Наколна населба Градиште |
Post Reply | Page <1 345 |
Author | |
LouReed
Senior Member Joined: 27-Oct-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 133 |
Quote Reply #81 Posted: 02-Nov-2010 at 14:50 |
Interesno... Fala za slikite i vestite. Bas me interesirase do kade se so ova... Ke gldeam da skonam na prolet i da go posetam muzejot.
|
|
OKA
Senior Member Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
Quote Reply #82 Posted: 02-Nov-2010 at 15:05 |
Местово е „лудо”. Амфитеатар, нуркачки клуб, езерски видиковец, музеј со автентични реквизити и аква витрини, праисториски колиби... Уште ако во некои подобри времиња се реконструира и староримската вила над заливот...
|
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #83 Posted: 02-Nov-2010 at 21:14 |
Не верувам дека е трета лента, туку едноставно простор за асално профилирање на двете ленти (патот е доста тесен во тој дел). Инаку не сум знаел дека го средиле и омеѓиле и паркингот горе |
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #84 Posted: 18-Nov-2010 at 08:04 |
Музејот на вода доби паркинг и осветлување
Деновиве заврши изградбата на паркингот и другата пропратна инфраструктура пред Музејот на вода во Градиште. Паркиралиштето е обележано и осветлено, изграден е и влезот со наплатната куќичка со што се комплетираат пропратните содржини на оваа туристичка атракција. Реконструираната Наколна населба е збогатена со уште 16 неолитски куќички, а изграден е и мини амфитеатар кој ќе служи за културни активности. Изградбата на Музејот на вода во Заливот на коските според најавите чини околу 3,5 милиони евра, а средствата ги обезбеди Владата од буџетот на државата. http://ohridnews.com |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #85 Posted: 18-Nov-2010 at 09:46 |
Леле мори мајко! Ова деца го цртале обележувањето или нашава Бурунди има некаков стандард како треба да изгледаат патните стрелки, колку да се големи и на какво растојание да се!?
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #86 Posted: 20-Nov-2010 at 11:09 |
Промовиран Музејот на вода на Охридското Езеро
19.11.2010 - 21:14 | Македонија Со перформанс во изведба на актери од Битолскиот театар во режија на Владо Цветаноски, во музичка придружба на Драган Даутовски, вечерва на свечен начин беше предаден во употреба целосно завршениот музејски комплекс „Музеј на вода“, кој коплетно ја презентира праисториската наколна населба и Римскиот кастел на ридот Градиште на источниот брег на Охридското Езеро. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на свеченоста изрази задоволство што е заокружен овој проект, како потврда на заложбите на Министерството за култура и Владата на РМ за развој и промоција на културата, културно-историските богатства и цивилизациските вредности. - Со гордост можам да потенцирам дека Музејот на вода го носи кодот на цивилизацијата која учествувала во градењето на светската историја одовде, од овие простори кои се интегрален дел од европското жариште кое го носи епитетот лулка на европската култура и цивилизација, истакна Канческа-Милевска. Фактот дека во текот на 2009 годима Музејот на вода во Охрид го посетиле над 40 илјади посетители, а надлежната установа Завод и Музеј - Охрид од продадените влезници осртварила приход од 2,5 милиони денари, за министерката за култура се јасен поакзател на самоодржливоста и економската и туристичката оправданост на овој импозантен музејски проект со кој, како што истакна, Охрид и Македонија ја збогатија својата културна понуда со уште еден значен монумент на македонското и светското археолошко наследство. Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман потсети дека во првите подводни археолошки истражувања во Македонија, спроведени во периодот од 1997 до 2005 година, на истата локација беа откриени околу десет илјади дрвени колци, врз кои постоела дрвена платформа на која во разни временски периоди биле изградени најмалку 24 куќи. - Ние на тоа место поставивме 3.346 дрвени колци и употребивме над седум илјади дрвени греди, за да го завршиме целиот тој праисториски „град“. Изградивме дрвено пристаниште во стилот на населбата, ги обновивме двете плажи со историска лика употребувајќи повторно дрвени колци. Копнениот простор го збогативме со 11 дрвени бунгалови, а на ридот на просторот од Римскиот кастел поставивме седум дрвени објекти во римски стил, појасни Кузман. Во финалната фаза од проектот заокружена неодамна, целиот музејски комплекс доби пристапен пункт - капија, сопствен осветлен паркинг-простор, како и збогатена постојана музејска поставка. Во рамките на комплексот има нуркачки клуб, како и амфитеатар со простор наменет за одржување културни манифестации, се со цел да се понудат што повеќе содржини интересни за туристите и посетителите, а целиот музејски простор да се промовира во исклучителна балканска и европска научна културно-образовна дестинација. Проектот е реализиран во рамките на Програмата на Министерството за култура и Владата на РМ, за што беа издвоени средства во износ од околу 3,5 милиони евра. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/promoviran-muzejot-na-voda-na-ohridskoto-ezero Posle Plaosnik eden od najubavite proekti realizirani vo Makedonija. |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #87 Posted: 03-Jul-2014 at 22:26 |
Трипадвајзор го фали Музејот на вода во Градиште! Од отворањето во 2008 година, Музејот на вода во Охрид го посетиле повеќе од 200.000 посетители од многу земји во светот Музејот на вода во Градиште е добитник на највисокиот сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал "Трипадвајзор", еден од најголемите и најпосетувани туристички веб-портали и организација која ги обединува најпознатите светски туристички брендови. "Оваа година Музејот на вода во Охрид, кој е под надлежност на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, ја доби потврдата за успешност што се издава врз основа на позитивните мислења од туристите кои се најрелевантен показател за оправданоста на вложувањето во вакви туристички атракции збогатени со културно-историски содржини од нашето минато", информира Министерството за култура. Музејот на вода, кој е единствен од ваков вид на Балканот, претставува реконструкција на живеалиште од железното и бронзеното време. Комплексот содржи комплетно уредени 24 праисториски куќички, две обновени плажи, театарски простор со сцена за изведба на камерни претстави, 11 нови бунгалови на парковско уредените простори и пристаниште. Во текот на изминатите шест години, како што се наведува, реконструираната наколна населба на Музејот на вода стана културна и туристичка дестинација посетувана од илјадници домашни и странски туристи. Од отворањето во 2008 година, Музејот на вода во Охрид го посетиле повеќе од 200.000 посетители од многу земји во светот. "Трипадвајзор" е најголемата туристичка заедница во светот, а доказ за нејзината успешност се повеќе од 32 милиона активни членови и повеќе од 100 милиони прегледи, мислења и критики поврзани со посетата на културно-историските споменици, хотели, ресторани и други атракции низ светот. (Де.Т.) Инвестицијата во Музејот е исплатена "Објектот сам по себе си ги оправда средствата и инвестицијата е исплатена", вели Тања Паскали - Бунташеска, директор на охридскиот Завод и музеј. Таа вели дека покрај големиот број домашни гости, досега најбројните странски посетители доаѓаат од Турција, Србија, Холандија, а музејот го виделе и туристи од Полска, Бугарија, Израел... Во последните три години туристичките агенции пројавиле голем интерес да го стават Заливот на коските во нивната туристичка понуда. http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=DA4552911AA465439ADF5A1B0AA918FE |
|
Skopjanecot
Senior Member Joined: 31-Oct-2013 Online Status: Offline Posts: 147 |
Quote Reply #88 Posted: 06-Jul-2014 at 08:21 |
Треба да стават некој водич што знае макар базичен англиски.
Ја кога носев луѓе од странство (пријатели) сам си бев преведувач. Фина беше жената (кустосот) спремна и се, ама незнаеше англиски. |
|
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.
Arthur Schopenhauer |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #89 Posted: 11-Nov-2014 at 14:34 |
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #90 Posted: 11-Nov-2014 at 14:36 |
Toby Hack |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #91 Posted: 11-Nov-2014 at 14:39 |
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #92 Posted: 13-Jul-2024 at 15:05 |
Министерот Љутков најави реконструкција на локалитетот „Залив на коските“ на Охридското Езеро
https://sitel.com.mk/ministerot-ljutkov-najavi-rekonstrukcija-na-lokalitetot-zaliv-na-koskite-na-ohridskoto-ezero |
|
За сè има вторпат
|
|
Post Reply | Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |