build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост на желбите - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мост на желбите - Охрид
    Posted: 04-Sep-2009 at 00:38
Капетанија: Мостот од Канео до Охрид се гради без потребната документација

Мостот кој треба да ја спои плажата „Потпеш“ и населбата Канео со центарот на Охрид се гради без потребна документација, обвинува Капетанијата на пристаништата.



Овој орган  кој  е надлежен  да дава мислење во постапката за донесување на урбанистички планови за деловите од брегот и внатрешните води, укажува дека  со Деталниот урбанистички план за крајбрежјето населба Канео -Студенчишта е предвидена изградба на пешачки патеки, но во ова заштитено подрачје е потребна специфична заштита со цел да не се наруши природниот амбиент.

- Потегот под Долни сарај до плажата Потпеш кој претстатвува природна реткост како што стои во ДУП, треба исклучиво да се заштити. Таму е предвидено околу пешачката патека или мост кој би се градел, посебно да се внимава на материјалите кои се вградуваат. Треба да е исклучиво од дрвени колци со комбинација од дрво. Ние  како орган стапивме во контакт со локалната самоуправа и со секторот за урбанизам и ни беше одговорено дека е поднесено барање од страна на инвеститорот и до ден денес не е издадено одобрение по истото, значи во фаза на разгледување е, а во случајов се изведува дел од тој мост, изјави Љупчо Настоски од Капетанијата на пристаништата - Охрид.

Изградбата на мостот ја иницираа концесионерите на плажата „Потпеш“, кои велат дека проектот е дел од урбанитичките планови на општината. Според нив со изградбата на мостот жителите од населбата и туристите наместо да пешачат километар и половина ќе можат за 200 метри да стигнат до црквата Св. Софија, односно до центарот на Охрид.



Три години го поставуваме тоа  прашање зошто не се изгради тој мост, кој е ветуван и постои во сите планови на општина Охрид 70-80 години наназад и мило ми е што долгогодишната желба на охриѓани ќе се исполни, вели Митко Пендов, концесионер на плажата Потпеш. Според него со изградбата на мостот нема да се наруши природниот амбиент, напротив природните убавини на Охрид уште повеќе ќе дојдат до израз.

- Летово раговарав со туристите и посетителите на плажата и црквата Св. Јован Канео кои самите прашуваа зошто не се скрати патот до населбата. Со изградбата на мостот се отвора еден нов поглед на Охрид. Се отвара прекрасниот амбиент на Долни сарај како дополнителна туристичка понуда и мислам дека со тек на време ќе се покаже дека изградбата на овој мест бил  добар потег, вели Пендов.

Изградбата на мостот кон Канео ја спонзорира фондацијата „Рамковски“ на бизнисменот Велија Рамковски.


http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=15304
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Sep-2009 at 13:32

Ка­нео со мост се поврза со Охрид

Ри­бар­ска­та населба Канео од вчера се поврза со мост со центарот на Ох­рид. Досега, за да се стигне пеш до неа, требаше да се помине целиот ох­рид­ски рид. Мостот од месноста Потпеш до пред "Света Софија" има дол­жи­на од 140 метри и ширина од 2,30 метри.
Мос­тот е наречен Мост за желбите. На неговата ограда се поставени си­те зодијачки знаци и луѓето кога ќе го допрат својот зодијачки знак и ќе си посакаат желба, треба да се свртат кон Свети Наум и да си посакаат желбата да им се исполни.
За изградбата на мостот потрошени се 2 милиона денари.

http://vest.com.mk/?ItemID=090AB50240CCDC4BBF974FE0FBB55EE0
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Sep-2009 at 12:06
Што мислите за ова чудо на Велија



Игнорирајте ја неговата елоквенција , да слушнеме мислење за "патекава". Спрема мене се работи за тешка глупост. Можеби навистина ќе биде интересно човек да пешачи покрај водата но комлетно го нарушува амбиентот. Дополнително која е пак потребата плажите кај Канео да се направат "достапни". Се работи за мали, приватни плажички каде голем дел од "филмот" беше токму тоа што се мали, приватни и недостапни. Сега верувам дека само ќе има навала на се и сешто и сето тоа ќе се уништи преку ноќ.


Edited by pbanks - 12-Sep-2009 at 12:06
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Sep-2009 at 12:44
Се слагам дека убавината на тие плажички лежи токму во нивната „недостапност“. Плус тоа се работи за мали плажи кои ионака не можат да издржат некаква навала.

Мостов реално ќе биде од корист за оние десетина куќи во тој засекот близу Канео (41° 6'40.30"N  20°47'25.92"E).
Е сега не знам зошто требаше оној спин дека патот се крател од 1,5km на 200m. Ако се оди од горе секако е стрмно и за некого мачно, но толкава разлика во должина ни од далеку нема.


Edited by Cloverstack - 12-Sep-2009 at 13:06
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Sep-2009 at 13:03

А тоа што е културно и природно богатство заштитено со закон нема врска, дали, не ми се верува дека лесно ќе добие дозвола од заводот па и од општината, освен ако ова Велија не го прави заради некаква себепромоција, па во случај и да не добие дозвола рекламата да му излезе во позитива. 

Инаку тука под Канео охриѓани веќе направија летен шанк, па пополека и се отвори патот за вакви и слични импрозвизации, што можеби и немаше да биде особен проблем доколку ваквите интервенции се правеа како автентични за таа атмосфера, со прилично осет и дебели вложувања.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Sep-2009 at 13:07


Ако е прилогов за верување не само што овој мост е правен со знаење туку и во соработка со општината.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Sep-2009 at 13:08
Originally posted by Cloverstack

Се слагам дека убавината на тие плажички лежи токму во нивната „недостапност“. Плус тоа се работи за мали плажи кои ионака не можат да издржат некаква навала.


"недостапноста" на плажите е всушност секундарно прашање во случајов. Главно прашањање е како ова чудо од премин се вклопува во амбиентот на стариот град.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Sep-2009 at 13:13
Originally posted by pbanks

Главно прашањање е како ова чудо од премин се вклопува во амбиентот на стариот град.

За добро вклопување во амбиентот не станува збор. Се потпишувам на ставот на Max:
Originally posted by Max

што можеби и немаше да биде особен проблем доколку ваквите интервенции се правеа како автентични за таа атмосфера, со прилично осет и дебели вложувања.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Sep-2009 at 13:43
Доволно ќе беше бојата на дрвото да се избереше темнокафеава и немаше да биде толку нападна бојата на патеката, ќе одговараше и накрапите, на природата и идо некаде може да се каже и со старата охридска архитектура која ја има како една од основните бои.

За патекава  е евидентно дека била потребна, а и не се работи за некаков објект цврста градба па да треба да стравуваме дали сме го нарули стариот изглед или сме уништиле некој стар објект.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Dec-2009 at 05:24
Еве го „мостот“ на Велија во Охрид, за кој зборувавме поназад во нишкава.

Функција за населението неспорно има (мада не толку колку што се пумпаше работата). После прошетката по него се уверив и дека отвара поглед кој компензира за нарушувањето на недостапноста на плажичките накај Канео (што им даваше особен шмек).

Но изведбата = ТЕЖОК ФУШЕРАЈ

Puke

Неквалитетно сработено, гадни метални профили, секој столб со уникатна закосеност, кабли, несоодветно дрво... за приодите да не зборуваме - кога не им бил важен ни самиот мост, јасно дека не им паднало на памет да се занимаваат со такви „ситници“ како средување на приодите. Генерален впечаток на „евтино“ и прикрпено. Едноставно не е достојно за Охрид, најмалку за тој дел од градот.

Убеден сум дека треба што побргу да се размонтира и да се направи наново. Но со целосна конструкција од дрво и со внимателно одбрани луѓе кои ќе работат на проектот.


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Dec-2009 at 12:20
 
Originally posted by Cloverstack

изведбата = ТЕЖОК ФУШЕРАЈ

6

за Греота и сакаме од Охрид да направиме елитен туристички центар, абе ајде! и по запуштените краеви на Индија не се до волку креативни од природна културно-туристичка атракција да направат лакрдија!  

абе не е Велија крив што општината и урбанистите во неа немаат осет за естетика, за него како популистички момент битно муе само да си истера позитивен маркетиншки фидбек, иако мислам дека на ова особено ја утнал, со мала заебанција му паѓа во бунар цела негова културно "посветена" фондација! мој предлог - мовчево нека го расклопат и нека го однесат на некое од споредните вештачки езера, а тука ако веќе нешто сакаат да направат за тоа да ги задолжат музеите односно завод за културно наследство, тука дефинитвно треба патека налик неолитската наколна населба кај Градиште, но и тоа музите знаат со инвентивноста да забегаат, пример незнам што треба да симболизира името залив на коските, но дури и за авнтуристичко име делува избегано, чии коски останале во тој залив, човечки, рибни... и ова под итно да го преименуваат па од толку архаични термини тие се фатија за некоја циркуска етикета! но да не ја развлекувам темата, сепак засега најпрофесионални околу проектирањето и изведбата на автентични и поуникатни проекти се музеите, односно нивната проектна ангажираност или нивната супервизија во најмала рака! 

Ех ќе заборавев тоа фенерите и спиралните флуоресцентните сијалици се нешто досега најуниткатно од домашна кич продукција што  го има видено! а капак и со тоа цревата и халогенката ова е ремек дело какво ни во јужно америчко гето што го нема! изгледа некој озбилно на мајтап ја затерал, ако не подизведувачо, па и нарачателот тогаш сигурно е општината која дрчна за некој да и донира нешто дозволила и ваква какафонија! а можеби и навистина Велија сака да истера некој потсвесен рефлекс од власта, која по вакво нешто би го кренала прагот на толеранција кон кичот кој обилно вирее во нашиот двор http://en.wikipedia.org/wiki/Culture_jamming ако ништо друго еве му добро оправдување за својата грешка од донација, незнам колку но ваков мајтап за град кој претендираме и навистина да биде заштитен од унеско не смее да си дозволи вакви испади, ми мириса дека со вакви импровизации не само што ќе го загуби Охрид статусот - живо наследство на унеско, туку и оние туристички агенции кои го преферираат ќе почнат да го заобиколуваат! Ах бар вака ќе успееме да ги спуштиме цените и Охрид да го направиме подостапен бар за нас Македонците  

Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 20-Feb-2010 at 18:13

Се сруши Мостот на желбите - подарокот на Велија Рамковски на Охрид

Охрид, 20. февруари (ИНПРЕС)

Денеска се руши дел од пешачкиот мост наречен „Мост на желбите". Силните бранови, предизвикани од силниот ветер кој дува од југозападен правец денеска го оштетија мостот кој беше направен и пуштен во употреба минатата година.

Оваа надезерска патека  водеше од Света Софија до населбата Канео.

Силните бранови денеска го преплавуваа  охридското крајбрежје во централното градско подрачје.

Водата го префрла и патот и достигнува дури до дворното место на Охридската капетанија. (Крај)



http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=4A776DCA916F8B48A0761098748E1AA2
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 20-Feb-2010 at 18:27
Има една поговорка
Држи воду док мајстори оду
Првиот налет и се во вода
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Feb-2010 at 22:01
Жалосно е тоа што политиката успеа да поплави делови од охридското крајбрежје, но ако има светол момент во целата работа, тога ш тоа е овој со крпеницата на Велија. Можеби ќе ми се оствари желбата за нов, далеку поквалитетен и поприкладен мост:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=666&PID=53560#53560
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Feb-2010 at 01:01
Originally posted by Cloverstack

Жалосно е тоа што политиката успеа да поплави делови од охридското крајбрежје, но ако има светол момент во целата работа, тога ш тоа е овој со крпеницата на Велија. Можеби ќе ми се оствари желбата за нов, далеку поквалитетен и поприкладен мост:http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=666&PID=53560#53560


Многу ми се интересни вакви коментари... да не врнеше политичари во Охрид или можеби ДОЖД и се топеше снег? Зашто се мора да биде политички во Макеоднија, па и поплавите... не дај Боже земјотрес да се случи...

А за мостот се согласувам, подобро да се сруши целиот. Ете една ЖЕБЛА од мене за мостот на желбите.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Feb-2010 at 01:35
Roll%20eyes

Крале, ако не си информиран, истекот на Дрим е контролиран и може да се регулира. Исто така и низводно (Глобочица и Шпиље). Не мешај баби и жаби.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Feb-2010 at 10:32
Да, веројатно и одроните се политички, и лавината во Вевчани, и Сонцето го пуштиле да гори појако...абе што да ти раскаѓувам Труман Шоу
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Feb-2010 at 04:35
 
Originally posted by ArchiTechTone

Се сруши Мостот на желбите - подарокот на Велија Рамковски на Охрид

па зар можно ли е ваква работа, сега уште кога иќе го закрпат, абе ова само во охрид поминуваат вакви туристички егзибиции!

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Feb-2010 at 16:00
Originally posted by Cloverstack

Roll%20eyes

Крале, ако не си информиран, истекот на Дрим е контролиран и може да се регулира. Исто така и низводно (Глобочица и Шпиље). Не мешај баби и жаби.


Точно, но некаде прочитав дека истекот на Дрим моментално е малку над 50 кубици, што е максимално дозволено без опасност од излевање во Струга или подоле низводно. А исто така поради договорот со Албанија за испуштање на вода работата е дополнително искомпликувана, бидејќи може да се случат поплави и кај нив. Не сметам дека некаква политика е одговорна за моменталнава состојба, туку лоша мешавина на околности
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Feb-2010 at 16:10


Се сложувам и јас, мислам дека реакцијата на Кловер е престрога.

Иако можно е да постојат лоши проценки.

Пред неколку недели во неформален разговор со една постара колешка од Албанија која има доста работно искуство во албанската јавна администрација и меѓу другото е запознаена детално со процедурите и телата кои се занимаваат со регулацијата на водните текови низ Албанија.... дознав дека, барем според нејзе, катастрофалните поплави кои тие ги имале оваа година можеле да бидат одбегнати или во најмала рака минимизирани доколку регулацијата на водите се вршела низ процедурите како што треба.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.