![]() |
![]() |
![]() |
Аеродроми |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 124> |
Author | ||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||||||
Воопшто не би се сложил дека е мал. Зборуваме за терминал за 1.5 милиони патници годишно со можност да прими до 3 милиони (некако така беа бројките).
Во основа е поголем едно 6 пати од постоечкиот терминал и веројатно е издигнат на 2 нивоа (за да може да ги прими патничките мостови). Што повеќе, голем дел од постоечкиот терминал служи како канцелариски простор, така да корисната површина на новиот терминал уште повеќе би дошла до израз. За наши потреби мислам дека е полн погодок, и тоа под услов вистински да се потрудиме и да го размрдаме авиосообраќајот (со тековните бројки за патници, новиот терминал би бил само 30% исполнет) |
||||||||||
![]() |
||||||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||||||
Ако шемата е реална.... тогаш овде се работи за изградба на една обична зграда од 2 спрата со тунели до авионите. Ова не може ни приближно да чини 200 милиони евра, колку што треба да е целата инвестција. Ова не чини повеќе од 20 милиони евра преку сила.
Инаку, еве за пример... 1999 слетав за прв пат во Анталија, кога тој беше нов аеродром. Имаше 5 милиони патници и изгледаше ПРАЗНО!!! Односно беше изграден огромен и дури си викав што им е на овие, имаше по 3 празни рампи за секој авион што слета. 2008 истиот аеродром имаше 18 милиони патници. Па сега види. Значи за 10 години! Така да ако ние мислиме сериозно да правиме инвестиција во авио сообраќајот, ова е смешно, зашто за 10 години оваа зградичка ќе биде претесна. Се разбира, ако планираме да бидеме зад Софија, Солун, Белград, Ниш, Тирана, па и Приштина, тогаш овој аеродром е супер. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||||||
Многу луѓе зборуваат за некаква регионална борба помеѓу аеродромите но лично никогаш не сум можел да разберам дали навистина претендираме да ги престигнуваме Софија, Белград или Солун. И Тирана на подолг рок има неспоредливо силни предуслови за повеќе патници отколку Скопје.
Реални конкуренти ни се Приштина, Ниш и сл. Јас не го доживувам ова воопшто трагично бидејќи сепак просторот за раст е голем, но не ми е јасно врз која основа се претензиите за парирање со некој од поголемите аеродроми. Покрај очигледниот фактор (број на население, големина на град итн), треба да се изанализира и - колкав е бројот на меѓународни компании во Скопје - колкав е бројот на домашни компании кои соработуваат со странство - колкав е бројот на регионални претставништва лоцирани во Скопје - колкав е потенцијалот на македонскиот туризам ... ... ... Кога сето ова ќе се стави на куп не гледам каде ние ја гледаме рамноправната битка (можеби во наводното претворање на Скопје во хаб за поврзани летови?) Инаку 200 милиони ЕУР се однесуваат на целокупна модернизација на аеродромите вклучувајќи и проширувања на писти, целосни нови системи (на пример асален систем за распоредување на багаж кој што може да биде многу комплексен) но и изградба на цел нов аеродром во Штип од 0. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||||||
Скопскиот аеродром не може да биде Хитроу. Ниту тоа се бара. Тоа што може да биде е централен регионален аеродром, кој ќе поврзува исток и запад и кој ќе служи освен како поврзувачки центар, и како регионален центар за Македонија, Косово и Ј. Србија (регион од околу 6 милиони жители). Тоа воопшто не е за потценување. Во такви услови, и те како може да конкурира на Тирана, Солун и Софија. Единствено можеби Белград ќе ни избега, со оглед на тоа дека има речиси 6 милионска популација во реон од саат време од аеродромот. Но сите други, не би смеело по ниеден параметар да се ДАЛЕКУ понапред од Скопскиот аеродром.
Но со вакви планови, нашите патници ќе продолжат да летаат од Солун, Софија, Приштина, Ниш и Белград. За жал синдромот на „македончето“ повторно е во игра. Ај, ме влечеш за јазик, ама ќе се воздржам, само ќе спомнам дека Словенија така направи економски развој со фаќање на понеразвиените пазари на Балканот, а не со тепање со автоиндустрија, метал индустрија итн., во Германија, Франција итн... |
||||||||||
![]() |
||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||||||
Воопшто не ти зборувам од аспект на "македонче" тоа што го пишувам е само (спрема мене секако) реална проценка. Но, ако зборуваме за регионот кој го наведе (Македонија, Косово и Ј. Србија) апсолутно се сложувам дека тука треба да ја превземеме палката и тоа не само во сегментот на авиопревозот.
Со Софија, Тирана, Солун не би се споредувал но не гледам ниту причина да се мериме со нив со оглед дека не ни се преклопуваат интересите. Сеуште мислам дека по обем на патници нема да може да им парираме, во случајот на Тирана и Солун пред се поради фактот дека низ нив (ќе) проаѓаат многу туристи (погледни со какви бројки оперираат Сплит, Дубровник, Варна или Бургас само поради туристите), а за Софија бидејќи е реално поголем и побитен град со одличен економски моментум. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Како прво основна грешка што се прави е поставување на позиции на некаков натпревар меќу аердороми па сега ќе си "крадат" патници меќу себе. Погрешно е поставена тезата ако разгледауваме така и ако бараме начин да напумпаме бројки со сила ради чалам или брз профит без да се понуди услуга што само лошо ќе говори за нас.
Многу не баратам со бројки за патници по регионални аеродроми но некои работи мора да бидат од старт јасни. Секој аеродром си е монопол за просторот кој го опкружува, без разлика на државни граници, етнички или јазични бариери или слично. Тој монопол може да е малку релативно нарушен поради блискоста на аеродромите или слично што и е нормално за пазарно ориентиран регион. Од овој аспект секој аеродром си има некој де факто загарантиран контингент патници кои може да гравитира кон околни аеродроми само во несреден локален аердром како што е нашава ситуација. Но долгорочно ситуацијата со аеродромите на балканов ќе конвергира кон ситуација каде што патиување од ненајблизок аеродром ќе биде ретка слика. Сепак се рабпоти за сврзани садови со исто ниво на вода. Ќе се редистрибуира бројот на патници така како што ќе наложат природните закони. Скопски аердром ниту може да престаса некој белград софија или солун, но затоа ниту може да биде крајно црни прогнози како што прочитавме некои нагоре. Простор за битка каде што може да се води за освојување на пазар се трансфер јазлите, меѓутоа ниту тука неможе еден аеродром да го собере целиот колач. Скопскиов нма таква можност и убеден сум дека ќе се зголеми трансферот кога че го има тој транзит јазел. А дополнителна ситуација што е добро за скопскиов аердором е што е на крстопат меќу два коридора што дополчнително би го направило атрактивен транзит јазел и ќе може делумно да го наруши тој монопол на неколкуте околни аердороми од своите зони нивни и да привлече нешто патници тука како атрактивен транзит јазел. На пример приштинскиот кои не лежи на ниту еден коридор. Edited by lslcrew - 09-Jan-2010 at 06:19 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||||||
Приказната со трансферен јазол е премногу експлоатирана исто така. Многу често, трансферен јазол се преклопува со местото каде една авиокомпанија подигнува седиште, сервисен центар итн. Претпоставката е дека дотичната авиолинија ќе има голем сообраќај и многу линии и ќе може луѓето од точка А до точка В да ги пренесува преку точка Б (Скопје). Значи постои силна корелација со обемот на сообраќај и со линиите кои се исплатливи да се одржуваат од еден град. Каде е Скопје на тоа поле? http://en.wikipedia.org/wiki/Airline_hub#Europe Приказната за коридорите е исто така премногу експлоатирана. Точно е, Скопје има сериозна предност пред Приштина и пред Сараево ако зборуваме регионално но тука приказната завршува. Другите градови не се ниту подобри, ниту полоши од овој аспект ако зборуваме генерално. И сите овие муабети се јалови додека некој не ја протресе таа административна баруштина која управува со авиосообраќајот во Македонија и не се зафати сериозно да менаџира со овој бизнис. Со работа и со паметно управување, и без претензии да бидеме трансферен јазол, може да бидеме сосема пристоен аеродром. Тука повторно ќе го дадам примерот со Љубљана, каде се на добар пат да го дуплираат сообраќајот од 2000 година кога имале околу 991.000 патници годишно а сега се приближуваат полека но сигурно до 2.000.000. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||||||||
Сепак не треба да се занесуваме во очекувањата. Убаво што ја спомена Љубљана. Тоа е единствен аеродром во Словенија - (Марибор практично не работи откако се повлекоа лоу-костерите), а Порторож има сообраќај како Охрид, односно нема сообраќај. Е штом потенциалот на Словенија (земја со исти географски-популациони карактеристики како Македонија), но далеку побогата и развиена и со исклучително развиен национален превозник (незнам дали знаете но нивното небо веројатно е под протекција на некој начин затоа што од Љубљана освен Адриа летаат само уште ЈАТ за Белград, ЕрФранс за Парис и Аерофлот за Москва-се друго држи Адриа) едвај достигнува 2 милиона патника годишно, тогаш за какви чушки и френки ќе се споредуваме со од нас поголемите Солун, Тирана, а пак за Белград и особено Софија збор да не станува! Софија во 2009 имаше 3,1 милиона патника (5 пати поголем од Скопје), при постоњето на уште Варна и Бургас (коишто исто така имаат по околу 1-2 милиона заради туристите). На Скопје му треба убав терминал, со не повеќе од 4 воздушни ракави, но пред се модерен и дизајнерски. И се разбира силна домашна (или странска) компанија, која би го избрала за хаб. Ќе дадам пример пак за Софија. Таму работи да речеме Луфтханса Техник (регионален авио-сервисен центар) а хаб освен на БулгариаЕр е и за неколку лоу-костери како УизЏет. Скопје си е светлосни години назад. Единствено може да се бори за Јужна Србија, а и Косово, но доста потешко.
И сакам уште нешто да искритизирам. Пред неколку недели излезе информација дека ТАБ ОБЕЗБЕДИЛА 10 МИЛИОНСКИ КРЕДИТ ЗА ИНВЕСТИЦИЈАТА ОД ИК БАНКА!!?? Ви се молам, која сериозна компанија, која ја чекаат огромни инвестиции би земала неповолен кредит од македонска банка (знаеме дека можностите по квалитет и квантитет на кредитирање на македонските банки се исклучително мали)! Ова воопшто не ми изгледа светло и мислам дека купуваат време и мачкаат очи. Да не зборуваме дека ако отпадне Штип (за кој од почетокот немаше потреба) треба одма да има нов тендер и да се изберат далеку посериозни и големи компании. Edited by Andrej_LJ - 09-Jan-2010 at 15:35 |
||||||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||||||
ИК Банка е сопственост на Демир Халнк банката од Холандија која е пак Холандско Турска банка и тука го гледам линкот меѓу нив и ТАВ. Што се донесува за нов тендер. Принципиелно, ДА, но практично тоа ќе биде одложување за нови 2-3 години. Иако би било нефер спрема Хохтиф и Виенскиот аеродром кои отпаднаа од последниот тендер токму поради Штип, најповолна варијанта би била ТАВ навистина да засука ракави и од март да почне да го средува пред се скопскиот аеродром. Едноставно немаме време за чекање, истава расипана плоча се врти веќе 11на години. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|||||||||
Моето искуство со регионалните аеродроми (Скопје, Софија, Белград, Солун, Љубљана, Будимпешта, Истанбул) е дека ние сме далеку од минимумот кој треба да го исполнувамакар и локален аеродром. И сметам дека сме далеку од некаков Хаб за поврзување на летови одедноставна причина: КОЈ ЛЕТОВИ И ЗА КАДЕ? Значи ако се работ за летви од северна Европа према Блискиот Исток, Азија или Африка, зошто и како побогу Скопје би го надминал еден Истанбул кој е еден од главните светски хабови? Второ како што кажа и пбанкс како и со кои превозници ние би станале хаб?Значи да не се лажеме, секој што барем 3 пати летал поврзано било каде во животот е свесен за мегаломанштината на оваа идеја. Од друга страна, примерот кој и Андреј го посочи со Љубљана е одличен пример како треба да изгледа нашиот аеродром. Симпатичен, мал аеродром со 10тина гејта, со максимален капацитет од некои 2-3 милиони патници годишно, кои треба да бидеме среќни ако некогаш ги оствариме.
