build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зоолошки градини во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 09-Nov-2010 at 21:58

Во изминатава година скопската зоолошка градина интензивно работи на нејзина реконструкција и подобрување на условите за живот на животните.

zoo-vnatre-kafic

Пред неколку дена нилските коњи  Буцо и Берта се префрлија во новото живеалиште кое беше изградено специјално за нив по стандардите на  EAZA ( European Association for zoos and Aquaria ) со висококвалитетна прочистителна станица, сончеви колектори на кровот за затоплување на водата во базените.

Покрај внатрешното, нилските коњи имаат надворешно живеалиште каде на земјена подлога имаат одлични услови за живот .

Од неодамна во Зоолошката градина пристигнаа два сибирски тигри од Чешка и Унгарија, кои сеуште се приспособуваат на новите услови, но посетителите можат секогаш да ги видат во надворешниот дел од живеалиштето. Во помало живеалиште веднаш до нив се наоѓаат двата бенгалски тигри Лола и Менде.

tigar-zoo

Покрај сибирските тигри во Зоолошката пристигнаа уште неколку вида нови животни, два кенгура од видот валаби , два папагали од видот aра, за кои во тек е изградба на нивните живеалишта, една единка од видот меркат , како и две австралиски птици од видот ему кои се сместени заедно со кенгурите и црниот лебед во австралискиот дел.

Во тек е изградба на ново живеалиште за меркати кое ќе биде во  комбинација со терариуми во внатрешниот дел во кој ќе бидат сместени змиите од стариот објект и останатите рептили како игуана и желки.

Во зоолошката градина Скопје, кога бројот на посетители постојано е во пораст, се раѓаат нови животни, најмногу од копитарите, а вредно за спомнување е раѓањето на едно младо мајмунче од видот макаки и едно мајмунче од видот павијани.

 

leopard-zoo

zivealiste-zoo


http://kurir.mk/republika/skopje/7230-Skopskata-zooloska-gradina-nalik-na-evropskite


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 09-Nov-2010 at 22:00
Понеделник, 25 Октомври 2010 06:42

Дали знаевте дека Зоолошката градина во Скопје е стара 84 години? Кога последен пат сте ја посетиле скопската зоолошка? Можеби тоа место во последните години не им будеше убави чувстава на жителите на овој град и ретко го посетуваа. Но, во последно време работите се променети. Екипата на Бркај работа реши да се увери во тоа и ја посети зоолошката градина. Одиме со ред... 

Зоолошката градина Скопје е формирана во далечната 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман. Тогаш е предложена и денешната локација која до крајот на 1965 година зафаќала 4 хектари површина. Во тоа време, градината располагала со скромен број животни. Но, со текот на годините градината се проширувала и ја зголемувала колекцијата.

Тоа би бил почетокот. Но, доколку растевте во 90-те или пред тоа, можете да потврдите дека разубавувањето на зоолошката градина беше застанало во 1965 година. Состојбата беше навистина катастрофална. Кафезите беа мали, тесни и неверојатно валкани. Неподнослива смрдеа се ширеше насекаде, а животните беа тажни и депримирани или пак нервозни и исплашени. Поради тоа тие не се размножуваа (освен козите или сличните на нив) и често умираа.

За среќа, денес работите се променети на подобро. Денес, градината е лоцирана на површина од 12 хектари и располага со колекција од 300 животни од 56 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца итн. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20%20%20градина%20во%20Скопје

Откако си почекавме неколку минути за да купиме билет (чини само 50 денари!) влеговме во Зоолошката градина и бевме пријатно изненадени од тоа што го видовме. Погледот веднаш ќе Ви го привлече игротеката со лулашки и големиот гумен тигар во кој децата можат слободно да лудуваат. Не ги заборавиле ниту “поголемите деца“, за кои има кафуле. 

Но, немојте да нè сфатите погрешно. Оваа статија не е реклама за Зоолошката градина. Овде, покрај убавите работи, ќе ги наведеме и недостатоците. Првиот е очигледен уште пред да влезете во неа. Нема соодветен паркинг простор. А, скопјани се такви што доколку би можеле, ќе влезат во кафезите на животните со своите автомобили. Сите ги испопикале автомобилите каде што мислеле дека има место. Сепак, заборавиле дека стотина метри подолу, во паркот има огромен паркинг кој зјаеше полупразен.

