build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 29-Jun-2010 at 05:22

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ


Конкурс за изградба на голем трговски центар


Министерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, коешто се наоѓа во Општината Гази Баба, а е наменето за изградба на Б2 - големи трговски единици. Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Деталниот урбанистички план за дел од УЗ Маџари" урбан блок 3 - локалитет кино Маџари", Општина Гази Баба, усвоено со Одлука на Советот бр. 07-2784/10 од 30 јуни 2009 година. Земјиштето е со вкупна површина од 4004 квадратни метри, на коешто е предвидено да се изградат Б2 - големи трговски единици. Површината за градење е 1949 квадратни метри, процентот на изграденост е 48%, коефициентот на искористеност 1.26, а висината од нивото на заштитниот тротоар до венецот изнесува 9.2-13.2 м/П+1-П+2.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица. Заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, во согласност со условите од објавата, во затворен плик со назнака на пликот за јавно наддавање" и за која парцела се однесува пријавата, комплетирана со следните докази: пријава за учество на јавното наддавање, доказ за платен депозит, за физичките лица уверение за државјанство, доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар, уредно полномоштие за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице. Почетна цена на земјиштето што е предмет на јавното наддавање е 6.000,00 денари за квадратен метар.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат за да се доставуваат најдоцна до 14 јули 2010 година, на адресата на Министерството за транспорт и врски, улица Црвена скопска општина" бр. 4 во Скопје или непосредно во архивата на Министерството.
Јавното наддавање ќе се одржи на 21 јули 2010 година во просториите на Министерството за транспорт и врски.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9C16248501755448BCF490D18328193D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 09-Jul-2010 at 19:02
Подетално за тоа што постираше Андреј, иако анализава (или преводот) не ми изгледаат баш нај нај

Македонија топ-дестинација за трговски синџири

Македонија е на 20 место на скалата на 30 најпосакувани региони за инвестиции и малопродажба, покажа глобалното истражување на консултантската компанија „А.Т. Керни“ за развиеноста на малопродажбениот сектор за годинава.

Најдоброкотирана од регионот е Албанија, која е на 12 место, Македонија на 20, а БиХ на 29 место на најатрактивни земји за ширење на малопродажбени синџири. Хрватска, која лани беше на 24 место, сега отпадна од топ-30 привлечни региони за инвестиции на глобалните малопродажбени синџири.

Македонија во истражувањето е претставена како ниско заситен пазар со големи маркети. Се вели дека има најмала популација на Балканот, најслаб БДП и трговија на мало, но е атрактивен пазар за регионално лобирање.

„Реалниот пораст на БДП за следните 5 години се очекува да биде само 2 отсто. Тоа е релативно под развиен пазар: неколку локални трговци имаат неколку продавници како ‘Тинекс’ (37), ‘Веро’ и ‘Туш’ (8)“, стои во истражувањето.

Анализата покажува дека бавниот раст, силната конкуренција, ценовните намалувања и променливата навика на потрошувачите во кризата се' повеќе ги принудуваат глобалните трговски синџири да се шират на нови пазари. Резултатите од истражувањето покажуваат јасно насочување на инвестициите на глобалните трговски синџири на земјите во развој со голем потенцијален раст.

- Големите светски трговски синџири повторно потврдија дека нивните матични пазари, како што се САД и Европа, не растат со доволен ритам, кој би ги задоволил нивните деловни планови - истакнува Хана Бен-Шабат, потпретседателка на „А.Т. Керни“.

Присутноста на пазарите во помали или поголеми земји во развој станува најефикасен пат кон глобален успех на трговските синџири. Истражувањето што го спроведува „А.Т Керни“ од 2002 година на трговските синџири им помага полесно да се определат за приоритетни пазари за инвестиции врз основа на 25 различни елементи, кои ги вклучуваат стопанските и политичките разлики, атрактивноста на самиот пазар, развиеноста на трговските синџири, разликите помеѓу растот на БДП и самата трговија и други.

Додека многу трговски мрежи се фокусираат само на земјите на БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина), истражувањето открива и интересни земји во Персискиот Залив (Кувајт, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати), како и Албанија и Македонија во Европа и Уругвај, Чиле и Перу во Јужна Америка.

Меѓу 30 најатрактивни земји за ширење на малопродажбени синџири во светот оваа година на прво место е Кина, потоа Кувајт, а следуваат Индија, Саудиска Арабија, Бразил, Чиле, ОАЕ, Уругвај, Перу итн.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7DBAE534D54EC74094BD2DBCD322A29F

Edited by Cloverstack - 09-Jul-2010 at 19:03
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 18-Jul-2010 at 06:17
Министерството за транспорт распиша јавна објава за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Карпош

Скопје, 17 јули 2010 (МИА) - Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање, кое се наоѓа во општина Карпош, наменето за изградба на комерцијален објект.

Од Министерството денеска соопштуваат дека предмет на јавно наддавање е една градежна парцела со вкупна површина од 2.663 метри квадратни, предвидена со Детален урбанистички план за локалитет „Зајчев Рид“ во општина Карпош во Скопје, каде е предвидена изградба на објект со комерцијални намени. Дозволениот процент на изграденост изнесува 80 проценти, коефицинетот на искористеност 4,40, дозволена вкупна површина на приземје 2.130,46 метри квадратни, максималната височина до  венец 21 метар.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари по метар квадратен, а пријавите за учество на јавно наддавање можат да се достават најдоцна до 16-ти август годинава до Министерството за транспорт и врски. Јавното наддавање, како што е наведено во соопштението ќе се одржи на 25 август годинава.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, доказ за платен депозит, за физичките лица уверение за државјанство, доказ за регистрација  на правното лице од соодветен регистер, односно уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице или физичкото лице заверено кај нотар. дма/12:49

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=75578764&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 04-Aug-2010 at 17:55
Штип со нов Трговски центар
Штипската населба „Сењак“ ќе добие нов, современ трговски центар, над кој е предвидено и изградба и на станбена зграда.

- Парцелата Б-196 е со површина од 2.237 метри квадратни, почетната цена на надавањето беше 2.800 денари за метар квадратен, а на крајот од лицитацијата е постигната цена од над 100.000 евра, за неа беа заинтересирани четири фирми, вели Ристов.

По неколку неуспешни лицитации за продажба на државно градежно земјиште, оваа е успешна бидејќи парцелата предвидува и трговски центар и станбена зграда и се наоѓа на атрактивна локација во една од најголемите населби во Штип.

http://www.kurir.com.mk/index.php/vesti/makedonija/14683-stip-trgovski
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 08-Aug-2010 at 20:59
Еве го Трговскиот Центар Прилепец во Прилеп, познат и како Бизнис центар кај прилепчани. жалам само тоа што не излезе објектов како што требаше.



Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 26-Aug-2010 at 19:30

Навала за изградба на трговски центри во Македонија

Газит глуб денеска соопшти дека на почетокот на 2011 ќе почнат со изградба на првата фаза на г-малл. На атрактивното земјиште од 90 000 квадратни метри изреалските газди ќе градат елитен трговски и деловен центар како и паркинг простор во вредност од 80 милиони евра.

Кон крајот на месецот отворање ќе има и трговскит центар Веро лоциран спроти народната банка. Досега најголем изграден ценат во земјата..

Сити плаза беше избран за најповолен понудувач за изградба на најголеми трговски единици во скопската населба аеродром, кој ќе се простира на површина од близу 5,5  илјади квадратни метри. Се бара инвеститор за изградба на трговски центар во наслебата маџари.

Голема катна каража, киносали, фитнес центри, маркети ресторани,  кафулиња, продавници за гардероба сето ова ќе биде сместено во трговски центар на површина од 54 000 квадратни метри во реонскиот центар карпош 3.

Во план се изградба уште неколку шопинг центри надвор од скопје но дали куповната моќ на граѓаните е доволна за сите?

Иако секоја инвестиција е значајна според експертите на македонија повеќе и се потребни производствени капацитети отколку продажни. А во последно време наместо фабрки во македонија се градат само трговски и деловни центри.



http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/navala-za-izgradba-na-trgovski-centri-vo-makedonija

Многу трговски наброја новинарката и пак не ни кажа кој е овој на сликата. А и не и требаше анкетата на крај. Прво прашува прашање што обично го регулира самиот пазар. Бројот на трговски не е ничија желба и не се утврдува ниту со декрет, ниту па се дестимулира нивна изградба. Колку треба, толку и ќе ги има без разлика на ничија желба. И дополнително што не и требаше е "фабрики младите кај да се вработат" со два-тројца граѓани нервозни што ги удрило сонцето во глава. Несериозно.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 26-Aug-2010 at 21:32


На сликата е првата варијанта на Глобал Струмица
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 26-Aug-2010 at 21:40
Добро е, инаку се потресов. Тоа потресување ми се размина, ама неписменоста на новинаркава (која истакна дека некој си трговски ќе се ПОСТИРАЛ на површина од...), неможе да не ме потресе!

Edited by Andrej_LJ - 26-Aug-2010 at 21:41
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 27-Aug-2010 at 01:38
Originally posted by pbanks



На сликата е првата варијанта на Глобал Струмица

Знаев дека неможе да е нешто ново истражено, новинарски. Мора да е нешто бајато од архива.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 29-Aug-2010 at 15:12

21.08.2010 - Изградбата на нов хотел и станбено деловен простор со паркиралиште за 200 возила претставува една од најголемите тековни инвестиции во областа на стопанството во Тетово

На просторот меѓу булеварите Маршал Тито и Видое Смилевски Бато во Тетово интензивно се работи околу реализирањето на проектот за изградба на нов деловно станбен центар.

Ова претставува една од најголемите инвестиции во областа на стопанството во Тетово Доминантно место ќе има хотелскиот објект кој ќе биде еден од најсовремените објекти од ваков вид во градот. Во негов состав ќе има и повеќекатно паркиралиште со капацитет за 200 возила.

Во непосредна близина на хотелот и паркиралиштето, се гради и деловно станбен објект со две повеќекатници. За поуспешно и поекономично реализирање на споменатиот проект, пристапивме кон здружена изградба со фирмата Ренова од Џепчиште, ни изјави Војче Стојковски,директор на Електрометал од Тетово. За побрзо реализирање на работите околу изградбата се работи и во деновите на викендот.

Со реализацијата на овој обемен инвестионен зафат во областа на стопанството во Тетово ќе се овозможи заокружување на деталниот урбанистички план во комплексот источно од зелениот пазар во Тетово.

Соработката за полесно надминување на тешкотиите во услови на економска ктриза и за доследно реализирање на развојните концепции со здружување на инвестициони средства и стручни екипи,на Ренова од Џерпчиште и Електрометал од Тетово претставува убав практичен пример.

Да се надеваме дека слично ќе постапат и други претпријатија и акционерски друштва во Тетово, а за чиј побрз развој и проширување има широки можности.

Јован Булески
http://www.kiss.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 29-Aug-2010 at 17:37
se raboti za rem centar
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 11-Sep-2010 at 10:12
ТРГОВСКИ ЦЕНТАР МИЛЦИ - ГЕВГЕЛИЈА

Објавен јавен повик за оттуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, во „МИЛЦИ“, крај Граничниот премин Богородица.

Повеќенаменскиот комплекс кај месноста „Милци", се наоѓа во близина на Гевгелија и на само 1 км од граничниот премин Богородица.

 

Зафаќа површина од 44,05 ха, која се протега од десната страна на автопатот Скопје-Гевгелија, во правец кон границата со Република Грција, а веднаш покрај реката Вардар.

Кај „Милци“ предвидена е изградба на Големи трговски единици – Трговски центар.

На просторот постои уредена патека за мотокрос трки во м.в. "Милци", а во близина се изградени и други поголеми објекти со компатибилна намена.

Планскиот опфат е составен од повеќе градежни парцели, организирани во еден блок, наменети за комерцијално-деловни комплекси, за зеленило и рекреација и за инфраструктура. 

  • мали комерцијални и деловни дејности – класа на намена Б1
  • големи трговски единици – класа на намена Б2
  • големи угостителски единици – класа на намена Б3

Зеленило и рекреација - група на класа на намена Д

  • парковско зеленило – класа на намена Д1
  • заштитно зеленило – класа на намена Д2
  • спорт и рекреација – класа на намена Д3

Инфраструктура - група на класа на намена Е

  • некомпатибилна инфраструктура – класа на намена Е3

Висината на градбите е ограничена и истата се движи од 4 21 м.

Сообраќајното поврзување на локалитетот со основната патна мрежа на Република Македонија е предвидено преку планирана клучка во две нивоа преку која се овозможува брзо и едноставно приклучување на сообраќајните токови од магистралниот патен правец М -1(автопат Е - 75) Табановце (граница Р.Србија) – Богородица (граница Р.Грција). 

 

Почетна цена на земјиштето кое е предмет на јавното наддавање е 2.000 денари по метар квадратен.

Пријавите за учество на јавното наддавање да се достават најдоцна до 20.05.2010 година на адреса на Министерството за транспорт и врски (ул.„Црвена Скопска општина“, бр.4, Скопје).

Јавното наддавање ќе се оддржи на 31.05.2010 година, со почеток во 11 часот, во просториите на Министерството за транспорт и врски.

Лице за контакт:Виолета Самарџиска, тел: 00389 02 3145-565 и 00389 02 3145-447.

http://gevgelija.gov.mk



Edited by Makedonij - 11-Sep-2010 at 10:13
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 18-Oct-2010 at 11:03
Во Ново Лисиче, т.е. Реонски центар Аеродром е отворен Рамстор супермаркет. Солидно е изведено, со подземен паркинг како и паркинг над земја. Од јасни причини нема слики од внатре. Маркетот е некоја средна накај голема површина, не би вадел бројки од ракав, солидно снабден и полн погодок од аспект на локација, и пристап.

1.


2.


3.


4. Оваа тесна уличка треба да ги опслужува возилата кои влегуваат и излегуваат од паркингот, така да конфликти се неизбежни. Не знам што мислеле архитектите кога ја проектирале гаражава



5.


6.


7.


8.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 18-Oct-2010 at 11:12
WTF? Очигледно има изразен недостаток на професионална етика, но нели овие работи се регулирани со некакви правилници за проектирање??

Originally posted by La Linea


4. Оваа тесна уличка треба да ги опслужува возилата кои влегуваат и излегуваат од паркингот, така да конфликти се неизбежни. Не знам што мислеле архитектите кога ја проектирале гаражава


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 18-Oct-2010 at 15:51
Колкав е маркетот Линеа... Дали е нешто како Веро Тафталиџе? Слушнав дека имало и продавници во него. 
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 18-Oct-2010 at 20:57
Одамна не сум бил во тоа Веро но сигурно е помал. А не знам што мислеле под продавници во него, тоа е само супермаркет што наликува на мала верзија од маркетот во Рамстор молот. Да речеме дека е некои 3/5 од тој маркет
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 11-Nov-2010 at 02:19

Трговскиот стана зона на самракот

Преку ден објектот со дуќани изгледа како секоја просечна автобуска станица, но кога и последниот автобус ќе замине од Гостивар за Скопје, просторот станува зона на самракот

Бездомници и зависници од дрога се „муштерии и трговци“ во триесетината дуќани што се наоѓаат во рамките на гостиварската автобуска станица, поради нерешен сопственички статус на објектот. Катот од едното крило на овој објект е целосно запуштен. Заплетканите сопственички односи, покрај штетите од неработењето, придонеле дел од објектот да стане дувло на натрапниците.

- Во овој дел од градот, по 22 часот граѓаните не се чувствуваат безбедно бидејќи не знаат на кого се' може да налетаат. А тука е и недоволно осветлено. Често се забележуваат сомнителни лица што се движат тука - се жалат жители од неколкуте згради на улицата Мара Угринова.

Прошетавме низ објектот, кој би требало да претставува трговски центар. Под скалилата затекнавме бездомник, кој покриен со јоргани спиеше врз поплочениот под. Не го разбуди ни нашето зборување. На катот глетката згрозува. Купишта ѓубре, измет, стари алишта и постелнина, а смрдеата ги пара ноздрите. Некои излози од дуќаните се искршени, вратите разбиени. Во внатрешноста може да се забележи дека некој тука е чест посетител. На подовите остатоци од алуминиумска фолија, игли и друг прибор што зависниците го користат за уживање наркотици.

Нашите соговорници сметаат дека токму запуштеноста е причина што трговскиот навечер се претвора во собиралиште на сомнителни лица. Се жалат и сопствениците на бизнисите на ова локација. Тие на приземјето почнале некаков бизнис, па проблем им се нехигиената и кражбите.

- Од западната страна на автобуската, можеби поради близината на зградите, а можеби и поради тоа што има повеќе дуќани, тие луѓе не свраќаат. На катот имам магацин, во кој неколку пати беше провалено, но откако ставив аларм, просторот не е атрактивен за крадците. Сами се заштитуваме кој како знае - вели Игор Пандилоски, сопственик на минимаркет.

И нему му пречи што објектот е запуштен.

Жителите во неколку наврати побарале помош од полицијата. Оттаму велат дека трговскиот центар на автобуската неколкупати бил опфатен со нивни акции. Потврдија и дека затекнувале зависници и бездомници што доаѓаат од други градови. Се' завршувало со предупредување.

- Со оглед на тоа дека станува збор за специфична категорија граѓани, ние не можеме да направиме ништо повеќе освен протерување. За кратко време тие повторно се собираат - вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој нагласи дека поради поплаките на граѓаните, во наредниот период зајакнато ќе го надгледува местото.

Гостиварци со години чекаа на модерна автобуска станица, а архитектите овој простор го осмислиле како урбана целина. Таквиот објект требаше да носи профит. Сепак, трговскиот центар никогаш не заживеа во целост.

На почетокот од деведесеттите години со профункционирањето на станицата дел од дуќаните се разработија. Десетина локали во приземјето што се сопственост на приватни бизнисмени работат.

Од вработените во автобуската станица и од околните жители разбравме дека поголемиот број дуќани практично немаат сопственик.

Според нив, објектот го градела градежната фирма „Маврово“, но подоцна поради долгови, му бил отстапен на ФАС „11 Октомври“. Откако фирмата отишла под стечај, престанала и грижата за објектите.

Иако со сигурност никој не можеше да потврди, нашите соговорници рекоа дека се под хипотека во неколку банки. За дел од дуќаните имаше оглас дека е на продажба.

Преку ден овој објект наликува на секоја просечна автобуска станица, но откако и последниот автобус ќе замине за Скопје, овој простор станува зона на самракот.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=088D9A9398C1E54EA4379298EB4EEFB1
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 27-Nov-2010 at 00:41
Се нуди земјиште за трговски центар во Свети Николе

Градежна парцела во Свети Николе со површина од 4.393 метри квадратни, ќе се продава на јавно наддавање на 21-ви наредниот месец. Земјиштето е во државна сопственост и е наменето за објект кој ќе содржи трговски и угостителски единици како и деловни простории. Урбанистичкиот план предвидува катност П+1 и најголема дозволена висина до венец од 10,2 метри. Површината за градење е 3.000 метри квадратни, додека максималната бруто развиена површина изнесува 4.500 метри квадратни. Во склоп на парцелата треба да се обезбедат 90 места за паркирање. Почетната цена е утврдена на 2.400 денари за квадрат, а пријави за учество на наддавањето можат да се доставуваат до 15.12.2010.


http://www.build.com.mk/?p=5800

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 30-Nov-2010 at 13:42
Наместо во Солун, на шопинг во Гевгелија?



Пред граничниот премин Богородица треба да се гради
трговски центар со 135.000 квадрати корисна површина

Билјана Ангеловска

Граѓаните од Македонија нема да треба веќе да одат на шопинг до Солун. Наскоро ќе имаат можност ваквото задоволство да си го дозволат дома, во Гевгелија, бидејќи непосредно пред самата граница со Грција е планирано да се гради огромен трговски центар, нешто слично, па дури и пограндиозно од солунскиот „Космос“!

Изградбата на големиот шопинг мол во близина на граничниот премин „Богородица“ е предвидена со Урбанистичкиот план, кој Општина Гевгелија го донесе годинава по нарачка на Владата, и тоа во брза постапка. Земјиштето со површина од над 30.000 квадратни метри наменето за трговски комплекс „Граничен премин Богородица“ се наоѓа од десната страна на автопатот во правец кон границата со Грција, во соседство на казиното „Фламинго“, во непосредна близина на мотокрос-патеката и на само 50-ина метри од реката Вардар.

Министерството за транспорт и врски деновиве распиша јавен оглас за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во општина Гевгелија. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 1.000 денари за квадрат. Парцелата е со големина од 32.286 квадратни метри, од кои површината за градба изнесува 22.600 квадрати, а вкупната корисна површина достигнува до 135.000 квадратни метри. Со урбанистичкиот план е дозволена изградба на објект на приземје и пет ката, со висина на венец од 21 метар.

Од општината Гевгелија велат дека ова е втор обид на државата да го продаде земјиштето. Првиот пат било понудено со почетна цена од 2.000 денари квадратен метар. Дали скапиот квадрат бил причината зошто не се јавил ниеден купувач, никој не знае да каже.

Сепак, од Општината велат дека за конкретната локација постои голем интерес и тоа, пред се', од странски инвеститори.

Досега за земјиштето се интересирале Израелци, инвеститори од Дубаи, Руси, Кинези, но и Грци. Кој од нив колку сериозно е заинтересиран да стане газда на ова, како што велат гевгеличани, исклучително атрактивно земјиште, ќе се знае набрзо по завршување на оваа лицитација.

А, дека земјиштето се наоѓа на многу добра локација, доказ е новиот урбанистички план што го изготвува Општина Гевгелија. Овој план се однесува на урбанизација на нови 12 хектари, кои опфаќаат земјиште од двете страни на автопатот, а на кои се предвидува изградба на туристичко-угостителски комплекс од хотели, ноќни клубови, спа-центри. Планот треба да биде донесен веќе до крајот на годинава, а со него се брза бидејќи, како што дознаваме, имало најави дека некоја индиска групација е заинтересирана да гради хотели од синџирот „Ројал таунус“.

Изградбата на големите молови и хотелски комплекси во Гевгелиско, несомнено ќе придонесе за брз развој на општината Гевгелија која само од комуналиите што ќе ги наплати за сите овие објекти, а изнесуваат по 25 евра од квадрат, прилично ќе ја наполни својата каса.

Но, граѓаните ќе можат да шопингуваат и во другите градови низ државава. Ако не им се патува до граница, скопјани, покрај веќе многубројните трговски центри, за некоја година ќе можат да трошат пари и во двата нови кои допрва ќе се градат на територијата на општина Гази Баба. Државата понуди на продажба две парцели во оваа општина и тоа една во Маџари, веднаш зад истоименотото кино, со големина од 4.058 квадратни метри на која е дозволено на површина од 1.949 квадрати да се изградат вкупно 5.130 квадратни метри. Трговскиот центар може да биде висок најмногу 13,20 метри и да има две приземја и два ката. Во Хиподром, пак, се продава парцела од 2.328 квадратни метри, од кои под градба можат да бидат само 960 квадрати на кои може да никне објект на приземје и еден кат со максимална висина од 10,2 метра. И двата плаца се продаваат со почетна цена на земјиштето од 5.400 денари за квадратен метар.

Голем трговски центар ќе се гради и во општина Свети Николе, каде за почетна цена од 2.400 денари квадрат се продава земјиште со вкупна површина од 4.400 квадратни метри. Трговски комплекси ќе се градат и во Струга на површина од 2.000 квадратни метри, на левата страна од патот Струга - Ќафасан, но ова земјиште се' уште не е понудено на продажба.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E44F046823028645B764351B82CA08B7
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 22-Dec-2010 at 15:32
КАМ маркет Гевгелија

Наскоро КАМ ДООЕЛ ќе го отвори својот прв маркет во Гевгелија, кој ќе биде сместен на ул. Слободан Митров Данко б.б, спроти полициската станица.


Ова е 45-тиот маркет на еден од најуспешните трговски синџири на прехранбени производи и единствен хард дисконт во Македонија.

Најавувајќи го настанот и понудата на КАМ маркети, маркетинг координаторот Филип Петрезанов вели:

-Основата на нашиот успех е штедењето, не инвестираме во луксузна опрема, производите се изложени во картон, имаме оптимален број на вработени во маркетите. За големи количини од производителите добиваме пониски набавни цени, а од секој производ малку заработуваме, но многу продаваме. Единствено не штедиме на квалитетот. Нашите купувачи знаат дека во КАМ не плаќаат за амбалажата, марката, луксузната опрема и скапата реклама, велат во маркетинг службата во КАМ.
http://gevgelija.gov.mk/mk/images/slki/kam.jpg
http://gevgelija.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.254 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.