За Охридскиот аеродром, не би се замарал премногу. Како и сите други туристички аеродроми, доволно е да биде максимално чист, организиран и не поголем од сегашниот Скопски.
Штипскиот е апсолутна детска будалаштина и да се размислува. Edited by UrbanFreak - 09-Jan-2010 at 20:42 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||||||||
Јас сметам дека скопскиот може да се пробие како хаб, ама само на LCC (low-cost carriers), бидејќи тоа што тие бараат е всушност аеродром со ниски аеродромски такси. Пример blue air лета за Париз, ама ни на Де Гол, ни на Орли, туку на Бове или како и да се чита, кој се наоѓа на 85 km од Париз. Истото важи и за Берлин, не летаат на Шонефелд или Тегел, си летаат на помошни аеродроми подалеку од градот, баш за да останат low cost. Цела цена во билетите се тие пусти такси, кои сите знаеме колку се високи. Единствено така може скопскиот да стане компетентен во некоја сфера. А за нормални авиолинии, многу тешко дека ќе ги привлечеме (во голем број), бидејќи нивната услуга не се состои само во тоа што нуди компанијата за време на летот или пред летот, туку и аеродромите и услугите кои ги нудат аеродромите од кои полетуваат/слетуваат. Сепак, на луѓето на кои не им е дојдено до 50-100 евра за еден лет пре би избрале подобар аеродром и подобра компанија, што значи тие не би летале преку Скопје освен во краен случај (ако треба да одат во Скопје)
![]() Edited by гитардемон - 09-Jan-2010 at 20:56 |
||||||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Sale SK ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 16-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 258 |
![]() ![]() |
|||||||||
Така и ќе заврши целиов циркус.ТАВ го доби тендерот баш поради штипскиот аеродром,а воопшто немаат намера да го изградат(одлагање на 10 години знаеме што значи).Немаат абер ни за реновирање на скопскиот што е најтрагично.Ама ајде да почекаме уште месец дена.... |
||||||||||
![]() |
||||||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||||||
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118533
Реконструкцијата на аеродромите ќе почне во март годинава
Реконструкцијата на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе почне на 2 март оваа година. Ова во изјава за турските медиуми го обелодени Сани Шенер првиот човек на ТАВ холдинг, компанијата што ги доби под концесија македонските авиопристаништа. „Ние си поставивме цел да го зголемиме бројот на аеродроми со кои оперираме на десет за десет години. Оваа наша идеја ќе ја реализираме до крај со влезот во скопскиот и охридскиот аеродром каде реконструкцијата ќе почне на 2 март“, изјави Шенер. Во меѓувреме и на домашен терен најави дека ТАВ наскоро ќе почне со модернизација на аеродромите. Премиерот Груевски денеска за прв пат јавно го обелодени и новиот став на владата со кој на турската компанија и се дозволуваат отстапки во делот на изградбата на карго аеродромот во Штип. Рокот се пролонгира и наместо изградбата да тече паралелно со реконструкцијата на постоечките аеродроми, таа се одложува за неколку години. Ова ги става во подредена положба останатите компании кои се тркаа за добивање на аеродромите под концесија, и кои се откажаа токму поради неисплатливоста да се гради штипскиот карго аеродром. Турски ТАВ ги доби македонските аеродроми под концесија во траење од 20 години и од нив треба да направи модерни авиопристаништа со инвестиција тешка околу 200 милиони евра. Со тврдења дека чекаат пари од европските банки, Турците досега во два наврати го одложија стартот на реконструкцијата. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||||||
Аеродромот е ПРЕМАЛ уште еднаш ќе пробам да посочам. Еден асален аеродром (впрочем и единствен асален од Гевгелија до Белград) треба да има:
- одлична терминална зграда - мини трговски центар во нејзин склоп - хотел - гаражи за рент-а-кар - вип терминал - карго терминал - деловна зграда за авиокомпании итн. Од ова, овде гледам само една лимена барака со тунели до авионите. Ова ќе биде се разбира многу подобро од тоа што е сега, но воопшто не е амбициозно за да во следните 20 години Скопје добие до 6 милиони патници годишно (реална бројка ако се земе во обзир очекуваниот пораст на патувањето, стандардот итн.) |
||||||||||
![]() |
||||||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||||||||
Па добро гаражи за рент-а-кар, зграда за авиокомпании, карго терминал и хотел нема да бидат прикажани на рендерот сигурно бидејќи не се дел од зградата на главниот терминал. Не знам ни дали се обврзани тие да изградат такви објекти, или ќе си бараат инвеститори кои сами ќе дојдат ако проработи добро. Ако под мини трговски мислиш на 10-20 продавници што се и повеќе од доволно за 5.000.000 патници годишни, тогаш има тука во секој случај место.
Туку нели рокот беше до први март, а сега викаат баш на втори ќе почнат. Зошто не на први? Мислам дека има некоја финта тука, само немам доволни знаења од право за да сфатам што се случува. Сепак, како што некаде прочитав, тоа е цената што ја плаќаме за безрезервната поддршка на Турција во сите меѓународни сфери. Затоа ги оставаат ТАВ да нè маткаат, а по сè Турција што ни дала, веројатно е и политички фер одиграно. |
||||||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||||||
![]() Малце трчење пред руда ми делува. Од ена слика-рендер на фасада неможе да видиме што све ќе содрзи комплексот. Впрочем и на ТАВ и е во интерес да ги имаат тие делови за да и преку нив заработат |
||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||
![]() ---------------------------------------------------------------------------------- Се слагам со гитардемон и VladimirP (кrale, мислам дека избрзуваш со заклучоците). А и нема потреба од око да ја цениме големината на терминалот, кога таа најреално се цени преку годишниот капацитет за патници, податок кој е соопштен. На крајот на краиштата, објектот изгледа прилично практичен за проширување. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||||||
Ок, нема грешка... проценката за големината ја ценам од проектниот план што беше постиран овде пред некоја страна.
Инаку, во секој случај ќе биде многу подобар од овој сегашниот, ама нема да биде аеродром што ќе „штрчи“ на Балканот како посебно нешто. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
VirginAtlantic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jun-2009 Location: Софиjа Online Status: Offline Posts: 254 |
![]() ![]() |
|||||||||
Потполно се согласувам со тебе!
Кога гледам темата за аеродромот во Скопjе, винаги си мисла дека тоа как би било да изгледа наjдобро. За мен новиот терминал на аеродромот на Монтевидео би бил идеален за Скопjе:
Carrasco International Airport, Montevideo, UruguayКапацитет: 1.8 милиони патници годишно со можност да прими до 3 милиониИнвестициjа: 134 милиони $
Откриен: 5 октомври 2009г., за патници 29 декември 2009
Паркинг: 1200 возила
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() На SSC има много повеке слики. Аеродромот е прекрасен!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||||||
Далеку ќе биде Петровец од ова. Е ова е нешто навистина убаво! Браво Виргин!
|
||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 124> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |