Author |
Topic Search Topic Options
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#401 Posted: 17-Feb-2009 at 12:27 |
Две жалби ќе ја одолжат набавката на двокатни автобуси |
|
|
|
|
Неизвесно е повторното распишување на тендерот за набавка на 302 двокатни автобуси, бидејќи две компании што учествувале на тендерот доставиле жалби до Министерството за транспорт и врски. Од Министерството велат дека повторното распишување на тендерот зависи од исходот на жалбената постапка, која ќе биде разгледувана од второстепена комисија. Оттаму истакнуваат дека комисијата нема определен рок за разгледување на целата документација, станува збор за голема јавна набавка, па поради нејзината обемност ќе бидат потребни дваесетина дена за да се донесе конечна одлука.
- Во тек е разгледувањето на поднесените жалби од страна на компаниите што доставиле тендерска документација. Откако ќе се донесе одлука за жалбената постапка, понатаму Министерството ќе постапува во согласност со Законот за јавни набавки - објаснува Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски.
Тој додаде дека повторното распишување на тендерот не може да го искомплицира почетокот на локалните и претседателските избори, бидејќи не се отуѓува државно земјиште или некоја друга постапка што е забранета да се реализира во време на изборниот процес.
Тендерот за набавка на 302 двокатни автобуси беше поништен со образложение дека сите четири компании што доставиле тендерска документација не ги исполнувале минималните услови за стариот изглед на автобусите, како и дека три фирми не доставиле банкарска гаранција за целосна реализација на проектот. На тендерот биле пријавени три странски фирми, како кинеската „Јутонг“, бугарската „Кинг Лонг“ и словачката „Пре-ос“, а од домашните се пријавила компанијата „Санос“.
Од компанијата „Санос“ потврдуваат дека поднеле жалба до Министерството за транспорт и врски, бидејќи сметаат дека понудиле најдобри услови за набавка на автобусите, но дека од објективни причини не биле во можност да достават банкарска гаранција.
- Ниту една банка во државата не издава банкарска гаранција над пет милиони евра. Но сепак нашата компанија гарантираше со целиот имот. Не знаеме што ќе одлучи второстепената комисија, но се повеќе ја губиме довербата. Изминатите пет години не сме добиле никаков тендер од државата, а Владата се промовира со тоа дека на домашните компании ќе им се дава предност. Ако повторно се распише тендерот, нема да се пријавиме - објасни Славе Распашковски, директорот на фабриката „Санос“.
Купувањето на двокатните автобуси се најавува уште од јули минатата година. Прво требаше да бидат пет, па 52, за да потоа се распише набавка на 102 „даблдекери“. Таа беше поништена и распишана нова за 302 возила, за целосно да се смени возниот парк во јавниот превоз.
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#402 Posted: 17-Feb-2009 at 13:10 |
Тој додаде дека повторното распишување на
тендерот не може да го искомплицира почетокот на локалните и
претседателските избори, бидејќи не се отуѓува државно земјиште или
некоја друга постапка што е забранета да се реализира во време на
изборниот процес. |
А за трамвајот може?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#403 Posted: 17-Feb-2009 at 20:34 |
Ова веќе стана сапуница
|
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#404 Posted: 19-Feb-2009 at 00:07 |
По изборите ќе се распише нов тендер за двокатните автобуси

Владината набавка на двокатните автобуси, најверојатно, ќе се случи
по изборите, бидејќи во тек е разгледувањето на жалбите на две компании
кои доставиле забелешки по одлуката за поништување на тендерот. Од
Министерството за транспорт и врски велат дека повторното распишување
јавна набавка ќе зависи од исходот на жалбената постапка која треба да
биде разгледана од Второстепената комисија. Таа, како што велат од
Министерството, нема определен рок за да ја донесе конечната одлука.
„Станува
збор за голема јавна набавка, па поради нејзината обемност ќе бидат
потребни најмалку дваесетина дена за да се донесе конечна одлука. Во
тек е разгледување на поднесените жалби од страна на компаниите што
доставиле тендерска документација. По конечната одлуката,
Министерството ќе продолжи со активностите согласно со Законот за јавни
набавки“, објаснува Драган Симоновски, портпарол на Министерството за
транспорт и врски.
Инаку, со образложение дека е во тек
жалбена постапка, од Министерството не сакаат да информираат кои две
компании поднеле жалба на тендерот. На него се пријавија четири
компании, меѓу кои домашната „Санос“ и три странски фирми - кинеската
„Јутонг“, бугарската „Кинг лонг“ и словачката „Пре-ос“. Но,
Министерството ја поништи набавката на 302 двокатни автобуси со
образложение дека сите што доставиле тендерска документација не ги
исполнувале минималните услови за дизајнот на возилата, а три фирми
воопшто не доставиле банкарска гаранција. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7280237782409E4A8E036FA1012DDE7B
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#405 Posted: 18-Mar-2009 at 13:04 |
do koga ce ne lazat
|
Скопје |
Нема ниту нови автобуси ниту „паметни билети“ |
|
|
|
|
Скопјани во скоро време нема да добијат ниту нови двокатни автобуси ниту „паметни билети“ за електронска наплата во возилата на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. И двата проекта се заглавени во процедури. Треба да се распише нов тендер за двокатните автобуси, но прво да заврши жалбената постапка што се води пред второстепена комисија. Од Министерството за транспорт и врски велат дека новата јавна набавка ќе зависи од исходот на постапката, за која не се знае колку ќе трае и кога ќе заврши.
С? уште не е потпишан ниту договорот меѓу градот и групата составена од фирмите „К’смет кард“ и „Кент кард“ од Истанбул, кои беа избрани за најповолен понудувач за поставување на системот за електронска наплата во возилата на ЈСП. Од „К’смет кард“ велат дека нивните правни служби го разгледуваат договорот. Од секторот за сообраќај во градот минатата недела изјавија дека биле прецизирани 90 отсто од деталите околу договорот и дека наскоро ќе ја донесат конечната одлука.
- Чекаме да ни бидат доставени забелешките за договорот од фирмата „К’смет кард“. Во тек е изборната кампања, а ангажманите што ги имаме околу неа најверојатно ќе го одложат потпишувањето на договорот - истакна Јован Христоски, раководителот на секторот за сообраќај во градот.
Тој додаде дека потпишувањето се одложувало и поради тоа што станува збор за сериозен проект од 30 страници, кој не смее да има пропусти.
Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ велат дека станува збор за една забелешка што ја имаат од фирмата и која треба да биде усогласена.
- До крајот на неделата нема да постои можност да се потпише договорот, бидејќи изборниот процес тогаш ќе биде во тек. Најверојатно ќе треба да се почека да завршат изборите, како и да се изберат новите функции во градот - објасни Александар Бошковиќ, директорот на ЈСП.
Тој додаде дека по потпишувањето на договорот тие се подготвени веднаш да почнат да ги инсталираат апаратите, а дневно ќе можат да се опремуваат по десет возила.
Две компании што учествувале на тендерот за набавка на 300 двокатни автобуси доставиле жалби до Министерството за транспорт и врски, а постапката за нивното разгледување ја водела второстепена комисија. Од Министерството велат дека комисијата нема рок до кога треба да одлучи, но се очекува одлуката да се донесе наскоро и потоа да се постапи според неа. Пред еден месец оттаму тврдеа дека повторното распишување на тендерот, кој пропадна затоа што беше оценето дека ниту еден понудувач не ги исполнува условите, не може да се искомплицира поради претседателските и локалните избори. За оваа набавка беа пријавени скопската компанија „Санос“, кинеската „Јутонг“, словачката „Пре-ос“ и бугарската „Кинг Лонг“, застапник на истоимените кинески автобуси. Само „Пре-ос“ имала банкарска гаранција, па се разгледа единствено таа понуда, но главна маана беше што возилата што тие предложиле да ги прават не изгледале доволно старински, што беше еден од клучните услови во тендерот.
| |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#406 Posted: 25-Mar-2009 at 17:02 |
Не се спие, идеме на трет, четврт тендер, кој ли е по ред...
Двокатни автобуси среде избори
На 13 март годинава, среде изборна кампања, Министерството за
транспорт и врски вторпат распиша тендер за набавка на 302 двокатни
автобуса, соопштија вчера градските власти. Првиот пропадна пред еден
месец. Од Градот прашуваат зошто Антикорупциската комисија не реагира
на оваа јавна набавка распишана од државата, туку само на тендерот за
трамвај.
Од Министерството за транспорт и врски изјавија дека
не го прекршиле Законот за спречувањето корупција. Според портпаролот
Драган Симоновски, се работи за втора објава, и тоа според него е
главен аргумент дека не го прекршиле Законот. |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3D5245BD7EA0E04B903AC1BF35039F1B
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#407 Posted: 26-Mar-2009 at 15:34 |
немам друг коментар освен : Ова ќе потрае некое време
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#408 Posted: 26-Mar-2009 at 15:48 |
АМАААН!! нека пуштат запрежни коли, не отекоа веќе сто години за ова!
|
 |
schumi
Newbiе
Joined: 07-Mar-2009
Location: ЧЕНТО
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#409 Posted: 27-Mar-2009 at 22:09 |
Незнам дали луѓево се свесни дека поголемиот дел од линиите на ЈСП не се баш градски. Дали некој размислил како ќе се движи двокатен автобус во Ајватовци, Раштак, Сушица, Смиљковци, Батинци и многу други села со прекрасно развиена патна инфраструктура. Дефинитивно треба да се заменат фосилите кои моментално ги имаме, но сепак треба решението да биде практично.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#410 Posted: 27-Mar-2009 at 22:26 |
Добредојде schumi, дефинитивно не си единствен кој што се чуди на низа такви очигледни проблеми кои би ги донеле двокатните автобуси. Само се прашувам кога тие проблеми ќе бидат увидени и признаени од оние кои ја имаат моќта да одлучуваат за ова прашање.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#411 Posted: 23-Apr-2009 at 01:23 |
Антикризна исплата на новите двокатни автобуси

Владата реши во една година да се исплаќаат најмногу сто автобуси
Новиот пакет антикризни мерки на Владата предвидува нова динамика за
исплата на најповолниот понудувач што ќе биде избран на јавниот повик
за набавка на 302 двокатни автобуси, информираат од Министерството за
транспорт и врски.
Според планот, Владата во една година не би
требало да плати повеќе од сто автобуси. Тоа би значело, доколку
договорот со производителот се потпише во јули, плаќањето да биде до
јули идната година, со што практично сумата би се поделила во два
годишни буџети, коментираат во министерството.
Уште при
распишувањето на првиот тендер, Владата имаше план од 2008, па во
следните три години да се издвојуваат средства во буџетот за нови
двокатни автобуси. Сега, со новиот план за штедење, само годинава се
пренаменети близу 190 милиони денари кои првично требаа да се потрошат
за новите двокатни автобуси.
Министерството за транспорт и
врски, кое го распиша тендерот што ќе заврши на 12 мај, вчера соопшти
дека не се менува ништо суштински во тендерските услови, туку промените
ќе бидат вметнати во договорот со идниот најповолен понудувач. Оттаму
велат дека останува веќе договореното, во првата година да се набават
102 автобуса.
„Динамиката на исплата на јавната набавка на
новопроизведени 302 автобуса ќе биде утврдена со договорот што ќе биде
потпишан со најповолниот понудувач, во кој ќе бидат предвидени
пролонгирани рокови за исплатување на автобусите, односно нема да се
врши исплата на повеќе од сто автобуси во период од една година од
склучување на договорот“, се вели во соопштението од Министерството за
транспорт и врски.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0399E2A30F13B34F88F42045AC429005 |
|
 |
dimme.von.macedonia
Groupie
Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#412 Posted: 23-Apr-2009 at 11:19 |
 Ne odustaje se!!  '' во првата година да се набават
102 автобуса. '' Samo koj znae sto sledi, koja precka ne ceka ovoj pat ..
Edited by dimme.von.macedonia - 23-Apr-2009 at 11:23
|
The beauty comes from within.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#413 Posted: 11-May-2009 at 23:07 |
Турска компанија од Бурса ќе испорача двокатни автобуси?

Неофицијално, „Ѓиларус кобра“ е фаворизирана од владини функционери
Деспина Трајковска
Турска компанија е заинтересирана да набави двокатни автобуси,
дознава „Утрински весник“. Според неофицијални информации, „Ѓиларус
кобра“ од Бурса, чии први луѓе неколкупати досега оствариле директни
контакти со високи функционери од власта, се пријавила на тендерот што
го објави Министерството за транспорт и врски. Дали нашите информации
се точни - ќе се открие денеска, на јавното отворање на понудите за
набавка на 302 двокатни автобуса.
На меѓународниот тендер, кој
досега од различни причини беше поништуван трипати, неофицијално, ќе
учествуваат по две кинески и турски фирми, а повторно понуда доставила
и македонската компанија „Санос“. Ниту една од компаниите што се
пријавија на досегашните тендери не планира да ја проба среќата по
четврти пат. Вчера, до затворање на весникот, до надлежната комисија не
била доставена ниту една понуда, иако од Министерството за транспорт и
врски информираат дека тендерска документација подигнале 23 компании.
Рокот за доставување на понудите истекува денеска напладне.
Турската
фирма од Бурса не учествувала на претходните тендери од тактички
причини, бидејќи имала сознанија дека натпреварите ќе бидат неуспешни,
тврдат нашите извори. Наводно, компанијата чекала да ги види понудите
на другите конкуренти за набавка на „даблдекерите“. На официјалната
веб-страница на компанијата „Ѓиларус кобра“ речиси сите детали за
двокатните автобусите што ги произведува одговараат на бараните
критериуми на тендерот, почнувајќи од дизајнот, па се' до
екопараметрите што треба да ги поседуваат автобусите. Со производство
на вакви автобуси компанијата се занимава од 1991 година, користејќи
каросерија од „волво“ и „даф“. Според официјалниот сајт, двокатни
автобуси од „Ѓиларус кобра“ досега се испорачани во Либан, Саудиска
Арабија и во Јордан.
Владата не се откажа од проектот за набавка
на 302 двокатни автобуса. Неодамна, кога беа најавени антикризни мерки
и за овој проект, од Министерството за транспорт објаснија дека е
предвидена само нова динамика за исплата на најповолниот понудувач.
Според планот, Владата во една година не би требало да плати повеќе од
сто автобуси. Тоа би значело, доколку договорот со производителот се
потпише во јули, плаќањето да биде до јули идната година, со што
практично сумата би се поделила во два годишни буџети, коментираат во
Министерството.
При распишувањето на првиот тендер, Владата
планираше од 2008, па во наредните три години да се издвојуваат
средства во буџетот за нови двокатни автобуси. Сега, со новиот план за
штедење, само годинава се пренаменети близу 190 милиони денари кои
првично требаше да се потрошат за новите двокатни автобуси. И покрај
ваквите предвидени мерки, од ресорот дополнија дека не коригирале ништо
суштински во тендерот и оти промените ќе бидат вметнати во договорот со
идниот најповолен понудувач. Така, останува веќе договореното, во
првата година да се набават 102 автобуса.
Официјално,
последниот тендер беше поништен, бидејќи три од четирите пријавени
фирми не доставија банкарска гаранција, а ниедна од фирмите не понудила
ретродизајн на автобусите, идентичен на „даблдекерите“ кои возеле низ
Скопје во педесеттите години. На тендерот учествуваа македонската
компанија „Санос“, кинеската групација „Џенгџоу Јутонг“, бугарската
„Кинг лонг“ и словачката фирма ПРЕ-ОС, која и покрај тоа што поседуваше
банкарска гаранција не влезе во игра, бидејќи нејзината цена беше
двојно повисока од сите други понуди.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=47C07620E7B3594AB91CAFACD1C20324 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#414 Posted: 13-May-2009 at 13:46 |
Originally posted by lslcrew
Неофицијално, „Ѓиларус кобра“ е фаворизирана од владини функционери
Според официјалниот сајт, двокатни
автобуси од „Ѓиларус кобра“ досега се испорачани во Либан, Саудиска
Арабија и во Јордан.
|
 одлични референци, какво визионерство на нашите власти...
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#415 Posted: 21-May-2009 at 17:20 |
Скопје ќе добие кинески или турски двокатни автобуси
|
|
Само кинеската фирма „Јутонг“ и турската „Гулерјуз“ доставиле комплетна документација, која ќе може да биде бодувана на тендерот за изработка на 302 нови двокатни автобуси, неофицијално дознаваме од извори во Министерството за транспорт и врски. Уште на 12 мај, на денот на отворањето на понудите, беше јасно дека фирмата „Санос“ од Македонија нема банкарска гаранција, а дека фирмата „Кинг лонг“ од Бугарија има препорака дека во иднина ќе и биде обезбедена гаранцијата. Турската „Гулерјуз“ има привремена гаранција, која важи до 30 септември оваа година, а за неа се појавија и гласини дека била фаворизирана и оти не учествувала на претходниот тендер, бидејќи знаела дека тој ќе пропадне. Единствено кинеската фирма имаше гаранција од кинеска банка од 1,53 милион евра, која била препратена преку Комерцијалната банка и важи до 11 август оваа година.
Од комисијата велат дека двете фирми доставиле банкарска гаранција, основни услови за финансиската и техничката состојба и тоа дека во последните три години изработувале вакви автобуси. Со тоа, како што велат, 99 отсто се сигурни дека ќе успее овој тендер и дека конечно ќе се избере најповолниот понудувач.
- Документацијата ќе биде комплетно разгледана до крајот на неделата, но сигурно ќе бидат потребни уште две за да ја избереме вистинската понуда. Веќе на отворањето на понудите можеше да се забележи која фирма ги исполнува условите - истакнуваат од комисијата.
Тие додаваат дека детално се испитува финансиската состојба на секоја од фирмите, за да не се случи да бидат доставени 30 автобуси, а потоа таа да пропадне. Иако Владата немало ништо да загуби, со тоа се одолжувала целата процедура за набавката на автобусите.
Од Министерството за транспорт и врски официјално соопштуваат дека сè уште немаат конкретен одговор и не го знаат датумот кога ќе биде прогласен најповолниот понудувач за „даблдекерите“.
- Во тек е оценувањето на доставените документи, за кои е потребно време, бидејќи станува збор за обемна и детална набавка - додаваат од Министерството за транспорт.
Од четирите пријавени компании на тендерот, најевтина е понудата на бугарската, а најскапа на турската фирма.
На минатиот тендер, кој заврши на 20 јануари, ниту една фирма не влезе во конкуренцијата за бодување, бидејќи не доставиле банкарски гаранции во оригинал со понудите.
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#416 Posted: 21-May-2009 at 17:23 |
edna slika od youtoung avtobusi (kina)
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#417 Posted: 21-May-2009 at 17:25 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#418 Posted: 21-May-2009 at 18:34 |
Абе ако веќе запнале за двокатни, ај овие кинеските што ќе се распаднат по еден удар од мопед, сепак подобро ваков модерен дизајн отколку онај одвратен ретро.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#419 Posted: 21-May-2009 at 22:59 |
Dali se dosnesini tie dvokatni avtobusi ili kako sto rece ''Zabegan(pogore vo eden od negovite komentari) OVAA KE POTRAE
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#420 Posted: 21-May-2009 at 23:02 |
Драгане, би те замолил да ги следиш внимателно нишките и да избегнеме полнење на истите со непотребни дискусии и одговори на прашања од типот на Какво ќе биде времето за 2 Август? Поздрав!
|
 |