Втората работа којашто ни придизвика мал проблем беше тоа што не постои мапа од зоолошката. Не знаевме во кој правец е најпогодно да се упатиме, па инстинктивно тргнавме в десно. А, ова може многу лесно да се реши. Сè што треба да се стори е да се нацртаат стрелки на патеките. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Но, движејќи се по патеките набрзо заборавивме на недостатоците. Оваа зоолошка градина не е онаа којшто ја паметевме. Патеките се уредени. Зелените површини се уредни. Кафезите се големи. Гледајќи така наоколу вниманието ни го привлекоа лемурите кои групно се сончаа. Не беа посебно расположени за игра, но сепак беа слатки. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Веднаш до нив се наоѓаат Јагуарите. Овој пар егзотични мачки нè привлече и останавме со нив неколку минути. Имаат релативно голем кафез од жица, на која има електрична ограда низ која тече слаба струја. Ќе ни простите што на дел од фотографиите ја имаа оградата, но тоа беше единствениот начин да Ви ги покажеме овие прекрасни животни. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Продолживме понатаму и ги видовме лавовите кои исто така се излежуваа на есенското сонце. Тие навистина имаат огромен простор и тешко е да ги видите одблизу.

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Но, затоа одблизу можете да им се восхитувате на елените и срните. Нив можете да ги храните со зеленчук и овошје кои можете да ги купите во самата зоолошка,  што е одлична идеја. Подобро отколку да им давате смоки, нели?

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Рисот уживаше во своето прекрасно живеалиште, а којотите и волците си трчкаа лево-десно. Најверојатно, сè уште не можат да му се изнарадуваат на својот нов дом. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Црниот леопард веројатно ќе почека за подобра куќа уште некое време. Но, изгледаше како тоа да не му пречи да си дремне. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Продолживме понатаму и дојдовме до живеалиштето на кафеавите мечки кадешто две мечиња нè забавуваа обидувајќи се да добијат малку лапачка пред зимскиот сон. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Иако има импресиво уредено живеалиште, не успеавме да го видиме бенгалскиот тигар. Можеби му беше малку ладно.

Импресивно е и живеалиштето на белоглавите мршојадци кои уживаа позирајќи пред нашиот апарат. Орлите, јастребите и бувот, не беа толку расположени. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Вниманието на посетителите го привлекоа малите нурии кои трчкаа наоколу грицкајќи го она што им беше понудено.  

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Ноевите се перчеа наоколу, а биковите, јаковите, ламите и сличните на нив го правеа она што најдобро го прават - одмараа и преживаа. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Нилските коњи исто така не го пропуштија топлото есенско сонце и мрзливо се излежуваа. Штета што тие сè уште се сместени во старото живеалиште кое очигледно не им ги задоволува потребите. Но, новото е речиси готово и се наоѓа веднаш до нив. Се надеваме дека што поскоро и тие ќе го добијат својот нов дом бидејќи се навистина популарни кај дечињата. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

За крај ги оставивме мајмуните. Ги нема во голем број, ниту пак ги има вообичаените жители на зоолошките низ светот. Нема шимпанза (Коко се лекува во Холандија), нема орангутани, ниту пак горили. Но, павијаните одлично ги забавуваат посетителите. Особено популарно е новото малечко кое мајка му не го испушта од раце. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Зоолошката е дом и на животни кои овде не ги споменавме, но во интерес на просторот само ќе ги наброиме. Има зебри, гнуа, антилопи, валаби (вид на кенгур), дивокози, пауни, фазани, папагали, питони, желки, зебу говеда и други. Бидејќи има многу неискористен простор, се надеваме дека во иднина ќе можеме да видиме уште многу животински видови во Скопје, со што нашата зоолошка градина ќе заличи на оние во светот и дека ќе биде место со кое сите се гордееме.

Не смееме да заборавиме да напоменеме дека во зоолошката постои и едукативен центар во кој се организираат предавања, работилници и изложби. Има и чист тоалет (што е реткост во Скопје) над кој има видиковец од кадешто можете да си земете кафе од кафематот и да уживате во погледот на живеалиштето на лавовите и јагуарите. Исто така, има доволно клупи и места за одмор, а на секој кафез има информативна табла. Интересно е тоа што доколку сакате, можете да организирате роденденска забава за Вашето дете во градината. Како роденденски подарок можете да му подарите јавање на пони. Само, да знаете дека јавањето е многу популарно, па можеби ќе треба малку да почекате. 

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје

Ние бевме пријатно изненадени од зоолошката градина и си поминавме прекрасно. Ви препорачуваме да не се двоумите и првиот сончев ден да го искористите за посета. Ако не сега, тогаш штом ќе затопли во пролет не пропуштајте да појдете таму. Дотогаш се надеваме дека ќе имаат уште нови работи што ќе им бидат понудени на посетителите. 

Останатите фотографии од Зоолошката градина можете да ги погледнате во галеријата.

Фоторепортажа%20од%20Зоолошката%20градина%20во%20Скопје


http://brkajrabota.mk/lifestyle/patuvanja/fotoreportaza-od-zooloskata-gradina-vo-skopje

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 09-Nov-2010 at 22:17
Dobri sliki!
Fala za linkot mitatos.
Milo mi e sto ja sredile zoloskata. Od damna nemam odeno, a koga bev posleden pad, se bese zapusteno i zalno....
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 09-Nov-2010 at 22:27
Да така е, и јас во 2005 бев изненаден и видов дека животните едвај преживуваа беа до умирачка, во 2008 видов голем напредок, а сега пред неколку дена ја посетив и навистина се воодушевив, имам сликано нешто се надевам наскоро ке ги уплодирам и ке ги споделам со вас , навистина многу е направено за кратко време, и навистина сега личи на нешто, не дека е сјајно али анализирајки ја состојбата порано и сега ,навистина е голема разлика, животните живеат во поубави живеалишта , досега сите живеалишта ми се допаднаа освен живеалиштето на црниот јагуар ,кој некако беше осамен, а во неколку зоолошки градини низ интернет сум видел дека јагуарот и црниот јагуар се сместени во ист кафез а кај нас одделно ,се надевам и тоа ке го средат.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 10-Nov-2010 at 16:53
 
Crniot e leopard, ne jaguar, zatoa e smesten sam Shteta shto nemame voobichaeni leopardi, samo crn. (koj za zhal zhivee vo ograden prostor 2x2) No i toa ke se smeni.
 
Mene mi smeta samo shto vodata vo site ezerca/virchinja e katastrofalno gnasna i ne im raboti sistemot za prochistuvanje (a ima). Ne znam zoshto.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 10-Nov-2010 at 17:30
 Tоа е јагуар црн јагуар или леопард, истиот поим се користи како што пишува на википедиа.

http://en.wikipedia.org/wiki/Black_panther
 како и да е... просторот е мал.. како што успеав да видам и да читам во зоо постовите ,изгледа нема да ја менјаваат... велат дека е доволно просторот.


Edited by mitatos - 10-Nov-2010 at 17:40
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 15-Nov-2010 at 15:40
Конечно видео-надзор, уште еден чекор во вистински правец    Cheers

Ќе се менува електричната инсталација во Зоолошка

Кругот на скопската зоолошка ќе добие подобро осветлување, а ќе се постават и видеокамери заради безбедноста на животните и на посетителите.

Управата на Зоолошката градина распиша оглас со кој бара најповолна понуда за изведба на внатрешна инсталација, односно електрични инсталации, со видеонадзор и јавно осветление.

Електричната инсталација во овој објект е стара 30 години и досега не е сменета. Во рамките на проектот за нејзиното менување ќе бидат поставени и канделабри по патеките во градината, истакна во една своја неодамнешна изјава директорот на Скопската зоолошка, Дане Кузмановски.

Според огласот, кој е објавен на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, времетраењето на договорот што ќе биде склучен со најповолниот понудувач е една година. Најниската цена ќе биде критериум за доделување договор за јавна набавка. Понудите треба да се достават најдоцна до 1 декември годинава, кога ќе се одржи и нивното јавно отворање. Тендерската документација може да се подигне секој работен ден од 11 до 14 часот во административните простории на Зоолошката. (А.П.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2EB3C4F2B679CB4AADEB8B3ABB9211E0
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 15-Nov-2010 at 22:26
Посетителите се заштитени, но не и животните од посетителите. Мислам дека бифето во кругот на Зоолошката треба да се дополни со ресторан или некоја продавница за бели печива, мислам дека треба да има поголем простор каде што посетителите ќе можат да се одморат, да останат подолго време во неа, игралиштето за деца да се направи на подолг терен но и да се обнови Природнонаучниот музеј за да се оформи комплетна целина која целодневно ќе го задржи посетителот во Зоолошката градина.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 17-Nov-2010 at 18:28

Зоолошката градина прва донира за малечката Мила Адам

Откако Фондот за здравство се прогласи за ненадлежен, Зоолошката градина од Скопје се понуди за помош на малата Мила Адам.

Сите пари кои ќе бидат собрани од продадените влезници претстојниот викенд ќе бидат донирани за нов пејсмејкер на седумгодишното дете.

- Ова нека биде апел сите граѓани од Скопје, но и од целата република да дојдат што помасовно во Зоолошката градина и да помогната малата Мила да биде спасена и да добие нов пејсмејкер, и нашиот пример нека го следат сите фирми кои може да помогнат, вели Дане Кузмановски, директор на Зоолошката градина Скопје.

Седумгодишното дете е родено со срцева мана и на 8 месечна и е вграден пејсмејкер кој сега работи со намалена функција, при најмал напор Мила бргу се заморува.

Итно треба да и се вгради нов апарат кој ја подобрува работата на срцето, за да може девојчето да продолжи да живее нормално.

Интервенцијата треба да се направи во Белград и чини 8000 евра, но скромното семејство нема толку средства, живеат само од пензијата на бабата. Апелираат за помош до сите хумани луѓе.

http://www.time.mk/read/9609b42ec2/08b54a63c7/index.html


BRAVO za akcijata..Definitivno Zooloskata gradina se pretvara vo nesto sto navistina vredi da se poseti a ovaa humana akcija treba da bide motiv poveke...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 20-Nov-2010 at 18:44

 
Годинава 281 животно станаа жители на градината. Бројот на Зоо-семејството сé повеќе се зголемува, а со тоа расте и бројот на посетителите  
 
%20  
Зоолошката градина врие како во кошница. Деца на сите страни, основци на екскурзија од повеќе градови во земјава, баби, дедовци, мајки со колички. Не е битно дали е обичен ден или викенд. Новите станари што се вселуваат во новите живеалишта и новиот концепт на работа си го направија своето - Зоолошката градина нема зимски сон.

Радост, изненадување, восхит се гледа на лицата на посетителите. Петстотината станари се како вистински актери во ова реално шоу. Особено го привлекува вниманието мајмунот, кој оди по јаже низ езерцето и изведува интересни акробации, и лавовите, кои позираат додека чкртапаат апаратите на посетителите. Штотуку пристигнатите тигри се посебна атракција, особено кога се гушкаат и изјавуваат љубов. Мечките се сосема расонети и лежат на благото есенско сонце. Интересни прашања може да се слушнат од децата, кои станарите на градината ги поистоветуваат со јунаците од цртаните: „Дали се ова којотот и брзата птица итрица“, „Еве го волкот, а каде е Црвенкапа“, „Леле, мајмуните од Мадагаскар“. И што уште не. Воодушевени се и најмалите, но и возрасните.

- Тигрите се многу убави и големи, баш како што ги гледав на Анимал планет. Конечно во живо ги видов сите животни од моите омилени цртани. Има и некои што не ги знам, ама сега ќе научам се за нив – низ смеа вели третоодделенецот Иван.

За жителите на Зоолошката градина нема зима. Ганц новите живеалишта се обезбедени со подно греење, додека оние што живеат во старите но подновени домови ќе се греат на електрични панел-плочи.


%20



- Убавото време ќе се искористи и за доизградба на терариумот, живеалиштето на рептилите, кој треба да биде готово до средината на декември. Мајмунијадата, живеалиштето на лавовите и нилскиот коњ се следни на списокот. Живеалиштата за пингвините и фоките, како и тропската куќа, ќе се одложат за понатаму. Во наредниот период, најверојатно идната година, планираме да се направат осветлувањето, патеките, патоказите – изјави Дане Кузмановски, директор на Зоолошката градина.

Бројот на Зоо-семејството сé повеќе се зголемува, годинава дури 281 ново животно станаа жители на градината. Се планира да се набават уште животни.

- Наскоро ќе пристигне крокодилот од Зоолошката градина во Софија. А се разбира ни фалат слон и жирафа, кои не можеме сега за сега да си ги дозволиме. Од зоолошките градини со кои соработуваме, дознавме дека за купување на жирафа и за нејзиниот транспорт до Скопје ни требаат 4.500 евра. Бараме донатори, па како што досега успеавме за многу нови станари, можеби и за овие ќе се најде некој – вели Кузмановски.

Зоолошката градина е формирана во 1926 година. Лоцирана е на површина од 12 хектари. Располага со едукативно катче, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, работилница, економски дел. Во Зоолошката градина се среќаваат 73 вида животни, а вкупно се здомени 507 жители.


%20



Богато мени

Јунешко, пилешко, моркови, зелка, банани, јаболка, пченка, јачмен, сено, слама. Ова е дел од менито на станарите на Зоолошката градина. Секое животно има своја омилена храна и сопствени принципи на исхрана, на кои вработените внимаваат и ги почитуваат. Најекономични во исхраната се тревопасните животни, додека месојадите се најскапи за чување.

- Лавовите, тигрите, леопардите, волците најмногу јадат. Зиме им даваме повеќе јунешко, пилешко, додека лете им се намалува оброкот од месо и се комбинира со друга храна. Срните, елените, зебрите се големи економи. За нив и есенските лисја се десерт – ни раскажува еден од чуварите.




Домот на слонот и на жирафата подарок од градот

Минатата недела распишавме тендер за изградба на нови живеалишта за слонот и за жирафата. Јавната набавка е отворена до 14 декември. Градежната фирма со најповолна понуда ќе ја има честа да ги гради живеалиштата, истакна Дане Кузмановски.

Сé уште не се направени пресметките за тоа колку ќе чинат новите живеалишта, чија изградба ќе ја финансира градот. Се планира изградбата на овие живеалишта да почне кон крајот на јануари идната година и да заврши за околу пет месеци. Слонот и жирафата ќе станат дел од ЗОО-семејството кон крајот на наредната година.

 
   
Автор: Сања Јачевска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112010934352&id=14&setIzdanie=22138

Edited by Cloverstack - 20-Nov-2010 at 18:46
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 06-Dec-2010 at 11:23
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 06-Dec-2010 at 12:54
Вака баш влезов не изгледа кул ама подобро е него претходниот ако не друго.

     
Ќе се гради нов паркинг кај Зоолошка

В година посетителите на Зоолошката градина нема да се мачат за наоѓање паркинг-место. Свесни дека постојниот паркинг на ЗОО е со мал капацитет, а по пробивањето на „Илинденска“, дополнително се зголемила потребата од паркирање во реонот, градските власти велат оти одлучиле да изградат нов паркинг кај Зоолошка. За него во нацрт-буџетот се планирани 12 милиони денари, а се очекува изградбата да започне до пролет и да заврши во најкраток можен рок. Паркингот ќе се гради веднаш до ЗОО, на местото на трите стари куќи што наскоро ќе се урнат.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=CD4D1F38434C764491CBB2719852A993
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 06-Dec-2010 at 13:02
Поздрав за намерите малку по малку да се расчистат ругла стари куќи низ Скопје. Најдобро за сите, и граќаните со практично несигурен статус со куќите добиваат сигурен стан, а и градот добива скап простор се сослободува за намени јавни. Само кога веќе се толку решени дса го расчистат тој дел, ме чуди што уште пред изградбата на Илинденска не се запнеа да одткупат уште тие две три куќи подоле, дуплиот профил со средишно зеленило ќе беше се до бараите на Град Скопје, а и раскрницата со Рузвелтова правлно ќе се оформеше, што е најбитно. Во секој случај поздрав за одлуката за паркинг, денеска пројдов и си мислев колку е запуштено.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 09-Dec-2010 at 06:04

Битолската Зоолошка пред затворање

Ветеринарни инспектори велат дека ќе мора во одреден рок да биде решен проблемот со канализацијата и со некои живеалишта што не се според стандардите

На битолската Зоолошка градина и' се заканува клуч, обвини локалната опозиција. Според нејзините сознанија, ветеринарната инспекција пред десетина дена констатирала катастрофална состојба во објектот и најавила дека ако не се надминат проблемите, следниот чекор ќе биде затворање. Веќе шест децении Зоолошката не е урбанизирана, односно е дивоградба, без канализација, поради што се шири реа, а живеалиштата на животните не ги задоволуваат пропишаните стандарди.

Според опозицијата, одговорните лица во Зоолошката го кријат од јавноста записникот со констатациите на ветеринарната инспекција.

- Новиот директор уште на почетокот од својот мандат се соочува со опасноста од затворање на Зоолошката, што значи и оставање на вработените на улица. Каде се крие записникот од ветеринарната инспекција, која констатирала несоодветни услови во живеалиштата на животните и проблем со канализацијата? Дали ќе треба нашите деца и внуци наместо да видат лав во живо, да ги носиме во Скопје да ги гледаат како скулптури на плоштадот и на Камениот мост - праша Наташа Струмениковска од СДСМ.

Таа ја обвини и битолската Општина дека со години наназад не издвојува средства за надминување на проблемите во оваа јавна општинска установа иако знае за алармантната состојба. Грижата за Зоолошката е и во ингеренции на општината - додава Струмениковска, иако платите за вработените и дел дотации се' уште ги обезбедува Министерството за култура.

Директорот на зоолошката градина, Коста Нешковски, вели дека не им се заканува затворање иако условите не се добри. Имале инспекциски надзор, но записникот се' уште не го добиле за да го кријат од јавноста.

- Ова се наследени состојби, а инспекции сме имале и ќе имаме. Ќе добиеме инструкции и ќе постапиме по нив. Најпроблематично е што 60 години никој не се погрижил градината да влезе во детаљниот урбанистички план - вели директорот.

Нешковски е оптимист дека проблемите ќе се решат, зашто следната година е планирано да се изработи техничка документација за урбанизација на градината. Бидејќи таа има регионален карактер, Центарот за пелагониски плански регион обезбедил пари со кои ќе се изградат и нови живеалишта. Дел од сегашните не ги задоволуваат стандардите пропишани со Законот за благосостојбата на животните. Подот во живеалиштата не смее да биде бетонски, ниту оградата да биде од челични жици, како што се некои од битолските. Ќе мора да се направат најмалку пет нови за ѕверовите, а за птиците и за тревопасните животни живеалиштата ги задоволуваат стандардите.

- За канализацијата, мора да бидат запазени одредени стандарди. Очекуваме корекциите да ги направи Општината - додава директорот.

Ветеринарни инспектори велат дека Зоолошката градина ќе добие рок да ги надмине слабостите. Потврдуваат дека еден од проблемите се септичките јами, но сметаат дека е потребна и целосна реконструкција.

Во Зоолошката има 350 животни, а поради статусот на дивоградба, немало инвеститори. Европската асоцијација за зоолошки градини неколкупати предупреди на лошите услови во градината.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=46558D280BB3FD4E8559ADE6E1F31B14
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 09-Dec-2010 at 10:41
Па можеа во површините на старите касарни да дадат комплетно нова локација за нова Зоолошка градина (кога веќе има толку многу поправки) каде би имале поедноставна конфигурација на терен, поголема пристапност и најважно: поголеми живеалишта за животните.

Ама.. Алчноста нема крај, па се нацртаа површини за градба за следниве 20 години, а цел град падна на фразата „ќе изградиме елитен град“. Е па, сега имаме мапа за аукција на земјиште. (ова може да оди и во нишката за касарните)
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 27-Dec-2010 at 10:13
Нови животни во скопската Зоолошка градина
 
27.12.2010 | 10:11
Извор: Макфакс
Прочитано: 8 пати
Испрати на пријател
Сподели на Facebook
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
 
Скопската Зоолошка градина викендов се збогати со шест нови животни, два мерката, два муфлона, еден црн лебед и еден питон.
 
Од градината информираат дека сите животни пристигнаа викендов од Белград и сите се сместени во живеалиштата.

Во Зоолошката градина започна акцијата за посвојување на животни. Компанијата Сивус е посвоител на јагуарите, а Тобако на рисовите.

http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=28774
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 27-Dec-2010 at 11:35




Идејата му се роди по посетите на Зоолошката градина во Скопје со синот и ќерката во 2003 година. Не можеше да ја гледа така стара, истрошена, валкана, без елементарни услови за животните. Отпрвин не успеал да му го сврти вниманието на тогашниот градоначалник Трифун Костовски. Но, Дане Кузмановски, приватниот стопанственик (шпедиција, угостителство, спортски обложувачници) не се откажал и идејата за ревитализација на градината лично му ја изнел на премиерот Никола Груевски.

- На еден приватен собир, на кој беше и премиерот, му ја кажав мојата дамнешна желба - да станам дел од управата на Зоолошката. Се сеќавам, тоа беше периодот кога почина камилата. Во прв момент премиерот не ме сфати сериозно, меѓутоа јас бев упорен и на крајот наидов на разбирање од негова страна. По кус период тој му предложи на скопскиот градоначалник Коце Трајановски да ме назначи за директор на оваа институција, ако нема друга опција. Имав среќа и во ноември 2009 станав директор на Зоолошката - вели Кузмановски.

Кузмановски како ниту еден директор досега ја оправда довербата, внесе живост во скопската Зоолошка, ја збогати со содржини, изгради нови живеалишта и донесе нови животни. Му се полнеше душата кога ги гледаше редиците на билетарницата по нецела година од неговиот мандат.

- Со демагогија не може ништо. Многу е лесно да прифатиш да бидеш директор на јавна установа која добро стои. Овде работата е тешка и макотрпна, а имаме проблеми и со пари, бидејќи во огромен број случаи се потпираме на донации - појаснува Кузмановски.

Почнал со 500.000 евра доделени од Владата, кои не биле потрошени од неговите претходници. Негов приоритет била изградбата на живеалиштето за дивите ѕверови, бидејќи веќе била почнато.

- Прво го опипував пулсот како работи државна институција, а паралелно ги учев нештата неопходни за Зоолошка градина. На пример, дека не можеш да донесеш животно ако не му изградиш живеалиште. Се посветив на изградба на нови објекти и поправка на постојните. Почнав со живеалиштата за дивите ѕверови, чија состојба беше најкатастрофална. Ја забрзавме изградбата, а работевме и на доизградба и реконструкција на другите живеалишта - објаснува Кузмановски.

Во моментов се довршува и живеалиштето за змии, терариум, кое се очекува да биде завршено до Божиќ и ќе биде според светски стандарди, со УВ-ламби, инфрацрвени светла, грејачи.

- Тоа ќе биде комплекс за влекачи, игуани, разни гуштери, змии. Од Бугарија очекуваме анаконда, ќе има боа, меркати од Белград, но и три вида пигмејски мајмуни од Барселона, многу ретки, кои досега ги немало - нагласи Кузмановски. Ќе бидат направени и уште неколку помали куќарки за мајмуни.

Кузмановски не застанува тука, туку работи и на внатрешното, партерно и инфраструктурно уредување, обезбедување паркинг-места. Нови забавни содржини се хиподромот со пони, кафуле со сендвичи и пијалаци, едукативен центар.

- Ќе се изврши и целокупна реконструкција на електричната мрежа, воведување улично осветление и комплетен видеонадзор. По Нова година ќе се направи аукција на која ќе им бидат понудени можности за рекламирање на фирмите. Потоа ќе следува и партерното уредување - набројува Кузмановски.

Анела Петрова



Коко се враќа напролет со другари

Шимпанзото Коко, кое с` уште е на ресоцијализација во Холандија, ќе се врати напролет или најдоцна во текот на летото заедно со уште двајца другари. Дали меѓу другарите ќе има и женка, ќе одлучат дополнително холандските експерти. Коко, кој сега е стар 14 години, се лекува во Холандија, откако се утврди дека е исфрустриран, депримиран и неподобен. Според последните информации, Коко е излечен од депресијата и се чувствува одлично.

- Мораа да го следат две години за депресијата да не се поврати, бидејќи таа не е резултат само на лошиот начин на живеење, туку и на загубата на неговата мајка - објаснува Кузмановски.

Во меѓувреме му се подготвува ново живеалиште според светски стандарди.

- Проектот за живеалиштето на Коко е веќе готов и е одобрен од експертите. Изградбата на новото живеалиште на Коко ќе почне по Божиќ.



Ќе пристигнат слон и жирафа

Откако Кузмановски е назначен за директор, Зоолошката доби 7 нови, а 18 живеалишта се помалку или повеќе реконструирани. Донесени се околу 45 нови животни: мајмуни, лав, зебри, волци, којоти, кенгури, ему-птици, црни лебеди, игуани, змии, антилопи, ара-папагали, двата сибирски тигра. Во моментов во Зоолошката има 472 животни.

- Годинава ќе ја завршиме со два нови меркати, еден бел питон и два муфлона. Се надевам дека долгоочекуваниот крокодил ќе пристигне пред Нова година - најави Кузмановски.

В година се планира изградба на уште нови живеалишта, носење нови животни, меѓу кои слон и жирафа.">



http://dnevnik.mk/?itemID=5DD34A77FD44794AAB9DEF6849C8B6AF&arc=1

Човеков навистина врши добра работа, ама ако вака се станува директор на јавно претпријатие, дај и ние на некоја гала да му речиме на Груевски да го стави Андреј за министер за транспорт и врски, па можи ќе му се присака, па ќе имаме некаков напредок во поглед на инфраструктурата, а?

Edited by гитардемон - 27-Dec-2010 at 11:45
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 27-Dec-2010 at 14:00
Јас сметам дека овие работи не ги почнал Дане Кузмановски за кој се прави Херој, тука имаат прсти и други луге кои што се обидоа да ја реконструираат зоолошката градина во Скопје, јас скоро секоја година сум бил во зоо, катастрофата беше од 95-та и нагоре, во 2005 повеќето од животните умреа, потоа се овиде Трифун да направи нешто но не сакаше да даде пари,неговите претходници се обидуа нешто преку донации , се секавам и МОБИМАК изгради едно живеалиште и едно игралиште за деца, но револуцијата почна во 2005-тата нагоре, јас имам слики од тогаш кога почнаа да се градат живеалиштата на тигровите и неколку други живеалишта на видрите, црниот лебед и уредување на живеалиштата на ламите, и еден вид диви кози на кои ставија големи камења за да се осекат како дома, сакав да кажам дека за целава работа Дане само ги зема сите пофалби иако сметам дека и претходниците работеа за реконструкцијата на зоолошката градина.
Благодарение и на граганите кои го дадоа својот придонес, идеи ,забелешки , мислења,критики и др.

Сакам да кажам дека не е само ДАНЕ заслужен за сето тоа.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 27-Dec-2010 at 16:22


Јасно ни е дека тој не направи сам како поединец ништо, меѓутоа не може секој да издејствува донации, како што успеа тој. Реално, толку помош зоолошката немала добиено досега никогаш. Мора да му се даде заслуга како менаџер, а тоа дека сите помогнавме/помогнале е непобитна вистина.

Edited by гитардемон - 27-Dec-2010 at 16:24
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 27-Dec-2010 at 17:29
Уште 2008-ма зоолошка е аведена во изборната програма на сегашнава влада. Се потори истото и 2009-та со локалните. Така да ако не бил овој сега ќе бил некој друг директор. Може он и да си ласка дека комплет ја завршил работата. Ако зависеше толку од управата па да го ставиме министер за нешто. Се работи до вољата за инвестирање на повисоки инстанци. Човекот е заслужен што имал воља да ја среди зоолошката и настапил амбициозно, а не како обичен партијаш што би ги слоупотребил условите а позади себе да не остави ништо.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.238 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.