build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меморијален центар на холокаустот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 13-Apr-2010 at 00:40

Одбележан Меѓународниот ден на холокаустот


Музејот за еврејските жртви готов идната година


Со положување цвеќе во спомен на еврејските жртви, во објектот на Меморијалниот центар, кој е во изградба, Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот вчера го одбележаа Меѓународниот ден на холокаустот-Јом Ашоа.
- Им оддаваме почит на шест милиони Евреи од Европа меѓу кои и 7.200 македонски еврејски жртви на еден невиден злостор во историјата на најцрниот период за човештвото - нацизмот, рече Рахамин Мизрахи, заменик-претседавач на Управниот одбор на Еврејската заедница во Македонија.
- Во нас и со нас продолжуваат да живеат еврејската вера, култура и традиција како дел од етничкото шаренило на нашата татковина. Нека поменот за шесте милиони невини жртви од кои еден милион деца задушени во нацистичките логори и крематориуми ни биде основа во грижата и совеста на секој од нас за зачувување на традиционалните вредности на живеењето во заедништво и разбирање како и верски соживот со заемна доверба и почит, потенцира Мизрахи.
Томислав Илиев, член на УО на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија рече дека се изведуваат завршните градежни работи на објектот на Меморијалниот центар во некогашното Еврејско маало во Скопје. Информира дека сите спорови околу земјиштето се завршени и се очекува дека на 11 март идната година ќе биде свеченото отворање на Музејот. Во Македонија, Еврејската заедница денес брои околу 250 членови.

 
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 19-Apr-2010 at 17:33
Ovde izgleda se sprema fasada.




Edited by mitatos - 19-Apr-2010 at 17:34
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 22-Apr-2010 at 18:59


Тука денес се работеше со полна пареа. Имаше поставено скелиња од сите страни на објектот.
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 27-May-2010 at 20:10
Почнаа да се редат профили на одредени делови од објектот

1.

2.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 25-Jul-2010 at 17:03
Апдејт за фасадата. Како што навикнавме за овој објект, исклучително бавно темпо...


Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 26-Jul-2010 at 13:22
A sto e so niskiov rozev objekt? Ke go butkaat ili sto?
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 26-Jul-2010 at 15:53
.


Edited by SkyBoy - 07-Aug-2010 at 15:30
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 26-Jul-2010 at 17:33
Тоа беше некој локал во старата автобуска станица, сигурно ке рушат =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 26-Jul-2010 at 18:48
Originally posted by lupo

A sto e so niskiov rozev objekt? Ke go butkaat ili sto?


колку што јас памтам, сопственикот на розевиот објект имаше имотен лист за него (само во Македонија таков привремен објект на таа локација може да добие траен статус) и имаше шанса да остане тука како чир. Драго ми е дека се нашло решение.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 27-Jul-2010 at 13:05
музејов некако ептен ќе биде контраст со околината, ќе биде интересно да се види дали ќе изгледа како чир или пак ќе го збогати просторот
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 15-Aug-2010 at 19:17
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 30-Aug-2010 at 18:18
1.


2.


3.


4.


5.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 30-Aug-2010 at 19:06
paneli ke stavaat a?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 30-Aug-2010 at 22:34
Има една боја сиво-сино стакло што знае да изгледа многу убаво, а не како она кич рефлектирачкото како на пример на Аркадија. Ова е многу различно и употребено со мерка.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 29-Nov-2010 at 16:13

Музејот на холокаустот се отвора во март

Меморијалниот центар на Евреите, кој моментно е во изградба кај некогашното Еврејско Маало, кај старата меѓуградска автобуска станица, треба да биде пуштен во употреба на 9 март 2011 година, дознава „Дневник“. Претседателката на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Лилјана Мизрахи, не сакаше да го прецизира датумот на официјалното отворање на овој објект. Секој момент се очекува да се монтираат мермерните делови од фасадата.

- Според проектот, предвидено е мермерните делови од фасадата да се редат на шини кои веќе монтираат. Поставени се специјалните стакла за да не се оштетат артефактите кои ќе бидат во внатрешноста на објектот. Дел од надворешната фасада ќе биде изработен од композитни панели во окер боја, дел ќе биде застаклен, а дел од фасадата ќе биде обложен со патиниран цинков лим. Се пробива и влезната партија од задната страна на објектот, вели Мизрахи, додавајќи дека се во прашање само неколку месеци до официјалното отворање на објектот. Идејата за меморијал на холокаустот во Македонија потекнува од големиот ерудит, научник и хуманист, академик Иван Дејанов, некогашен претседател на првото Македонско-израелско друштво за пријателство.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E28EB2FD2AF97849A7A9294EE680B0D6


Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 29-Nov-2010 at 17:59
Инаку на местото на малиот розев објект мислам дека треба да се изгради катна гаража, ако не се лажам нешто
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 29-Nov-2010 at 18:10
Тука позади треба да биде катната гаража. Во празното триеголниче, веднаш под клучката.

Какви се овие содржини во музеј. Ајде бифе, ама градинка, хотел. А најбитното за евреите синагога во склоп накомплексот никаде не се спомна. Којзнае какви се плановите, ама веројатно нема да биде некој зебра што во склоп ќе има и музеј.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 29-Nov-2010 at 18:11
Еве го и цел текст.
Музејот на холокаустот се отвора во март



Меморијалниот центар на Евреите, кој моментно е во изградба кај некогашното Еврејско Маало, кај старата меѓуградска автобуска станица, треба да биде пуштен во употреба на 9 март 2011 година, дознава „Дневник“. Претседателката на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Лилјана Мизрахи, не сакаше да го прецизира датумот на официјалното отворање на овој објект. Секој момент се очекува да се монтираат мермерните делови од фасадата.

- Според проектот, предвидено е мермерните делови од фасадата да се редат на шини кои веќе монтираат. Поставени се специјалните стакла за да не се оштетат артефактите кои ќе бидат во внатрешноста на објектот. Дел од надворешната фасада ќе биде изработен од композитни панели во окер боја, дел ќе биде застаклен, а дел од фасадата ќе биде обложен со патиниран цинков лим. Се пробива и влезната партија од задната страна на објектот, вели Мизрахи, додавајќи дека се во прашање само неколку месеци до официјалното отворање на објектот. Идејата за меморијал на холокаустот во Македонија потекнува од големиот ерудит, научник и хуманист, академик Иван Дејанов, некогашен претседател на првото Македонско-израелско друштво за пријателство.



СЕ КОМПЛЕТИРА ПОСТАВКАТА



Мизрахи информираше дека интензивно се работи на истражување и на прибирање архиви и материјали за Евреите и за нивниот живот.

- Музејот на холокаустот треба да го раскажува битисувањето на македонските Евреи од времето на Романите до денес, со посебен осврт на холокаустот. Добивме оригинална документација која веќе е селектирана и се обработува. Дел од таа документација е испишана на ладино јазик (старошпански јазик со хебрејски примеси на кој говореле македонските Евреи - н.з.). Во овој момент, имаме и соработничка која што преведува од шпански на ладино и активно го изучува ладиното што е голем чекор напред. Сите тие документи, фотографии, податоци, дополнителни податоци што се наоѓаат веќе се синхронизираат во одреден материјал, кој ќе биде основа на поставката. Сметаме дека основната поставка ќе биде пристојна да не' претстави како држава, како народ, како Еврејска заедница, како Евреи, изјави Мизрахи.

Веќе се објавени јавните повици за набавки на елементи потребни за поставката.

- Фотографиите и податоците и натаму ќе се собираат. Ние многу интензивно ќе го надградуваме сето тоа. Истражувачката работа мора уште повеќе да се развие на разни сегменти, но битно е да имаме основа. Овој центар треба да има пред се' едукативна улога и да биде место на зближување, место на опоменување што значи верска, расна, национален и каква било друга нетрпеливост и ксенофобичност. Неговата работа треба да биде не само во правец на одбележување на холокаустот на македонските Евреи со порака никогаш никому да не му се повтори, туку и да биде средиште на тоа што значи соживот во Македонија, според традициите на македонската држава, бидејќи овде никогаш немало ксенофобичност, нацизам. Луѓето живееле како едно семејство, без оглед на нивната етничка припадност, потенцира Мизрахи.

Таа образложува дека постапката за да се дојде до податоците за имотите на Евреите и нивната идентификација била тешка и сложена. Тие се базираат на збирката издадена од МАНУ во 1984, податоци од Архивот на Македонија и од Архивот на поранешната СФРЈ, како и податоци од Бугарската нацистичка архива во периодот на окупацијата (1941-1943), а кои се однесуваат на работата на Високиот комесаријат за еврејски прашања, специјално формиран при депортацијата на Евреите.

- Дополнително се најдени и оригинални документи правени од нацистичка Бугарија како декларации за имоти кои наменски биле изработувани во 1942 година. Околу основната поставка имаме голема поддршка и од Вашингтонскиот меморијален центар, затоа што член на нашиот меѓународен борд е директорот на архивскиот материјал на Вашингтонскиот меморијален центар, Раду Ионид, објасни Мизрахи.

Таа информираше дека лани во септември во Израел е потпишан и меморандум за соработка со најголемиот светски меморијален центар „Јад Вашем“, од каде што Фондот исто така има голема поддршка.



КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА МУЗЕЈОТ



На приземјето во музејот ќе има главен влез со повеќенаменска сала и постојана изложбена поставка како вовед во настаните, проследено со документациски материјали и имињата на жртвите. Ќе биде прикажано некогашното Еврејско Маало, поврзан со меморијата на топосот на Давидовата улица во мирнодопски услови. Во приземјето ќе има капија која ќе го симболизира влегувањето во некогашното Еврејско Маало, како и двете улички Амарова и Давидова, од каде ќе се слушаат звуци на детски џагор и на живот. На првиот кат ќе биде сместен и вагон, што ќе го симболизира депортирањето на Евреите, токму од местото каде што и сега е Тутунскиот комбинат. Планиран е и простор за адаптација на посетителите, музејска поставка, археологија, етнологија, историја...

- Во една од просториите ќе има оџак. Во неа ќе има и ливчиња со имињата на депортираните Евреи, што симболично ќе го означува згаснувањето на нивните животи. Нивните имиња и гласно ќе се изговараат. На голем ѕид со плочки ќе бидат испишани и имињата на починатите Евреи, бидејќи немаат гробови.

На вториот кат ќе има простории за едукација и библиотека, но и мост кој ќе води до арт-центарот. Потоа, бифе, продавница за книги и сувенири. Постои размислување арт-центарот да биде еден вид конференциски центар или центар за пребарување дневни весници и други материјали или, пак, израелски културен центар. Ќе има и дел кој ќе функционира како градинка во која родителите ќе може да си ги оставата своите деца кога ќе одат на обиколка во Чаршијата.

Приземјето на арт-центарот ќе има специјализиран комерцијален простор. На третиот кат е малиот амфитеатар за предавања. Како трета содржина во рамките на комплексот е предвиден и хотел, кој ќе се гради исто така дополнително.

Вкупната нето-површина на објектот е околу 5.000 квадратни метри, од кои нето се 1.772 квадратни метри. Двете подземни нивоа со помошни простории и паркиралишта зафаќаат околу 3.000 квадратни метри, со капацитет за 120 возила. Завршните работи само на музејот ќе чинат 3.709.990 евра.

- Средствата се обезбедени врз основа на порамнување помеѓу Фондот на холокаустот, Министерството за финансии и државниот правобранител, објасни Мизрахи.

Анела Петрова



Во спомен на 7.200 егзекутирани Евреи

Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени 7.200 Евреи или 98 проценти од вкупната еврејска популација во Македонија. Најмногу биле од Скопје, Битола и од Штип и по неколку семејства од други градови. Биле доведени во Монополот во Скопје (денешен Тутунски комбинат) каде што им биле конфискувани пари и накит. По неколку дена во привремениот логор, биле натискани во сточни вагони и во екстремно тешки услови транспортирани во логорот на смртта и веднаш егзекутирани. Сите 7.200 убиени биле евидентирани. МАНУ објави зборник со списоците со податоци за секој од нив одделно. Околу два процента Евреи од земјава ја избегнале депортацијата, зашто биле во НОБ или успеале да се скријат.

Еврејската заедница е обновена во 1944 година и денес брои околу 220 члена.

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 21-Dec-2010 at 14:57
Еве уште една потврда дека се отвара во Март. Веста е од денес, иако е слична со предходните

Меморијалниот центар на Евреите се отвора во март



Симболично, со поставување урни на олтарот, Македонија ќе се прости од 7.200 сограѓани убиени во Треблинка


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите ќе се отвори во март идната година, во некогашното Еврејско Маало. Симболично, на денот на отворањето, со поставување урни на олтарот во центарот, Македонија ќе се прости од 7.200 свои сограѓани што беа убиени во нацистичкиот логор Треблинка. Точниот датум на отворањето на музејот не е прецизиран, но извесно е дека ќе се поврзе со годишнината од депортацијата на Евреите од скопскиот монопол, 11 март.

Меморијалниот центар во Скопје е трет во светот по веќе изградените во Тел Авив и во Вашингтон. Реализацијата на проектот започна пред повеќе од две години, а финансиите се обезбедени од денационализацијата на имотите на Евреите што го завршија животот во Треблинка и немаат правни наследници. Целиот објект се состои од неколку целини, меморијален дел и деловен комплекс објект во кој ќе функционира повеќенаменски арт-центар.

Во Меморијалниот центар во завршна фаза е подготовката на музејот со скулптури што ќе го симболизираат одведувањето на Евреите од Македонија. Тоа се метални скулптури со дигитални рамки што ќе содржат имиња и податоци за сите што го завршија својот живот во Треблинка. На првиот кат од центарот е планирана посебна поставка, која по 2013 година ќе се користи како специјална егзибиција за Битола и Штип.

„Во приземјето на музејот централно место ќе зазема олтарот, на кој со поставувањето на урните со пепел, македонската држава официјално ќе ги погребе Евреите убиени во холокаустот“, вели Панде Лазаревски, заменик-претседател на Управниот одбор на Фондот, што според него, е момент од исклучително значење за Македонија и за еврејската заедница.

Музејот во иднина ќе се надоградува со различни артефакти, пишани и филмувани материјали што зборуваат за настаните врзани за холокаустот. Целта е со своите содржини да зборува и да опоменува за последиците од верската, расната и националната нетрпеливост.

Вкупната површина на објектот е околу 5.000 квадратни метри, со две подземни нивоа и паркинг за 120 возила.

„Забрзано се работи и на фасадата и на ентериерот. Веќе се поставени стаклата на фасадата, како и носачите на кои ќе стојат мермерните плочи. Пробиена е и влезната партија и пристапната улица, обезбеден е приклучок за електрична енергија и распишана е јавна набавка за генератор“, вели Лилјана Мизрахи, претседател на Управниот одбор на Фондот.

На вториот кат од центарот, во 2012 година ќе биде отворен и детски музеј, кој ќе ја има основна едукативна функција. На пристапен начин на најмладите ќе им се објасни што, всушност, значи холокаустот, во кој огромен број деца го загубија животот и како во иднина да не се повторат слични настани. Во 2013 година, планираат од Фондот, ќе се заокружат сите содржини од Меморијалниот центар и со тоа ќе се обележи 70-годишнината од депортацијата на македонските Евреи.

„Содржините што се планирани и бројот на артефактите собирани од сите страни на светот, засега се доволни за отворање на Меморијалниот центар. Сепак, како и кај сите музеи, можност за промени, проширувања и надоградување се' уште има, па истражувањето и прибирањето докази, пишани и филмувани материјали и фотографии ќе продолжи и во иднина“, вели Мизрахи.

Таа информира дека во септември минатата година во Израел е потпишан и меморандум за соработка со меморијалниот центар „Јад Вашем“, од каде што Фондот има голема поддршка. Во октомври 2009 година е промовиран и Меѓународниот консултативен совет, со кој претседава рабинот Ендрју Бејкер, преку кој му се отвораат вратите на Фондот пред светските институции што нудат помош и соработка во обезбедувањето на артефакти што сведочат за холокаустот на македонските Евреи.

линк
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 21-Dec-2010 at 19:16
Оваа вест треба да има поинаков наслов. Според мене, „Меморијалниот центар на Холокаустот ќе се заврши во 2013“. Ова го велам бидејќи очигледно е дека им секнало пари, сега ќе го отворат како што го отворија плоштадот во Струмица. Понатака ќе го средуваат вториот спрат, а сметајте дека тој апендиксот што сега не е ни поврзан со главниот дел ќе стои така до 2013. Што се однесува до фасадата, и изјавите (читај: лагите) од типот „Забрзано се работи и на фасадата и на ентериерот“, немам коментар. Стаклата на фасадата и носачите се поставени веќе цела година и нема мрднато од тогаш.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.447 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.