![]() |
![]() |
![]() |
Зоолошки градини во Македонија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 27> |
Author | |
Block ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
![]() ![]() |
Последен пат бев пред 8 години.
тогаш беше иживување над животните,сега изгледа дека буквално се од ново е изградено. Edited by Block - 04-Apr-2012 at 09:49 |
|
![]() |
|
IN_MOTION ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Jul-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 204 |
![]() ![]() |
Да, многу убаво e средено и никаде не осетив непријатна миризба. Исто така и сите животни што ги видов изгледаа одлично и здраво (не беа слаби).
![]() Edited by IN_MOTION - 05-Apr-2012 at 00:42 |
|
![]() |
|
Alex ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2009 Location: Paris / Ohrid Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Зоолошка купи вовче за 70.000 евра
Зоолошката градина за најмногу два месеца ќе добие вовче со кое на посетителите ќе им биде овозможено да ја разгледуваат градината. Вовчето веќе е купено и е на пат кон Македонија. За него надлежните платиле речиси 70.000 евра, што беше најниската, односно единствена понудена цена на јавниот повик за набавка на возот. Станува збор за вовче кое веќе е користено за слични потреби. Од ЗОО велат дека очекуваат за најмногу еден месец тоа да биде испорачано во Скопје во делови. До тогаш, од ЗОО ќе го утврдат начинот на користење, односно дали и колку ќе се наплаќа возењето, или, можеби, тоа ќе биде пресметано во цената на билетот. (Дс.Т.) http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=BB9536C2BB49D847B21C50E10316375A Edited by Alex - 05-Apr-2012 at 09:02 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
а нели веќе има вовче во зоолошката? тоа не е во употреба?
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
Едно ко ниедно.
|
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Вовче има во луна паркот, а не во зоолошката. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Зоолошка градина по мерка на животните
Проектирањето и изготвувањето на техничката документација за Зоолошката градина во Битола, е според стандардите и препораките на European Association of Zoo and Aquaria (EAZA), најрелевантната европска институција за заштита на животните. Минатата година, во рамките на Акцискиот план за развој на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а на иницијатива на општина Битола, беше предвиден проект за изработка на техничка документација за Зоолошката градина во Битола. Имено, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, кој е лоциран во југозападниот дел на Република Македонија, брои околу 240.000 жители, кои, несомнено ќе бидат и крајните корисници на резултатите од овој проект. Правилната проценка за давање приоритет на проектот, произлегува од големиот економски, научно-истражувачки, едукативен и културен придонес кој една современа зоолошка градина би можела да го даде во насока на зголемување на општото знаење кај населението во регионот во врска со заштитата на животните, нивната добросостојба, екологијата и зачувување на биодиверзитетот.
Формирана пред повеќе од 60 години и распослана на околу два хектари површина, битолската зоолошка градина располага со капацитети, кои ни оддалеку не ги задоволуваат потребите на една современа забавна зона, условите на животинските видови за живот во заробеништво и условите за работа на луѓето што се грижат за нив. Кон решенија за комплексноста на оваа задача, тим проектанти од студиото ,,Есперанца дизајн" пристапи со еден сосема нов концепт. ![]() Ако досегашната претстава за живеалиште беше кафез со минимални димензии, новопланираните живеалишта нудат средба со животното во амбиент на неговото природно опкружување, во отворени летни живеалишта со големи тревни површини, дувла и пештери, водни површини и базени, дебели сенки и осончени платформи. Оваа пејзажна архитектура, претставуваше посебен предизвик за тимот проектанти. При уредувањето на отворените живеалишта и формирањето на нови содржини во слободните зони околу главната пешачка артерија на зоолошката градина, посебно се внимаваше на прекрасниот наследен амбиент и опкружувањето. Максимално е задржана драгоцената конфигурација на теренот, а постоечките зелени површини, паркови и еко катчиња се дополнително збогатени со урбана опрема, едукативни содржини и пунктови за одмор.
Едно од главните барања на носителот на проектот, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, беше потребата од посетеност на зоолошката градина преку целата година. Тоа го овозможија новопланираните зимски живеалишта, кои за разлика од досегашните, овозможуваат контакт на животните со посетителите. Со оглед на ниските зимски температури во Битола, а имајќи предвид дека 90% од видовите присутни во зоолошката градина во природата се среќаваат во топлите краишта на Земјата, овој нов момент додатно го усложни, од функционален аспект, веќе сложениот концепт на секое живеалиште пооделно. ![]() Имено, се јави потреба од создавање на идеални услови за топли простории, одржување на нивната хигиена и нивна интензивна природна и вештачка вентилација. Неопходно беше оформување на зони за посетители, од безбедносен аспект комплетно заштитени, а во исто време доволно транспарентни за визуелни контакти со животните, и на крај, оформување на сервисни зони за зоо негователи, скриени од погледите на посетителите, преку кои се овозможува безбеден пристап до секое катче на живеалиштето.
Овие сервисни зони обезбедени за секое живеалиште и летно и зимско пооделно, меѓусебно се поврзани со сервисна патека, која води до главната сервисна зона на зоолошката градина. Заради конкретните потреби на различните видови на животни-жители на зоолошката градина во Битола, сите живеалишта меѓусебно се разликуваат во своите квадратури, висини, поставеност на просториите, видот и големината на отворите, видот и цврстината на металните и стаклените прегради, подовите и опремата вградена во ентериерите. ![]() Дизајнерски ги врзува употребата на исти природни материјали, дрво, камен, тула, одбрани за да го надополнат и збогатат природниот амбиент, а максимално вкомпонирани во современ изглед на објектите. Во рамките на парцелата на зоолошката градина, освен живеалиштата на животните, што се носечкиот столб на кој се темели нејзината зголемена посетеност, се планирани и придружни објекти сместени во административно- сервисната зона. ![]() Концепцијата на современа зоолошка градина, која, меѓу другото, треба да обезбеди и богата понуда на анимациски содржини и квалитетни едукативни програми, ја отвори потребата од планирање на објекти и простори, кои би ја добиле оваа мултинаменска функција. Тие се распоредени на пунктни точки во парцелата, кои дозволуваат да се обезбедат услови за едукација, одмор и рекреација. При проектирањето и изготвувањето на техничката документација, посебно е внимавано на стандардите и препораките на European Association of Zoo and Aquaria (EAZA), која како најрелевантна европска институција се грижи за заштита на животните, нивната добробит и зачувување на биодиверзитетот на европскиот континент.
Исполнувањето на европските критериуми, ќе го олесни процесот на зачленување на Битолската зоолошка градина во оваа меѓународна институција. ![]()
Проектот е реализиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот
регион, а е финансиран од Министерството за локална самоуправа на
Република Македонија, преку Бирото за рамномерен регионален развој. http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3294&Itemid=121 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ФОТО: Нова ограда на Зоолошката градина
Недела, 08 Април 2012 09:04 Сподели 18 Споделете ја веста со Вашите пријатели Скопската Зоолошка градина доби нова ограда. ![]() Оградата е поставена на предниот дел на ЗОО кај новиот паркинг. Оградата се состои од банери со слики од животни. Во ЗОО во тек е изградбата на живеалиштата за слон и жирафа. ![]() ![]() http://kurir.mk/republika/skopje/66934-FOTO-Nova-ograda-na-Zooloskata-gradina |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Како ќе изгледа новата Зоолошка градина во БитолаМинатата година, во рамките на Акцискиот план за развој на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а на иницијатива на Општина Битола, беше предвиден проект за изработка на техничка документација за Зоолошката Градина во Битола. Проектот се најде на врвот на листата на приоритети на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. Имено, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион кој е лоциран во југозападниот дел на Република Македонија, територијално е најголемиот регион во државата кој брои околу 240.000 жители, кои, несомнено ќе бидат и крајните корисници на резултатите кои ке произлезат од овој проект.
Исполнувањето
на Европските критериуми, ќе го олесни процесот на зачленување на
Битолската Зоолошка Градина во оваа меѓународна институција. Проектот е
реализиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот регион.
Иститот е финансиран од Министерство за Локална Самоуправа на Република
Македонија, преку Бирото за рамномерен регионален развој. |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Извор: cooltura.mk |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
buco55 ![]() Newbiе ![]() Joined: 20-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 12 |
![]() ![]() |
Графиците обично треба да бидат едноставни за разбирање, но што точно е претставено во овој? Вкупен број на посетители за периодот од 2001 до годинината во легендата?
|
|
![]() |
|
Gjorgjiev Jr. ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Споредба на секоја година од 01.01.2001 до 01.12.2012. Крајот на 2001 зоолошката имала 33,523 посетители, крајот на 2011 нешто помалку од 250,000, осумкратно зголемување на посетеноста.
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Ebatejuzernejm ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Jul-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Золошка си гази,до крај на месец Август ќе донесле и жирафа.
![]() Само морам да кажам дека во Битола золошката ми изгледа поубава и посредена некако,незнам како стојат со животни но барем по проекциине погоре изгледа многу убаво. |
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Ете знаеме дека жирафата ќе пристигне кон средината на август, а каква е ситуацијата со слонот-има ли некој информација кога би требало да пристигне?
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Извор: Канал5 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Фотографии од Зоо Скопје на Reuters и Yahoo News
Недела, 05 Август 2012 09:49 Споделете ја веста со Вашите пријатели Минатата недела светската новинска агенција Ројтерс (Reuters), преку сајтот на Yahoo News објави фотографии на Огнен Теофиловски од неколку животни во скопската Зоолошка градина. ![]() Фотографиите се направени во периодот кога Скопје беше погодено од пеколни горештини со над 40 степени, а животните беа разладувани на најразлични начини. ![]() ![]() http://www.kurir.mk/republika/skopje/80255-Fotografii-od-Zoo-Skopje-na-Reuters-i-Yahoo-News ПС.ги поправив скршените линкови од моите постари постови на оваа тема Edited by gjoko - 05-Aug-2012 at 12:56 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Жирафата-нов жител на Зоолошката градина во Скопје
31 АВГ 2012 16:29 В понеделник, во 11 часот, во Зоолошката градина – Скопје, ќе се одржи промотивен, забавен и едукативен настан, во чиишто рамки на посетителите и децата во градината, за прв пат, ќе им биде претставено новоизграденото живеалиште на жирафата, а воедно сите присутни ќе можат и да се запознаат со жирафата што е новиот жител на скопската зоолошка. ![]() ивеалиштето за жирафата е донација од градот Скопје, додека пак младиот мажјак – жирафата по име Орка, е донација од „Орка Холдинг Групацијата-Фондација Илија Камчев“. Влезот во Зоолошката градина в понеделник за сите посетители ќе биде бесплатен. http://www.mkd.mk/55480/skopje/zirafata-nov-zitel-vo-zooloshka-gradina-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
а еве и дојде жирафата
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Жирафата Орка се всели во Зоо-Скопје ![]() По повеќе од 40 години Зоолошката градина - Скопје денеска доби жирафа по име Орка, млад мажјак кој на 8 септември ќе полни две години. Жирафата Орка е донесен од Зоолошката градина од Берлин и е донација од „Орка Холдинг“ Групацијата - Фондација Илија Камчев. - Компанијата „Орка Холдинг“ одлучи да го подари ова егзотично животно кое ќе придонесе за атрактивноста на нашата Зоолошка градина и ќе претставува вистинско изненадување за сите помлади генерации. Со инвестирањето во новите живеалишта, кои секојдневно добиваат нови жители Зоолошката градина во Скопје го добива посакуваниот изглед на европска зоолошка градина, а Град Скопје доби уште едно место за рекреација, изјави Јордан Камчев - претставник на групацијата „Орка“. На настанот присуствуваа и градоначалниците на Град Скопје и на општина Центар Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева. Фотогалерија: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6FA712801E4C824E83882753F986B5FC |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |