведе зонско паркирање на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“, од страна на кејот 13 Ноември од задната страна на хотелот, каде што се предвидени 36 места. Ќе се бележи и кејот од другата страна, кај калдрмената улица, каде што ќе се нацтраат 12 места за паркирање, кои ќе бидат во втората Б-зона. Од првата зона на ред е булеварот ВМРО, по старо Васил Главинов, каде што кај „Агромеханика“ се предвидени 20 паркинг-места.

Анела Петрова

Не е 45, туку 55 денари од час

Граѓаните реагираат дека посочените цени за зонското паркирање не се реално прикажни, односно дека паркирањето е поскапо. Скопјанецот Дејан Трпчев вели дека се молчи за тоа оти освен 45 денари за час паркирање за првата зона, граѓаните плаќаат и за праќање на пораката.

Во „Градски паркинг“ не одрекуваат дека паркирањето чини повеќе од прикажаното.

- За пораката со која граѓанинот најавува дека се паркира, мобилниот оператор наплатува пет денари. И за одјавата се пушта порака, која исто така чини пет денари. Во сумите е вклучен и ДДВ. Ако на пример останете само еден час во првата А-зона ќе платите вкупно 55 денари. Ако во првата зона ви заврши времето на паркирање од два часа, нема потреба да се одјавувате, самиот систем ве отфрла. Во третата зона, ако не се одјавите, системот си врти се' до 21 часот и ве води како да сте се' уште паркирани - велат во претпријатието.

Нема бегање

Раководителот на секторот паркиралишта во „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, вели дека со воведување на зонското паркирање никој не може да го одбегне плаќањето.

- Штом веќе возачот со СМС-порака се најавил во системот дека е на паркингот, автоматски тој е регистриран и му се одземаат 45 денари од час од кредитот од телефонот. Не може да не се најави, затоа што на паркинзите постојано дежураат контролори. Наплатата се врши со порака на бројот 144-144 или со купување билет за паркирање по зони. Ако се користи билетот, на него треба да се изгребе месецот, денот и часот кога почнува паркирањето и да се истакне на предното ветробранско стакло. Билетите може да се купат во најблиските трафики до паркинзите - вели тој.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9D4654820EBBE64F88A324068A9C654E
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 08-Oct-2009 at 15:37

Опасна зона

Тротоарите во Скопје никогаш не биле слободни за пешаците. Проблемот со зонското паркирање не е во тоа што пешаците сега останале без пешачки патеки, туку што нивната узурпација со возила стана легална за одреден паричен надомест.

Зонското паркирање треба да постои во центарот на градот, но само таму каде што има соодветни услови. Недозволиво е на одредени улици да се зафатат тротоарите од обете страни, без да се остави простор за минување. Паркирањето по зони првенствено треба да биде воведено на коловозите, а тротоарите да се зафаќаат само во исклучителни случаи.

Вака излегува дека „Градски паркинг“ ќе се збогати на сметка на безбедноста на граѓаните. Како инвестиција потроши само боја за бележење на местата и си приграби одамна изградени тротоари, односно заедничка сопственост, кои ќе ги користи како простор за најмување.

Соња Христовска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A251F30A88B7364CA2D161BAEF5D0BEE
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 13-Oct-2009 at 14:53
Скопјани не сакаат зонско паркирање на секој чекор

„Градски паркинг“ за секој паркинг постои има проект и дозвола од Градот и од МВР

Сања Наумовска


Скопјани не сакаат да има зонско паркирање на секој чекор. Воведувањето вакво паркирање во Аеродром и во Дебар Маало предизвика незадоволство кај дел од жителите на овие населби. И покрај намерите на градските власти да се обезбеди поголем простор за паркирање на станарите на околните згради, сепак, граѓаните сметаат дека тој простор треба да им биде на бесплатно располагање. Сметаат дека користењето на веќе постоен паркинг, без никаква инвестиција не треба да биде можност за остварување профит на градското јавно претпријатие „Градски паркинг“. Жителите негодуваат и поради најавите дека зонско паркирање може да се воведе и на паркиралиштата низ населбите каде што нема ургентна потреба од тоа, доколку дел од граѓаните или општините го побараат тоа.

Жителите на Дебар Маало, пак, реагираат и поради обележувањето на тротоарите, бидејќи сметаат дека не им е оставено доволно простор на минувачите. Се согласуваат дека хронично недостасува паркинг-простор во оваа населба, која многу брзо се изгради во текот на последните години. Сепак, коментираат тие, зонското паркирање може да се планира на дел од улиците каде што има можност, без да им се одзема просторот на пешаците.

„Едноставно заградување на паркинг само со ставање рампа и со образложение дека така се прави ред во паркирањето не може да се прави на сметка на станарите. Паркингот мора да биде во функција на жителите, бидејќи тие имаат право на него, со самото тоа што се сопственици на становите. На овој начин сме принудени секој месец да плаќаме за нешто што, всушност, ни припаѓа“, вели жител на Аеродром.

„Согласно со Законот за безбедност на патиштата, на локациите каде што е обележано паркирањето на тротоар имаме обврска да оставиме најмалку 1,6 метри слободен простор за движење на пешаците“, информираат од „Градски паркинг“.

Во Дебар Маало, пак, побарувачката за станарски картички е голема, а бројот на паркинг-места е ограничен. „Извадив картичка за паркирање, но во јавното претпријатие ми рекоа дека не ми гарантираат слободно место. Единствена предност е тоа што ако најдам паркинг, не треба да плаќам според тарифата за третата зона“, вели жителка на улицата „Орце Николов“.

Од друга страна, во „Градски паркинг“ велат дека зонското паркирање во Аеродром се реализира во договор со општинските власти. За секој паркинг постои проект и дозвола од Градот Скопје и од МВР, без кои не може да почне реализацијата.

Средствата кои се прибираат од зонското паркирање се реинвестираат во нови паркиралишта, најчесто во купување опрема за наплатување, рампи и слично. Во јавното претпријатие велат дека сета заработка е наменета за реализација на програмата за инвестирање, во која една од поважните ставки е и подновување на депото на Пајак-службата и набавка на нови пајак-возила. Во Градот Скопје ја нагласуваат улогата на зонското паркирање во функција на растоварување на сообраќајот, како поважна од можноста јавното претпријатие да оствари профит.

„Стационарниот сообраќај е суштински дел на новите сообраќајни решенија и со зголемувањето на паркинг-просторите ќе се овозможи и намалување на сообраќајните метежи. Дел од тоа се проектите за зонско паркирање, со кои циклично ќе биде опфатен поширокиот централен дел на градот, а по иницијатива на граѓаните и на општините ќе се опфаќаат и други делови, каде во согласност со Правилникот за уредување и планирање ќе може да се постави зонско паркирање“, информираат од Градот Скопје.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=069C6349F830E14EB903F5121F8AC45C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 13-Oct-2009 at 22:49
Bash

Овие од општина центар конечно треба да бидат зауздани. Какви се овие глупости, каква е оваа дрскост? Демек единствен проблем во целата ситуација е тоа што они не профитирале... А по кој основ општина центар воопшто си го бутнала носот таму in the first place?

И мене не ми се допаѓа начинот на кој функционира ЈП Градски Паркинг, ама тоа воопшто не им дава право на овие од центар да диктираат како требало да биде.

Тоа нивно маалско претпријатие за паркинг под итно да се укине и припои кон ЈП Градски Паркинг!

И Центар сака пари од зонско паркирање

Советниците од Општина Центар ќе им објават „војна“ на градските власти зашто им узурпирале неколку општински улици за зонско паркирање, а претходно ниту ја известиле Општината ниту побарале одобрение за тоа. На последната седница на Советот прв пат советниците од власта и опозицијата во Центар беа единствени дека ќе мора да се борат за да си ги вратат улиците.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ неодамна со проектот за зонско паркирање ги зафати тротоарите на три најфреквентни улици во Дебар Маало. На дел од улиците Орце Николов, Ѓуро Ѓаковиќ и Ленинова претпријатието обезбеди околу 330 места за паркирање, каде што граѓаните плаќаат по 25 денари од час. Овие улици се под ингеренција на општинските власти, па зонското паркирање во Дебар Маало за Општината е проблематично, бидејќи и тие имаат свое општинско претпријатие „Паркинзи на општината Центар“, кое остварува приходи од истата дејност како и „Градски паркинг“.

Советниците велат дека паркинг-местата во Дебар Маало на општината би и' носеле најмалку по илјада евра на ден, што значи сериозно полнење на буџетот.

Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, најави дека ќе имаат судир со Градот Скопје.

- Мора да се најде решение. По подготовките и предлозите лично ќе разговарам со градоначалникот Коце Трајановски и решение мора да се најде - изјави Тодоровиќ.

Од Градот велат дека ЈП „Градски паркинг“ за реализација на овој проект, согласно законот, требало да добие согласност само од МВР, врз основа на изработен проект, а според правилник подготвен од Министерството за транспорт и врски.

- Не се потребни дополнителни одобренија и согласности од кој било друг орган - велат во Градот.

Претседателот на Советот на Општината, Владимир Здравев, на седницата рече дека Градот ја води истата политика како и претходната гарнитура. Тој најави дека на следната седница проблемот ќе го постави на дневен ред. Во меѓувреме, директорот на општинското претпријатие за паркирање и службите на општината мора да подготват план и стратегија како ќе го решат ова недоразбирање со Градот.

Тодрор Делјановски, директор на „Паркинзи на општина Центар“ , вели дека тој не можел да реагира за „зулумите“ што им го прави Градот, оти за тоа се одговорни градоначалникот и општинските служби.

Нејасно е зошто општината Центар дури сега се противи на зонското паркирање, откако проектот почна да се реализира. Особено што веќе неколку години е познато на кои улици ќе се воведе овој систем.

Марија Тасев



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1E551B69D8926A40A18832BEA72BB4B8


Edited by Cloverstack - 13-Oct-2009 at 22:55
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 15-Oct-2009 at 23:59
ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ЗАД ТЦ „БИСЕР“
Ќе се плаќа од следната недела Зонското паркирање и неделава нема да се наплатува зад трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром. Надлежните од јавното претпријатие „Градски паркинг“ велат дека се уште ги собираат податоците на станарите и откако ќе ги добијат сите, ќе ги внесат во системот. Со наплата ќе почнат, најверојатно, следната недела и тоа по важечкиот ценовник. Во третата зона еден час чини 25 денари, за станарите месечна карта е 200 денари, а за физички и за правни лица, односно фирмите и за тие што работат тука, месечна цена е 3. 000 денари. Од вчера почна со работа и паркиралиштето пред белите кули на почетна станица на автобусот со број 23. Од „Градски паркинг“ велат дека тука нема да се наплатува првиот месец, односно паркиралиштето нема да биде отворено за комерцијална употреба, туку само за станарите кои ќе треба да си извадат месечни картички, кои чинат 250 денари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1839&ArticleID=124035
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 16-Oct-2009 at 09:04
potpolno go opravduvam zonskoto parkiranje, toa e vovedeno vo site golemi gradovi niz evropa, konecno i skopje dobi zonsko parkiranje. porano koga sum setal po parkinzite niz centar imase ispoparkirani koli, kaj ke stignat na parkingot nemase mesto kade da se parkira. Dodeka sega slikata na parkinzite e mnogu podobra.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 16-Oct-2009 at 14:51
баш ме интересира која ќе биде цената за катната гаража кога ќе проработи и колку луѓе ќе ја користат
но со зонсково паркирање кај Бисер, се накрцува остатокот од јавниот паркинг во околината и не ја гледам поентата на сето ова, освен за нечие профитирање
го разбирам овој систем во центарот на градот, каде треба да е луксуз да се паркираш, но во периферни населби каде живеат обични луѓе, и има доволно паркинг за секој жител
а што е со подземните гаражи? ќе треба да наплати некој паркинг за да влезе во сопствената гаража (иако гаражите ретко кој ги користи, мислам дека коментаров има смисла)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 21-Oct-2009 at 19:26

Казна од 1.300 денари за предолго паркирање

Контролорите на паркинзите, каде што е воведено зонското паркирање, од вчера почнаа да издаваат доплатни казнени карти за корисници што не извршиле уплата или го пречекориле дозволеното време на паркирање. Во првата црвена зона максималното дозволено паркирање е два часа, а во втората жолта зона возилата може да останат четири часа.

Од „Градски паркинг“ соопштуваат дека цената на доплатниот, односно казнениот билет за првата црвена зона чини 1.300 денари, за втората жолта зона - 1.000 денари, а за третата зелена зона - 700 денари.

Зонското паркирање е воведено пред два месеци. Првиот месец паркирањето беше бесплатно, а од 1 октомври почна да се наплатува. Зонско паркирање е воведено и во Општина Аеродром, што предизвика многу реакции кај граѓаните.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DE2FD90E1487374988C48092965879D0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 01-Nov-2009 at 21:38
Stern%20Smile   Doh

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АЕРОДРОМ ПАРКИРА НА ПЕШАЧКИ ПРЕ МИН

Гоца, казни го Ивица!

Случајни минувачи, вчера, околу 14 часот го уловија Коневски како со служ бе но то возило на Општината - светлосин "форд мондео" се паркира на пешачкиот премин на улицата Даме Груев, пред кафулето "Плеј", на че кор од влезот на паркингот кој се наоѓа зад Собранието

Од Министерството за внатрешни работо велат дека иако Вест има сли ки како градоначалникот Коневски го крши Законот, сепак не можат да го казнат, оти нивните луѓе не го затекле на самото место

Гра до на чал ни кот на Општина Аеродром Ивица Коневски се паркираше на пе шач ки премин во строгиот центар на градот. 
Слу чај ни минувачи, вчера, околу 14 часот го уловија Коневски како со служ бе но то возило на Општината - светлосин "форд мондео" се паркира на пешачкиот премин на улицата Даме Груев, пред кафулето "Плеј", на че кор од влезот на паркингот кој се наоѓа зад Собранието. Тие веднаш се ја ви ја во нашата редакција, револтирани од однесувањето на гра до­на чал ни кот Коневски, кој на неговите граѓани во Општината им воведува зонско пар ки ра ње, а тој самиот го крши Законот и паркира каде што ќе му текне. От ка ко Коневски среде улица, на пешачки премин го паркирал службениот ав то мо бил, влегол во кафулето каде што на кафе-муабет го чекале неколку при ја­те ли.
"Ова не му е првпат да се паркира на пешачкиот премин. Постојано кога до а ѓа во ова кафуле, автомобилот го остава тука, а на само еден метар има паркинг-простор со зонско паркирање. Па зар толку му е тешко да пла ти 45 денари, или повеќе милува од масата на која седи со своите при ја те ли во кафулето, низ прозорецот да го гледа автомобилот", велат гра ѓа ни те кои го фотографираа Коневски како паркира на пешачки премин.
Пет на е сет минути по повикот на граѓаните, му се јавивме на Коневски и, нај пр вин на шега, му рековме да стане да го помести возилото зашто па ја кот ќе му го собере. Коневски ни одговори да не го зезаме бидејќи никаде не го гледа пајакот. 
По тоа го прашавме зошто возилото го паркира на пешачки премин, кога са мо на еден метар има паркинг-простор со зонско паркирање, и во секое вре ме може да најде слободно место. Тој ни одговори дека само на две ми ну ти дошол до кафулето, и веднаш ќе си замине. Му објаснивме дека не ста ну ва збор за 2 минути, бидејќи веќе петнаесетина минути седи во таму и во опуштено друштво си пие кафе. Го запрашавме зошто не го по чи ту ва Законот и зар толку му е тешко од мобилниот телефон да прати СМС порака која ќе го чини само 45 денари за еден час паркирање. 
"Доб ро, добро, еве веднаш ќе станам и ќе го препаркирам автомобилот", ни ре че Коневски.
По една минута, Коневски излезе од кафулето и автомобилот го пар ки ра ше на паркингот, по што од неговиот мобилен телефон испрати и СМС порака за да си го плати паркирањето.
Од Министерството за внатрешни работо велат дека иако ние имаме сли ки како градоначалникот Коневски го крши Законот, сепак не можат да го каз нат, оти нивните луѓе не го затекле на самото место.
"Без разлика дали станува збор обичен граѓанин или за функционер, Законот е јасен. За да казниме некого, мораме да го затечеме на самото место. Врз ос но ва на слики од весници или видеоснимки на телевизии, не можеме да пос та пи ме", велат од МВР. 
А.Антевска
. 
Градоначалникот Коневски сам побара зонско паркирање во Аеродром

Зон ско то паркирање во строгиот центар на градот градските власти го во ве доа во септември.
Со него градот беше поделен на три зони. Во првата зона дозволено е да се паркира само два часа, а еден час паркирање чини 45 денари. Во вто ра та зона возилата можат да се паркираат 4 часа, и еден час чини 35 де на ри, а во третата зона времето за паркирање е неограничено, а еден час чи ни 25 денари
Спо ред планот кој го направија градските власти, не беше пред ви де но зонско паркирање да се воведе во Општината Аеродром. Но по барање на градоначалникот Ивица Коневски, пред еден месец, за да се реши ха о сот, почна да се наплаќа паркирањето на паркингот зад ТЦ "Бисер". Со тоа, за да паркираат пред нивните згради, граѓаните треба да плаќаат месечно по 200 денари, сопствениците на дуќаните во Трговскиот центар по 3.000 де на ри, а граѓаните што доаѓаат на гости кај станарите во околните згради и оние што го посетуваат Трговскиот по 25 денари од час.
Вак ва та одлука ги налути жителите на Аеродром, кои побараа од гра до на чал ни кот да го повлече зонското паркирање, во спротивно ќе излезат на протести.
По жестоките реакции, Коневски побара од надлежните во ЈП "Градски пар кинг" до Нова година да не наплаќаат паркирањето, за да се смират страс ти те кај граѓаните, па потоа да одлучат што понатаму.




http://vest.com.mk/?ItemID=F52C7A841928234480C03644FE6FC398
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.