Ovoj objekt mi go razbi mitot za mokta na Evreite vo svetot)
Овој објект не го градат Евреите низ светот, туку е заложба на сите досегашни Македонски влади, како европска земја со најголем % еврејска популација убиена за време на холокаустот. На Евеите не им треба потсетник да ги потсети на милионските жртви, тоа е потребно на останатите нации во Европа како потсетник на најмрачниот период во човештвото.
Моќтта и пред се способноста на Евреите не е воопшто мит. Апсолутно кривицата е наша. Нели се фалиме дека имаме расцветани односи со Еврејската Држава, сега беше Груевски на гости, зошто не се покрена прашањето за евентуална донација од нивна страна? Сигурен сум дека ќе помогнеа и ќе одделеа пари за проектов, пред се затоа што тие ги ценат заложбите од ваков тип, каде и да се тие. Но, срамота е што овој објект вака се влече, со години, скоро декада цела од селидбата на привремената автобуска станица.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Па колку што знам проблемот воопшто не е ниту на Израел ниту па на евреи од други држави, или па незнам зошто би бил само на Евреи. Музејов е пред се потсетник и да виси како секира над секоја радикална идеја, пример како не треба. А што се однесува до изградбата, колку што знам се некои административно заглавени процедури не од страна на иституциите, туку од страна на некои здруженија.
Па колку што знам проблемот воопшто не е ниту на Израел ниту па на евреи од други држави, или па незнам зошто би бил само на Евреи. Музејов е пред се потсетник и да виси како секира над секоја радикална идеја, пример како не треба. А што се однесува до изградбата, колку што знам се некои административно заглавени процедури не од страна на иституциите, туку од страна на некои здруженија.
Македонија се стекна со огромна почит во светските еврејски асоцијации и во Израел со самата заложба за изградба на објектот. Од друга страна начинот на кој се финансира неговаат изградба и идно одржување е од денационализација на имотите на Евреите кои немаат правни наследници. Тоа се имотите на преку 7000 Македонски Евреи кои завршија во Треблинка. Владата формираше посебен фонд и посебна организација која е составена од членови делегирани од Владата на РМ и од членови делегирани од Еврејската Заедница, да го контролираат и координираат овој процес. Колку оваа организација е способна или не да го истурка проектов до крај не би коментирал, но во секој случај тоа е грандиозен проект за кој се заложи уште Киро Глигоров во раните 90ти, и се надевам ќе најде државата сили да го доизгради, иако се соочуваат со проблеми од административен, имотно правен, финансиски и изведбен карактер.
Спикерот Вељаноски на
конференцијата во Краков, по повод 65 - годишнината од ослободувањето
на концентрациониот логор Аушвиц, во алманахот на учесниците е со
сонцето од Вергина, наместо со државното знаме
Македонија
со Законот за денационализација и го врати целокупниот имот на
еврејската заедница која го имала уште пред Втората светска војна, како
и имотите на нашите сограѓани Евреи, кои беа ликвидирани во Треблинка,
а немаат правни наследници, рече претседателот на Собранието на
Македонија Трајко Вељаноски на симпозиумот "Светот по холокаустот" на
Меѓународната конференција во Краков, Полска, по повод 65 - годишнината
од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. "Денес во
Скопје во завршна фаза е изградбата на Меморијалниот центар посветен на
холокаустот на Евреите од Македонија. Тоа ќе биде и центар каде што
преку најразлични активности ќе се промовира мултиетничкиот и
мултикултурниот живот во Македонија и ќе се промовираат заедништвото,
толеранцијата и дијалогот, не само меѓу граѓаните на Македонија, туку и
во целиот регион", потенцирал спикерот Вељаноски. Тој во Полска е на
покана од организацијата Европски пријатели на Израел.
Спикерот
Вељаноски на конференцијата, во алманахот на учесниците е претставен
како претседател на Собранието на Република Македонија, но наместо
официјалното знаме е ставено старото знаме со сонцето од Вергина. Ниту Вељаноски ниту грчките учесници не реагирале за сонцето од Вергина. Македонија
во август 1992 година го усвои 16-кракото сонце од Вергина како симбол
на државното знаме, како реакција на јунската Лисабонска декларација
кога ЕУ донесе одлука со која рече дека никогаш нема да признае
независност на држава во која го има зборот Македонија. Во 1995 година Македонија го смени државното знаме и го исфрли сонцето од Вергина.
Објектот
на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија веќе
пет години стои во фаза на изградба на карабина, на местото на старата
меѓуградската автобуска станица, на земјиште што е вратено со
денационализација и доделено на Фондот на холокаустот на Евреите од
Македонија. Иако се очекуваше неговата изградба да трае две години, таа
се одложила поради осмислување на музејската поставка и премостување на
проблемите од објективни причини. Лоцирањето на објектот во срцето на
некогашното Еврејско Маало има симболика, не само за жртвите врз чии
имоти тој се наоѓа, туку и за Скопје и за целата држава, со што им се
оддава трајна почит на депортираните 7.148 илјади сограѓани.
ИДЕЈА СТАРА ДЕСЕТ ГОДИНИ
Идејата за изградба на меморијалното обележје на холокаустот е стара
десетина години и потекнува од покојниот академик и поранешен
претседател на првото Македонско-израелско друштво за пријателство Иван
Дејанов, а автори на модерниот проект се архитектите Мирко Андовски и
Никола Бошку, заедно со поголем тим стручни соработници. Реализацијата
на објектот од идеја почнала да станува реалност по донесувањето на
Законот за денационализација, кој е и правна основа за Фондот на
холокаустот на Евреите од Македонија, основан на 23 април 2002 година,
со одлука на Владата. Според проектот, предвидена е изградба на два
објекта, музеј или мемо-центар и арт-центар, објект што е наменет да му
овозможи живот на музејот. Покрај овие два објекта, според деталниот
урбанистички план за оваа локација, има маркичка и за изградба на
хотел, кој не бил приоритет и неговата реализација била оставена за
некоја идна фаза. На 2 септември 2005 година бил поставен
камен-темелникот за изградба на Меморијалниот центар на холокаустот на
Евреите од Македонија, а веќе во 2007 година била завршена карабината
на двата објекта, со што се финализирала изградбата. Меморијалниот
центар се простира на 4.000 квадратни метри, а двата објекта ќе бидат
поврзани преку горниот кат. Во музејот ќе бидат поставени амбиенти на
некогашната Давидова улица, гетоизацијата, депортацијата на
македонските Евреи во озлогласениот концентрационен логор „Треблинка“ и
гасните комори, а ќе има и простории за музејска поставка, за едукација
и за концертни изведби. Планирано е на горниот кат од арт-центарот да
има амфитеатар со поглед кон Калето и кон реката Вардар.
РЕГИОНАЛЕН МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР
Од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека во
декември 2007 година добиле 17 милиони евра од денационализацијата, со
што се порамниле со државата и сега се покомотни за довршување на
целиот проект.
- Сега сме во фаза на избор на изведувач за внатрешноста на објектите и
за фасадата. Треба точно да се осмисли музејската поставка, што значи
дека собираме материјал што е изнесен од тука и сé треба да е историски
точно. За тоа се консултираме со светски експерт за изградба на
холокаусти, бидејќи секој ден ги губиме сведоците. За тоа ни помагаат
Драмскиот театар и Македонската телевизија, со стари снимки. Многу луѓе
помогнаа да се оствари оваа идеја, која почна од магија и од мисла.
Секој од нив има по една тула од објектот. Но без државната
интервенција не ќе можевме да почнеме. Државата имаше голем удел што
донесе посебен закон за враќање на еврејските имоти во рамките на
Законот на денационализација, на што ние сме многу горди – објасни
Љиљана Мизрахи, претседател на управниот одбор на Фондот за холокаустот
на Евреите на Македонија.
Таа додаде дека имаат желба до крајот на оваа година да го изградат и
отворат објектот, но поради сериозноста на проектот, тоа не може со
сигурност да го потврди, будејќи треба да се премостат проблемите од
објективни причини. Според Мизрахи, има неколку датуми што се значајни
за Евреите, на кои би сакале да бидат означени отворањето и промоцијата
на објектот, во присуство на 500 државници од целиот свет. Целта на
Меморијалниот центар е тој да биде место во кое ќе се среќаваат
различни етникуми, со амбиција да стане регионален центар. Со тоа тој
ќе поттикнува развој на поинакво општество и ќе се вклопи во амбиентот
на Старата чаршија, а се очекува неговото функционирање да го стимулира
и нејзиното оживување.
Лична карта
објект: Меморијален центар на холокаустот на Евреите на Македонија инвеститор: Фондот за холокауст на Евреите на Македонија почеток на градба: 2 септември 2005 година прекин на градба: 2007 година изграденост: двата објекта се завршени до фаза на карабина проблем: издавање документации, односно проблеми од објективни причини
Се' уште е неизвесно кога Музејот на холокаустот ќе биде целосно изграден и пуштен во употреба, а како најголем проблем
се покажа собирањето на музејската поставка за животот на Евреите во
Македонија. Надлежните од Фондот за холокаустот се надеваат дека тоа
може да се случи до крајот на годинава. Извесно е само дека градежните
работи на објектот, сосе фасадата, ќе бидат завршени во рок од 12
месеци, како што стои во договорот со изведувачот „Бетон“ од Штип, кој
ќе биде потпишан денеска.
И лани Фондот направил обид да најде
изведувач за завршните работи, но никоја од фирмите што се пријавиле не
ги исполнувала условите. Завршните работи на објектот само на музејот
ќе чинат 3.709.990 евра. Дел од надворешната фасада ќе биде изработен
од композитни панели со дебелина од 20 милиметри, составени од слој од
природен гранит, дебел 5 милиметри, на алуминиумско саќе со дебелина од
15 милиметри, во окер боја. Дел од објектот ќе биде застаклен, а дел од
фасадата ќе биде обложена со патиниран цинков лим.
До Музејот на
холокаустот се гради втор објект, кој ќе биде поврзан со музејот, кој е
наречен арт-центар. Во рамките на Меморијалниот центар на холокаустот
до овие два објекта е предвиден и хотел. Изградбата на музејот почна на
2 септември 2005 година. Карабините на музејот и на Арт-центарот беа
завршени до 2007 година и оттогаш на градилиштето нема позначајни
активности. Досега за двата објекта кои се потрошени 90 милиони денари,
т.е. 1,5 милион евра. Причината за одолжувањето на изградбата, според
претседателот на Фондот на холокаустот, Лилјана Мизрахи, е сложената
процедура за собирање на музејската поставка, како и административните
процедури. Парите не се проблем.
- Во 2007 година имавме голема
активност за истражување на имотите на Евреите, кои се без правни
наследници, и за завршување на постапката за денационализација. Веќе од
2009 година почна многу интензивно да се работи на самата поставка.
Спомените, податоците, артефактите, фотографскиот и документацискиот
материјал, едноставно, животот на Евреите, го нема. За среќа, дел од
материјалите се набавени надвор од границите на Македонија. Се' уште се
пребаруваат архивите кај нас и надвор, за да може поставката да се
направи, бидејќи Меморијалниот центар, сам за себе, не е обична зграда.
Да стануваше збор за обична зграда ќе се завршеше уште во 2007 година.
Тоа е големата вистина зошто ние се' уште прибираме артефакти. Мислам
дека воопшто не станува збор за задоцнување, бидејќи и големите
меморијални центри, како што е оној во Вашингтон, најмалку пет години
собирале артефакти и документи - вели Мизрахи.
На приземјето во
музејот ќе има повеќенаменска сала и постојана изложбена поставка, како
вовед во настаните, проследена со документација и имињата на жртвите.
Ќе биде прикажано некогашното Еврејско Маало, со двете улички, Амарова
и Давидова, од каде што ќе се слушаат звуци на детски џагор и на живот.
На првиот кат ќе има вагон што ќе го симболизира депортирањето на
Евреите, како и гасни комори, музејска поставка, мала просторија со
оџак и со ливчиња со имињата на депортираните Евреи. На вториот кат ќе
има простории за едукација, библиотека, бифе и продавница за книги и за
сувенири.
Според Мизрахи, постои размислување Арт-центарот да
биде еден вид конференциски центар, центар за пребарување дневни
весници или Израелски културен центар, иако првично беше наменет за
изработка на уметнички ракотворби и на други предмети од
традиционалните занаети. Ќе има и дел како градинка, во кој родителите
ќе може да ги остават своите деца ако сакаат да одат во обиколка на
Старата чаршија. Приземјето ќе има специјализиран комерцијален простор,
на првиот кат ќе има едукативен простор за специфични креативни
занаети, на вториот сала за предавања и изложбен простор, а на третиот
мал амфитеатар за предавања.
Меморијалниот центар се гради
благодарение на одлуката на Владата од 21 јануари во 2005 година за
враќање на имотите на депортираните македонски Евреи, кои немаат правни
наследници. За таа цел е формиран и Фондот за холокаустот, кој со
парите од вратените имоти го гради меморијалниот центар.
Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија вчера во Владата
потпишаа меморандуми за соработка со Град Скопје, како и со повеќе
институции и организации, кои имаат цел да помогнат во целосното
завршување и организација на Меморијалниот центар на холокаустот што се
гради во Скопје. „Центарот ќе има развојна, истражувачка,
научноистражувачка, едукативна и архивистичка дејност. За да се
реализира сето тоа, имаме голема потреба да ја официјализираме и да ја
продлабочиме поддршката што и досега ја имавме од институциите “, рече
претседателката на Фондот на холокаустот Лилјана Мизрахи.
Еврејската
заедница во Македонија вчеравечер со промоција на книгата „Евреите од
Монастир, Македонија“ ги почна активностите за одбележување 67 години
од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.
Музејот на Холокаустот во Скопје кој до сега требаше да биде изграден, финализацијата ќе ја доживее до крајот на годината.
Музејската поставка претставува сериозен проблем. Има недостатоци од артефакти, видео материјали, сведоци.
Досега немаа и сериозен изведувач за внатрешноста на објектите и фасадата.
На 11 март ќе се потпише тендерот со градежната фирма Бетон од
Штип. Сето ова ја одложуваше изградбата на овој проект велат надлежните
од Фондот на Холокаустот.
Меморијалниот центар се простира на 4.000 квадратни метри. Ќе биде
претставена некогашната Давидова улица и депортацијата на македонските
Евреи во концентрациониот логор Треблинка во Полска.
Денеска фондот потпиша меморандум за соработка со Град Скопје и
неколку образовни и културни институции. А,со законот за
денационализација во 2007 Фондот на Холокаустот доби 17 милиони евра.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum