![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Борис Трајковски (Првомајска) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 26> |
Author | |
tonikostov ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
![]() ![]() |
Ова приоритетиве така само ги кажуваш или навистина постои листа на приоритети, или акционен план за проширување/обнова на улици и булевари?
|
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
"Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во интервјуто најави дека од
мај ќе започне изградба на булеварот „Теодосиј Гологанов“, а во мај или
јуни ќе почне реконструкцијата на улицата „Козле“. Во месец јуни исто
така ќе започне и реконструкцијата на булеварот „Климент Охридски“."
Ова беше најавено по отпочнување на работата на 5те улици кои сега се реконстуираат |
|
![]() |
|
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
Работата со Првомајска воопшто не е добра и одложувањето на реконструкцијата е лош сигнал (ова е незнам кое по ред одложување секоја година се најавува напролет и наесен ...) - покрај гужвите што ги има во текот на целиот ден коловозот е поптполно уништен - на делови има дупки и пропаднат асфалт (од многуте прекопувања) каде доколку не внимавате можете сериозно да го оштетите возилото. Бул. Климент Охридски во споредба со првомајска и сега е авионска писта - ама да таму за волја на вистината поминуваат премиерот, претседателот, министрите - па иако е во добра состојба сепак е на листата на приоритети - а обичните граѓани од кисела вода кои секој ден губат нерви и ги уништуваат возилата се само гласачи кои се потребни еднаш во 4 години ... Edited by vlatko.mk - 21-Apr-2011 at 09:45 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Теоријата не ти држи вода зашто сега е тој момент на 4 години што доаѓа, така да по таа логика требало Првомајска да се избере. Доста веќе со вакви теории и за илинденска ги имаше и сега. Се работи за цело централно подрачје реконструкции и сега било за влада.
|
|
![]() |
|
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
Епа баш затоа што се работи само на централно подрачје коментирам - онаму каде улиците се во добра состојба споредено со други улици - доволно е некој да прошета низ кисела вода и да види како е
наместо да се реконструираат улиците во кисела вода се крпат и тоа неквалитетно - асфалтот пропаѓа после само неколку месеци ![]() а дел од улиците изгледаат вака ![]() Наместо да се прошири и среди првомајска во 2008 години се подкрпуваше и сега на тие места каде се крпеше асфалтот е пропаднат ![]() Сеуште сте на ставот дека поважно е да се реконструира и прошири Бул.Климент Охридски ? Edited by vlatko.mk - 21-Apr-2011 at 20:40 |
|
![]() |
|
tonikostov ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
![]() ![]() |
Бидејќи сум од Кисела Вода, ќе го поддржам vlatko.mk :-)
Шала на страна, не верувам дека се работи од тие причини (влада и слично). Едноставно сметам дека до сега Кисела Вода немала добар градоначалник, кој ќе знае да ги насочи водите кон својата воденица (општина во случајов ;-) ). Ѓорчев побрза да се пофали со булевар Србија, од кој само дел е на територија на Општина Кисела Вода (вклучувајќи го и слепото црево од кружниот тек кон последна 24-ка), но реално булевар Првомајска е она со што треба да се фали. Првомајска е централната сообраќајница во општината, која судејќи по протокот на возила сигурно е на исто ниво како наголемите и најпрометни градски булевари. И најважно од се - во очајна состојба е. Ако возите од Чешма до семафорот кај оптинските бараки - возите по две нивоа. Исто е и во обратна насока од Чешма до Рампа. Дел од коловозот што беше прекопан за поставување на топловод е пропаднат. Тротоарите се очајни - распаднати и прекопани. Што се однесува до делот кој треба сега да се прави - тоа е тесно грло на Градот, не само на Општината. Возењето по Првомајска наутро и попладне е катастрофа. Речиси по цела должина на потегот кој треба да се реконструира прв се вози по една коловозна лента. Кога веќе се одложува реконструкцијата, се прашувам дали можеби до сега можеше да се постави светлосна сигнализација над целиот коловоз со три ленти, па да се овозможи проток во две ленти кон Центар наутро, а попладне проток од две ленти во правец кон Драчево. Како и да е, неможам да прифатам дека булевар Св.Климент Охридски е поприоритетен за Градот отколку Првомајска. А, Општина Кисела Вода има и друга доста искористена сообраќајница која припаѓа под Град Скопје. Тоа е улица Огњен Прица и Димо Хаџи-Димов заедно со Нардони Херои. Овие улици воопшто и ги нема во листата на приоритети, а сообраќајот по нив судејќи според гужвите наутро и во попладневните часови е речиси ист како оној на Првомајска. |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Прво, улиците во К. Вода, како што е една од сликите, се во надлежност на Општината, а не на градот. Значи дупките по локалните сокаци треба Ѓорчев да ги решава. Од друга страна, Климент Охридски е ужас. Скоро секој ден проаѓам од таму, состојбата е благо речено катастрофална. А особено што таму се наоѓаат повеќе деловни објекти, зградата на ЕУ и сл, така да не можете да кажете дека приоритет треба да е првомајска. Па и јане сандански на одредени делови е во ужасна состоја, па сепак сметам дека треба прво централните булевари да се опраат, а после оние во близина на центар. А климент охридски има мана и со средишното зеленило, кое дава прљава слика за целиот тој дел, така да во секој случај приоритет е климент охридски, а потоа сите останати. Мое мислење наравно.
|
|
![]() |
|
tonikostov ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
![]() ![]() |
Сосема неточно. Сите три слики се прикажани улици во Општина Кисела Вода, но истите тие улици се т.н. градски улици, односно улици што се под надлежност на Град Скопје. Ова е (ако грешам, нека ме поправи некој) според Законот за Град Скопје, како посебна единица на локална самоуправа (согласно Законот за децентрализација). Втората слика е, на пример, од улицата Иван Козаров, која Град Скопје ја санираше минатата година. Можам само да се согласам дека би било убаво кога самите скопски општини би си ги средувале сите улици на своја територија (вклучувајќи ги и градските), наместо да се чека „координирана“ акција со Град Скопје. Но, за жал, законски ова е невозможно. |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Беше присутен градоначалник на скопска општина кај мене на факс и објасни дека булеварите се на град скопје, се останато е на општината. Не дај боже да треба да чекаме град скопје маалски уличиња, ко таа на втората слика, да ги средува. Затоа градот се распаѓа поради недоволна комуникација меѓу општините и префрлање на надлежноста. Булеварите треба да ги прави градот, малите сокаци општината. Тоа барем го учам на предмет локална самоуправа и константно дебатираме дека надлежностите само се префрлаат за да се тргнат кривиците.
|
|
![]() |
|
tonikostov ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
![]() ![]() |
Повторно ќе кажам, Иван Козаров е улица под надлежност на Град Скопје - сакале или не! Еве и потврда за тоа кој ја асфалтирал: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E62AF329AF8D3A42947C19FFA54228A8
Во продолжение на Иван Козаров е и Вера Јоциќ, исто под надлежност на Град Скопје. Паралелно на нив, јужно, се и Огњен Прица и Димо Хаџи-Димов. Повторно - под надлежност на Град Скопје. Јасно е дека главните сообраќајници, колку год лошо и запустено тие изгледале, сепак се под надлежност на Град Скопје. Уличките (сокачињата, како што викаш) кои ги спојуваат нив или се дисперзираат кон станбените единици се под надлежност на Општините. Сепак, мора да се сложам дека многу веројатно е дека ваква глупа поделба е за човек да изгуби барем месец-два лутајќи по институции за да дознае под чија надлежност е улицата. Едно време се зборуваше дека таблите со имиња на улиците ќе бидат со различни бои, за да се означи која е градска, а која е општинска улица - но ништо од тоа... Аха, да... ова е интересно: паркирање на општинска улица (поставување рампа, блокатор за паркирање и слично) е надлежност на Град Скопје, сектор за сообраќај. Абе, лавиринт! |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Тони е во право. Под надлежност на градот Скопје се магистралните и собирните улици, додека под надлежност на скопските општини се сервисните и станбените улици.
“Собирна улица” е сообраќајница во населено место која го собира сообраќајот од сервисни, станбени и локални улици и се поврзува со магистрална улица или локален пат. “Сервисна улица” е сообраќајница во населено место која ги поврзува собирните улици со станбените и локалните улици. “Станбена улица” е сообраќајница во населено место која ги поврзува станбените и деловните објекти со собирната и сервисната улица. |
|
![]() |
|
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
-Локалните сокаци како што ги нарекуваш (најверојтно и така изгледаат) треба да се градски булевари - токму тука лежи проблемот - да не се повторувам дека сите тие се во надлежност на град Скопје ... -Сакаш да кажеш дека деловните објекти и ЕУ центарот се поважни од 100-те илјади граѓани кои барем двапати дневно ја поминуваат Првомајска? Изгледа дека одамна немаш поминато низ Кисела Вода штом велиш дека бул.Јане Сандански и бул.Климент Охридски се во очајна состојба ... Предлагам да прошеташ и да видиш што е очајна состојба ... дупки ... 2 коловозни ленти на “булевар“ ... возење 30 мин на делница од 2 километри ... |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Вчера баш поминав по Првомајска, состојбата е далеку од сјајна, но не можам да се согласам дека руиниран булевар пред седиштето на ЕУ, организација у која толку сакаме да влеземе, е понепобитна од булеварот у К. Вода. Па каква слика ондак даваме за дипломатите кои го посетуваат тој објект, за претседателите на другите држави што одат во Вила Водно и што мора да поминат по тој булевар. Најбоље би било кога би се средиле сите одеднаш, ама кога таква опција нема, барем центарон со улици да заличи. Не можеме претседател на некоја голема земја да го возиме по дупки. Со тоа си даваме лоша слика и имиџ. Али секој со своето мислење. И јас се напнав вчера по првомајска и дугите улици во К. Вода, се напнувам и по јане сандански, али највише се напињам што немаме средени булевари во центарот.
|
|
![]() |
|
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
Според мене не е добро да ги “шминкаме“ улиците во центар за да се покажеме пред еу ... дипломати ... странци - нека ја знаат состојбата онаква каква што е - во тоа нема ништо лошо - дури може да се сожалат па да пуштат некое евро од европски фондови
За мене поважни од секој дипломат се 100 000 обични граѓани кои си плаќаат придонес за регистрација на возила и за улици и патишта ... Несакам да навлегувам но сепак ќе искоментирам дека лошо е тоа што ги преценуваме еу, странците и дипломатите - ние живееме за нас и плаќаме данок за нас - ЕУ е минлива работа денес ја има утре ја нема ... Пракса на комунистичките и диктаторските режими била да се прават палати, да се живее во луксуз додека народот се дави во кал - мислам дека тој стадиум сме го надминале и дека треба конечно да размислуваме правилно и да се ставиме НИЕ граѓаните на прво место ... |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Па не би рекол дека ЕУ е минлива работа, но да не навлагаме во тие детали. А од сожалување никој нема пари да ти фрли, да не жалеа 20 години, ќе ни изградеа нешто. Не е комунистички режим, ама скоро во сите градови каде што сум бил центарот бил перфектно среден, а периферијата дури по средувањето на центарот се реновирала. Да не бидам разбран погрешно, воопшто не го фаворизирам центар, напротив би сакал сите туристи аеродром да го посетуваат, ама стварноста е другачија. Ако по првомајска проаѓаат дневно 100 000, во централното градско подрачје проаѓаат сигурно 2 пати повеќе луѓе. Како и да е, ти сметаш така, јас поинаку. А за да НИЕ дојдеме на прво место, мора прво главната и репрезентативна инфраструктура да се среди, за потоа да има инвеститори кои ќе донесат пари па ќе има поише пари и за другите населени места. Така барем функционира светот.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Град Скопје започна со поставување на улично осветлување на улицата Првомајска од фабриката Охис до мостот пред населбата Драчево.Овој потег долги години беше без улично осветлување, со што претставуваше вистинска опасност по безбедноста во сообраќајот. Град Скопје изготви и започна со реализација на времено решение кое ќе ги подобри условите за одвивање на сообраќајот на оваа френквентна сообраќајница. Со проектот е предвидено да се постават 55 дрвени столбови на делницата долга 1.550 метри. Напојувањето со електрична енергија е решено со воздушно мрежно поврзување на 400 волтните светилки кои ќе бидат поставени на столбовите. Град Скопје за да го реши проблемот обезбеди точки за електрично напојување на осветлувањето, за кои доби енергетска согласност од ЕВН. Од Буџетот на Град Скопје се издвоени 840.721,00 денари за реализацијата на овој проект, а работите ги изведува фирмата Електроизградба од Скопје. Улицата Првомајска треба да биде осветлена најдоцна до крајот на месец мај оваа година. Град Скопје за да ја подобри безбедноста за сите учесници во сообраќајот на оваа делница од Првомајска во текот на минатата година изведе комплетна реконструкција на коловозот, пришто беа издвоени 14,5 милиони денари за уредувањето на сообраќајницата која претходно долго време беше во лоша состојба. http://www.time.mk/read/3c6cf8a85f/96f39247c9/index.html |
|
![]() |
|
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
Додека сме кај првомајска јас би сакал да искоментирам и за останатите улици на територија на Кисела Вода. По тоа што го видов последниот пат судејќи дека и не ја знам многу добро општината улиците се во катастрофална состојба и може да се споредуваат само со општина Чаир. Јас искрено се надевам дека покрај толку новокомпонирани згради освен во Расадник и на другите локации, ќе се нанесе нов слој на асфалт бидејќи ситуацијата е очајна.
|
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
![]() |
|
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
Дефинитвно не си прошетал многу ... уличките во населбата Расадник се едни од добрите ... требало да свртиш круг по улиците кај економското училиште за да видиш што се дупки ... Се надевам дека ја помина првомајска од кај опшината до стара рампа и виде во каква очајна состојба е коловозот...
|
|
![]() |
|
dule ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Mar-2011 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 255 |
![]() ![]() |
Според мене општината Кисела Вода заостанува од другите општини,бидејки веќе трета година од кога дојде новиот градоначалник не се започна со ниту еден позначаен проект.Иста ваква судбина имаше и општина Аеродром кога беше поранешниот градоначалник Киро.Но најдобро си знаат граѓаните на Кисела Вода.Иначе за Првомајска трафиките на почетокот на рампа ги срушија уште минатата година (септември) а тоа што го читаме по весниците изгледа скоро нема да има проширување на Првомајска ќе видиме.
|
|
![]() |
|
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
Проблемот е што општината нема ингеренции сите улици кои се во лоша состојба се во надлежност на град Скопје - но градот не се осудува да прошири и реконструира улица како првомајска бидејќи има многу работа и чини многу пари.
Затоа градот се пушти на “реновирање“ т.е. шминкање на улици кои беа во релативно добра состојба и имаат должина од 500м до 1,3км за на крајот да има да набројат 10 проекти кои реално не вредат колку еден проект како Првомајска... - Мито Хаџивасилев јасмин - 800м - Vasil Adzilarski - 350м - Даме груев 250м ... Најкритичен дел на првомајска - делница од 1,3км ![]() Вкупна должина која треба да добие булеварско решение - 7,8км ![]() Edited by vlatko.mk - 27-Apr-2011 at 22:16 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 26> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |