build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 66>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 07-May-2010 at 22:31

Тунелот под Кале нацртан на нова хартија

Потребата од тунел под Кале, како продолжение на булеварот Свети Климент Охридски, е внесена и во најновата нацрт-верзија на детаљниот урбанистички план за локалитетот Тетовска трошарина, што Советот на општината Центар го усвои завчера попладне. Тунелот ќе биде долг 180 метри и ќе минува во близина на Калето. Сообраќајницата ќе има четири коловозни ленти, односно 14 метри широчина и плус околу два метра заштитни тротоари, кои ќе се користат при сервисирањето и одржувањето на коловозите. Движењето на пешаците по овие тротоари нема да биде дозволено, односно тунелот ќе го користат само возила.

Презентацијата на планот пред Советот ја изврши проектантот Благоја Тагасовски од проектантското биро „Инпума“, кое со години ги изработува детаљните планови за Општина Центар.

- Тунелот постои во генералните урбанистички планови уште од 1965 година, потоа е потврден и во плановите од 1985 и 2002 година. Овој пат само го внесовме во детаљниот урбанистички план за Тетовска трошарина, односно го потврдивме, оти тој бил планиран и во претходните детаљни планови. Тој ќе има неверојатно олеснителна функција во однос на сообраќајниот метеж. Влезот на тунелот би бил во близина на лизгалиштето. Нема да минува под тврдината, туку под Музејот на современата уметност - рече Тагасовски.

Булеварот Свети Климент Охридски во Генералниот план е дел од прстенот брзи сообраќајници. Предвидено е откај Владата, до каде се протега моментно, да продолжи со мост преку Вардар и со тунел под Кале да се поврзе со булеварот Никола Карев. И овој булевар е предвиден за брза сообраќајница, а моментно функционира како обична улица со четири коловозни ленти, попозната како „пластичарска улица“.

Иако тунелот во плановите постои со години, досега ниту една гарнитура не се нафати да преземе посериозни чекори за да дојде до неговата реализација. Со години се повторува дека е значен за решавање на сообраќајниот метеж, а се' што се прави е само прецртување од стар во нов урбанистички план.

Освен тунелот, во планот за Тетовска трошарина се предвидува и изградба на шест резиденцијални објекти, кои може да бидат наменети за амбасади. Поголем простор треба хортикултурно да се уреди како заштитна зона.

Планот беше едногласно условен од Советот на Центар, без прашања и забелешки.

На седницата, советниците без забелешки ги изгласаа и измени на детаљните урбанистички планови за локалитетите Судска палата и Спортско-рекреативен центар „Кале“, кои, според објаснувањето на презентерите, не нудат големи измени во просторот.



Edited by SkyBoy - 07-May-2010 at 22:31
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 08-May-2010 at 10:07
АЦРТ-ВЕРЗИИ НА ТРИ ДУП ДОБИЈА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО ЦЕНТАР
Амбасади и резиденции на Кале

Роза Петкова


На потегот меѓу Музејот на современа уметност и Американската амбасада на Кале ќе се градат амбасади и резиденции. Ова се предвидува со нацрт-верзијата на новиот детален урбанистички план „Тетовска трошарина“, кој Советот на Општина Центар го усвои на последната седница. Во планот се третираат 5,8 хектари, во непосредна близина кај амбасадата на САД. Просторот се протега на исток по осовина на продолжение на Кале, односно тунел под Кале, на север, по осовина на улицата Самуилова, на запад по граница на наменската зона за дипломатски претставништва, осовина на новопланирана улица 1 и осовина на пешачка улица и на југ по осовината на улицата Лазар Личеноски. - Станува збор за локалитетот „Тетовска трошарина“, за простор кој досега не бил вклучен во детален урбанистички план. Во еден дел просторот е празен и тука се предвидени два објекти, дипломатски претставништва или во крајна линија државна и локална администрација. Понатаму просторот е поделен за три помали објекти, резиденцијални. На целата траса има и неколку изградени објекти, од кои не се сите со јасни имотно-правни односи - рече Благоја Тагасовски, архитект од планерската куќа „Инпума“, која го изработила планот. Според него, целиот локалитет во моментот нема археолошки остатоци што треба да се заштитат, освен показатели дека тука некогаш постоело турбе, а тој дел е обележан во планот и соодветно ќе биде третиран. Со истата структура остануваат и Француските гробишта, кои се влезени во планот. Освен овој, советниците на седницата усвоија уште два урбанистички плана, исто така, во нацрт-верзија. Станува збор за дел од спортско рекреативниот центар „Кале“, на површина од 1,2 хектари, кои се наоѓаат меѓу зградата на Царинската управа и бараките на „Водовод и канализација“. - На просторот се определени четири површини за градба, кои се сервисни дејности според старата номенклатура, а според новата се со административно-деловна намена. Се предвидува и доградба за објектот на царината. Сообраќајната мрежа е преземена од претходниот план, а пристапите до сите објекти се планирани преку новопроектирана улица, која ќе минува зад нив, односно на кејот на Вардар. Се планира и една пешачка променада. Целта е да се растовари улицата Лазар Личеноски, која треба да биде протечна за сообраќај. На оваа улица има и дел од археолошката историја, остаток од долната порта на Кале, која е ставена во соодветна функција за да се зачува - објасни Тагасовски. Советот го усвои и нацрт деталниот план „Судска палата“, кој го опфаќа просторот од семафорите кај МТВ, кеј Димитар Влахов, новиот мост и булеварот Гоце Делчев. Тука се планираат објекти на државна и на локална самоуправа и административно-деловни објекти. Според архитектот, целта на планот е да се уреди просторот, кој досега не бил третиран и да добие одреден лик.


Во ДУП влезе и тунелот под Кале


ДУП „Тетовска трошарина“ го содржи и планираниот подземен тунел на Кале, кој е преземена сообраќајница од ГУП. Тагасовски вели дека подземниот коридор под Кале е точно дефиниран како едноцевен тунел, со четири сообраќајни ленти, широки по три метри и ќе биде продолжение на булеварот Свети Климент Охридски, кој завршува кај Владата. Улицата ќе продолжи со мост кај Вардар, потоа ќе помине над лизгалиштето, ќе се извиши седум метри над улицата Лазар Личеноски, па ќе влезе на соодветна висина во Калето. Од другата страна ќе излезе кај булеварот Никола Карев или кај таканаречената пластичарска улица.
Тунелот треба да го гради градоначалникот Коце Трајановски, кој пред седум месеци распиша оглас за консултант за изградба на подземната сообраќајница по пат на концесија. Градските власти се уште немаат објавено кои се резултатите од оваа активност.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2015&ArticleID=140235
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 11-May-2010 at 15:40
Од страна на општина Центар донсени се следниве детални урбанистички планови
 
Ова е дуп-от на Крњево во делот на факултетите ако не се лажам мислам дека тука е и делот од брзата сообраќајница која се спојува со Крушевска Република.
 
Ова е дуп-от на Тетовска Трошарина и убаво може да се види сообраќајницата под Калето
 
Ова е дуп-от на Судска Палата и во овој дуп е внесена трасата на Крушевска Република која поминува позади МТВ и го спојува Јужен булевар со Александар Македонски.  
 
И ова е дуп-от на СРЦ Кале внесени се некој нови обијекти, а интересен е тој во кружна форма.


Edited by Baze - 11-May-2010 at 15:49
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 11-May-2010 at 16:09
fala baze
imas li pogolemi verzii?za da gi vidime markicite kolku kati itn.
a toa pret mkrtv sigurno katna garaza e !!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 11-May-2010 at 17:34
my macedonia, плановите се поставени на сајтот на општината.

Исто така уредно и навремено се објавени соопштенија за јавните анкети и презентации.

Конечно има за што да ја пофалиме Општина Центар, која досега беше меѓу најнегативните примери на ова поле и воопшто. Се надевам дека ова не е нешто инцидентно туку дека ќе остане пракса и дека ќе се надградува  Cheers
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 12-May-2010 at 17:05
Промени на деталните урбанистички планови во Штип http://www.porta3.com.mk/images/stories/dnevni_vesti/stip.jpgШтип, 12 мај - Јавното претпријатие „Штип проект“ почна со промена на деталните урбанистички планови низ централното градско подрачје и во поголемите населби.

Директорот на ЈП „Штип проект“ Љубе Здравков изјави дека архитекти веќе почнале со промената на Деталниот урбанистички план на дел од улицата „Сутјеска“, каде што е предвидена дислокација на градкиот пазар.


- Архитектите работат и на промена на Деталниот урбанистички план на улицата „Партизанска“, каде што се наоѓа Градскиот стадион. Со неговата промена ќе се предвиди дислокација на стадионот во населбата Суитлак, а на негово место ќе се предвиди изградба на станбени згради, рече Здравков.


Штипското урбанистичко претпријатие од денеска почна со санација на дупките низ централнто градско подрачје, каде што веќе се потрошени околу седум тони асфалт.
Но, за санирање на штипските улици, според Здравков, потребни се околу 50 тони асфалт и во моментов имаат проблеми со недостиг на асфалтна маса, со што се одложува и пополнувањето на дупките на улиците. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2046&Itemid=125
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 16-May-2010 at 16:09
ЖИТЕЛИТЕ ОД КАЛЕ СТАВЕНИ ПРЕД СВРШЕН ЧИН
Ќе се уриваат куќи за нови амбасади

Роза Петкова

Три од новите пет амбасади што се планираат на Кале, во продолжение на американската амбасада, ќе се градат ако тамошните жители ги продадат куќите. Според тоа што беше кажано на јавната презентација на ДУП „Тетовска трошарина“, која вчера се одржа во Месната заедница „Мирче Ацев“, странските дипломати сами ќе треба да преговараат со жителите и да ги расчистат имотно - правните односи со нив, односно да им понудат пари за откуп на земјиштето ако се заинтересирани да градат. Делот од локацијата што е расчистен, ќе се употреби за две поголеми дипломатски претставништва, а таму каде што има градби, земјиштето намерно е расцепкано за помали објекти, за да можат потоа инвеститорите полесно да се договорат со еден или со двајца сопственици и да го откупат. Жителите што беа присутни на презентацијата побараа куќите да им се внесат во планот затоа што на локацијата живеат повеќе од 50 години. Истата судбина ќе ги снајде и другите градби, затоа што, според објаснувањето од проектантската куќа „Инпума“, целиот потег, се до Музеј на современа уметност, е планиран за амбасади. - Освен едно семејство, ниту еден од соседите не сака да се сели. Има дваесетина куќи со семејства што живеат тука од 50 до 60 години. Повеќето немаат решен статус, кој не можевме да го обезбедиме бидејќи досега ни велеа дека се наоѓаме во зона на зеленило - рече еден од присутните граѓани. Проектантот од „Инпума“, Благоја Тагасовски, објасни дека намената на просторот на Кале е преземена од валидниот Генерален урбанистички план, каде што стои дека овој дел од локалитетот е предвиден за амбасади. На граѓаните им беше кажано дека ако имаат документи за сопственост, доколку не сакаат да го продадат земјиштето, нема да се гради амбасада на нивното место, но ни сегашниот статус нема да им се смени, односно нема да можат да си ги реновираат куќите.
Деталниот план предвидува четири од амбасадите да бидат со висина до десет метри односно на приземје и два ката, а една ќе биде висока 16,5 метри, што значи ќе добие плус уште еден кат. Две од нив ќе се градат на површина од 2.078 квадратни метри и на 875 квадратни метри, а другите се на земјиште до 300 квадратни метри.


До МРТВ катна гаража

Во ДУП „Судска палата“ се планира нова катна гаража за 400 возила, која ќе ја опслужува зградата на МРТВ. Објектот ќе биде на три нивоа и приземје и ќе се наоѓа во кругот на телевизијата. Покрај неа, планот предвидува и четири нови деловни објекти во зеленилото кај бензинската пумпа на “Макпетрол”, од кои и еден четириесетметарски.


Водовод во кружна зграда

Најавената нова административна зграда за „Водовод и канализација“, ќе биде со кружна форма. Вака ја проектирале архитектите од планерската куќа „Инпума“, во новиот ДУП за дел од СРЦ „Кале“, затоа што таа форма била најсоодветна за да се искористи најголем простор. Зградата петкатница, која ќе се наоѓа на местото на сегашните бараки на претпријатието, ќе биде висока 21 метар, а надградба ќе добијат и објектите до неа, меѓу кои се наоѓа и дирекцијата на Царинската управа.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=140831&EditionID=2022
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 25-May-2010 at 12:43

Во Скопје се нацртани фабрики на 256 хектари

Сé уште има празни локации за инвестициски градби и во градското подрачје, во Аеродром, Расадник, Бутел и во делови од Карпош, а индустријата главно треба да се постави околу градот

Фабрики, станбени комплекси и понекоја болница, трговски центар, хотел и облакодер. Сето ова треба да го добие главниот град ако се реализираат деталните урбанистички планови што ги имаат или ги изработуваат неговите општини. Со нив се предвидува во градот да се изградат индустриски капацитети на површина од околу 256 хектари, од кои повеќе од половина би се наоѓале во зоната покрај северната обиколница кај клучката во селото Стопански Двор. Сé уште има празни локации за инвестициски градби и во градското подрачје, во Аеродром, Расадник, Бутел и во делови од Карпош.

Индустријата главно треба да се постави околу градот. Кај Стопански Двор е предвидена зона со површина од 137 хектари, но таму сега нема инфраструктура, па тешко дека наскоро ќе се обезбедат инвеститори за градење. И во близината на Ново Село има предвидено две индустриски зони, како и една покрај улицата Шарпланинска во Ѓорче Петров. Нови погони треба да се направат покрај обиколниот автопат и во делот што поминува низ општината Бутел. Ќе продолжи и индустријализацијата на Момин Поток и на Злокуќани, каде што општината Карпош предвидува 58 градежни маркички за разни капацитети на вкупна површина од околу 15 хектари.

Општината Аеродром има изработено и каталог за инвестиции, со кој детално се опишува каде може да се гради. Со него се предвидуваат два хотела покрај Вардар во близината на спортската сала „Јане Сандански“, простор што веќе се обликува како голема спортско-рекреативна зона. Голем трговски и бизнис-центар може да се гради и во близината на „Тобако 2“, а на подрачјето на оваа општина се наоѓаат и градежните маркички за три облакодери со висина до 500 метри, односно до 125 ката, за кои по неколку неуспешни јавни наддавања конечно се најде турски инвеститор.

Освен „Газит глоуб“ во „Алумина“ и „Фешн груп“ во Карпош 3, другите стопански градби во општината Карпош ќе се сместат во веќе постојната зона во Момин Поток и во новите во Злокуќани. Во Момин Поток биле предвидени 47 градежни маркички, додека во двата блока во Злокуќани, според урбанистичките планови, се предвидуваат поголеми објекти, па затоа во едниот има три, а во другиот осум локации за градба.

Сличен развој се очекува и на подрачјето на Бутел, каде што треба да се направи нова индустриска зона покрај обиколницата, но и да се пополнат празнините во постојната во Визбегово, покрај патот кон граничниот премин Блаце. Во Ѓорче Петров само местото Јурија, каде што се наоѓа болницата „Свети Лазар“, овозможува поголеми неиндустриски градби, каде што треба да има уште една здравствена установа, како и повеќе станбени згради.

Расадникот во Кисела Вода, кој сега се нарекува и населба Расадник, иако е градилиште повеќе од една деценија, сепак е далеку од комплетно изграден. Таму треба да се прави уште и факултет, две училишта, домови за ученици, здравствен објект, како и спортско-рекреативен центар со хотели, мотели, трговски центри, ресторани и со забавен парк. Урбанизацијата ќе го зафати и рекреативниот центар Три круши над Драчево, кој се планира да се зголеми неколкукратно. Овие урбанистички планови сé уште се подготвуваат и се во завршна фаза, па откако ќе се усвојат ќе се знаат и точните површини на градежните маркички предвидени со нив.

ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ


Клучка Стопански Двор 137 хектари
Бутел покрај обиколницата 38 хектари
Ново Село ЈУГ 3 27 хектари
Ново Село ЈУГ 2 20 хектари
Улицата Шарпланинска Б2 14 хектари
Момин Поток 9 хектариЗлокуќани 5,5 хектари
Улицата Шарпланинска Б1 4,4 хектари
Визбегово 4.500 квадрати
Улицата Боца Иванова 4.300 квадрати
 

ЗГРАДИ, ХОТЕЛИ, ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ...


Место                                                    Градба                                        Површина

Алумина                                       деловно-трговски центар              35.300 квадрати
Реонски центар Карпош 3         трговски центар                             19.660 квадрати
Булевар Србија                           облакодери                                    21.544 квадрати
Аеродром, покрај Вардар           хотел                                              12.972 квадрати
Алумина                                       станбен комплекс                            5.696 квадрати
Аеродром, кај ТЦ „Скопјанка“    бизнис-центар                                 5.240 квадрати
Аеродром, покрај Вардар           хотел                                                5.175 квадрати
Скопје Север                              станбено-деловни објекти              2.000 квадрати

 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52510918202&id=9&setIzdanie=21990

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 25-May-2010 at 16:58
Општина Карпош планира да се повлече од изработка на детални планови
 
 
 
Општина Карпош размислува да се повлече од понатамошна изработка на Детални Урбанистички Планови (ДУП), поради бројни забелешки што ги добивале од страна на Министерството за транспорт и врски, најавија општинските власти.

Поради ваквата состојба, според нив, во застој се неколку планови што се однесуваат на населбите Карпош 1, Влае 2 и други. Ваквата нивна реакција следува по забелешките што во неколку наврати ги добивале за еден ДУП. Поради ова, инвеститорите се спречени да градат се додека не биде донесен планот.

Од Општина Карпош велат дека, засега, ќе се насочат кон реализација на веќе донесените ДУП-ови.
 
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 25-May-2010 at 19:18
@SkyBoy  ова Бутел покрај обиколницата 38 хектари изгледа му доаѓа некаде кај патот од бутел за радишани... Мислам дека таму подобро би било  да се изградат станбени објекти отколку индустриски.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 25-May-2010 at 21:22
Previous
 
го најде човекот Big%20smileLOL
 
незнам како е подобро друже, само пренесов вест од Нова Македонија..Smile
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 18-Jun-2010 at 14:54
Јавна презентација и јавна анкета PDF Печати Е-пошта
Напишано од Катерина Чукалевска   
Четврток, 17 Јуни 2010 11:46
 

Јавна презентација за деталните урбанистички планови „ ЈУГ “ Битола,  и       “ Комплекс на Болници “ беше одржана денеска во големата сала на Општина Битола.За вториот нацрт план кој опфаќа површина од 16,50 хектари досега не е изработен детален урбанистички план, но со оваа постапка ќе се направи парцелација и предвидување на нови површини за градење вели Натали Ташевска Гулевска од планерската куќа „ Иванов инжинеринг“.

“Планскиот опфат се движи по постоечки улици, улица Партизанска, улица Ѓорѓи Наумов, Лавчански пат , улица Анести Пановски и улица Асном на спојот со улица Партизанска во рамки на тој плански опфат постојат веќе неколку изградени објекти , тука е болницата , геронтолошкиот завод и медицина на трудот при што се врши парцелација и предвидување на нови површини за градење како и нова парцела за Високата медицинска школа .Планирани се неколку локации во горниот дел на планскиот опфат за изградба на приватни болници “ вели  Натали Ташевска Гулевска од планерската куќа „ Иванов инжинеринг“.

детален урбанистички план “ Индустриски комплекс Југ“ Битола ја опфаќа  катастраската  парцела на АД “ Киро Дандаро“ и останатите правни субјекти.Со јавната презентација се овозможи парцелација, евиденсија на постоечките и предвидување на нови површини за градење вели Томе Наумов.

„ Станува збор за легализација на целокупната доикументација онака како што е пропишано со позитивните зкаонски норми со оглед на фактот дека тука има индустриски, стоипански и друг вид на објекти се уште ја немаат целосната законска реглатива меѓутоа ќе им се овоможи целосен легитимитет како и понатамошен развој не овој регион вели Томе Наумов

 

Заинтересираните граѓани засегнати од подрачјето опфатено со Планот,ќе можат да пополнуваат анкетни листови во Општина Битола до 30ти овој месец, с потоа ќе се разгледуваат од соодветната општина комисија, вели Гулевска.

“И двата план после ова јавна презентација ќе бидат на јавна анкета во траење од една недела и ќе моижите во рамки на Општина Битола а подигнете анкетно ливче доколку имате забелешки на плановите “ вели Натали Ташевска Гулевска од планерската куќа „ Иванов инжинеринг“.

Во тој контект граѓаните кои што се заинтересирани , па дури и онаа категорија на луѓе кои што поминале низ процесот на денационализација и имаат простори на тој дел вели Томе Наумов.

На презентацијата беа претставени извештаите за стратегиската оцена на животната средина за деталните урбанистички  планови за “ Комплекс Болници“, Урбанистичкиот план вон населено место за стопанскиот комплекс на пат Битола - Бистрица и Урбанистичкиот план вон населено место за изградба на повеќенаменска стопанска зона Буково.

“ Првата процедура е она штои се однесува на стратегиска оцена на животната средина а која се прави на стратегии, планови и програми. Е тоа е она што денеска ниетука го правиме. Општина Биотла презеде активности на подговтока на три плана  “ Комплекс Болници“, Урбанистичкиот план вон населено место за стопанскиот комплекс на пат Битола - Бистрица и Урбанистичкиот план вон населено место за изградба на повеќенаменска стопанска зона Буково .Бидејќи се плански документи коишто ќе се имплементираат подолг временски период  и ќе опфаќаат повеќе активности затоа се прави стратегиска оцена на животната средина. “вели Менка Спировска-овластен експерт за стратегиска оценка на животната средина

Сите документи и планови се достапни на web страната на Општина Битола. 



http://95.128.184.16/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=14135:2010-06-17-11-46-20&catid=35:lokalni&Itemid=2#JOSC_TOP


Edited by гитардемон - 18-Jun-2010 at 14:56
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 25-Jun-2010 at 16:36

Сопиште на удар на градежните профитери

Александар Момировски Коментари (6)   
24.06.2010 19:28
Сопиште

 

Зелени делови од Сопиште во опасност да се претворат во урбан бетонски хаос. Советот на општината утре треба да одлучува по иницијатива на градежни профитери за измена на деталниот урбанистички план.

Се бара наместо куќи на одредени локации да може се градат згради, потег што, според познавачите, сигурно ќе го растури редот што сега постои меѓу зелената оаза и урбаните објекти. Според документите до кои дојде А1, измена на планот бара компанијата ФЗК Инвестмент Груп, заедно со Македонската Православна црква, која во целата работа се јавува партнер на приватната фирма.

На овој потег двете страни заеднички сакаат да градат масовни бетонски зданија од по неколку ката. Измени на планот бара и уште една фирма Продукција Десет, регистрирана како друштво за филмска дејност, а во моментов како што дознаваме работи со блокирана сметка.

Бара изградба на згради на уште 14 локации, на кои не се предвидени масивни објекти. Дали на сметка на дебелиот профит ќе се дозволи да се уништат овие нечепнати парчиња природа. Градоначалникот на Сопиште веќе најави дека инвеститори се добредојдени во општината, но нема да дозволи никакви отстапки од деталниот урбанистички план.

Јован Ѓорѓиоски

 

„Се што е во опфат со урбанистичкиот план ќе биде прифатено, се што е надвор од урбанистичкиот план нема да биде прифатено. Нема да се дозволат отстапки. Јас барем нема да дозволам отстапки, без разлика дали тоа ќе биде на висина или други параметри кои ќе побегнат од предвиденото“, рече Јован Ѓорѓиоски, градоначалник на Скопје.

А1 неодамна објави дека токму ФЗК Инвестмент Груп сака да гради куќи и згради на локации на кои нема право тоа да го прави, како и на локации кои според урбанистичкиот план се наменети само за изградба на куќи.

Во целата операција заинтересираниот инвеститор објаснува, дека ќе има ќар од 100 до 120 проценти. ФЗК предвидувал и да влезе во јавно приватно партнерство, да ја подигне цената на комуналиите на високи и 50 евра и да ги наплаќа. „Јас не нудам ништо, едно е да се направи концепт, може да се направи студија, само така може да го сфатите тоа. Јас ги нудам тие што ги имам, всушност не ги нудам, тоа е една форма, дискутабилно е“, вели Филип Скуманов, сопственик на ФЗК Инвестмент Груп.

На потег се општинските власти, од кои зависи дали Сопиште ќе го загуби својот оригинален лик, од зелен рај да се претвори во камена џунгла по примерот на скопско Дебар маало.

Урбанистичкиот план за овој дел од општината е донесен лани и во него е детално набележано кои парцели се за згради, а кои се за куќи. Згради се предвидени само на шест локации, но сега градежни профитери бараат промена на планот кој ако се прифати ќе значи почеток на уништување на најеколошката населба во Скопје.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124610
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 29-Jun-2010 at 05:29
танбен комплекс во центарот на ГевгелијаСоветот на Општина Гевгелија го утврди Нацртот-детаљниот урбанистички план за централното градско подрачје на Гевгелија, во дел од Блок 1. На урбанизираниот простор, кој зафаќа површина од 15,5 хектари, предвидено е да живеат близу четири илјади жители, во 1.088 стана. Покрај главната намена за семејно домување, просторот поседува и површини определени за деловно-комерцијални намени, за јавни установи, заштитно зеленило, рекреативен појас и придружни инфраструктурни објекти.

Планскиот документ го подготви проектантското биро „Инпума“ од Скопје. Деновиве ќе биде организирана јавна презентација на Детаљниот урбанистички план на која граѓаните ќе може непосредно да се запознаат за опсегот на ДУП, за намената на градежните парцели и секако според законот да предложат свои сугестии, мислења и забелешки.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4FA4AF7578A29D4D9CA3A90D417C10FC
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 02-Jul-2010 at 15:39

Јавна презентација на измени на ДУП-ови од Општина Центар

Општина Центар утре организира јавна презентација и јавна анкета на предлог-измена и дополна на деталните урбанистички планови за дел од Буњаковец 1-УМ 7 и дел од Буњаковец 1-УМ 17. Јавните презентации ќе се одржат во ОУ "Јохан Хајнрих - Песталоци" со почеток од 10 часот за ДУП Буњаковец 1-УМ 17, и од 10.30 часот за ДУП Буњаковец 1-УМ 7. Предлог-измените и дополнувањата на ДУП-овите ќе бидат изложени во просториите на ОУ "Јохан Хајнрих - Песталоци" десет работни дена, односно до 14.07. 2010 година, кога заинтересираните физички и правни лица ќе можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

http://vest.com.mk/?ItemID=417955200B78B840B5138DADA77F523E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 02-Jul-2010 at 15:41
Општина Центар е дифинитивно лидер во веб информирање. ДУП-овие се поставени на нет заедно со текстуален дел.

п.с. Обрнете внимание на ДУП Буњаковец 1 УМ 7. Bash


Edited by lslcrew - 02-Jul-2010 at 15:43
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 03-Jul-2010 at 00:47
Да, Општина Центар бргу ја менува сликата за себе на ова конкретно поле - достапност на урбанистичките планови. А вклучувањето и на текстуалниот дел е уште еден исчекор во вистинска насока. Досега не ни знаев колку корисни податоци содржеле текстуалните делови.
Cheers


Останува да ги направат достапни сите постоечки ДУП-ови, не само оние кои влегуваат во процедура. Во секој случај пофалба и нека продолжат вака. Редно е да имаме причини оваа по многу аспекти „нај“ општина во Македонија да ја спомнуваме и по позитивни работи.


Edited by Cloverstack - 03-Jul-2010 at 01:49
Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 04-Jul-2010 at 05:38
Јавната расправа помина пред некој ден. На официјалната веб страница на градот е поставена слика во јпг од 7 мб па кој сака може да ја сними и да ја разгледа - http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=291:2010-06-23-12-21-51&catid=8:actual&Itemid=1
Мое мислење е дека поголемиот дел од ова нема никакви шанси да се реализира.
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 06-Jul-2010 at 17:03
Нацрт ДУП за Центарот на Гевгелија

Гевгелија ќе добие центар кој доликува на нејзиниот развој, со простран плоштад, амфитеатар, хотел, катна гаража, беше речено на јавната презентација на Нацрт-ДУП за центарот на градот, која предизвика голем интерес кај граѓаните, архитекти, стопанственици и други заинтересирани лица, кои поставија повеќе прашања, забелешки и предлози.

http://gevgelija.gov.mk/mk/images/slki/DUPgolema.jpg

Автор на новото урбанистичко решение за центарот на Гевгелија е архитектот Благоја Тагасовски, кој заедно со стручниот тим на „Инпума“ го изработи Нацрт-ДУП за Блок1, односно централното градско подрачје во Гевгелија. Тој своето урбанистичко видување го образлагаше пред бројните граѓани на јавната презентација, која се оддржа во Пионерскиот дом. Притоа, тој не го криеше задоволството од масовната посетеност на презентацијата и изнесените интересни забелешки и предлози. Уште повеќе поради првичното позитивно мислење од страна на гевгеличани во врска со идниот изглед на центарот во родната Гевгелија.

-Настојувавме да понудиме подобрување на сообраќајната мрежа со пренасочување на сообраќајното движење на периферијата од центарот со што се создаваат можности за ослободување на плоштадот од сообраќајни возила. Тоа значи целосно затворање на плоштадот за сообраќај и негова трансформација во пешачка оаза. Со дислокацијата на Градското пазариште и Автобуската станица се создаваат услови за нови содржини кои ќе го заокружат изгледот и функијата на центарот. Предвидени се хотлски комплекс и деловен објект на овие две локации. Што се однесува пак до просторот за домување предвиден е станбен комплекс долж улицата „Скопска“, која во иднина треба да биде проширена и двонасочна, објаснува Тагасовски.

Целта на јавната расправа е да се слушне мислењето на граѓаните, бидејќи урбанистичкиот план го правиме според желбите и потребите на граѓаните. Се разбира, доколку не се косат со генералната концепција на ГУП, законските норми и базичните параметри за развојот на општината. Сите приговори ќе бидат разгледани и доколку се во согласност со ваквите определби ќе бидат вградени во конечниот ДУП, велат од „Инпума“. По ова ДУП ќе биде доставен за согласност до Министерството за транспорт и врски, а по што ќе се најде пред Советот на општина Гевгелија за усвојување.

Извор:http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=291:2010-06-23-12-21-51&catid=8:actual&Itemid=1


Edited by Cloverstack - 06-Jul-2010 at 17:22
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 08-Jul-2010 at 13:50

Тајни нарачатели имаат план

Граѓани обвинуваат дека им се одземани делови од приватен имот, според она што го виделе на презентацијата на детаљните урбанистички планови „Буњаковец 1 и 2“, само, како што велат, да се задоволат желбите на приватниот инвеститор

Педесетина семејства засегнати од измените и дополнувањата на дел од детаљните урбанистички планови „Буњаковец 1 и 2“ деновиве немаат мирен сон, оти тајни нарачатели прават невозможни урбанистички мисии во нивното соседство. Граѓаните обвинуваат дека општина Центар ги спроведува плановите, прескокнувајќи ги процедурите предвидени според Законот за просторно и урбанистичко планирање. Измените и дополнувањата на плановите за дел од детаљните урбанистички планови „Буњаковец 1 и 2“, најверојатно ќе се најдат на Уставен суд, бидејќи, според граѓаните, архитектите, но и советници од општината, Центар не ги испочитувала процедурите што ги налага Законот.

Тие што беа на јавните презентации на ДУП-овите лути и нервозни ги напуштаа презентациите, незадоволни од урбанистичките решенија на општина Центар.

На дел од граѓаните, според плановите што беа изложени, им се одземени делови од приватен имот само „за да се задоволат желбите на приватниот инвеститор кој го нарачал и го платил планот“, како што велат.

Делот од ДУП „Буњаковец 1“, Урбан модул 7, е прв од урбанистичките планови кој во согласност со новите законски можности е изработен по барање на заинтересирано приватно лице. Законот за просторно и за урбанистичко планирање овозможува секој заинтересиран инвеститор на сопствен трошок да побара Општината да му изработи план само за делот што него го интересира. Овој план во нацрт-верзија веќе помина на Советот на Општина Центар.

- Презентацијата на дел од плановите за Буњаковец мене лично ме засегаат, оти имам имот таму. Но, тоа што го видов во училницата личеше на метеж како на светската берза. Никој не е задоволен со предлозите, а тој што го нарачал планот не беше таму. На сметка на желбата на одделни инвеститори, на граѓаните им се одземени делови од дворови што се приватна сопственост, селективно на изградени објекти катноста им е зголемена за три метри, а предвидени се сервисни улици, кои минуваат низ приватен имот. Од општината пратиле жена, за која сфатив дека е само технички кадар, која нема врска со архитектурата. Таа само дополнително ги револтираше граѓаните кога им рече или да молчат или да си заминат. Една госпоѓа во години плачеше, оти на нејзиниот имот кој нејзиното семејство го поседува 100 години, според новите измени, без да ја прашаат и' зеле голем дел од дворот. Сликата ме потресе - изјави Снежана Арсова, која има имот во Буњаковец.

Советници од СДСМ побараа модулите од „Буњаковец 1 и 2“ да се повлечат оти за нивното донесување не било свикано и партиципативното тело за урбанизам.

- На 20 април годинава во општина Центар е формирано партиципативното тело за урбанизам. Негова обврска е меѓу другото да даде мислење дали за одредено барање за дополна и измена на ДУП има или нема потреба. Мора да се води сметка дуповите да се издржани и да ги задоволуваат потребите на мнозинството граѓани. За ДУП „Буњаковец 1 и 2“ таа законска обврска не е почитувана и не е почитуван Законот за просторно планирање - вели Јован Тагасовски, член на партиципативното тело за урбанизам во општина Центар.

Од општина Центар велат дека процедурата за јавните презентации е спроведена според Законот за просторно и урбанистичко планирање.

На јавната презентација за дел од детаљниот урбанистички план „Буњаковец 1“, лоциран во близина на средното уметничко училиште, со критики и караници граѓаните се спротивставија на измените на ДУП и на приватниот нарачател на планот. Според жителите на соседните згради, тој бара незаконски да му се легализираат зграда и новопроектирана улица, која се превидува да минува низ нивни имот. Граѓаните инсистираа на презентацијата да присуствува урбанист или архитект од Општината за да им објасни како се предвидени новите решенија. Наместо тоа, единствениот присутен службеник на Општината беше секретарката од Одделението за урбанизам, која дрско на граѓаните им посочи дека незадоволството треба да си го задржат за себе или нека си заминат.

Јавната анкета на која граѓаните може да достават забелешки за сите три плана трае 10 работни дена, во просториите на основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0DA9C730FA09D941A3D334BC2F921B48
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 66>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.535 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.