Author |
Topic Search Topic Options
|
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#221 Posted: 10-Feb-2010 at 16:52 |
Кога последен пат бев во Скопје забележав дека на Илинденска има многу објекти кои не се срушиле во земјотресот , но фасадите или им се дотраени или ја имат судбината како на тие во Струмица на кои им се менува обликот преку ноќ , на пр. алуминиомски прозорци и глупи фасади па се прашувам зошто досега никој не превзел нешто во врска со ова.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#222 Posted: 10-Feb-2010 at 16:59 |
Леонид мислам дека ова е поприкладно место за да го поставиш прашањето.
А колку што знам јас, тие објекти не се заштитени со закон, така да никој не може да им забрани на сопствениците да ги уредуваат фасадите како сакаат.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#223 Posted: 10-Feb-2010 at 17:05 |
Originally posted by leonid23
Кога последен пат бев во Скопје забележав дека на Илинденска има многу објекти кои не се срушиле во земјотресот , но фасадите или им се дотраени или ја имат судбината како на тие во Струмица на кои им се менува обликот преку ноќ , на пр. алуминиомски прозорци и глупи фасади па се прашувам зошто досега никој не превзел нешто во врска со ова. |
Ова е ужасно Леонид... И токму поради ова ја имаме отворено нишката... Старо Скопје ДенескаИдејата на нишката е пред се да ги посочиме објектите за кои зборуваш (не само на Илинденска) кои треба да се реставрираат и да се спречи такво дивеење со алуминиумски прозорци или доградби. Но истовремено целта на нишката е да го покаже апсурдот, кога во време кога секојдневно слушаме кукање за старо скопје и еве од скоро измислуваме нов стар град, воопшто не се грижиме за она што е останато од тоа време.
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#224 Posted: 10-Feb-2010 at 17:12 |
На вистина не ни верував дека има остаток од старо Скопје , не многу бев шетал низ Илинденска но поминав токму да ја видам реставрацијата на пионирски дом , кога бев занемен кога видов дека 50% од градбиде се остаток од старото Скопје , а се во ужасна состојба! Сепак нешто останало како што гледам , еве за пример ќе го земам хотел Бристол кој е толку прочуен , а не е ѓибнат откога го изградиле .
Edited by leonid23 - 10-Feb-2010 at 17:15
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#225 Posted: 10-Feb-2010 at 17:16 |
Епа Леониде што ти говори ова? Има ли во тебе надеж дека и новиве (нема да кажам старо-новиве затоа што големото мнозинсто се измислени и породени од индивидуални гледишта и желби, наспроти реални потреби) објекти кои сега ќе ги градиме, нема да изгледаат вака жално како оние на Илинденска после 10-20 години? Јас сум голем скептик да ти кажам право.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#226 Posted: 10-Feb-2010 at 17:18 |
Originally posted by leonid23
На вистина не ни верував дека има остаток од старо Скопје , не многу бев шетал низ илинденска но поминав токму да ја видам реставрацијата на пионирски дом , кога бев занемен кога видов дека 50% од градбиде се остаток од старото Скопје , а се во ужасна состојба! Сепак нешто останало како што гледам , еве за пример ќе го земам хотел Бристол кој е толку прочуен , а не е ѓибнат откога го изградиле . |
леонид. Од старо скопје (она фамозното околу кое се кршат копја) има и те како остатоци. Цело дебар маало малтене пред да го уништи транзициската мафија, доста објекти по широкиот центар (се до буњаковец каде биле границите на градот). Она што го нема е еврејското маало, 3-4те капитални објекти за кои постојано се зборува (театарот итн) и старите маала (не сум сигурен во која состојба биле тие во времето на земјотресот). Затоа и се нервирам, се зборува на памет, луѓе не гледаат околу себе и не мислат со своја глава а постојано се повторуваат истите муабети на памет. Немам доволно време, но нишката за Старо Скопје денеска, тек мислам да ја полнам со фотографии па ќе видиш и самиот за што зборувам.
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#227 Posted: 10-Feb-2010 at 17:49 |
@pbanks во книгата Скопје-Катастрофа, Обнова и Искуство од Коле Јордановски до детал има опишано буквално се ! Убаво има наведено дека веќе оштетените објекти биле обележувани од со I , II , III степен .
Тие што биле од трет степен ги рушеле! Наспроти тоа имало многу градби ( како и најпопуларните Официрски дом и Народен театар ) кои биле од I или II степен , а кои ги рушеле! Во иднина ќе се потрудам да скенирам материјал од оваа книга и да го истакнам на форумот , зошто книгата е токму посветена до детал на пост земјотресно Скопје.
Edited by leonid23 - 10-Feb-2010 at 17:50
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#228 Posted: 10-Feb-2010 at 17:55 |
На предпоследната страна од оваа нишка поставив фотографии од Гдањск , после 1945 кога бил уништен бетер од земјотрес , и после неговата реставрација , може да ѕирнете и да видете како тоа некаде некои луѓе си се грижат за своето .
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#229 Posted: 03-Mar-2010 at 15:36 |
Пропаѓа безистенот во Битола
Изронати фасади, ѕидови набабрени од влага, искршени прозорци, дуќани претворени во депонии, железни порти кои служат како огласни табли, самоволни интервенции од граѓани врз надворешната градба на објектот. Вака денес изгледа битолскиот безистен или покриениот турски пазар, споменик на културата стар пет века со импозантна базилична градба и други архитектонско-естетски вредности. Објектот иако е во срцето на Битола, долго е запуштен и слабо се одржува.
- Ако железните порти од битолскиот безистен пред некој век го отворале светот на убавината, луксузот нанижан преку раскошниот накит, скапите срми и свили кои се продавале тука, денес ја откриваат сликата на негрижата за ова културно наследство - предупредуваат од македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ во Битола.
Претседателот на здружението, Шенол Мемиш, е загрижен за, како што вели, катастрофална состојба на безистенот.
- Буквално пропаѓа. Станува збор за алармантни оштетувања. Од надворешната градба дуќанџии направиле дури и диви влезови, за кои од музејот и од други институции тврдат дека не добиле никаква дозвола да ги направат. Оштетени се покривната конструкција, електричната инсталација, па не дај боже, може да дојде и до пожар. Ако и понатаму работата оди во оваа насока, ништо чудно еден ден да го изгубиме - предупредува Мемиш.
Во објектот има и дваесетина дуќани на Јавното претпријатие за стопанисување јавен и деловен простор, а некои се на приватници. Но, грижата за објектот како споменик на културата е врз грбот на битолскиот Завод и музеј.
- Кај нас најчесто топката се префрла од една институција на друга, па ќе речат ние не сме надлежни, надлежно е јавното претпријатие, а тие ќе речат ние мора да имаме дозвола од Управа за заштита на културното наследство. Тука сметам дека се работи за заедничка негрижа и на сопствениците на дуќаните што ги користат и на институциите, кои ги има повеќе - додава Мемиш.
Од Завод и музеј велат дека им се познати состојбите со безистенот. Но, понекогаш желбите се поголеми од финансиските можности.
- Во Министерство за култура, нашата институција аплицира со проект за ревалоризација на безистенот. Тоа е прва фаза за понатамошна анализа и третирање на објектот. Оваа година ќе се прави таа ревалоризација, а во понатамошните фази ќе се прави проект за реставрација и реконструкција - ни рече директорот Зоран Николовски.
Од македонско-турското здружение се понудија да стапат во контакт со Турската државна агенција за да помогне во реконструкцијата на безистенот. Во соработка со неа годинава ќе се реставрира дел од Исак Џамија во Битола.
Безистенот со неговата архитектонска целина и изглед на тврдина е еден од најубавите споменици останати од старата Битола. Бил изграден од румелискиот Беглер бег. Во него се продавале скапоцени ткаенини, а се чувало и наследството на оние што немале потомци. Се затворал со тешки железни порти зашто данокот од битолскиот вилает пред да биде пренесен во царските благајни бил чуван во подрумот.
Жанета Здравковска |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FDDC9AA65D2E9D40A512BE79980E2068
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#230 Posted: 03-Mar-2010 at 15:39 |
Заборавени куќите на познатите штипјани
Куќите на познатите штипјани полека исчезнуваат, некои се оставени на забот на времето, а други, пак, делумно или целосно се реновирани од новите сопственици, па денес ретко кој знае каде живееле овие прочуени луѓе од претходниот век, чиј број навистина е огромен. Многумина сметаат дека зачуваните куќи колку-толку треба да се заштитат, а на реновираните да се постават спомен-плочи за да сведочат дека таму некогаш живееле познати и видни политичари, научници, академици, револуционери, војводи, атентатори што оставиле длабоки траги во нашата и во балканската историја.
Особено интересно е што повеќето од нив биле соседи.
Тие живееле во маалата кои и сега се во непосредна близина на строгиот центар на градот. Така, од сокаците на Стар Конак, Тузлија, Тополско Маало, Подисарско Маало, сите распослани на на воздушна оддалеченост од 200 до 300 метри, потекнуваат Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Македонија и некогашен претседател на Собранието на СФРЈ, Никола Кљусев, првиот премиер по осамостојувањето на нашата земја, Александар Грличков, некогашен претседател на Социјалистичкиот сојуз на Југославија, Димче Беловски, некогашен секретар на ЦК СКЈ, потоа поетот и револуционер Ацо Шопов, Боро Денков, министерот Јордан Мијалков...
Другите, пак, претежно живееле во штипско Ново Село. Таму се родиле и поминале дел од својот живот и генералот Михаило Апостолски, командант на македонската војска во НОВ и подоцна претседател на МАНУ, архиепископот Михаил, кој беше поглавар на МПЦ како и контроверзните историски личности Тодор Александров и Ванчо Михајлов.
Споменици без обележја
Повеќето од куќите се делумно или целосно реновирани. Меѓу нив е и куќата на Киро Глигоров на улицата Иво Лола Рибар број 9, во Стар Конак. Во неа сега живеат таксистот Горан Митров и неговата сопруга Тања, вработена во конфекција, со своите две деца.
- Ние сме трети сопственици на куќата откако во неа живеел Глигоров. Претходните двајца сопственици не направиле никакви интервенции. Ние ја купивме пред околу две децении и од темел ја реновиравме. Понекогаш доаѓаат луѓе од различни места за да видат каде живеел првиот македонски претседател. Пред седум-осум години до куќата дошол и Глигоров, но ние не бевме дома - раскажува Тања.
Меѓу ретките речиси целосно зачувани објекти се куќите на Михаило Апостолски и на Димче Беловски, секретар на ЦК СКЈ. За куќата на Апостолски, кој, инаку, му е зет за сестра на Киро Глигоров, пред две децении во Штип имаше иницијатива таа да биде откупена и да биде преуредена во музеј. Но, не беше реализирана, бидејќи новиот сопственик барал надомест од два поголеми стана. Куќата на Димче Веловски, пак, била купена од семејството Читкушеви и до пред некоја година во неа живееше Зоран Читкушев, сегашен директор на штипскиот Завод и музеј.
- Додека живеевме овде Беловски често доаѓаше да си ја види куќата. Еднаш за спомен му ја подарив металната потковица од влезната врата - раскажува Зоран Читкушев пред куќата во Тополско Маало.
Нема попаметни луѓе од штипјани
Во Заводот и музеј велат дека тие и другите институции немаат пропишана обврска да се грижат за тие објекти или да постават спомен-плочи. Некогаш поактивна на тој план била Боречката организација, но не и во понов период, а се поради финансиските проблеми.
- Тоа се приватни куќи со нови сопственици. Каде што имало можност сме интервенирале и ние и Општината. Куќите на Тошо и на Љупчо Арсови и на Славчо Стојменски, кои и' беа дадени на Општината, се реновирани и во нив има музејски поставки. Годинава Заводот и музеј ќе се докомплетира со историска поставка, во која место ќе најдат и познатите штипјани со она што е зачувано од нивниот живот и дело - објаснува Донче Ефремов, виш кустос-историчар во Заводот и музеј.
Во штипската библиотека „Гоце Делчев“ од пред речиси четири децении функционира роднокрајно одделение со книжевен фонд до речиси 3.000 дела на околу 200 роднокрајни штипски автори, од кои стотина се доктори на науки, десетина академици... Долгогодишниот директор на библиотеката, Трајко Пиков, кој од пред пет-шест години е пензионер, истакнува дека Штип не смее да ги заборави познатите личности што оставиле значаен белег во штипската и во македонската историја.
- Тоа е големо богатство. Нема град во Македонија, па и на Балканот, што може да се пофали со толку голема концентрација на политичари, научници, револуционери. Ако не може да ги зачуваме тие куќи, може барем да се направи збирка фотографии, за да се зачува споменот. Мора да се направи и едно сериозно истражување за животот и делото на многумина штипјани, за кои сега многу малку или воопшто не знаеме, кои емигрирале во Бугарија во времето на илинденскиот период и потоа. Некои дури станале и академци, па и претседатели на Бугарската академија на науките и уметностите. Никогаш нема да ја заборавам случката што ми ја раскажа генералот Михаило Апостолски. Тој, како претседател на МАНУ, бил на чело на југословенската делегација што присуствувала на Сесловенски конгрес во Москва. Водач, пак, на бугарската делегација на истиот собир бил штипјанецот Тодор Павлов, тогашен претседател на Бугарската академија. Кога се виделе, пред двете делегации, се прегрнале, а Павлов, кој претходно во повеќе наврати изразувал желба да се врати во Македонија, гласно прокоментирал: „Е, Михаило, Михаило, ќе може ли сега некој од овие академици од две држави да рече дека има попаметни луѓе од штипјани“ - раскажува Пиков.
Љупчо Шатевски
Песна за Киро Глигоров и за другите познати штипјани
Композиторот Мирче Кикиритков во последната деценија напиша десетина песни за познати штипјани, за луѓе од чаршијата, но и за пошироко познати политичари и револуционери. Тој ги напиша музиката и текстовите на песните за Михаило Апостолски, за Тодор Александров и за Киро Глигоров, кои ги пее познатиот фолк-интерпретатор Зоран Ванев. Неговата песна за Никола Груевски, кој е штипјанец по мајка, ја пее Зоран Настов. Песните се снимени на носачи на звук и се вртат на локалните радија.
- Песните за Александров и за Апостолски се промовирани уште пред седум-осум години, а не е промовирана само песната за Глигоров. Промоцијата на песната за Груевски беше лани. Таа ми беше нарачана од Ангеле Зафировски - Бате Геле, штипски иселеник во САД, кој некогаш беше водач на навивачката група на ФК „Брегалница“ - вели Кикиритков. |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=57F73B0E0F1A574F84AA99E42F09822D
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#231 Posted: 08-Mar-2010 at 04:12 |
Занаетскиот дом ќе блесне со нов сјај

Куманово ќе го реновира Занаетскиот дом во центарот на градот. Идејниот проект е изработен, а од идниот месец ќе почнат и другите
подготовки за реконструкција на овој репрезентативен објект, изграден
пред осум децении. Реновирањето на ентериерот и реконструкцијата на
екстериерот треба да завршат до 11 ноември, кога ќе биде пуштен во
употреба во чест на Денот на ослободувањето на Куманово.
- Во
рамките на Занаетскиот дом ќе има простории со сала за состаноци на
локалната самоуправа, за невладините организации, за дел од културните
настани, а ќе биде сместена и занаетчиската комора - вели
градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Идејниот
проект е изработен од младите кумановски архитекти Стефан Лазаревски и
Стефан Георгиевски, кој на двете јавни расправи е оценет како успешен,
но ќе биде дополнет и со нови предлози.
- Куманово е
мултинационална средина и членка на повеќе меѓународни асоцијации. Со
реновирањето на Занаетчискиот дом и ние ќе може да организираме
конференции од меѓународен карактер, а тој како значајно обележје на
градот ќе има и други содржини за потребите на граѓаните - вели Горан
Митевски од локалната самоуправа.
Според него, дел од парите за реновирање на објектот ќе бидат од локалната каса, а дел од донации и од странски фондации.
Во
Занаетскиот дом до пред две децении беше сместена и една од двете
киносали во градот, користен е и за повеќе намени за бизнис-секторот.
Последниве години дел од него е напуштен, а во другиот дел се трговски
дуќани, занаетчиски работилници и Историскиот архив.
Објектот
бил проектиран од кумановскиот архитект Владимир Антонов, а бил
изграден во 1930 година. Тој е еден од постарите репрезентативни
објекти што му одолеале на времето и е препознатлив симбол на Куманово.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=07FD26EB7AC12744902C49E27B0C28BE |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#232 Posted: 11-Mar-2010 at 12:57 |
Ќе се реставрираат еврејски објекти во Битола
Пописот на
старите објекти во битолската Чаршија привршува и треба да покаже колку
од нив им припаѓале на битолските Евреи. Од историски извори се знае
дека Евреите биле трговци, златари и други занаетчии, а
многумина од нив држеле дуќани во Страта чаршија. Имотот им бил одземен
по депортацијата што се случила на денешен ден (11 март) пред 67
години. Тогаш 3.200 битолски Евреи биле од бугарската војска собрани од
домовите, натоварени на сточни вагони и транспортирани во озлогласените
логори на смртта во Полска.
Дел од нивниот имот во Битола
преку процесот на денационализација е вратен во сопственост на Фондот
на холокаустот, остатокот се' уште се истражува.
-
Инвентаризацијата треба да заврши за еден месец. Ќе имаме комплетна
документација за 100 стари објекти со специфична градба, од кои неколку
еврејски. Кај нив е потребна комплетна реконструкција и реставрација.
За секој има фотодокументација, историјат и мерки за заштита. Ваквата
документација претставува основа за аплицирање проекти за реставрација
на Чаршијата - велат од битолскиот Завод и музеј.
Но еден од
најрепрезентативните објекти во близина на Широк сокак, Пионерскиот
дом, кој и' беше вратен во сопственост на Еврејската заедница, цела
деценија е под клуч. Во минатото беше едукативен центар за деца, а
освен надворешната реставрација, не е извршена внатрешна
реконструкција.
- Функцијата на објектот ќе ја одреди
Еврејската заедница. Тие не сакаат да го дадат за комерцијални
активности, туку да биде дел од културните објекти или конзулатите -
изјави градоначалникот Владимир Талески.
На чествувањето на
Денот на холокаустот, што се одржа вчера во Битола, допатува Карол
Бахура, амбасадор на Полска, земјата во чии концентрациони логори
загинаа илјадници Евреи. Како позитивен пример ја посочи галеријата на
битолчанецот Владо Алтипармак во Чаршијата, каде што преку разновидна
документација се чува споменот за животот на битолските Евреи.
-
Претходно имав можност да го посетам објектот, кој е реконструиран од
страна на битолчанец, потомок на родители кои за време на војната
спасиле неколку Евреи. Ова е добар пример како жители на Битола ја
чуваат историјата на градот и на еврејската нација - изјави Бахура.
Родителите на Владо, Борис и Васка Алтипармак, се ретките Македонци чии имиња се запишани на Ѕидот на праведните во Ерусалим.
Чествување на Денот на холокаустот се одржа и во Скопје и во Штип.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CEFC834606E1A047AC5961AA4C212213 |
|
 |
Raisinloaf
Senior Member
Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
|
Quote Reply
#233 Posted: 19-Apr-2010 at 21:24 |
По иницијатива на општина Гевгелија наскоро треба да
започнат завршните изведбени работи околу реконструкцијата на “Амамот“
каде што
ќе биде сместена Ликовна колонија на Гевгелија.  Претставници на Националната установа и Музеј од
Струмица,
заедно со претставници на Одделението за урбанизам и на изведувачот
„Мансард“,
извршија увид во досега завршените работи околу реконструкцијата на
„Амамот“. Како
што е познато, целосната санација и реконстртукција на зданието се
одвиваше врз
основа на изработениот проект, а со донација од збратимената општина
Карач, во
Турција. Во соработка со Заводот за заштита на споменици на култура-ПЕ
Струмица
беше изработен проект и започнаа изведбените работи. Меѓутоа,
поради недостиг на средства останаа
недовршени покривот и фасадата на објектот.
-На средбите во Министерството за култура, под
чија
надлежност се наоѓа Народниот музеј во Гевгелија, а во чиј состав е и
„Амамот“
се договоривме за заедничко обезбедување на средства за довршување на
реконструкцијата на објектот, изјави градоначалникот на Гевгелија Иван
Франгов
по средбата со претставниците на Заводот за заштита на споменици на
културата-ПЕ Струмица, најавувајќи дека завршните изведбени работи ќе
продолжат
откако ќе биде подготвена пресметка.
http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=235:--qq&catid=8:actual&Itemid=1
|
www.realmadrid-mk.blogspot.com
|
 |
Шпер
Senior Member
Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
|
Quote Reply
#234 Posted: 26-Apr-2010 at 16:34 |
Обновената турска пошта во Струмица
|
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#235 Posted: 26-Apr-2010 at 16:39 |
Хавзи пашините конаци ќе се реновираат
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#236 Posted: 26-Apr-2010 at 17:02 |
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#237 Posted: 16-May-2010 at 10:43 |
Саат столбот во Штип нешто бавно оде...... 
Edited by Makedonij - 16-May-2010 at 10:43
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#238 Posted: 16-May-2010 at 11:08 |
Се обновуват конаците- ресторантот на Матка. 
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#239 Posted: 16-May-2010 at 12:07 |
Се реставрира внатрешноста на црквата Св.Ѓорѓиј во Бергала. Црквате датира од 800 АД, и е една од најстарите небутнати црвки во Македонија, заштитена како културен споменик. 
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#240 Posted: 16-May-2010 at 13:48 |
800 АД?! Зарем не ја прави тоа најстарата таква црква? Има ли некој информации која е најстарата црква на територијата на Македонија(вклучувајќи ги и реконструираните како Св. Пантелејмон)?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |