build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 28-Oct-2009 at 01:05
Фала за линкот. Го изгледав делот за Луково Поле и мој впечаток е дека спомнатите 120 илјади MWh се однесуваат на вкупниот учинок што таа вода ќе го има низ мавровскиот систем, а не само за идната електрана Црн Камен.


Edited by Cloverstack - 28-Oct-2009 at 01:06
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 28-Oct-2009 at 01:27
Фала на К5 што пуштиле срце и емисијата ја качиле на нет! не е лошо да го исечеме делот и да го качиме на тјуб чисто како евиденција, а имајќи предвид дека ваквите качени емисии по сајтовите не им трајат долго               
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 29-Oct-2009 at 02:01

„Вруток“ целосно ќе се обнови

Најголемата хидроцентрала во земјава „Вруток“ за четири години ќе ја зголеми ефикасноста и ќе произведува повеќе струја. Државната „Електрани на Македонија“ ќе вложи 29 милиони евра за замена на постоечката опрема и на поважните машинските и електрични делови. Ова е најголема инвестиција од почетокот на работата на овој систем кој функционира веќе половина век.

- Подготовката на потребните студии е при крај, со што веднаш по потпишувањето на договорот ќе почнеме со реализација. Она што го предвидуваме е замена на целата производна линија. Централата треба да добие четири нови генератори, преттурбински затворачи, нови блок и регулациски трансформатори. Со замената на овие компоненти, фактички ќе добиеме комплетно нова хидроцентрала - вели Зоран Јосифоски, директор на ХЕЦ „Маврово“.

Во ЕЛЕМ оценуваат дека во актуелните услови на пазарот на електрична енергија, ваквата инвестиција ќе значи многу и ќе ја намали зависноста од увоз.

Договорите со германската КФВ банка треба да се потпишат во јануари идната година. Тогаш треба да почне и процесот на ревитализација на хидроцентралата „Вруток“. Во иднина, најголемата хидроцентрала во Македонија ќе има моќност од 168 мегавати, наместо досегашните 150.

- Ако се земат предвид условите и цената што владеат на пазарот, ваквата ефикасност ќе носи дополнителни и значителни приходи и ќе ја намали зависноста на земјата од увоз на електрична енергија - вели првиот човек на ХЕЦ „Маврово“.

Со кредитот на КФВ банка, тежок над 31 милион евра, ќе бидат опфатени и другите хидроцентрали што се во склоп на компанијата ЕЛЕМ.

За претстојната сезона, од ХЕЦ „Маврово“ информираат дека се целосно подготвени да ги задоволат потребите на системот. Во акумулацијата Мавровско Езеро има резерва за производство на 245 милиони киловат-часови струја. Годишниот план за производство сега е натфрлен за близу 8 отсто и досега се произведени 264 милиони. Се очекува до крајот на годината да се произведат над 300 милиони киловат-часови, што е за дваесетина проценти над планираното. (З.Г.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DFE6C25DDCDA25448A6C1B4E14FED3DC


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 04-Nov-2009 at 18:43
40 години ХЕЦ Шпиље...

МИА ФОТО
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 05-Nov-2009 at 18:36

Косово надвор од игра за браната Луково поле

Косово надвор од игра за браната Луково поле. Македонија сепак сама ќе ја гради акумулацијата. Заедничката повеќемесечна соработка со косовските енергетски власти на проектот падна во вода, откако заврши демаркацијата на границата со што целата котлина и припадна на Македонија. Браната ќе се гради дел со пари од ЕЛЕМ и дел со кредити. Владата овој проект го стави во топ приоритетните вложувања во енергетиката.
“ЕЛЕМ како директна инвестиција ќе вложи 6 милиони евра и 34 милиони евра ќе се обезбедат од кредити. Придобивките се големи, поголемо производство на струја, намалена емисија на штетни гасови, зголемување на водниот потенцијал“, вели Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ
Од косовската страна засега нема коментар. Министерката за енергетика на Косово пред само две недели за канал 5 изјави дека и покрај прекројувањето на границата се уште се заинтересирани за проектот. Браната Луково поле е од клучно значење за зајакнување на капацитетот на мавровските хидроцентрали. Вкупниот хидро потенцијал на земјата би се зголемил за 10%.

05.11.2009, 15:29

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=55018
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 26-Nov-2009 at 21:05

Потпишан договор за изградба на седум мали хидроцентрали


Коментари (5)   
26.11.2009 12:06
 

 

Потпишан договор за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали на седум локации.

Договорот го потпишаа министерот за економија Фатмир Бесими и претставниците на компанијата „Мали хидроцентрали ДОО Скопје“, формирана од „Турбоинститут Љубљана“, „Феро инвест Велес“, „Гранит Скопје“ и „Топлификација Скопје“.

Овој конзорциум е обврзан во рок од три години да изгради седум мали хидроцентрали, а вкупната инвестиција е проценета на 10 милиони евра.

Концесијата се доделува на период од 20 години.

Министерот Бесими истакна дека денешниот настан претставува уште еден доказ дека Македонија е поволна бизнис дестинација.

„Отприлика се предвидени инвестиции околу 10 милиони евра. Нормално, овие бројки варираат зависно од тоа како ќе бидат цените на пазарот, односно за остварување на оваа инвестиција и се очекува во рок од 3 години од потпишувањето, од денешниот ден, да заврши изградбата“, рече Бесими.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116764
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 27-Nov-2009 at 20:53

За три години треба да никнат 23 мали хидроцентрали


Вкупната инвестиција се проценува на 25 милиони евра

Маја Томиќ

До средината на 2012 година во земјава треба да се изградат нови 23 мали хидроцентрали. Откако во јули годинава со австриската компанија „Енерџи зотер бау“ беше потпишан договор за 16 мали ХЕЦ, во вредност од 15 милиони евра, вчера министерот за економија, Фатмир Бесими, склучи договор за градење на уште седум мали централи на вода, инвестиција што се проценува на десет милиони евра. И двата договора се за период од три години, односно до 2012 година треба да се реализираат договорените инвестиции.

Вчерашниот договор е за концесија за вода за производство на струја за компанијата „Мали хидроелектрани“ од Скопје. Седумте локации се за: Кркљанска Река, Крива Река, Каменичка Река, река Брбушница, Кранска Река, Брајчинска Река и Селечка Река. Инаку, компанијата е формирана од друштвата „Турбоинститут“ од Љубљана, „Феро инвест“ од Велес, „Гранит“ и „Топлификација“ од Скопје. Таа досега доби 14 локации на меѓународниот тендер за доделување концесија за вода, од вкупно 60 локации за мали ХЕЦ, објавен на 14 февруари 2007 година.

Рокот во кој компанијата треба да ги изгради и да ги стави во функција овие мали хидроелектрични централи е три години од доделувањето на концесијата.

„Доделувањето на договорите за концесија на овие седум локации го означуваат почетокот на градење на малите ХЕЦ, кои ќе го зголемат енергетскиот капацитет во земјава. Овие договори значат и нова меѓународна инвестиција во нашата држава, која предвидува вложување од десет милиони евра. Со тоа се отвора можност за нови работни места. Министерството за економија ќе продолжи со привлекувањето нови инвестиции, промовирајќи ја Македонија пред меѓународните компании како сигурна почва за инвестирање“, изјави Бесими.

Вкупниот инсталиран капацитет на седум локации изнесува 5,4 мегавати, а предвидено е годишно производство на струја од 23,1 гигават-часови.

Инаку, во фаза на подготовка е и четвртиот меѓународен тендер за изградба на 38 мали ХЕЦ, со вкупен инсталиран капацитет од 20 мегавати и за годишно производство од 87 гигават-часови.


Во периодот од 2006 до 2008 година беа објавени три меѓународни огласи за давање концесија за вода од мали хидроелектрани. Од Министерството за економија најавуваат дека и наредниот период, секои шест месеци, ќе се објавуваат јавни огласи за нови 30 локации, по моделот ДБОТ (дизајнирај, изгради, реализирај и трансферирај). Во согласност со програмата на Владата, во наредниот период предвидено е да се изградат околу 400 мали хидроелектрични централи, со поединечна електрична моќност до пет мегавати, или со вкупна моќност од околу 250 мегавати и очекувано годишно производство на струја од околу 1.200 гигават-часови.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C072678A0EE2014E85666F3A806B8294
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 29-Nov-2009 at 15:22

Кинезите ги исполнија обврските за ХЕ „Козјак“





 

АД ЕЛЕМ и кинеската компанија „Кинеска интернационална корпорација за вода и струја ЦВЕ“ вчера потпишаа протокол за целосно исполнување на обврските од Договорот за изградба на хидроелектраната „Козјак“, по што во полн капацитет се ставени двата агрегата со инсталирана моќност од 80 мегавати

 
 
%20  
ХЕ „Козјак“ во услови на просечна хидролошка состојба годишно може да произведат околу 156 гигават/часови електрична енергија и учествува со 1/8 од вкупното хидропроизводство во државата.

- Од периодот на пробното пуштање до денес, ХЕЦ Козјак произведе 652.000 мегават/часови. Завршувањето на изградбата на ХЕ „Света Петка“ или како понекогаш популарно ја нарекуваат „Матка 2“, заедно со ХЕЦ Козјак и постојаната ХЕ Матка, ќе значи заокружување на целиот проект со три каскадни хидроелектрични централи на реката Треска. Од нив електроенергетскиот систем ќе добива дополнителни 250 милиони киловатчасови електрична енергија годишно - истакна генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

Тој додаде дека благодарение на добрата хидролошка состојба, техничката кондиција и успешното менаџирање успеале на еден месец пред завршувањето на тековната година не само да го исполнат планот за производство на електрична енергија од хидроелектричните централи, туку и да го натфрлат за над 20 проценти.
 
   
Автор: А.С.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11289956384&id=10&prilog=0&setIzdanie=21849
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 30-Nov-2009 at 19:32
МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ 
Листа на најуспешни понудувачи по јавен оглас за изградба на 60 МХЕЦ:


http://www.economy.gov.mk/default.asp?ItemID=3CE5ED575A6D4B469A3ACBBBF460057F


Edited by Cloverstack - 30-Nov-2009 at 20:13
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 28-Dec-2009 at 01:10

Меѓународен консултант за спас на „Чебрен“ и „Галиште“

Дефинитивно се покажа дека нашата администрација не е доволно обучена и стручна за да ги заврши ваквите проекти, вели министерот за економија Фатмир Бесими

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е дел од групацијата на Светската банка, е новиот консултант на Министерството за економија кој ќе помогне да се заврши најдолгиот тендер досега што треба да ја донесе најголемата странска инвестиција во историјата на Македонија. Се работи за тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река, вреден над 600 милиони евра, но и двапати поништуван и неколку пати одложуван. Последното одложување беше во октомври годинава, кога за април 2010 година се пролонгира рокот за доставување на понудите за изградба на хидроцентралите по барање на трите заинтересирани инвеститори: германскиот гигант РВЕ заедно со словенечки ХСЕ, австриски „Вербунд“ и италијански „Енел“.

Според министерот за економија, Фатмир Бесими, самите инвеститори побарале во меѓувреме да се ангажира професионален меѓународен консултант.

- Дефинитивно се покажа дека нашата администрација не е доволно обучена и стручна за да ги заврши ваквите проекти. Затоа, го ангажиравме ИФЦ, кој е дел од Светската банка. Тие, како експерти ќе го направат проектот атрактивен и ќе ја зголемат неговата рентабилност. Со тоа, испраќаме порака до инвеститорите дека сме сериозни и сакаме да го завршиме овој проект до крај - вели Бесими во новогодишното интервју за „Дневник“.

Тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“ првпат беше објавен во 2006 година, додека Бесими беше министер во Владата на Владо Бучковски. Како што вели самиот, кога повторно се врати на власт во 2008 година, првиот тендер се уште траел, но беше поништен. На првиот тендер интерес за проектот пројавија дури 12 компании, а на крај беа доставени само две понуди, од „Вербунд“ и РВЕ. Овој тендер беше поништен бидејќи инвеститорите побараа Владата да гарантира дека ќе плаќа пенали ако Црна Река нема толку вода како што е прикажано во проектната документација. Претходно, инвеститорите уште во 2006 година побараа одложување на рокот за достава на понудите, како што се случи и годинава. Кон крајот на 2008 година беше објавен и вториот тендер во кој беше продолжена концесијата на третата хидроцентрала во каскадата - „Тиквеш“. Имено, дозволениот период за концесија над хидроелектраната „Тиквеш“, наместо 50 години, во вториот тендер беше 70 години. Три компании ја подигнаа тендерската документација во август годинава, но не ги доставија своите понуди во октомври, туку побараа одложување на рокот.

Претставникот на РВЕ, Торстен Липерт тогаш изјави дека се прават анализи и пресметки дали проектот е економски исплатлив, најавувајќи дека е можно да се побараат подобри технолошки решенија од Министерството.

Благодарение на довербата на заинтересираните инвеститори, тие повторно се пријавија на сегашниот тендер. Сепак, економската криза годинава беше причината што се уште се одложува, а самите инвеститори побараа да се ангажира професионален консултант.

Од друга страна, домашни експерти веќе подолго време укажуваат на неисплатливоста и застареноста на сегашниот проект за изградба на ХЕ „Чебрен“ и „Галиште“. Така, експертот за хидроенергија Јордан Ставров уште пред да се објави вториот тендер јавно побара да се променат условите во него нудејќи друга варијанта. Ставров смета дека ако се намали висината на браните и се додаде уште една брана во каскадниот систем, инвестицијата би се намалила на само 350 до 400 милиони евра, а инсталираната моќност и количеството произведена електрична енергија би останале исти. Овие тврдења тој ги поткрепува со Студијата за интегрален развој на Вардарската Долина, во која посебно се обработува сливот на Црна Река, изработена од конзорциум на три француски компании ЕДФ, ЦНР и „Хидролак“. Резултатите покажале дека најдобра е варијантата „3+1“, односно каскаден систем со три хидроцентрали „Скочивир“, „Чебрен“ и „Галиште“ со реални димензии, како и постојната „Тиквеш“

Споредбената анализа покажала дека стапката на рентабилност на „Чебрен“ со брана од 192,5 метри изнесува 0,8 отсто, а со 130 метри 4,5 отсто. Кога во системот ќе се вклучи ХЕ „Тиквеш“, исплатливоста се зголемува на 10,7 отсто и се добива задоволителна финансиска оправданост на целиот каскаден систем. Во варијантата „3+1“, според Ставров, ХЕ „Тиквеш“, наместо 70 години, може да биде отстапен под концесија само 20 години.

Сегашниот проект е резултат на студијата на грчката компанија „Ексергија“, која оценува дека најповолна би била изградбата на брана на „Чебрен“ висока 192,5 метра и моќност од околу 340 мегавати, како и „Галиште“ со висина од 136 метри и инсталирана моќност од 193 мегавати. Вредноста на двете брани е околу 650 милиони евра.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A821CD1188B44644A24E78999EDEF6A2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 30-Dec-2009 at 11:44
Максимална поддршка за минихидроцентрали

Стручњаците ги презентираа техничките, економските и други аспекти на проектот хидроцентрали на Калин Камен и Станечка Река во Крива Паланка и сметаат дека општината ќе има голема корист

Проектот за изградба на минихидроцентрали на двата транспортни цевковода во Крива Паланка е исплатлива инвестиција и одлична можност за голем приход на општината, сметаат експертите. Локалната власт ги повика стручњаците од ЛТД „Техника“ од Кавадарци, кои се изработувачи на новиот идеен проект за хидроцентралите на Калин Камен и Станечка Река во Крива Паланка, јавно да ги презентираат техничките, економските и финансиските можности и карактеристики на новоизработениот проект. Причина за тоа беа дилемите што се појавија во јавноста за оправданоста на проектот.

- За да нема утре префрлувања и обвинувања, сакам граѓаните да бидат запознаени со планираната инвестиција и затоа беа повикани проектантите да ги презентираат потенцијалите на проектот пред советниците и општинската администрација. За него веднаш се заинтересираа повеќе инвеститори и можеме да им го преотстапиме ако така се одлучи, но мислам дека овој проект е одличен и ќе донесе големи приходи за општината, па сметам дека треба сами да инвестираме и да го стопанисуваме - истакнува градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Електроинженерот Тодор Лалков од ЛТД „Техника“ вели дека со искористувањето на цевководите за енергетски цели општината ќе има големи бенефити.

- Со изградбата на вакви системи досега биле спасени многу претпријатија од пропаѓање. Повеќекратно се исползуваат економските услови на инвестицијата, а најбитно е дека со годишно производство од околу 3,8 милиони киловат-часови, Крива Паланка ќе остварува околу 460.000 евра годишно. Животниот век на проектот се проценува на околу 50 години, во зависност од опремата - истакна Лалков.

Според процените, проектот ќе чини еден милион и 175.000 евра, кои општината планира да ги обезбеди преку кредит од една од комерцијалните банки.

- Кредитот би го вратиле за период од 10 години и сосе каматите целата инвестиција би не' чинела околу 1,6 милион евра. Ако сите приходи се наменат за кредитот, тој би можел да се отплати за 4 години, а потоа би остварувале чист приход од 460.000 евра годишно. Или месечно би се реализирале по околу 40.000 евра, од кои 50 отсто би оделе за амортизација и тековни трошоци, а другите би биле за инвестирање во други приоритетни цели - вели Алексовски.

Планирано е минихидроцентралите да бидат изгадени за период од околу една година и со нив да стопанисува ново јавно претпријатие, кое наменски ќе ги искористува средствата за изградба на инфраструктурата во општината.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=10BF27086345E94D8515AEC2CAC7C147

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 14-Jan-2010 at 18:30
Потпишан договор со консултант за тендерот за Чебрен и Галиште

Како што беше најавено кон крајот на декември минатата година, организацијата ИФЦ (IFC; International Finance Corporation), која е дел од групацијата на Светска Банка, денеска и официјално стана консултант на владата за тендерот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Договорот беше потпишан денеска во просториите на владата, во присуство на потпретседателот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Фатмир Бесими  и регионалниот менаџер на ИФЦ за западен Балкан, Џовани Даниеле.

Проектот ќе се спроведе во две фази. Во првата ќе се направи анализа на постојната тендерска документација, а во втората комплетна длабинска анализа и структуирање на тендерот. ИФЦ има задача да ги отстрани досегашните пречки и да осигура успешен тендер. Владата како членка на оваа организација со свој преставник во нејзиното собрание ќе учествува со 20 проценти во договорот за консултантски услуги, односно околу 100.000 евра, а останатите треба да се наплатат од идниот инвеститор. Ако тендерот биде неуспешен, ИФЦ нема да ги наплати услугите.

Владата на ваков чекор се одлучи после пропаѓањето на првиот тендер и проблемите кои се провлекуваат со вториот, кој е во тек. Барање во овој правец имаа и трите активни учесници во борбата за добивање на концесијата: германско-словенечкиот конзорциум РВЕ и ХСЕ (RWE AG – HSE), австрискиот Фербунд (Verbund) и италјанскиот Енел (Enel S.p.A.).


http://www.build.com.mk/?p=1425
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 15-Jan-2010 at 14:25
Потпишани пет договори за изградба на мали хидроцентрали

Фирмите ЏСП Актуел, Хидроват и Фероинвест-Ингмак се новите концесионери за изградба на мали хидроцентрали на повеќе локации во југозападниот дел од државата.

Вкупно пет договори со преставници на фирмите концесионери денеска потпиша министерот за економија Фатмир Бесими.

Фирмите  имаат рок од една година да ја соберат целата потребана документација и да започнат со изградба на хидроцентралите.
  

Министерот Бесими рече дека се работи за инвестиции кои не само што се важни за македонската економија туку одговараат и на нашите потреби за нова и чиста енергија.

“Досега на овие тендери се доделени концесии за инвестиции од околу 13 милиони евра. Тоа ни дава основа да се надеваме дека наскоро ќе ја отвориме и првата ваква хидроцентрала, но истовремено ќе доделуваме и многу нови концесии, за да ја достигнеме бројката од 400 мали хидроцентрали”, рече Бесими и додаде дека веруваат во зголемување на динамиката за реализација на проектот.

Според договорот петте локации на кој ќе никнат хидроцентралите се наоѓаат по водотеците на реките Песочанка, Тресонечка, Слатинска  и Косел, а нивната вкупна моќност ќе изнесува 13.4 гига ват часови на годишно ниво.

Фирмите ЏСП Актуел и Хидроват во заеднички конзорциум планираат да започнат со градба на три хидроцентрали на реките Тресонечка и Песочанка најдоцна до летово, а очекуваат дека истите ќе бидат изградени до истиот период во 2011 година.

Вкупната нивна инвестиција ќе изнесува околу 5 милиони евра,а се надеваат на повраток на инвестицијата во следните 4 до 5 години.

Министерството за економија досега потпиша договори за концесии на 28 локации со пет концесионери, како дел од проектот за развој на енергетскиот сектор.

http://makfax.com.mk/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 03-Apr-2010 at 18:55

Ќе се гради мала хидро централа на река Брбушница

Советот на општина Виница донесе одлука за изработка на урбанистичка  документација за изградба на мала хидроелектрична централа на реката Брбушница со моќност  од 554 кв.

Иницијата е во рамките на Владиниот проект за изградба на 60 мали хидроцентрали во Македонија.

На друштвото мали ХидроЕлектрани ДОО Скопје,од страна на Владата му е доделена концесија за користење на вода за производство на електрична енергија,за изградба на мала хидро централа на водотекот од реката Брбушница кај Виница. Друштвото веке има потпишано договор со Министерството за економија и платен еднократен надоместок за добиената концесија.
                                                                                                                                                         http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ke-se-gradi-mala-hidro-centrala-na-reka-brbushnica 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 29-Apr-2010 at 12:27

 

 

 

 

     

„Топлификација“ и „Турбоинститут“ се откажаа од хидроцентралите


Наместо брз почеток на инвестициските активности, компаниите се судрија со бавната администрација, која го одолжуваше потпишувањето на концесиските договори цели две години

 
 
%20  
Домашни и странски компании почнаа да ги откажуваат планираните инвестиции во енергетската инфраструктура во земјава, а освен кризата, една од главните причини за откажувањето се и инертноста на државата и долгите и бавни тендерски процедури. Скопска „Топлификација“ и словенечки „Турбоинститут“ се откажаа од проектот за изградба на мали хидроцентрали, вреден околу 10 милиони евра.

„Топлификација“ соопшти дека повеќе не е содружник во друштвото за производство, трговија и услуги „Мали хидроцентрали“ ДОО Скопје, фирма што од Министерството за економија ја доби концесијата за изградба на хидроцентралите. Според нашите сознанија, и словенечки „Турбоинститут“ ја напуштил фирмата, која сега прејде во целосна сопственост на другите два содружници, градежната компанија „Гранит“ и велешки „Фероинвест“. Конзорциумот од компании на меѓународен тендер уште во 2007 година доби концесии за изградба на 14 мали хидроцентрали на повеќе локации во земјава. Меѓутоа, наместо брз почеток на инвестициските активности, тие се судрија со бавната администрација, која го одолжуваше потпишувањето на концесиските договори до ноември 2009 година, односно цели две години. Познавачите велат дека ваквиот однос на државата е една од главните причини за откажување на инвеститорите, кои во меѓувреме поради кризата мораа дополнително да ги ревидираат плановите за работа.

Димитар Хаџимишев, директор на „Топлификација“, вели дека го напуштиле конзорциумот бидејќи станува збор за изградба на мал енергетски капацитет.

- Од поодамна не сме ангажирани во овој проект, бидејќи во компанијата имаме интереси за инвестирање во поголеми енергетски капацитети - вели Хаџимишев.

Кочо Анѓушев, сопственик на „Фероинвест“, потврди дека партнерските компании од различни причини го напуштиле конзорциумот, но додава дека заедно со „Гранит“ ќе продолжат со реализација на проектот, и тоа со изградба на 8 хидроцентрали.

- Ние продолжуваме со реализација на овој проект. Веќе сме во фаза на вадење градежни дозволи и купување на потребната опрема. Очекувам дека за година и пол хидроцентралите ќе бидат изградени - вели Анѓушев.
 
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=429101019235&id=10&prilog=0&setIzdanie=21971
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 03-May-2010 at 18:54

Економија

Ќе почне изградбата на првите 7 мали ХЕЦ

понеделник, 03 мај 2010, 15:06

Конечно ќе стартува изградбата на привите седум од планираните 400 мали хидроелектрани во земјава. До крајот на месецов, македонскиот конзорциум помеѓу Фероинвест и Гранит најавува дека ќе отпочне со градежните активности на неколку реки низ Македонија- техничките предуслови ги финиширале. Според инвеститорот, до крајот на 2011 седумте мали хидроелектрани ќе почнат да произведуваат струја, и тоа од обновливи извори на енергија од кои што во до 2020 Македонија ќе треба произведува дури 20 проценти од енергијата.

Досега Владата на двата тендера доделени 65 локации за изградба на мали хидроелектрани вредни 62 милиони евра. Иако дел од нив, според ветувањата, досега требаа веќе да произведуваат струја, за ниту една од нив домашните и странски инвеститори се уште немаат ставено ниту темели.

Владиниот проектот - изградба на 400-тини мали хидроцентрали којшто треба да ја извлече земјава од децениската енергетската криза, изминативе неколку години постојано го карактеризитаат долги тендерски постапки, постојано одложување на изградбата и талкање во административни лавиринти.

Македонија децении наназад, по изградбата на хидроцентралата Козјак, е без нов енергетски капацитет за производство на струја.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=37&eventid=21787


Edited by Cloverstack - 03-May-2010 at 19:14
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 06-Jul-2010 at 19:36
Границата е договорена и не знам каква мистерија сугерира текстот дека имало до сега, ниту каков евентуален простор за влегување во проектот гледа госпоѓата Пуља. Чуден е овој наш Балкан... Инаку Тексотот попатно има и општи информации од енергетската сфера, но бидејќи е во најголема мерка за Луково Поле, го постирам овде.

Косово крена раце од Луково Поле

Проектот беше заеднички, но со оглед на политичките
промени, ќе се реализира со средства од ЕБОР

Миркица Поповиќ


Косово и дефинитивно нема да учествува во енергетскиот проект „Луково Поле“. Ова вчера го потврди министерката за енергетика и минерали на Косово, Јустина Широка Пуља, по потпишувањето на меморандумот за енергетска соработка со македонскиот министер за економија, Фатмир Бесими.

„Проектот беше заеднички, но со оглед на политичките промени, овој проект ќе се реализира со средства од Европската банка за обнова и развој. Ние како Косово ќе останеме да видиме како ќе течат работите и да видиме дали ќе може и дали ќе има има простор и ефект да влеземе во проектот. Но, целта на нашите две држави останува да имаме квалитетно и безбедно обезбедување и слободен проток на електричната енергија“, истакна министерката Пуља.

Со оваа изјава, конечно, се реши мистеријата околу тоа дали Косово ќе учествува во проектот откако по демаркацијата на границата меѓу двете држави, од ЕЛЕМ изјавија дека Македонија сама ќе работи на проектот вреден 40 милиони евра, од кои 6 милиони евра директни инвестиции и 34 милиони кредити. Премиерот Никола Груевски неодамна го наведе „Луково Поле“ заедно со хидроцентралата „Бошков Мост“, ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“, како дел од најкрупниот пакет инвестиции во енергетиката, кои се извесни, сигурни и сериозно ќе влијаеле врз порастот на економијата.

Министерот Бесими истакна дека медиумското внимание на овој проект е хиперболизирано. Поради тоа сметаше дека е неопходно да објасни дека станува збор за систем за акумулирање, што подразбира изградба на брана со цел да се оптимизира нивото на водите во езерото Маврово.

„Бидејќи покривањето на површината со вода при акумулација паѓа на територијата на Македонија, логично е тоа да го направи ЕЛЕМ“, изјави Бесими, додавајќи категорично дека овој проект не треба да биде нешто што би ја ставило под прашање соработката на Македонија со Косово. За него ова е конкретен пример на позитивно заедничко решавање на проекти, кои се од заеднички интерес на двете држави.

Проектот „Луково Поле“ се актуелизираше на почетокот на 2009 година, иако идејата и целосна техничка документација постои уште од 80-тите години. На средбите меѓу министрите Пуља и Бесими во 2009 година беше најавена соработка на двете држави за реализирање на овој енергетски проект во тек на четири години, преку заедничко финансирање, со план дел од средствата да се побараат и од меѓународни финансиски институции. Како што беше уште лани најавено, со „Луково Поле“ нашата држава ќе има придобивка од 114 милиони киловат-часа струја. Дополнително, ако се реализира планот за изградба и на четврта централа на мавровскиот систем „Црн Камен“ на Радика, новите количества струја би изнесувале околу 141 милион киловат-часа.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка во енергетиката, министерот Бесими истакна дека со овој документ се поставува добра формална основа за зајакнување и подобрување на постојаната соработка на двете држави во областа на енергетиката. Тој најави формирање работни групи со тимови и од Македонија и од Косово, кои ќе дејствуваат во рамките на Меѓувладината комисија за соработка.

На новинарско прашање за конкретни проекти и како осумте договори за соработка со Косово се реализираат во практика, Бесими укажа на заедничкиот проект за изградба на 400-волтен далновод за меѓусебно енергетско поврзување, со кој Македонија и Косово аплицираат во ЕБОР. Сличен проект Македонија има и со Албанија и преку овие два проекта нашата држава ја заокружува мрежата на интерконекциски линии со соседните држави. „Во рамките на регионалната енергетска стратегија во интерес е создавање широка енергетска мрежа во која ќе бидат вклучени и гасовод и нафтовод“, додаде Бесими.

Министерката Пуља, пак, истакна дека Косово како млада држава, моментно работи на развој и на модернизација на инфраструктурата во енергетиката. Без оглед на ситуацијата со „Луково Поле“, Косово е заинтересирано за заеднички проекти со Македонија што би вклучувале и други држави од регионот.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06101194D080C94197DC524AD5F73D07
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 06-Jul-2010 at 23:59
Ме интересира дали и според старата демаркација на границата со Србија овој дел припаѓал на Македонија, или само според договорот со Косово од 2009? Би сакал да верувам дека доколку ова не припаѓало на Македонија според старата демаркација нашите правници сепак ги испитале сите можни компликации кои може да нè очекуваат, а потекнуваат од меѓународното право.

Знае некој нешто повеќе за старата демаркација? Знам имаше проблематични точки околу Кодра Фура, ама за тука како што се сеќавам прво беше косовско, па потоа некако го отстапија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 07-Jul-2010 at 07:21
Имаше некој документ за Косово пред неколку години подготвуван од пратеник на ООН, Марти Ахтисари. Според тој документ што е дел од меѓународното право, Косово се охрабрува ли, се принудива ли, да ги демаркира границите. Е сега колку тој пратеник го кршел меѓународното право и давал охрабрувања за прашања што државите ги решаваат меѓу себе, а меѓународна заедница се меша ако се побара од двете страни посредување или арбитража. Друга работа е што меѓународно надлежен за Косово е УНМИК со надлежност и врз границите. Е сега дали само да ги контролира или и да ги демаркира ако има потреба. Исто така дополнително границата со топографски атласи де депонира во ООН и така се верификува меѓународно. Така да, ако еве хипотетички земеме дека Србија некогаш си ја врати надлежноста за Косово, најверојатно ќе биде на некој начин принудена да ја прифати теренската состојба односно сега демаркирата граница. Она може да побара ревизија, ама чисто како политичко средство да го постави јавно своето право да демаркира сопствени граници и тоа да заврши без промени.

Кодра Фура караулата е македонска, ама има некој пат и на едно место навлага во Косово неколку стотина метри или помалце. И сега тој се користи како заеднички пат за надгледување на границата.

А стара демаркација нема, оваа сега е прва, предходната подетална состојба мислам дека ориентационо се знаела според надлежноста на катастрите меќу Скопски и Качанички, Тетовски со Призренски, надлежности доделени уште во Југославија.

Така да според мене, Македонија треба што побрзо да се фати за работо со Луково Поле. Да искористи додека има надлежност врз целото. Па после тоа и да има некој којзнае какви проблеми веќе е направено. А и така браната е целосно на Македонска страна, само се поплавува делот што порано беше под Косово.


Edited by lslcrew - 07-Jul-2010 at 07:26
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 08-Jul-2010 at 10:06

ЕВН: Двојно зголемено производството на електрична енергија од малите ХЕЦ

ЕВН Македонија во првите шест месеци од годината регистрирала 100 отсто поголемо производство на електрична енергија од малите хидроцентрали, во однос на истиот период лани.

Во првата половина од оваа година, како што соопшти ЕВН Македонија, производството изнесувало околу 150 милиони киловат часови или колку во текот на целата 2009 година.

- Ваквата состојба се должи на поволната хидролошка состојба, на ревитализацијата на малите хидроцентрали согласно РОТ договорот со чешки Хидропол, воведувањето на модерна технологија, зголемување на ефикасноста кај сите мали хидроцентрали и зголемениот инсталиран капацитет кај ХЕЦ Матка и Пена, стои во соопштението.

ЕВН Македонија регистрирала рекордни резултати и за цела 2009 година, која заврши со 150 милиони киловат часови произведена електрична енергија од малите хидроцентрали, што е за 50 проценти повеќе од просекот во минатата деценија.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/evn-dvojno-zgolemeno-proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-od-malite-hec

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.254 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.