build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152153154 158>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3021 Posted: 11-Nov-2022 at 14:58
Од пред некој ден почнаа да го копаат и бул.К.Ј.Питу од раскрсница со Беласица до мост Мајка Тереза во правец кон Центар.

Еве неколку денешни,асфалтот е отстранет од десната лента а и делови од тротоарот се ископани.Така што автобусите за да соберат патници застануваат на средна лента и се создава огромен хаос особено во ударните периоди наутро и попладне има целосно споени колони















Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3022 Posted: 14-Nov-2022 at 18:39
Невидена креативност на Водњанска – дупки се затнуваат со канти за ѓубре/ФОТО

На среде улицата Водњанска, спроти Клиниката за Гинекологија, во централното скопско јадро подолго време стои дупка на асфалтот, која од ден на ден е се поголема. Возачите кои секојдневно поминуваат од тука, буквално ги кршат возилата, особено во вечерните часови, кога е намалена видливоста.





https://www.vecer.press/невидена-креативност-на-водњанска/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3023 Posted: 17-Nov-2022 at 08:02
Градежна офанзива и сообраќаен метеж во центарот на Скопје





Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците.

Улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клубот на пратеници и булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка се дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. Градските власти очекуваат овие две фреквентни сообраќајници да бидат завршени по Нова година.

МИА побара одговор од Град Скопје зошто истовремено се вршат реконструкции на фреквентни сообраќајници низ градот. Оттаму посочија дека реконструкциите се прават поради дотраеноста и оштетеноста на сообраќајниците што претставува ризик по безбедноста во сообраќајот. Крајниот рок за изведба на двата проекта, како што најавуваат, е на почетокот на следната година.

– На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, стои во одговорот од Град Скопје.

Неодамна почна и реконструкцијата на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен. До моментот на објавување на веста, од Град Скопје не стигна одговор за деталите поврзани со реконструкцијата на оваа улица.

https://nezavisen.mk/gradezhna-ofanziva-i-soobrakjaen-metezh-vo-centarot-na-skopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3024 Posted: 18-Nov-2022 at 17:47
Апокалиптични слики на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“



Граѓаните што одовде поминуваат пеш, а и возачите, се нервозни и лути поради несоодветните градежни зафати. Освен што има застој во сообраќајот, ваквата ситуација доведува до уште поголемо загадување. Правта измешана со опасните ПМ-честички ја вдишуваат и младите и повозрасните, и сето тоа штетно се одразува на нивното здравје.

– Беше веќе мрак и можеше многу убаво да се види како пред светлата на автомобилите се издигнува правта од раскопаната сообраќајница – како вртлог, тајфун или цунами, како сакате наречете го тоа, а тоа го вдишуваме сите. Не е во ред да се дозволува кога се реконструира булевар, да се движат возила по него. Или барем ако се дозволи, потребно е почесто да се прска со вода – вели скопјанка, која редовно поминува пеш во овој правец

Бели облаци прав се издигаат од раскопаниот асфалт на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, кој во моментов се реконструира на потегот од Железничката станица кон центар. Граѓаните што одовде поминуваат пеш, а и возачите, се нервозни и лути поради застојот во сообраќајот, а вртлозите од прав што ги прават возилата доведуваат до уште поголемо загадување на воздухот. Правта измешана со опасните ПМ- честички ја вдишуваат и младите и повозрасните, и сето тоа штетно се одразува на нивното здравје.

Скопјанка што редовно поминува пеш во овој правец, раскажува како изгледа овој дел, особено откако ќе падне мрак.

– Се враќав од работа, поминувајќи пеш токму во делот каде што се реконструира овој булевар. Беше веќе мрак и можеше многу убаво да се види како пред светлата на автомобилите се издигнува правта од раскопаната сообраќајница – како вртлог, тајфун или цунами, како сакате наречете го тоа, а тоа го вдишуваме сите. Не е во ред да се дозволува кога се реконструира булевар, да се движат возила по него. Или барем ако се дозволи, потребно е почесто да се прска со вода. Разбирам, се реконструира, но ние, граѓаните, не сме должни да ја вдишуваме правта. Кога веќе се работи, треба да се земе предвид сè – реагира скопјанка.

А, вака ќе биде сè до крајот на годинава, бидејќи, според најавата на градските власти, и булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ и улицата „Теодосиј Гологанов“, која исто така се реконструира во моментов, ќе бидат готови по Нова година.

Според градските власти, реконструкциите се прават поради тоа што сообраќајниците се дотраени и оштетени, што претставува ризик за безбедноста во сообраќајот.

– По барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности, во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик за безбедноста во сообраќајот, и тие се реализираат по повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекта, кои се штотуку започнати, е почетокот од следната година – велат од Град Скопје.

При тоа, додаваат дека сообраќајницата е отворена за циркулација поради одвивање непречен проток на возила и оти се реконструира согласно со сите актуелни стандарди.

Реконструкцијата на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка почна неодамна. Неколкупати во минатото се интервенираше на овој булевар, но асфалтот остана оштетен.

Реконструкцијата на улицата „Теодосиј Гологанов“ опфаќа градежни активности на коловозот од 5.350 квадратни метри, велосипедската патека и тротоарите од 4.500 квадратни метри, нови рабници, нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и ново улично осветлување со ЛЕД-светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата „Бауер“.

https://www.vecer.press/апокалиптични-слики-на-булеварот-ку/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3025 Posted: 18-Nov-2022 at 17:56
Еве и неколку мои денешни фотки,изгребан е асфалтот и на обратниот правец од Веро кон Транспортен.
Знакот за пренасочување на сообраќајот што е на првата фотка требало да го стават понапред 20м бидејќи се случуваат опасни ситуации бидејќи возачите по трета лента доцна го гледаат и веднаш се престројуваат прилично невнимателно во другите ленти а имаше и такви кои го обиколија знакот од лева страна.



инаку на булеваров со години проблем е десната лента која беше целосно издеформирана поради тежина на автобусите,прашање е дали воопшто ќе се надмине тој проблем со реконструкцијата и колку долго ќе потрае







Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3026 Posted: 20-Nov-2022 at 20:13
Тука треба конечно да направат/нацртаат велосипедски патеки по пропис. Лентите што ги нацрта Коце веќе се избледени, а треба и автобуските да се заобиколат. Исто и под железничка.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3027 Posted: 24-Nov-2022 at 13:17
ГРАД СКОПЈЕ СТАВА НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ, ЗАТВОРЕН ДЕЛ ОД ПОТЕГОТ ЗАД СОБРАНИЕ



Денеска ЈП „Улици и патишта“ почна со реконструкција на скопската улица Даме Груев зад Собранието. Нов асфалт ќе се става на потегот од улица Македонија до крстосницата со улица 11 Октомври. Овој потег денеска е затворен за сообраќај, бидејќи со градежна механизација се гребе стариот и оштетен асфалт.

Иако утрово целата улица беше затворена за сообраќај од претпријатието велат дека десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација.

„На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности“ ,велат од „Улици и патишта“,

Оваа е прва фаза на реконструкција на улицата. По завршување на градежните работи зад Собрание ќе се реконструира потегот од улица Македонија до поранешно „Беко“.

Покрај поставување на нов асфалт се реновираат и пешачките патеки и се поставуваат нови рабници.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-postavuva-nov-asfalt-na-ulitsata-dame-gruev-zatvoren-e-potegot-zad-sobranie/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3028 Posted: 26-Nov-2022 at 14:27
СКОПСКИОТ БУЛЕВАР КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ СТОИ РАСКОПАН СО НЕДЕЛИ, НИЗ ПРАШИНА СЕ МИНУВА ОД НАРОДНА БАНКА ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА



Булеварот Кузман Јосифовски-Питу во центарот на Скопје стои раскопан со недели, а жителите го минуваат возејќи и движејќи се низ прашина. Пред три недели, Град Скопје почна со реконструкција на булеварот на потегот од Народна банка до Железничката станица. Беше изгребан стариот асфалт и оставен така, па од возилата кои се движат низ раскопаната улица се крева прашина.

„Се изнадишавме прашина. Навечер од прашината и загадувањето ништо не се гледа. Не може да се видат автомобилите пред вас“, велат граѓани кои работат во околината и секој ден го минуваат овој потег.

Од Град Скопје не добивме одговор на нашето прашање зошто булеварот е оставен во ваква ситуација и се дозволува граѓаните да дишат прашина со оглед на тоа дека станува збор за доста фреквентен потег.

Градот зимава реконструира неколку улици во центарот на градот. На новинарско прашање пред три дена зошто градежните работи не се почнале лете кога има помалку сообраќај и кога временските услови се подобри за вакви зафати, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека нема вистинско време за реконструкција на сообраќајниците.

„Ние во Градот не наследивме проекти, па беше потребно време тие да се изработат, а дел беа закочени поради имотно-правни односи. Ова се комплексни случаи и не зависи само од нас. Граѓаните бараат булеварите да бидат средени и не можете да направите сообраќајница без да ја раскопате. Сите сакаме преку ноќ да имаме решение, но единствениот начин е тој“, кажа Арсовска.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskiot-bulevar-kuzman-josifovski-pitu-stoi-raskopan-so-nedeli-niz-prashina-se-minuva-od-narodna-banka-do-zheleznichka-stanitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3029 Posted: 29-Nov-2022 at 08:26
Верувале или не, вака изгледаат улиците во центарот на Скопје!





Верувале или не, вака изгледаат две паралелни улици во центарот на Скопје. Едната Елисие Поповски-Марко која “плаче“ за нов асфалт, а другата улица Козара која штотуку доби нов асфалт.

Доколку тргнете и по двете улици, шансите, реално се дека ќе ги искршите колите, а доколку бидете малку поневнимателни, може да скршите и врат. Елисие Поповски-Марко е дупка до дупка, додека новоасфалтираната Козара е толку “стручно“ направена што ефектот на кршење на колите останува ист.

https://www.vecer.press/верувале-или-не-вака-изгледаат-улиц1/
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3030 Posted: 29-Nov-2022 at 11:52

Ulica so vakvo ime i ne zasluzuva podobar izgled!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3031 Posted: 01-Dec-2022 at 12:15
бул.К.Ј.Питу кракот кон Народна Банка/Маџир Маало,очигледно прво работат на тротоарите се забележува нов асфалт(од твитер)



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3032 Posted: 05-Dec-2022 at 13:36
бул.К.Ј.Питу асфалтирано во правец кон Центар но фали уште еден слој а и споевите со останатите булевари и улици сеуште не се направени








Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3033 Posted: 06-Dec-2022 at 18:01
Граѓаните револтирани: На улицата Козара се вади „тазе“ поставениот асфалт, имало грешки при изведбата



Повеќе од четири месеци трае реконструкцијата на улицата Козара во Капиштец и работите се повторно на почетокот. Откако улицата се изгреба, се асфалтираше и притоа се затрупаа со асфалт и шахтите и сливниците по улицата. Граѓаните реагираа за грешката, па изведувачот ги „откопа“ отворите за да не се поплавува улицата при секој обилен дожд.

Потоа се чекаше да се изведат приклучоци за подземна инсталација за зградите кои во моментов се градат долж улицата. Конечно се стави и вториот слој на асфалт и се дотераа и тротоарите. Но, и лаиците можеа да видат, а особено тамошните жители дека шахтите не се нивелирани и се пониско поставени од асфалтот. Дали тоа е причината или не, но деновиве од улицата се отстранува новиот асфалт, набрзо откако се постави.

Жителите се нервозни, реагираат и прашуваат како е можно ова да се случува и после неколку месеци реконструкција, сега работите повторно да се изведуваат од почеток. Тоа за нив значи механизација на улицата, тешко одвивање на сообраќајот, бука, прашина и смрдеа, на кои се изложени долго време, уште пред да започне реконструкцијата од постојаната изградба на згради кои никнуваат на местото на некогашните двокатни куќи на Козара.

Јас не ги разбирам што прават сега. Со месеци чекавме да заврши реконструкцијата, таман го ставија вториот слој асфалт и сега одново го вадат – коментира еден од жителите.

Од Општина Центар велат дека се утврдени грешки при изведбата. Какви, не прецизираат.

Надзорот и Општина Центар утврдија дека станува збор за грешки при изведбата, направени од страна на изведувачот. Зафатот за отстранување на грешките ќе биде готов до крајот на неделата, на трошок на инвеститорот, односно од општинскиот буџет за оваа намена нема да се користат никакви средства – тврдат од Центар.

Реконструкцијата на улицата започна на крајот од јули и ја изведува компанијата „Гама градба“. Според најавеното, обновата на оваа улица ќе чини нешто повеќе од 8 милиони денари со вклучен ДДВ, односно околу 130 000 евра.

https://www.slobodenpecat.mk/gragjanite-revoltirani-na-ulicata-kozara-se-vadi-taze-postaveniot-asfalt-imalo-greshki-pri-izvedbata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3034 Posted: 06-Dec-2022 at 18:02
Жителите бараат да се забрза реконструкцијата на улицата Димо Хаџи Димов: Се изнаголтавме прав и се изнагазивме кал!



Повеќе од два месеца откако е започната реконструкцијата на улицата Димо Хаџи Димов во Кисела Вода, граѓаните едвај стигнуваат до своите домови по раскопаната сообраќајница. Последниов период, дождовите ја претворија улицата во каллива патека, со делови останати од стариот асфалт и прекопи по средината и по крајот на улицата каде, се претпоставува, дека се изведувала атмосферска канализација и се обновувала водоводната инсталација.

Такви активности беа најавени од Град Скопје, кога ја започнаа реконструкцијата на една од најфреквентните улици во општина Кисела Вода, но сега оттаму не одговараат до каде е реконструкцијата, што е досега направено и дали ќе заврши наскоро.

Жителите се жалат дека на овие неколку стотини метри што се обновуваат си ги „кршат“ автомобилите, а дека автобусот на линија 24 не поминува откако започнале градежните работи на улицата.

Значи навистина долго трае реконструкцијата, предолго на сообраќајно фреквентна улица како оваа. Прво голтавме прашина, сега газиме во кал за да дојдеме до дома. Многу бавно се работи, многу. Ни автобус веќе немаме тука, со кола мора да лазиш преку прекопите за да стигнеш дома. Катастрофа е градов, навистина. Само нервози по улициве – реагира жител на улицата.

Кога на крајот на септември започна реконструкцијата, градоначалничката Данела Арсовска соопшти дека се реконструира вкупна површина од 6520 м2 во должина од 800 метри, а дека обновата се прави на барање на жителите кои редовно транзитираат во овој дел на градот, при што со проектот треба дополнително да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Се заменуваат оштетените рабници, се нивелираат шахти и сливници, планирано е и соодветно хортикултурно уредување. Истовремено Град Скопје инвестира и во нова атмосферска канализација во должина од 900 метри, а се врши и целосна реконструкција на водоводната мрежа – изјави тогаш Арсовска.

Рокот на изведба на улицата Димо Хаџи Димов е три месеци, а Градот Скопје оваа реконструкција ќе го чини 41 милион денари. Третиот месец веќе тече.

https://www.slobodenpecat.mk/zhitelite-baraat-da-se-zabrza-rekonstrukcijata-na-ulicata-dimo-hadzhi-dimov-se-iznagoltavme-prav-i-se-iznagazivme-kal/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3035 Posted: 06-Dec-2022 at 18:14
ХАОС Е НАШЕТО ОПШТО ИМЕ – еве до кое „дереџе“ сме: Скопје е парализирано/ФОТОГАЛЕРИЈА











https://www.vecer.press/хаос-е-нашето-општо-име-еве-до-кое-дер/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3036 Posted: 07-Dec-2022 at 19:03
ДВЕ НЕДЕЛИ ПО АСФАЛТИРАЊЕТО, СЕ КОРНЕ АСФАЛТОТ НА УЛИЦАТА КОЗАРА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ



Две недели по асфалтирањето на улицата Козара во скопски Капиштец, се корне асфалтот. Со багери се отстранува вториот и финален слој, па улицата повторно е раскопана и со издигнати шахти.

Откако пред неколку месеци фирмата изведувач при поставување на првиот слој ги асфалтираше и шахтите, сега има грешки во изведбата на вториот слој. По реакцијата на граѓаните, работниците тогаш го откорнаа асфалтот, но го фрлија во шахтите со што ги затрупаа. Мораше да интервенира Општината за да се реши проблемот.

Од Општина Центар сега велат дека биле утврдени грешки и затоа му е наложено на изведувачот да ја асфалтира одново.

„По утврдување на грешки направени од страна на изведувачот во изведбата на улицата Козара од страна на надзорот и Општина Центар, истиот започна со активности за отстранување на грешките и оспособување на улицата. Овие градежни работи се на трошок на изведувачот“, велат од Општина Центар.

Улицата Козара почна да се реконструира летово. На оваа улица изникнаа еден куп згради и заради изведба на приклучоците беше цела раскопана. Поради тоа Општината почна со реконструкција, но таа никако да заврши. Жителите велат дека улица од стотина метри се прави пола година, постојано дишат прашина, а од дупките и издигнатите шахти на улиците ги искршиле колите.

Тогаш градоначалникот Горан Герасимовски рече дека во иднина Општината ќе ги казнува изведувачите поради несоодветно завршување на градежните работи. Од Општината не кажуваат дали изведувачот е казнет.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dve-nedeli-po-asfaltiraneto-se-korne-asfaltot-na-ulitsata-kozara-vo-skopski-kapishtets/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3037 Posted: 16-Dec-2022 at 16:42
ул.Улоф Палме позади Флетајронот,целиот овој потег е преполн со кал,вирови тотално неуреден простор со децении(од фб)



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3038 Posted: 19-Dec-2022 at 14:18
Големите проблеми не бараат делумни, туку сеопфатни решенија



КАЈ НОВИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР „ИСТ ГЕЈТ“ СЕРИОЗЕН СООБРАЌАЕН ПРЕДИЗВИК ЗА СИТЕ НАДЛЕЖНИ СЛУЖБИ

Изградбата на големи трговски центри во Скопје главно е позитивно дочекувана од страна на граѓаните. На тој начин граѓаните се привлечени од нови ексклузивни продавници за стока за широка потрошувачка, доаѓаат светски модни брендови и нема потреба да се патува во странство да се купи нешто што веќе станало достапно и тука. Но неоспорен факт е дека токму изградбата на тие големи трговски центри, во рамките на поширокиот центар на градот, наместо во неговата околина, е причина за дополнителен сообраќаен хаос. Надлежните, брзајќи да им издадат градежна дозвола на инвеститорите, како да не водат доволно грижа за исклучително важните работи што се во нивна надлежност, не само за комуналните предизвици. Тука треба да се мисли и на низа други околности, како на пример на инфраструктурните, односно сообраќајните решенија за големата сообраќајна фреквенција што го придружува секој голем јавен објект.
Наместо да се изгради сообраќајница што ќе овозможи непречено движење околу трговскиот центар, или барем да се приспособат постојните, на овие улици се создава сообраќаен хаос и застој, од кој сите добиваат главоболки. Огромните колони возила беа редовна слика кај „Сити мол“ (општина Карпош), а сега исто така е и кај „Ист гејт“. Овие сцени речиси секогаш се проследени со забавен сообраќај, кој кај возачите предизвикува нервоза, од која подоцна избиваат кавги и пцости, кои на моменти резултираат и со сообраќајни инциденти, во обид да се докаже кој има првенство на минување.

БЕСКРУПУЛОЗНО УЗУРПИРАЊЕ НА УЛИЦИТЕ


Просторот околу новоизградениот трговски центар „Ист гејт“, во скопската населба Крњево, е „окупиран“ од возила. Откако беше изграден центарот, граѓаните масовно се обидуваа да паркираат што е можно поблиску до влезните врати, а оние што сакаа да паркираат во подрумските простории на објектот, без нималку грижа на совеста своите возила ги вртеа на самата улица полукружно.
Бидејќи со тоа причинуваа невиден хаос, а и претставуваа голема закана за другите возила, особено за пешаците што преминуваат улица на две-три локации пред објектот, градските власти прво донесоа одлука со 50 рефлектирачки столпчиња да му стават крај на сообраќајното самоволие на возачите. Откако увидоа дека тие не помагаат многу, односно дека возачите пред нив и по нив повторно вртат полукружно, одлучија комплетно да ги одвојат двете сообраќајни ленти со столпчиња, за да го спречат ваквото однесување на возачите на улицата Беласица.
Кога беа поставени првите 50 рефлектирачки столпчиња на оваа локација, од јавното претпријатие „Улици и патишта“ истакнаа дека ги поставуваат за одвојување на двете коловозни ленти.
– Рефлектирачките столпчиња се поставени пред сѐ поради спречување на непрописното движење на граѓаните кон паркингот на овој трговски – информираа тогаш од јавното претпријатие „Улици и патишта“.
Оттаму објаснија дека налогот за работа е даден од Секторот за сообраќај во Град Скопје, а тие како претпријатие се изведувачи на работите и наедно надлежни за редовно одржување на сообраќајната сигнализација и опрема на градските улици и булевари.
Но набргу се согледа дека овој потег не е доволен, па се поставија столпчиња по целата должина на коловозот. Откако градот се одлучи на овој потег, целосно да ги одвои коловозните ленти, нема повеќе закочување на сообраќајот поради непрописното вртење на возилата. Сега возачите немаат можност да ги вртат своите возила полукружно на самата улица, со што се принудени конечно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

МВР КАЗНУВА НА ТЕРЕН

И од Министерството за внатрешни работи информираат дека на оваа локација веќе на големо сообраќајната полиција работи и ги санкционира прекршителите на сообраќајните правила и прописи.
– Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Скопје, во периодот од 1.9.2022 година до 30.11.2022 година, на улицата Беласица, пред трговскиот центар се санкционирани 68 лица во согласност со членот 30 став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 174 лица во согласност со членот 63/6, 66/3, 66/4, 66/5 и 187/6 од истиот закон – велат од МВР.

СЕГА ВЕЌЕ Е ДОЦНА?!

Експертите од областа на сообраќајот, професори што се занимаваат со изработка на сообраќајни решенија при подготвување проекти пред почеток на градбите, велат дека сега веќе е доцна да се подготви соодветно решение што ќе ги задоволи потребите. Сега може само да се интервенира, како во случајов со столпчињата, за да се намалат колку-толку пропустите.
– Кога излезе во јавност информацијата дека на оваа локација ќе се гради толку голем трговски, првото нешто што ние го сугериравме беше дека нема рационален простор што би одговорил на сообраќајните проблеми на овој потег. Еве, паркинг-просторот спроти трговскиот целосно е блокиран од паркирани возила, а е во приватна сопственост. Еден ден сопственикот ќе рече стоп, нема повеќе паркирање тука, и што ќе се случува со тие возила?
Втор проблем е што никој не мислеше на сообраќајни решенија што ги предложивме ние како експерти. Тогаш никој не сакаше да нѐ сослуша, сега веќе е доцна што и да се каже. Улицата пред самиот трговски е премала, не може да одговори на толку голем наплив на посетители. Дополнително, нема никакво сообраќајно решение за проблемот што токму вие го посочувате, а е жива рана на овој дел. Залудни се сега и заштитните столпчиња, бидејќи во практика се гледа дека воопшто не вршат работа – вели експерт од областа на сообраќајот, кој сакаше да остане анонимен.

ИСТИ ПРОБЛЕМИ, РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ

Се чини на граѓаните од Крњево, сепак, им е најтешко. Жителите на оваа скопска населба велат дека некои од посетителите сепак ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и внимаваат каде и како паркираат. Но многу повеќе се оние другите, недисциплинираните, кои оставајќи ги своите возила каде што ќе стигнат, им создаваат дополнителни проблеми на локалните жители. Тие додаваат дека она што сега се случува тука, личи на она што се случуваше пред „Сити мол“ на почетокот кога беше изграден.
– Тогаш само кај „Сити мол“ мораше речиси секојдневно да има полиција за да може да се воведе ред во сообраќајот. Бидејќи моите родители живеат таму, знам точно што се случуваше и тогаш ви бев соговорник токму на истава тема. Денес повторно се јавувам како соговорник, но овој пат за улицата Беласица. Она што го прават возачите е невидено. Мрзеливи се и не сакаат да повозат уште педесетина метри и законски исправно да го свртат возилото, па правеа хаос вртејќи полукружно, пресекувајќи две полни линии на коловозот, само за да влезат во подземниот паркинг-простор. Она што е најсмешно е фактот што трговскиот има и други влезови за паркинг, не е само тој пред него – вели Бубе Трајковска, која секојдневно е сведок за случувањата на оваа локација.
Таа потенцира дека сега, откако се поставени столпчињата, конечно е воведен ред.
– Сега, кога ја затворија целата улица со столпчиња, конечно нема самоволно вртење кој каде ќе стигне. Првично со првопоставените немаше никаков ефект, бидејќи ги одминуваа столпчињата и пак вртеа полукружно. Сега веќе е друга приказна – револтирано вели таа.
Според неа, дополнително е хаос со паркинг-просторот, со кој никогаш порано немале проблем.
– Ние сме мала населба и имавме простор и за прошетка и за сѐ. Сега од паркирани возила не можеме од дома да излеземе. Ова е невидена некултура, ни паркираат пред врати, ги узурпираат целосно тротоарите… оваа состојба навистина бара комплетно решавање – вели таа.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/golemite-problemi-ne-baraat-delumni-tuku-seopfatni-reshenija/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3039 Posted: 23-Dec-2022 at 08:53
„Адвокатска улица“









https://www.facebook.com/OpstinaCentar
Carpe diem
Back to Top
kicevo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Jan-2021
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote kicevo Quote  Post ReplyReply #3040 Posted: 24-Dec-2022 at 14:31
Seriozno ovie barakcinja dolikuva vo strogiot centar na Skopje?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152153154 158>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.781 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.