build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црква на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 41>
Poll Question: Црква на плоштад?
Poll Choice Votes Poll Statistics
42 [56.00%]
9 [12.00%]
24 [32.00%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 31-Jan-2008 at 18:11
Originally posted by Feniks_m

.
-Прва утка беше по земјотресот што му го сменија 100 % изгледот на градот што е неприфатливо,
-Откако прифатија план кој беше светски признат, го унаказија и не го завршија за денес да изгледаме кретени. Кензо Танге се срамеше после тоа и го избаци од својата биографија планот за Скопје,



Добредојде Феникс_М

    За првата утка не се слагам толку, Скопје не бил ништо посебно пред земјотресот, само ние си правиме некои филмови.
    А за ова второ, со Кензо Танге, не сум знаел Сигурен ли си, бидејќи насекаде каде што може да се најдат материјали за Танге, го има masterplanot на Скопје?

@lslcrew Не знам како да ја отворам црквава - воопшто не ми отвара dialog box за даунлоуд или линк да кликнам кога ќе одам на твојот линк. А што откако ќе го симнам? Оpen with - google earth? Или ми треба Google earth pro?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Ганчо View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Jan-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ганчо Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 31-Jan-2008 at 20:12
Originally posted by pbanks

Originally posted by Ганчо

Недоградената зграда одамна не е во сопственост на Македонска Банка. Нејзин горд сопственик е Еуролинк, Еуростандард банка, Еуролизинг . . . т.е. нашиот градски татко Трифун. 


Озбилно 100% си сигурен во тоа? Тоа е и добра и лоша вест ако е точна...

По кој основ е негова малку чудно ми звучи? Поштенска банка знам како ја лапна ама со Македонска не ја гледам врската.


Ја има купено пред некоја година една од неговите фирми. На зградата од страната шо гледа  накај арапска куќа има закачено и табла на која ги пишува неговите фирми линк, лизинг . . .  Има по еден спрат за секоја, арно ама му улета зградата на поштенска банка така да имам чувство дека оваа ќе седи уште долго време карабинче.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 31-Jan-2008 at 20:34
Originally posted by Ганчо

имам чувство дека оваа ќе седи уште долго време карабинче.



На такви работи треба да им се стави крај со ограничување на периодот за изградба во некои разумни рамки. Не може у центар со децении да стојат полуизградени објекти. Ако не го изградиш објектот во некој разумен рок, ќе ти се конфискува и тоа е тоа. Ама ова е за во друга тема евентуално.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 31-Jan-2008 at 21:25
@La Linea има право Feniks, планот на Танге е едно а неговата реализација е друго. Незнам дали е случајот до толку драматичен да он се срамел од целата скопска епизода, ама дефинитивно барем колку што имам јас читано за него на интернет, никаде не сум го видел воопшто да се спомне скопскиот ГУП.

Сликите кои што ги споменуваш почнаа да циркулираат на интернет од онаа YU енциклопедија што се публикуваше пред некоја година каде што се нашло место за Скопје на Кензо Танге.

А приказната на Скопје е таа. Многу концепти и уште повеќе упади и импровизации во тие концепти. Резултатот го знаеме сите а памет упорно не ни доаѓа. Напротив ова што го планира владата е кулминација на таквото бахато однесување кон нашиот мил град.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 31-Jan-2008 at 21:38


Го има на неговиот официјален сајт. Скудно, ама така се презентирани и другите проекти.

http://www.ktaweb.com/works/en_scopje.html
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 31-Jan-2008 at 21:40
Originally posted by Cloverstack



Го има на неговиот официјален сајт. Скудно, ама така се презентирани и другите проекти.

http://www.ktaweb.com/works/en_scopje.html


Ми промакнало... но незнам... ретко кај сум нашол материјали за тој ГУП. За некои негови други дела има такво изобилие на информации да незнае човек од кај да почне.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 31-Jan-2008 at 21:50


Тоа е наша вина. Тие јаки материјали што си ги нашол за други проекти гарант не ги ширел у јавност лично Кензо.

Кензо сигурно не си ги земал макетите и плановите со него дома... И тоа малку што би го имал како негова лична архива, несомнено го има(ло) и кај нас како дупликат. До нас е проблемот што скоро ништо не може да се најде... Да се надеваме дека уште се читави тие работи и дека еден убав ден ќе ни бидат достапни во некаква форма.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 31-Jan-2008 at 22:06
Овде сигурно има видео записи од некакви макети што биле презентирани тогаш. Мислам дека би имале голема корист ако дојдеме до ова филмче. Само кој знае во каква состојба е, и каде е забутано во архивите...
http://www.maccinema.com/filmovi_detali.asp?IDMAKFILM=329
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 01-Feb-2008 at 21:27
Ви реков дека ми е сомнително како толку лесно се согласиле албанските министри да се прави таква екскурзија со државни пари, дека сигурно има „компензација“

Ohno

По ист терк како за црквата, еве намислиле да ја гураат и џамијава... Илегално, на несоодветен простор, со државни пари, со многу инает и политички игри...

Bash

Па што ми глумат е-македонија, образование, иднина... Во суштина со нивниве перверзни сваќања на религијата сакаат да не вратат во среден век, а не конечно вистински да зачекориме во 21-от.


Патем, GreatMakedon кога ќе го прочиташ ова, ако може би сакал да го чујам твоето мислење.


http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=D40C7E8372ADCA449B79E191C6D7F0D6

ПО ОДЛУКАТА ДА ПОДИГНЕ ЦРКВА ВО СКОПЈЕ

Владата ќе ја гради и Чарши-џамија во Тетово

Одлуката да се обнови џамијата претставува провокација на владејачката ДПА, велат во тетовската општина, каде што на власт е опозициската ДУИ

Владата одлучи со буџетски пари да ја обновува урнатата Чарши-џамија во центарот на Тетово, откако го побара тоа ДПА. Одлуката била донесена на прексиноќешната седница, само една недела откако беше решено да се финансира изградбата на голема црква во центарот на Скопје. Како и за црквата, и за џамијата не е предвидена локација во Детаљниот урбанистички план на Тетово, на просторот пред Домот на културата, каде што порано бил верскиот храм. Во Исламската верска заедница вчера ја поздравија одлуката за обновата на џамијата со надеж дека набрзо ќе се изврши промена на урбанистичкиот план. Во Советот на Општината, каде што на власт е опозициската ДУИ, изјавија дека одлуката претставува провокација од владејачката ДПА.

- Со ова сакаат да манипулираат во јавноста дека ДПА сака, но ДУИ, кои се на власт во локалната самоуправа, не дозволуваат да се реновира џамијата - изјавија во општината.

Чарши-џамија беше урната во 1966 година поради урбанизацијата на централното градско подрачје. Меѓу македонското население во Тетово е позната како Тупан-џамија, која датира од 16 век. Бил впечатлив објект, изграден од мермер, а била реконструирана во 19 век. Неколку години подоцна на тоа место беше изградени Центарот за култура „Илија Антески-Смок“ и градскиот плоштад.

Обновата на џамијата ја предложил вицепремиерот Имер Алиу, а другите министри веднаш прифатиле.

- Министерството за култура во најкраток можен рок ќе распише конкурс за да се избере идејното решение за изгледот на џамијата. Тогаш и ќе се знае колку ќе чини објектот - изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски.Даут Емини, началник на одделението за урбанизам во Тетово, рече дека објектот не ќе може да се изгради без целосна документација.

- Ваков објект не е предвиден ниту во генералниот, ниту во детаљниот урбанистички план на Тетово. Прво треба да се пристапи кон процедура за измена на ГУП-от и на ДУП-от. Ваквата процедура трае со години, а кај нас не стигнало ништо за да се почне со ваква процедура - рече тој.Градоначалникот Хазби Лика изјави дека локалната самоуправа не добила никаков официјален или неофицијален документ за оваа иницијатива. Поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема Сулејман Реџепи, оцени дека одлуката за обнова на џамијата е победа на демократијата, на културата и на ИВЗ.

- Ако во времето на поранешниот систем се случи зулум, тоа беше уривањето на оваа џамија. Не верувам дека одлуката е донесена како компензација за изградбата на црквата во Скопје. Потребно е да се обновуваат верските објекти што беа урнати. Се надевам дека и другите наши барања за обновата на џамиите во Прилеп и во центарот на Скопје ќе бидат исполнети. На просторот пред Домот на културата има место и за џамија - рече тој.

Според Реџепи, урбанистичките планови не се непроменливи и може да се менуваат според потребите.

- Ако тие објекти своевремено биле избришани, сега пак може да се запишат во плановите - вели тој.

(И.Ц. - Б.Ѓ.)




Edited by Cloverstack - 01-Feb-2008 at 22:29
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 01-Feb-2008 at 22:39
Originally posted by Cloverstack


Па што ми глумат е-македонија, образование, иднина... Во суштина со нивниве перверзни сваќања на религијата сакаат да не вратат во среден век, а не конечно вистински да зачекориме во 21-от.


Истово ова им го тупам на сите од моментот кога се појави онаа реклама за веронаука. Ohno
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 02-Feb-2008 at 00:26
драги форумци, еве ја и колумната на Ванковска на оваа тема, објавена во шпиц

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=468&ArticleID=18428


Кога светците маршираат...

Билјана Ванковска

Во општество какво што е нашево, човек не може (и не смее) да си го дозволи луксузот да и се препушти на интелектуалната хибернација или свртување кон други (академски) приоритети. Додека да се свестите, работите веќе „забегале“ до степен на неповратност... Ај, да им ја разбереш радоста и еуфоријата што, конечно, можат да не просветлат и да не ослободат од левичарските болести! Ај да им простиш што работат според една проѕирно-патетична чек-листа на конзервативците. Па дури и да подзаборавиш дека во коалиционото семејство има и левичари, кои мудро си молчат додека слатко партиципираат во власта! Но, работата дојде до таму што дури и мојата 13-годишна ќерка е алармирана и ми вели дека ова не смее да се премолчи (особено, кога ја виде пораката од кампањата „Знаењето е моќ“, а во која се пропагира - веронаука!). Сега и другите две ќерки се здружија во барањата да го искажам ставот во врска со изградбата на црква среде плоштадот Македонија. Во име на овие млади генерации, на кои ќе им ги оставиме и убавите, ама уште повеќе грдите нешта, нека остане забележано (иако, одамна сфатив дека зборот има моќ да убие, но нема моќ да замени движење за промени).
А денот се виде по утрото: политика во која се велича и реставрира минатото (во согласност со максимата на конзервативизмот за статус љуо анте), додека се ветува светла иднина, во која има се и сешто, само не сенс за сегашноста. Таа се манифестираше од промената на имињата на аеродромите, поставувањето на античките скулптури пред зградата на Владата, воведување серија на религиозни празници во кои се слават родени, воскреснати, живи и мртви. Да беше подалекувид премиерот, ќе го воведеше Свети Никола во листата на празници, па така спојот на црковната градба со неговиот именден ќе можеа да се користат како повод за големо народно славје. Ќе можеше дури и Саинт Ницхолас да се престори, па на децата да им ја игра улогата на Дедо Мраз (ако веќе може на возрасните, зошто не и на децата!?). Но, сега веќе ѓаволот ја однесе шегата, па треба итно да им се запре на патот на лудориите на амбициозниот премиер, кој зад себе, по стоте чекори сака да остави и фараонски монументи. На наша сметка...
Ако и порано постоеле јасни сигнали за загрозување на секуларноста на државата, изгледаше повеќе како Црквата да ја користи државата за зацврстување на сопствената позиција кон надвор (заради проблемите на непризнавањето од сестринските православни цркви). Но, амалгамот на државата и МПЦ добива обратна манифестација: сега државата презема иницијатива и пропагира религиозни вредности! Што да кажете за злоупотреба на кампања, која наводно промовира образование и знаење, за да се протне величање на вредностите и тоа на само една религија, а со пари на сите даночни обврзници!? Во Србија, Црквата повикуваше жените да раѓаат повеќе деца, што беше знак на милитантен национализам; кај нас, државата повикува на истото, а Црквата била задоволна и ја поддржувала власта! Низ историјата верските заедници граделе цркви со донации на верниците, а денес - тоа го прави државата! Каков прогрес: ако Македонија изнедрила толку прекрасни црковни зданија кога немала своја држава, што ли ќе се случи сега под водството на религиозниот ни премиер и демохристијанската ни влада?!
Во нечија мегаломанија настанала забуна, па се смета дека во една Македонија мора да има место и за Александар и обновен (да не речам, воскреснат) Офицерски дом, Музеј на ВМРО и што ли уште не... Не навлегувам во (не)естетските детали на овој „ингениозен“ план, но и на дете му е јасно дека Македонија (и како држава и како плоштад на главниот град) станува новокомпонирана творба, турбофолк-креатура и простор во кој може да се изгради „постаро и поубаво Скопје“. Во својата десна идеологија, која настојува да не врати на нашите корени, сакајќи да ја воспостави и одржи „социјалната екологија“, Владата заборави неколку работи.
Прво, го крши принципот на владеење на правото, па за да се задржи каква-таква форма ќе се менува Деталниот урбанистички план. Го нарушува и принципот на секуларност во срцето на главниот град. Таа доби мандат да ги врши земските работи, а не да гради црковни објекти со парите на даночните обврзници, од кои мнозинството не и припаѓаат на православната вероисповед (вклучувајќи ги и атеистите). Ако јас, како атеист, се чувствувам измамено што со мои пари се гради Црква, со право реагираат и припадниците на другите вероисповеди. За духовните потреби на стадото, нека се грижи МПЦ, ако е кадарна (и онака ценовникот на услугите и обезбедува можност и да изгради нешто, а не само да зема). Која е целисходноста на градење Црква, во ситуација кога децата учат во распаднати училишта, а болниците и специјалните институции се на питачки стап (односно ги учат на капитализам и како да прават пари од дејноста)? Пандорината кутија на битката и натпреварот на идентитетите се отвора без да се размисли за последиците. Потегов е контрапродуктивен во општество, кое е во чувствителна фаза на постконфликтно градење на мирот; а кога ќе ја откочите спиралата - тогаш стартува бескрајна низа барања од различните религиозни и етнички групи. А духот е веќе излезен од шишето и тоа не само заради божјите работи.




Edited by Cloverstack - 03-Feb-2008 at 20:57
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 02-Feb-2008 at 00:51


текст на место. Уште да има кој да го прочита од тие што треба да го прочитаат.

@Clover нема врска што е "компензација". Во случајов каде што се посега по државен буџет овој потег е само фер кон муслиманската заедница во земјава.

Проблемот е друг. За да се изгради една дивоградба со државен амин се турка уште една иста таква како баланс. Блазесе ни Ohno
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 02-Feb-2008 at 01:12


Па точно тоа ми беше и поентата. Битно е дека двата проекти се апсолутно неприфатливи. Ама кога политичарите се во филм дека се поглавици или племенски водачи, резултат се такви трампи и дилови.

Roll%20eyes
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 02-Feb-2008 at 02:51
Дури сега внимателно го прочитав текстот од Ванковска и можам да кажам дека направила одлична анализа не само за црквата, туку и за коренот на проблемот. На жената и симнувам капа... Не само што секогаш од нејзе сум слушал работи на место, туку дефинитивно треба да се одбележи и фактот дека е еден од најгласните критичари на бројни лоши појави и случувања во општествово, во време кога многу други интелектуалци се без'рбетници.


Македонија (и како држава и како плоштад на главниот град) станува новокомпонирана творба, турбофолк-креатура

Се е кажано... Wallbash


Edited by Cloverstack - 02-Feb-2008 at 04:32
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 02-Feb-2008 at 15:29
Еве ја и првата политичка реакција, според мене сосем на место
 
ЛДП: МПЦ да се огради од политичкиот маркетинг на Груевски

ЛДП ја повикува Македонската православна црква да се огради од политичкиот маркетинг на премиерот Никола Груевски кој тоа го правел врз верските чувства на граѓаните, односно да се огради од изградбата на црквата и со тоа да ја потврди и зачува својата многувековна самостојност и посветеност на сите граѓани со православна вероисповест.

“Сведоци сме дека мегаломанските идеи на Премиерот со кои безмилосно и непотребно се трошат парите на и онака осиромашените граѓани од ден на ден се повеќе се множат. По облакодерите од 100 и повеќе ката, куполите на Собранието, восочните фигури, кои чинат неколку милиони евра, репликата на театарот од кој скоро една година имаме само камен темелник, лавовите на мостот „Гоце Делчев„........ на ред е подигање на црква на плоштадот во Скопје и џамија на плоштадот во Тетово (меѓудругото за подигање на џамијата потребно е да се сруши еден стамбен блок)“, изјави Роза Топузовска Каревска, член на Извршниот одбор на Либерално демократската партија.

“Зар не е поцелисходно и приоритетно во овој момент да се градат и обновуваат училишта и болници, да се инвестира и стимулира на нови работни места, па дури и да се обештетат стечајците кои веќе една година се пред собранието“, праша Каревска.

ЛДП бара одговор на прашањето дали премиерот го доби мандатот од граѓаните за да ги врши земските работи и да ги решава проблемите со кои се соочуваат : невработеноста, нискиот животен стандард, лошата економска состојба или да гради цркви и џамии ?

“Ја повикуваме МПЦ да не дозволи државата да ја превземе нејзината улога во иницијатаивата за подигање на цркви и пропагирањето на религиозните вредности“, истакнуваат либералдемократите.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 02.02.2008 12:52:15

Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 03-Feb-2008 at 02:56
Decki zdravo.
Sakam da go kazam mojot stav vo vrska so izgledot na proektot na Kenzo Tange.
Za mene toa e najglupaviot proekt shto ovoj grad go imal i mnogu e zhalno shto do nekade pochnal da se ostvaruva. Tipot mislel deka vo ovoj grad zhiveat tokijci a ne skopjani. Lichno mislam deka nemal tri chisti od mentalitetot na narodot koj zhivee ovdeka. Pa samo koga kje se kacham na Vodno i go poglednam Gradski Dzid kako gradba mi se povrakja, a kamo li onie megalomanski zgradurini shto trebalo da se gradat. Ovoj narod ne naviknat na takov zhivot i sega, a kamoli za vreme na 60-tite godini koga sekoj 2 chovek ti bil rodnina vo gradov. A da ne zboram za slovenskata konstrukcija MNT. Odvratno. Mislam deka jas da sum ja proektiral podobro kje sum ja napravel.

Se chitame
Pozdrav
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 03-Feb-2008 at 11:55
ЛДП бара одговор на прашањето дали премиерот го доби мандатот од граѓаните за да ги врши земските работи и да ги решава проблемите.....
 
многу добра забелешка, не можев а да не ја нагласам комично ироничната изјава на Топузовска
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 03-Feb-2008 at 12:06

Cloverstack, се сложувам дека Ванковска оди најтемелно во толкувањето на проблемот со изградбата на црквата...велемајсторка , нема штоApplause

мене ми е професорка, секогаш после часовите со неа си заминувам "нахранета и богата"
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 03-Feb-2008 at 13:34
Еве го и конкурсот, од кој за жал не може да се добијат некои корисни информации (мене ми ја отвара само првата страна, а другите две се празни... до мене е или таков си е?)

http://kultura.gov.mk/documents/KIIR4.pdf


За „пофалба“ е колку се брзи кога ќе намислат некоја глупост. Еве наводно премиерот пред една недела добил визија, а веќе имаме меѓународен конкурс...
За разлика од тоа, на почетната страна на истиот сајт ( http://kultura.gov.mk ), ударно стои „информација“ за стариот театар. Кога ќе кликнете на „повеќе“, ве носи на празна страница... Така е веќе година и пол!

Roll%20eyes



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 04-Feb-2008 at 00:14

Ни се заканува ли духовно ропство

Ерол Ризаов

Се одлучивме да градиме цркви, катедрали и облакодери, а училиштата ни се уште од 19 и средината на 20 век

Дали навистина ни се заканува духовно ропство и опасен примитивизам, целосна маргинализација на Македонија, не само во Европа и на Балканскиот Полуостров туку и во т.н. Западен Балкан каде што остануваме само ние, Албанија и Косово. Србија веќе не' надминува и многу брзо ќе не' остави зад себе. Хрватска тоа веќе го направи во изминатите неколку години. Бугарија и Романија слават годишнини во ЕУ и во НАТО. Ние се одлучивме да градиме цркви, катедрали и облакодери, сончеви градови, обновување стари театри и мостови, а училиштата ни се уште од 19 и средината на 20 век. За 30 години изградивме само една хидроцентрала. Не' чека мрак - и световен и духовен.

Сега почнав да го разбирам Милан Кучан, словенечкиот експретседател, кога беше исплашен од провинцијализацијата и маргинализацијата на Словенија кога таа влезе во ЕУ и во НАТО. Тогаш ми рече: „Сега по влегувањето во ЕУ и во НАТО за Словенија е најопасна нејзината маргинализација и провинцијализмот. Не треба да правиме некаква кинеска културна револуција. Тоа најмалку. Ама мораме да развиеме една сериозна активност да отвориме значајни полемики, да го слушнеме гласот на умните луѓе во Словенија и во светот и да ја спасуваме Словенија да не се претвори во провинција на Европската унија“.

А што да прави Македонија кога нашите научни и културни елити молчат. Пензионерите во оваа држава станаа најхрабрите луѓе. Ретките примери на критика и предупредувања се слушаат како осамен лелек на некакви комуњари кои сакаат да го сопрат нашиот лет во светлата иднина. Не се оди во иднина со цркви, џамии, облакодери, сончеви градови и музеи на восочни фигури. Еден од најголемите облакодери слушаме е изграден во Пјонгјанг, го направил Ким ил Сунг, ама сега стоел како сведок на големата заблуда. Ајде нешто да копираме од светот, иако кај нашиот народ тоа го има од поодамна. А тоа се вистинските донации. Ајде, место цркви и џамии, да градиме училишта, патишта и болници... А цркви и џамии нека си градат МПЦ и ИВЗ и верниците кои сакаат да го прават тоа со свои пари, а не со државни, односно пари на сите граѓани.

Се' уште во Ново Село седат ученици на клупите на кои учителствувал Гоце Делчев. Ајде да донираме за тоа. Нашите новопечени мецени и ктитори повеќе претпочитаат да градат цркви отколку училишта. За тоа никој не може да биде против, некој за свои пари да и' подари нешто на нацијата. Има такви што градат и цркви и џамии, но градат и фабрики. Можеби им е полесно кога за време на животот се гледаат насликани како светци по црковните ѕидови. Плаќаат сликари да ги живописуваат додека се живи. Меѓутоа, сигурен сум дека похумано е во овој историски период да се градат водоводи, канализација каде што ги нема. А ги нема на многу места. Подобро е да се изгради пат во беспатица, да се школуваат деца, да се лекуваат сиромашни, ете тоа е хуманоста која се почитува во светот, и од Господа. А кога се донира во цркви и џамии, тоа сепак е еден интимен чин за кој не мора да знае целата нација, не мора од тоа да се прават спектакли. А најмалку треба да се трошат пари од заедничката каса. Од буџетот. Баш сакам да видам што ќе каже ММФ и Светска банка за овој потфат кога веќе молчи нашиот министер за финансии.

Политичкиот булдожер со кој уриваме историски споменици е уште поопасен од политичките кранови со кои градиме илузии за светла иднина. Илузиите кога ќе се распрснат, а тоа мора да се случи еден ден, ќе се соочиме со реалноста, ќе сфатиме, не знам по кој пат, дека тоа било една голема прелага на вештите политичари на наивните гласачи во битката за власт. Но, кога се урива, штетите се трајни и најчесто ненадоместливи. Дури и кога нешто ќе се обнови од урнатото, тоа не е исто. Последиците од уривањето на историјата остава трајни лузни во колективното паметење на граѓаните, ги дразни највозвишените чувства и предизвикува омраза.

Пред неколку години ја урнавме, спокојно, без потреси, Имарет-џамија во Охрид влезена во многу енциклопедии на историјата на уметноста, за да го изградиме Плаошник. А можевме да го имаме и едното и другото. Можеше да се зачува Имарет и да се обнови. Тоа со ништо немаше да му пречи на Плаошник. Напротив, ќе добиевме импозантен комплекс со пресек на две култури, на две цивилизации. И Имарет и Плаошник се македонски.

Терористите го урнаа Лешочкиот манастир за еден миг, за среќа, го обновивме. За тоа ни беа потребни пет години. Раните и сомнежите останаа за навек. Не ја обновивме Чарши-џамија што ја запалија некои гневни прилепчани. Таа остана како грдотија во центарот на Прилеп. Изгоре за една ноќ нешто што е изградено пред 500 години. Во светот и камењата постари од сто години се слават. Чарши-џамијата е нем споменик на талибанизмот во Македонија. Под Јени-џамија во Битола некој одамна упорно копа без причина, изгледа бара гласови за сите избори.

Од ориентален убавец Камениот мост во Скопје некои идиоти, на очиглед на нашата рамнодушна јавност, направија Јустинијанов мост. Карикатура, гротескен фалсификат на историјата, па сега во центарот на Скопје преку Вардар не' води едно корито кое сведочи за примитивизмот на нашите власти и на некои наши квазиисторичари, а всушност идеолози и шовинисти. Деновиве гетоизација подготвуваат и некои турски апаратчици и ранобудни политичари. Тие смислиле дека не е убаво новиот турски театар да биде од десната страна на Вардар крај новата железничка станица, каде што беше добиена локација за новиот турски театар. Какви ли се' билмези одлучуваат во оваа држава. Тие самите претпочитаат да живеат и да работат од десната страна, ама, турскиот театар морал да биде од левата страна и баш на Бит-пазар. Ете тоа се нашите муфљузи идеолози кои сакаат да ги геотизираат и Турците во Македонија, а молчат како кукавици кога им го земаат знаменитиот Куршумли- ан за чиновнички канцеларии на партиски војници.. Аднан Ќахил многу сака да го имитира Никола Гуревски. Ашколсун.

Верата не се брани со изградба на цркви и на џамии. Се сеќавате ли кога нашиот знаменит Блаже Конески на 1100-годишнината од Свети Климент и Наум рече: „Кандилцата во охридските куќи кои горат под иконите на Богородица ја одржаа нашата нација и нашиот јазик и нашата вера“. Ако не се сеќавате, потсетете се. Потсетете го и премиерот, може ќе му текне дека верата се брани и на друг начин, а не со народни пари вложени во двете најголеми претпријатија денес во Македонија, Владата и МПЦ.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7319924334A3314DAEF773B943B21ECE

Груевски не се откажува од изградбата на црква на плоштадот

Според ЛДП, владините одлуки за градење црква и џамија се „директен упад во уставниот поредок“

Гордана Дувњак

Премиерот Никола Груевски не се откажува од намерата за изградба на црква на плоштадот во Скопје и покрај острите реакции на опозицијата, но и на дел од стручната јавност. Опозиционата Либерал-демократска партија викендов ги оцени владините одлуки за изградба на црква на плоштадот во Скопје како „директен упад во уставниот поредок и целосно рушење на политичкиот систем на државата“.

„Тезата дека на плоштад не се гради црква е толку погрешна што не знам како се осудија од СДСМ и од нивниот приврзок ЛДП да ја пласираат. Не само што не е така туку е обратно“, изјави викендов премиерот Никола Груевски. Тој објаснува дека во повеќето големи градови, а особено во главните градови и во православните, и во католичките, и во протестантските земји, има вакви објекти на плоштадите. Како примери тој ги наведува Москва како главен град на најбројната православна земја, или Прага на т.н. Стар плоштад, потоа Рим, Венеција со „Сан Марко“, Софија, Барселона, Париз со „Нотр-Дам“, Брисел, Тирана со старата џамија на плоштадот, Виена со Катедралата на св. Стефан и многу други. Тој нагласува дека во непосредна близина на местото каде што ќе се гради црквата веќе постоела црква.

Премиерот како лага го квалификува и тоа дека црквата ќе се гради на местото каде што била куќата на Мајка Тереза, а како обид за дискредитација на проектот името на црквата. Тој наведува дека единствено МПЦ има право да одреди на кој светец ќе биде посветена црквата и никој друг, па ни тој нема право да и' се меша на Црквата во таа чисто и исклучиво црковна работа.

„Конечно, кога ги споменуваме плоштадите, ќе додадам дека речиси на сите плоштади во поголемите градови има и споменици и фонтани и не можам да разберам што згрешиле во Општина Центар кога одлучиле и во македонскиот главен град да го има тоа. Или се работи за различни вкусови, што, судејќи според урбанистичкиот план кој СДСМ и архитектот и градоначалник на СДСМ, Мирослав Грчев, го донесоа за плоштадот уште во 1997 година, не е тоа, бидејќи таму се предвидени повеќето објекти кои денес истите луѓе ги оспоруваат, или се работи за обид за манипулација со граѓаните, во што повеќе верувам кога ќе видам дека СДСМ уште пред десет години предвидувала да го изгради плоштадот без малку на ист начин“, изјави Груевски за МИА.

Членот на Извршниот одбор на ЛДП, Роза Топузова-Каревска, на прес-конференција викендов праша: „Зар не е поцелисходно и приоритетно во овој момент да се градат и обновуваат училишта и болници, да се инвестира и стимулира на нови работни места, па дури и да се обесштетат стечајците кои веќе една година се пред Собранието“.

Според неа, сега не е време за градење цркви и џамии, туку е вистинско време да се мобилизира Владата и по примерот на некои други земји од регионот да го ублажи ценовниот шок.

„Во православието, кое се темели врз постулатите на христијанската религија, низ историјата не е познато и не е својствено подигање цркви на плоштадите. На плоштадите најчесто се граделе храмовите на многубошците, додека, пак, околу католичките цркви по нивното заживување никнувале плоштади“, изјави Топузова-Каревска.

Таа рече дека ЛДП ја повикува МПЦ да се огради од изградбата на црквата и со тоа да ја потврди и зачува својата многувековна самостојност и посветеност на сите граѓани со православна вероисповед.

„Ја повикуваме МПЦ да се спротивстави на подигање црква на плоштад, со што ќе го почитува духот на православието посветен на внатрешните човекови вредности, меѓу кои се скромноста, чесноста и почитта, а не на сјајот и помпезноста. Ја повикуваме МПЦ да не дозволи државата да ја преземе нејзината улога во иницијативата за подигање цркви и пропагирањето на религиозните вредности“, рече Топузова-Каревска.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=768DCA9F13508A4B955AFF2BED7B35C8

Bash
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.570 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.