build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 07-Dec-2010 at 15:38
Денес заврши проектот за изградба на пет мали хидроелектрани во регионот на Охрид и Струга по пат на јавно-приватно партнерство меѓу меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ и домашниот инвеститор – компанијата „Фероинвест“.

jpp-hidrocentrala-500

За изградбата на петте мали електрани – Белица 1, Белица 2, Охрид 1, Охрид 2 и Охрид 3 со вкупна инсталирана моќност од 3 мегавати „Фероинвест“  во изминатите 18 месеци инвестираше 7,3 милиони евра од кои дел се обезбедени преку рефинансирање  од страна на Шпаркасе банката. За потребите на хидроелектраните изградени се два цевководи со вкупна должина од 15 километри од кои 12 километри во струшкиот регион и три километри во охридскиот. Обврската на „Проаква“ во проектот е регулирање на имотно-правните односи а според договорот во следните 40 години ќе добива по 31 отсто од остварената добивка од работењето на хидроелектраните во Охрид и 18 отсто од добивката на хидроелектраните во Струга.

- Во струшкиот дел има две електрани Белица 1 и Белица 2 кои ќе произведуваат по 5 гигавати електрична енергија или вкупно 10  милијарди киловатчасови електрична енергија, а електраните во охрискиот дел 4 милијарди киловатчасови електрична енергија. Овие пет електрани се први во Македонија кои се изградени согласно најновата законска регулатива за енергетиката и први што се градат по принципот на јавно-приватно партнерство на транспарента меѓународна постапка и поддржан со проектно финасирање од банките, рече Кочо Анѓушев, генералниот директор на „Фероинвест“, нагласувајќи дека сите пат хидроелектрани се веќе пуштени во употреба.

jpp-hidrocentrala2-500

Тој посочи дека Фероинвест ќе гради уште девет мали хидроелектрани од кои две самостојно и седум во партнерство со Гранит кои се добиени на тендерот за изградба на 400 мали хидроцентрали спроведен од Министерството за економија. Првите две од нив, како што кажа треба да бидат готови до средината на идната година, а останатите до крајот на 2012 година.

Директорот на „Проаква“ Бранислав Трпчески рече дека примарна цел на меѓуопштинското претпријатие е да се обезбеди здрава вода за пиење за двата града и затоа главна грижа им било да не се влоши квалитетот на водата во цевководите. Тоа, како што кажа е постигнато со вградување најквалитетни материјали во цевководите и турбините кои придонеле водата да не загуби ништо од квалитетот.

- Со цевководите кои ги зафаќаат водите на реките Белица и Летница се добиваат по дополнителни 400 литри вода во секунда во Струшко и 300 литри во секунда во Охридско што е доволно за задоволување на потребите со квалитетна вода за пиење за двата града вон туристичката сезона. Дополнителна придобивка со јавно-приватното партнерство е што меѓуопштинското претпријатие воопшто нема трошоци за електрична енергија, рече Трпчески.

Петте нови хидроелектрани годишно ќе пласираат по 14.000 мегават часови електрична енергија што е доволно да се задоволат годишните потреби на еден помал град во Македонија.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/10754-Pusteni-vo-upotreba-pet-mali-hidrocentrali

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 07-Dec-2010 at 17:42
Ме радува што овој проект за мали хидроцентрали почнува да дава резултати. Еве практично што значи либерализација на еден сектор во општеството. Поддршка, само напред, да ги видиме и другите готови.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 07-Dec-2010 at 17:59
Белица 1









МИА фото
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 23-Dec-2010 at 19:45
Оптимистички наслов ама...

ЕЛЕМ интензивно ја гради ХЕЦ „Св.Петка“

Во ХЕЦ „Св. Петка“ или „Матка 2“ на Треска, ЕЛЕМ континуирано и динамично ги врши градежните работи, соопштуваат од компанијата. Во тек е изградбата на телото на браната, а паралелно со тоа се одвиваат градежно- монтажните работи и на другите објекти.

„Изградбата на објектот се одвива со задоволителна динамика и со соодветен квалитет за објекти од овој вид. Со овој хидрокапацитет ќе се добие дополнително производство на струја од 66 гигават-часа годишно, додека неговата инсталирана моќност е 36,4 мегавати“, информираат од ЕЛЕМ. Додаваат дека надзорните инженери и натаму професионално и внимателно ќе ја следат изведбата на објектот и монтажата на опремата и доколку утврдат отстапување од стандардите ќе преземат мерки.

За потсетување, хидроцентралата требаше да биде пуштена во работа уште во март 2009 година. Според договорот со изведувачот, словенечки „Рико“, се работи по принципот клуч на рака. Што значи дека хидроелектраната ќе биде во рацете на ЕЛЕМ, како нејзин инвеститор, штом „Рико“ целосно ги исполни условите од договорот.

„Во договорот за финансирање и изградба јасно се предвидени максимални пенали што се активираат кога ќе има услови за тоа. За доцнењето на изградбата, како што претходно информиравме, изведувачот „Рико“ е во повеќе наврати известен и е писмено опоменат од ЕЛЕМ. Наплатата на пеналите ќе биде во целост усогласена со правилата и обврските од договорот“, потсетуваат од ЕЛЕМ.

Одговорните од ЕЛЕМ и од „Рико“ не кажуваат за причините поради кои се доцни со изградбата на оваа ХЕЦ и дали досега воопшто е активирана наплатата на пеналите од страна на ЕЛЕМ поради неиспочитуваните рокови. (М.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9146485506DD6248BC0ED4F3087FA6A7
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 24-Dec-2010 at 02:35

Шест милиони евра од ЕБОР за изградба на седум мали хидроцентрали во РМ

ЕБОР со заем од 6 милиони евра за Мали хидро електрани, локална компанија за обновлива енергија, го поддржува учеството на приватните инвестиции во македонскиот енергетски сектор.

Средствата се наменети за финансирање на развојот на седум мали хидроцентрали, лоцирани на седум различни реки низ земјава, централите ќе имаат вкупен производствен капацитет од 5,83 МW и во просек ќе произведуваат околу 21.630 МWh електрична енергија на годишно ниво.   

Енергетските капацитети на МХЕ ќе бидат поврзани со македонската дистрибутивна мрежа, при што компанијата ќе има договори за повластен откуп со Македонскиот електро-преносен систем оператор, кој ќе се врши согласно посебна тарифна шема наменета за проекти за обновлива енергија.

Ова е прва инвестиција на ЕБОР во приватни капацитети за производство на енергија во Македонија, а ќе се финансира преку Линијата за директно финансирање на проекти за одржлива енергија за земјите на Западен Балкан. По завршувањето, проектот ќе доведе до намалување на емисијата на јаглерод диоксид од околу 14.000 тони годишно.

Проектот е поддржан со фондови за техничка помош обезбедени од Фондот за Западен Балкан, Специјалниот фонд на акционерите на ЕБОР и од Владата на Норвешка. По успешното завршување на проектот, МХЕ ќе можат да добијат стимулации по основ на намалување на емисијата на јаглерод диоксид во македонскиот енерегетски сектор. Овие средства се обезбедени од Фондот за Западен Балкан, Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и од Европската унија.

- ЕБОР со задоволство ги поддржува МХЕ со долгорочно финансирање за овој важен проект. Со оваа инвестиција ќе се покаже комерцијалната одржливост на малите проекти за обновлива енергија и ќе се обезбеди поддршка во однос на растечката побарувачка на енергија во Република Македонија, rречe Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија.

- Мали хидро електрани е компанија со посебна намена, основана од две успешни локални компании Фероинвест Велес и АД Гранит Скопје, кои веќе имаат големо искуство во инвестирањето во мали хидро електрични централи. Многу сме задоволни што соработуваме со ЕБОР во однос на имплементирање на овој важен проект. Учеството на ЕБОР во овој проект е од клучно значење за успешно имплементирање на проектот, со оглед на недостигот на средства за финансирање проекти во земјата. За нас претставува посебна привилегија што ќе добиеме стимулации за производство на електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, генерален директор на МХЕ.

Од почетокот на своето работење во Македонија, ЕБОР обезбеди кредитирање на околу 550 милиони евра, во повеќе од 60 проекти, во клучните сектори на економијата на земјата, мобилизирајќи дополнителни инвестиции во вредност од над 700 милиони евра.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/shest-milioni-evra-od-ebor-za-izgradba-na-sedum-mali-hidrocentrali-vo-rm
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 08-Jan-2011 at 14:48

Петта шанса за Чебрен и Галиште. Во јануари повторно ќе се бара инвеститор

Нова шанса за Чебрен и Галиште. По петти пат ќе се бара инвеститор за реализација на проектот вреден 700 милиони евра, најголем во енергетскиот сектор. Тендерот ќе се објави до крајот на месецот. Од министерството за економија засега не сакаат да откријат што ќе содржи објавата и покрај тоа што првичната идеја била тендерот да се распише на крајот на минатата година. Кратко информираат – се уште се работи со консултантот од ИФЦ.

Македонија консултантските услуги како до инвеститор, ја чинат околу 100 илјади евра. Точно пред една година регионалниот директор на ИФЦ убедуваше - во 2010 ќе се реализира успешен тендер.

- Врз основа на прелиминарните анализи веруваме дека е можно да се подготви успешен тендер, рече Џовани Даниеле, регионален директор на ИФЦ на 14.01.2010.

Проектот вреден 700 милиони евра се најавува со децении. Министерот за економија Фатмир Бесими во отчетот за сработеното во 2010 призна дека имало технички проблеми, но конечно се отстранети, па сега тендерската документација нема да биде пречка за инвеститорите.

- Чебрен и Галиште, големиот хидро енергетски потенцијал за Македонија, многу извесно идната година ќе добие инвеститор, рече министерот за економија Бесими на 30.12.2010.

Премиерот Груевски оптимист- тендерот ќе биде успешен.
Хидроцентралите Чебрен и Галиште се од големо значење за енергетскиот систем. Може да задоволат петина од струјата што ја трошат домаќинствата или со нивната изградба ќе се изедначи хидро и термо производството во земјата. Овие две централи ќе се градат по моделот на јавно приватно партнерство, а државата како влог ја нуди хидроцентралата Тиквеш. Во игра на досегашните тендери беа италијанската ЕНЕЛ, германската РВЕ и австриски Вербунд.

Маја Дамјановска
08.01.2011, 14:05

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=69619
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 12-Jan-2011 at 07:13
Одржана јавна дебата за „Луково Поле“


Вчера во Маврови Анови беше одржана јавна дебата посветена на претстојната изградба на акумулацијата „Луково Поле“ и хидроелектраната „Црн Камен“, на која беа разгледани потенцијалните ефекти врз околината од реализацијата на проектот и активностите кои треба да се преземат во периодот што следува. Од ЕЛЕМ уверуваат дека сите издржани забелешки ќе бидат прифатени.

Акумулацијата „Луково Поле“ се наоѓа во северозападниот дел на Македонија на границата на шарпланинскиот и корабскиот масив, на територијата на Националниот парк Маврово. Браната „Луково Поле“ е камено-насипна брана со централно глинено јадро. Ќе биде висока 71 метар со должина на круната од 321 метри и ќе овозможува акумулација со вкупна запремнина од 39 милиони метри кубни вода. Дел од проектот ќе биде и доводен канал „Корабски Води“, со должина од околу 20 километри. Преку него во акумулацијата годишно ќе се влеваат околу 44,5 милиони метри кубни вода.

Малата хидроелектрана „Црн Камен“ ќе биде лоцирана 3 до 4 километри под браната и ќе биде со инсталирана моќност од 5 мегавати. Главна придобивка од „Луково Поле“ ќе биде тоа што водата потоа енергетски ќе се искористува и во мавровскиот систем на хидроелектрани, со што вкупниот учинок би бил околу 160 гигават часови годишно. Мавровскиот систем во сегашната состојба генерира околу 445 гигават часови годишно, што претставува над 40% од целокупното производство на хидроелектраните во државава.

Целиот зафат ќе чини над 60 милиони евра, од кои 53 треба да бидат обезбедени преку кредит од Светската банка, а 9 милиони евра треба да бидат сопствени средства на ЕЛЕМ. Периодот на изградба се предвидува да трае четири години.

http://www.build.mk/?p=6362
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 13-Jan-2011 at 12:59

Две струи за струја од Кораб

Приврзаниците за изградба на хидроцентрала во Луково Поле гледаат развој на овој регион, а противниците сметаат дека со изградба на таков објект може да дојде до нарушување на амбиентот, хидрографијата и на живиот свет во регионот и во националниот парк Маврово

Државните електроцентрали почнаа активности во врска со изградбата на брана и хидроцентрала на планината Кораб, а тоа ја обнови полемиката меѓу приврзаниците и противниците за изградба на ваков објект. На првата јавна презентација претставниците на ЕЛЕМ побараа мислење и препораки од повеќе субјекти, невладини организации, месно население и институции. Дел од експертите за заштита на животната средина се сомнева дека ваков хидроенергетски систем може негативно да влијае врз амбиентот и да ја наруши автентичноста на националниот парк Маврово.

Акумулацијата на Луково Поле е предвидено да се гради во близина на тромеѓата меѓу Македонија, Албанија и Косово, на надморска височина од 1.500 метри и да зафаќа води од Кораб.

- Пред да се почне со работа сакаме да добиеме издржана студија во која ќе бидат наведени и препораки за еколошкото и социјалното влијание на овој проект. Неа треба да ја изработи една од десетте фирми што се пријавија на тендерот. Проектната задача што ќе биде изработена треба да ја даде и оправданоста на инвестицијата. Тоа би значело минимални влијанија врз животната средина со максимум добивка за жителите од овој крај и воопшто за државата - рече Игор Николов од секторот за развој и инвестиции во ЕЛЕМ.

Изградбата на хидроцентрала со моќност од 5 мегавати и брана во месноста Луково Поле е инвестиција тешка над 60 милиони евра. Идејата датира уште од осумдесеттите години на минатиот век. Доколку се реализира, ќе биде потребно да се направи брана со волумен од над еден и пол милион кубен метар, а за довод на вода во акумулацијата ќе се направи каналска мрежа од 20 километри.

Некои експерти по заштита на животната средина во националниот парк сметаат дека при изградбата на овој систем може да дојде до нарушување на амбиентот, хидрографијата, а со тоа и врз живиот свет.

- Користењето на тешка механизација во период од четири години и пренасочувањето на водотеците може да доведат до исчезнување на некои видови. Мора да се има предвид дека Луково Поле е заштитена зона и дека таа има посебен третман - беа неколку од забелешките на инженерите од НП „Маврово“.

Од ЕЛЕМ сметаат дека, според првичните процени, минимално е влијанието врз природата. Но, уверуваат дека можни се промени на постојниот проект, па дури и откажување од него. За локалната самоуправа Маврово-Ростуше, изградбата на системот ќе направи повеќе придобивки, пред с` во подобрувањето на инфраструктурата во овој регион и можноста за вработувања. Со него би се заживеал и регионот на Горна Река, кој одамна е раселен.

Поделеноста на ставовите околу изградбата на хидроцентрала на територија на најголемиот национален парк во Македонија е присутна подолго време. Енергетичарите укажуваат на неискористеност на водниот потенцијал на македонските планини, а со инвестирањето во таа област би се обезбедила поголема независност на Македонија од увоз на струја. На другата страна од вагата пак тежи и тврдењето на биолозите за зачувување на спецификите на Кораб.

Поранешниот директор на НП „Маврово“, Кузман Угриновски, пред неколку години во изјава за „Дневник“ предупреди:

- Каква корист ќе имаме од хидроцентрали кога ќе се загубат главните карактеристики на паркот. Луково Поле е единствено тресетиште во регионот, каде што може да се отчитуваат податоци за периодот од илјадници години како се одвивала еволуцијата на растителни видови.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CBD212F35D635744A031AAB6948E1E10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 13-Jan-2011 at 14:02
Pa isti pesni. Ich da ne im e gajle, terajte so sekoe stolbche ekologisti s javuvaat.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 17-Jan-2011 at 20:37

Тендер за Чебрен и Галишта деновиве

понеделник, 17 јануари 2011, 16:46

Тендерот за Чебрен и Галишта најверојатно ќе се обавји до крајот на неделава. Ова ќе биде шести обид на Владата да најде странски инвеститор за изградба на двете хидроцентрали на Црна река. Оптимизмот дека овојпат тендерот нема да пропадне од министерството за економија го темелат на пофлексибилен пристап и поблаги тендерски критериуми во однос на висината на браните, роковите за градба и инвестицијата.

Досегашните пет обиди за изградна на Чебрен и Галишта пропаѓаа главно поради стари и неточни податоци за нивото на Црна река што им се сервисираа на инвеститорите. Свесна дека тендерите што сама ги крои не привлекуваат инвеститори Владата го најми ИФС како консултант за што му плати 100 илјади евра.

Неуспехот да ги изгради двете хидроцентрали со кои што ќе се зголеми домашното производство според проценките ја чини Македонија околу 30-тина милиони евра секоја година за увоз на скапа струја. Идејата за изградба на Чебрен и Галиште е стара неколку децении. Инвестицијата тежи околу 700 милиони евра.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=32651
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 19-Jan-2011 at 12:50
http://daily.mk/cluster3/c36f641673114abce63b7fd123f16392/555401

Нов обид за Чебрен и Галиште

Има%20ли%20услови%20за%20изградба%20на%20брана%20висока%20192%20метри?%20

Има ли услови за изградба на брана висока 192 метри?

19.01.2011

Власта најавува нов, петти по ред, тендер за хидроцентралите Чебрен и Галиште. Според експертите, несоодветните технички услови се главна пречка за инвеститорите.

Чебрен и Галиште – обид број пет. По најавата дека нов тендер за изградба на овие две хидроцентрали ќе се распише месецов, се поставуваат неколку прашања: Зошто четири пати претходно не се најде инвеститор и дали по толку пропаднати обиди има останато некој заинтересиран кој би одвоил 700 милиони евра?
Моите информации се дека уште во почетните барања, инвеститорите велеа дека да речеме толку висока брана не е можно да се изгради заради тоа што нема доволно вода. Значи проектот непотребно се правеше гломазен, прескап, мегаломански би рекол, без да се води сметка дека вода за така висока брана, без акумулација,
нема.

Несоодветната техничка документација до сега беше главна пречка за потенцијалните инвеститори, вели професорот Атанаско Туневски:

„Моите информации се дека уште во почетните барања, инвеститорите велеа дека, да речеме, толку висока брана не е можно да се изгради заради тоа што нема доволно вода. Значи такви некои барања уште на почетокот се поставуваа, но упорно се одеше со тоа дека изградба на брана висока 192 метри е можно да се изгради. Значи проектот непотребно се правеше гломазен, прескап, мегаломански би рекол, без да се води сметка дека вода за така висока брана, без акумулација, нема.“

Дали овој пат власта ќе излезе со пореална документација? Одговор на ова прашање за сега не може да се даде, поради тоа што не се познати деталите од новонајавениот тендер, вели Туневски:
Прво кога можеше да се добијат добри понудувачи тие се одбиваа во почетните години, за да сега се доведеме во ситуација никој да нема сериозен интерес, затоа што постапката на тендерирање чини
пари.

„Сега се надевам дека сфатија затоа што најавите се дека се ревидирале тие ставови, односно дека пофлексибилна е тендерската документација, односно дека веројатно се дозволува и пониска брана од овие 192 метри.“

Останува и неизвесно дали ќе се најде сериозен инвеститор, имајки предвид дека станува збор за „петта среќа“. Министерот за економија Фатмир Бесими смета дека е „многу извесно“ дека некој ќе даде понуда. Професор Никола Поповски потсетува дека и за инвеститорите е скапо аплицирањето на тендер.


„Прво кога можеше да се добијат добри понудувачи тие се одбиваа во почетните години, за да сега се доведеме во ситуација никој да нема сериозен интерес, затоа што постапката на тендерирање чини пари, треба да се собира обемна документација, чини многу работни саати, експерти треба да се ангажираат итн.“

Неисплатливо е сето тоа да се поништи, вели Поповски и дополнува:

„И веројатно тоа е една од причините што странските инвестиции се на многу ниско ниво во нашата држава.“

Тендерите не се ефтини ни за понудувачите, судејки по тоа дека неофицијално, Македонија само за консултантските услуги, одвоила околу 100 илјади евра.

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 25-Jan-2011 at 15:37

Кинезите дојдоа, ќе ги земат ли „Чебрен“ и „Галиште“?

Вредноста на хидроцентралите што треба да се градат
на Црна Река се проценува на над 700 милиони евра

Маја Томиќ

До крајот на оваа недела ќе се објави новиот, петти по ред тендер за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Од Министерството за економија велат дека за новините во тендерот јавноста ќе биде информирана овие денови. Потврдуваат дека претставници на Кинеската развојна банка, кои уште пред два месеца дојдоа и покажаа сериозен интерес за инвестирање во овој голем енергетски проект, се' уште се во Македонија и водат преговори со надлежните. Оттаму, најверојатно дека Кинеската развојна банка ќе конкурира на јавниот оглас, а се шпекулира и дека е веќе договорено таа да биде и идниот стратешки инвеститор.

„Чебрен“ и „Галиште“ ќе се градат по моделот на јавно приватно партнерство со ЕЛЕМ, односно со државата, при што како влог се дава хидроцентралата „Тиквеш“. Деновиве, директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, рече дека овој пат во тендерот се направени некои измени со кои тој ќе биде поатрактивен за инвеститорите, како и дека компанијата ќе ја даде целосната логистичка и техничка поддршка што ќе му биде потребна на инвеститорот за да го спроведе успешно овој проект.

Уште на претходните тендери имаше многу полемики меѓу експертите дали ХЕЦ „Тиквеш“ треба да му се даде на идниот инвеститор или да остане државна сопственост.

„Со одолговлекувањето на овој тендер изгубено е драгоцено време во енергетиката, иако генерално ние доцниме со изградбата на енергетски проекти многу повеќе години. За ’Чебрен‘ и ’Галиште‘, како што е познато, имаше конкретно заинтересирани компании, се ангажираа и странски консултанти за да направат успешна тендерска понуда, но ништо од тоа. Дали се во прашање некакви игри, на штета на државата, ќе видиме“, вели професорот Атанаско Туневски.

Тој го повтори својот повеќепати кажан став, дека е погрешно што ХЕЦ „Тиквеш“ му се дава без пари на идниот инвеститор на двете хидроцентрали. Бидејќи, оваа централа е вредна огромна сума пари, а сега е целосно ревитализирана, со нова опрема и машини.

„Може ХЕЦ ’Чебрен‘ и ’Галиште‘ да се градат со јавно-приватно партнерство, но со друг модел, а не со ХЕЦ ’Тиквеш‘ како влог, затоа што така повеќе ќе изгубиме, отколку што ќе добиеме. Станува збор за централа од големо значење за државата“, изјави Туневски.

Вредноста на „Чебрен“ и „Галиште“, кои треба да се градат на Црна река, се проценува на над 700 милиони евра. Во изминатите пет години беа објавени четири тендери и сите завршија без успех, и покрај тоа што Владата последен пат, пред една и пол година, за 100 илјади евра го ангажира консултантот ИФЦ да направи успешен тендер. На претпоследниот тендер во игра беа неколку реномирани енергетски компании, италијанската „Енел“, германската „РВЕ“ и австриската „Вербунд“, при што за фаворит важеше „РВЕ“. Но, пред крајот на 2010 година од оваа компанија беше испратено соопштение до македонските медиуми дека поради намалениот фонд за инвестиции, оваа година ги стопираат сите вложувања во нови проекти во странство. (М.Т.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=24280E1E13A7964297F6442DC421B6AB


Edited by UrbanFreak - 25-Jan-2011 at 15:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 26-Jan-2011 at 23:28

Драстично намалени критериумите за „Чебрен“


 

Драстично спуштени критериуми за учество и поголема флексибилност се клучните корекции во новиот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, што до крајот на неделава ќе биде објавен во „Фајненшл тајмс“

 

 
%20  
Целта е да се привлечат што повеќе странски компании во првата фаза, за потоа да се донесе конечната одлука околу дизајнирањето на целиот проект. Во пакетот со „Чебрен“ и „Галиште“ влегува и постојната хидроелектрана „Тиквеш“, иако постои можност „Галиште“ да отпадне од игра, поради големите трошоци на потенцијалните инвеститори и малиот енергетски ефект.

- Ние сакаме да се градат двете, но пазарот ќе каже со која динамика ќе се градат. Можеби ќе се најде некој што ќе ги гради и двете - вели Фатмир Бесими, министер за економија.

Заради премостување на обврската за изградба на двете хидроцентрали, сменет е и огласот на меѓународниот тендер, кој сега гласи: Оглас за јавно приватно партнерство и концесии за изградба на хидроцентрали на Црна Река, наместо како претходно за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Корекции се направени и поради неколкуте пропаднати обиди за реализација на проектот, каде што инвеститорите имале доста забелешки на изградбата на „Галиште“. Од Министерството за економија потврдуваат дека имало реакции од инвеститорите дека оваа хидроцентрала не им врши работа, односно истиот ефект ќе го постигнат и без неа. Во меѓувреме, по препорака на консултантот ИФЦ, драстично се намалени критериумите за првата фаза. Од учесниците на тендерот сега се бара вкупен приход од 100 милиони евра, во последните две години, и реализирани енергетски проекти за 300 милиони евра, од кои еден од најмалку 100 милиони евра. На претходните тендери од компаниите се бараше да имаат вкупен приход од 2 милијарди евра и профит од 100 милиони евра во последните две години. Категоријата профит целосно се исфрла како услов. Намалена е и цената за подигање на тендерската документација од 8.000 на 5.000 евра.

Се очекува првата фаза да заврши до 16 март, додека конечниот избор на изведувачот - до крајот на јули. Вредноста на целиот проект се проценува на над 540 милиони евра. Во однос на „Вардарска долина“, од Министерството за економија велат дека е неопходно да се потпише меѓудржавен договор меѓу Македонија и Кина, бидејќи 12-те хидроцентрали ќе бидат во државна сопственост, но ќе ги гради кинеска компанија со заем од НР Кина.
 
   
Автор: А.С.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12611851324&id=9&prilog=0&setIzdanie=22190
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 28-Jan-2011 at 18:35
Потпишани договори за изградба на 12 мали хидроцентрали од четвртиот пакет
28.01.2011 - 13:06 | Бизнис
Пет компании денеска со Министерството за економија потпишаа договори за изградба на 12 мали хидроцентрали од четвртиот јавен оглас за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.


Договори за концесија за вода за производство на електрична енергија се потпишани со ЕМК Мали хидроелектрани за 4 локации, Italian Macedonian Power Generation за 4 локации, ЕЛ-ТЕ Инженеринг за 2 локации, Хидро Еко Инженеринг за 1 локација и Nord Energy за 1 локација.

- Дванаесетте хидроцентрали предвидено е да имаат вкупна инсталирана моќ од 13,6 мегавати и годишно производство од 57 гигават часови електрична енергија и да чинат 23,5 милиони евра, рече министерот за економија Фатмир Бесими по потпишувањето на договорите.

Тој посочи дека од најновите договори во Буџетот на Република Македонија ќе се слеат над 100 милиони денари на име еднократен надоместок за концесија.

- Заедно со претходно потпишаните 35 договори од првите три јавни огласи, сега вкупно има 47 договори за изградба на мали хидроцентрали со вкупна инсталирана моќ од 34,6 мегавати и годишно производство од 147 гигават часови, рече министерот Бесими.

Во наредните три години, посочи, од потпишаните договори треба да се реализираат инвестиции во износ од 62 милиони евра, а во буџетот да се слеат 230 милиони денари на име на концесии за користење на водите.

- Министерството за економија до крајот на идниот месец ќе го објави и петтиот оглас за изградба на мали хидроцентрали на кој ќе бидат понудени нови 40 локации со вкупна инсталирана моќ од 30 мегават часови. Не секогаш има интерес за сите понудени локации, но и во иднина ќе продолжиме со планираната динамика три пати годишно да се објавува оглас за по 40 локации се додека не се исцрпат предвидените 400 локации за изградба на мали хидроцентрали, појасни Бесими.

Од досега поделените локации за изградба на мали хидроцентрали за една локација се добиени сите неопходни дозволи за градба и се очекуваа таа да биде оперативна до крајот на јуни годинава. До крајот на идниот месец, пак, треба да биде завршена постапката за добивање дозволи за градба за уште седум локации кои според најавата од инвеститорите треба да бидат готови до крајот на годинава. За евентуалното доцнење на проектите во договорите се предвидени санкции од плаќање пенали до одземање на концесијата.

- Со цел да се забрза динамиката Владата формираше Координативно тело во кое има членови од сите институции кои можат да помогнат во издавањето на градежни дозволи за малите хидроцентрали, рече Бесими и додаде дека слична динамика има и во регионот.

Од малите хидроцентрали во 2009 година се произведени 168, а лани 249 гигават часови електрична енергија. Се планира по изградбата на новите мали хидроцентрали производството да се зголеми за 80 отсто.http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/potpishani-dogovori-za-izgradba-na-12-mali-hidrocentrali-od-chetvrtiot-paket
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 28-Jan-2011 at 20:10
денес нешто чув дека може галиште нема да се гради т.е. ако се најде инвеститор кој е заинтересиран само за чебрен, таквата понуда би ја прифатила владата, и иако ова делува како избрзан чекор сепак јас го поздравувам со оглед дека голем дел од археолошки и раритетни природни локалитети се лоцирани во мариово... ова најверојатно е нус ефект откако кинезите фрлија око на проектот вардарска долина, а сепак нас ни се отвори со тоа можност да го преполовиме проектот за чебрен и галиште... мариово мора да остане што повеќе нечепнато па дури и сум против нуклеарка на тој потег од повеќе причини... незнам зошто но ова требаше и мораше да биде понудено и на претходните пропаднати тендери за концесија... сепак се работи за осетлива инвестиција која бара брзо и активно инвестирање, и иако не сме дебакл како тоа што е случај со Албанија каде од предвидени ~260 мали и средни ел. хидро дентрали изградени се само 6, сепак касниме со реализацијата на крупните потфати а со тоа и се нарушува стабилноста на ен, пазар, што пак во вакви кризни (за среќа неинтегрирани) години значи пропаст или опстанок за стопанството и народот... 
Back to Top
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 28-Jan-2011 at 23:46
И јас негде прочитав дека нема да се инсистира на изградба на Галиште во пакет соЧебрен ама не го сфатив тоа баш во смисол дека ако сега не се гради нема никогаш да се гради. Јас тоа го разбирам како можно одложување на Галиште. И не сум убеден дека вреди да се жртвува Галиште чисто за работиве што ги кажуваш. Секој проект покрај финансиска има и друга цена што мора да се плати. Се додека не сме енергетски обезбедени, хидроелектрана како Галиште ни е многу потребна.
Туку ај да видиме што ќе стане со наредниот тендер, дали ќе се јават инвеститори за двете или за Чебрен или за ниедна
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 29-Jan-2011 at 02:29
по мене вреди бидејќи цената е преголема, како што вредеше да се жртвува и козјак, а место хидро.ел. да се инвестира во гасни ел. и воопшто во гасоводот, па и современа нуклеарна цен., но реално, особено што наскоро се надевам ќе ја имаме и вардарска долина, а и далеку повеќе ефтини можности за искористуване на сончевата енергија http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=342&PID=87048#87048 но како што велиш да почекаме наскоро и ќе имаме нови проекции верувам, а со тоа и можност за зачувуване на природното и археолошкото наследство на Мариово, иако истото и баш трајно не се уништува со вештачките езера, попрво може се конзервира за идните генерации па во догледна иднина ако има потреба водата може и да се испушта за истражувања... од друга страна доколку сме паметни и организирани од овие езера сред пустелија може да направиме туристичка атракција, нешто што од скоро ќе биде случај со езерото козјак по пуштањето на Р-104, каде веќе финци мислам или швеѓани имаат од државата купени плацеви за хотели...
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 29-Jan-2011 at 12:06

Мала споредба на двете планирани хидроцентрали Галиште и Чебрен од сајтот на ЕЛЕМ http://elem.com.mk/mk/HidroGaliste.asp и http://elem.com.mk/mk/HidroCebren.asp

ХЕ ЧЕБРЕН 

ХЕ Чебрен се предвидува да се изгради на Црна Река, блиску до селото Манастир, 7 км возводно од Расимбегов мост.
Со својот голем акумулационен простор, оваа ХЕ има можност да го регулира природниот проток на Црна Река. 
Оваа акумулација е прва во низата на три енергетски скалила и има голема важност за производство на квалитетна енергија, не само во ХЕ Чебрен туку и во низводните електрани, изградени или планирани (ХЕ Тиквеш и ХЕ Галиште).
ХЕ Чебрен е прибранска електрана лоцирана во близина на гравитационо-лачната брана. 
Во проектната документација преливниот орган се предвидува да биде преку браната, а темелниот испуст е лоциран во телото на браната. 



Основните карактеристики на ХЕ Чебрен се:
Просечен проток 26,00 m3 /s
Просечно производство 840/786 GWh
Конструктивна висина на брана 192,50 m
Геодетска висина на брана 180 m
Инсталиран проток (турбина/пумпа) 231/208 m3/s
Број на агрегати 3
Инсталирана снага (турбина/пумпа) 333/347 MW
Номинален пад (макс/мин) 172/150 m
Тип на турбина Францис реверзибилна
Тип на генератор Трифазен синхрон
Инвестициона вредност 318.489.000 EURO
Време на градба 6 години

ХЕ ГАЛИШТЕ

ХЕ Галиште се предвидува да се изгради на Црна Река на почетокот на постоечката акумулација Тиквеш. Таа е прибранска електрана.
Електраната се состои од следните објекти: камено-насипна брана со глинено јадро, опточен тунел кој после изградбата ќе се користи како темелен испуст, шахтен прелив, доводен тунел, цевовод и машинска зграда со три агрегати.

Техничката документација е на ниво на Идеен проект. 



Основните карактеристики на ХЕ Галиште се:
Просечен проток 28,90 m3 /s
Просечно производство 262,50 GWh
Конструктивна висина на брана 141,50 m
Геодетска висина на брана 138,50 m 
Инсталиран проток 180,00 m3/s
Број на агрегати 3
Инсталирана снага 193,50 MW
Номинален пад 129,20/78,30 m
Тип на турбина Францис
Тип на генератор Трифазен синхрон
Инвестициона вредност 200.241.000 EURO
Време на градба 7 години


Edited by UrbanFreak - 29-Jan-2011 at 12:07
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 29-Jan-2011 at 12:17
Доколку овие податоци се точни, лаички гледано далеку поисплатлнива е Чебрен. Пред се, поради споредбата моќност/цена на градба. Според просечното годишно производство од табеливе, се гледа деќа моќноста на Чебрен би бил околу 800GWh. Колку за споредба 3те блока во Битола произведуваат  4600GWh. Од друга страна еве ја и споредбата за Вардарска долина (http://elem.com.mk/mk/HidroVardarska.asp)
 

ХЕ ВО ВАРДАРСКА ДОЛИНА 

Десет хидроелектрани се планира да се изградат по должината на реката Вардар со цел да се искористи целиот воден потенцијал на реката. 
За овие електрани техничката документација е на ниво на студија.



Основните технички карактеристики на објектите:
ЕЛЕКТРАНА Qav[m3/s]  Qins[m3/s] H[m] P[MW] W[GWh] Cost[mil.$]
Бабуна 91,2 2x120 8,5 17,34 56,9 47,6
Згрополци 91,2 2x120 8,5 16,93 55,5 51,7
Градско 112,4 2x120 8,3 16,93 66,6 57,6
Кукуречани 147,6 2x120 8,3 16,93 79,5  57,0
Криволак 148,9 2x120 8,3 16,93  80,0  57,0
Дуброво 149,6 2x120 8,3 16,93 80,2 68,2
Демир Капија   2x120 12,0 24,48 116,4 80,4
Милетково 157,2 2x120 8,2 16,72 80,3 70,0
Ѓавато 161,8 2x120 8,2 16,72 83,2  78,8
Гевгелија 164,4 2x120 8,3 16,93 85,1 63,0
Или собрани сите моќности на предвидените централи на овој систем, се добива вкупна годишна моќност од околу 700GWh, со вкупна цена од 438 милиони евра.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 29-Jan-2011 at 21:51
ХеХеХе нема потреба од Галиште...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.195 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.