build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 17-Dec-2010 at 20:32
Точно, само што законите што не се спроведуваат не се од никаква корист. Напротив, баш го разјадуваат редот во општеството дури и повеќе отколку воопшто да не биле донесени.


@ Dave
Друже, уште не се научија да ги поставуваат задолжителните информативни табли по градилиштата, а ти очекуваш да ги миеле камионите
Зошто некој да се замара со такви и слични „ситници“, кога никој не го тера. Од алтруизам? Клучот на проблемот не е кај инвеститорите и кај градежниците, туку кај бескорисната администрација на општините и на повисоките нивоа, која не функционира ради решавање на проблемите, туку е проблем сам за себе.


Edited by Cloverstack - 17-Dec-2010 at 20:33
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 17-Dec-2010 at 21:22
Убаво ми се познати овие работи и знам дека се секојдневие. Па баш затоа мислам дека би било убаво барем овде да се актуелизира, па можеби ќе добие поголемо внимание. Неколку пати сум слушнал за интервенции од општинарите, ама кога се работело за лични пресметки меѓу соседи и кога на барање на некој комшија со врски општината да те малтретира од проект до вселување (па и после), ама никогаш не со намера да запазат некакви прописи. Чудно е што не гледаат општините корист во ова...казните би се слевале во општинска каса, па може многу повеќе да се заангажираат.

Знам дека звучи како да си мислам дека сум во Шведска, ама градов стварно има слика на одредени места како скоро војна да се водело...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 17-Jan-2011 at 12:13
ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО АКЦИЈА ЗА РАЗЗЕЛЕНУВАЊЕ И РЕНОВИРАЊЕ
Градски ѕид ќе добие нов изглед, другите ќе почекаат

Роза Петкова

Тревниците пред станбените згради, иако се дел од градското зеленило, ретко или речиси воопшто не се обновуваат, а нивното уредување најчесто е стихијно и најголем дел од нив, наместо со зелена трева и со садници, се полни со земја, кал и по некое расфрлано ѓубре. Сличен е случајот и со пешачките патеки околу зградите, тротоарите и урбаната опрема за чиешто одржување најчесто се надлежни општините. Жителите од станбените блокови многупати бараат од општините и од градските јавни претпријатија да ги уредат површините пред нивните згради, но редовно добиваат одговор дека тоа не е во нивна надлежност или дека не се влезени во програмата. Па така, кога пред нечиј влез ќе се забележи нова поплочена патека, тревник и засадени дрвца, соседите знаат да искоментираат дека тука сигурно живее некој виден функционер штом токму неговата зграда добива подобар третман меѓу сите останати. Тоа го потврди со пример Општина Центар, која изминативе неколку месеци е концентрирана на комплетно реновирање и уредување на околината од станбениот блок Градски ѕид. Трите кули спроти трговскиот центар „Рамстор“ заличија откако Општината ги обнови зелените површини, засади нова трева, посади елки и изведе цветни аранжмани, целосно ги реновираше тротоарите, нареди заштитни столпчиња и поплочи патеки меѓу зеленилото, таму каде што граѓаните се навикнале да преминуваат за да го скратат патот. Покрај тоа, општинарите организираа акција за обнова на подземните гаражи за да ги навикнат станарите да паркираат во нив.
Ваквата ажурност на властите од Центар ги задоволи станарите од Градски ѕид, но ги разлути жителите на општината пред чиишто домови околината е запуштена. - Живеам на пет минути од строгиот центар. Од кога се изградени нашите згради никој од Општината не дошол да засади дрвце, да го искоси тревникот или, пак, да посади нова трева. Површините што беа наменети за тревници се комплетно уништени и веќе не се распознаваат. Да не зборувам за тротоарите и за паркинзите. Со паркиралиштето стопанисува „Градски паркинг“, но и тие не мрднале со прст за да вложат во уредување на просторот кој го зедоа бесплатно од нас, граѓаните - велат жители на една од скопските населби. За своите активности од Центар објаснија дека се дел од нивната комунална програма, но не одговорија според кој критериум избираат пред чија зграда ќе никнат трева и цвеќиња и ќе се наредат бекатон-плочки. - По извршен увид на терен од страна на нашите стручни служби, почнато е со ваква акција во централното подрачје. Работата ќе продолжи веднаш штом временските услови ќе го дозволат тоа и на други локации, зад хотел „Бристол“, околу „Зелен пазар“, зад Градска болница и зад Соборниот храм. За досега извршените активности Општината од сопствениот буџет издвои 1.400.000 денари - вели Јовица Ацковски, портпарол во Центар. Според него, паралелно се работи и на комплетна реконструкција на 14 гаражи во општина Центар, која опфаќа целосно чистење на внатрешниот простор, молерисување, осветлување, заштитни огради на влезот на гаражите и менување на влезно-излезната врата. За таа намена Општината ќе потроши 2,5 милиона денари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2217&ArticleID=154755
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 18-Jan-2011 at 19:05
neznaev tocno kade da pisam za ova pa tuka odluciv, ako ima nesto vakvo slicno nekade na forumov prefrlete. blagodaram
znaci eve edna mala idea kako bi mozelo da se napravi kejot vo skopje za sportska rekreacija, investicijata sigurno ne e golema, a mislam graganite ovaa idea blagodarno bi ja prifatile bidejki kejot taka i taka se koristi za sportuvanje nis cela godina







Edited by spaceman091 - 18-Jan-2011 at 19:07
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 09-Feb-2011 at 13:57
mislam deka vo minato imase diskusija za ovaa kukja vo kisela voda, dali ima nekoj informacii kakva e momentalnata sostojba? i dali ovoj objekt ima sopstvenici ? jas kolku sto znam objektov bil na nekoe evrejsko semejstvo


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 28-Mar-2011 at 14:27

Ќе се чистат 94 речни корита и Преспанското крајбрежје

СКОПЈЕ / 28.03.11 / 14:38
Вкупно 94 речни корита, како и дел од крајбрежјето на Преспанското Езеро, ќе се чистат годинава согласно Акциониот план за 2011 што го усвои владата, официјално е соопштено денеска.

Ќе бидат исчистени коритата на реките Вардар, Пчиња, Брегалница, Лепенец, Црна Река, Треска и Крива Река. Исто така, предвидено е чистење и на реките Драгор, Бистричка Река, Шемница и Жабјанска река во општина Битола, Струмешница во Босилево и Василево, потоа Габровчица, Звегорска Река и дел од Брегалница во Делчево, Мрзенска Река, како и реката Вардар во Гевгелија, Голема Река, Врбјанска Река, Издеглавска Река, како и каналот на реката Сатеска во општина Дебарца, потоа Деребашки порој и дел од Црна Река во општина Дојран, Каменичка Река во Македонска Каменица, Злетовска Река во Чешиново – Облешево , Жировничка Река во општина Маврово и Ростуше; Липковска, Лојанска и Отјањска Река во Липково, Радовишка, Ињевска и Река Плаваја во Радовиш и Градска Река во Прилеп.

На територијата на општина Кочани предвидени се активности на Кочанска и Оризарска Река, како и одводните канали во с. Грдовци, с. Мојанци, с. Д. Полог, потоа Сува Река во општина Илинден, Кратовска Река во Кратово, Дурачка, Мождивјачка, Огутска, Киселичка Река и дел од Крива Река во Крива Паланка.

Во општина Неготино предвидено е чистење на Т`лминска Река, Брестин дол, Дисанска, Тремничка Река, во општина Штип реките Лакавица и Балталиска, како и реките во општина Струмица, и тоа: Даболско, Стара Река, Мртвица, Турија, Чешмица и Река Тркања. Во Тетово, Реката Пена и Голема Речица, Вевчанска Река во Вевчани, Тајмишка Река во Зајас, а на територијата на општина Берово, Ратевска Река како и Колачински, Ормански и Маначински поток.

Во општините Пехчево и Пробиштип предвидени се реките : Панчаревска, Црничка и Пишичка Река. Во Богданци реката Луда Мара, а во Виница реките: Осојница и Сушица, како и дел од Брегалница.

Во општина Струга ќе се чистат каналите: Калишки, Теферич и Индустриски канал, во Кичево реката Сушица, а во Брвеница реката Камењанска.
Во општината Врапчиште планирани се реките Мурговска, Топличка и Река Модрача
http://daily.mk/cluster3/9fdb9d0e72ffe2b3acd9a12b893c9442/660150

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 17-Apr-2011 at 18:59
Се реновира градската фонтана fontana_11042011_t.jpg11.04.2011
Фонтаната кај паркот на градскиот плоштад, која имаше претрпено сериозни оштетувања, деновиве се реновира. Работите ги извршува Јавното претпријатие "Комуналец" и за таа цел Општина Гостивар од својот буџет одвои околу 2 илјади евра.

"Се поставуваат мермерни плочи од висок квалитет и се работи на поправка на електричната инсталација, каде што старите рефлектори се заменуваат со нови и во текот на оваа недела, фонтаната со нов изглед ќе биде ставен во функција“, вели Куртиш Салија, директор на ЈП "Комуналец.

Оштетувањата на фонтаната се должат на атмосферски влијанија но се предизвикани и од човечки фактор. Општина Гостивар апелира до граѓаните да се грижат за јавниот имот и да пријавуваат случаи на оштетување на јавните добра и урбаната опрема од страна на несовесни лица.

http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=926&Itemid=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 19-May-2011 at 17:07
Се гради урбан комплекс во Хиподром
Реализација на уште еден значаен проект за жителите најавуваат одговорните од Општина Гази Баба. Тие деновиве се ангажирани на изградба на урбан комплекс во населбата Хиподром, во кој жители ќе имаат место и време да се одморат и уживаат за време на топлите денови.
- Во овој комплекс ќе се направи паркинг-простор со површина од 800 метри квадратни, ќе има и пешачки патеки, детско игралиште, детски забавни катчиња, места за одмор, канти за отпадоци, а целата површина хортикултурно ќе се уреди, информираат одговорните од општината.
За реализација на проектот од буџетот на Општината ќе бидат потрошени 1,5 милиони денари. Изведувач на работите е скопската фабрика Карпош. http://vecer.com.mk/?ItemID=355A30B0EBED8A4B80A1A3C04FA655F0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 19-May-2011 at 17:41

Одбележан центарот на Македонија

Одбележан е центарот на Македонија. Тој се наоѓа на надморска висина од 300 метри, во месноста Длабок дол, во близина на селото Долно Врановци, во општина Чашка.

Оддалеченоста на географскиот центар од најсеверната и најјужната паралела на државната територија изнесува околу 90 километри а оддалеченоста од најисточниот и најзападниот меридијан околу 110 км.

Професор Златко Србиновски од катедрата за геодезија на Градежен факултет изјави: „Ние за оваа пригода ја одбравме најдобрата метода станува збор за определување на геометриско тежиште Значи географски центар како геометриско тежиште на сите точки од граничната линија на РМ“

Експертите точната локација на центарот на Македонија, ја утврдиле за два месеци откако тоа од нив го побарала Агенцијата за катастар на недвижности.

„Секоја држава си го знае географскиот центар. Ова беше зацртано и од наша страна дека требаше да се изготви бидејќи никојпат во историјата на Македонија не била дефинирана таа точка„ изјави Љупчо Ѓоргиевски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Македонија живее и во малите, рурални места и секаде каде што пулсира нејзиното срце. Вака ја оцени денешната активност на Агенцијата и експертите пратеникот Ѓорчев.

„Тука во географскиот центар на Македонија, во делот на Долно Врановци и општина Чашка со ова можат да се отворат нови можности за туризмот„ изјави Влатко Ѓорчев, носител на листа со кандидати за пратеници во ИЕ 3.

Географскиот центар на Македонија се наоѓа во еколошки најчистиот предел на државата, покрај реката Бабуна, недалеку од Мелничка планина и врвот Вртешка. Од селото Стари град е оддалечен само 2 км, но дотаму се стигнува по тешко прооден пат.

„Се надеваме дека доколку во прво време не можеме да го асфалтираме ќе го постелеме со тампон за да можат сите посетители да доаѓаат со автомобили“ вели Горан Пановски, градоначалник на Чашка.

Од локацијата, општината ќе се обиде да направи туристичка атракција. 
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=75343
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 20-May-2011 at 01:36
а некој да дедеше координати за да видиме каде е географскиот центар ќе беше поинтересно
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 24-May-2011 at 01:36
Ќе се гради кружна фонтана зад ТЦ „Три бисери“

Општина Аеродром ќе гради кружна фонтана во паркот зад трговскиот центар „Три бисери“. Според градоначалникот Ивица Коневски, таа ќе биде на две нивоа, со два полукружни прстена. Планирано е изградбата да почне за еден и пол месец, а да заврши до септември.

- Фонтаната ќе биде слична на онаа на Тоше Проески. Веќе е во тек тендер за избор на најповолен изведувач - кратко објасни Коневски.

Според проектот, постаментот ќе има три скали во кружна форма. Во средината на фонтаната, од каде што ќе извира водата, ќе има бетонски квадратен елемент.

- Двете нивоа ќе имаат наизменичен двостепен воден режим на работа. Што се однесува до осветлението, светилките ќе бидат вградени на скалите - објаснија од Одделението за односи со јавноста во Општина Аеродром.

Просторот ќе биде уреден со гранитни плочи, како и со патеки и клупи.

Проектот е изработен од фирмата „Мегарон“ и чинел 60.000 денари. Но, тој ќе биде донација од фирмата за Општината Аеродром. (А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=26BEFD2D1019064F97DCB0CCE141150B
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 25-Aug-2011 at 12:07
ЧОВЕК НА ГОДИНАТА

Докажав дека Скопје може да стане модерен град

Биљана Здравковска-Стојчевска
Докажав%20дека%20Скопје%20може%20да%20стане%20модерен%20град

Капитал Медиа Груп годинава за првпат ја воведува наградата “Човек посветен на Македонија”. Иако наградата редовно ќе се доделува кон крајот на годината, годинава одлучивме човекот на годината да го објавиме порано во пресрет на 8 септември кога Македонија слави 20 години независност.Годинава немавме дилеми за човек кој најпосветено работеше за Македонија да го одбереме градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски

Капитал Медиа Груп годинава за првпат ја воведува наградата “Човек посветен на Македонија”. Иако наградата редовно ќе се доделува кон крајот на годината, годинава одлучивме човекот на годината да го објавиме порано во пресрет на 8 септември кога Македонија слави 20 години независност.

Годинава немавме дилеми за човек кој најпосветено работеше за Македонија да го одбереме градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски. Во интервјуто кое по тој повод го направивме со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а кое ќе биде во целост објавено во петочното издание на магазинот “Капитал“, со него разговаравме за сите големи и значајни проекти кои се реализирани во неговиот мандат, за проектите кои допрва ќе почнат да се градат, за начинот на кој тој управува со градот, за неговата визија за Скопје...

Зошто токму Коце Трајановски? Затоа што во период од неколку години во кои тој седи во градоначалничката фотелја во Скопје реализираа многу големи и значајни проекти за градот, за кои неговите претходници со години нe убедува дека се невозможни, неостварлви, дека за нив нема доволно пари... Коце Трајановски докажа дека, сепак, можело. Тој е градоначалник во чиј мандат Скопје пред нашите очи доживува вистинска преродба и трансформација. Градот за краток период буквално го смени ликот на централното градско подрачје. Се градат булевари, тротоари, паркови, плажи, споменици. Коце Трајановски е ликот кој на целата оваа градителска офанзива и дава една човечка димензија. Човек кој со својата трудољубивост го поттикнува градителскиот дух кај Македонците и ја враќа довербата дека работите, сепак, можат да се средат ако со нив се зафати човек кој сака, знае и умее како.

“Би сакал Скопје навистина да доликува на вистинска метропола. Да прерасне во град со ефикасно решен сообраќај, кој ќе има добра комунална хигиена, многу паркови и зеленило, добар културен и забавен живот и град кој ќе го посетуваат многу туристи. За Скопје да биде интересен за туристите треба сиве овие проблеми да бидат решени и градот да биде привлечен за странски туристи, да има своја специфика, да си ја покаже својата историја... Скопје сакам да го видам како организиран град, како град на кој ќе внимаваат и за кој ќе се грижат не само општината, туку и самите граѓани кои живеат во него”. Ова е визијата која за Скопје ја има Коце Трајановски.

Тој веќе неколку години работи на остварување на неговата визија. Посебно е горд што во неговиот мандат се изградени многу значајни булевари и сообрачајници како булеварот Србија, булеварот Илинденска, а во тек е изградбатра на булеварите Климент Охридски и Тодосиј Гологанов. Иако градот во изминатите неколку месеци беше раскопан, со многу градежни работи кои го попречуваат сообраќајот, сепак ја немаше типичната нервоза и хистерија која порано беше типична по улиците на Скопје. Жителите на Скопје како да имаат и премногу трпение за сите градежни работи кои го попречуваат сообраќајот, веројатно смирени од задоволството дека по 20 години независна Македонија конечно нешто се гради и се менува во главниот град.

Трајановски вели дека градежната офанзива продолжува и по 8 септември. За следната година се предвидени уште неколку големи и значајни проекти.

“Клучен проект за следната година е изградбата на значајниот и долгоочекуван булевар Првомајска, кој почнува од Рампа се до почетокот на ОХИС. Парите се обезбедни преку ЕБРД, тендерот веќе е објавен, а во Владата се подготвува законот за задолжување на градот Скопје, кој треба да биде изгласан и во Парламентот. При крај сме со подготовките, сега ги расчистуваме имотно-правните односи, кои се надевам дека ќе ги завршиме за месец и половина. Целата траса се расчистува и се планира неговата изградба да стартува во февруари или во март и ќе биде изграден за околу осум месеци. Значи, следната година во септември Скопје ќе го има и новиот булевар Првомајска”, вели Трајановски.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72763/dokazhav_deka_skopje_mozhe_da_stane_moderen_grad.aspx?iId=2319
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 27-Sep-2011 at 01:06

Изградена кружна патека за вовчето


По налог на Град Скопје ЈП "Улици и патишта" во изминативе денови ја изградија патеката за кружно вртење на вовчето што ќе поминува во насока од паркот на Франкофонијата кон Градскиот парк, информираат од претпријатието.

Од таму додаваат дека при изградбата на патеката извршени се ископи на земјен материјал, поставени се рабници во должина од 150 метри, поставен е чакален тампон-слој на 80 кубни метри површина и на крајот покриена е патеката со бекатон-плочки на површина од 215 квадратни метри. http://vecer.com.mk/?ItemID=04A8FF4CA605384A86B99AF19CE72CF5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 12-Oct-2011 at 15:48

Големата обнова на Скопје ги заобиколи тоалетите

Засега туристите, па и жителите на градот за да одат во тоалет треба или да посетат некое кафуле или ресторан, или да прошетаат по ходниците на трговските центри, но потрагата по јавно ве-це што е пристојно од хигиенски аспект е тешка и честопати неуспешна




Вкупно десет ве-цеа има на подрачјето на општината Центар

Што му стои на располагање на еден скопјанец ако има потреба од тоалет, а се наоѓа на плоштадот? „Рамстор“ како хигиенски најприфатлива опција, ако се мора и Градскиот трговски центар и мостот „Гоце Делчев“ или, пак, ако навистина нема друг избор, еден од тоалетите кај зеленото пазарче или кај Буњаковец. Секако, тука се и можностите да се праша во некое кафуле (иако тие не секогаш одобруваат) или безобразно да се искористат темните ќошиња или премините под зградите.

Какви им се, во овој поглед, можностите на странците или на посетителите од други градови? Ги имаат истите опции како и домашните, но за разлика од нив, немаат никаква информација. Може да бараат со часови и да не најдат тоалет, зашто повеќето се на несоодветни локации и без ознаки што би помогнале полесно да се стигне до нив. Големата обнова на Скопје, која почна да привлекува сé повеќе гости во градот, сепак го заобиколи задоволувањето на основните потреби. Се чини, не само засега, бидејќи локалните власти не покажуваат доволен интерес да сторат нешто по ова прашање.

- Изградбата и одржувањето на јавните санитарни јазли, во согласност со Законот за градот Скопје, се во надлежност на општините во градот - соопшти Неделчо Крстевски, портпарол на градот.

Вкупно десет ве-цеа има на подрачјето на општината Центар, која се протега од улицата Рузвелтова до железничката станица, но општинарите велат дека не е нивна работа да се грижат за ниту едно од нив.
- Ние не стопанисуваме со вакви објекти. Тие се на трговските центри и на „Скопски пазар“, а за оние кај мостот „Гоце Делчев“ е надлежна градската управа - рече Јовица Ацковски, општинскиот портпарол.
Но општината има паркиралишта на кои се оставени мобилни кабини наменети за корисниците на паркинг-услугите, со што барем делумно се решава овој проблем.

- Во наредниот период ќе направиме напори за поставување нови санитарни јазли, сé со цел да бидат подостапни за граѓаните - додава Ацковски.

Скопјани подолго време се незадоволни од состојбата со јавните тоалети.

- Срамота е да се задушуваме во неподнослива миризба, нечисти тоалети, без сапун и тоалетна хартија. Кога има некои такви големи настани, како „Пиволенд“, „Виноскоп“, „Баскерфест“ или како што беше прославата за 20-годишнината од независноста, се молам да не ми се приоди во ве-це. Тоалетите во ГТЦ се ужасни, но кога немаш избор, мораш да ги употребиш. А монтажните кабини се уште полоши. Генерално, нивото на хигиена во сите јавни тоалети, дури и низ установите е под нулата - изјави Милица Велеска од Аеродром.

Во многу земји ова прашање се решава така што се градат објекти наменети само за тоалети, со соодветно уредување и со хигиена на високо ниво, постојано снабдени со тоалетна хартија и со сапуни.
- Речиси секаде каде што сум бил не сум имал проблем да најдам пристоен тоалет, во Амстердам, Несебар, Виена, Љубљана. И тоа посебни објекти изградени само за тоалети. Уредени се, многу се одржуваат, воопшто не личат на јавни тоалети. На некои места се наплаќа по некоја симболична сума, но на повеќето не се наплаќа - изјави студентот Игор Андов.

Во Њујорк, поточно на Тајмс сквер има јавни тоалети, кои им се наоѓаат на многуте туристи, а и на локалните жители. На најпознатиот њујоршки плоштад се наоѓа огромен знак со стрелка на која пишува „оалет“. Може да се избира помеѓу 20 кабини, кои се уредени во различни стилови. Кабините се загреани, убаво уредени и чисти. Околу 30 луѓе се вработени за нивното одржување во текот на празничната сезона, кога се очекува голем прилив на туристи во Њујорк.



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101211845462&id=14&prilog=0&setIzdanie=22403
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 27-Oct-2011 at 18:42
Вангел Божиновски и Мирослав Грчев на повеќе теми, од вчера во емисијата Трн во око на АБ телевизија.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 27-Oct-2011 at 23:10
Ја изгледав емисијата, утепав еден саат, и можам да кажам дека не ми е криво. Дознав интересни информации, научив некои работи, а богами и самиот факт дека овие двајца всушност воглавно се согласуваат (настрана од Ск2014), вреди да се види.  LOL

Поздрав за избраните теми, но штета што новинарката не беше на повисоко ниво и подобро запознаена со тематиката, ќе излезеше уште подобра емисија.


Патем, од емисијава се гледа колку некои исклучително важни теми се максимално маргинализирани и дека целото општество долго време е во замка - речиси целото внимание е свртено кон фасади, споменици и водоскоци. Мора вистински да се вратат на дневен ред и вакви теми како во емисијава.



Edited by Cloverstack - 27-Oct-2011 at 23:11
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 28-Oct-2011 at 00:06
Да интересно што и така почна емисијата и така ја најави новинарката, дека нма да се збори за Скопје 2014 иако малку се начна од темата, само секоја чест за таквата емисија, друг новинар да ги имал двајцава во емисија немаше ни да му падне на памет за друго да дискутира, ќе чувствуваше обврска како да мора за тоа Скопје 2014 да се зборува.

Она што ме збуни, а можно е да нешто не знаеме, е нешто што Вангел дали го кажа за сателитски град околу ОКТА меѓу Мралино и Алакинце. Ова кореспондира со стари најави за некаков нов град само и тогаш беше во оптег Малино, ама сега малку подобро го позионираше незнаев дека е према Алакинце. Кажа Мралино, и двете села се блиску до ОКТА па затоа е некоја забуна. Значи се работи за Малино, не Мралино.


Edited by lslcrew - 28-Oct-2011 at 00:19
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 01-Dec-2011 at 19:57

Унгарија ги забрани бездомниците

Унгарците кои немаат кров над глава и спијат по улици, или ќе платат казна од 450 евра или ќе одат зад решетки.

Унгарија%20ги%20забрани%20бездомниците

Новата одлука со која бездомниците на некој начин се сметаат за престапници, е донесена по иницијатива на претставници на владејачката конзервативна партија, со објаснување дека не постои друг начин како Будимпешта да се справи со огромниот број на луѓе чиј дом се улиците.

Новиот закон веднаш го осудиле луѓето од добротворните организации кои се категорични дека нема доволно преноќевалишта за сите бездомници. Се проценува дека само во Будимпешта има околу 10.000 бездомници.
Преноќевалиште за бездомници во Унгарија
Хуманитарците тврдат дека законот не бил донесен врз основа на рационални критериуми и професионализам, туку дека е одобрен зашто на многумина граѓани бездомниците едноставно им сметаат.

“Длабоката сиромаштија треба да се искорени, а не да се забрани,“ реагирал хуманитарецот Миклос Вецсеи.

Согласно законот сите лица што ќе бидат затечени да спијат на улица прво ќе добијат предупредување а потоа ќе бидат уапсени или казнети со 450 евра.

http://on.net.mk/vesti/svet/ungarija-gi-zabrani-bezdomnicite
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 05-Dec-2011 at 00:54
Во руралните средини лицата со хендикеп живеат како фантоми!


Постојат низа примери каде околината не ни знаела дека имало дете во домот, само поради тоа што било родено со хендикеп, па семејството го криело


"Хендикепот не е прашање на медицина, туку на човекови права, и не е прашање на социјала, туку прашање на социјална политика и интеграција", со ваква порака директорот на здружението на лица со хендикеп "Полио Плус", Звонко Шавревски го поздрави Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември. Денот кој е избран во чест на годишнината од усвојувањето на светската програма на активностите за хендикепираните од страна на Генералното собрание, има за цел да го подигне степенот на разбирање на проблемите на хендикепираните и да ја зголеми свеста за сето она што ќе се добие доколку хендикепираните во секој аспект се интегрираат во општествениот и економскиот живот на заедницата. Иако во Македонија во последниве години се прават напори да се исполнат основните услови за подобро секојдневие на лицата со хендикеп, сепак состојбата се уште е загрижувачка, а лицата со хендикеп, особено во руралните средини, се се уште на дното. Пристапните рампи, паркинг местата за инвалиди, звучната сигнализација на сообраќајниците, пристапноста до згради и установи кои полека но сигурно почнаа да се имплементираат во животот на лицата со хендикеп во Скопје, се непознати поими за оние од руралните средини. Без речиси никакви олеснителни околности во образовните институции до кои и немаат олеснителна пристапност поради неприлагоденоста на зградите, лицата со инвалидитет се принудени да го поминат животот дома, без диплома и без никаков социјален живот. Дел од нив и се скриени во домовите од страна на старателите бидејќи јавната свест на околината е на ниско ниво.
- Сме биле сведоци на многу семејства во кои лицата со хендикеп се чуваат како тајна, и поради тоа не излегуваат од домовите со децении. Дискриминацијата во руралните средини е огромна бидејќи таму не се промовираат правата на лицата со хендикеп, ниту пак се презема нешто, за да се подобри нивното секојдневие. Постојат низа примери каде околината не ни знаела дека имало дете во домот, само поради тоа што било родено со хендикеп, па семејството го криело. Важно е да се покрене јавната свест за лицата со инвалидитет, но не само на хартија, бидејќи секогаш непишаните закони се повлијателни од пишаните, додаде Шавревски, притоа истакнувајќи дека единствениот излез од ваквата катастрофална состојба во руралните средини е законите од национално ниво да се имплементираат на локално. Но проблемот не е постојан само во руралните средини. Во Скопје, и покрај многубројните напори за подобрување на секојдневието на лицата со хендикеп, сепак постојат многу црни дупки кои треба да се пополнат. Здравствените домови, факултетите (со исклучок на Правниот и Филозофскиот), дел од хотелите како и јавните институции, а и станбените згради немаат пристапни рампи ниту лифтови кои би им овозможиле пристап на лицата со хендикеп. Иако со законот за градба донесен во 2006 година, се предвидоа девет обележја во кои е вметнат и олеснителниот пристап за лицата со хендикеп, сепак градежните компании бараат автентично објаснување на поимот "пристап за лицата со хендикеп". За ваквиот проблем говореа и од "Полио Плус" каде ни открија дека постоеле многу случаи во кои лицата со хендикеп барале лифт од сопствениците на зградите кои им ветиле пристап, но не успеале да го добијат поради недефинираниот термин во законската рамка.
-Но, проблемот не е само со станбените згради. Тука се и образовните институции, за кои ние сметаме дека се клучот кон подобра социјализација на лицата со хендикеп. На неколку факултети, постојат лифтови, но тоа лице треба да заврши средно и основно образование за да стигне до факултет, нели? Доколку и таму би имало лифтови тогаш би било поинаку и лицата со хендикеп би имале подобро образование и поголема можност за вклучување на пазарот на работна сила, ни рече Шавревски.

Бројката на лицата со хендикеп е се уште непозната
"Вистинската дијагноза е исто како половина лек" е изреката со која се докажало дека европските држави, а и лицата со хендикеп имаат подобро секојдневие. Но со Македонија тоа и не е пример. Од осамостојувањето, па се до денес, бројката на лицата со хендикеп е се уште непозната. Не постои статистика, туку единствено претпоставка од Светската здравствена организација (СЗО) дека во земјите во развој, процентот на лица со хендикеп е околу 10 отсто.
- Со годинешниов пропаднат попис не успеавме да ја имаме точната бројка за тоа колку лица со хендикеп живеат во Македонија. Се надеваме дека ќе го имаме точниот процент во 2012, бидејќи истиот ќе помогне при утврдување на нормите и стандардите кои треба да се имплементираат, додадоа од "Полио Плус".

Денеска Собранието ќе ја ратификува Конвенцијата на ООН
Иако Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, освен со многубројните активности требаше да биде одбележан и со ратификувањето на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на Обединетите Нации, сепак Собранието на РМ реши оваа точка да ја стави на денешниот дневен ред. Конвенцијата што ОН ја донесе во декември 2007, Македонија ја потпиша во март 2008, како и акцискиот протокол, но ратификувањето во Собранието заглави поради процената на финансиските импликации.
- Конвенцијата е светски, глобален документ, што треба да создаде нов систем и ново гледање на лицата со хендикеп. Тука е системот на независно живеење, помош на семејствата кои имаат лице со хендикеп, интеграција, образованието со кое хендикепот може да се победи итн. Сето тоа е начелно опфатено во Конвенцијата, но за тоа ќе ни требаат промени во закони, правилници, упатства, а најмногу ќе ни треба отворен ум - истакна Шавревски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F02AF23E7B6A1042830A3BD1772C6180

Толку тротоари се реновираа, проблем беше да се набави повтршина рапава за слепите лица да можат да се движат. И така се сега од бекатони и плочки може ефтино да се заменат. Прв чекор што може без многу финансии да го направат. Тие што бараат афтентично толкување што значи пристап за лицата со хендикеп некако и наудрени се прават, еве во сопствена режија нека протолкуваат што значи тоа, ама да функционира. Трката по квадрат повеќе е причина, а не толкувањето.



Edited by lslcrew - 05-Dec-2011 at 00:56
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 07-Mar-2012 at 10:29
Туристички воз низ Прилеп

Градските власти на Прилеп распишаа тендер за набавка на туристички воз кој ќе се движи низ градот и ќе ги поврзува сите културно-историски споменици и знаменитости. Градоначалникот Марјан Ристески оцени дека со превозното средство што ќе се движи на струја, а не на фосилни горива, ќе се даде уште еден импулс на промоција на богатото културно наследство на Прилеп и ќе создаде уште една можност за туристите кои случајно или намерно дошле во градот со богата историја.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CFC970DF8194AB42947E015435A484BB
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.385 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.