Author |
Topic Search Topic Options
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#21 Posted: 22-Dec-2009 at 22:05 |
епа да ја качиш оти тука е трајно загината, ова треба да е онаа со стазите така, не можам да се сетам
|
|
medo
Senior Member
Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
|
Quote Reply
#22 Posted: 27-Dec-2009 at 08:31 |
Конечно нов сајт на ски центарот "Заре Лазаревски" во Маврово. www.zarelaz.com или www.skimavrovo.com. Според мене, до тука завршуваат пофалбите. - Штета за сајтот што е само на англиски. Посебно ако се земе предвид дека најголем број посетители се од Македонија, Албанија и Косово. - Има и ценовник на билети во кој повторно се враќа полудневната карта, но истата важи само по 12 часот?? Зошто?? - За секоја ски карта се бара и депозит од 150 ден. Има некој одговор на ова? Со враќање на ски картата се враќа депозитот. Па каде го има ова?????? - Како и досега веб камерите работат само кога има снег, а во сите други ситуации редовно се исклучени. - На првата страна не информираат дека последниот викенд паднале 34 cm снег. Нема информација од кој датум е оваа вест, ниту за кој викенд се однесува. - Текстот за хотелите е толку кус што човек ќе се запраша дали воопшто вреди да се појде таму. - Најглавно на сајтот очигледно е полнење на хотелите, за кои и онака имаат прескап аранжман, за 7 дена од 21.000-27.000 ден., па веројатно затоа најголема информација на главната страна се телефонските информации за резервации. - Каде се информациите за актуелната состојба со снег, кои патеки работат и слично?!? Изгледа возот за Маврово тргна надолу и тоа се посилно и посилно.
Edited by medo - 27-Dec-2009 at 08:48
|
|
Sale SK
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
|
Quote Reply
#23 Posted: 01-Jan-2010 at 20:34 |
Медо Од оваа сезона има нови карти(со чипови),нема да мораат да се вадат и покажуваат,па претпоставувам дека ради оа бараат депозит.Во секој случај,цените на ски-картите се безобразно високи.Памтам времиња кога цената беше 250-300 ден.Ништо специјално од тогаш не е вложено,а цената на ски-картата е зголемена за 6 пати. За цените на хотелите не би коментирал многу.Еден збор-срамота. И за сајтот си во право.Повеќе е функција на хотелите отколку на сји-центарот.
|
|
medo
Senior Member
Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
|
Quote Reply
#24 Posted: 02-Jan-2010 at 13:40 |
И јас така слушнав за новите карти, но тоа воопшто не е оправдување за поскапувањата секоја година. Се сложувам со тебе дека воопшто не е вложено ништо ново во ски центарот што се однесува до условите за скијање, патеките и ски спортот воопшто. Лани бев на Копаоник, картата беше со иста цена како во Маврово (1200 ден.), беше со чип и не се враќаше, односно не бараа никаков депозит. А да не зборувам за километрите патеки за скијање во споредба со Маврово, како се натабани и уредени, ознаки на секој чекор, жичари (6 седечници) за мерак, гужва скоро никогаш па дури и во шпиц сезоната, систем за вештачки снег.... Па еве и сега на вакво топло време произведуваат снег и создаваат услови за скијање [ www.infokop.rs]. Навистина жално за Маврово, и искрено сметам дека треба да го превземе центарот некој што ќе сака да го работи како треба. Во спротивно, отидоа сите на Шапка, па дури и оние со викендици во Маврово.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#25 Posted: 12-Jan-2010 at 21:35 |
Вештачки снег за ски-центарот на Пелистер
Нов газда добија ски-лифтот и патеката кај Копанки на Пелистер, кои четири години беа запуштени и без скијачи. Во следните десет
години со жичницата ќе стопанисуваат „Електрани на Македонија“, преку
својата битолска подружница, хотелот „Молика“ на Пелистер. Од таму
најавуваат дека се подготвени да инвестираат во поправка на жичницата
за на Пелистер да се врати скијањето до следната зима.
Се
планира комплетна смена на сајлата поради чиј дефект жичницата не
работеше четири сезони. Ќе се испитува дали е исправна старата
водоводна и електрична инсталација вградена во патеката, која е со
намена да опслужува топови за вештачки снег, зашто тука пообилни снежни
врнежи има се' поретко.
- За се' што е со репарирање или
замена на делови ние имаме стручни кадри во подружниците на ЕЛЕМ, РЕК и
Фабриката за опрема и делови, кои имаат капацитет да ги завршат 90
проценти од работите. Она што не можат да го произведат, ќе се купи.
Сајлата не може да се поправи, таа има рок на траење и ќе биде заменета
со нова. Во иднина одржувањето на жичницата, на ски-лифтот ќе биде од
страна на РЕК и ФОД, а ние ќе управуваме со жичницата - вели директорот
на „Молика“, Кире Крстевски.
Надлежните не можат да дефинираат
колку пари ќе бидат потребни за повторно да се стави во функција
ски-патеката со монтажната опрема. Само замената на сајлата чини околу
30 илјади евра. Жичницата зафаќа површина од 750 метри, а двоседните
имаат капацитет да опслужат околу 500 лица за еден час. Според ова, не
се работи за мала инвестиција.
Но, жичницата не е единствениот
проблем зашто во последните неколку години нема скијање на некогаш
популарната ски-атека кај Копанки. Изградена на надморска височина од
1.500 метри, поради глобалното затоплување, тука во последно време
се'поретко врне снег, а и да наврне, брзо се топи.
Се
поставува прашањето дали иднината на патеката лежи во набавка на топови
за вештачки снег, кои се скапа инвестиција. Инсталацијата за нив била
поставена пред 20 години, кога се градел хотелот „Молика“, но топови не
се набавиле, па останала неискористена.
- Секаде во светот
поради климатските промени се работи со вештачки снег. Инсталацијата е
во фаза на испитување. Ако има потреба, таа ќе се репарира, ќе се
обнови и ќе мора да се набават најмалку два топа за да можеме успешно
да ја пребродиме секоја зимска сезона - додава Крстевски.
Со
ски-патеката и жичницата досега управуваше планинарскиот клуб
„Пелистер“, кој немаше пари да инвестира во нејзино реновирање. Според
претседателот на клубот Димче Попов, проблемот со недостиг од снег нема
да се надмине со набавка на топови.
- Вештачкиот снег е за
дополнување, не е решение кога воопшто нема снег. За да се прави
потребна е температура од најмалку минус пет степени. Не знам дали би
можела цела патека да се покрие. Оваа година не' одмина снегот, но
важно е да се направи жичницата - вели Попов.
Тој смета дека
решението е подготовка на нов ски-терен на повисока надморска височина
на Пелистер, каде што врнежните се' почести, а и снегот побавно се
топи.
Жанета Здравковска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0661936FD3528A43ACBF115D32D1A933
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#26 Posted: 30-Jan-2010 at 21:11 |
Скијачката сезона на Стрежево во полн ек
САБОТА, 30 ЈАНУАРИ 2010 18:40
Изминатите неколку недели временските услови ги вратија љубителите на зимските спортови на прекрасните терени на скијачкиот центар Стрежево во близина на Ниже Поле. Патеките подготвено ги дочекаа скијачите, двата ски лифтови се во активна употреба, со што на посетителите им се овозможени сите услови за зимските спортови.
-Стазата комплетно ја имаме исчистено од се она што значеше камења, израснати дрва по стазата, максимално тоа го средивме, со цел скијачите да уживаат во она што им го нудат терените на Стрежево, изјави Љупчо Бошевски генерален директор на ЈП Стрежево.
Иако за време на зимскиот распуст немаше доволно снег, со сегашните услови бројот на посетителите е многу голем, особено за време на викендите. Посетители има и во работните денови, но со намален број. Персоналот и ски лифтовите работат според потребите на скијачите се додека ги има на патеката, а организирани се дополнителни смени во продолжение на работното време.
-Со оглед на тоа што заврна доволно снег има голем број на посетители и максимално е посетен овај ски центар, вели Бошевски.
Посетителите се задоволни од понудата на овие скијачки терени, убавината на природата што ги опкружува и пред се од близината. До скијачката патека на Стрежево има околу 15-тина километри. Тука доаѓаат и стари и млади, и скијачи и почетници и рекреативци или едноставно љубители на планината.
-Стазата колку што дозволуваат условите е супер, временските услови годинава не ни беа наклонети, зимскиот распуст помина без снег. -Ми се допаѓа. Може да биде и подобро, ама е убаво и многу блиску до градот, велат посетителите.
Од техничка страна, сите претходни подготовки се одамна завршени, добиени се сите потребни дозволи за техничка исправност на двата ски лифтови. На љубителите на скијањето и санкањето им останува да уживаат во убавините на природата и снегот, додека тоа го доволуваат временските услови.
Емилија Јовчевска |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17316&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Civkar
Newbiе
Joined: 03-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#27 Posted: 03-Mar-2010 at 11:07 |
Дечки и девојки,
Некој да има да му се оди на Банско викендов? Тргнувам во петок, 05.03.2010, од Скопје, со моја кола, делиме трошоци само за гориво и патарини во Македонија, можам да ви организирам каде да останете таму, ски учители, се што ви треба, пишете тука или на мобилен барајте ме: 078315300, а можи и на мејл: civkar@gmail.com, за дополнителни информации.
