build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 26-May-2010 at 21:10
Оваа не е реконструирана, само кровот на главната купола, срквата нее бутана. Во неа има 4 слоја фрески,који се пренесени во музејот.Што значи не била ни реконструирана за разлика од други стари цркви који се надградувани и не им се знае од које време точно потекнуваат 

Мислам  дека оваа е најстара у МК од 9 век- не бутана, втора е Вељуса од 11 век единствена неоштетена црква во МК, Курбиново 11 век - горена и Св. Софија од 11 век - претварана во џам... Така јас знам
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 26-May-2010 at 21:28
Реконструкција на црквата Св.Ѓоргиј во Муртино - Ср.
Убаво направено на сличен начин беше реконструирана и црквата во Виница пред 3 години.










http://www.facebook.com/pages/MPC-Ohridska-Arhiepiskopija-Strumicka-Eparhija-Hram-sv-Georgi-Murtino/320909182527


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 15-Jun-2010 at 02:31

Деградиран Офицерскиот во Битола

Руинирани простории, искршени прозорци, оштетени ѕидови, електрична и водоводна инсталација, искорнат паркет, украдени уреди за парно... Во ваква катастрофална состојба Битолската општина преку децентрализација го презеде во владение Офицерскиот дом во Битола. Зградата според надворешноста се смета за архитектонски бисер на Широк Сокак. За жал, во изминатите години често се менуваа неговите газди и поради негрижата го загуби стариот сјај. По распаѓањето на ЈНА премина во сопственост на АРМ, па за време на претходната политичка власт под Министерството за култура, кое извесен период го имаше дадено под наем на приватник. Неколку години објектот не се користеше, неодамна му беше даден на Центарот за култура, а тој, немајќи средства за одржување, вчера и' го пренесе на Битолската општина.

Градоначалникот Владимир Талески, кој во Офицерски влезе со пописна комисија за да види што наследува, беше изненаден од грдата слика. По обиколката не можеше да прецизира колку пари ќе бидат потребни за санирање и кога ќе заврши реновирањето.

- Многу делови се во катастрофална ситуација. Ќе треба голема инвестиција за да се санира, а Општина Битола ќе треба да се потруди да ја најде на повеќе начини. Најпрво, за ова лето, ќе се обидеме да ставиме во функција дел од објектот и околината за потребите на „Битфест“ - изјави Талески.

Од општината најавија дека ќе побараат и одговорност за бедната состојба во која е доведен еден од најрепрезентативните објекти во Битола.

- Знаеме дека Министерството за култура во 2006 година го презеде Офицерскиот дом. Кому го давале, со кого потпишувале договори ќе покаже постапката што ќе ја спроведе Општина Битола. Не знам дали ќе следуваат кривични пријави, но прво ќе истражуваме што се' е правено -додаде Талески.

По санацијата ќе се утврди за што Домот ќе се користи во иднина. Објектот има историско минато и е заштитен како споменик на културата. Бил изграден во 1911 година од управителот на битолскиот вилает Абдул Керим-паша и претставувал синтеза на палата и тврдина. Во него се одржуваа познатите битолски балови, а престојувале и познати личности, политичарите Тито, Демирел, шахистот Карпов и други.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B7D6BD2E67309E45B99A2D02CEA3DEE3
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 15-Jun-2010 at 14:13
Originally posted by La Linea

800 АД?! Зарем не ја прави тоа најстарата таква црква? Има ли некој информации која е најстарата црква на територијата на Македонија(вклучувајќи ги и реконструираните како  Св. Пантелејмон)?


Od stranata na Bregalničkata eparhija:

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Козјак. Една од најстарите цркви во РМ, од рано средновековен период во целост сочувана. Изградена е во 9 и 10 век и се споменува како парохиски центар во рамките на Мородвиска епископија. На ѕидовите е констатиран фрескоживопис во три слоја, од кои последниот е од 12 до 14 век, а на најстариот слој сочувни се старословенски графити. Со точни податоци за градбата и осветувањето не располагаме.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 17-Jun-2010 at 15:14
2010-06-17
 ВО СТРУМИЦА ЗАВРШИ РЕСТАВРАЦИЈАТА НА КУЌА ОД ТИПОТ НА СТАРАТА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА, ПОЗНАТА КАКО „ТУРСКА ПОШТА“


Целосната конзервација, реставрација и ревитализација на овој објект во кој ќе биде сместена и изложбената етнолошка поставка,  Министерството за култура ја финансираше со 3.770.000 денари. Овој споменик на културата, кој во одреден период функционирал како турска пошта, е изграден во 19-от век и претставува еден од неколкуте преостанати објекти од старата градска архитектура во Струмица. Објектот импресионира со своите пропорции, а кај него се присутни и првите зачетоци на модернизмот, односно кубизмот, во обликувањето. Турската пошта, според своите архитектонски, стилски и програмски карактеристики, спаѓа во редот на најрепрезентативните споменици на градителството во Струмица.

%20

- Зданието на некогашната турска пошта, или реставрираната куќа на Арсови, импресионира со своите пропорции и во стилско-естетското обликување има влијание од западноевропската архитектура - кубизмот, но сепак зачуваните карактеристични елементи на староградската архитектура ни овозможуваат да го вброиме во ретките градби со споменични вредности кои ја обликувале визурата на некогашна Струмица. Токму тука можеме да го почувствуваме здивот на историјата и одблизу да ги допреме ѕидините на еден од последните примероци на македонската народна традиција по која овој град некогаш бил надалеку познат, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

http://kultura.gov.mk/listsoopstenija_more.php?id=478
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 17-Jun-2010 at 19:37
Previous
Previous
.....nekolku sliki ako nekoj saka da gleda.....

http://www.facebook.com/home.php?#!/photo.php?pid=6114329&id=231002903956&fbid=457130883956


Edited by Makedonij - 17-Jun-2010 at 19:38
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 17-Jun-2010 at 22:54

Министерката за култура Елизабета Камческа-Милевска, во присуство на директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман и директорката на Завод и Музеј Струмица, Славица Тасева, денеска во Струмица ја отвори реставрираната куќа од тип на стара градска архитектура, позната како „Турска пошта“.


“Овој споменик на културата, кој во одреден период функционирал како турска пошта, е изграден во 19 век и е еден од неколкуте преостанати објекти од старата градска архитектура во Струмица. Објектот импресионира со своите пропорции, а кај него се присутни и првите зачетоци на модернизмот, односно кубизмот во обликувањето“ – рече министерката Камческа-Милевска.

Турската пошта, според своите архитектонски, стилски и програмски карактеристики, спаѓа во редот на најрепрезентативните споменици на градителството во Струмица.


“Куќата има мултифункционална употреба и е единствена од ваков вид во Македонија. На неа се работеше со разни техники за конзервација, а целта беше да се задржи бондручната конструкција“ – вели директорката на Завод и Музеј Струмица, Славица Тасева.


За реализација на овој проект Министерството за култура на РМ ја откупи оваа куќа од поранешните нејзини сопственици и сега е во сопственост на Заводот и Музеј Струмица.







Edited by lslcrew - 17-Jun-2010 at 22:55
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 18-Jun-2010 at 23:22
гитар е мајстор да протурка комплицирана тема на дневен ред...

постовите ви ги префрлив во Меана, продолжете таму. Не отстранив ништо (за сега)...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 18-Jun-2010 at 23:28
Не мораше и веста за реставрацијата да ја преместиш
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 19-Jun-2010 at 02:12
иначе кога сме кај реставрација , после примерот со стара нама Струмичани како да се освестија малку колку е значајна старата архитектура , се реставрираат уште две куќи во нео класичен стил , инаку се надевам дека проектот за реставрација за стариот театар ќе се реализира што наскоро ...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 19-Jun-2010 at 03:11
Ете дека не е тешко. Доволни се два-три објекта да потегнат и граѓаните многу лесно препознаваат и прифаќаат тренд.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 19-Jun-2010 at 16:56
@Islcrew тоа според мене би требало да биде почит кон историјата и кон предците , а не тренд , туку како и да е без закон донесен за старата архитектура џабе е ,
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 19-Jun-2010 at 19:20


Започнаа ископувањата надвор од Јени Џамија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Катерина Чукалевска   
Петок, 18 Јуни 2010 09:57

Продолжува археолошкиот проект „ Убикација на средновековна Битола“ во Јени Џамија со кој се истражува периодот од 7 ми до 14 век.Ископувањата се одвиваат надвор од ѕидините на објектот, кон постојното паркче и фонтана.

Од 2003 година до денес пронајдени се многубројни артефакти и остатоци од четири цркви изградени една врз друга од 7, 11, 13 и 14 век.Дури во 15 век врз рушевините на црквите била изградена првата џамија а над неа во 1558 /59 година Кади Мехмед ефенди ја изградил денешната Јени џамија која муслиманското население ја нарекувало Нал џамија ,нал на турски значи потковица.

„ Оваа сонда ќе биде поделена во три дела затоа што малку се ограничени со дрвата за да не ги оштетиме .Очекуваме да се појави централната, главната апсида од олтарот , и севрната апсида од проскумидијата.Се надеваме дека ќе имаме убави резултати дека конечно источниот дел од црквата ќе го видиме .Претпосатвуваме дека е полигонална дека се исти како и пронајдената во ѓаконикот во квадратот А.Понатаму доколку индициите се тоични ќе мораме да го отстраниме подѕидокот околу џамијта бидејќи тој точно се наоѓа над самиот североисточен дел од црквата.“ вели Гордана  Филиповска Лазаревска, кустос во Завод и Музеј Битола.

Располагаме со скромни 200 000 денари доделени од Министерството за култура , кои што сметам дека ќе ни бидат доволни за остварување на  планираното вели Лазаревска.

“Мали се средствата можам да речам , тоие се 200 000 денари, лани имавме 400 000 годинава уште помалку, се надеваме дека ќе завршиме со планираните работи, затоа што ние сме за 1,20 пониско од подот во џамијата каде што работевме, така што тоа што немаме доволно пари со ова ќе се надомести “ вели Филиповска Лазаревска, кустос во Завод и Музеј Битола.

Ископувањата следната година ќе продолжат на западниот дел , надвор од џамијата, вели лазаревска.

„    Фактички треба добро да се обмисли како тоа да се презенира, да биде безбедно , достапно да не падни некој сетоа тоа и конечно сепак градот ќе довижжбие еден убав споменик, точно че се знае каков бил односот со црквата која била срушена и како била изградена џамијата. прво треба да се направи проект а тоа зависи комплетно и внатрешноста и надворешноста а за сето тоа требаат пари “ вели Филиповска Лазаревска, кустос во Завод и Музеј Битола.

Како ќе се одвива финишот на многу работи,  како што е санацијата и конзервацијата на археолошките пронајдоци, на средновековниот материјал пронајден заедно со црквата, надворешно и внатрешно како и завршницата на предвидениот стаклен под зависи од средствата кои ќе ги имаме на располагање, вели Гордана Филиповска Лазаревска, кустос во Завод и Музеј Битола.

„ Годинава само на овој простор планираме а доколку догодина имаме средства треба да работиме на западниот дел.Северниот брод практично иди кај влезот на џамијата, значи плоштадката треба да се отстрани но сепак да биде пристапен објектот. Тоа е потребно за да се истражи комплетно објектот.  “ вели Филиповска Лазаревска, кустос во Завод и Музеј Битола.


Јени џамија пет децении е уметничка галерија
во државна сопственост, а под  надлежност на Завод и музеј Битола.Изградена врз темелите, сопствени и туѓи, стои моќно и непоколебливо во центарот на градот. Скоро петстотини години ги покрива тајните на минатото и исто толку години ги слуша молитвите за иднината.Христијанска и муслиманска, моја и твоја, заедничка... Длабоко во темелите цркви, а високо кон небото џамија. Сино и бело во внатрешноста, сино и бело кон небото.



http://95.128.184.16/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=14155:2010-06-18-09-57-02&catid=41:kultura&Itemid=2#JOSC_TOP

Никој да не писнал!


Edited by гитардемон - 19-Jun-2010 at 19:21
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 19-Jun-2010 at 22:59
Originally posted by гитардемон

Никој да не писнал!


Кој писне го*но стисне, време тече сад! LOL
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 20-Jun-2010 at 11:47
Еве уште една од реконструкцијата на Виничката градска црква.....целосно беше завршена лани...

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 20-Jun-2010 at 12:58
Crazy климатизерот
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 25-Jun-2010 at 16:39

Богородица Перивлепта нема време за чекање

Оштетувањата од влага на живописот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, експанзивно се прошируваат и нема многу време за чекање, алармираат домашните и странските експерти




Живописот на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид пропаѓа во изминативе дестина години, но во последниов период оштетувањата од влага на фреските на една од најзначајните македонски цркви градена во 13 век (1295 година) експанзивно се прошируваат. Време за чекање нема, алармираат домашните но и странските експерти. Во Управата за заштита на културно наследство велат дека санација ќе се изврши, но наредната година.

За санацијата веќе е одобрен грант од околу 650 илјади долари од Американската амбасада, но останува загриженоста кога и на кој начин ќе се заштитуваат раритетните фрески.

Досегашните искуства со санацијата на фрескоживописот зборуваат дека проблемот е комплексен и дека неговото решавање не може успешно да се реализира парцијално.

- Досега имаше два обида за чистење на фреските, од кои едниот е флагрантно неуспешен поради користење на многу јаки средства, кои ги избледуваат контурите на фреските. Без фрескоживописот црквата не би можела да ја извршува својата сакрална функција. Средствата се одобрени- тоа е вистина, но во моментот кога е донесена одлуката за санација, ситуацијата со црквата е веќе алармантна. Кога станува збор за оштетувања од овој вид, не би требало предолго да се чека - вели Панче Велков од „Македонида“, фондација за промоција, валоризација и педагогија на културното наследство.

Според него, современите експерти сé уште не знаат како точно црквите биле проектирани, за да се обезбеди соодветниот режим на влага и температура во нивната внатрешност. Според она што може да се види на ѕидовите во внатрешноста на црквата „Богородица Перивлепта“, сега тој биланс на влага и температура е нарушен. Ова резултира со избивање на соли на површината на ѕидовите кои неповратно ги уништуваат фреските. Имено, на северниот ѕид од црквата лесно може да се забележи појавата на линија во вид на бела пена во цик-цак форма со дебелина од 10 сантиметри и должина од околу еден метар.

- Овде веќе немаме проблем само со одржување, туку со радикална ситуација, која бара радикални решенија. Тоа значи дека можеби ќе треба да се санира и покривот. Во идеални услови ова би требало да се заврши додека трае топлиот период. Не би се впуштал во шпекулации дали станува збор за некоја нова појава или ескалирање на проблемот со влагата. Но дека влагата постои, тоа е евидентно. Таа доаѓа од тлото и од покривот на црквата. Индикатор за влагата е и вегетацијата која се јавува надворешно на северниот ѕид- категоричен е Велков.

%20Сопственик на црквата е Македонската православна црква, но надлежна за нејзина заштита е Управата за заштита на културното наследство. Директорот на Управата, Паско Кузман, пак, вели дека целокупниот проект за санација на комплексот треба да трае три години, што не значи дека ќе биде завршен со американскиот грант.

Управата допрва ќе работи на составување интернационална експертска група која ќе работи на конзервација на живописот, архитектурата на црквата, на камбанаријата и архитектура на северниот конак, кој е во многу лоша состојба.

- Во санацијата на живописот, кој Михајло и Евтихиј го работеле кога творел и Џото во Италија, треба да бидеме особено внимателни, а проблемот со влагата не е од вчера, туку се провлекува многу години наназад. При неговата санација треба да се прават проби, да се проучат досегашните зафати - вели Кузман.

За да комплетира интернационален тим од експерти Управата се обратила и до УНЕСКО. Координатор за архитектурата на црквата е Алкивијдадис Препис, универзитетски професор од Грција, додека во високоекспертската кооординација за живопис ќе бидат вклучени и експерти од Италија, конзерватори за живопис.

Вклучувањето на странски експерти и според Велков е значаен елемент во санацијата на комплексот. Според него, во моментот кога ќе вклучиме странски експерти во анализата и решавањето на некој проблем, тој од локален станува светски и на тој начин го популаризираме нашето културно наследство.

- Самиот збор Перивлепта на грчки значи - таа што се гледа, и тоа е добра метафора како нешто толку видливо, за нас е практично невидливо. Овој проблем бара итна разрешница - категоричен е Велков.

Според Кузман, пак, пред да се почне со санација на целиот комплекс претходно мора да се направат археолошки истражувања околу темелите, геомагнетни истражувања на самиот простор, и воопшто истражувања за состојбата на тлото заради стабилноста и статиката на црквата. Годинава треба да привршат подготовките на проектите, а од наредната година би се започнало со комплетната санација.



%20


Гледајќи ја црквата, туристите мислат дека државата ви се распаѓа

- Најалармантна е ситуацијата со ѕидовите на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, кои имаат големи оштетувања од влага. Во Охрид гледате голем археолошки локалитет - Плаошник, со прекрасни мозаици и убава реконструирана црква, но автентичноста ви пропаѓа. Како ќе им го објасните ова на туристите, кои кога ќе ја видат состојбата на црквата „Света Богородица Перивлепта“ добиваат впечаток дека целата држава ви се распаѓа? Во оваа црква секојдневно доаѓаат стотина туристи, кои ја гледаат штетата - вели Ролф Ахилес, американскиот професор Ролф Ахилес, византолог кој предава на Арт-институтот за уметничка критика во Чикаго, кој активно се занимава со проблемот на заштитата на културното наследство. Тој ова го заклучи по неодамнешната обиколка на некои споменици на културата во земјава.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=624101552105&id=16&prilog=0&setIzdanie=22017
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 27-Aug-2010 at 02:36

ВО ВЕЛЕС


Спомен-куќите на Џинот и Касапови пренаменети во куќи на уметноста

Куќите ќе се користат за одржување колонии, семинари, летни школи, обуки, работилници, ателјеа, и други литературни, музички, ликовни случувања. Сликарско-копаничарската колонија Папрадишки мајстори", покажала дека пренамената на објектите е вистинскиот начин за нивно ставање во функција

Со одлука на Советот на Општина Велес спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов - Џинот и Касапови во стариот дел на градот се пренаменети во куќи на уметноста, информираат од општинскиот Совет. Двете куќи на уметноста се сопственост на Општина Велес, а со нив ќе раководи и ќе ги одржува Народниот музеј. Тие ќе се користат за одржување колонии, семинари, летни школи, обуки, работилници, ателјеа и други форми на презентирање и создавање културни добра во областа на литературата, музиката, ликовната, сценската, филмската уметност. Одржувањето на сликарско-копаничарската колонија Папрадишки мајстори" овој месец, покажа дека пренамената на објектите е вистинскиот начин за нивно ставање во функција, сметаат од Општината.


Во една од собите на првиот кат од спомен-куќата на Јордан Хаџи Константинов - Џинот ќе биде сместено седиштето на Асоцијацијата на градови од Република Македонија со архитектонско наследство. Општина Велес во 2005 година со донација од Министерството за култура и Светската банка ги реконструираше двата објекта, што од Управата за заштита на споменици на културата се прогласени за национални добра и имаат статус на споменици на културата. Предвидено беше во нив да се смести донацијата од Стамена Петрушевска, сопственик на збирка етноматеријали од Македонија, завиден книжевен фонд и збирка уметнички слики кои моментно се изложени во приватен музеј на Петрушевска во Франкфурт, Германија. Неодамна таа ја повлече својата намера.
Во куќата на Џинот се планираше да се врати неговата библиотека, која пред многу години беше преместена на Филолошкиот факултет Блаже Конески" во Скопје, а од каде Општината и по повеќе од две години не добила одговор за оваа иницијатива. Воедно се планираше да се постават и неколку трајни поставки на изложби на седиштето на Асоцијацијата на градови од Република Македонија со архитектонско наследство.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=953636A55573054A9456EC2D29DBD764
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 31-Aug-2010 at 12:24

„Обновување на урнатиот објект на Старата железничка станица во својот автентичен изглед како што беше пред земјотресот во 1963 година, предвидува Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, кој вчера се најде пред советниците на Општина Центар.“

Можеби оваа тема не е место за коментирање но морам да кажам дека воопшто не ми се допаѓа оваа идеја. Таа е потсетник на тој немил настан и едно од главните градски обележја и сметам дека по секоја цена мора да остане така како што е, т.е. ако се реновира може само тој дел што е останат. 

Има една зграда во Хирошима од која е останат само скелетот и зградата е така оставена за да ги потсеќа генерациите на тој грозоморен настан. 

(Доколку има тема за оваа работа, би ги замолил админите да го префрлат постов таму. Фала.)  

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 01-Sep-2010 at 16:26
После подолг временски период ќе се преуредува Саат Кулата во Гостивар

Сите погледи денес во Гостивар беа свртени кон симболот на градот, Саат Кулата. Запуштениот изглед на овој културно-историски споменик ќе стане минато. Со поставување на скелето околу кулата, викендов започнаа подготвителните работи за нејзина обнова.

Преуредувањето на Саат Кулата доаѓа после подолг временски период. Инвестицијата чини 7.500 евра. Парите се обезбедени од Турската владина агенција за соработка и развој ТИКА и помал дел од донатори.

Иницијативата за обновување на градскиот симбол ја покрена гостиварецот Синан Љутвиу. Со проектот е предвидено чистење и уредување на внатрешноста на кулата, како и бојадисување на дрвенаријата. Со зафатот се планира и целосна обнова на осветлувањето.

Саат Кулата во централното градско подрачје во Гостивар датира од 15 век. Како значајно обележје на градот ја има и на грбот на општината.
 

http://www.kiss.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.289 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.