![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 106107108109110 159> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Нов асфалт на ул. Киро Фетак во Драчево во должина од ~520 метри. Завршија за неверојатни три дена и не е лошо за македонски стандарди, мада мислам дека е редно време на сите работници да им се плати обука во Цирих на тема „Нивелирање шахти при реконструкција на улици применувајќи ја модерната европска технологија“
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Целосна реконструкција на улица Андон Димитров/Жарко Зрењанин во Драчево, во должина од 1450 метри.
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
<----------
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Staro Skopje - 17-Apr-2019 at 23:16 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе стане ли набргу улицата Босна и Херцеговина булевар
Почетокот на градежните зафати за изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина беше свечено означен лани во септември, со раздвижени багери на терен и присуство на двајцата градоначалници на Скопје, Петре Шилегов и на општината Бутел, Велимир Смилевски. Оттогаш, па досега седум месеци багерите мируваа на делот каде што беше свеченоста, близу населбата Скопје Север. А од другата страна на улицата, пред таканаречените социјални згради во Бутел, избраздeн беше само мал дел од проширувањето на новопроектираниот булевар. И ова заврши по асфалтирањето на пробивната сообраќајница Христијан Тодоровски-Карпош, по што повторно остана впечатокот дека работите стојат во место. Во делот на населбата Скопје Север од пред неколку дена градежни работници почнаа да копаат кај дрворедот од страна на населбата и на ископаниот канал поставуваат арматура. Граѓаните не знаат за што станува збор и се прашуваат дали се тоа повторно само стихијни активности за изградба на булеварот. Сметаат дека ако вака бавно се реализираат работите, веројатно уште долго ќе газат по кал и ќе голтаат прашина. Особено се засегнати што сега мораат да одат по заобиколен пат или да прескокнуваат преку ископаните канали за да дојдат до автобуската станица на линиите со броевите 9 и 35. Оние што живеат во зградите близу булеварот велат дека сега во овие дождливи денови навистина газат по калишта. – Зад автобуската станица дојдоа лани при крајот на летото, раскопаа со багерите и си заминаа. Сега пак ни го раскопаа делот кај дрворедот, на кој летно време за да избегаме од горештините, седевме на тревата, бидејќи никогаш не им текна да стават клупи. Сега го раскопаа потегот кај дрворедот, а уличката пред зградите од дождовиве се направи сета кал. Уште полошо е што преку каналите скокаме наутро да фатиме автобус преку улица, а поминувајќи преку тесните штици на каналот од брзање некој може и да се лизне – вели Софка Ивчева, жителка од населбата. Улицата Босна и Херцеговина е само дел од поврзувањето на општината Бутел со Шуто Оризари, а преку булеварот Словенија и со општината Карпош. Изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина лани беше најавена на потегот од раскрсницата со булеварот Словенија и улицата Македонско-косовска бригада до раскрсницата со улиците Бутелска и Кемал Сејфула, со која се сече на семафорите. Кога и дали ќе продолжи булеварот покрај старите општински бараки до социјалните згради немаме одговор. – Минатата година започна реализацијата на проектот за изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, на потегот од раскрсницата со булеварот Словенија и улицата Македонско-косовска бригада до раскрсницата со улиците Бутелска и Кемал Сејфула. Новиот булевар ќе има по три коловозни ленти во двата правци, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, а проектот е во вредност од околу 150 милиони денари. Реализацијата се одвива во согласност со предвидената динамика, а рокот е 18 месеци од денот на воведот во градежните работи – велат од градот Скопје. За изведувач на првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот Босна и Херцеговина во населбата Скопје Север, градските власти ја избраа компанијата „Карпош АД“. Нејзиниот ангажман допрва треба да се реализира на терен. – Постојната улица Босна и Херцеговина е изградена пред повеќе од 40 години, асфалтот не е заменет и широка е само седум метри, а истата таа ќе прерасне во нов модерен булевар. Поради констатираните пукнатини на коловозната површина и оштетувањата на улицата, но и поради тоа што претставува главна градска магистрала што ги поврзува општините Бутел и Шуто Оризари, решивме како еден од нашите приоритети да биде изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина. Овој булевар ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри. Новиот булевар ќе има по три коловозни ленти во двата правци, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни – кажа градоначалникот Шилегов во септември кога почнаа градежните работи. Но багерите на тој потег забрчија само тогаш и оттогаш наваму мируваа. Забарздениот дел зад автобуската станица и блиските фирми спроти населбата Скопје Север само потсетуваат дека таму нешто ќе се гради. Колку брзо ќе се изгради останува да се види, иако првично за првата фаза од булеварот беше најавен рок од 18 месеци. Градежните зафати ќе се одвиваат по основниот проект изработен од „ГЕИНГ КуК“ од Скопје. На пократок рок, изведбата на оваа фаза од булеварот Босна и Херцеговина ќе овозможи побрзо и побезбедно движење на жителите од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ќе-стане-ли-набргу-улицата-босна-и-херц/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Живеам во близина, а вчера поминав оттука, и ќе кажам само дека уште не е ни расчистен теренот. Вршени се одредени ископувања, а видов и дека градат бетонски ѕид од страната на Скопје Север, во тревникот и меѓу дрворедот, што ме плаши дека ќе бидат исечени десетина-дваесет стари дрвја за ширење на булеварот. Со ова темпо булеварот ќе го биде за две-три години најрано. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Брзината на реализација на проектов е ужасна... на ниво на срам.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Мислам дека треба (и искрено се надевам) да се примени принципот на продолжувањето на Партизанска во Ѓорче, кога старите дрвја покрај пазарот беа зачувани со тоа што сега се наоѓаат во зеленилото меѓу булеварот. Ако се сака, се може да се направи. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот- Волково ќе добие кружен тек
Општината преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој обезбеди средства за решавање на деценскиот сообраќаен проблем на граѓаните кои транзитираат во овој дел на Ѓорче. Се подобрува пристапот на околу 10 000 жители на село Волково, 500 на село Орман, 1200 на село Никиштане, 200 жители на село Кучково, а се олеснува комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово. Со кружниот тек ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот а просторот ќе добие целосно нов и уреден лик. Паралелно ќе се изведуваат и градежните работи за проширување на патот кон Кучково. Ширината на коловозот ќе се зголеми и ќе изнесува 6 метри а безбедноста на пешаците ќе се реши со изградба на тротоари од двете страни на патот со широчина од по 2 метри. На сообраќајницата како и на кружниот тек ќе се постави ново улично осветлување. По завршување на тендерската документација и изборот на најповолен изведувач се очекува градежните работи да започнат во јули а рокот на реализација е 4 месеци. https://skopjeinfo.mk/kje-se-zgolemi-bezbednosta-vo-soobrakjajot-volkovo-kje-dobie-kruzhen-tek |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ул.Прашка во Тафталиџе станува еднонасочна,тоа донекаде е ок меѓутоа поголем проблем се возилата паркирани од двете страни на улицата
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Веќе и официјално станала едносмерна(од фб) ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкција на ул.Димитрие Чуповски(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Од фб ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Колони возила на Јадранска магистрала – до кога?
Граѓаните секојдневно заглавени во сообраќаен метеж На Jадранската магистрала возачите се секојдневно заглавени во автомобилите, бидејќи два месеца на улицата Никола Карев, близу булеварот Словенија, се изведуваат градежни зафати и се вози само по една сообраќајна лента. Градските власти велат дека се врши реконструкција на мостот на реката Серава, а граѓаните се прашуваат како е можно реконструкцијата на мост што личи на плоча, која покрива канал, да се изведува толку долго Колони од возила, нервозни возачи и сообраќаен метеж во кој граѓаните секојдневно заглавуваат и од кој тешко излегуваат е слика што постојано се гледа веќе два месеца на Јадранската магистрала. Сите губат драгоцено време и не можат навреме да стигнат каде што намериле, заглавени во автомобилите еден зад друг, бидејќи се вози само по една сообраќајна лента, додека на другата од улицата Никола Карев, близу булевар Словенија, се изведуваат градежни зафати. Градските власти велат дека се врши реконструкција на мостот на реката Серава, а многумина скопјани се прашуваат како е можно реконструкцијата на мост што личи на плоча, која покрива канал, да се изведува толку долго, иако се знае дека станува збор за важна делница. Оваа сообраќајница е врска не само со двата дела на Скопје, туку и со соседно Косово. На тој дел од градов градежните работници се присутни на терен само во претпладневните часови, но сообраќајниот хаос е евидентен како во утринските, така и во попладневните часови. При обидите што побрзо да излезат од колоната граѓаните предизвикуваат сообраќајни несреќи, на кои скопјани се сведоци и велат дека имало и потешко повредени. Граѓаните се револтирани, бидејќи секаде во светот кога се во прашање вакви важни сообраќајни делници градежните работи се изведуваат во текот на ноќта и брзо се завршуваат за да се релаксира сообраќајот. Но овде велат дека никој не води сметка за нив, ќе се раскопа и со месеци не може да се завршат работите и не е така само во овој случај, па затоа прашуваат до кога ќе трае оваа реконструкција. Од градот велат дека станува збор за важен зафат од витално значење, но не одговорија колку долго ќе траат работите на терен и дали наскоро ќе привршат. – Изминатиов период започна реконструкција на дилатација на мостот на улицата Никола Карев, во близината на крстосницата на оваа улица со булеварот Словенија. Реконструкцијата на истата таа се врши во согласност со изработените основни проекти за реконструкцијата на мостови и натпатници во Скопје. Станува збор за активност од витално значење, а годинава градежни работи за санација на дилатации на мостови се прават и на мостот Гоце Делчев. Со овој проект е предвидена реконструкција на дилатацијата на мостот на реката Серава, а истата таа ќе чини околу 1,9 милион денари – велат од градот Скопје. Јадранската магистрала е многу важна сообраќајница, бидејќи е најкратка врска на жителите од северниот дел на градот, преку булеварот Словенија со општините Карпош и Ѓорче Петров и обратно. Но уште поважно е што токму Јадранската магистрала е влез и излез кон соседно Косово, од каде што секојдневно доаѓаат и заминуваат огромен број автомобили, но и тешки товарни возила. Влезот преку булеварот Словенија и Јадранската магистрала овозможува и поврзување со индустриската зона во Визбегово, односно со општините Бутел и Шуто Оризари. Некои од граѓаните, пак, кои сакаат да го избегнат метежот од центарот на градот, возат токму преку булеварот Словенија и преку Јадранската магистрала или преку Качанички пат се упатуваат кон општината Карпош. Поради сево ова, Јадранската магистрала е мошне важна сообраќајна делница, а тоа веројатно го знаат и надлежните, па оттаму тие и требало да испланираат пократок рок за предвидените градежни активности. На вакви важни сообраќајни објекти не може да се дозволи работите да се влечкаат, а за сметка на тоа граѓаните да бидат оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Мостот на реката Серава, кој надлежните го спомнуваат, ни оддалеку не може да се споредува со мостот Гоце Делчев, на кој сигурно е потребно и повеќе време за предвидената реконструкција во која градежниците мораат да ги прецизираат сите елементи на растегнување, проширување и ширење на материјалите на објектот. Но за реконструкцијата на мостот на Серава, сигурно нема да бидат потребни уште два месеца, бидејќи и досега граѓаните минуваа низ вистинска агонија. МВР потврдува дека имало несреќи на Јадранската магистрала Од Министерството за внатрешни работи, поточно од СВР-Скопје велат на Јадранската магистрала од почетоков на годинава досега се случиле 12 сообраќајни несреќи, од кои со тешки телесни повреди биле две, со полесни повреди шест и четири завршиле со материјална штета. Ако од сите овие се издвојат несреќите од последниве два месеца, периодот кога се изведуваат и градежните активности на мостот на Серава, а поради што има постојан сообраќаен метеж, тогаш може да се издвојат две сообраќајни несреќи со телесни повреди и две со материјална штета. На 24 април имало една сообраќајка, која завршила со тешки телесни повреди. snezhana.kalabakova@novamakedonija.com.mk https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/колони-возила-на-јадранска-магистрал/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Вчерашни фотки, ми ги прати еден пријател... ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() фото: avtomagazin.com.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од фб
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Знали можело и набрзина
![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Само лошо беше што избраа вчера да асфалтираат се создаде голем застој,патем срамота е вакви обични реконструкции среде центар да ги влечкаат со месеци треба да ги завршуваат барем за една недела. |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Да. Истиот муабет го правиме 10 години на форумов но и покрај се е реткост...
Ај оваа влада нека направи проект апропо СК2014, СК2025 но исклучиво за сообраќајна инфраструктура! Мостови, клучни, нови булевари, велосипедски решенија... |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 106107108109110 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |