build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 11-May-2010 at 00:55

Асфалтирање за шест улици

Денеска ќе почнат да се асфалтираат шест улици во Карпош 1. Екипи на „Маврово инженеринг“ќе стават нов асфалт на улиците „Миладин Поповиќ“, „Титовоужичка“, „Крагуевачка“, „Андон Дуков“, а ќе се асфалтираат и улиците „505“ и „507“. По овие активности, на улиците ќе се „освежи“ и сообраќајната сигнализација. Ќе се постават и нови информативни знаци за еднонасочниот режим за возење. Сите зафати се изведуваат со општински средства во висина од околу 40.000 евра. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B1218A7149662B498CFDCC4327E0BCED
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 11-May-2010 at 10:08
КАРПОШ ВО АКЦИЈА
Градежни зафати на повеќе локации Жителите на улиците Титовоужичка и Крагуевачка во Карпош 1, ќе пијат вода од нови цевки, кои ги сменило претпријатието „Водовод и канализација“, а приклучоците ги направи Општина Карпош. Според општинскиот раководител Петар Ивановски, надлежен за уредувањето на градежното земјиште и за комуналните работи, станува збор за акцијата која водоводното претпријатие ја спроведува на подрачјето на градот, за замена на штетните азбестни цевки со челични. Денеска Општината ќе почне да ги асфалтира прекопите на двете улици, а потоа ќе продолжи на улиците Миладин Поповиќ, Андон Дуков, 505 и 507. Освен на овие, Карпош целосно ќе го смени стариот асфалт и на улицата Ловќенска во населбата Козле. - Дел од улицата беше направен од Град Скопје, по принципот 60:40, а останатиот дел од 60 метри го прави Општината. Во моментот се прави долниот слој, потоа ќе се тампонира и асфалтира, а ќе направиме и нови тротоари - вели Ивановски. Општинските власти се ангажирани и околу поплочувањето на површина пред станбената зграда на улицата Веселин Маслеша бр. 9, изградбата на паркинг-просторот на улицата Иван Аговски број 11 и 13, реконструкција на тротоарите пред кулата бр. 3 на Волгоградска, а истовремено внатрешно ја уредуваат и урбаната заедница „Владо Тасевски“. Сите зафати ќе ја чинат општината речиси шест милиони денари, а изведувачи се фирмите „Енергомонт“, „Чингар инжинеринг“, „Транс мет“, „Југотехника“, „Анизор“ и „Маврово инженеринг“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2018&ArticleID=140501
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 26-May-2010 at 16:03

Уште еден градежен циклус во општината Карпош


Нов инфраструктурен циклус на реконструкција и адаптација на простории, на колско-пешачки патеки, поплочување, како и приклучување на канализација, почна во општината Карпош

 

 
%20  
И овие зафати се во рамките на 100 нови проекти што ги најави градоначалникот Стевчо Јакимовски во почетокот од годинава. Овој најнов бран на реконструкции опфаќа пет поголеми проекти како адаптација и реконструкција на просториите на ДСУ „Зеф Љуш Марку“, како и нивниот стар објект во Нерези. Токму во тие простории ќе се пресели и администрацијата на општината, затоа што бараките каде што моментно се наоѓаат ќе се рушат.

Обновувањето на овие објекти општината ќе ја чини 6.932.972 денари, а работите ќе ги изведуваат фирмите „Аполо инженеринг“ и „Метал електрик“.

Реконструирана ќе биде и колско-пешачката патека на улицата Илинденска, а ќе се поплочува со павер-елементи улицата Скупи во Злокуќани. Во план е изведување улична и приклучна канализација на улицата Новопроектирана во населбата Тафталиџе, кај „Асиба“, за што ќе се потрошат 223.110 денари. 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52610917586&id=14&prilog=0&setIzdanie=21991
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 01-Jun-2010 at 19:07

Кредит од 10 милиони евра за Гази Баба

Општина Гази Баба ќе земе кредит од 10 милиони евра за да гради инфраструктура на својата територија, но се' уште не е познато на што конкретно ќе се трошат парите. На последната седница Советот одлучи Општината да покрене постапка за долгорочно задолжување кај Министерството за финансии на Република Австрија преку Австриската контролна банка од Виена, за изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација.

Станува збор за бескаматен кредит со грант од 15 проценти од износот на главнината. Рокот на отплата е 10 години од денот на издавањето на употребната дозвола на изградените објекти за водовод и канализација. Кредитот ќе се отплаќа во еднакви полугодишни рати, почнувајќи од март 2013 година. Педесет отсто од парите се наменети за градежни работи и за набавка на градежни материјали, а другите 50 отсто се за набавка на опрема и материјали.

Општината со граѓаните ќе склучува посебни договори за приклучување на идната мрежа. Уплатите од граѓаните по основ на овие договори или наплатените комуналии ќе бидат дел од ануитетите за враќање на кредитот. Проектите за изградба на водоводна, фекална и атмосферска мрежа ќе бидат утврдени со договорот за кредит што ќе го потпишат Општината и банката, а во согласност со Стратегијата за локален економски развој на Гази Баба. (А.П.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B804479F89E4CC4BB53203C6D10ED3B7
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 09-Jun-2010 at 10:37
Originally posted by axel

Уште еден градежен циклус во општината Карпош

... Во план е изведување улична и приклучна канализација на улицата Новопроектирана во населбата Тафталиџе, кај „Асиба“... 


Само што ги поставива павер елементите се копа за канализација на „улица“ која незнам како може да биде улица (како се добило тоа решение) бидејќи истата излага на самата автобуска постојка и е на во на 15-тина метри во средина од двете улици кој се приклучуваат на бул. Партизански одреди.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 01-Jul-2010 at 14:50
ne znaev kade pa postirav tuka

Започна регулацијата на Зрновска река zrnovska_reka.jpgКочани - Во општина Зрновци започна регулацијата на коритото на Зрновска река во должина од 700 метри.Средствата во висина од 12 милиони денари, според градоначалникот Блаже Станков се обезбедени од повеќе извори и се очекува проектот за два месеца да биде целосно завршен. Во рамките на овие активности предвидена е изградба на потпорни ѕидови се со цел да се регулираат водите на Зрновска река и да не дојде до поплави и носење на дел од асвалтниот пат покрај коритото на реката. Зрновска река во втората фаза ќе се регулира од магистралниот канал на Хидросистемот Брегалница се до излезот од населбата. Нерегулираното корито со последните врнежи од дожд направи големи штети во населбата и на земјоделските површини. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2421&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 02-Jul-2010 at 05:23


Католичка заобиколена, ќе се гради кружен тек во Ѓорче Петров

Градските власти го растоваруваат сообраќајот во
населбите, а центарот ќе почека

Сања Наумовска


Кружен тек кај Католичка црква нема да се гради додека не се прошири „Теодосиј Гологанов“, е најновото решение на градските власти. Ако улицата се проширува следната година, како што е планот на Градот Скопје, можеби истовремено ќе се реализира и решението за растоварување на сообраќајот на оваа црна точка. Дотогаш, проектот е статус кво, а со ребалансот на буџетот нема ниту превидени пари за таа намена. Затоа, пак, кружен тек ќе се гради во Ѓорче Петров.

„Кружниот тек кај Католичка црква беше една од осумте кружни раскрсници што ги најавуваше градската власт. Сите имаат идејни решенија, но тоа не значи дека ќе бидат реализирани“, рече неодамна градоначалникот Коце Трајановски.

Од друга страна, пак, во градските планови за реализација влезе кружен тек во Ѓорче Петров, каде што сообраќајот и не е толку оптоварен. Сепак, кај трговскиот центар „Планет“ кружната раскрсница ќе се гради во функција на поставување споменик на револуционерот, патрон на Општината.

„Реализацијата на кружните раскрсници не беше врзана со стриктни рокови. Изработени се идејните решенија и сега се во фаза на проектирање. Сепак, во текот на изработката на деталните планови се јавуваат проблеми поради кои, веројатно, ќе мора да се откажеме од некои од нив“, вели Трајановски.

Според него, најпроблематичен е кружниот тек на улиците „XVI македонска бригада“ и „Коце Металец“ во Железара, кој бил мал градежен зафат, но поради попречувањето на други проекти е невозможен за реализација.

На неодредено време ќе почекаат и кружните раскрсници на улицата „4 Јули“ со „Партизанска“ во Ѓорче Петров, како и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и улицата „Никола Карев“ кај Тутунски комбинат. Покрај овие четири локации, Градот има подготвено идејни решенија и за „Босна и Херцеговина“ и „Александар Урдаревски“ во населбата Бутел, потоа две кружни раскрсници на улицата „Втора македонска бригада“, едната со улицата „Лазо Трповски“, а втората со улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир. Последната кружна раскрсница се планира на пресекот на улиците „16. бригада“ со „808“, кај објектите на „Пиварница“ и „Алкалоид“ во Автокоманда.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CF150E9A61A73F46A0DDE37BC371771B


Edited by Cloverstack - 02-Jul-2010 at 11:30
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 02-Jul-2010 at 15:54

Општина Карпош со 18 нови проекти

Изградба на атмосферска канализација, реконструкција на дворна ограда и пристапна патека се дел од новите 18 проекти на Општина Карпош. Имено, Општината ќе започне со изградба на атмосферска канализација по должината на улиците Букурешка и Дамаска. Исто така, ќе се врши реконструкција на дворната ограда во ОУ "Јана Амос Коменски", а ќе се реконструира и пристапната патека на улицата Ацо Шопов. За новите проекти, Општина Карпош од својот буџет ќе издвои околу 17,5 милиони денари.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=4BD45CF654A4D549B1EE2CA7FEF74AA0
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 02-Jul-2010 at 17:52
Originally posted by axel

Општина Карпош со 18 нови проекти


Изградба на атмосферска канализација, реконструкција на дворна ограда и пристапна патека се дел од новите 18 проекти на Општина Карпош.
Имено, Општината ќе започне со изградба на атмосферска канализација по должината на улиците Букурешка и Дамаска. Исто така, ќе се врши реконструкција на дворната ограда во ОУ "Јана Амос Коменски", а ќе се реконструира и пристапната патека на улицата Ацо Шопов. За новите проекти, Општина Карпош од својот буџет ќе издвои околу 17,5 милиони денари.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=4BD45CF654A4D549B1EE2CA7FEF74AA0

Не ми е јасно улицата Букурешка е асвалтирана а третоарите со павер уредени ???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 03-Jul-2010 at 09:32

Битолски визии за новата ограда на „Гоце Делчев“

Оградата ќе била челична, со впечатливи канделабри и без скулптури

Челична ограда во делови изведена во полукружни форми, со украсни впечатливи канделабри и без скулптури. Вака ќе изгледа новата ограда на мостот „Гоце Делчев“, за која идејното решение го сработиле Михајло Драгановски и Јован Радевски од Битола. Нивната идеја за изгледот на оградата на мостот, кој ќе биде чуван од четири лава, е избрана дури во четвртиот обид на градот откако на претходните три јавни повици ниту едно од решенијата не ги исполнуваше бараните критериуми, првенствено во однос на статиката.

Градските власти демантираат дека оградата ќе има антички примеси за да претставува целина со античките и со египетски лавови што треба да се постават на влезовите на мостот.

Од Градот Скопје велат дека деновиве ќе го потпишат договорот со авторите, по што ќе следува втората фаза од постапката, нарачка на идеен и изведен проект.

„Очекуваме за три до четири месеци да заврши изработката на проектот, па тогаш и начелно ќе можеме да процениме колку ќе чини изведбата на оградата“, дополнија вчера од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Оттаму уверуваат дека пари за реализација на проектот имаат, но поради процедурите до изборот на изведувачот, работите на терен, најверојатно, ќе почнат в година. Тогаш се очекува да стартува и изградбата на новите огради и илуминацијата за мостовите кај „Холидеј ин“ и за оној кај Народна банка.

За нив моментно се работат идејните проекти на истите автори, според чии идејни решенија се гради и музејот на ВМРО и се лијат два од четирите лава наменети за мостот „Гоце Делчев“. И овие огради, според неодамнешните изјави на Трајановски, ќе бидат изведени од челична конструкција со мотиви од македонскиот фолклор и ќе имаат впечатливи канделабри. (Дс.Т.)

 
 


Edited by pbanks - 03-Jul-2010 at 11:43
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 04-Jul-2010 at 21:06
ИНТЕРВЈУ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Ако не ги исполнам ветувањата, ќе се извинам

Смета дека засега е успешен градоначалник и дека ги исполнува ветувањата што им ги дал на граѓаните. Првиот човек на Град Скопје, Коце Трајановски, во втората година од мандатот е задоволен од досега постигнатото, а ако некои проекти не успее да ги реализира до крајот, ќе им се извини на граѓаните. Најавува нови проекти, но и отпуштања на вработени од јавните претпријатија.

Како градоначалник од редовите на владејачката партија, логично е да уживате парична поддршка од Владата за развој на градот. Ја имате ли реално?

- Нашето предизборно мото беше „Заедно можеме повеќе“. И тоа е многу реално мото, во која област, па и во политиката. Благодарение на соработката со Владата, ние проектите ги тераме многу побрзо, отколку што реално би можеле да се почнат. Пример е булеварот Илинден. Беше распишан тендер и избран изведувач на проект кој беше спротивен на детаљниот и на Генералниот план. Во соработка со Општина Центар и Министерството за транспорт и врски, со соодветна урбанистичко-планска документација ни се овозможи да ја почнеме улицата. Инаку немаше шанси.

Исто така власта ни помогна со Законот за ДДВ. Јавните градски претпријатија беа задолжени за ДДВ и за камата повеќе од 16 милиони евра. Со отписот на камати од околу 10 милиони евра и поволни услови за отплата на долгот ги ставивме во мобилна состојба.

Сообраќајниот круг тешко се затвора

Кога ќе има големи инвестиции за решавање на сообраќајниот метеж во Скопје, да речеме како една подземна сообраќајница?

- Министерството за транспорт ја прави студијата за комплетно решавање на сообраќајниот хаос во Скопје - од аспект на инфраструктура, каде треба да се пробива, да се проширува, каде да има подземни сообраќајници итн. Таа треба да заврши некаде во октомври. Таа е сеопфатна студија, која ќе биде основа за решавање на многу проблеми. Жалам што не ја почнале моите претходни колеги, сигурен сум дека многу повеќе ќе можеле да направат.

Сметате ли дека инстант-решенијата што ги нудите во сообраќајот, како кружни раскрсници и проширувања ќе ја подобрат ситуацијата?

- Градоначалник сум само една година и два месеца, а веќе годинава ќе ги завршиме булеварот Србија, улицата Благоја Стефковски. Ја почнавме „Илинденска“, во план е и изградба на „Првомајска“ од Маркова Река до ОХИС, во должина од два километра. Тоа е еден од најтешките терени, се надевам дека ќе ја почнеме 15-20 јули. Сите овие улици се капитални проекти, а не инстант-решенија. За следната година го планираме проширувањето на „Теодосиј Гологанов“, како и изградба на уште еден влез во Скопје, освен тој што е сега кај ЕМУЦ. Тој нов влез е зацртан во ГУП и би бил од „Антон Попов“, преку „Напредок“ до „Фершпед“ и „Пивара“.

Сепак, проблем е метежот во центарот и околината. Улиците се тесни, изградени во времето на Тито, а сега имаме три пати повеќе возила. Со децении има урбанистички решенија со прстен на брзи булевари околу центарот. Има ли шанси и пари нешто од тоа да почнете, на пример Јужен булевар?

- Дали знаете колку чини Јужен булевар? Околу 50-60 милиони евра. Досега никој не го чепнал. Лесно е да се нападне, но треба да се дискутира реално колкави се можностите. На времето земјиштето му било дадено на „Македонски железници“. Сега во катастар се прави нова нумерација , па ќе видиме чие е земјиштето на целиот потег и кој што има добиено. Не се откажуваме од идејата.

Ќе има отпуштања во претпријатијата

Опозицијата Ве напаѓа за лошо менаџирање на јавните претпријатија. Во времето на Трифун Костовски повеќето беа во добивка, а сега не само што се во загуба, туку и финансиски ќе ги крепите со субвенции од три милиони евра. Дали тоа е решение?

- Јас сметам дека добро ги менаџирам. Тие беа оставени сами на себе, а претходниот градоначалник, во последната година пред да си оди го отпушти ќесето на „Комунална“ и одобри субвенции од 62 милиона денари. А тоа претпријатие било во добивка затоа што не биле прикажувани ненаплатените побарувања. Тоа може да се види и од ревизорскиот извештај. На „Градски паркинг“ Костовски предвидел да им даде 40 милиони денари, јас им ги намалив на 20, а потоа им дадов само десет. Јас парите што ги давам строго ги контролирам како ги употребуваат. На директорите сум им кажал прикажете ја фактичката состојба реално, да не ја лажеме јавноста или самите себеси. Не е точно дека „Комунална“ и другите претпријатија биле во добивка. Јас морам да потенцирам дека тие биле спремни за продажба, а веќе имало и студии за продажба, за приватно-јавно партнерство.

Можеби во загуба се оваа година, но во 2011 ќе бидат на чисто. И знаат дека се во загуба, не живеат во лажна атмосфера, за да не ги зафати синдромот на Грција. Мојата филозофија е - ги ослободивме од долговите за ДДВ, им купуваме опрема и машини, им правиме систематизација. Во мојата програма многу јасно сум кажал дека се залагам јавните претпријатија да бидат ефикасни. Таа програма ми ја поддржаа 120.000 гласачи и должен сум да ја реализирам. Одредени претпријатија почнаа да ги намалуваат платите, други да намалуваат број на вработени.

Како мислите менаџерите да намалуваат вработени?

- Така, согласно состојбата во која се наоѓаат. За да бидат здрави претпријатија. Даден е налог на менаџерите ако се превработени и не работат ефикасно, да си направат систематизација и да намалат онаму каде треба. Не знам како ќе го сфатат ова сфатат засегнатите вработени, но ако пропадне целото претпријатие како да го сфатат ова сите вработени?

Буџетот на Градот е празен, а многу зафати се одложени. Советниците ве обвинија дека тоа е поради ослободување од комуналиите за објектите од владиниот проект „Скопје 2014“. Нужно ли беше да и' се простуваат на Владата толку пари?

- И во времето на Трифун Костовски, во 2007, 2008 и 2009 година се простуваа комуналии. Ова не значи отпишување на комуналии, но му е дадена на инвеститорот можност сам да го уредува градежното земјиште, односно инфраструктурата. Сметавме дека на тој начин помалку ќе не' чини нас, отколку што ќе ја чини државата, бидејќи се работи за крупни објекти.

Секогаш се потребни повеќе пари

Имате ли намера да побарате измена на законите за финансирање на локалната самоуправа, со цел од државниот во градскиот буџет да се слеваат повеќе приходи, по основ на персонален данок и ДДВ?

- Сметам дека слевањето на парите од персонален данок во локалната самоуправа треба да се зголеми од сегашните 3 отсто на 30 отсто, а ДДВ од 3 на 6 отсто. Ако сакаме да имаме развој, ќе мораме да се движиме кон овие бројки. Задоволни сме што следната година земјиштето ќе се предаде на локалната власт, односно од продажбата на неизграденото земјиште ние ќе земаме 80 отсто, а државата 20.

Секоја власт сака да си ги задржи средствата. Имаме средби со премиерот и нагласуваме дека без цврста финансиска состојба не може да има способна локална самоуправа.

Дали сметате дека двостепеното управување со Скопје е добро или лошо за развојот на главниот град? Ќе има ли подобар развој без мешање на ингеренции, односно кога Скопје би било една општина?

- Прашањето на територијалната организација е многу чувствително прашање кое ќе засегне многу луѓе. Се залагам за сегашната организација. За овие 4 години ќе работам многу и со заедничка координација ќе придонесеме многу. Мислам дека јас и моите колеги доволно сме на ниво и сме решителни да покажеме дека можеме заедно да направиме повеќе за Скопје.

Многу често знаете да кажете дека медиумите ви ги вулгаризираат изјавите, на пример за рестартирање на саатот на Старата железничка станица или во врска со враќањето на коцката на плоштадот. Сметате ли дека сте неразбран од медиумите и јавноста?

- Мене ми е драго што од цела кампања излезе само саатот. Вие новинарите го најдовте само саатот, ви благодарам. Тоа беше предлог на граѓанка, не стариот саат да се рестартира, туку до него да се направи друг. Кога е човек на оваа функција, мора да очекува удари. Но, за се' вулгарно ќе ве демантирам. Новинарите повеќе ја гледаат гредата, отколку дрвото. Тоа беше исценирана кампања на Трајановски да му се најде нешто. Истото се случи и лани во јуни, кога почнавме толку многу проекти или ги завршувавме, што новинарите не можеа да не' следат. И требаше да се најде нешто. И што - ајде ќе му ставиме коцка на глава. Секој човек може да го направите смешен. Ако добро се организирате вие и ја фатите само таа тема, не гледате ништо друго. Јас имам програма и таа програма ќе си ја реализирам до 2013 година. Ако нешто не реализирам, јас ќе им се извинам на граѓаните, ќе им кажам ова и ова не успеав да го реализирам и ќе ги наведам причините за тоа.

Се добива впечаток дека немате добар однос со медиумите?

- Не мислам дека односот со медиумите ми е лош. Туку работата е како избираат. Ако однапред дојдат и знаат што ќе напишат, јас што и да направам, џабе ми е.

Два пати имавте масовни протести од Здруженија за заштита за животните, а не им се обративте. Ве обвинија дека по Ваш налог се врши масовна евтаназија на бездомните кучиња во „Вардариште“ и Ве етикетираа како убиец на кучиња. Вистина ли се нивните сомневања?

- Жалам што така бев разбран, но јас одржувам контакти со здруженијата што наводно се љубители на кучиња. Секогаш имале можност да дојдат до мене и да разговараме. Но, очигледно беше дека има голем број бездомни кучиња, и голем број на луѓе во болниците каснати од нив. Не би сакал врз основа на тоа да се каже „Коце е убиец на кучиња“. Ние ги третираме кучињата хумано, според сите меѓународни стандарди. Набавивме и хумана опрема, како јамки, камиончиња, пушки за заловување со ампули за успивање, за да не бидат заловувани на нечовечки начин. Ветеринарите решаваат за кучињата, не јас. Жалам што адресата ја упатуваат на мене.

А ние го зголемивме и стационарот за 200 отсто, па се надевам дека месецов ќе го пуштиме. Тие здруженија го извулгаризираа сето ова, а во нив гледам и луѓе политички опоненти.

Јавноста Ве поима во негативен контекст и поради сечењето на дрвјата на Илинденска, но и на Водно.

- Оваа година и се секоја следна ќе гледаме да посадиме 5.000 дрвја по сите булевари каде не било садено. И на „Илинденска“ каде беа исечени старите ќе бидат посадени нови.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FBF19A80869E0846AA096D13F566DB9C

Интервју со Коце кое го немаме регистрирано.



Edited by Мартин - 04-Jul-2010 at 21:08
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 05-Jul-2010 at 13:10
- Градоначалник сум само една година и два месеца, а веќе годинава ќе ги завршиме булеварот Србија, улицата Благоја Стефковски. Ја почнавме „Илинденска“, во план е и изградба на „Првомајска“ од Маркова Река до ОХИС, во должина од два километра. Тоа е еден од најтешките терени, се надевам дека ќе ја почнеме 15-20 јули. Сите овие улици се капитални проекти, а не инстант-решенија. За следната година го планираме проширувањето на „Теодосиј Гологанов“, како и изградба на уште еден влез во Скопје, освен тој што е сега кај ЕМУЦ. Тој нов влез е зацртан во ГУП и би бил од „Антон Попов“, преку „Напредок“ до „Фершпед“ и „Пивара“.


Што значи пак сега изградба на „Првомајска“ од мостот на Маркова Река до ОХИС? Bash
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 05-Jul-2010 at 13:16

значи од маркова река до охис .Изглеа до маркова река продолжува како првомајска? Улицава до козјак да не е првомајска ? Или и кај мостот пред драчево проагаше маркова река? Мислам дека е така и дека до тамо изгледа ќе ја реновираат

Edited by toasumjas - 05-Jul-2010 at 13:22
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 05-Jul-2010 at 13:31
2009 - Северна обиколница,
2010 - булевари Србија, Илинден и Првомајска
2011 - Теодосиј Гологанов (Јужен Булевар нема да го гледаме тој филм), уште еден источен влез на Скопје преку Пивара и нови автобуси
2012 - Тунел под плоштад ??
2013 - LRT линија
2014 - општо познато
....


Edited by Supervisor - 05-Jul-2010 at 13:33
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 05-Jul-2010 at 14:01

Ја сум задоволен ако се запази распоредов.
Тунелов и ЛРТ ке завршат голема работа.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 05-Jul-2010 at 15:38
е уште не ми се верува дека Илинденска, Србија и Првомајска ги сметаат за големи постигнувања Crazy
па то во било која земја во светот е нешто едноставно и минорно
се друго им било скапо, неизводливо, вонземско, а да трошат време и пари на глупости не им е проблем
и што се фалат стално дека срабоиле многу, во ред, не спијат луѓето, но зарем треба со толку малце да се задоволуваме? ај нека погледне Коце пак во урбанистичките планови и да види што сработил
секогаш истата приказна, знам дека не треба да јадеме трици за политика, ама таков е и текстот, они го прашуваат за него, а тој им збори за Трифун и компанија Ohno
до кога вака?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 05-Jul-2010 at 22:09
И јас сум ептен збунет од изјавата:
во план е и изградба на Првомајска од Маркова Река до ОХИС, во должина од два километра. Тоа е еден од најтешките терени
Не ми е јасно што бидна со сегментот помеѓу охис и цементарница. Ниту пак ми е јасно по кој основ се работи за тежок терен и како според Коце би изгледал лесен терен (можеби се да е веќе изградено, а они да треба да нацртаат хоризонтална сигнализација...). Кога Првомајска и Булевар Србија упорно ни ги сервираат како тешки проекти на тежок терен, навистина нема простор човек да очекува дека некој покрупен проект ќе мрдне од мртва точка...


А што се однесува до изјавата:
Дали знаете колку чини Јужен булевар? Околу 50-60 милиони евра.
Би го прашал градоначалникот дали знае колку чинат само најбесмислените  и најнепродуктивните проекти од „Скопје 2014“? И дали знае колкави мерливи позитивни ефекти ќе има врз градот Јужен Булевар и сличните такви проекти?

Додека се расфрлаат колосални суми пари за секакви бесмислици, а за инфраструктурата се дава кусурот, ќе си останеме сиромашни и ќе продолжиме да си тонеме во оваа жива кал во која не сместија генерации политичари без трунка визија и одговорност. Ама и самите сме си криви, кога масовно не бараме сериозно да си ја вршат работата и да се позанимаваат со приоритетите.
Wallbash
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 05-Jul-2010 at 23:05
Коце се коцка со нервиве мои... Bash

Како може еден сериозен функционер да постави контрапрашање „па знаете ли колку пари чини јужен булевар?“? Крајно непрофесионално, како што рече и кло, земјќи ги предвид екскурзиите со СК2014.

Ако јужен булевар чини 60 милиони евра, претпоставувам дека проширувањето на повеќето поважни булевари, вклучувајќи ја и изградбата на бул.Хрватска, доизградба на бул.Словенија и спојување на бул.Гоце Делчев со бул.АСНОМ не би требало да чинат повеќе од 80 милиони евра заедно. Па неможе никој да ми каже дека не можеа да одвојат 200 милиони евра за да го средат градов за многу години нанапред, наместо да ставаат нефункционални катни гаражи со факинг предуслов за фасада!?! Значи 200 милиони евра, тоа се 4 години по 50 милиони евра. Ништо пари. За една држава, секако. Ама изгледа не сме држава, туку пуштава. Го задржувам правото за трејдмарк врз терминот пуштава Nuts

Кога сме кај јужен булевар, што мислите за идејата истиот да е 8-10 метри денивелиран под земја, но не како тунел, туку на делови од трасата да има двонивовски раскрсници, на друг дел остане постојното зеленило над булеварот (таму само би дошол како тунел), а на останатите делови да не биде покриен?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 05-Jul-2010 at 23:08
Да појаснам малку, Првомајска завршува кај мостот на влезот на Драчево, а под него проаѓа Маркова Река. После тоа улицата продолжува во ул. Драчевска. Од мостот, значи од почетокот на Првомајска (или крајот, зависи како гледате) па се до ОХИС нема светла, има две опасни S кривини, а од што е баталено оддржувањето на овој дел... поради непостоење на атмосферска канализација со тек на времето лентите се „скратени“ од (претпоставувам) 3.5m ширина, бидејќи има песок, кал, камчиња собрани отстрана, па тоа ја прави уште поопасна бидејќи нема многу простор за маневрирање освен ако не сакаш offroad да возиш. Со еден збор катастрофа, доста фреквентен булевар, а е во жалосна состојба. За асфалтот да не ни зборувам, тоа веќе не може да се среди со пополнување дупки, одамна не може, но тоа е начинот на кој што се справуваат со овој дел. Кратери има на сред булевар, буквално.
И сега за какво градење на Првомајска зборат навистина не ми е јасно? Ако Коце мисли на проширување, тогаш зошто побогу не се работи прво на делот од Кисела Вода до Кјуби, па потоа во втората етапа од Цементара до крајот на ОХИС, па дури тогаш делот од ОХИС до влезот на Драчево... или е битно да се пофали во интервју дека ќе работи на најтешкиот дел од булеварот? За втората секција на булеварот пак... не знам што сакаат полесно да им се даде, буквално има расчистено место во должина од 8m (од око) од едната страна на булеварот.
За булевар Србија веќе не знам што да кажам, тапка во место работата, да ми кажеше некој дека толку многу ќе работат на толку мал дел, ќе се изнасмеев, ама ова е веќе навистина жалосно. За Јужен Булевар не коментирам, никогаш нема да се започне. Би сакал некогаш да го видам завршен, но навистина не сум оптимист.

П.С. Ако некој поминува покрај Цементара, нека обрне внимание на делот каде што се сретнуваат булеварите (ако ви текнува, тука имаше „циганска населба“). Очигледно е свежо продадено земјиштето, не навлегувам сега во тоа. Поентата ми е... ако поминувате, погледнете го растојанието од поставената ограда до булеварите (прикажано на сликата подолу). Ако можете и сликнете нешто. Кога ќе се доврши со проширувањето на Србија, тогаш каде ќе поминува лентата за десно, за приклучок од Првомајска кон Србија?


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 06-Jul-2010 at 13:31
Originally posted by alexgizh

Кога сме кај јужен булевар, што мислите за идејата истиот да е 8-10 метри денивелиран под земја, но не како тунел, туку на делови од трасата да има двонивовски раскрсници, на друг дел остане постојното зеленило над булеварот (таму само би дошол како тунел), а на останатите делови да не биде покриен?
Ради заштеда да не биде целосно покриен?
А што се однесува до длабочината, ако може да биде на длабочина од 5-6 метри не би го вкопувал подлабоко без потреба, не само што ќе го поскапи зафатот туку ако е поплитко и влезно-излезните рампи ќе бидат со поблаг нагиб.


Originally posted by The Man

П.С. Ако некој поминува покрај Цементара, нека обрне внимание на делот каде што се сретнуваат булеварите (ако ви текнува, тука имаше „циганска населба“). Очигледно е свежо продадено земјиштето, не навлегувам сега во тоа. Поентата ми е... ако поминувате, погледнете го растојанието од поставената ограда до булеварите (прикажано на сликата подолу). Ако можете и сликнете нешто. Кога ќе се доврши со проширувањето на Србија, тогаш каде ќе поминува лентата за десно, за приклучок од Првомајска кон Србија?

Ohno  Wallbash
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.289 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.