build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Закон за градење

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Закон за градење
    Posted: 29-Jun-2010 at 00:53
И до сега сме имале повеќе вести и дискусии за новиот закон за градење, особено за контроверзниот дел што предвидува конфискување на објекти и земјиште. Но постовите се расфрлани и заплеткани во други дискусии, па веројатно е најдобро да почнеме нова нишка со чиста ситуација токму со оваа вест:

Предложени измени и дополнувања на Законот за градење

Министерството за транспорт и врски изготви и до Собранието на Република Македонија достави предлог измени и дополнувања на Законот за градба. Тие се резултат на мерките за унапредување на казнената политика и четвртиот пакет анти-кризни мерки кои Владата ги усвои во март, а имаат за цел појаснување на одделни одредби, скратување на процедурата за ставање на објектите во употреба и вградување на мерките кои се однесуваат на санкционирање на прекршителите на Законот.

Измените предвидуваат одобрение за употреба на градбите и вршење на технички преглед од страна на комисија да се издава само за градбите од прва и втора категорија, додека останатите градби да се ставаат во употреба врз основа на извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер, односно правно лице лиценцирано за вршење на надзор при изградбата. Извештајот ќе се доставува до соодветната општина која го издала одобрението за градење заради евиденција, а извештај со проект на изведена состојба и геодетски елаборат ќе се доставува до Агенцијата за катастар на недвижности заради запишување на правото на сопственост на објектот.

Со  измените исто така се предлага како урбана опрема да се сметат и типски објекти за вршење на туристички, културни и спортско рекреативни дејности, а се врши и допрецизирање на одредбите со кои е регулирано дека и странски правни лица, под услови утврдени во законот, под исти услови како и домашните правни лица, можат да учествуваат во постапка за градење на градби. Имено, со предложениот закон се предвидува: “Странско правно лице да може во Република Македонија да ги врши работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор пропишани со овој закон доколку добие потврда за вршење на наведените работи од органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа за уредување на просторот. За добивање на потврда, правното лице од држава која е членка на Европската Унија треба да достави барање и докази со кои се потврдува дека лицето е регистрирано за вршење на соодветната дејност во земјата во која има седиште и дека има дозвола односно лиценца за вршење на соодветните работи за видот на градбата, за кои бара потврда, а правно лице од држава која не е членка на Европската Унија, треба да достави и листа на извршени работи. Врз основа на доставените докази, органот на државната управа надлежен за вршење на работите за уредување на просторот, ќе издаде потврда кои работи согласно овој закон, странското правното лице  може да ги врши во Република Македонија. За вршење на овие работи странското правно лице е должно, во Централниот регистар на Република Македонија да регистрира подружница или правно лице.“

Се предлага и значајна измена која се однесува на инфраструктурните линиски градби за кои согласно Правилникот за стандарди и нормативи за планирање не се формира градежна парцела, заради што во постапката за добивање одобрение за градење за оваа инфраструктура не се издава акт за регулациона, градежна и нивелациона линија. Исто така со измените се пропишува дека инвеститорот го доставува одобрението за градење до органот што ја води јавната книга за запишување на правата на недвижности во рок не подолг од шест месеци по неговата правосилност. Со постојните решенија ова е обврска на општината.

Во останатите одредби во Предлогот на законот се извршени измени заради разграничување на дејствијата предвидени како прекршоци со законот и тоа во зависност која категорија е градбата. Исто така, пропишани се прекршочни санкции за лицата кои ќе постават урбана опрема – тераси со или без настрешници и покриени или непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобението за поставување. За прершување на овие одредби се предвидени санкции со глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку постави урбана опрема – тераси со или без настрешници и покриени или непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобението за поставување, како и  глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице, односно глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра за физички лица – трговци поединци.

Предвидени се санкции и за изведувачите – правни лица, ако при изведување на градби не водат градежен дневник и градежна книга за изведените градежни работи, не состават писмен извештаај за изведените работи, не го означат со информативна табла градилиштето, привремено зафатат за потребите на градилиштето јавна сообраќајна површина без дозвола, не ги отстранат од градилиштето непотрошените градежни и други материјали, отпадот и слично и доколку не ја поседуваат соодветната документација на градилиштето, предвидена со Законот за градење. За изведување на градбите од прва, втора и трета категорија, пропишаната глоба за прекршување на овие одредби е во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност, а за изведување на градби од  четврта и петта  категорија глобата е во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.

http://www.build.com.mk/?p=4135
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jun-2010 at 14:36
МИНИСТЕРСТВОТО ГИ ПРЕЗЕНТИРА НОВИНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ
Странци ќе градат во Македонија Административните процедури ќе се поедностават, инвеститорите ќе имаат помали трошоци и помалку бирократски пречки кога ќе вадат дозволи за градба, за технички прием или друг вид документација - предвидуваат измените во Законот за градба, кои се во собраниска процедура, а ги подготви Министерството за транспорт и за врски.
Измените во Законот предвидуваат можност странски фирми да може да учествуваат во постапка за градење, под исти услови како и домашните.
- Се предвидува странско правно лице да може во Македонија да ги врши работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор, пропишани со овој Закон, доколку добие потврда за вршење на наведените работи по државен орган - вели Драган Симоновски, портпаролот на Министерството.
За фирмите од Европската унија што сакаат да градат во Македонија ќе им се бара лиценца од матичната држава, а за фирмите од земјите што не се од ЕУ ќе им се бараа и портфолиото за досегашните проекти што ги има реалзирано фирмата.
- Се предвидува странско правно лице да може во Македонија да ги врши работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор, пропишани со овој Закон, доколку добие потврда за вршење на наведените работи од органот на државна управа, надлежен за вршење на работите од областа за уредување на просторот - објаснува Симоновски.
За добивање таква потврда странската фирма треба да достави докази дека е регистрирана за вршење на соодветната дејност во земјата во која има седиште, и оти има лиценца за вршење на соодветните работи. Поинаква е постапката за фирмите од земјите надвор од ЕУ.
- Правно лице од држава што не е членка на ЕУ треба да достави и листа на извршени работи. Врз основа на доставените докази, органот на државната управа кој е надлежен за вршење на работите за уредување на просторот ќе издаде потврда, во согласност со овој Закон, странското правното лице да може да ги врши во Македонија. За вршење на тие работи странското правно лице е должно во Централниот регистар на Македонија да регистрира подружница или правно лице - информира портпаролот Симоновски.
Со измените на Законот се зголемуваат казните за недозволено поставување урбана опрема - летни тераси, стреи, клупи за седење и слично. Глобата за правно лице сега изнесува од пет до 7.000 евра, за одговорното лица од две до 4.000 евра, а за трговците-поединци од четири до 6.000 евра. Симоновски вели дека оваа измена е дел од усвоените мерки на Владата за унапредување на казнената политика и за антикризните мерки.
- Предвидени се санкции за изведувачите ако не водат градежен дневник и градежна книга за изведените градежни работи, ако не состават писмен извештај за изведените работи, ако не го означат градилиштето со информативна табла и ако не ја поседуваат соодветната документација на градилиштето. Пропишаните глоби за овие прекршоци се движат од две до седум илјади евра - изјави Симоновски.
Новина која се внесува со измените на Законот е и тоа што за помалите објекти, станбени згради и куќи, при постапката за предавање во употреба ќе биде потребен само извештај од лицето кои е овластено за надзор, а за поголемите објекти ќе биде потребно и одобрение за пуштање во употреба.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2056&ArticleID=143586
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Aug-2010 at 05:27

Новиот закон за градба ги олабави инвеститорите

Законот ги продолжи роковите за завршувањето на објектите и им купи време на инвеститорите уште неколку години

Сања Наумовска

Новиот закон за градба целосно ги релаксираше инвеститорите во Скопје. Иако летото е дел од годината, кој градежниците со нетрпение го очекуваат, во главниот град чеканите не се слушаат надалеку. Законот ги продолжи роковите за завршувањето на објектите и тоа за оние од прва и од втора категорија до десет години, а за оние од трета до шест години и на инвеститорите им купи време уште неколку години да ја развлечат изградбата.

На градилиштето на хотелот и на трговскиот центар зад „Рамстор“ ништо не се случува со месеци. Македонската јавност немаше можност да го запознае инвеститорот на хотелот, поточно претставникот на британската фирма „ХЛХ МК ЛТД“, која е фирма-ќерка на англиската хотелска групација „Резидор хотел груп“. Иако започнаа со градежни работи пред повеќе од две години, дупка зјае и на местото на трговскиот центар на „Елан пропертис“, веднаш до несудениот хотел „Резидор“. Нема абер ниту од изградбата на затворениот зелен пазар на локацијата каде се' уште се наоѓа Цветниот пазар. Фирмата „Камфуд“ парцелата ја купи лани во јули и плати 725.000 евра за земјиштето од 3.710 квадратни метри. Но, досега за пазарот во кој требаше да има и маркет од синџирот „Кам“, како и мини цветен пазар, нема фрлено ниту прва лопата.

За странската инвестиција „Ера сити“, каде беше најавен центар на 10 ката и на површина од 28.000 квадратни метри, јамата е ископана пред две години, а партнерот што треба да ја финансира инвестицијата се' уште се бара. Министерството за транспорт и врски, за „Ера сити“ не го мери ни времето ни роковите, бидејќи, како што велат, земјиштето не го продала државата. Пред повеќе од една година започна и изградбата на трговско-деловниот комплекс на местото на некогашната Народна банка, на „Кеј 13 Ноември“. Непосредно до него се гради и пешачкиот мост на Вардар, „Око“. Очигледно е дека градежните работи не се одвиваат со предвидената динамика, што за граѓаните практично ќе значи дека и во следните четири години ќе имаат ограничен пристап на кејот.

Причина за продолжените рокови, според објаснувањето од Министерството за транспорт и врски, е светската економска криза. Измените во законот беа имплементирани минатата година во октомври. Така, наместо за две години, објектите од трета категорија во кои спаѓаат повеќето од веќе започнатите проекти низ градот, сега може да се завршат за шест години.

„Министерството постапи во насока на реализирање на сите антикризни мерки предвидени за ресорот транспорт и врски. Во однос на мерката број 6, која се однесува на усогласување на Законот за градежно земјиште и на Законот за градење, во поглед на роковите за градење, беа усогласени договорите за отуѓување на градежно земјиште, согласно со новите рокови“, информираат од Министерството.

Законот важи ретроактивно, значи ги опфаќа и градбите што се започнати или за кои започнала процедурата за собирање документација пред неговото изгласување. Правниците коментираат дека оваа ситуација, без разлика дали прави застој во инвестициите, е законска, бидејќи, секој закон важи ретроактивно ако неговите одредби се поповолни за странката.

Новиот Закон за градба дојде како спас за инвеститорите и помпезно најавуваните инвестиции, од кои некои се и странски. За два проекта, хотелот „Резидор“ и трговскиот центар до него, доколку важеа роковите од стариот закон, досега Министерството за транспорт и врски ќе требаше да ја одземе земјата и да ја наплати банкарската гаранција со која инвеститорите ја осигуриле својата инвестиција. Вака, изградбата се пролонгира за уште четири години, значи вкупно шест години, што за објекти од трета категорија, во кои спаѓаат училишта, спортски сали, хотели и локални патишта и улици, е навистина непотребно долг рок.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1EA37605C3349B419E2E17B4A28F2257
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Aug-2010 at 11:43

Одлично уште тоа му требаше на Скопје уште неколку години дупки, добро сега мора владата да ги задржи ионака малкуте инвестиции, а кутрите инвеститори немаат пари за да започнат со нивните изградби, а несака ни да им го одземе земјиштето затоа што ќе ги избрка, и останува да чекаат и ние да чекаме на милоста на инвеститорите да земат да градат па макар и во селдниве 20 години тоа да не се случи. 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Nov-2010 at 23:33
Градби од трета категорија за простосмртниците
 
Единствено за објектите од прва (нуклеарни централи, термоцентрали и хидроцентрали, далноводи, нафтоводи, гасоводи, автопатишта) и од втора категорија (градби наменети за вршење на функциите на државата, дипломатски и конзуларни) ќе мора да се формира посебна комисија за проверкаи за технички прием. Простосмртниците се оставени на совеста на градителите  
 
%20  
Задолжителниот елаборат од педесетина страници, кој ги содржи сите резултати од тестирањата за цврстината на материјалите употребени во новоизградените објекти, повеќе нема да им треба на инвеститорите за да го пуштат во употреба објектот што го граделе. Со последните измени на Законот за градење е исфрлена и дополнителната комисија, надлежна за надзор во изградбата на еден објект.

Претходно законот предвидуваше изработка на елаборат, што ќе ги содржи тестирањата на бетонот со кој се гради објектот, на неговата цврстина и отпорност, како и анализа дали каблите, цевките и инсталациите се поставени според стандардите и нормативите. Овој документ се поднесуваше до специјално формирана комисија за надзор и до надлежната општина, којашто одлучуваше дали објектот е подготвен за употреба.

Единствени објекти за кои ќе мора да се формира оваа посебна комисија сега се оние од прва и од втора категорија. Според категоризацијата во Законот за градење, објекти од прва, А-категорија се нуклеарните централи, термоцентралите и хидроцентралите, далноводите, нафтоводите, гасоводите, автопатиштата, односно сите градби од капитално значење за државата. Објекти од втора, Б-категорија се градбите наменети за вршење на функциите на државата, дипломатски и конзуларни претставништва, организации и специјализирани агенции на ОН и на Советот на Европа и градби од интерес за државата. Сите други објекти во иднина ќе може да се вселат само со извештај за извршен технички преглед од надлежен инженер.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека со упростување на процедурата ќе се поедностави и ќе се забрза процесот за добивање градежна дозвола. Според нив, дополнителната комисија е дел од антикризните пакет-мерки, кои Владата ги укина за да се привлечат странски инвеститори.

- Постигнавме договор со Меѓународната финансиска корпорација, која е членка на групацијата на Светската банка, со кој се предвидува подобрување на деловната средина и на поддршката на локалниот развој преку препорачани начини за поедноставување на процесот за добивање градежни дозволи - изјави Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.

Мислењата на градежниците се поделени. Некои сметаат дека е добро што се укинале задолжителните одобренија за употреба, други, пак, дека не е во ред да се остави цел објект само на совеста и знаењето на еден човек.


%20

Љупчо Бораниев-Бортас, сопственик на градежната фирма „Бортас“, вели дека ова е добар потег, затоа што сега истата работа нема да ја прават две комисии туку само една, во која ќе има лица од сите струки, потребни за да се утврди дали објектот е подготвен да се употребува или не.

- За разлика од порано, елаборатот ќе го изработуваат надлежните инженери, кои ќе ја следат работата на објектот од самиот почеток. Тие ќе бидат запознаени со сé. Ситуацијата пред измените беше поинаква, требаше да се изработи елаборат, кој ќе го прегледа и комисија, формирана посебно за таа намена. А колку може да се види само од проектот? Мислам дека вака е подобро, никој не го знае објектот поубаво од тој што ја надгледува неговата изградба - објаснува Бораниев.

Златко Тодоров од градежната фирма „Кубус“ посочува дека не е во ред сé да се остави само на еден човек и на еден надзор.

- И за болест се бара второ мислење од доктор, а камоли за објект од кој зависат многу животи. Тој елаборат што порано се правеше го прегледуваа лица стручни од сите области и сите требаа да дадат позитивно мислење. Ако еден не види дека има некаква грешка, другиот сигурно ќе забележи. Овој елаборат е нешто како атест за објекти, неопходен стадиум за предавање на објектот. Мое мислење е дека треба да си остане стариот начин иако со тоа малку се одложува процедурата за добивање дозвола за употреба - вели Тодоров.

На секој инженер што ќе врши надзор и ќе подготви извештај за извршен технички прием без да има лиценца за надзорен инженер ќе му се изрече глоба од пет до седум илјади евра.
 
   
Автор: Александра Денковска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1123101012521&id=9&setIzdanie=22140

Edited by Cloverstack - 23-Nov-2010 at 23:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Dec-2010 at 20:50
Се надевам дека процедурата за ЛУДП навистина во најбрз можен рок ќе биде укината. Се работи за упад во системот на урбано планирање, подарок за урбаната мафија, стимулирање на уште поголема корупција во институциите, уште поголемо урбанистичко сакатење на македонските градови и квалитетот на живеење во нив. Накратко, вовед во далеку поголем хаос отколку сегашниот, а и сегашниот е на завидно ниво. Како да досега урбаната мафија немаше доволно механизми и сила, па еве требаше уште нешто такво да и биде сервирано. Добри страни на мерката не гледам. А и ако се укине можноста за ЛУДП, сепак е направена огромна штета, од 300 градби по тој терк навистина боли глава. Особено би ја прозвал Општина Центар, од која по обичај доаѓа страшна смрдеа... Нивната екцесивна „великодушност“ во одобрување на барањата мислам дефинитивно заслужува да биде ставена под лупа и подетално испитана.

Пломба за изградбата на 300 згради

Уставниот суд во наредните два месеца ќе ги преиспитува членовите од Законот за просторното и урбанистичкото планирање, со кои се дозволува зголемување на предвидениот со ДУП габарит и катност на објектот

Привремена забрана за градба добија најмалку 300 инвеститори во Скопје, привилегирани да градат објекти поголеми од соседните. Уставниот суд во наредните два месеца ќе ги преиспитува членовите од Законот за просторното и урбанистичкото планирање, со кои се дозволува зголемување на предвидениот со ДУП габарит и катност на објектот.

Локални општински комисии, по барање од граѓани, одобруваа изградба на згради во центарот на градот, со донесување на т.н. локална урбанистичка планска документација (ЛУДП). Оваа процедура е спротивна на носењето на детаљните урбанистички планови, зашто Уставниот суд утврдил дека постојат два паралелни система на донесување на плановите.

- Со државната или локалната урбанистичка документација се врши промена на детаљните урбанистичките планови, а притоа граѓаните и стручната јавност се исклучени од постапката. На тој начин овие одредби од Законот овозможуваат паралелен систем на уредување на просторот - објаснува Југослав Миленковиќ, портпарол во Уставниот суд.

Доколу се поништат членовите 4, 5, алинеите 6 и 7 од овој член, член 17а - ставовите 4 и 5, како и членовите 50 и 50-а од споменатиот закон, објектите ќе мора да се вратат во првобитната состојба, онака како што било предвидено со ДУП. Ако се укинат, се' што е изградено досега останува, но во иднина нема да смее да се гради на тој начин.

Урбанистички стаорец

- Сметам дека е крајно време барем со една одредба да и' се стапне на опашката на урбаната мафија и да се воспостави ред во урбанизмот и градењето. Главата на овој урбанистички стаорец е во Министерство за транспорт и врски - вели Д.Д., жител на општината Центар.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека ќе ги почитуваат одлуките на Уставниот суд. Тие сметаат дека актуелните законски решенија се во насока на максимално искористување на земјиштето.

- Одредбата што е оценувана е веќе изменета и не постои во законот. Со последните измени и дополнувања на Законот за просторното и урбанистичкото планирање, се предвидува општината да спроведе јавна презентација и јавна анкета, на ист начин и во иста постапка како што се спроведува за ДУП-овите. Воведувањето на ЛУПД претставува поволност за граѓаните побрзо и поедноставно да ги остварат своите права. Процедурата за изработка на ЛУПД е јасно дефинирана во Законот и се спроведува од страна на општината. Имено, ЛУПД во рамки на веќе формирана градежна парцела со ДУП може да се донесе само заради усогласување на површината за градење и максималната висина на градбата со стандардите и нормативите за урбанистичко планирање. Притоа, секоја парцела мора да го задоволува потребниот број паркинг-места, да има адекватно сообраќајно решение, а целосната постапка се води во рамките на локалната самоуправа - одговараат од Министерството.

Грчев бара список на објектите


Иницијативата до Уставниот суд во март годинава ја поднесе архитектот и поранешен градоначалник на Центар, Мирослав Грчев. Тој смета дека државната и локалната планска документација се измислени да го суспендираат и да го уништат демократскиот и законски систем на урбанистичкото планирање и контрола на просторниот развој и градење.

- Овие два противуставни акти се креирани и донесени за да обезбедат корупција и профит на сметка на животната средина, на сметка на урбанистичките планови, на уредените градежни простори, како и на сметка на сите соседи и граѓани на Република Македонија, во чија околина, со помош на ЛУПД И ДУПД, поединци добиваат многу повеќе од сите други - смета Грчев.

Тој очекува и ја повикува Владата да се погрижи мерката на Уставниот суд да се спроведе. Според него, државната градежна инспекција треба да ја мобилизира општинската за да направи списоци за сите објекти што на ваков начин добиле градежна дозвола и тие списоци да бидат ставени на увид на јавноста, а инвеститорите на тие објекти да бидат санкционирани.

Само во општината Центар пристигнале 245 иницијативи или барања за одобрување на изработка на ЛУПД. Општината им одобрила на 127 граѓани или инвеститори да го зголемат габаритот или катноста на објектите, иако тоа не се совпаѓа со детаљниот урбанистички план. Од кабинетот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ велат дека се одбиени само 19 барања, а останатите се во процедура.

Од Општина Центар велат дека најчести ДУП-ови за кои е побарано ЛУПД се локациите на Старо Водно, Долно Водно - Тасино Чесмиче 1 и 2, Капиштец - Клинички блок, Мал ринг, Капиштец - Геолошки завод, Буњаковец 1 и 2 и Дебар Маало.

Иако интересот на инвеститорите за ЛУПД бил голем, од Општина Карпош велат дека крајно внимателно и рестриктивно се однесувале кон поднесените барања.

- Почнати се околу 40 постапки, кои резултираа со одобрени ЛУПД, и тоа во случаи кога имаше силни аргументи за да се одговори позитивно на поднесените барања, а кои ги има над 300 - изјави Виолета Цветковска, портпарол во Општина Карпош.

Марија Тасев
Анела Петрова
#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DD50B0CC9064BA46BE7A1BD922AE96FD

Edited by Cloverstack - 03-Dec-2010 at 20:52
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Feb-2011 at 19:35
Уставниот суд собори одредби од Законот за градење и од Законот за просторно и урбанистичко планирање

Уставниот суд ги укина членовите 138 и 140 од Законот за градење, со кои се предвидуваше сопствениците на целосно или делумно дивоизградени објекти да плаќаат пенали без право на жалба и во рок од три години сами да го урнат објектот, во спротивно државата да може да го одземе имотот, вклучувајќи го и замјиштето. Судот утврдил дека таквиот начин на конфискацијата го повредуваа уставно загарантираното право на сопственост, со оглед на тоа дека не прави дистинкција помеѓу легално и дивоизградените делови на објектите. Мерката за плаќање пенали е укината затоа што не била оставена можност за жалба.

Укинати се и четири члена од Законот за просторно и за урбанистичко планирање (5, 17а, 50 и 50а) кои овозможуваа интервенции во урбанистичките планови само со одлука на градоначалник или на министер, преку процедура за донесување на Локална или Државна урбанистичка планска документација. Според уставните судии на таков начин се воведува паралелен систем на урбанистичко планирање и се нарушуваат законски воспоставените механизми за транспарентност при донесувањето урбанистичките планови.

http://www.build.mk/?p=6570
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Feb-2011 at 19:41
Делот со конфискација на земјиштето уште под почеток беше осуден на пропаст, и беше јасно. Како може да ти го конфискува некој земјиштето?

Сум за поекстензивно рушење на дивоградбите од страна на властите, ама притоа да ти го конфискува некој земјиштето, no way José!
_____

Тоа пак со пеналите и немањето право на жалба е уште полошо - па како може да не му оставаш на некој простор за жалба? Жалба се поднесува и во судења за убиство, па не можело жалба во ваков случај.

Ако судството не е кадарно да се справи со овие работи тогаш може проблемот е во судството и законите што го регулираат работењето на судовите, а не во правото на жалба и законите за урбанизам и градежништво!

______

За овие последните четири члена, реално во моментов и не се менува ништо, бидејќи и онака градските архитекти и градските власти задолжени за ДУП се најчесто од владејачката партија па сакале или не ќе делуваат како што ќе каже министерот. Вака барем на хартија „не смее министерот да си го пика носот“.

Е сега не мора да значи дека и во иднина во сите општини и понатаму ќе има луѓе од истата партија како партијата на власт, па така во иднина укинувањето на овие членови може да има ефект. Сигурно „опозициска општина“ нема туку така да остави министер да се меша во урбанистичките планови, но од друга страна знаејќи ги политичките игри кај нас, ова може да биде и лоша работа. Ама пак знаејќи ги и министрите, за која добра работа некогаш би интервенирале во ДУП?

Edited by гитардемон - 03-Feb-2011 at 19:49
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Feb-2011 at 20:25
Не си во право околу тие четири члена што се однесуваат на Локалната урбанистичка планска документација. Нивното укинување има огромна тежина. Една работа е комплет да се фризира некој урбанистички план и сето тоа да помине низ сите процедури кои овозможуваат барем основни предуслови за транспарентност, а сосема друго е практично со дискрециони права некој таму во секој момент да може да прави измени за секоја парцела посебно, да менува катност и висина, да менува површина за градба и така натаму... и сето тоа далеку од очите на јавноста. Верувам дека урбаната мафија не ни можеше да посака подобар подарок од Локалната урбанистичка планска документација и фала богу што тоа оружје и е одземено многу бргу. Само дефинитивно треба да се преброиме колку упади се направени во урбанистичките планови во меѓувреме. И не сум правник, ако може некој да објасни што со тие случаи сега?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Feb-2011 at 20:39
Не сфаќам зошто викаш дека градоначалникот или министерот би го направиле тоа подискретно отколку другите општински органи? Викаш дека може градоначалникот или министерот да потпише еден документ и потоа да не одговори на ниедно прашање зошто ја донел таа одлука, односно да не сноси никаква одговорност?

По редовната процедура, одлука за ДУП се донесува со мнозинство при гласањето во советот на општината, така што партијата на власт секогаш победува во гласањето - значи реално исто ти се фаќа дали градоначалникот потпишал пусулче или советниците го изгласале на седница.

Тука навистина предноста е што по редовна процедура има јавна расправа (колку толку), и опозицијата може да ги искаже своите критики, но верувам дека доколку некој градоначаник се дрзне да измени ДУП по своја мерка, во никој случај опозицијата нема тоа да го преќути и ќе биде обзнането на широката јавност исто колку и да било по редовна постапка.

Е сега ако во општината на власт е опозиционерска партија, тогаш дистинкцијата е јасна, но погорното беше за случаи кога министерот и мнозинството во општинскиот совет се од иста партија.
_______

Значи да резимирам: јасно дека вака ќе биде потранспарентно, но реално законов има ефект само во општините каде што советниците и/или градоначалникот се од опозициската партија во собранието. Затоа те прашав дали сметаш може ваква измена да биде направена од градоначалник без притоа да се слушне гласот тие што се против ваквата измена, и дали во таквите случаи нивниот глас ќе биде помалку чуен отколку при редовна процедура?

Edited by гитардемон - 03-Feb-2011 at 20:43
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Feb-2011 at 20:57
Гитар премногу од ситно политички некако гледаш на работиве. No way Jose, владејачка партија,опозисицка општина. Подолгогодишни се овие закони и намери да се расчистува со дивоградбите, не се за година две па после ако дојде друга партиј некогаш после години она ќе треба да продлжи да ги спроведува.

Јас на друг начин гледам на работиве. Сега се имаше обид неуспешен да се подобори законодавството и она решение како евентуална конфискација да се направи многу понапред со решенија на општина, министерство. Е сега што правиме со тој што излегол од маркицата врз државно земјиште, тој не ли нарушил туѓ имот. Као се комплетираше маркицата за веро, не ли беше тоа нарушување на приватен имот. И тој член сеуште стои во законите и сеуште може инвеститори да се повикувата на него. Што не паднал тој член. Далеку од тоа дека се просудува стварно според разум и логика. Се бираат по два три најбитни члена од некој закон што треба да донесе голема реформа и се укинуваат. Или ќе шлапаме теории како тоа грачанинот е најбитен па инвеститорот да биде суров феудалец и е овозможуваме комоции и каде што ги нема ни нема потреба да ги има. Или малку ќе воведеме ред, и жестоко ќе се тргне и ефикасно во борба со криминал. Глуп е што се иде на ура од никаква регулативи сега се носи строг закон преку ноќ. Јас ги охрабрувам да продолжат да напнуваат да се донесат законите, малку нека припазат што пишуваат зашто често да се обори некој член се користат технички грешки во речениците.

А ова за носење урбанистички планови со еднократен упад прашање е колку може да донесе некое подоборување. Има некои заглавени и се заглавуваа проекти на овој основ. Становите за армијата, едно време гмалл. Од друга страна отвора такви можности за злоупотреба да не ми изгледс како најсјано решение. А министерството има можност да одземе ингеренции на некоја општина во урбнизам. Еве може да го користи кога се заглавува некој план намерно а има објективен интерес да се изградат станови или трговски.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Feb-2011 at 21:00
Па факт е дека сè во државава се ситнополитички игри, затоа и гледам од тој аспект. Нема врска која партија е/ќе биде на власт, а која опозиција, јасно е дека се контраат до бескрај. Затоа треба добар закон кој ќе налага увид во одлуките и нивно образложение, односно поголема транспарентност.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Feb-2011 at 21:03
Гитар, можеби не се изразив најразбирливо во претходниот пост.

Со ЛУПД:
- Воведување на дискрециони права.
- Тотална нетранспарентност.
- Лесни паушални измени за секој објект/парцела поединечно.
- Бројот на измени е практично неограничен, а нивното усвојување може да биде експресно, практично моментално.

Без ЛУПД:
- Упадите барем во некоја мерка ќе се ограничат, бидејќи сепак е покомплицирано, понеисплатливо и поризично кога тоа се прави без дискрециони права.
- Постојат базични предуслови за транспарентност, со што граѓаните барем можат да ги забележат неправилностите и злоупотребите, па барем да биде алармирано јавното мислење.
- Потешко остварливи поединечни упади кои имаат за цел удоволување на поединечни инвеститори.
- Бројот и брзината на измените (упадите) се ограничени со траењето на нормалните процедури.


Не дека со самото укинување на ЛУПД ќе се отарасиме од злоупотреби и урбана мафија, ама барем ќе бидеме во прилично подобра ситуација. ЛУПД со вакви процедури како да беше скроена за стимулирање на корупција и урбанистички хаос во многу поголеми размери од досега.


Edited by Cloverstack - 03-Feb-2011 at 21:07
Back to Top
vlatce07 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Jan-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vlatce07 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Feb-2011 at 22:26
Да не знае некој до кај е процедурата за новиот закон за градење и има ли најави кога ќе го донесат?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Feb-2011 at 00:51
Донесен си е бе друже

Стариот закон за градење од 30.06.2005 колку што јас разбирам автоматски е вон сила со носењето на новиов, кон крајот на 2009.

Еве го новиот закон од 28.10.2009
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/Zakon za gradenje 20091028.pdf

Еве измени и дополнувања што се направени на 20.09.2010
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/Zakon za gradenje 20100920_IiD.pdf

И сега со најновава вест значи се укинати членовите 138 и 140





Edited by Cloverstack - 04-Feb-2011 at 00:52
Back to Top
vlatce07 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Jan-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vlatce07 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Feb-2011 at 09:11
Мислев за тој што го најави Груевски. Со намалување на процедурата за вадење градежна дозвола, само основен проект ќе имало, без локациски услови, без одобрение за употреба и сл. Само 4 документи мислам дека ќе треба. Ќе бидат само 2 или 3 категории за градба. Треба да влезе на владина седница овој месец. Така имам слушнато.

Edited by vlatce07 - 04-Feb-2011 at 09:13
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Feb-2011 at 10:44
А да тие новите измени... Не знам какво темпо е планирано со нив, можеби некој друг знае нешто повеќе. Во секој случај нема да промакне кога ќе се донесе, или ако има некој покрупен пресврт.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Feb-2011 at 17:43

ОТКАКО УСТАВНИОТ СУД УКИНА ЧЛЕНОВИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

Стопирано градењето на зградите монструми

Ниту еден од овие објекти не смее да продолжи да се гради, сe додека општините или Владата не најдат законска мерка како тие да се легализираат, додека оние што добиле ваква дозвола, сега не смеат да почнат да градат

Зградите кои со локални документи издејствувале поголема катност, мора веднаш да престанат да се градат. Ниту еден од овие објекти не смее да продолжи да се гради, сe додека општините или Владата не најдат законска мерка како тие да се легализираат. Оние пак што добиле ваква дозвола, а се токмат на почнат да градат, не смеат да почнат со активностите.
Ова е мерка што градежните фирми мора да ја испочитуваат, откако Уставниот суд завчера укина четири члена од Законот за просторно и урбанистичко планирање, со кој постоеше можност со локални или државни плански документи да се врши промена во деталните урбанистички планови. На тој начин, граѓани само преку барање и согласност на посебна комисија и потпис од градоначалникот или министерот, добиваа право згради од пет да ги доградат на колку ката сакаат.
"Во моментов ниту еден објект којшто добил решение за градба со локална планска документација не смее да почне да се гради, а оние што веќе почнале со градење мора да стопираат. Општините или државата сега можат да им создадат на овие граѓани други правни основи врз кои тие можат да продолжат со градбите. Општините тоа можат да го направат преку донесување нови детални урбанистички планови, со кои би се вцртале маркички според состојбата што е настаната со дозволите издадени со локалната планска документација. Државата, пак, би можела да интервенира со легализирање на овие објекти во рамките на Законот за легализација на дивоградби. Дотогаш ништо не смее да се гради", вели Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставниот суд.
Фактот што со Законот за легализација на дивоградбите се опфатени само куќи и индустриски објекти, а не и згради, според Миленковиќ, отвора можност граѓани да поведат постапка пред Уставниот суд.
"Ако се донесе закон со кој се создава нееднаквост, односно за едни објекти се дозволува легализација, а за други не, тоа може да биде основа за претставка до судот и тој пак да интервенира. Затоа треба да се внимава при донесувањето на законот за легализација на дивоградби", додава Миленковиќ.
Измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање, со кои со државна и локална урбанистичка планска документација може да се менуваат урбанистичките планови, овозможија стотици станбени објекти само во Скопје преку ноќ да добијат поголема катност. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=A58EC3D675EA914D8A363A3363E2C2F7
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-May-2012 at 17:27
Измени во Законот за градење: Изведувачот мора да има докази за потеклото на градежниот материјал


Владата предложи измени на Законот за градење до Собранието со кои се предвидува намалување на можноста за користење нелегално експлоатирање на градежен материјал.
Имено, целта на изменувањата и дополнувањата на законот е да се пропише обврска за изведувачот да обезбеди докази за песокот, чакалот и градежно-техничкиот камен кој го користи при изградбата и на тој начин да се спречи употребата на нелегалено ископани песок, чакал и градежно-технички камен.

За прекршување на овие одредби со законот се предвидени глоби во износ од 15.000 до 17.000 евра во денарска противвредност за правни лица – изведувачи. Глоба во износ од 9.000 до 11.000 евра во денарска противвредност е предвидена и за одговорното лице во правното лице, додека глоба во износ од 7.000 до 9.000 евра во денарска проттивредност ќе му се изрече за прекршок на инженер за изведба ако при изведување на градби не обезбеди докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал.

Овие измени се изготвени по одржаните работни средби со претставници на Сојузот на стопански комори на Република Македонија, а по констатираното незаконско екплоатирање на овие градежни суровини, што како кражба, исто така се смета и за кривично дело.

Согласно измените во законот, при градењето надлежниот инспектор треба да утврди дали изведувачот обезбедил докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал, а доколку констатира дека истите не се обезбедени, за тоа да го извести надлежниот орган кој го издал одобрението за градење како и Државниот инспекторат за техничка инспекција.

Со измените на Законот понатаму се врши и усогласување на одредбите за добивање на овластувања за физички лица во поглед образованието а заради усогласување со Законот за високо образование, прецизирање на одредбите за одземање на лиценци и овластувања, допрецизирање на категоризацијата на градби како и прецизирање на други одредби од законот, заради негова поуспешна имплементација.

http://tocka.com.mk/1/66893/izmeni-vo-zakonot-za-gradenje-izveduvacot-mora-da-ima-dokazi-za-potekloto-na-gradezniot-materijal
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Jun-2015 at 19:45


од последниот пасус малку нејасно звучи дали по дифолт може во сектор урабнизам при општините да се вработени и нестручни лица, можеби и навистина ова е случај во некои рурални општини па и затоа да прибегне власта на ваква норма

исто мислам имаше нешто и во врска со надзорот и осигурувањето, ко да чув такво нешто на поминување од наша-тв, но да почекаме и официјално инфо што ќе пројде во собрание

05.06.2015 - http://www.pravdiko.mk/shto-predviduvaat-novite-izmeni-vo-zakonot-za-gradene/

01.06.2015 - Измени на Законот за градење поради несоодветен начин на осигурување на одговорност од штета

Министерството за транспорт и врски подготвува нови измени на Законот за градење.

„Постојниот начин на осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија од страна на учесниците во изградбата на градба е несоодветен“, велат од Министерството за транспорт и врски, наведувајќи ја причината за законските измени.

Од Министерството посочуваат дека измените се прават бидејќи низ праксата постоело и одолжување на постапката за издавање на одобрение за градење.

„Исто така во постапката за издавање одобрение за градење е предвидено пред издавањето на одобрението за градење, инвеститорот и општината на чие подрачје треба да се гради градбата да склучат договор за уредување на градежно земјиште, процедура со која се одолжува постапката за издавање одобрение за градење. Во Законот не се утврдени стручни квалификации за службените лица кои вршат заверка на проектната документација“, додаваат од Министерството за транспорт и врски.

http://www.akademik.mk/izmeni-na-zakonot-za-gradene-poradi-nesoodveten-nachin-na-osiguruvane-na-odgovornost-od-shteta


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.867 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.