build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 31-Jan-2011 at 17:27
“Скопски пазар“ се задолжува за да гради на “Перо Наков“


Компанијата “Скопски пазар“ на интернет страницата на Македонската берза денеска објави ценовно чувствителни информации во врска со изградба на деловен објект на улицата “Перо Наков“ во скопската општина Гази Баба.
 
Според информациите од компанијата, проектот ќе чини 2,5 милиони евра.
Вкупната површина на објектот се наведува дека ќе изнесува околу 4.500 метри квадратни, а истата ќе се финансира делумно од сопствени средства, а дел со кредити “Охридска банка“.
 
На интернет страницата на Македонска берза објавено е дека “Скопски пазар“ во декември 2010 година, заложил недвижности вредни четири милиони евра, што претставува речиси 30 отсто од вредноста на претпријатието и е основа за задолжување на фирмата со кредити. Компанијата информира дека дел од кредитот во износ од 1 милион евра ќе се обезбеди од “Охридска банка“.
 
Директорот на “Скопски пазар“, Сашо Давитковски, во телефонски разговор ни рече дека е презафатен денеска за да даде изјава за оваа информација.
 
Во објавените информации се наведува дека според планираното проектот треба да заврши до крајот на годинава.
 
“Во објектот ќе се обавува деловно трговска дејност од однапред познати закупувачи“, наведено е во информацијата.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=82165&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 02-Feb-2011 at 13:22
ЌЕ СЕ ТРГААТ ПРИВРЕМЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КАРПОШ 2
Трговски центар ќе ги исели маалските дуќани

Роза Петкова

Четирикатен трговски центар, кој треба да се гради на аголот од улиците Никола Тесла и Партизанска, во населбата Карпош 2, ќе ги исели дуќанчињата што со години постојат на просторот. Вработените во колонијалот, берберницата, ќебапчилницата, бурекчилницата, како и тие од поштата и од автошколата, се загрижени за својата егзистенција бидејќи пред извесно време од Општината разбрале дека ќе треба да се селат. Тие се свесни за тоа дека работат во привремени објекти, но, како што велат, со нивното рушење ќе останат без основната заработувачка која ги храни нив и нивните семејства.
- Газдите на дуќаните добија покана од Општината да дојдат во нивните простории, каде што ги известиле дека ќе ги рушат затоа што се сместени во привремени објекти. Оттаму им кажале дека се јавиле сопствениците на земјиштето и дека до мај треба да се иселат. Се зборува дека на местово ќе се гради мал трговски центар и зграда. Знам дека одамна овде постојат мали дуќанчиња и навистина е жално вака одеднаш да згаснат. Тука имаме редовни муштерии од зградите кои со години доаѓаат кај нас - велат вработените од дуќаните. Во последната верзија на деталниот урбанистички план за населбата, кој се донесе пред две години, во зеленилото на оваа локација се вцрта трговски центар, висок 17,8 метри. Комерцијалниот објект ќе има продавници и ќе се изгради на приземје, четири ката и поткровје. Станарите од околините згради се побунија на одлуката на Општината да се гради трговски центар во единственото зеленило меѓу станбените блокови. Тие не се задоволни со ова решение бидејќи сметаат дека ќе им се одземе единствениот зелен простор во близина, кој особено им користи во летните месеци. На тревникот, велат, има и неколку реквизити и катче за децата, каде што може да си играат, па со изградба на објектот тоа ќе биде урнато. - Нема друго паркче во околината, тука си играат децата од населбата, а зад зградите има само паркиралишта и таму нема каде да се прошета. Ќе ни се затвори просторот и ќе гледаме само во бетон. Навистина не ја сфаќам таа потреба на секој слободен простор да се ставаат трговски центри - вели Ивана С., жителка од една од зградите. Станарите пред две години реагира и на тоа што за новиот план дознале случајно, од муабети во маалото, и тоа дури откако документот се усвоил на Седница во Општината, па немале кога да го кажат своето мислење во анкетните листови.
На дел од жителите во Карпош 2 им се допаѓа идејата да добијат трговски центар во близината. Сметаат дека нема многу содржини во близина, па не гледаат ништо спорно во изградбата на продажен објект. Според Општина Карпош, урбанистичкиот план, со кој е вцртана маркицата за трговскиот објект, бил дел од приоритетната програма на Владата. Со него се предвидени и други измени, меѓу кои и изградба на десеткатница, на местото на „Драмски театар“. За него требаше да се изгради објект со висина од 30 метри, во кој на приземјето и на мезанинот ќе се смести театарот, а на другите катови ќе има станови. Земјиштето на кое сега се наоѓа оваа установа е државно, но новиот објект нема да го гради државата, туку приватен инвеститор кој ќе биде заинтересиран за тоа. Сепак, по две години од донесувањето на планот, се уште нема заинтересиран инвеститор.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2231&ArticleID=155697
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 12-Feb-2011 at 12:22

Голем маркет за сечиј џеб ќе никне во Велес

За велешки „Жито“, кризата не е кочница, туку предизвик да се остварат поголеми резултати

Маја Томиќ

Ниски, конкурентни и постојано промотивни цени, примамливи за џебот на обичниот граѓанин, чести и специјални попусти на одредени производи што гарантираат лојални и, пред се', задоволни купувачи. Тоа е главното мото на велешки „Жито“, денес препознатлив трговски бренд во Велес и пошироко. Компанијата се роди во далечната 1989 година, од една мала продавничка во центарот - „Жито плус“. Веќе денес фирмата брои 305 вработени и има синџир од 21 трговски маркет во неколку градови во земјава, од кои девет се во Велес, а шест се лоцирани во Скопје. Сите се онлајн поврзани и се контролираат со видеонадзор.

Изгледа дека кризата не е кочница за „Жито“, туку, напротив, потстрек за остварување поголеми резултати. Бидејќи во 2010 година „Жито“ забележа раст од дури 25 отсто, во споредба со претходната година, поради што ја доби и наградата за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети.

Традицијата на „Жито“ започна со Ване Ѓошевски, а денес малопродажбата ја води неговиот амбициозен син Далибор, банкарски менаџер по струка.

„Во борбата за место на пазарот, ако сакате да успее токму вашиот концепт, треба да бидете различен од сите други, препознатлив, бидејќи, во спротивно, ќе станете спореден играч. Со многу верба во себе макотрпно работевме на тоа да изградиме една успешна компанија и да станеме она што сме денес - дом на задоволни купувачи. ’Жито‘ веќе стана препознатлив по нашата добра услуга и по пониските цени од другите маркети. Нашата политика е да ги градиме цените според економската состојба на граѓаните. Што би можело да се сфати дека во Скопје сме најскапи, но, сепак, најевтини во споредба со другите“, вели Ѓошевски.

Тој додава дека и во „Жито“, како и секаде, поскапија лебот, шеќерот и маслото, но така морало, како што е познато, поради берзанскиот карактер на овие производи. Сепак, свесни за стандардот на граѓаните, немало драстичен скок на нивната цена, затоа што во магацините на „Жито“ имало одредена залиха од овие производи.

Можеби затоа поскапувањето на речиси сите прехранбени стоки на пазарот од почетокот на годинава, што го намали прометот во маркетите во земјава, не се одрази врз прометот во „Жито“. Напротив, Ѓошевски вели дека кај нив во јануари, во споредба со истиот месец лани, имало зголемување на продажбата за 5 проценти.

Од 2007 година трговскиот бизнис се прошири и со земјоделска дејност, односно купени се земјиште и лозови насади на кои се одгледува овошјето по најсовремени методи. Дел е за домашниот пазар, а дел се извезува. Се планира наскоро да се изгради и погон за преработки на овошјето. Притоа, производите ќе се пакуваат во сопствена амбалажа, што е уште еден нов проект на „Жито“ што ќе се реализира оваа година.

„Извезуваме и соработуваме со фирми од Србија, Хрватска и од Словенија, како и со повеќе домашни компании, но исклучиво станува збор за квалитетни играчи, кои работат со ХАЦЦП-сертификат. Притоа, морам да спомнам дека голем проблем во работењето ни се оние трговци што работат без документи и создаваат хаос и нелојална конкуренција“, нагласува Ѓошевски.

Покрај конкуренцијата од „дивите“, тој вели дека проблем е и нередовната наплата, најмногу од домашните компании. Со тоа се соочува целото македонско стопанство и затоа, според Ѓошевски, институциите треба да издејствуваат подобри механизми за заштита на фирмите и за обезбедување ефикасна наплата. „Жито“ како бонитетна фирма, добро соработува со банките, кои секогаш му излегувале во пресрет. Немало ниту посебни проблеми со локалните власти во другите општини каде што имаат маркети.

„Тековно ги решаваме проблемите и не може да се каже дека некој од власта ни правел или ни прави сопки. Флексибилни сме во соработка со сите и се трудиме многу-многу да не ја мешаме политиката во работењето, да се држиме до чисто економските мотиви“, изјави Ѓошевски.


Посебна гордост за него е новата инвестиција во трговскиот центар од 1.500 квадратни метри продажен простор, вредна околу 1 милион евра. Модерниот објект интензивно се гради и се очекува да биде пуштен во употреба оваа пролет. Ќе биде на два ката, во него ќе ги има голем асортиман на стоки за широка потрошувачка, плус кафуле, пекарница, фурна за месо, месарница, рефус овошје, цвеќара... „Овој проект се подготвуваше околу 3 години и сите вработени со нетрпение го очекуваат финишот. И во новиот продажен маркет нема да има многу брендови и повторно ќе се оди на варијантата со ниски цени, пристапни за сечиј џеб. Освен во Велес, ваков трговски маркет ќе градиме и во Гевгелија, за што веќе купивме деловен простор кај автобуската станица“, вели Ѓошевски, и најавува дека годинава ќе се воведат уште многу примамливи новини за потрошувачите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8A287397424E8E45924FD7FB1DC0FA2E

Edited by Cloverstack - 12-Feb-2011 at 18:57
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 30-Mar-2011 at 21:58


Објектов е на кружниот тек на крајот од Железничка ,многу ми е различен од околината и морав да го ставам на увид овде . Најверојатно салон за мебел...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 02-Apr-2011 at 11:30

Турски бизнисмени влегоа во стоковната „Мост“

На три ката ќе се продаваат познати брендови облека, козметика, галантерија, покуќнина и мебел

Снежана Калабакова



Од средината на април повторно ќе профункционира стоковната куќа „Мост“ под своето автентично име. Во неа веќе влегоа двајца турски инвеститори Алкан Доган и Левент Аксу, кои со објектот ќе менаџираат во наредниве десет години ќе менаџираат. Овие бизнисмени веќе пет години се во Скопје како сопственици на ресторанот „Ла луна“ во „Рамстор“.

Три ката од стоковната ќе бидат резервирани за продажба на познати брендови на модерна и спортска облека, козметика, галантерија, производи за покуќнина и мебел. Деновиве интензивно се уредува внатрешноста на првиот и вториот кат кои имаат површина од 865 и 1.100 квадратни метри. Во подрумскиот простор со 650 квадрати ќе се продава мебел од домашни и од странски производители. На најгорниот кат, пак, на простор од 150 квадратни метри се подготвува елитен ресторан „Мезалуна“, а во него ќе се послужуваат најпознатите италијански и француски мезалаци и пијалаци. Планирано е ресторанот да има тераса со површина од 350 квадратни метри, а управителите планираат да изградат и надворешен панорамски лифт со кој ќе се стасува до ресторанот.

Инвеститорите велат дека стоковната ќе го задржи автентичниот надворешен изглед, но и првичното име во знак на добрата македонско-турска соработка. Тие веруваат дека ќе најдат економски интерес во својот бизнис, како и стотината лица што ќе се вработат во неа. Сметаат дека е најважно тоа што со производите што ќе ги нудат од брендови како што се „Келвин Клајн“, „Лореал“, „Диор“, „Аксесорис“, „Пенти“, „Сара фешн“, „Најк“ и многу други ќе ги заинтересираат купувачите. Покрај облека, накит, козметика, постелнини на продажниот климатизиран простор на стоковната куќа ќе се најдат и многу грчки сувенири и декоративни предмети од италијанското „мурано“ стакло. На рафтовите на двата ката ќе бидат сместени најразлични производи на дваесетина фирми.

„’Не некогаш, туку секогаш овде ќе го најдете најдоброто и по цена и по квалитет‘. Ова ќе биде нашиот слоган според кој ќе се раководиме во нашата работа“, вели Левент Аксу, еден од управителите.

Алкан Доган вели дека стоковната куќа „Мост“ ќе стане централната точка на модата и модерната технологија на влезот во чаршијата. На купувачите ќе им го понудат последното достигнување на технологијата во најразлични марки на ДВД-плеери, плазма-телевизори, сателитски антени, кујнски апарати и многу други производи.

Двајцата бизнисмени најавуваат секој месец купони и флаери со попусти, специјални „мост - картички“ за привилегирани редовни купувачи, награди и други изненадувања. Стоковната куќа ќе биде отворена 365 дена во годината од 9 до 22 часот, а ако добијат дозвола, во лето во неделите ќе бидат отворени до 24 часот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2543145E92E84F48BA4AF221F86DE00D
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 02-Apr-2011 at 12:37
Конечно и кај нас стоковна куќа. Само што не сум баш сигурен дека "бизнисмениве" имаат капацитет за ова.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 03-Apr-2011 at 13:23
Ова е објект со продавници, стилот е сличен на оние мали "фри-шопови" пред бугарско-турска граница у кои има све и свашта. За овој објект ми беше кажано дека не се отворил поради конкуренцијата од Глобал. Епа не знам после каков таков мол што доби Струмица, кој би сакал во овој објект да откупи дуќан, особено што во Глобал работат само 2 спрата, третиот е празен. Очигледно таа е побарувачката.



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 08-Apr-2011 at 20:34

Владата ќе гради откупно-дистрибутивен центар во Ресен

петок, 08 април 2011, 18:05

Откупниот центар за овошје и зеленчук на Хрватски Агрокор од први јуни ќе почне со работа, тврдат од Министерството за земјоделство. Привршувале подготовките за откупно-дистрибутивниот центар во Струмица, кој Владата и компанијата го најавуваат веќе три години. И повеќе домашни компании се интересирале за изградба на вакви центри. Во моментов во цела Македонија работеле само три, кои според капацитетите и технологијата не можеле да придонесат за значителен развој на земјоделството, велат од Министерството.

„Во тек е изградбата на 10 откупни дистрибутивни ценри кои ќе почнат со работа, Агрокор ќе почне од први јуни.Очекуваме во наредните две до три години да се изградат по најмалку 5 нови центри и со ова се надеваме дека драстично ќе се подобри состојбата во инфртаструктурата и маркетингот а со тоа и да се реши проблемот со пласманат на производите“ - изјави заменик министерот за земјоделство Перица Ивановски.

За да го поттикне интересот за изградба на центрите, државата им ветува на компаниите дека ќе им покрие половина од трошоците за изградбата, а на заинтересираните ќе им понуди и атрактивни локации. Владата планира да гради и државен откупно-дистрибутивен центар со капацитет од 25. 000 тони во Ресен. Инаку, преку програмите за рурален развој и ИПАРД веќе се потпишани 6 договори за изградба на откупни центри со вредност од 2 милиони ерва.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=35777
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 26-Apr-2011 at 11:29
Експанзија на трговската дејност

Не е криза и за отворање шопинг-центри

Соња Јованова
Не%20е%20криза%20и%20за%20отворање%20шопинг-центри

Изградбата на трговски центри во Македонија стана вистински тренд во последните неколку години. Рамстор, Соравија, Сити галери, Веро, Зебра, Лумикс на плоштадот во Скопје никнуваа година за година, а веќе во фаза на изградба се уште неколку нови грандиозни трговски центри. Последното отворање на стоковната куќа Мост го наметна прашањето дали во време на криза е помалку ризично и поисплатливо да се инвестира во трговски центри? Практиката во Македонија, а и во земјите во регионот покажува дека кризата не беше пречка да се отворат неколку шопинг-центри и да започне изградбата на други. Познавачите дури коментираат дека има уште поголем интерес за инвестиции во оваа област во Македонија, особено од турски компании. И супермаркетите ја прошируваат својата дејност. Тинекс, Веро, Туш, Скопски пазар отвораат нови објекти.Има ли потреба од толку шопинг-центри во земјава во услови кога куповната моќ на граѓаните е на ниско ниво, а и генералната оценка е дека постоечките трговски центри не работат со полн капацитет. На што се темели исплатливоста на овој бизнис?

Во Стопанската комора на Македонија велат дека и покрај големиот број во земјава се уште има простор за нови трговски центри и супермаркети. Јадранка Аризанковска, виш соработник во Комората, вели дека нови центри се отвораат бидејќи секој бренд кога влегува на некој пазар сака да има сопствен простор.
“Според анализите, очекувањата се дека идната година во Европа ќе се подобри економската состојба, а ќе се зголеми и куповната моќ на граѓаните. Ова ќе влијае и во Македонија да се нормализира ситуацијата, па ќе се јави потреба и за нови брендови“. Освен постоечките трговски центри, за две до три години само во Скопје треба да се изградат и огромните објекти, како Скопје сити мол меѓу булеварот Партизански одреди и Илинденска, каде што инвеститори се Фешн груп и Балфин груп од Албанија, со вкупна инвестиција од 80 милиони евра. Истата сума се споменува и за деловно-трговскиот центар на инвеститорите Газит глоуб, кои за две години треба да ја завршат изградбата на локацијата кај поранешна Алумина.

Со продажба на државното земјиште по почетна цена од едно евро за метар квадратен допрва треба да се очекува изградба на трговски центри и во другите градови во Македонија, како во Битола, Гевгелија, Тетово, Струмица.

“Капитал“ дознава дека и на Евроазискиот самит што неодамна се одржа во Истанбул турските инвеститори се интересирале за отворање шопинг-молови во Македонија. А, Турците се познати по тоа што веќе препознаа атрактивен бизнис со трговија на македонскиот пазар. Токму групацијата ЕСХ од Турција ја отвори стоковната куќа Мост во Старата скопска чаршија, која ќе функционира како *department store, односно ќе биде поделена на реони со женска, машка, детска, долна и спортска облека, парфимерија, играчки и кафе-ресторан.Експертите истакнуваат дека отворањето трговски центри во земјава е инвестиција која отвора работни места, но не придонесува за долгорочен економски развој на земјата, за што е потребно изградба на повеќе производствени капацитети. Аналитичарите велат дека во време на криза помалку ризично е да се инвестира во трговски капацитети затоа што е исплатливо, повратот на капитал е брз, а ризикот мал.

Иако во Македонија во последниве години се отворија многу трговски центри во кои доминираат продавници за облека, трговците кои работат со франшизи велат дека овој бизнис изумра, а како причина ги посочуваат неквалитетните брендови кои се продаваат во земјава.
Искра Ивановска, генерален менаџер на Итали нова, застапници на брендовите Калиопе и Теранова, вели дека пример за ова е Градскиот трговски центар на кој не му предвидува светла иднина. 
“Хрватска има многу трговски центри кои се сериозни затоа што таму се продаваат брендови на франшиза, а кај нас сите продавници се преплавени со турска и кинеска роба. Не потценувам никој, но зборувам од аспект на економската ситуација, која не дозволува толку шопинг-центри кои не нудат ништо ново и атрактивно“, вели Ивановска. Други трговци велат дека во Македонија наместо да се носат нови и атрактивни брендови, се продава евтина стока која лесно поминува кај граѓаните.“Се соочуваме со нелојална конкуренција затоа што голем број набавувачи на облека од Турција ја носат на кило. И така, парче облека кое го купиле за пет евра го продаваат овде за 50 и тоа нормално функционира. Затоа, никој не носи нови брендови бидејќи вака е поисплатливо“, вели соговорникот за “Капитал“.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/65610/ne_e_kriza_i_za_otvoranje_shoping-centri.aspx
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 15-Jun-2011 at 13:30
Slucajno po facebook go najdov stranicata na objektot sto se gradese na plostadot na Tetovo.
Se raboti za Centarot Ilirija, kje ima kafe, restoranti itn. itn.
Spored mene, ovaj objekt nikako ne im e tuka mestoto(na plostad)BashPuke
http://www.facebook.com/media/set/?set=pa.100002430879076
Back to Top
bob39 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 24-Jun-2011 at 23:40
Mizerija!
Трговски центри= убиство на Скопје
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 09-Jul-2011 at 19:58

Првин „Меркатор“, а сега и „Карфур“ не прескокна – отиде во Албанија

  • Објавено: пред 32 минути |
  • Прочитано: 58 |
  • Печати |
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/07/09/Carrefour.jpg

Големиот француски гигант за малопродажба „Карфур“, кој е втор во светот по бројот на супермакети и приходи по американскиот „Вал Март“ и прв надвор од САД, објави дека ќе го отвори својот прв супермаркет во Албанија во ноември. Првиот „Карфур Центар“ ќе има површина од 7.000 метри квадратни и во својата почетна фаза ќе вработи околу 550 лица. Постојат планови за ширење во други градови во земјата и за отворање и на нови супермаркети.


Уште во летото 2009 година „Карфур“ објави дека основа стратешка алијанса со грчкиот ланец на супермаркети „Маринополус“ за влез на Балканот. Двете компании имаат основано заедничка компанија во Грција која работи веќе 17 години. Новата компанија 60 отсто ќе биде во сопственост на Французите, а остаткот во сопственост на заедничката компанија што работи во Грција. Покрај во Албанија, „Карфур“ е присутен и во Бугарија.


Според соопштението од пред две години, заедничката компанија требаше да се прошири и во Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Словенија. Но, се чини „Карфур“ тактизира зашто Хрватска, Србија и Словенија се добро покриени со ланци на супермаркети и прашање е дали има простор за нови играчи. Настрана фактот што проширувањето, барем на пазарите на овие три балкански земји, се покажа тешко дури и за еден локален гигант каков што е хрватскиот „Агрокор“, кој не успеа да го купи словенечкиот „Меркатор“, иако хравтските граници му се мали и голем дел од својата енергија ја посветува на влез во нови пазари.


Кога сме веќе кај „Меркатор“ и овој словенечки малопродажен гигант го одложи својот влез во земјава. Компанијата веќе 5 години има купено локација во скопски Карпош и имаше земено под закуп дополнителен простор од владата за градење шопинг центар. Генералниот директор на „Меркатор“, Алеш Дебељак, уште во февруари 2010 година најави дека до крајот на минатата година „Меркатор“ ќе влезе во Македонија и во Косово, но тоа не се случи. Владата неодамна му ја одзеде парцелата што му ја имаше дадено на „Меркатор“ под наем зашто компанијата и после 4 години не ја изврши планираната инвестиција. Сега, „Меркатор“ ако воопшто и реши да влезе во земјава, ќе треба да ги преработи проектите за градење зашто има помал простор за да го изгради својот шопинг центар.


Но, ова не ги спречува Словенците да продолжат да се шират на Балканот. Компанијата за годинава одвои 120 милиони евра за проширување на седумте балкански пазари во кои работи, од кои ни евро за Македонија. Од друга страна, само минатата недела беше овторен супермаркет во Србија во градот Врбас, вреден 2 милиони евра, како и уште еден во Хрватска, на хрватскиот јадрански брег во Биоград, вреден 1,2 милиони евра.


„За „Меркатор“ проблем е и фактот што неговата парцела во Скопје се наоѓа на локација кај спортскиот центар „Борис Трајовски“ што е преблиску до шопинг центарот кој албанската групација „Балфин“ веќе го гради, исто така, во општината Карпош (населба Карпош 3). Од друга страна, „Балфин“ гради уште еден голем шопинг центар во Тирана на Источната порта на градот, па тоа не го поколеба „Карфур“ да му стане конкуренција во албанскиот главен град.


Истовремено, консултатската куќа Еј-Ти-Кирни ги избрка Македонија, БиХ и Романија од својот индекс на 30-те најпосакувани локации за отворање на супермаркети во светот. Македонија за првпат влезе на оваа листа од 30 земји минатата година и тоа на 20-то место. Албанија беше на 12-то место, а годинава е пласирана на 13-то На листата остана и Бугарија како последна 30-та во овогодишното рангирање.


Како причини за помалиот број на балкански земји на листата наведен е понискиот економски раст на Балканот во однос на региони како што се Далечниот Исток и Јужна Америка, каде високиот економски раст овозможува повисока побарувачка и повисоки заработувачки.

http://www.plusinfo.mk/vest/7705/Prvin-Merkator-a-sega-i-Karfur-ne-preskokna--otide-vo-Albanija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 31-Aug-2011 at 12:00
Екстра фунги ќе гради откупен центар за зеленчук
Петре Димитров -  31 август 2011   10:22 GMT

Македонската компанија за откуп и преработка на печурки, шумски плодови и лекови „Екстра фунги“ во Чешиново, кочанско ќе гради откупен центар со ладилни комори за откуп на зеленчук.

Според информации од компанијата во откупниот центар ќе се откупуваат домати, зелен пипер, краставици, кромид и вишни.

Откупниот центар ќе се протега на 872 метри квадратни, а инвестицијата е во вредност од 24,6 милиони денари. Дел од средствата се обезбедени преку ИПАРД програмата, дел се сопствени средства на компанијата, а дел се обезбедени со кредит.

Во новиот откупен центар ќе бидат вработени 15 лица.

Камен темелникот ќе биде поставен утре, а во употреба ќе биде пуштен во текот на следната година.

Компанијата е лоцирана во Кочани, а нејзин сопственик е Сашо Антовски.

http://www.makfax.com.mk/#30%2F267109%2Fekstra_fungi_kje_gradi_otkupen_centar_za_zelenchuk
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 17-Sep-2011 at 16:42

Државата по пат на електронско јавно наддавање нуди на продажба градежно неизградено земјиште во Македонска Каменица, наменето за изградба на големи трговски единици и за угостителски објекти.

makedonskakamenica-5001709201

Градежните парцели, што ги огласи денеска Министерството за транспорт и врски,  се продаваат по почетна цена од евро за метар квадратен.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 19 октомври во Министерството за транспорт и врски, каде ќе се одржи лицитацијата на 29 октомври.

http://kurir.mk/republika/opstini/42627-Se-prodava-drzavno-zemjiste-vo-Makedonska-Kamenica
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 03-Oct-2011 at 02:08

24.06.2011


[quote]

БОРБАТА СЕ ВОДИ ЗА ПАЗАР ОД 55 МИЛИОНИ ПОТРОШУВАЧИ

Спасијка Јованова
Борбата%20се%20води%20за%20пазар%20од%2055%20милиони%20потрошувачи

КАКО Е РАСПОРЕДЕНА МОЌТА НА ТРГОВСКИТЕ СИНЏИРИ ВО РЕГИОНОТ?

Можете да мислите дека малото е убаво, но подобро е да се биде голем. Оваа девиза, која јавно ја прокламира и реализира еден од најголемите бизнисмени на Балканот, Емил Тедески, веќе е дел од стратегијата и визијата на сите поголеми балкански компании. Особено е присутна во деловните планови на трговските синџири во регионот и тоа уште многу одамна. За Меркатор, Агрокор, Делта веќе не постојат граници во Југоисточна Европа. Овие трговски брендови ги имаат освоено сите пазари во регионот и имаат лидерска позиција или се втори и трети. Тие не се само трговски компании. Тие се, пред се, поддржувачи на домашното производство на храна, затоа што во нивните продажни центри повеќе од 50% од производите се домашни. Тоа е одлична формула за промоција и поддршка на домашното производство, но и за извоз. Секој нов продажен центар на трговските конгломерати во друга земја значи нов пазар за извоз. Со својот трговски бренд тие ги носат и домашните производи на странски пазари.

Затоа, Меркатор, Делта и Агрокор имаат значаен удел во развојот на економијата во нивните држави, но и голема поддршка од државата. Класичен пример за тоа е неуспешниот обид на Агрокор да го преземе Меркатор. Словенија го одби нападот на Ивица Тодориќ за да го заштити словенечкиот пазар од напливот на хрватски производи. Многу патриотски и стратешки. Исто како и планот на Тодориќ преку Меркатор да отвори нов пазар за Хрватска, кој досега се покажа како тежок за освојување. И сето ова се случува во криза, кога прометот на сите трговци е паднат, а плановите за раст и аквизиции се забавени. Што ли ќе се случува за 1-2 години?

Предизвикот е многу голем. Да се освои пазар од 24 милиони жители! Каде е во целиот овој контекст Македонија? Каде се македонските трговски брендови во стратешката битка за освојување на пазарот на поранешните југословенски држави, па и пошироко? Никаде. Тие се задоволуваат со пазар од два милиони жители! Трговските синџири, како Тинекс и Скопски пазар, се чисто локални, мали, без стратегија за инвестирање во странство и како такви – голема и лесна цел на гигантите од регионот. Само за илустрација, Конзум маркетите на Агрокор имаат годишен приход од 2,67 милијарди евра, а Скопски пазар од само 31,5 милиони евра и Тинекс од 88,6 милиони евра. Меркатор е уште поголем со вкупен приход во 2010 година од 2,78 милијарди евра.Тоа значи сериозна опасност за македонското производство затоа што ќе биде на уште поголем удар од конкуренцијата од регионот. А, таа е немилосрдна. Во таа борба за раст не се штедат пари и средства за напад и одбрана. Белгиската групација Делез за супермаркетите на Делта, Делта Макси, плати дури 932 милиони евра за да добие пазар од 55 милиони жители. Агрокор понуди двојно повеќе од бараната сума за да го купи Меркатор, но не го доби.

МАЛИ И ГОЛЕМИ

Што е целта на овие аквизиции? Зошто трговските синџири во регионот сакаат да бидат големи и не се задоволуваат со локалниот пазар? Затоа што сите локални пазари се мали – од два до 7,5 милиони жители. Што е тоа во споредба со 24 милиони жители, колку што има поранешниот југословенски простор или со 55 милиони жители, колку што има Југоисточна Европа?

Менаџментот на Делез, која ја купи Делта Макси, смета дека Југоисточна Европа во иднина ќе биде многу перспективен регион во однос на економскиот раст и куповната моќ на потрошувачите, што оди во прилог на малопродажбата.“Во регионот има простор за ширење, бидејќи се работи за простор во кој живеат 55 милиони луѓе, што е речиси како Велика Британија или Италија. Тоа е регион кој забрзано се развива и кој во периодот меѓу 2010 и 2014 година се очекува раст од околу 60%“, велат во Делез. А што добива Србија од Делез? “Знаеме дека во Србија можеме да најдеме добри производи кои ќе ги продаваме во другите делови на нашата група, на пример, во Грција или Романија. Во Делез, околу 50% од производите кои ги продаваме се локални, односно од пазарот каде што работиме. Затоа, на секој пазар имаме долгорочни договори со локалните производители. Ние ги поттикнуваме да инвестираат за да може да се развиваат. Им нудиме и нивните производи да се продаваат во други земји“, вели Пјер Оливие Бекерс, директор на Делез.

БОРБА ЗА ПАЗАРИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

И светските медиуми анализираат дека во Југоисточна Европа се води борба за освојување на пазарот на малопродажба. Тие коментираат дека Агрокор и Меркатор играат “ризична игра на борба за превласт во малопродажниот сектор во одделни пазари од поранешна Југославија“. Сега Жика Дебељак, првиот човек на Меркатор, бара од неговите акционери заеднички да понудат 60% до 75% од акциите за да привлечат големи странски инвеститори до крајот на годината.“Словенија, првата ексјугословенска република која влезе во ЕУ, има репутација за економска ксенофобија. Заедничкото акционерство меѓу големите компании покажа дека Владата и големите бизнисмени работат заеднички на домашниот пазар од два милиони луѓе“, коментираат светските медиуми.

Според овие анализи, Агрокор го замени “монополот на домашниот осиромашен пазар со помалку од пет милиони жители за отворен регионален пазар со сериозна глобална конкуренција“.Но, Македонија не е во оваа игра. Бидејќи македонските трговски синџири се локално ориентирани тие немаат отворена позиција за зголемен пласман на македонски производи во странство. Имаат и многу лоша позиција во однос на обидите да бидат преземени затоа што се многу мали. Секако дека нивните акционери, доколку одлучат да ги продадат, ќе ја валоризираат вредноста што ја сакаат, но што ќе значи тоа за македонската економија. Сопствениците на трговските гиганти од регионот не кријат дека со својата инвестиција носат и домашно производство. Не исклучуваат соработка со локалните производители, но сигурно претпочитаат да доминираат нивните домашни брендови. Тоа веќе го видовме во Македонија со присуството на Рамстор и на Веропулос, во чии супермаркети турските и грчките производи имаат значајно место. Сево ова значи дека домашното производство на производи за секојдневна употреба во домаќинството е хендикепирано за една голема можност за поддршка и развој. Вината подеднакво лежи и кај бизнисмените и кај стратегијата и политиката на државата.

ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Тинекс – обрт во 2010 година од 88 милиони евра и профит од 2,2 милиони евра

Веропулос – вкупен приход од 54,5 милиони евра и профит од шест милиони евра

КАМ маркети – вкупен обрт од 46 милиони евра и профит од 2,88 милиони евра

Скопски пазар – вкупен приход од 31,5 милиони евра и профит од 177.000 евра

Тедико Супер – вкупен обрт од 22 милиони евра и загуба од 275.000 евра

Рамстор – вкупен приход од 19 милиони евра и профит од 3,5 милиони евра

СТРАТЕГИЈА ЗА УСПЕХ

1. Отворање супермаркети на локалниот пазар – целта е да се почне бизнисот за малопродажба;

2. Развивање на приватни марки (private labels) со откуп на производи од домашни фабрики – целта е да се понудат поевтини, а квалитетни производи на потрошувачите;

3. Доминантно присуство на домашни производи на рафтовите – целта е да се поттикне и помогне домашното производство;

4. Ширење на мрежата на супермаркети во земјите од регионот – целта е да се развие бизнисот и да се освојат нови пазари;

5. Изградба на откупни центри во земјите од регионот – целта е да се дојде до евтини производи и да се намалат транспортните трошоци;

6. Изградба на дистрибутивни центри во земјите во регионот и во други земји (во кои не се поседуваат супермаркети) – целта е да се обезбеди пласман за домашното производство.

МЕРКАТОР, СЛОВЕНИЈА

вкупни приходи во 2010 година – 2,78 милијарди евра

присуство на пазари – седум

планирани инвестиции – 130 до 150 милиони евра

стратегија и визија – водечки трговски синџир на прехранбени и производи во ЈИЕ

број на вработени – 10.606

КОНЗУМ И ИДЕА, ХРВАТСКА

вкупни приходи во 2010 година – 2,67 милијарди евра

присуство на пазари – два

планирани инвестиции – /

стратегија и визија – постојано преземање компании и брендови со цел освојување нови пазари

број на вработени – 11.319

ДЕЛТА МАКСИ, СРБИЈА

вкупни приходи во 2010 година – 2,06 милијарди евра

присуство на пазари – пет

планирани инвестиции во 2011 година – 51 милион евра

стратегија и визија – раст на приходите и освојување на нови пазари во Европа

број на вработени – 19.000

ТИНЕКС, МАКЕДОНИЈА

вкупни приходи во 2010 година – 88,6 милиони евра

нето-добивка – 2,2 милиони евра

присуство на пазари – еден

планирани инвестиции – /

стратегија и визија – развој на семејниот бизнис самостојно

број на вработени - 972

СКОПСКИ ПАЗАР, МАКЕДОНИЈА

вкупни приходи во 2010 година – 31,5 милиони евра

нето-добивка – 177.977 евра

присуство на пазари – еден

планирани инвестиции – /

стратегија и визија – /

број на вработени - 637

ДЕЛТА МАКСИ ВО ЕВРОПА ПРЕКУ ДЕЛЕЗ

Пјер Оливие Бекерс, претседател и генерален директор на Делез група

“Во своето идно работење под водство на Делез, Делта Макси ќе биде дел од уште поголема и посилна фамилија. Верувам дека оваа трансакција е голем чекор за Србија кон ЕУ, а за Делта Макси почеток на нова фаза на развој.“

Делта холдинг е најголема приватна и прва компанија според приходот во Србија. Членките на холдингот се занимаваат со земјоделско производство, малопродажба, извоз, увоз, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, продажба на автомобили, недвижности, финансиски услуги и осигурување. Холдингот во 2010 година оствари приход од продажба од 2,34 милијарди евра. За 2011 година се планирани 2,71 милијарда евра. Годишниот промет на Делта чини 9% од српскиот бруто-домашен производ. Делта холдинг вработува 22.000 луѓе и има свои фирми во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Словенија и во Бугарија, каде што го презеде малопродажниот синџир Пикадили. Поседува и дистрибутивен центар за овошје и зеленчук во Русија. “Постојаниот напредок и големите вложувања во ширење и јакнење на мрежата за малопродажба, во нови деловни објекти и во развој и унапредување на програмата се значаен мотив за докажување, усовршување и напредување во работењето“, велат во Делта холдинг.Најголема е Делта М група, со повеќе од 19.000 вработени. Во 2010 година, приходите на Делта М изнесуваат 2,06 милијарди евра. Стратешка цел на Делта М е ширење во регионот. Во рамките на оваа компанија работат супермаркетите Делта Макси, кои ги има 449, од кои 322 во Србија, 18 во Црна Гора, 16 во Албанија и 40 во Бугарија. Откупен центар за овошје и зеленчук има во Босна. Компанијата планира во 2011 година да инвестира 51 милион евра, од кои 20 милиони во Бугарија, осум во Црна Гора, 13 милиони во БиХ и 10 милиони евра во Албанија. Се проценува дека приходите на Макси оваа година ќе изнесуваат 1,4 милијарди евра, а добивката пред оданочување и камати од 85 до 90 милиони евра.Првиот Макси супермаркет е отворен во 2000 година во Нов Белград. Делта Макси во 2003 година почна развој на сопствена марка на производи (private label), кои се продаваат по пониски цени за 15% до 40% од брендираните производи, а имаат добар квалитет. Сега ги има околу 2.000 (храна, хемија, текстил, обувки, производи за деца, храна за домашни миленичиња). Во вкупниот промет овие производи учествуваат со 14,83%, а планот е да бидат 25%. Делта Макси годинава беше продадена на белгиската компанија Делез за 932 милиони евра.“Многу сме задоволни од оваа трансакција, која целосно го поддржува забрзувањето на растот на нашата продажба, а тоа е клучен приоритет на нашата нова бизнис-стратегија. Предвидуваме значителен раст на приходите и гледаме потенцијал за синергија, која ќе произлезе од интеграцијата на новите пазари со нашето работење во Европа“, изјави Пјер Оливие Бекерс, претседател и генерален директор на Делез групата.Според Миодраг Мишковиќ, сопственикот на Делта холдинг, во изминатите 10 години Делта Макси израсна во еден од водечките малопродажни синџири во Југоисточна Европа.“Во своето идно работење под водство на Делез, Делта Макси ќе биде дел од уште поголема и посилна фамилија. Верувам дека оваа трансакција е голем чекор за Србија кон ЕУ, а за Делта Макси почеток на нова фаза на развој“, вели тој. Белгиската компанија е присутна во шест земји на три континенти, а во регионот има продавници и во Грција и Романија. На крајот од 2010 година имаше 2.800 продавници и приход од 20,8 милијарди евра. Вкупно вработува 137.000 луѓе.Економистите во Србија очекуваат новиот сопственик да постави правила на игра какви што важат на другите пазари и да се намалат цените на производите. Според нив, новите правила значат фер однос со коминтентите, плаќање на обврските на време, а не со одложување од шест или девет месеци.

МЕРКАТОР СЕ ПРОДАВА И ОСВОЈУВА ЧЕТИРИ НОВИ ПАЗАРИ

Жига Дебељак, главен извршен директор на Меркатор

“Оптимизација на работењето правиме веќе две години, така што и покрај намалувањето на маржите за 0,4%, профитот го зголемивме за 10%. Не ја одложуваме наплатата затоа што почитувањето на роковите е коректен однос кон добавувачите. Но, со добавувачите имаме многу цврсти договори и им кажавме дека од нашиот џеб ќе одвоиме 11 милиони евра за намалување на маржите, за да ги задоволиме потрошувачите во време на економска криза. Затоа, очекуваме и нашите добавувачи да го имаат тоа предвид.“

Словенечкиот трговски гигант Меркатор има свои фирми и во Србија (основачки капитал 40,6 милиони евра), Хрватска (257 милиони евра), Босна и Херцеговина (83 милиони конвертибилни марки) и во Македонија (5.000 евра, основана во 2005 година). Компанијата во Словенија поседува и индустрија за пилешко месо, фирма за производство на кондиторски продукти, градежништво, фирма за трговија на мало.Друштвото под име Меркатор почнува со работа во 1953 година, како трговско претпријатие во Љубљана. Во 1990 година почнува развојот на концернот, а во 1993 компанијата е приватизирана со јавна продажба на акции, со што е остварена најголемата приватизација по обем и вредност на капиталот во Средна Европа. Сопственици станаа државни фондови и 63.000 мали акционери. Во 1997 година, на чело на Меркатор застанува Зоран Јанковиќ (кој се смета за таткото на Меркатор) и од таа година таа почнува да се развива и да работи профитабилно. Од 1998 до 2003 година, Меркатор интензивно го поврзува капиталот и презема и основа трговски друштва во земјите од поранешна СФРЈ. Од 2005 година на чело на Меркатор е Жига Дебељак. Визијата на раководството е Меркатор да биде водечки трговски синџир на прехранбени и производи за секојдневна употреба во домаќинството во Југоисточна Европа. Меркатор

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 21-Oct-2011 at 12:59
eve i poopsirno

Италијани градат трговски центар во Петровец

Со поставување камен-темелник во општина Петровец денеска почна изградба на мултифункционален трговски центар, инвестиција на италијанската групација Еуроиталија во вредност од 10 милиони евра.

Деловниот објект ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри и треба да овозможи 100 нови работни места.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во обраќањето на свеченоста истакна дека италијанската инвестиција е значајна за натамошниот развој на општина Петровец.

Покрај 10-те милиони евра што ќе бидат вложени и 100-те нови работни места, според Пешевски, особено е значајно што ќе се создадат можности за трговија во општината, но и предуслови за развој на трговски активности и размена со Градот Скопје.

Укажувајќи на големиот напредок нотиран во Дуинг бизнис на Светска банка каде Македонија е пласирана на највисоките места во Европа во спроведување реформи за водење бизнис, вицепремиерот порача оти крајната цел, сепак, не е високото рангирање на листите, туку, како што рече, целта е да се присуствува на што повеќе настани како денешниот со старт на инвестиции.

Според Пешевски, доказ дека напредокот во бизнис-климата е реален е податокот оти трговскиот центар во Петровец е втора инвестиција на италијанската групација во државава.

- Владата останува посветена на реформите и на натамошно подобрување на бизнис-климата за привлекување што повеќе инвестиции што во наредниот период треба да овозможи поголем економски развој, намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард на граѓаните, истакна Пешевски.

Алберто де Лука, еден од инвеститорите на трговскиот центар, најави оти денешниот настан е само почеток на плановите за инвестирање што ги има групацијата во Македонија. 

- Веруваме во Македонија како млада држава во која ќе наидеме на одличен прием и од граѓаните, наведе де Лука.  

Следната нивна конкретна инвестиција, според градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, веќе се официјализира. Италијанските инвеститори веќе купиле парцела со површина од 6.000 метри квадратни во Катланово на која ќе градат објект со вкупна површина од 27.000 метри квадратни.

Изведувач на градежните работи на мултифункционалниот трговски центар во Петровец е компанијата „Ники градба“.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/italijani-gradat-trgovski-centar-vo-petrovec

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 21-Oct-2011 at 15:54
eve video ama render nikade ne vidov

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nova-investicija-vredna-10-milioni-evra-vo-opshtina-petrovec
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 21-Oct-2011 at 16:24
Луксузен трговски центар со инвестиција од 10 милиони евра  Nuts
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 21-Oct-2011 at 16:41
Абе нема врска, за фолирање го донеле тој италијанецот да изгледа поуверливо. Ова е некој локалец или па во некаква релација со некој иселеник. Ниту рендер има, ниту бренд, инвестицијава не е некоја којзнае колкава, а и којзнае што се опфаќа. Никаде барем една бројка, за капацитет, површина. Башка имево е ептен проѕирно нанменско, "еуроиталија".
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 01-Nov-2011 at 12:19

Катанец на секој трет дуќан во Скопје

Андријана Коровешовска
Катанец%20на%20секој%20трет%20дуќан%20во%20Скопје%20%20

Tотална распродажба“, “Локалот се издава или се продава“, “Локалот е преселен на друга локација“ (ама не пишува каде) е најчестата слика што ќе ја видите кога ќе прошетате во поширокото централно подрачје на Скопје - Градскиот трговски центар (ГТЦ), улица Македонија, ТЦ Буњаковец, ТЦ Беверли Хилс... Економската криза, која годинава ескалира во европската економија, во Македонија се манифестира и со сериозна криза во трговијата. “Капитал“ забележа дека секој трет дуќан во Скопје е затворен. Со месеци на излогот стои натписот “Се издава“ или “Се продава“, но интерес нема.

Трговците се жалат дека намалениот животен стандард драстично ја намалил потрошувачката кај граѓаните, поради што многу трговски субјекти пропаднале. Немаат пари да набават нова стока, да платат кирија и продавачи. Ова го потврдуваат и податоците за тоа колку пари се вртат во платниот промет во земјава и за вредноста на трансакциите со платежни картички. За разлика од лани, кога цела година растел платниот промет, што значи повеќе се трошело и се плаќало, годинава тој тренд е надолен од почетокот на летото. Значи, граѓаните и фирмите имаат сè помалку пари или пак, сè помалку трошат. Дури и на картичка.

Останаа само брендираните продавници

Во ГТЦ се полни само продавниците кои нудат ИТ-опрема, телефонија и банкарски услуги и неколку продавници кои нудат брендирана облека и обувки. Повеќето no name продавници ги нема или сè уште продаваат ланска или летна колекција. Што значи, газдите немаат пари да набават нова стока. Дуќаните, пак, од надворешната страна на трговскиот речиси сите се под клуч.

На улица Македонија се полни само кафулињата. Трговските центри Беверли Хилс и Буњаковец пак, целосно се празни. Освен продавачите, таму ретко може да се сретне некој купувач.

Единствено Рамстор живее, но не со толку голема динамика како изминатите години. Овде главни купувачи се Косовците. Домашните повеќе шетаат отколку што купуваат, велат продавачите.

Дури ни излозите на кои со огромни букви е напишано “Распродажба“ и “Топ цени“ не примамуваат потрошувачи. Иако ова е невообичаен период за попусти, сепак, трговците се обидуваат со пониски цени да извадат некој промет. Но, тоа не можат да го направат со стара стока.

“Чекаме идниот викенд да ни пристигне стоката од Италија. Газдите сакаат да соберат што повеќе нарачки за да стигне сè одеднаш“, велат во една продавница за италијански обувки, каде што вообичаено има многу голема понуда. Иако сега на повидок е зимската сезона, тие сè уште продаваат сандали!

Сопствениците на продавниците за брендирана облека во Скопје велат дека не се сериозно погодени од кризата, затоа што блокираната граница кон Грција ги натерала Македонците да купуваат во земјава, наместо во Солун.

Искра Ивановска, генерален менаџер на Итали нова, застапник на брендовите Теранова и Калиопе, вели дека затворањето на дуќаните се должи пред сè на скапите кирии и на тоа што малите трговци неподготвени влегуваат на пазарот, купуваат стока од друго место, па потоа ја препродаваат.

“Немаме никаков проблем со продажбата. Дури годинава значително се зголеми благодарение на кризата во Грција. Многу е важно да се изгради бренд и да се има вистинската клиентела. Теранова како бренд веќе подолго време е присутен на пазарот и со право можам да речам дека досега се придржуваме кон сите стандарди во работењето. Редовно добиваме нова стока за секоја сезона и веднаш ја пласираме во продажба. Проблемот повеќе се одразува кај малите трговци“, смета Ивановска.

Васко Давитковски од ТЦ Соравиа досега не добил поплаки од вработените за намалена продажба. Во последните 5-6 месеци настанала само една промена со влезот на продавницата Базаро, а останатите дуќани работеле со ист интензитет.

Но, Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавци, потврдува дека малите трговци имаат проблем со ликвидноста. Според него, тие сè уште продаваат ланска стока затоа што парите ги потрошиле за кирии, за сметки за струја, па не им останало за набавка на нова колекција.

“Тоа е и причината за затворањето на дуќаните. Ни големите попусти не ја продаваат старата стока и едноставно немаат пари за да продолжат да работат“, вели Бошков.

Јадранка Аризанковска од Дирекцијата за застапување на интересите на членките во Стопанската комора смета дека главен проблем е нискиот стандард на граѓаните. Според неа, луѓето не го сметаат шопингот за нешто неопходно, па во тој домен сè повеќе се ограничуваат и кратат. На продавниците за храна сè уште им одело добро.

“Економската криза особено го погоди текстилот, посебно малите трговци кои немаат изградено бренд и мора да плаќаат кирии. Поголемите брендови веќе имаат купено свои простории, а тие што немаат, сепак, можат да го издржат финансискиот притисок. Тоа не е случај со помалите“, вели Аризанковска, која како пример го посочи Веро.

Кириите остануваат високи

Во агенциите за недвижности укажуваат дека високите кирии исто така придонесуваат за затворање или дислоцирање на трговските локали. Но, главниот проблем го посочуваат кај големата понуда, а слабата побарувачка.

“Рецесијата е причината поради која голем број компании се откажаа од проширување и инвестирање во сопствен деловен простор и што работат со намален интензитет или се затворени. Но, изненадувачки е фактот што иако е намалена побарувачката на деловен простор, цените на кириите остануваат исти. Сопствениците не се подготвени да ја намалат цената на малопродажниот простор. Таа варира само во зависност од местоположбата на дуќанот и фреквентноста на луѓе“, вели Оливер Димитровски од Њувеј лимитед.

Од агенцијата Бастион сметаат дека и дури и да се намали киријата, ако продажбата оди лошо, трговците повторно ќе се соочат со истиот проблем и ќе мора да го затворат дуќанот.

“Има многу кои ја спуштаат цената, на пример од 4.000 на 2.000 евра за метар квадратен, меѓутоа слабиот промет ги принудува да ги затворат. Агенциите многу ретко нудат простор од трговските центри, освен ако ептен не можат сопствениците да го изнајмат или да го продадат. Најчесто станува збор за дуќани кои продаваат ИТ-опрема, телефони или многу ретко некоја продавница за ексклузивен накит“, вели Донка Филиповска од Бастион.

Од агенцијата за недвижности Хепинес пак, велат дека цените на дуќаните на атрактивните локации се високи и нереални. Ретко се менуваат. Ако некој реши да изнајми ваков локал, тоа го прави со намера трошоците да ги покрие со продажба, но кризата му ги поматила сметките. Затоа, за кратко време го затвора дуќанот.

Малите страдаат од големите

Концентрацијата на дуќани во големите трговски центри го намали прометот на малите продавници, бидејќи луѓето сакаат сè да најдат на едно место.

“Тивко влегуваме во глобализација. Луѓето се навикнуваат на новите услуги, да може да најдат сè на едно место, со што им се олеснува купувањето. Малите трговци немаат услови да го понудат тоа и за кратко време се принудени да ги затворат дуќаните“, вели Бошков.

Според директорот на агенцијата за недвижности Асторија, Слободан Митровски, новиот трговски центар кој се гради во населбата Карпош 3 ќе привлече голем број трговци и купувачи затоа што ќе донесе нови брендови.


http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75469/katanec_na_sekoj_tret_dukjan_vo_skopje.aspx?iId=2429
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.273 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.