Author |
Topic Search Topic Options
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#221 Posted: 06-Mar-2010 at 10:52 |
Железничка станица Скопје 1916 година
|
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#222 Posted: 07-Mar-2010 at 02:12 |
ах тоа марсејските месони и нивните полтрони, мислиш одсекогаш имале пуштено корен тука... како ја стокмиле србите капијава со три сврзани обеликса, абе ремек дело дури и за французите, иако претпоставувам е некоја империјалистичка копија од афричко-азиските походи на западноевропските колонизатори!
~ туку ова мислам е поминато, но еве го и со текст... Зградата на Ислахана - занаетчиско училиште за сираци дел од градскиот парк web.archive -
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=42042&idg=3&idb=632&rubrika=Revija

The building of Islahana in Skopje In memory of the sultan Abdulhamid, the school was originally called Hamidie, and afterwards it bore the name of the famous Kosovo vali Hafiz Mehmed-pasha, who played a great role in the provision of financial resources for the construction of the school. The islahana was an educational institution in which orphans were taken care of and educated. The education period took five years (Bogoevic, 1998: 215). In addition to the classrooms, canteens, and bedrooms, the school building included a printing house, hamam-spas, and a mosque. In this school, children aged between 10 and 14 were enrolled. Upon admission, priority was given to the orphans and the deprived children. The well-off students were obliged to pay tuition. In this school, where education period took five years, children from other ethnic and religious communities were also given the right for admission. What has particularly brought in our attention was the fact that despite being taught several crafts (sewing, shoe-crafts, wood-crafts, carving, typesetting, and lithography), the students additionally had music education classes. At the same time, they had a school orchestra as well, in which talented students took part. Out of the total 94 students, 45 were members of the orchestra. Every day, classes began with musical theory and practice lectures that took 2 hours. Every Friday and Sunday, in the Islahan Park, the school orchestra had public performances for wider audience with duration of two hours (10 – 12 o’clock). http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/2006/12/20/music-education-in-the-ottoman-period-in |


http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c23/c231.html 
http://www.kristenbaumlier.com/skopjeparkfun/downloads/spf_front.pdf http://star.dnevnik.com.mk:80/default.aspx?pbroj=2934&stID=69007">web.archive -
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2934&stID=69007
Edited by Max - 15-Oct-2018 at 17:53
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#223 Posted: 07-Mar-2010 at 14:46 |
Фељтон за скопскиот театар во Вест (прв дел)
На кафе кај шадрванот пред претстава
Скопскиот
велија Махмут Шефкет-паша го изградил Турскиот театар кој почнал да
работи во 1906 г., а бил лоциран на истото место каде што се наоѓаше
старата зграда на Македонскиот народен театар
Стариот
театар во Скопје, освен естетското, има и едно пошироко културолошко
значење. Со неговата дејност тој придоби бројна публика, не само од
Скопје туку и од целава земја, кај која создаде нови навики и повисоки
културни стандарди. По обидот кој беше направен да се санира
стариот театар по земјотресот, а потем, од неразбирливи причини, се
урниса, она што го начна природната стихија, го докрајчи човековата
безумност - наместо да се обнови, зградата беше доурната. Објектот
физички го снема, но во свеста на творците и на публиката цврсто стоеше
духовната архитектура на стариот театар. Но како почна театар во
Македонија? Со слабеењето на Отоманската Империја и пробивот на
западните влијанија, македонските градови се будат од повеќевековната
стопанска и културна замреност. Во Скопје, исто така, почнува духовно
раздвижување. Во деветнаесеттиот век во училиштата почнуваат да се
прикажуваат првите театарски претстави. Во тогашното училиште "Света
Богородица" во '50-тите години на деветнаесеттиот век, македонскиот
преродбеник Јордан Хаџи Константинов - Џинот ги прикажува првите
театарски претстави на македонски јазик. За тие први драмски претстави,
кои се играле во долгиот училиштен ходник и на една импровизирана
сцена, Џинот бил и автор на текстот и режисер. Со тоа тој ги удрил
темелите на театарот во Македонија.
При
крајот на деветнаесеттиот век, во Скопје започнуваат гостувања на
патувачки театри. Најдолготрајно меѓу нив е гостувањето на патувачката
театарска дружина на Ерменецот Богес. Во почетокот трупата нејзините
претстави ги игра веднаш под Калето, во кафеаната "Кафе Беледија", која
се наоѓала во приземјето на тогашната општина. Подоцна трупата се
преселила во "Ада кафе", сместено на островчето (адата) помеѓу големиот
јаз, кој ја сподвижувал воденицата на Шабан-паша, и реката Вардар. Во
приземјето на објектот била сместена кафеана, во која настапувал
театарот. На катот се наоѓале соби за спиење. По извесно време, името
на кафеаната "Ада кафе" било заменето со "Богес театар", според името
на главниот и популарен актер што играл, режирал и ги составувал
скечевите. Од сите гостувања во Скопје, најзначаен е престојот на
втемелувачот на македонскиот театар Војдан Чернодрински, кој пред тоа
негови претстави прикажувал во Солун и во Битола.
Кога
Махмут Шефкет-паша дошол за скопски валија, инаку школуван на
Берлинската воена академија, тој ја изградил првата театарска зграда во
Скопје, која во сеќавањата на најстарите скопјани останала како Турски
театар. Театарот почнал да работи во 1906 година, а бил лоциран на
истото место каде што се наоѓаше старата зграда на Македонскиот народен
театар. Театарот бил со иста големина како стариот објект на
Македонскиот народен театар. Имал централен влез и простран хол со
скали за галеријата. Салонот бил со голем капацитет и со оптимална
висина, а и сцената била, исто така, голема, со богата декорација.
Подот бил рамен и овозможувал одржување и на други видови приредби, од
театарски претстави до балови и свечени приеми. Гледалиштето било со
правоаголна форма, а имало и галерија. Салата била со над 20 ложи, а
гас-ламбите давале обилна светлина. Еден дел од ложите бил и со
превези, од зад кои жените муслиманки ги следеле претставите. Покрај
драмски и оперски претстави, во театарот се приредувале концерти и
кинопроекции, а се случувало во него да се даваат и циркуски претстави.
За
атмосферата во Турскиот театар, во "Српски књижевни гласник" од
18.11.1909 година е забележано: "На втората галерија се белееја
капчињата на салепџии и бозаџии кои, презадоволни од песните во
'Коштана', силно свиреа, што тука го заменува аплаузот. Долу во
партерот се црвенееше од длабоките фесови на образованата публика, а од
првите ложи се извиваа пердуви на големите женски капели, купени во
Солун, Пешта и во Белград". Пред Турскиот театар имало и градина со
шадрван. Околу него се седело на ниски столчиња и се пиело кафе. По
Балканските војни и поделбата на етничката територија на Македонија,
еден дел на земјата потпаѓа под српска власт. Театарската активност во
Скопје во тоа време се сведува само на една патувачка група артисти во
бираријата "Код престолонаследника". На 1 октомври 1913 година во
Скопје се основа "Народно позориште". За директор на Театарот е
назначен Бранислав Нушиќ, а артистичкиот ансамбл бил составен од 30
артисти и од тројца режисери. Својата прва претстава "Душановото
крунисување", ансамблот ја прикажува на 27 декември 1913 година во
Турскиот театар. Само еден месец подоцна, на 3
февруари 1914 година, во весникот "Вардар" се појавил крупен наслов:
"Пожар во Народниот театар во Скопје", под кој следи информација дека
театарот за половина час се претворил во прав и пепел. Врз урнатините
на старата зграда била подигната новата, таканаречена арена. Бранислав
Нушиќ, со писмо од 14 мај 1915 година, се обратил до министерот за
просвета и црковни работи и укажал на потребата од изградба на нова
театарска зграда. И додека зградата се градела, театарот играл
претстави на сцена подигната под ведро небо, покрај реката Вардар.
Градбата напредувала брзо, и во септември 1915 година бил ставен и
покривот. Меѓутоа, виорот на Првата светска војна ја прекинал градбата
на објектот. За време на војната, театарската зграда им служела како
коњушница на Германците. Во периодот на Првата светска војна
(1915-1918 година) Скопје било под бугарска власт. Сите приредби,
концерти, претстави, како и гостувањето на Софискиот народен театар се
одржувале во "Градското казино", подоцна кафеаната "Зрински". По завршувањето на војната, Бранислав
Нушиќ ја обновува работата на театарот. За завршување на започнатата
зграда биле доделени 3.000.000 тогашни динари. Меѓутоа, Нушиќ бил
свесен дека евентуалното довршување на зградата, од која останале само
ѕидовите и покривот, би значело и откажување од изградба на нов
монументален објект. Од тие причини, тој театарот привремено го вселил
во салата на познатиот ресторан "Зрински", и на 14 јануари 1919 година
била прикажана првата премиера "Хеј Словени". Работата во таа сала
набргу станала невозможна, па Нушиќ бил принуден да се заземе за
изградба на каква било, макар и импровизирана зграда за обновениот
театар. Се пристапило кон градење на привремена Арена, која се наоѓала
на денешната улица Максим Горки, на југозападниот агол од главниот
плоштад на Скопје. Тој провизорен театарски објект бил урнат 1926
година. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=F396BA3E701FF941895A0969657A8018
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#224 Posted: 07-Mar-2010 at 14:47 |
Фељтон за скопскиот театар во Вест (втор дел) Има интересни U/C слики
Кралска ложа и за српско и за бугарско време
Театарот
добил назив Народно позориште - Краља Александра 1- Скопје. Свеченото
отворање на новата величествена театарска зграда, на 26 октомври 1927
година претставувало вистински културен настан за граѓаните на
тогашно Скопје
Поради ѕидовите на темелите, во
чија изградба биле потрошени 25 отсто повеќе материјал од
предвиденото и од договорената пресметка, договорот со
претприемачот бил раскинат и работите биле прекинати за извесно
време
Театарската
зграда која на многумина скопјани ќе им остане во долго сеќавање и
за која ќе ги врзуваат можеби најубавите спомени од младоста,
познатиот Народен театар започнал да се гради во 1921 година.
Градењето се одвивало многу тешко. Плановите се менувале шест пати,
а се менувале и разни архитекти. На почетокот театарот се градел во
приватен аранжман, а од 1925 година градбата ја презела државата. Главен
проектант на театарот во Скопје бил Јосиф Букавац (1875 -1946),
архитект од Белград, кој раководел со обновата и реконструкцијата на
зградата на Народно позориште во Белград во 1922 година. Букавац имал
репутација на искусен стручњак за градба на театри. Ревизијата на
проектот ја извршил познатиот архитект Тихомир Маѓаревиќ, а по
распишаната лицитација, градбата му била доверена на претприемачот
Крсте Будимовски. Според проектот на Букавац, градежната основа на
објектот се движела во границите 26,80 х 56,97 метри. Зградата
требало да се протега паралелно со реката Вардар. Главниот влез се
планирал на западната страна, а сценскиот на источната (низводно).
Гледалиштето имало правоаголна форма, од три страни било опкружено
со ложи и една галерија, со вкупен број од 750 седишта.
Тесната
парцела на која требало да се гради театарот многу влијаела врз
решението на сценскиот простор. Букавац во тоа време ги надгледувал
завршните работи на зградата на Народно позориште во Белград, а на
објектот во Скопје го заменувал помошникот инженер Е. Бронштајн,
определен од Градежната дирекција. Подоцна дошле до различни гледишта
поради ѕидовите на темелите, во чија изградба биле потрошени 25
отсто повеќе материјал од предвиденото и од договорената пресметка.
Договорот со претприемачот бил раскинат и работите биле прекинати
за извесно време. Во 1927 година, од преостанатите средства била
изградена посебна зграда за работилници, за магацин за декор, реквизит
и за гардероба, лоцирана непосредно до влезот на сцената.
Зградата
на театарот со мебелот и инсталациите чинела 15.500.000 динари. Таа
имала модерна сцена од железна конструкција, одлична електрична
инсталација и осветление, парно греење, а делот од зградата за
публиката бил удобен, декоративен и уреден со многу вкус. Вкупниот
капацитет на гледалиштето бил 750 седишта. Гледалиштето било
сегментирано на три нивоа: партер со 16 редови и две галерии. Првиот
балкон имал девет редови, а вториот балкон, со седишта отстрана, имал
пет редови. Во партерот и на првиот балкон имало 23 ложи - едната од
нив била кралска ложа. Театарот имал и други неопходни простории:
гардероби, репетициони сали, канцеларии, стан за директорот на
театарот, со поглед на Вардар, и сe друго што било потребно за
непречена работа на една современо конципирана театарска зграда.
Театарот
добил назив Народно позориште - Краља Александра 1- Скопје. Свеченото
отворање на новата величествена театарска зграда, на 26 октомври 1927
година претставувало вистински културен настан за граѓаните на
тогашно Скопје. Во понатамошниот период, па сe до 1941 година, во
таа прекрасна зграда работел квалитетен ансамбл, кој со својот
репертоар и сценските изведби извршил големо влијание врз развојот на
театарската уметност, во култивирањето на вкусот на публиката и во
културата во градот воопшто. Меѓутоа, Кралството Југославија, заедно
со културната мисија, настојувало Скопскиот театар политички да го
ангажира за придобивање на наклонетоста на граѓаните и за
спроведување на своите аспирации за промена на националната
самосвест во Македонија. На сцената на овој Театар публиката првпат
се сретнала со прославените дела "Хамлет" и "Отело" на Вилијам
Шекспир, "Фауст" на Гете, "Идиот" на Достоевски, "Господа Глембаеви"
и "Во логорот" на Крлежа, "Тартиф" на Молиер, потоа со повеќе дела на
Нушиќ, О'Нил, Чехов, Чапек, на Софокле, со дела на Толстој, Бернард Шо,
на Пирандело и со многу други автори. Еден дел од своите плодни
театарски години, на сцената на Скопскиот театар, меѓу другите
уметници, оставиле и Љубинка Бобиќ, Павле Богатинчевиќ, Миливое
Живановиќ, Милутин Јасниќ, Пера Јовановиќ, Добрица Милутиновиќ,
Јосип Срдановиќ, Сава Северова, Макс Фуријан, Раша Плаовиќ, Бојан
Ступица и други бележити актери. Тие и останатите артисти и режисери
имале голема заслуга за успешниот развој на Скопскиот театар меѓу
двете светски војни.
Во
работата на Скопскиот театар, пред Втората светска војна особено е
значајно да се одбележи и премиерното изведување пиеси на дел од
македонски писатели на македонски јазик, како и работата на нашите
актери Тодор Николовски, Петре Прличко, Калипсо Налчо и други. Десетина
години подоцна, на местото управник на Театарот дошол Велимир
Живоиновиќ - Масука, човек што особено значајно место $ отстапувал на
домашната драматургија. Тој овозможил изведување дела на македонски
јазик. Првин била обновена забранетата "Ленче кумановче", а во текот
на 1937 година своја праизведба доживеало и второто драмско дело на
Васил Иљоски "Чорбаџи Теодос". Исто така, одржани се премиерите и на
"Печалбари" од Антон Панов, и "Антица", "Парите се отепувачка" и
"Милион маченици" од Ристо Крле, како и "Заточеници" од Анѓелко
Крстиќ и др.. Сознанијата за овие премиерни изведби стануваат
уште подрагоцени кога се има на ум фактот дека таквата дејност на
театарот во тоа време претставувала вистинска храброст, затоа што
полицијата имала право, според свое разбирање, да се меша во работата
на театарот и директно да интервенира во обликувањето на
репертоарот и на културната политика на градот.
По
бомбардирањето на 6 април 1941 година и пропаѓањето на предвоена
Југославија, заедно со бугарските војски, во Скопје дошле актери и
персонал од Бугарија. На 3 октомври истата година, со многу
свечености, а по повод годишнината од крунисувањето на царот Борис,
свечено бил отворен бугарскиот Народен театар. За таа свеченост била
подготвена претставата "Борислав" од Иван Вазов. Вториот ден била
прикажана премиерата на "Милена - скопско девојче" од С. Савов, а
третата вечер "Златен рудник" од Стефан Костов. За управител на
театарот во Скопје бил назначен театарскиот деец Стоил Стоилов, а
режисери биле Александар Иконографов и Стефан Срчаџиев. За драматург
на театарот бил назначен Петар Горјански. Во бугарскиот театар во
Скопје, во текот на трите сезони биле ангажирани вкупно 70 артисти.
Мнозинството од нив им припаѓале на одделни софиски театри, а имало и
од другите градови. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=76C5468F2588BD4F9C2652010E8B5030
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#225 Posted: 08-Mar-2010 at 04:39 |
[offtopic] Ми изгледа дека доста честа појава било порано во рамките на објектот да има резиденција на управникот на таа институција. Некоја споивост на кабинетот и домот. Денеска речиси и да не се практикува, но ми изгледа како симпатична појава. Кај нас доста се среќавало ова порано по поголемите железнички каде дел од вработените тука и живееле. Мислам дека го има и во една црква кај нас кајшто куќата на лоикалниот свештеник е во дворот на црквата, или може би сум грешка. Денеска освен за неколку високи државни функционери нема други. [/offtopic]
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#226 Posted: 08-Mar-2010 at 14:25 |
Уште неколку архитекти се менувале во изградбата на театарот во Скопје до неговото завршување, кој не се спомнати во текстот.
1924 год. арх. Бељаевски
1925 год. арх. Д. Леко со арх. Меснер
1927 го завршил арх. Петар Гачиќ (иначе овој архитект е познат по изградба на најубавите железнички станици) со помошниците арх. Татаринов и арх. Меснер.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#227 Posted: 12-Mar-2010 at 22:33 |
Некои фотки кои не сум сигурен дека сме ги поставиле тука 1  2  3  4  5  6  7  8 Бул. Кочо Рацин пред подвозникот и кулата во изградба   9 Бул. Кочо Рацин во другиот правец  10  11  12 Зелено пазарче
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#228 Posted: 12-Mar-2010 at 23:10 |
pbanks, старееш
Слика 2, 7 и 11 http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PN=1
Мислам и 4 - ката Еврејско маало пре камениот мост
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#229 Posted: 12-Mar-2010 at 23:21 |
 Дека стареам, стареам, ама и дека нишкава е хаотична а богами и стара едно две години и тоа ќе да е  Мора да најдеме подобар начин за организација на вакви галерии, ова форумсково не го бива
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#230 Posted: 13-Mar-2010 at 00:16 |
|
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#231 Posted: 17-Mar-2010 at 22:33 |
да не ја видов градската болница на слика 10, никогаш немаше да ја препознаам улицата
|
 |
S.P.Q.R.
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
|
Quote Reply
#232 Posted: 30-Mar-2010 at 23:59 |
Еве една слика од не толку старо Скопје, ја најдов случајно 
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#233 Posted: 04-May-2010 at 20:11 |
 E ова е веќе старо Скопје!  Инаку, треба подфорум за фотографии од Скопје, има веќе 6 нишки!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
macedonia
Senior Member
Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 754
|
Quote Reply
#234 Posted: 06-Jun-2010 at 04:33 |
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#235 Posted: 08-Jun-2010 at 18:37 |
@macedonia прекрасни фотографии! Дали некој знае која е црквата на последната фотографија ?
Edited by leonid23 - 08-Jun-2010 at 18:42
|
 |
Superman
Senior Member
Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
|
Quote Reply
#236 Posted: 08-Jun-2010 at 20:57 |
Originally posted by leonid23
@macedonia прекрасни фотографии! Дали некој знае која е црквата на последната фотографија ?
|
По обликот на фасадата би рекол Св. Димитрија кај стара автобуска што е...
|
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#237 Posted: 17-Jun-2010 at 19:53 |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#238 Posted: 17-Jun-2010 at 20:27 |
еве уште една панорама :
Edited by mitatos - 17-Jun-2010 at 20:28
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#239 Posted: 17-Jun-2010 at 21:44 |
 Според аголот ова мора да е улица Македонија, ама во вакво издание ја немам никаде видено... знаеш која година е ова?
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#240 Posted: 18-Jun-2010 at 19:14 |
Да, 50-тите години пишува во картичката
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |