Author |
Topic Search Topic Options
|
Тркало
Senior Member
Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
|
Quote Reply
#261 Posted: 08-Jul-2011 at 14:22 |
Originally posted by Dave Gahan
Еве една убава вест...
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ПО ИЗГРАДБАТА
Ќе се обновува Железничката станица во Скопје
Предвидено е градежните работи за реконструкција на Железничката патничка станица Скопје да траат 11 месеци, а се очекува да започнат кон средината на 2012 и да завршат за една година
Следната година ќе започне реконструкцијата на Железничката патничка станица Скопје. Министерството за транспорт и врски информира дека вкупната вредност на проектот за модернизација и рехабилитација е 2,6 милиони евра, кои се обезбедени од европските фондови за претпристапна помош ИПА, како и од Буџетот на Република Македонија.
"Предвидено е градежните работи за реконструкција на Железничката патничка станица Скопје да траат 11 месеци, а се очекува да започнат кон средината на 2012 и да завршат во 2013 година. Со тоа Скопје ќе добие модерна и репрезентативна железничка станица", вели портпаролот на Министерството Драган Симоновски.
Реконструкција на Железничката станица е потребна, оти во изминатиот период одржувањето на Станицата не било на соодветно ниво.
"Општата состојба на Станицата може да се оцени како лоша, како по однос на нејзиниот изглед така и по однос на нејзиното функционирање", вели портпаролот Симоновски и дополнува: "Со градежните работи треба, пред сe, да се подобри пристапноста на патниците до станицата, особено на лицата со инвалидитет и намалена подвижност. Реконструкцијата треба да ја подобри и безбедноста, како и информацискиот систем за сигнализација и информирање на патниците".
До крајот на годинава треба да се избере консултант за подготовка на досие за градежни работи, вклучувајќи и подготовка на основен и изведбен проект според бараните европски стандарди за пристапност, безбедност и сигурност, како и стандардите за информирање на патниците. По подготовката на основниот и изведбениот проект, ќе започне јавна постапка за изведување на градежните работи, објаснуваат од Министерството. (Т.Ј.) |
Извор |
Се е ок,промашиле само едно 10 години.Нели е во 1981 изградена?
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#262 Posted: 10-Jul-2011 at 19:25 |
Според сумата што планираат да ја потрошат, ми се чини дека само ќе ја нашминкаат што на крај може да испадне дури и поружна одколку што е сега....
|
 |
tonikostov
Senior Member
Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
|
Quote Reply
#263 Posted: 11-Jul-2011 at 09:33 |
поружна од ова не ми се верува дека може да биде
|
 |
kultuzin
Senior Member
Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
|
Quote Reply
#264 Posted: 11-Jul-2011 at 09:48 |
2,6 милиони евра се премалку за толкав објект и дефинитивно ќе се сведе на шминкање кое после 2-3 години ќе биде зрело за повторно реставрирање. Затоа секогаш кога се работи за вакви многу важни објекти поборник сум на тоа да се почека уште некоја година и да се обезбедат доволно средства за една здрава реконструкција. А споре мене железничката може да изгледа многу убаво дури и импозантно со оглед на тоа колкави се носечките столбови.
Edited by kultuzin - 11-Jul-2011 at 09:49
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#265 Posted: 11-Jul-2011 at 10:24 |
Клучно за железничката станица (освен средувањето на внатрешноста кое го најавуваат кое се подразбира) е изградба или темелна реконструкција и доградба на покривот. Не ми делува дека еден таков зафат може да се вклопи во овој буџет кој го најавуваат.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#266 Posted: 11-Jul-2011 at 22:10 |
ПЕРОНИТЕ ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Железницата вози во 19 век 
Во Велешко, на правците кон Штип, Гевгелија и кон Прилеп, повеќето мали железнички станици се напуштени и пусти. Патниците бараат подобри услови, железничарите велат дека немаат пари од толку малку патници за да може да ги обноват Запустени железнички станици и ретки патници се секојдневје на дел од македонските пруги. Помалите станици се грда слика. Малобројните патници немаат нормални услови за чекање на возовите на „Македонски железници“. Повеќе личат на места на кои одамна не зачекорел човек отколку на место каде што треба да се качат на возот кој ќе ги однесе на посакуваната дестинација. Патниците бараат подобри услови, железничарите велат дека немаат пари со толку малку патници за да можат да ги обноват. На правците во Велешко, кон Штип, кон Гевгелија и Прилеп, повеќето мали железнички станици се напуштени и пусти. - Условите се очајни, руинирана зграда, без покров, без тоалет. Нема чекалница, нема клупа да седнеме. Пропаѓањето на станицата почна кога железницата остана без персонал. Сега ниту знаеме колку возот доцни, дали ќе дојде, бидејќи има случаи воопшто да не тргнал, а ние си чекаме. Зиме кога денот е краток, и внатре стоиме со страв во мрак, со деца, во оваа пустелија. Кога врне со чадор сме, за да не накиснеме - вели Ениса Авдовиќ, која со две мали деца го чекаше возот за Прилеп на железничката станица во Тополка, прва по Велес.
Од гордост до руина
Иако до пред 25 години оваа станица била гордост за мештаните од велешко Горно Оризари, кои ја користат, за жал, денес таа е руина. Била изградена со помош од блиските тогашни индустриски гиганти „Порцеланка“ и „Свилара“, од метал и од стакло, современа, супермодерна за тоа време, а изградена. Во 2000 со замирањето на овие фабрики, замира и станицата. Пропаѓаат тие, пропаѓа и станицата. Сепак, таа денес е излез кон светот за три илјади жители од блиското село, за бројните роднини во Прилепско или за студентите во Скопје. Приказната за станицата во Тополка е идентична и за останатите во земјава. Во правец кон Богомила станиците Мартолци, Теово, Согле, Ореше се со уништени згради. Кон Градско, станицата Згрополци има уредена зграда, но таков не е случајот во Ногаевци. Кон Штип сите станици се посебна приказна. Ако сакате да се симнете на Кошулчеви на станицата ве пречекува бокс од ламарина кој претходно бил засолниште на селското игралиште за делегатот од општинската фудбалска лига. На станицата Јазла од патничкиот вагон останати се само контурите. За патниците од овој дел, виновни за ваквата состојба се луѓето. - Станицата Кошулчеви или селото Отовица имаше одлична зграда, но напуштена е и сега е гол камен и тула. Ја уништија луѓето, крадеа кој што ќе стигне. Слична е состојбата и со Јазла, каде што за потребите на жителите на село Мамутчево беше поставен современ патнички вагон. Од него прво го искрадоа металот и го препродадоа, па дрвенаријата ја украдоа за греење и сега е срамота да се гледа. Станицата Тошо Арсов, која ја користат жителите на село Милино, има прекрасна зграда, но и таа е на пат да се запусти бидејќи е празна. Иста е судбината и на станицата Овче Поле. Во Лозово нема ништо, само перон. Мислам дека не само железница, туку и локалната власт треба да помогне да се стори нешто за патниците. Има патници кои ја користат, тие се жители на општината - вели патник од Лозово кој секојдневно патува до Велес и назад.
Нема решение
Познавачите на состојбите велат дека излезот е да се изнајмат станиците чии згради се во добра состојба. Така ќе се удоми некое семејство, објектите ќе бидат сочувани, а патниците ќе имаат покров над глава. Малиот обем на патници, нискиот приход што се остварува од овие станици, се причина што се запоставени и запустени. Резултатот е видлив - лоша состојба на станиците. Од ЈП „Македонски железници - Инфраструктура“ потврдуваат дека поголемиот дел од станиците се грда слика на железницата. - Приоритетен за нас е Коридорот 10, од Табановци до Гевгелија, кој носи економски профит. Планираме да ја обновиме и пругата од Битола до Кременица, на граница со Грција, во должина од 16 километри. Ова е трасата 10-Д, со што и таа ќе стане меѓународна. За овие две пруги имаме добиено средства од ИПА-фондовите и со нив ќе се обноват 5 до 8 железнички станици. Ова треба да заврши до 2014 година и тие ќе изгледаат европски. Меѓу другото на нив ќе се градат пристапни рампи за лицата со посебни потреби за да може и тие да патуваат со железница - велат во ЈП „МЖ- Инфраструктура“. Тие пред неколку години се обидоа да најдат решение, но безуспешно. Тогаш на месното население од помалите станици му беше понудено со железницата, населението и локалната власт да ги уредат објектите. - Реконструкцијата е скапа работа. Првично оваа идеја беше одлично прифатена, но кога дојде да се реализира, работите запреа, немаше таква желба кај населението како што се најавуваше. Железницата се повлече од станиците бидејќи таму немаше толку патници, немаше економска покриеност да се држат службеници. За неколкумина патници, не можеме да правиме таков трошок. С` е украдено и уништено, за што вината не е кај нас - велат во железницата. Локалитетот Стоби - скриен Железничката станица кај Стоби има само долг перон со мала табла на кое напишано името и толку. Со ништо не може да се претпостави дека на десетина метри од станицата, се наоѓа едно од поголемите археолошки локалитети во Македонија. Подземни премини на пероните во Градско Железничката во Градско е изградена на крајот од 19 век и била толку современа што имала подземни премини за доаѓање до пероните. Премините функционирале с` до средината на минатиот век, а сега се покриени со лимени плочи.
Железничката станица во Стари град има водоводен систем, кој го изградиле Французите уште во средината на 30-тите години од минатиот век, кога е изградена пругата. Со него се полнеле парните локомотиви со вода, а и денес локалното население резервоарот го користи за поливање и за снабдување на околните површини. Петар ПеЧКОВ |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7E0410B8A6812D4DB00F89C176532EA1
|
 |
vmx
Newbiе
Joined: 13-Jul-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1
|
Quote Reply
#267 Posted: 13-Jul-2011 at 07:35 |
Originally posted by Dave Gahan
Еве една убава вест...
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ПО ИЗГРАДБАТА
Ќе се обновува Железничката станица во Скопје
Предвидено е градежните работи за реконструкција на Железничката патничка станица Скопје да траат 11 месеци, а се очекува да започнат кон средината на 2012 и да завршат за една година
Следната година ќе започне реконструкцијата на Железничката патничка станица Скопје. Министерството за транспорт и врски информира дека вкупната вредност на проектот за модернизација и рехабилитација е 2,6 милиони евра, кои се обезбедени од европските фондови за претпристапна помош ИПА, како и од Буџетот на Република Македонија.
"Предвидено е градежните работи за реконструкција на Железничката патничка станица Скопје да траат 11 месеци, а се очекува да започнат кон средината на 2012 и да завршат во 2013 година. Со тоа Скопје ќе добие модерна и репрезентативна железничка станица", вели портпаролот на Министерството Драган Симоновски.
Реконструкција на Железничката станица е потребна, оти во изминатиот период одржувањето на Станицата не било на соодветно ниво.
"Општата состојба на Станицата може да се оцени како лоша, како по однос на нејзиниот изглед така и по однос на нејзиното функционирање", вели портпаролот Симоновски и дополнува: "Со градежните работи треба, пред сe, да се подобри пристапноста на патниците до станицата, особено на лицата со инвалидитет и намалена подвижност. Реконструкцијата треба да ја подобри и безбедноста, како и информацискиот систем за сигнализација и информирање на патниците".
До крајот на годинава треба да се избере консултант за подготовка на досие за градежни работи, вклучувајќи и подготовка на основен и изведбен проект според бараните европски стандарди за пристапност, безбедност и сигурност, како и стандардите за информирање на патниците. По подготовката на основниот и изведбениот проект, ќе започне јавна постапка за изведување на градежните работи, објаснуваат од Министерството. (Т.Ј.) |
Извор |
Редно време беше оваа грдоча малце да се уреди, нови плочки, како на приземјето така и горе на пероните, чекалните да се уредат, ескалатори обавезно барем за нагоре, надоле се иде и пешки, современи инфо монитори, а не оние телевизорине, влезните врати во железничката да се заменат со современи како на автобуската.
И да се продужат лаковите на пероните горе како на сликата подоле, како што било планирано кога се градела:
да заличи на современа железничка, кој и да дое од странство прво шо глеа е железничката, па тек после се упознава со градот, градот може убав, а железничката катастрофа.
И на крај да се смени системот за купување возен билет, да се компјутеризира, без да се чека по шалтери.
Е тек најпосле повеќе продавници во железничката, па може и некое кафуле дур патник чека воз да пие кафе и уште некои реквизити... малце од малце да живне онаа дупка.
|
 |
mirakuliks
Senior Member
Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
|
Quote Reply
#268 Posted: 13-Jul-2011 at 15:07 |
Originally posted by vmx
Редно време беше оваа грдоча малце да се уреди, нови плочки, како на приземјето така и горе на пероните, чекалните да се уредат, ескалатори обавезно барем за нагоре, надоле се иде и пешки, современи инфо монитори, а не оние телевизорине, влезните врати во железничката да се заменат со современи како на автобуската.
|
Не не не, не мора да има ескалатори нека има скали ама мора да има и лифт за старите изнемоштени и хендикепираните лица.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#269 Posted: 17-Jul-2011 at 13:10 |
|
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#270 Posted: 27-Jul-2011 at 11:08 |
Новата железничка станица: од гордост до крш за само три деценииВлезовите на станицата се како од
хорор-филм. Морничавата тишина се придодава на тој амбиент. Внатре, се
што било бело станало сиво, сивото црно, а еднобојното шарено од
чкртаници.
|
|
|
|
 |
|
На искршениот плочник патниците ги чекаат возовите да се појават од зад сивите бетонски кули
Многумина сé уште добро се сеќаваат на моментот пред точно три децении,
кога почна да работи новата скопска железничка станица. Маса народ се
собра да го пречека првиот воз, кој пристигна на денешен ден во 1981
година, во 12.32 часот. Гордоста кај скопјани беше голема. Добија
супермодерен објект, вистинско архитектонско чудо, какво што немаше во
ниту еден град во тогашна Југославија и пошироко.
Денес овој голем јубилеј нема да се одбележи со никаква јавна
манифестација на самата станица. А зошто би се одбележувал? Кој би сакал
да присуствува на настан на кој ќе се види дека биле потребни само три
децении негрижа или недоволна грижа за гордоста да се претвори во крш,
кој не би сакале да го покажеме никому, па ни на тие што доаѓаат со воз
во Скопје.
НОСТАЛГИЧНА БРОШУРА, ХОРОР-РЕАЛНОСТ
Последниот воз од старата железничка станица замина во 11.30 часот. Таа
беше претворена во музеј, а нејзиниот главен часовник остана да покажува
5.17 часот, да сведочи за кобниот настан од 1963 година, чија годишнина
ја одбележавме вчера, а кој беше и главната причина за изградбата на
новата станица. Стојат и часовниците во сегашната станица. Сите до еден.
И тие, и информативните табли што треба да покажуваат кој воз кога
пристигнува (со исклучок на двете мониторчиња, кои преживеаја до денес).
На таблата до перонот број 3, на пример, 24 часа на ден стои дека тука
треба да пристигне возот од Титов Велес во 14.30 часот. За среќа, тоа не
означува некој кобен момент. Само дефект што никогаш не бил поправен.
Во јавното претпријатие „Македонски железници - инфраструктура“, кое
стопанисува со скопската и со сите други железнички станици и со
пругите, сé уште се наоѓа понекоја брошура издадена по повод отворањето
на станицата. Големите фотографии го одземаат здивот. Десетици „фиќовци“
поминуваат низ тунелот, над кој блескаат белите полукружни покриви.
Внатре, две обични и една чекалница од прва класа, ресторани, кафетерии,
продавници, туристичка агенција, киосци за храна и за весници,
телефонски говорници, функционален простор за багажот, простор за чување
деца, тераси со поглед на градот, мермер што свети... Денес многу
поразновиден возен парк поминува низ тунелот, кој си најде нова функција
- добро служи за закачување реклами. На една од нив дури пишува „Пенов -
проверено“, од локалните избори во 2005 година, кои Ристо Пенов ги
загуби од Трифун Костовски. Покриена е со други натписи, па се гледа
само од пероните.
Влезовите на станицата се како од хорор-филм. Морничавата тишина се
придодава на тој амбиент. Внатре, сé што било бело станало сиво, сивото
црно, а еднобојното шарено од чкртаници. Од продавниците и од
кафетериите не останало ништо, има само една коцкарница и еден
интернет-клуб.
Десетината билетарници стојат празни, работи само еден шалтер, а
патници нема.Одамна е познато дека во возовите функционира принципот
„пола-пола“. Треба само да се затворат очите за да се почувствува колку
местото некогаш било полно со живот. Но и мижејќи и гледајќи се
чувствува смрдеата, и тоа насекаде, и до вецето за чие користење се
плаќа 10 денари и на стотина метри од него. Некогаш удобните и преполни
чекалници се чуваат под клуч, а единствената отворена, иако е полна со
прашина, станала добро место за релаксирачка дремка, која ја
практикуваат тројцата патници.
- Со воз патувам цел живот. Кога беше изградена станицава беше рај за
очите, но денеска на ништо не личи. Која е причината не знам, но и
самите гледате какво е околу нас - ни кажа Војче Деспотовски, кој во 12
часот го чекаше својот воз за Велес, кој тргнува во 13.20 часот.
Горе на пероните сликата не е ништо подобра. На платформата се гази по
искршени темножолти плочки и по дупки, додека долго се чека да се појави
некој воз од зад сивите бетонски кули. Стотици клупи се поставија низ
градот, се искршија и се поставија нови, а до пругите сé уште стојат
десетина полуискршени клупи од марката „словенија шпорт-опрема“, стари
колку и станицата. Целиот простор, станувајќи сé попразен, создал
одлични услови за гулабите и за другите птици да си направат гнезда.
ПОВЕЌЕ ЖЕЛЕЗО ОД АЈФЕЛОВАТА КУЛА
Биле потребни 15 години за станицата да се претвори од идеја во
функционален објект. Урбанистичкиот план за центарот на градот, дело на
познатиот архитект Кензо Танге, бил усвоен во март 1966 година, а
градежните работи почнале во 1971 година. Големиот инженерски подвиг,
кој подразбирал изградба на мост долг 1.400 метри и висок 10,5 метри и
како дел од него платформа со десет колосеци (од кои проработеа само
шест) долга 700 метри, беше заеднички зафат на градежните фирми „Бетон“,
„Пелагонија“ и „Маврово“. Тие во објектот ставија 70.000 кубни метри
бетон, што е приближно колку што собира во колона од десет километри
камиони-мешалки, до крајот на булеварот Партизански одреди и назад.
Вградија и 11.000 тони железо, што е за околу 1.500 тони повеќе отколку
на Ајфеловата кула во Париз. Железничката била единствениот објект чија
изградба од почетокот до крајот ја надгледувал самиот Танге.
ОСТАНА САМО СЈАЈОТ НА ЛОКАЦИЈАТА
Повеќето повозрасни архитекти добро се сеќаваат на изградбата на
станицата и на нејзиното значење за градот и од архитектонски и од
функционален аспект. Тие потсетуваат дека проектот на Танге, како и
изборот на локацијата, биле врв на функционалноста и на организираноста
на внатрешниот простор, за да овозможи максимална безбедност и удобност
во секој поглед. Михаил Токарев бил бруцош на Градежниот факултет кога
се градела станицата и потсетува дека сите студенти гледале со огромна
почит кон делото на врвниот архитект. Тој смета дека изградбата на
железничката станица има модерен пристап во урбанизмот, чија цел била да
се издвои патничкиот од железничкиот сообраќај.
– Според плановите на Танге, Скопје требаше да стане светски град, но
поради општествените промени транспортниот центар денес има минорна
улога и ја нема доживеано предвидената активност - објаснува Токарев.
За Георги Константиновски, креаторот на студентскиот дом „Гоце Делчев“,
станицата е капитален објект во обновата на Скопје. Но тој нагласува
дека архитектите зборуваат со куриозитет кон локацијата, а запуштеноста
на објектот не создава убава слика за нашата земја. За Александар
Смилевски, пак, творецот на кулите во Градски ѕид и добитник на
престижната награда „Андреја Дамјанов“, концепцијата е добра, но
претставува скапо решение и се практикува во земји каде што има развиен
железнички собраќај, како во Јапонија.
- Некогашната главна станица од центарот е извлечена понастрана, но
главен проблем со кој се соочуваат патниците е нефункционалноста. Тие
обично носат куфери, кои за млад човек нема да бидат проблем да се
пренесат преку скалите, но повозрасните се мачат. Танге во планот
предвидел и лифт и ескалатор, но тие не функционираат. Погледната од
денешен аспект, со оглед на парите што биле вложени, инвестицијата е
промашена - објаснува Смилевски, нагласувајќи дека главна предност е
сеизмичката издржливост на станицата.
НОВА НАДЕЖ
Петнаесет години биле потребни да се оствари идејата за нова железничка
станица (пет години планирање и десет години изградба), а 30 беа доволни
за таа веќе да не биде гордост на градот.
- Порано со задоволство им кажувавме на сите пријатели во странство дека
имаме нова железничка станица, дури поубава од старата. Мислевме дека
градот ќе се развива и дека ќе изградиме ново и поубаво Скопје, кое ќе
биде поголемо и од другите југословенски градови. Но, наместо тоа,
Скопје застана некаде во времето - раскажува Далиборка Тодоровска,
средовечна скопјанка, која со блага насмевка се потсети на отворањето на
станицата.
Иако никој нема официјално објаснување, сепак е јасно дека малиот број
патници е главната причина за пропаѓањето. Порано имало по 70 воза
дневно и 70.000 патници, а денес одвај по 50 воза, чиј број е енигма
поради превозот на диво. Златното време на нашиот шински патен сообраќај
заврши во 1990-тите, кога се прекинаа многу редовни линии кон поранешна
Југославија.
Станицата не е реновирана од нејзиното отворање, но надлежните најпосле се пофалија дека презеле чекори за да ја светнат.
- На тендерска постапка ќе одбереме консултант што треба да изработи
проект врз чија основа ќе се реновира станицата. Таа треба да се
оспособи за инвалидизираните лица. Ќе се менуваат застарените и
нефункционални елементи. Покрај ескалаторите и лифтовите, ќе биде
поправено и осветлувањето, а ќе се интервенира и на пероните -
објаснуваат од менаџерскиот тим на ЈП „Македонски
железници-инфраструктура“.
Оттаму додаваат дека ќе бидат поставени електронски екрани и дисплеи
исто како и во соседната меѓуградска автобуска станица стара седум
години. Со реновирањето, кое е овозможено со ИПА-фондовите и би требало
да заврши до крајот на 2014 или почетокот на 2015 година, сегашната
руинирана станица треба да го врати стариот блескав лик.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7271191796&id=14&prilog=0&setIzdanie=22341
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#271 Posted: 27-Jul-2011 at 12:14 |
Ovde e logikata na nasite politicari! Kako e mozno da frlat 1.8 milioni evra za ,,stranski,, politicari niz fasadata na MNR a nema pari za ovaa stanica??So 1.8 barem Plockite, Toaletite i pristap za invalidi kje napravea! Sega kje gi cekame do 2014 godina IPA fondovite a nie nasite pari gi frlame za dzabe!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#272 Posted: 27-Jul-2011 at 15:36 |
Порано имало по 70 воза
дневно и 70.000 патници, а денес одвај по 50 воза, чиј број е енигма
поради превозот на диво. |
Претпоставувам сакал/а да каже дека бројот на патници е енигма. А тоа дека сега имало 50 воза дневно е очигледна грешка, да имаше толку ќе беше одлично.
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#273 Posted: 27-Jul-2011 at 15:56 |
Планирани и беа околу 50 поаѓања и пристигнувања, ама сега се 40, според возниот ред. Јас предлагам да го поканиме синот на Кензо Танге да дојде во Скопје и да го разгледа објектот. Тоа мора да го направиме!
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#274 Posted: 15-Aug-2011 at 23:10 |
Колеги од форумов, знае ли некој дали е реконструирана железничката станица во Велес? Завчера враќајќи се со ноќниот воз од Битола како да забележав дека зградата е окречена, само не знам дали ова е навистина така бидејќи бев поспан.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#275 Posted: 19-Aug-2011 at 14:28 |
На сликава се остатоците од некогашната железничка станица на
некогашната железничка пруга Куманово-Бељаковце. Оддамна ја нема веќе
железничката пруга со се шините и праговите, ги нема речиси веќе ни
селата со се луѓето на кои пругата им беше единствената врска со светот.
По таа пруга од Бељаковце и уште десеттина села на Криворечијата
заминаа ширум светот реки луѓе, неколку генерации се одвезоа со истата и
потоа одлетаа кон Гераманија, Америка, Австралија, Канада. Денес се би
дале уште еднаш да седнат во стариот добар „бељаковски“ воз (без возен
ред) што двапати дневно ракатракаше по крцкавите шини на пругата. Беше
изградена во повоените, најсиромашни, гладни педесетти години на
минатиот век. Делегација на тогашната Влада на РМ на чело со Перо Менков
допатува во Бељаковце качена на локомотива закитена со знамиња и цвеќе.
Имаше илјаден народ во нови свечени алишта, свиреше маршева музика, се
славеше голема работна победа. Беа тоа години во кои народот живееше од
работа и од надежи. Денес живееме години на рушење на тоа што сме го
граделе. Ако не не бива за градење, барем не бива за уривање. Гледате ли
како душмански сме ја „оскубале“ зградава на некогашната бељаковска
железничка станица? Туку, нека му ја мисли Македонијава наша, зашто
сеуште има за кубење и за уривање...
http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/ova-e-zal-stanica-vo-beljakovce.html
|
 |
MIKI1
Senior Member
Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 313
|
Quote Reply
#276 Posted: 19-Aug-2011 at 15:31 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#277 Posted: 19-Aug-2011 at 16:24 |
Едните шини се неизлижани значи некористени. Најверојатно се за потреби на тесолинејка околку има потреба некогаш некоја стара локомотива или вагон да се движат.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#278 Posted: 19-Aug-2011 at 22:01 |
Нема врска со теснолинејка тоа. Такви „двојни“ шини се среќаваат на мостови. На нет имам налетано на две објаснувања, не знам кое е точно, можеби и двете, а можеби ниедно: 1. Во случај на излетување на некоја оска, улогата на овие двојни шини е да ги спречат тркалата на вагонот/локомотивата комплетно да излетаат и потенцијално да биде направена катастрофална структурна штета на мостот. 2. Поради потребата за слобода на мостовската конструкција да се шири и скратува во зависност од температурата, прицврстувањњето на шините и праговите кај мостовите обично се изведува на поинаков, флексибилен начин, па тоа изискува вакви двојни шини чија улога е да ги имобилизираат праговите меѓусебно.
Се надевам има некој што знае и што ќе сподели нешто повеќе за ова. И мене одамна ме багира, а дефинитивен одговор не сум нашол.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#279 Posted: 19-Aug-2011 at 23:49 |
Сигурност шини се позиционирани на мостови, надвозници, патни премини во ниво, скретници, свртници, ....
Се нарекуваат "шини водилки".
Тие се користат за осигурување во случај на било какво искакање на возовите, односно да се спречи натамошното поместување на возот на страна или надолу од мостови, ...
|
|
 |
Dexter26
Senior Member
Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
|
Quote Reply
#280 Posted: 07-Nov-2011 at 21:02 |
http://www.sitel.com.mk/video/biznis/intervju-so-mile-janakieski Интервју со Миле Јанакиески Почнувајќи од 2:55. Обновата на железничката станица во Скопје би требало да започне во втората половина на 2012, но целосното реновирање на железничката станица би требало да заврши во втората половина на 2014. Две години обнова на инфраструктурата, на ентериерот (кој всушност и го нема во железничката станица во Скопје) и на се останато, добри се. Две години обновување на веќе постоечка железничка станица, а за обновување на веќе постоечката железничка инфраструктура низ Македонија па да не правиме муабет за тоа колку време ќе им треба.
|
 |