Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#261 Posted: 04-Sep-2009 at 14:10 |
Телеком Словенија стартува со дигитална телевизија во Македонија
Телеком
Словенија, сопственик на мобилниот оператор Космофон и на Оннет,
започна со емитување на дигитална телевизија на целата територија на
земјата. Како што информираат од компанијата, оваа есен 95% од
домаќинствата во Македонија ќе бидат во можност да уживаат во
програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени
странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за
седум дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека
со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси. Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на тв етерот. Во
наредните недели, 500 македонски домаќинства ќе имаат можност бесплатно
да го пробаат новиот тв сервис, во кој ќе бидат понудени голем број
домашни и странски канали од најпопуларните жанрови меѓу македонските
гледачи; спорт, филм, музика, детска, документарна и образовна програма
и канали за возрасни со посебна заштита за децата. Најголема
новина е локализацијата на македонски јазик, што значи дека странските
канали се титлуваат или синхронизираат на официјалниот јазик во РМ ,
онака како што е пропишано во домашните закони. Инвестицијата
во безжичната дигитална телевизија за Република Македонија е во целост
финансиски обезбедена и Телеком Словенија е сигурен дека на
македонските домаќинства од оваа есен ќе им овозможи да следат ТВ
програми по сите најнови светски стандарди. /крај/со/ст |
http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=8619
Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на тв етерот. |
Ме интересира колку од ова е вистина?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#262 Posted: 04-Sep-2009 at 14:17 |
Европска унија има зацртано до 2012 година да го дигитализира тв етерот, вклучувајќи и терестријатниот домен (безчини ухф вхф), со тоа што сите дома ќе треба да имаме дигитани приемници, а и новите телевизори веќе се произвеуваат и со дигитални приемници да не треба дополнителен уред да се купува. Македонија е доста напред во однос на дигитализацијата на кабелскиот домен, веќе скоро сите од кабелските оператори имаат дигитални услуги, трипл плеј и слично. Во врска соп терестријалната имаше некои најави дека он нет требаше првично да набави околу сто илјади апарати за домаќинства и да биде оператор, ама незнам што бидна со тоа. Има премногу глутници гладни за пари што вијат околу мтв радиодифузен сектор и слично, така да некаде може да се заглавила работата предходно.
Далеку од тоа дека сме до толку добри да бидеме една од водичите во европа, но во секој случај не заостануваме и мислам дека сме во солиден чекор со еу околу тој процес, за разлика од многу домени каде шпто сме децениски назад.
Edited by lslcrew - 04-Sep-2009 at 14:18
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#263 Posted: 12-Sep-2009 at 13:32 |
Originally posted by beTon
Originally posted by beTon
таман мислев дека со космофон со ало-ало пакетот ќе пуштат и интернет за домашни корисници, кога ето словенечка статива!
ајде може и ќе пуштат срце словенциве па малку и да ја дисперзираат концентрацијата на интернет исклучиво по жица! ова со интернет по ало пакетот ќе дојде нешто kako старата понуда на он.нет со wadsl доколку и навистина направат вакво нешто во иднина! |
Originally posted by lslcrew
Па спојувањево не очекувам нешто драстично да смени освен што ќе добиеме уште една трпл-плеј понуда на пазарот покрај сегашните на т-мобиле и кабелтел.
Во последно време на пазарот веќе сервисот не бира медиум, односно сите три сервиси (тв+нет+тел) веќе се присутни преку сите оператори (мобилни+фиксни+кабелски) што е доста здраво за пазрот на телекомуникации. Ваквите окрупнувања како неодамнештото со т-хоме и т-мобиле и сегашново на словенциве само ја олеснува дистрибуцијата на сервиси до граѓаните. |
јас посочувам за ало ало пакетот како бежична припејд телефонска конекција, значи како што тераат интернет со 3G да тераат и со ало ало, но ало телефонијата мислам дека е на wadsl принцип !? |
ALLONET ФИКСНА ЛИНИЈА И ИНТЕРНЕТ ДОСТАПНИ НАСЕКАДЕ  COSMOFON и ON.NET Ви го нудат AlloNet - фиксна линија и ADSL интернет заедно, достапни насекаде и за секого. AlloNet Ви овозможува: до 300 минути вклучено време за разговор кон сите национални фиксни мрежи, секој месец- до 30 GB вклучен интернет во претплатата, секој месец
- најниска претплата за фиксна линија и интернет
- една сметка за фиксна линија и интернет
најниска цена за повици кон мобилните и фиксните корисници на COSMOFON и ON.NET - иста цена за локални и национални повици
- без трошоци за приклучок, модем и инсталација
- договор на неопределено време
Во промотивниот период, до 31 октомври 2009, сите AlloNet корисници добиваат 1000 денари бонус за разговори, кој може да се користи 3 месеци од денот на активација. Бонусот со ДДВ изнесува 1180 денари.
Одберете еден од двата тарифни модели - AlloNet 899 или AlloNet 1099, во зависност од Вашите комуникациски потреби. |
Edited by Max - 12-Sep-2009 at 13:34
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#264 Posted: 12-Sep-2009 at 13:55 |
Многу пати сум се нервирал со овие операторите што бараат некои договори на одредено време за да веднаш следниот месец се смалат цените, а договорот те обврзува на две години. Јас разбирам да имам земено некаков апарат на користење па да треба да го одплаќам на рати, но за цени кои варираат (претежно паѓаат) да треба да се плаќа фиксна нереална цена. Затоа и кога правев избор на интернет провајдер пред неколку години, го ордбрав единствениот пакет од CableTel (бивши КабелСат) кој беше на неопределено време и единствен пакет што всушност цените автомтаски паѓаа (два пати паднаа) при промена на цени.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#265 Posted: 22-Oct-2009 at 14:28 |
АЕК ќе ги пребројува корисниците преку активни броеви22.10.2009 14:52 | Кај „Ти-мобајл“ изнесува 64,8% |
| |
Агенцијата за електронски комуникации ја смени методологијата за пребројување на корисниците на мобилен телефон. Повеќе нема да се применува праксата евиденцијата да се прави со регистриран број во базата на операторите, туку со активен припејд и постпејд корисник во текот на цели 3 месеци. Според новите мерења во вториот квартал, лидер е „Ти-мобајл“ со пазарен удел од 64 проценти, „Космофон“ има удел од 23 проценти, а ВИП операторот удел од 12 проценти. „Кај „Ти-мобајл“ изнесува 64,8%, ова е уделот врз основа на активни претплатници по дефиницијата од 3 месеци, не врз основа на приходи, туку претплатници. На „Космофон“ изнесува 23,37%, додека ВИП во целокупниот пазар по бројот на активни претплатници изнесува 11,95%“, вели Васка Петровиќ, АЕК. | http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115305
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#266 Posted: 26-Oct-2009 at 18:50 |
Македонија лидер во регионот бројот на интернет корисници!
Македонија со 50,3% е лидер на Балканот според бројот на интернет корисници постари од 15 години, покажува истражувањето спроведено од GfK, а се однесува на земјите од Централна и Источна Европа. Веднаш по Македонија се сите соседни земји, од Балканоткако и двете нови членки на ЕУ, Бугарија (со 33,1%) и Романија (со 32,5%). Од сите 17 земји вклучени во истражувањето, на врвот се Естонија со 70,3%, следува Словенија со 67,5%, а на третото место е Австрија со 58,7%. Македонија е на средината од листата, во друштво на Словачка со 51,2% корисници на интернет и Хрватска со 47,5% интернет корисници.
Според бројот на корисници на дневна база Македонија со 50,3% се најде на деветтото место, а најголеми дневни “интернет сурфери’ се граѓаните на Естонија со 82% од вкупниот број на корисници, потоа следува Романија со 45%, па Словенија со 71% од вкупниот број на интернет корисници.
Интернет конекција од дома имаат 43% од Македонците, а на врвот се Естонија и Словенија со 74%, како и Латвија и Австрија со 60%,каде што интернет корисниците кои имаат интернет конекција во своите домови. Слично е и споредувањето за користење на интернетот за дневно информирање и пребарување на нови вести. Во таа категорија Македонија е на третото место во категоријата (од 67 до 61%), заедно со Хрватска Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија, Полска и Македонија. Во оваа категорија на врвот е Естонија со 83%, а позади неа се Словенија, Литванија, Латвија и Романија со број на корисници од 72% до 78%. Македонија заедно со Бугарија со 48% е на самиот врв по бројот на интернет корисници кои користат “CHAT” и други видови социјални мрежи, а сме на дното во категоријата “купување преку интернет“, каде само 8% од вкупниот број на интернет корисници ја користат оваа услуга, но сепак и тука сме во друштво на земјите членки на ЕУ и далеку пред нашите соседи.
(Тотал)
http://total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=15291
|
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#267 Posted: 03-Nov-2009 at 01:44 |
Тотал ТВ Кабелска сателитска телевизија
Понеделник, 02 Ноември 2009 18:18 |

Тотал
ТВ директна до дома платформа е новиот кабелски оператор во Македонија,
кој по освојувањето на публиката во Србија, Црна Гора, Словенија, Босна
и Херцеговина и Хрватска од сега и во Македонија. Различни се од
другите.
„
Оваа услуга е првенствено наменета за региони во кои во моментов нема
покриеност со кабелска телевизија, што не значи дека и во регионите
каде што има кабелски телевизии не е достапен овој сервис" вели Кире
Трендафилов директор на Тотал ТВ кабелската сателитска телевизија.
Се
работи за кабелска дигитална телевизија преку сателит со опрема која ја
обезбедува телевизија но и можност освен за редовна месечна претплата и
на припејт услуга.

„
Освен што нудиме повеќе од 100 домашни и странски канали ќе добиете и
преку 200 слободни канали кои се на располагање на двата сателита кои
што корисниците ќе ги одберат при инсталирањето на оваа опрема. Значи
два саталита, едниот е задолжителен тоа е ЕУТЕЛ САТ В2 на кој ќе ги
емитуваме нашите програми кодирани и по Ваш избор ќе одберете уште
ХОТБРД или АСТРА, на кои ќе ги добиете т.н. слободни канали, ВЕБ
страница, кол центарот кој ќе биде на ваша услуга во секое време" вели
Трендафилов.
Во регионот доби милионска публика.

„
Во регионот име преку еден милион претплатници, содржината на каналите
кои ги нудиме е дека сме поконкурентни од актуелните кабелски оператори
во Македонија" вели тој.
Се надеваат дека со новната квалитетна понуда за скоро време ќе го освојат телевизискиот пазар во Македонија.
Стево Башуровски
|
|
http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=14112:2009-11-02-17-20-12&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#268 Posted: 03-Nov-2009 at 12:53 |
Веќе неколку дена стара вест но ја немаме евидентирано
EQ TV нов сопственик на КејблтелМакедонскиот кабелски и телекомуникациски провајдер Кејблтел од неодамна се наоѓа под чадорот на водечкиот Европски инвестициски фонд „И КЈУ ТИ ВИ“ (EQ TV). EQ TV е водечки приватен инвестициски фонд, кој работи во Северна, Централна и Источна Европа, САД и Азија. Во компаниите што се под закрила на овој фонд има повеќе од 500.000 вработени, а годишниот пораст на корпоративните приходи се движи околу 13%. Седиштето на EQ TV за Централна и Источна Европа е во Варшава. Со одлуката на EQ TV за ширење на источноевропскиот пазар, покрај македонскиот кабелски оператор се опфатени и двата водечки оператори во соседна Бугарија, Кејблтел и Еуроком. Станува збор за инвестиција вредна 200 милиони евра, која е една од најголемите странски инвестиции во овој сектор во регионот. Искуството на EQ TV и локалната експертиза од Кејблтел, се очекува да резултираат во проширување и подобрување на услугите од сегментите на дигиталната телевизија, интернетот и телефонијата кон крајните корисници во Македонија. Македонскиот кабелски и телекомуникациски провајдер Кејблтел е создаден со обединување на 13 кабелски оператори во Македонија со стратешки американски инвеститори. | http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=19581
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#269 Posted: 03-Nov-2009 at 14:40 |
Еве уште една веќе стара вест, каде освен за домените и кириличното писмо може да научите и дека Сеул се наоѓа во Северна Кореја
Од 2010 година ќе може да се регистрираат домен адреси на кирилично писмо
Граѓаните на Македонија од наредната година ќе имаат можност да регистрираат домен адреси на кирилично писмо. Ваква одлука беше донесена од Управниот одбор на интернет корпорацијата (ИКАН), минатата недела во Сеул, Северна Кореја каде се одржа 36-тиот форум на ИКАН, каде Македонија за прв пат имаше своја делегација, рече министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.
“На ова историско заседание на ИКАН, се донесе таа одлука со која што за брзо време домен адресите од почетокот на адресата до самиот крај ќе бидат на мајчин јазик. Покрај латинската азбука, ќе се воведат уште 100 илјади карактери за пребарување на интернет адреси”, додаде Ивановски.
Главната тема на конференцијата била препораката на владиниот советодавен комитет за воведување на т.н Брза патека за интернационализирани домен адреси.
На ова заседание била усвоена и апликацијата со која Македонија станува рамноправна членка во владиниот советодавен комитет на ИКАН.
Во рамките на конференцијата, министерот Ивановски остварил средба со професорот,Стив Крукер кој што заедно со уште двајца професори од САД , го дизајнираа интернетот и претседателот и извршниот директор на ИКАН, Род Бескром. | http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=63716&kategorija=1
Edited by pbanks - 03-Nov-2009 at 14:40
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#270 Posted: 11-Nov-2009 at 01:54 |
Изгледа денес ќе биде ребрендирањето и спојувањето на Он.Нет и Космофон, а во јули од страна на Космофон била регистрирана некоја страница www.ONE.com.mk
http://dns.marnet.net.mk/registar.php?dom=one.com.mk
Па, дали тоа ќе биде името новиот оператор?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#271 Posted: 11-Nov-2009 at 01:59 |
И јас имам слушнато дека тоа ќе биде името. А иако немам слушнато, убеден сум дека оние СЕКАДЕ реклами деновиве се нивни. Завчера видов дека го расклопиле и дуќанот во ГТЦ и го реновираат.
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#272 Posted: 11-Nov-2009 at 12:21 |
Новиот Cosmofon (One)
http://www.one.mk/
Дигитална телевизија BoomTV
http://boomtv.mk/
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#273 Posted: 11-Nov-2009 at 13:02 |
|
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#274 Posted: 17-Nov-2009 at 10:11 |
Веста можеби е и за ГПС покриеност, бидејќи сепак се работи за гео-просторно лоцирање:
Локатор нова услуга од ONE
Телекомуникациската компанија ONEстартуваше нова мобилна веб апликација под името Локатор, прва од ваков вид услуга на телекомуникацискиот пазар во земјава, достапна на сите ОНЕ корисници на мобилната телефонија, известуваат од компанијата.
“Апликацијата Локатор којашто овозможува брзо и едноставно пронаоѓање на бараните локации низ земјава е резултат на првиот заеднички проект на ОNE и сестринската компанија Најди.си во рамките на Телеком Словенија групацијата. Локатор е мобилна веб апликација што дава можност за пребарување на точки од интерес, населени места, улици и адреси во Македонија. Бараната локација се презентира на мапа означувајќи ја точната позиција“, велат од ОNE.
За да се пристапи на апликацијата Локатор, потребно е да се внесе адресата хттп://лоцатор.планет.мк во интернет пребарувачот на мобилниот телефон или преку селектирање на линкот Локатор во Планет порталот.
Апликацијата Локатор е направена на Македонски, Албански и Англиски. Вклучува повеќе од 220 туристички локации со детални историски информации, преку 500 јавни институции (владини објекти, амбасади, училишта и универзитети, транспортни центри, паркинг, итн), сите национални патишта (автопати, регионални и локални), реки, езера, железница и граници.
Во иднина се очекува оваа услуга да ги вклучува и трговските центри, хотели и ресторани, бензински пумпи, спортски објекти.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на 17.11.2009 09:41:58
|
Edited by UrbanFreak - 17-Nov-2009 at 10:12
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#275 Posted: 17-Nov-2009 at 15:21 |
 
Т-Хоум: По извонредниот 3 Макс, доаѓа интернет со брзина на светлината
Македонски Телеком денеска го промовираше новиот пакет 2 Макс, со цел да го направи МаксТВ достапен до што е можно повеќе граѓани. Пакетот вклучува само телевизија и фиксна линија и е идеален за оние корисници кои немаат потреба од интернет.
Со цел да се поддржи зголемувањето на интернет пенетрацијата во Македонија, Македонски Телеком објави три месеци гратис на Call&Surf пакетите, интернет со големи брзини и бесплатни телефонски разговори со над 120 000 членови на големото 3 Макс и Call&Surf семејство.
“Од први декември 2009 година, комплетното продуктно портфолио на МаксАДСЛ, Call&Surf и 3Макс ќе функционира преку оптички кабел под името Маџ Оптиц, во областите поврзани со оптика. Нашата цел е да им го обезбедиме на што е можно повеќе граѓани ова ново искуство и да уживаат во светските телекомуникациски иновации. Ние на нашите корисници им го носиме интернетот со брзина на светлината”, изјави на денешната прес-конференција Главниот директор за Маркетинг, Матијас Ханел.
Оптика до домот е најнапредната технологија во светот за широкопојасен интернет пристап и за телекомуникациски услуги воопшто и во моментов ја користат над 20 милииони претплатници низ светот.
|
Edited by UrbanFreak - 17-Nov-2009 at 15:24
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#276 Posted: 17-Nov-2009 at 16:49 |
FTTH (Fiber to the home) е нешто релативно најново у светски рамки како технологија за понуда на интернет и други сервиси до краен корисник. Пред неколку месеци кога почна да се иснталира опремата прво се почна од Тафталиче, Карпош, Ѓорче и на факултет имавме некои презентации за инсталирање оптичка опрема и ова го збореа лучето што работеа на инсталирањето на оваа мрежата на Т-Хоме. Малку ја подзаборавив работава, еве сега денес ова ме потсети. Македонија е една од државите кои се влезени во трендот на следење на технологиите и цената за интернет и сервиси, па така сега и со FTTH.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#277 Posted: 30-Nov-2009 at 08:31 |
и досега пуштаа оптички влакна како опција но само за правни лица, знам за две три фирми кои имаа директно конекција од телеком, не се сеќавам на цена но беше солено, во основа и не е проблем дали пуштале изнајмен оптички кабел туку колкав капацитет имал главниот вод на телеком на времето! сигурно не им обезбедувале повеќе 1мб/с
а сега сигурно ќе тераат до 40мб/с незнам од каде и колкава цевка имаат, но сепак негледам особена потреба од волкави брзини, освен за евентуално директни видео конференции или пак за затворени сигурносни ситеми, мислам мвр и судот и државната администрација веќе во скопје би требало да е врзана со оптики кабел!? а за дигиталнава на 0 не ми е јасно почнаа со mpg4 или засега се на mpg2
http://www.boomtv.mk/pomosh/tehnichki-specifikacii инаку слободните канали може и со дримбокс да се фаќаат http://www.novisf.com/wbb3/digitalna-televizija/digitalne-platforme-i-kanali-iz-ex-yu-zemalja/digitalna-i-analogna-zemaljska-tv/p814997-boom-tv-macedonia/#post814997
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#278 Posted: 30-Nov-2009 at 15:43 |
Не пуштале само за правни лица, пуштале за тој што ќе си плати!
Брзините не верувам да бидат нештокојзнае колку поголеми од тоа што сега го нуди пазарот. Па дури и не поради технолошки причини туку пред се поради пазарни. А може и да направат некои комбинации на пример во рамки на Македонија да не се тарифира, туку само надворешниот сообраќај да биде ограничен или нешто слично. Така веќе има логика домашниот сообраќај да иде со максимални брзини, а и ќе се стимулираат нашиве компании да хостираат во Македонија.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#279 Posted: 30-Nov-2009 at 23:19 |
Звучи феноменално, вклучувајќи ги и цените...
Ќе се сурфа со брзина на светлината За илустрација, веќе се направени тестови во кои низ едно оптичко влакно е остварен проток од 14 терабита во секунда, што е доволно да помине целиот интернет сообраќај на Македонија помножен со 1.000, односно тоа е доволно за 210 милиони телефонски повици во една секунда и за преземање на 380 DVD филмови во една секунда
Македонски Телеком деновиве ќе започне со практична реализација на проектот "Оптика до домот" преку кој ќе ја нуди најновата услуга Max Optic. Со неа, корисниците ќе можат да сурфаат и симнуваат содржини од Интернет со брзина на светлината. Од Телеком велат дека преку овој нов телекомуникациски сервис, корисниците ќе можат да го добијат комплетното продуктно портфолио на MaxADSL, Call&Surf и 3Max кое сега ќе функционира преку оптички кабел. - Optic пакетите се разликуваат од стандардните Call&Surf и 3Max пакетите според вклучениот интернет сообраќај, како и по брзината и вклучените бесплатни разговори во мрежата на Македонски Телеком. Притоа, цените за воведување на оваа нова технологија ќе бидат од 1.200 до 2.800 денари - за обичните и од 3.500 до 7.000 денари - за бизнис корисниците - велат од Телеком.
Пакетите за приватните корисници се: Call&Surf Optic Comfort и Optic Comfort plus, како и 3Max Optic Comfort и Comfort plus. Услугата ќе стартува во Скопје, и тоа во центарот на градот, Градски ѕид, Капиштец, Карпош, Аеродром, Ново Лисиче и други делови, при што како ќе се поставува оптиката, така и ќе се приклучуваат корисниците. Со Optic пакетите на Македонски Телеком се добиваат посебни погодности, што ги немаат другите слични телекомуникациски производи достапни во Македонија, а тоа се драстично поголема интернет брзина и до 50 мегабити во секунда, повеќе интернет сообраќај, уште постабилна интернет врска, иста дојдовна и појдовна интернет брзина, погодна за примање и праќање обемни соржини (на пример видео снимки или слики, при што, на пример еден филм ако досега се "симнуваше" за 1,5 час, сега ќе може само за три минути). Тука е и гледање повеќе ТВ канали со висока резолуција во исто време и бесплатна втора телефонска линија, при што зборувате на две телефонски линии во исто време додека сте поврзани на интернет и гледате MaxTV. Оваа врвна технологија моментално ја користат над 20 милиони претплатници во светот. Технологијата "Оптика до домот" практично не застарува и има скоро неограничени можности. За илустрација, веќе се направени тестови во кои низ едно оптичко влакно е остварен проток од 14 тера бита во секунда, што е доволно да помине целиот интернет сообраќај на Македонија помножен со 1.000, односно тоа е доволно за 210 милиони телефонски повици во една секунда и за преземање на 380 DVD филмови во една секунда. | http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6116DD2416FB0C4DAF4ED0F8DD34A02D
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#280 Posted: 01-Dec-2009 at 04:21 |
Оптиката дефинитно се потврдува на терен како оптимална. Е сега исталацијата на цела таа опрема е многу сложена но сепак се исплати. Ови брзини секако дека се физичката граница и дека тешко кој би имал потреба од толкави брзини, иако кога се збори за интернет нема тука муабет дека за некоја години и ова може би малку ќе стане. Нема простор за неверување. Оптиката е прва која ги постигнува скоро природните, физичките максимални брзини, и во скоро време може и да дојде до теоретската граница фотон=бит. Оптикава почна да се употребува и надвор од комунилкација, односно веќе се прават матични со оптички магистрали. У секој случај Македонија уште еднап потврдува дека е меѓу водичите во светски рамки со интернет, може би не по пенетрација, но по имплементација на технологии. Би сакал и на своја кожа да го пробам ова, поготово уште малку ако ме понервираат овие од КејблТел.
|
 |