Времето ќе биде перфектно викендов, идеално за скијање и бордање.
Поздрав,
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
|
Quote Reply
#28 Posted: 09-Mar-2010 at 18:58 |
Убав Зимски Центар во Македонија! конечно треба да се сетам и да го посетам!
~
БОЈАН КРИЖАЈ - СКИЈАЧКА ЛЕГЕНДА И ДИРЕКТОР НА ШАРПЛАНИНСКИОТ КУП
Се молев за планина како Шар Планина
Живата скијачка легенда на овие простори, Словенецот Бојан Крижај, во последно време е ангажиран за подигање на квалитетот на македонското скијање и особено на создавање услови за што поголем развој на центарот на Попова Шапка, кој според него има огромен потенцијал да достигне светско ниво.
Тешко се наоѓа планински центар како оној на Попова Шапка, каде што можностите се непресушни, вели Крижај. Според него, потребни се одредени зафати за да го стават овој центар меѓу врвните скијачки дестинации во Европа. Човекот, чие ривалство и пријателство со веројатно најголемиот скијач на сите времиња Ингемар Стенмарк е добро позната приказна, е голем ентузијаст што се однесува до иднината на Попова Шапка и на Шарпланинскиот куп.
Што, според вас, им недостига на скијачките патеки на Попова Шапка за да бидат домаќини на натпревар од Европскиот, па и од Светскиот куп?
- Пред се', вештачки снег. Тоа сега е норма на Светската скијачка федерација ФИС. Патеките на Попова Шапка ги задоволуваат сите критериуми за највисок квалитет, што се однесува до висинската разлика и се' друго. Но, потребно е да може да се подготвува вештачки снег. Јас сум во соработка со вашите скијачки работници, сакам да им помогнам затоа што се големи ентузијасти. Чест ми е овде да направам нешто за скијањето да ја задржи традицијата и да се подигне на повисоко ниво.
Колку чини една машина за подготовка на вештачки снег?
- Сето тоа чини многу. Веќе правиме планови да се направи ски-центар на Шар Планина. Треба да се направи инфраструктура. Попова Шапка може да биде ски-центар што ќе има педигре на светска дестинација. Работиме на тоа со луѓето од Македонија. Нема временски рокови, но се работи. Секако, без вештачки снег не може да влезете на мапата.
Колку сте скијале овде, на Шапка, како натпреварувач?
- Скијав како натпреварувач на Шапка, неколку пати, на државните првенства во некогашна СФРЈ. Се сеќавам тогаш го молев Бога ние, Словенците, да имаме ваква планина, каква што е Шар Планина. Во Словенија немаме таква планина. Шар Планина има бескрајни можности и овде и од косовската страна. Природата дала се' што може за добро скијање.
Како го оценувате сегашниот квалитет на македонските скијачи?
- Македонскиот скијачи квалитет е понизок од просекот во Европа. За да се подигне треба систематски да се работи во сите клубови и во репрезентацијата. Бројот на ски-центрите во Македонија мора да се зголеми. Децата треба да имаат можност да скијаат дневно, а не само да тренираат. Така би се подигнал квалитетот.
Словенија, а последниве децении и Хрватска се скијачки велесили во регионов. Што ги издвојува од остатокот од регионов?
- Словенија поодамна и Хрватска во последно време, со семејството Костелиќ, има традиција и таму скијањето е спорт број еден. Во останатите земји на Балканот не е така. Тоа ќе се постигне со издвојување за инфраструктура и со влијание родителите да ги тераат децата да одат на скијање. Скијачите од Балканот обично се на опашката на натпреварите. Но, тоа може во период од една декада да се измени. Има во историјата неколку примери. Во Хрватска во последно време е експлозија, со Костелиќ. Зошто да не биде и тука така?
Колку алпското скијање е изменето од времето на Бојан Крижај досега?
- Од спортски аспект не се измени многу. И ние трениравме цела година како професионалци, а тоа го прават и сега. Но, многу се измени опремата. Таа форсира нови техники на скијање, а новите техники форсираат измени на правилата. Сега норма е вештачки снег. Тоа дава одредена сигурност. И брзините се поголеми поради новите материјали, но и безбедноста е поголема.
Легендарно е вашето пријателство, но и ривалство со легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк. Дали се' уште се дружите?
- Со него се гледаме два-три пати годишно. Тој доаѓа на гости во мојот хотел на Јахорина. Многу добри пријатели сме, се дружиме и скијаме заедно.
Имате куче-шарланинец. Од каде таа љубов?
- Имам шарпланинец дома, ја чува куќата кога ме нема, а ме чува и мене кога сум в куќи. Ова ми е трет шарпланинец. Првиот го набавив во Тетово, беше одличен, но пцовиса поради болест. Потоа имав „девојче“, а сега имам мажјак од три и пол години.
Благоја Георгиевски
Ривалство Крижај - Стенмарк
Бојан Крижај (53) во 1987 година беше победник во Светскиот скијачки куп во дисциплината слалом. Тој во периодот од 1980 година до 1987 година има девет победи во слалом, во Светскиот куп. Во 1982 година Крижај стана светски вицепрвак во неговата специјалност, дисциплината слалом. Тогаш Ингемар Стенмарк, кого го сметаат за најголем скијач на сите времиња, стана светски првак.
Ривалството на Крижај со Стенмарк најзапаметено за луѓето од овие простори остана на трката од СК во Крањска Гора во 1982 година, еден месец по СП. Во слаломот Крижај во првото возење заостануваше зад Стенмарк една стотинка, но, во второто возење се надмина себеси и славниот Швеѓанец, па заврши како победник за четири стотинки подобар од својот голем пријател.http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9DA3F05EE0B0744CBFCEB9AAFAA3555A&arc=1 |
Edited by Max - 09-Mar-2010 at 18:59
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#29 Posted: 15-Mar-2010 at 16:34 |
Жичницата до Шапка работи само
на Википедија |
|
|
За следната сезона нашиот најпознат зимски туристички центар
треба да блесне во сиот
сјај со три нови бачила и најсовремен
ски-лифт |
|
|
|
|
|
Подзаборавена и напуштена. Оваа реченица од сказните
најверодостојно ја отсликува состојбата со нашиот најпознат зимски
туристички центар Попова Шапка. Бадијала природата ја истурила сета
своја убавина кога урбанистички, таа заспала некаде во 70-тите години.
Со прастари ски-лифтови, стари хотели и напуштени одморалишта, Шапка не
делува ни малку импресивно, споредена со другите регионални центри како
Копаоник или Банско. Освен снежната белина и убавиот поглед друго речиси
и да нема. Визната либерализација дополнително ги отежнала состојбите,
бидејќи потенцијалните посетители сега одат во другите ски-центри во
регионот. Гости има, но многу малку и само за време на викендите.
Во
работните денови доаѓаат на еднодневна екскурзија автобуси со ученици.
-
Нашиот народ има чуден менталитет за зимски туризам. Ако го промашиме
училишниот распуст, отиде сезоната. Годинава немавме многу среќа,
бидејќи снегот падна подоцна - вели Бобан Кузмановски, управител на
хотелот „Тетекс“.
За зимскиот центар Попова шапка имаше неколку
обиди за приватизација и ревитализација, но сите тие завршија неуспешно.
Сега, со најголем дел од капацитетите на центарот, управуваат
„Електрани на Македонија“, во чија надлежност се два хотела, две жичници
и пет ски-лифта.
Надлежните од ЕЛЕМ велат дека приказната со
приватизацијата е завршена, центарот нема да се продава и ќе и остане на
државата. Интересно, доколку на Википедија се обидете да дознаете нешто
за Попова Шапка ќе наидете на текст во кој пишува дека до Шапка се
стигнува на два начина - со жичница и по асфалтниот пат. За жал,
жичницата повеќе од десетина години не работи. Според Петре
Димитриевски, генерален менаџер на зимскиот туристички центар Попова
Шапка, жичницата никогаш нема да проработи.
- Таа е дел од
историјата. Во 2001 година, за време на оружените дејства, беше оштетена
сајлата пред Гајре, а во Лисец беше изваден и моторот. Само сајлата
чини повеќе од 4 милиони евра. Економски е неоправдано да се одржува и
најверојатно многу скоро целата жичница ќе се демонтира - вели
Димитриевски.
Сајлата од жичницата мора да се извади бидејќи
преставува потенцијална бомба, додава тој.
-Пола населба може да
ја снема доколку се скине оваа сајла, која тежи 40 тони. Веќе
разговаравме со експерти од Словенија да дојдат и да ја остранат -
објаснува директорот.
За оваа година Димитриевски најавува голем
инвестициски циклус, кој Попова Шапка ќе ја вброи во редот на
најпрестижните зимски рекреативни центри.
- Се прави целосна
студија за Попова Шапка, која ќе биде готова до крајот на мај. Тогаш ќе
почнеме и со изградба на три нови бачила. Се планира и изградба на голем
и современ ски-лифт, со капацитет од 3.000 скијачи на час. Кога ќе се
завршат сите овие работи, ќе биде подобро од Банско - вели Димитриевски.
Во хотелот „Тетекс“ ни потврдија дека гости имаа само за
викендите, и тоа главно од Македонија.
- За нас проблем е тоа
што нема доволно паркинг-простор, ниту пак некаков ноќен живот -
нагласува Кузмановски.
Полн пансион во „Тетекс“ чини 1.600
денари, додека во „Славија“ е малку поскапо и чини 1.800 денари. Дневна
карта за ски-лифтовите во работните денови е 600 денари, додека за време
на викендите 800. За време на летниот период повеќето од хотелите не
работат. Во двата хотели на ЕЛЕМ, „Попова Шапка“ и „Славија“, велат дека
лани имале добра посетеност и за време на летните месеци, бидејќи им
доаѓале гости преку синдикатот и планинарските сојузи. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=315101027268&id=10&prilog=0&setIzdanie=21934
Edited by Cloverstack - 15-Mar-2010 at 16:35
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#30 Posted: 21-Mar-2010 at 15:11 |
Originally posted by medo
Конечно нов сајт на ски центарот "Заре Лазаревски" во Маврово. www.zarelaz.com или www.skimavrovo.com. Според мене, до тука завршуваат пофалбите.
- Штета за сајтот што е само на англиски. Посебно ако се земе предвид дека најголем број посетители се од Македонија, Албанија и Косово. - Има и ценовник на билети во кој повторно се враќа полудневната карта, но истата важи само по 12 часот?? Зошто?? - За секоја ски карта се бара и депозит од 150 ден. Има некој одговор на ова? Со враќање на ски картата се враќа депозитот. Па каде го има ова?????? - Како и досега веб камерите работат само кога има снег, а во сите други ситуации редовно се исклучени. - На првата страна не информираат дека последниот викенд паднале 34 cm снег. Нема информација од кој датум е оваа вест, ниту за кој викенд се однесува. - Текстот за хотелите е толку кус што човек ќе се запраша дали воопшто вреди да се појде таму. - Најглавно на сајтот очигледно е полнење на хотелите, за кои и онака имаат прескап аранжман, за 7 дена од 21.000-27.000 ден., па веројатно затоа најголема информација на главната страна се телефонските информации за резервации. - Каде се информациите за актуелната состојба со снег, кои патеки работат и слично?!?
Изгледа возот за Маврово тргна надолу и тоа се посилно и посилно.
|
Па по ова можеш само да заклучиш дека таргет им се странски туристи, а не македонски. Понудата е насочена само делумно кон македонски туристи преку обезбедување минимален лимит (на рентабилност и профитабилност) преку цените, а делумно и за да ги отргнат од посета. Исто така се согласувам со вака креираната понуда затоа што така се обезбедува поголем приход. За едни исти 24 часа, македонец ќе гледа што поефтино да помине и на пример ќе потроши 300 евра (лупам), а странец благодарение на неговиот повисок стандард во матичната земја, комотно ќе ужива, користејќи ги сите погодности и трошејќи (занемарливи за него) пример 600 евра.
Патем, македонците се генерално познати као пицајзла туристи.
Инаку ова не е ништо друго освен чекор кон прераснување од стандарден кон елитен туризам. Има мала но квалитетна понуда, а голема финансиски силна побарувачка. Колку и строго да звучи - моја поддршка. Заклучокот е само дека треба да се вложува во повеќе вакви места (преку очигледно утврдената политика на земање на парите на странците) и од дополнителниот приход реинвестирање во капацитети од сличен тип.
Интересно е што направивме 5-6 спота за CNN а ако не се лажам никаде не се спомена ски туристичкиот потенцијал. Хмм веројатно ни оди добро, со сегашните капацитети, па дополнителен наплив на туристи би преставувал проблем и би се создал контраефект.
Жалосно е што претходно се споменаа некои ски места што се запоставени, и не се во функција. Па макар и да нема толку снег и макар услугите да не се како на турбо развиениве подрачја, треба да се средат и да се понудат, со тоа што би биле поефитни и попристапни. Па да се направи нешто како категоризација, ски понуда со 5 ѕвезди, 4 ѕвезди, 3 ѕвезди итн.
Инаку кога е дојдено до овој стадиум, од исклучителна важност е човечкиот фактор во давање на услуги, па се надевам посветуваат внимание на тоа.
А што се однесува до хотелите дека имало малку текст - како што видов, тој малку текст е само преставување, а за повеќе информации за хотелот си има посебен линк, што е супер.
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#31 Posted: 21-Mar-2010 at 15:29 |
Originally posted by Civkar
Дечки и девојки,
Некој да има да му се оди на Банско викендов? Тргнувам во петок, 05.03.2010, од Скопје, со моја кола, делиме трошоци само за гориво и патарини во Македонија, можам да ви организирам каде да останете таму, ски учители, се што ви треба, пишете тука или на мобилен барајте ме: 078315300, а можи и на мејл: civkar@gmail.com, за дополнителни информации.
Времето ќе биде перфектно викендов, идеално за скијање и бордање.
Поздрав,
|
Идејата ти е одлична, ама јас доцна видов, па за некој друг пат, ако сеуште важи, ќе те имам на ум.
Иначе девојчиња овде нема
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#32 Posted: 21-Mar-2010 at 16:35 |
Originally posted by SkyBoy
Патем, македонците се генерално познати као пицајзла туристи.
|
Едиственото нешто кое е сигурно во универзумот! Кој имал искуство, си знае. 90% од Македонците што работат во странство, кога ќе слушнат македонски гостин, се претставуваат како странци за нормално да не бидат тормозени дополнително од mr and mrs (quasi) big-shot. Не е место да ви кажувам примери, ама од какви болни комплекси патат нашите најмногу си покажуваат кога одат во странство...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#33 Posted: 25-Mar-2010 at 16:55 |
Ќе се обнови ли жичницата до Шапка
Локалната власт тврди дека е немоќна да инвестира во оштетената опрема
Гојко Ефтоски
ТЕТОВО - Некогаш
атрактивната жичница со која се стасуваше од Тетово до Попова Шапка за
четириесетина минути, веќе десетина година е неупотреблива. Столбовите
на двете сајли се доста оштетени, но има и украдена опрема. Како што
стојат работите, на обновувањето на жичницата ќе се почека. Локалните
власти тврдат дека финансиски се немоќни да ги покријат трошоците за
ревитализација на жичницата. Објектот, тврдат во Општината, може одново
да заживее ако се заинтересираат и парично да помогнат Владата, ЕЛЕМ,
Месната заедница „Попова Шапка“, МВР, АРМ и „Македонија пат“. И додека
жичницата не работи, по трасата кај селата Гајре и Лисец никнале
неколку станбени објекти.
Пред една деценија и повеќе кога
жичницата беше во употреба, повеќето посетители се определуваа со неа
да стигнат до Шапка. Трасата на жичницата е долга 6.200 метри. Објектот
беше изграден во два периода, делот до Лисец, во должина од 3.200 метри
беше готов во 1962 година, а во 1965 година и другите три километри до
Попова Шапка. Жичницата располагаше со 100 кабини и капацитет од 400
патници на час. Кабините од надворешна страна имаа специјални конзоли
за скии. Со жичницата се совладуваа 1.400 метри висинска разлика.
Зимава
Попова Шапка се покажа како мошне интересна дестинација не само за
домашните туристи туку и за странските. За време на викендите Шапка ја
посетуваа од 2.000 до 5.000 гости. Единствен превоз до зимскиот центар
е патот долг 20 километри. Поради недоволно паркинзи, се создаваа
колони автомобили дури до месноста „Голгота“, а посетителите беа
принудени да пешачат по три и повеќе километри за да стигнат до
централниот дел на Попова Шапка.
Во сегашни услови проблем за
пристап до Попова Шапка е неорганизираниот јавен превоз. За обичните
љубители на планината и снегот нема никакви алтернативи да пристигнат
на Попова Шапка. Во тетовската локална самоуправа велат дека моментално
нема јавно сообраќајно претпријатие, а приватните фирми не пројавуваат
интерес за одржување редовни линии.
Томислав
Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник и професор, со потесна
специјалност во сферата на металургијата и технологијата, тврди да со
скромни средства жичницата може повторно да се стави во функција.
„Потребни се околу 1,5 милион евра за ревитализација. Треба да се
поправат неколку оштетени столбови, да се изврши интервенција на двете
сајли и да се набават 100 гондоли“, објаснува Стојановски. Тој
нагласува дека објектите во Тетово, Лисец и на Попова Шапка се во добра
состојба и оти со мала адаптација одново можат да се стават во
функција. Но, тоа мислење не го дели Алајдин Асани, шеф на кабинетот на
градоначалникот на Тетово и поранешен директор на Угостителство и
туризам „Попова Шапка“.
„Оваа жичница е со стара технологија.
Има сериозни оштетувања не само на столбовите и сајлите туку и на
станичните згради и опрема. На станицата Лисец нема ништо, се' е
однесено. И на Попова Шапка се' е искрадено. Единствено на станицата во
Тетово има некоја опрема. Многу од гондолите се исчезнати“, вели Асани.
Портпаролот на Општина Тетово Фљакран Пустина открива дека пред
шест месеци некоја словенечка фирма се понудила да ја обнови жичницата,
но понудиле стара опрема и технологија, исфрлени од употреба речиси
секаде во светот.
„Во локалната самоуправа постои Комисија за
туризам која оцени дека Тетово и Попова Шапка имаат традиција за ваков
транспорт на патници. Меѓутоа, за преземање чекори кон евентуална
ревитализација е неопходно да се вклучат повеќе институции од
централната и од локалната власта“, додава Пустина. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8E1C036E897A6C4B8C35ADB9DB6D26EB
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#34 Posted: 28-Jun-2010 at 13:41 |
Попова Шапка повторно на продажба Во времето
на СФРЈ, Македонија годишно имала еден милион посетители-туристи, а сега
500 илјади,
посочуваат експертите |
|
|
|
|
|
Повторно заживеа идејата Попова Шапка да се продаде на странски
инвеститор, откако пред повеќе од две години беше неуспешен обидот преку
јавен повик зимскиот центар да го раководи приватна компанија. Странски
инвестиции на Попова Шапка, препорачува и Студијата за развој на
туризмот на шарпланинскиот регион, што ја подготви Министерството за
економија.
- Наодот на студијата вели дека е најдобро да се
најде инвеститор со доволно средства и со искуство во оваа сфера за да
го врати стариот сјај на Попова Шапка - изјави министерот за економија
Фатмир Бесими.
Покрај странските вложувања и реализацијата на
останатите препораки, меѓу кои и подобрувањето на инфраструктурата,
прогласувањето на Шар Планина за национален парк ќе придонесе не само за
развој на планинскиот регион, туку и на севкупната економија во
регионот, сметаат експертите.
- Во времето на СФРЈ, Македонија
годишно имала еден милион посетители-туристи, а сега 500 илјади. Само
половично да се зголеми оваа бројка на туристи поради експанзијата на
алтернативниот туризам, целосно може да се смени состојбата на Попова
Шапка - вели Љупчо Димовски, консултант од „Епицентар интернационал“,
изработувачи на студијата.
На презентацијата на студијата,
претставниците на планинарските друштва и на невладините организации им
посочија на надлежните дека нивните асоцијации кои веќе имаат работено
на теренот треба активно да се вклучуваат во унапредувањето на туризмот.
Во развојот на овој шарпланински регион големо влијание ќе има
долгоочекуваното прогласување на Шар Планина за национален парк, беше
речено на презентацијата.
Националниот парк ќе овозможи нови
проекти што ќе носат пари, вработувања и слично, смета министерот за
животна средина Неџати Јакупи. Студијата за развој на шарпланинскиот
регион е изготвена како производ на неодамнешната конференција „Дијалози
за Шара“, како обид на надлежните институции за организиран и заеднички
пристап во развојот на овој планински предел. Меѓу препораките на
студијата се дека треба да се зголеми промоцијата на регионот на
Интернет, востановување годишен календар на настани и активности,
унапредување на човечките ресурси и слично. |
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=628101048447&id=9&prilog=0&setIzdanie=22019
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#35 Posted: 25-Nov-2010 at 21:42 |
Крушево се подготвува за ски-сезоната
ЧЕТВРТОК, 25 НОЕМВРИ 2010 17:42
Крушевчани се подготвуваат за зимската туристичка сезона. Ќе стартува реновираниот скијачки центар Скаут од каде што велат дека веќе 90 проценти од активностите се завршени.
Пуштена е патеката под жичарницата, ски лифтовите се сервисирани за да можат да работат со полн капацитет. И популарно виканото место Бачило е комплетно реновирано, изјави за ТЕРА новиот сопственик Мишко Христоски.
|
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=29176&Itemid=106
Немаше некаде нишка за ски центри?
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#36 Posted: 05-Dec-2010 at 16:03 |
04 December 2010
Скијањето
се враќа на Пелистер. По неколку години пауза конечно љубителите на
скијањето во Битола и околината можат со оптимизам да ја очекуваат
претстојната зимска сезона.
Благодарение
на разбирањето на ЕЛЕМ и неколкумина ентузијасти, љубители на белите
спортови и членови на Планинарско-скијачкиот клуб “Пелистер“, во
изминатите денови речиси целосно е подготвена ски-патеката на Копанки,
која, според зборовите на првиот човек на ПСД “Пелистер“, Диме Попов,
речиси сигурно ќе биде подготвена за претстојната сезона.
По неколку “суви“ години и
пропуштени сезони, конечно, ски-патеката Копанки е подготвена, а
деновиве заврши и реконструкцијата на жичарницата. Деновиве се очекува
да пристигне од Италија и сајлата, којашто треба да биде монтирана. Сега
единствено останува и господ да им биде наклонет на љубителите на
белите спортови и во претстојната зима да заврне снег и за да можат
конечно љубителите на скијањето да се спуштат по ски-патеката на Копанки
која има капацитет од 500 скијачи.
Инаку, реконструкцијата на жичарницата
траеше неколку месеци. Откако од страна на ЕЛЕМ беше поддржана
иницијативата на ПСД “Пелистер“ се направи финансиска конструкција и по
неколку години пауза се почна со целосна реконструкција на жичарницата,
која е долга 750 метри.
Во изминатите неколку месеци во “ФОД“ -
Битола беа реконструирани сите 120 седишта на жичарницата, кои ќе ги
превезуваат скијачите, а проширена е и скијачката патека, која беше
целосно обрастена. Воедно е проширена и патеката на потегот Копанки -
Горна Ливада во должина за 400 метри и во широчина за 20 метри.
Покрај жицарницата, стручни екипи на
РЕК “Битола“ го оспособуваат и ски-лифтот од Копанки до Горна Ливада, во
должина од околу 500 метри. Воедно се направи статичко порамнување на
столбовите, а ќе се додадат и нови скијачки котви за влечење на
скијачите. Во исто време испитана е и целата електроника на жичарницата
_____________________
http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/19181-2010-12-04-22-25-26.html
Edited by гитардемон - 05-Dec-2010 at 16:04
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
JOE
Senior Member
Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 217
|
Quote Reply
#37 Posted: 05-Dec-2010 at 18:49 |
ОДвај чекам пак на жичара да уживам во глетката и амбиентот...ајде нека паѓа снег
|
|
JOE
Senior Member
Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 217
|
Quote Reply
#38 Posted: 28-Jan-2011 at 19:36 |
Ја пуштиле жичарата и Ски патеката
Скијачката патека на Пелистер викендов ќе биде реактивирана и пуштена во употреба реконструираната жичарница на ски-центарот „Копанки“.
Спортско-планинарското друштво „Пелистер“ – Битола, соопшти дека подготовките за старт на скијачката сезона се изведувале во изминатите пет месеци, а поддршка за овој проект овозможиле Електрани на Македонија.
- Благодарение на финансиската поддршка во износ од 1,8 милини денари што ја добивме од Електрани на Македонија, потоа помошта од РЕК Битола и ФОД-Новаци, реновирани се и реактивирани жичарницата со двоседите, како и скијачката патека која беше долго време запуштена. Добивме и сертификат од Машинскиот факултет со што се гарантира целосна исправност на жичарницата и таа може да се користи, изјави Димче Попов, претседател на СПД „Пелистер“ - Битола, кое стопанисува со овој објект.
Стручните лица и љубителите на планината проценуваат дека ски-центарот „Копанки“ може да се прошири и зголеми за што се најавува изработка на инвестициска програма.
Жичарницата на Пелистер која е изградена во 1977 година, викендов ќе работи во терминот од 9 до 15 часот и ќе биде бесплатна за сите посетители.
|
|
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#39 Posted: 29-Jan-2011 at 05:05 |
Originally posted by Max
епа да ја качиш оти тука е трајно загината, ова треба да е онаа со стазите така, не можам да се сетам
|
На барање на МАКС: Исто така задоволство ми е да ве известам дека во соработка со момците од www.saraski.com.mk веб камера од Попова Шапка е поставена на: http://travel2macedonia.com.mk/destinations/popova-sapka/webcamза Попова Шапка! Иако нели Маврово беше македонскиот Аспен (кремот), а немаат ниту една активна.
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#40 Posted: 13-Feb-2011 at 15:17 |
И оваа зима патот до НП Галичица остана затворен за посетителите
И оваа зима патот до НП Галичица остана
затворен за посетителите ,ништо од најавите за жичари,ски лифтови и
уредени терени. Од НП велат дека за релизација на таа замисла Галичица
да стане зимски туристички центар која постои години наназад потребни се
огромни инвестиции.
Националниот парк Галичица се почесто се избегнува и од страна на туристичките водичи поради нивното недоволно знаење .
Како што велат од НП Галечица се додека не се подобри безбедноста на
патот кој е изграден кон средината на минатиот век што според груби
проценки на експертите би чинело неколку милиони евра најдобро е истиот
да остане затворен за туристите и љубителите на зимските терени.
И покрај можностите кои оваа планина ги нуди за развој на ски туризам од сето тоа сеуште ништо.
Прекрасните планински предели на националниот парк Галичица за време за снег останаа недостапни за граѓаните и туристите .
Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.
http://daily.mk/cluster3/87867633c2664511065a0586ba2e8a5f/594527
|
|