![]() |
![]() |
![]() |
Урбанистички планови и парцели (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 66> |
Author | ||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
И овие мислам дека си ги купиле парковите. Како го кажаа ова сомнеж како да е работи за осомничено лице. Неможе вечно намерно да го пригушуваме градењето секоја една деловна зграда. Се шири деловниот простор, и тоа сакале или нејќеле, порано или подоцна ќе биде на сметка на станбените маала кој мора да го отстапат местото во центар. И не гледам па причина од општината што вака во фази обелоденуваат. Подобро нека ја вцртаат уште од сега како деловен и нека истуркаат на мускули. И за овие важи истото што важи и за нивните соседи од Илинденска. Ако не ви се седи, иселете се. |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Пробиштип и Кочани
воспоставија меѓуопштинска соработка за Урбанизација на локалитетот
Пониква
Според програмата на УНДП за МОС, Општина Пробиштип и Општина Кочани воспоставија меѓуопштинска соработка за Урбанизација на локалитетот Пониква и нејзин развој како спортско рекреативен туристички центар.Цел на воспоставувањето на меѓуопштинската соработка е формирање на Заедничко координативно работно тело согласно со Законот за меѓуопштинска соработка за прашања во надлежност на Советот на општината,се´ со цел за побрз економски развој особено во делот на туризмот на локалитетот "Пониква". Заедничкото работно тело ќе ги спроведува активностите поврзани со урбанизацијата на локалитетот "Пониква" и тоа: • Активности за донесување на ДУП-ови за локалитетот "Пониква"; • Изработка на главен проект за водоснабдување; • Изработка на главен проект за изградба на пат за поврзување на паркинг просторот со Манастирот "Св.Василиј Велики" на локалитетот "Пониква"; • Следење на динамиката на урбанизација на локалитетот "Пониква" ; • Изработка на посебен Развоен план за "Пониква" како и следење на реализацијата на тој План.
Заедничкото координативно работно тело ќе се формира како постојано работно тело на општините Кочани и Пробиштип.Чинењето на изготвувањето на оваа техничка документација изнесува околу 1.353 000,00 ден.,од кои 1.230 000,00 ден. се донација на УНДП,а по 61 500,00 ден. имаат учество општините Кочани и Пробиштип. Природните убавини со кои располага Пониква се сеуште недоволно познати на поширокиот круг луѓе во државата и надвор од неа.Еден од предусловите за развој на туризмот за целосно оформување на населбата,е реализирање на системот за водоснабдување преку акумулирање на природните води во ова подрачје.За таа цел е изготвена прифизибилити студија –Мали акумулации на Пониква , на локалитетот наречен " Арамиска чешма" , кое може да се види од дадениот прилог. Овој проект е од големо значење за овој регион чии што придобивки ќе се огледаат во следните области: • Водоснабдување на населбите во поширокиот регион; • Услови за развој на сточарството; • Водоснабдување на туристичката населба Пониква; • Обезбедување на потребните количини на вода за работа на машините за производство на снег; • Наводнување на земјоделските површини во атарите на селата Пантелеј и Нивичани во овој ридско-планински регион; • Развој на рибарството-порибување на предвидените акумулации ствара услови за развој на спортски и комерцијален риболов; • Производство на електрична енергија. Со оглед на расположивите висински разлики, постојат можности за изградба на цевни мини хидроцентрали. ![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Во централно подрачје ќе се градат три станбени згради
![]() http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2603&Itemid=125 |
||
![]() |
||
Damjanovski ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 14-Sep-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Може ли некој да ми помогне да го најдам ДУП-от на општина кисела вода? Прочепкав малце на веб сајтот на општината ама не најдов ништо (пишува само на едно место ..во изработка..)
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Такво нешто ДУП на Општина Кисела Вода не постои. За кој дел ти треба?
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Пет дупови за Охрид на јавна анкета... поставени се на општинската веб страна во ПДФ формат:
http://ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=1667 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Edited by lslcrew - 31-Oct-2010 at 04:39 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Од една страна е добро што ќе се стави во функција тој запуштен дел од градот, од друга страна внесува сомнеж дека ќе се отвори пандорина кутија со узурпуцаија метро по метро и ќе се нагриза паркот. Сега таму е расадник на паркови и зеленило, некои полу-распаднати објекти и ѓубришта. Всушност според планов сегашниот парк ќе се продолжи, ане намали, но нели требаше комплетно опфатот да е до раскрницата? Ваков кордон згради има и неколку позитивни ефекти, како брабик од загадување и бучава од булеварите, а и комплетирање на градежните линии околу блеварите. И немора паркот да е од сите страни отворен, доволну му се неколку "влезови"-"порти". Само сепак да не се случи тоа што никој не посакува па да тргне возот година за година да се ситни зеленилото. На бензинската не и е место воопшто таму, очигледно се некои интереси кои се на работ на правилата и гуп-от, особено што на неколку стотина метри веќе има бензинска.
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Презентација на три проекти за урбанистичката иднина на Охрид
Во предвечерјето на отворањетона овогодишното Охридсколето, арх. проф. Борис Чипанза јавноста приреди своевидно„отворање“ со презентацијана насловениот проект.Приказната на професорот очекуванобеше многу интересна, произлезена одвизијата на човек по рожба охриѓанец,со посветеност на вистински вљубеникна охридската магија. И навистина,преполната голема одаја на куќата„Уранија“ се претвори во уво и око соочигледна почит кон живата легенда,која зборуваше за визија на еден нов,функционален и современ Охрид. Поаѓајќи од фактот што сегашната состојба на градот ги гуши неговите витални функции, а пред сè развојот, проф. Борис Чипан тргнал во своевидно истражување, барајќи нови урбани, естески и сообраќајни решенија со оригинален предлог за урбанистичка реорганизација на градскиот центар. (претходно публицирана во списанието Порта3 бр.109 од 25.02.2009 г.) Грдата слика на џган од возила и пешаци низ преубавиот староградски простор, секако бил мотив повеќе, авторот да се зафати со оваа студија, каде што проблемот со сообраќајот добил приоритетно место. Токму ова, како и многуте други нарушувања на развојот што ги произведува дневно профитниот интерес на локалните моќници, можно ќе го сменат трендот, а потоа и сликата, се разбира доколку бидат прифатени решенија и проекти како овој. Горе кажаното, а пред сè љубовта кон својот град, луцидниот автор го поттикнало да предложи и извади на виделина една убава и исто толку хумана визија за уредување на древниот град. Да видиме сепак, што всушност предлага авторот на студијата, кој со мала доза на цинизам вели „исфантазирал“ работејќи го овој проект. Студијата опфаќа три меѓусебно нужно поврзани функции како целина, кои на прв поглед личат за многу скапи или тешко изводливи, но доколку бидат реализирани, убеден сум дека ќе претставуваат вредна инвестиција. Поради фактот што во споменатиот лански број на „Порта3“, детално се опишани предложените решенија за сообраќајот, паркирањето и новиот плоштад со објектите во него, како и предлогот за ново автобуско стојалиште (во опфатот меѓу улиците Туристичка, Јане Сандански, Старото шеталиште под градот и езерото), понатаму во текстов ќе се осврнам на предлозите во старото градско јадро. Имено, авторот ја прифатил, и според моето мислење успешно ја имплементирал максимата на познатиот белградски архитект професорот Никола Добровиќ, дека секоја современа архитектура мора да го одразува и бележи трендот на актуелната архитектура и култура, со што ќе го обележи актуелното време, а тоа би требало да претставува своевидна „додадена вредност“ кон постоечкото.Елем, професорот и неговиот млад соработник, во таков контекст предлагаат два нови изразито експресивни и според моето видување убави архитектонски градби. Камбанарија кај храмот Св. Софија и Музејско истражувачки центар и видиковец, а во партерот театар на отворено, сместен на Самоиловата тврдина. Обата објекта се со монументални димензии и остваруваат визуелна комуникација, односно „контакт“. Овие објекти ќе претставуваат реперни точки, во и кон градот, а пред се од Езерото. На 20-тина метри северно од Св.Софија е сместен објектот камбанарија. Оваа монументална кула, покрај функцијата на камбанарија, благодарејќи на нејзините димензии 8.0/8.0 во основа и висина од 40 метри, може да извршува и други функции. Новиот објект со изразена експресија добро кореспондира со храмот. Кулата со базниот трем во партерот и Св.Софија оформуваат атриум кој е во функција (заеднички) со двата објекта. Со скалилото што е проектирано на јужната страна од фасадата, поврзани се сите нивоа на објектот Камбанарија. Нивоата (катовите) ќе имаат своја функција, од кои е вредно да се посочат: -резиденција на архиепископот Охридско-Преспански -мала сала за седници на Синодот на МПЦ -ателје за иконописци -работилници за иконописци -мобилија за конзервација на икони -помошни простории и др. Вредно за споменување е и фасадниот дизајн на камбанаријата. Таа е стилизација на средновековните фасади обработени од челик и стакло. Проектот делува импресивно и современо, што е своевидна додадена вредност, во поширокиот, но и непосредниот амбиент на Градот и Св. Софија. Храбриот потег на авторот не треба никого да изненадува, ако се знае дека значителен дел од својот живот и работа, професорот Чипан ги посветил на заштита и истражување на храмот Св.Софија и нејзината историја. Вториот проект е сместен во средиштето на Самоиловиот Град - акропол, како доминантна точка над Охрид. Архитектонски објектот ненаметливо „лежи“ врз старината Горни Сарај, без да ги загрози археолошките содржини. Напротив, објектот ја збогатува силуетата на старата тврдина. Објектот е поставен врз два нагласено робустни носачи, што го прифаќаат призматичното тело на градбата, подигнато над тврдината. Врз горната плоча е проектиран видиковец (тераса), од каде што се доживува длабокиот простор над и кон Стариот град, Св.Софија и Езерото. Во ниво на приземјето е проектиран и театар на отворено. Доколку овие вредни и храбри идеи во „Трите проекти за иднината на Охрид“ бидат разбрани и прифатени со желба да се реализираат, убеден сум дека Охрид ќе ја обезбеди својата супстанцијална вредност и ексклузивност за иднината. ![]() ![]() ![]() http://www.porta3.com.mk |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Детални урбанистички планови кои се усвоени и кои се во фаза на изработка
Усвоен ДУП за УБ 7.4 и УБ 11.2,П=5,6 ха (семејно домување, парковско зеленило, инфраструктура), потег помеѓу ул. 11Октомври и Никола Карев, Јаким Стојковски. Усвоен ДУП за УБ 13.3П=3,2ха (домување, производство, дистрибуција, сервиси, зеленило и рекреација) Усвоен ДУП за 11.1 дел, околу Градскиот пазар, П= 4,90ха , домување, комерцијални и деловни дејности (мали комерцијални и деловни дејности, голени трговски единици како што е градскиот пазар, хотелски комплекси), зеленило и рекреација, инфраструктура ДУП за Блок 11.4, дел, П=1,34ха, (градски плоштад), намена домување, ДУП УБ 11 Камењар П=15,1ха , нацрт план, намена домување ДУП за Блок 12.1, П=18,51ха, нацрт план, (Миро Барага и р.Киселица), производство, дистрибуција и сервиси, комерцијални и деловни намени, зеленило и рекреација, фаза изработка на стратешка оцена на влијание врз животната средина, избран експерт од листата на експерти на МЖСПП ДУП за Блок 2.1, нацрт план, Зеолит ДУП за УБ 14.2, П= 4,67ха, (Градски парк, Ленинов Плоштад): во фаза на изработка, планот беше вратен од МТВ за проширување на опфатот, за пристап за Скада системот и сл. (домување, комерцијални и деловни дејности (маликомерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, хотелски комплекси), јавни институции, парковско зеленило) ДУП УБ 10.2, Лиса Гара, нацрт план, П=7,3ха, 2010-2015, http://www.probistip.gov.mk |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Дополнително, која е таа бензинска со 17 метри висина? Чиста урбана мафија. Немам проблеми со мало структуирање на паркот (проекти од типот на бонсаи градината) но сето ова ми личи на пат за како што велиш метро по метро да се јаде паркот. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Редот објекти покрај Илинденска е зацртан и во ГУП-от, така да формално не гледам ништо спорно, особено што сега тој простор ионака е несреден и вон секаква функција. Но сепак долгорочно би бил претпазлив во врска со ова што вели lsl, да не биде само подотварање на врата па понатака чекор по чекор да се пенетрира подлабоко во парков... еве сега се носи нов ГУП, за 3-4 години може да им текне пак да прават корекции итн... Туку каков е оној објект вон редот покрај булевоарот, оној на сред парк? Многу прашалници во врска со него, не гледам потреба зошто морало да биде бутнат дури таму. Се надевам дека во иднина нема да запнат да му обезбедуваат и сообраќаен пристап. А покрај намената живо ме интересира и колкава висина е зацртана. Би било убаво да го набавиме планов во подобра резолуција. Друга работа, што станува со расадниците на „Паркови и зеленило“, каде е планирано да се дислоцираат тие? А за хиперпродукцијата на бензински пумпи ![]() Стварно не мора да насадат пумпи на секои 200 метри, макар имало заинтересирани инвеститори. Едит: ми промакнало дека „бензинскава“ била со висина од 17 метри... уште поубаво... ![]() Edited by Cloverstack - 31-Oct-2010 at 14:08 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Може на двокатните автобуси дупчето за резервоарот ќе им биде горе на втор кат, па да има кај да ги полнат.
![]() Кловер објектот во среде парк е веројатно еден од овие две Кинолошки центар, Изложбен павиљон, повеќе ми изгледа дека е павиљонот. Супер може да изгледа некој стакленик, а и нема да биде воопшто нападен или чир, само да не е уште некој "кајакарски клуб". А и ме чуди што сегашната клучка за хотелот Александар Палас и СЦ Борис Трајковски би требало да трпи промени и тоа воопшто не економични. Треба рампата да се помести неколку метри поисточно. Освен ако економичноста не се правда со тоа што се поместува уличката и се добива простор за две маркици покрај булеварот 8-ми септември. |
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
чекајте малку.... бензиската е тоа виолетовото... А што е тоа портокаловото внатре во паркот.... едит: аха.... во секој случај мене тој внатре во паркот не ми одговара за таму, па и што и да е.... едит2: па добро ако е такво нешто како што вика лсл добро... ама пак некако е големко за таму.... но сепак треба многу да се пази на изгледот за да се вклопи во околината.... да не биде нешто чкарт.... а ако се работи за нешто друго строго сум против.... ај ќе видиме.... Edited by FoSsiL - 31-Oct-2010 at 17:22 |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Предлог нацрт детален урбанистички план за централно градско подрачје-Урбана единица2.Блок 2.2 к.о. Делчево-Општина Делчево
![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
Зошто е изработен дупот Крњево поставен на страницата на општина центар?
однапред благодарам |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Не е тоа маркица. Опфатот е обележан како наменет за сервисни дејности. Кога ќе се планира дуп во овој опфат ќе се вцртуваат објкети со сервисни дејност од б категорија изгледа беше.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 66> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |