![]() |
![]() |
![]() |
Реставрациja / Реконструкциja |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2021222324> |
Author | |
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
СПАСЕН ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВ. БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА“
Конзервацијата на фрескоживописот е изведена со донација од 450.000 долари од амбасадата на САД во Македонија Фрескоживописот во црквата „Света Богородица Привлепта“ во Охрид е целосно конзервиран и е заштитен од понатамошно пропаѓање. Средствата за овој значаен зафат ги обезбеди амбасадата на САД во Македонија, а амбасадорот Џес Бејли деновиве и на „Твитер“ изрази големо задоволство што е завршена конзервацијата во една од најзначајните цркви во стариот дел на градот. Американската донација изнесува 450.000 долари. „Завршен е еден многу важен зафат во ‘Света Богородица Перивлепта’, целосната конзервација на фрескоживописот и сега тој е комплетно заштитен за долг период. Во конзервацијата беа вклучени врвни конзерватори од Националниот конзерваториски центар од Скопје кои работеа во црквата околу четири години. Можам да кажам дека конзервацијата ја извршија мошне професионално“, ни изјави вчера директорката на Завод и музеј во Охрид, Тања Паскали-Бунташеска. Бунташеска информираше дека е конзервирана и архитектурата на црквата што е од посебно значење. „Поради прокиснување на покривот во изминативе години се појави влага, од што страдаше фрескоживописот. Сега тоа е веќе минато“, рече директорката Паскали-Бунташеска, нагласувајќи дека е реконструирана и камбанаријата која е во состав на комплексот на црквата, за што со 1,6 милиони денари учествуваше Министерството за култура. Во тек се активности и на реконструирање на тремовите на комплексот „Перивлепта“. Црквата „Света Богородица Перивплета“ датира од 13 век, а фрескоживописот го насликале познатите мајстори Михаило и Евтихие. Линк од веста |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Скоро пола милион долари американски пари (СОРОС, uaaa) за највредниот сликарски ансамбл во државата, а и еден од највредните на Балканот. Додека министерството се потруди 25 000 еур за туркање на стар конак и изградба на нов и некои зафати на камбанаријата (пак државните пари се јавуваат во својство на служители на МПЦ, а не заштитници на светско културно наследство). Споменикот на Михаил и Евтихиј наспроти археолошки, не знам колку кошташе, немам ни механизам да дознаам. Ама тоа е, приоритети.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Големата сала и фоајето на МОБ целосно реконструирани По повод отворањето на реновираната сала на 12 октомври ќе се одржи гала-концерт на кој ќе настапи целиот капацитет на МОБ... Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети Македонската опера и балет по што изјави дека промовираат еден исклучително значаен проект за целосна реконструкција на големата сала на МОБ, кој ветиле дека ќе се реализира. Таа истакна дека оваа инвестиција е од огромно значење и од буџетот на Министерството за овој капитален проект се издвоени 62 милиона денари. Проектот, посочи министерката, опфаќаше занаетчиско-градежни работи на големата сала, на фоајето, промена на нивното осветлување, промена на сите седишта во големата сала, како и на подот под нив. - Оваа инвестиција е од огромно значење за вработените, уметниците во МОБ и за сите љубители на програмските содржини на МОБ, на уметноста што ја нудат, пред се, за граѓаните кои ќе имаат можност да присуствуваат на сите овие настани во една прекрасна сала со променети седишта. Сега салата има 710 столчиња, чиј број е намален со цел тие да бидат покомотни и да има растојание меѓу сите редови - рече Канческа-Милевска. Таа нагласи дека се набавени 275 дисплеи кои се поставени на седиштата со цел да се следи преводот на претставите. - Ќе може да се следи превод на пет странски јазици. Во централнот дел на сцената ќе има голем дисплеј на кој и останатата публика во погорните редови ќе може да го следи преводот на сите претстави кои ќе се реализираат во МОБ - рече Канческа-Милевска. Министерката Канческа-Милевска изрази благодарност до фирмата која работела на тој проект бидејќи, како што рече, за многу краток период, од јуни до крајот на септември, ги завршила реконструкцијата и обновата на големата сала во МОБ. Канческа-Милевска се заблагодари на сите вработени во МОБ за нивната посветеност со цел навреме да биде завршена реконструкцијата на салата и да се стави во функција на граѓаните и на уметниците. - На 12 октомври во МОБ по повод отворањето на реконструираната голема сала ќе се одржи гала-концерт на кој ќе настапи целиот капацитет на МОБ, сите ансамбли што ги поседува нашата национална институција, со солисти, детски хор, оркестарот, балетот. Ќе бидат изведени познати дела. Се надевам дека за љубителите на уметноста овој концерт ќе биде посебно доживување - рече Канческа-Милевска. Таа посочи дека досега кога станува збор за инвестиции во МОБ, претходно бил завршен системот за греење и ладење во рамки на проект за кој биле издвоени 15 милиони денари. - Имаше и голем број други инвестиции во делот на сценската технологија и техника и механика на салата. Во наредниот период за се што е неопходно и во друга насока, ние како Министерство за култура како и досега ќе даваме силна поддршка бидејќи МОБ е една од најголемите и најзначајни институции - додаде Канческа-Милевска. Директорот на МОБ Игор Дурловски рече дека станува збор за одличен избор на столчиња и монитори кои не можат да се сретнат во многу европски, односно светски театри. - Моментално во Европа и пошироко има само пет до шест театри кои ги имаат овие технички услови за следење на претставите, а тоа се: Виенската опера, Операта во Тел Авив, Салцбуршкиот фестивал и уште неколку театри кои ја имаат таа техника. Јас сум горд што сум дел од еден театар кој нуди услови на публиката како што нудат најголемите театри во светот - истакна Дурловски. Тој потенцира дека гала-концертот ќе се одржи на 12 и на 13 октомври. Првиот концерт, истакна Дурловски, на 12 октомври веќе е распродаден, а остануваат дел од билетите за 13 октомври. Тој го најави и Детското хорче кое првпат ќе настапи на еден сериозен концерт. - Тоа е наш проект кој пред неколку месеци го остваривме, го оформивме пред седум осум месеци. Веќе се подготвени дечињата да настапуваат и на голема сцена, а исто така ќе ги користиме во дел од претставите. Ќе бидат околу 250 лица на сцената - додаде Дурловски. http://cooltura.mk/arhitektura/golemata-sala-i-foajeto-na-mob-celosno-rekonstruirani |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Една фотка од обновата на манастирот Трескавец. фото: миа.мк
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Целосна обнова на амфитеатарот во Скупи со 9.000 седишта
За 2,5 до 3 години треба да биде завршен и пуштен во употреба амфитеатарот во Скупи. Инвестицијата вредна седум милиони евра е дел од предвидените „40 нови проекти за младите луѓе во Македонија“, ќе има 9.000 седишта и ќе се користи за различни манифестации, концерти, музички и театарски настани. Работите веќе почнаа да се изведуваат од пред една недела. Се завршија сите подготвителни работи и тендерските процедури, се избра и изведувач на електронска аукција кој ги почна работите ????? НВС Лидерот Edited by hcitrS - 29-Oct-2016 at 22:31 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
значи немаме универзална сала, ама они ќе користат бесценет антички локалитет за концерти... до таму е отидена работава
патем Скупи е во многу катастрофална состојба, наместо да се направи нешто за да се презервира и актуелизира, тие прават „реконструкција“ на објект кој појма немаат како изгледа... за концерти, кои имаат многу вибрации, загадување и преголем обем на луѓе |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Заврши реконструкцијата на куќата на Личкови во Штипско Ново Село, една од четирите фасади со староградска архитектура кои ќе се реконструираат во Штип.
-Oваа фасада е карактеристична за архитектурата на Штип и мене ми е драго што, со самото реновирање, повторно е вратен тој архитектонски сјај којшто го поседува оваа куќа, изјави Елизабета Канческа Милевска, министерката за култура. Во тек на реализација е реновирањето на една од најстарите галерии на икони во Штип, онаа сместена во црквата Успение на Пресвета Богородица. -Во тој галериски простор ќе бидат изложени многу значајни галериски икони, од кои досега се конзервирани 90. Паралелно со ова, институцијата ги конзервира и останатите икони, коишто ќе бидат презентирни во новиот галериски простор, кажа Канческа Милевска. Соработката меѓу Општината и Министерството, во Штип, најдобро се гледа во работата и инвестициите во Штипската библиотека. -Сакам да истакнам дека направена е прекрасна летна сцена во штипската библиотека, која е ставена во функција и на самата библиотека за сите нивни манифестации, а веќе започнува и реновирањето на студентската читална, истакна Канческа Милевска. Д.Ф. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Заврши-реконструкцијата-на-куќата-на-Личкови-во-Штипско-Ново-Село&id=ec2a898b-76bf-4971-b99b-9d9d67dfdae3 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
ОБНОВЕН ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ВЕЛУШИНА
Целосно е обновен вредниот фрескоживопис во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велушина, Битолско, исклучително значаен споменик на културата кој поседува хронолошки сликарски слоеви од 12 до 19 век. ![]() на процесот на конзервација му претходеле неколку активности, меѓу кои и археолошките истражувања кои се реализираа во 2013 и 2014 година, како и целосната дренажа на црквата со што овој значаен споменик на културата беше заштитен од влага. Исто така, извршени беа детални и комплексни истражувања врз живописот во олтарот, наосот и нартексот на површина од 300 метри квадратни, а се изготви и прецизна дигитална и техничка документација на фрескоживописот, за што од буџетот на Министерството за култура беа издвоени 1,5 милиони денари. -На овој комплексен проект работеа 30-тина стручни лица од установата Завод и музеј Битола и надворешни соработница кои сметам дека на одличен начин го реализираа проектот, истакна Канческа Милевска. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина е комплексен објект со досега констатирани четири фази на градба. Обновувањата датираат од крајот на 10 и почетокот на 11 век, потоа 12 и 13 век, а во текот на 16 и 19 век била извршена најголемата реконструкција на црквата. Со археолошките истражувања, откриени се темели од постар сакрален објект од 6 век. Цела вест |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
2016.11.08
Bezistenot vo Bitola ![]() manastir Treskavec ![]() Edited by macedonia - 16-Nov-2016 at 04:29 |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Баш се надевав дека кога конечно ќе се деси реконструкцијата на безистенот, ќе го излупат, барем делумно. Под малтерот крие многу убава фасада од цигла и камен, како што може да се забележи на двете „излупени“ окна на фотографијата. Ама то е, се надевам дека ќе ја погодат бојата ко ќе го фарбат.
А Трескавец, шутот ќе остани кај шо паднал? Edited by hcitrS - 17-Nov-2016 at 01:30 |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
битолскиот безистен (или покриениот турски пазар)
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Албански театар, наводно ќе биде завршен до крајот на годинава.
![]() ![]() ![]() фото: миа.мк |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
micko_v ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jun-2009 Location: Firenze, Italia Online Status: Offline Posts: 123 |
![]() ![]() |
Дали некој знае која фирма го изведува?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Тука станува збор за реконструкција, а не за изградба на сосема нов објект. Порано овој театар беше познат како Театар на народностите.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Од реконструкцијата на Јени Џамија во Битола. Над археолошките остатоци од левата страна на објектот се гради заштитетн кров.
Пред џамијата се реконструира фонтаната. Мене лично многу повеќе ми се допаѓапе реконструкцијата на Исак Џамија, овде некако многу уметнички се осетил реставраторот, па набоил многу елементи кои претходно немаа боја. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Октомври 25, 2018
Општината ја набави комплетната документација за реконструкција на Офицерски дом (во Битола, н.з.) Општина Битола ја набави целокупната потребна документација за реконструкција на Офицерскиот дом и сега се подготвени за распишување на тендер за отпочнување на реконтруктивни зафати, соопшти градоначалничката Наташа Петровска на денешниот отчет за една година локална власт. ... “Веќе ја имаме цела потребна документација за реконструкција, која претходно ја немаше. Како поседна етапа од досегашните активности беше издавањето на градежната дозвола која помина во Министерството за транспорт и врски. Тој документ го имаме и сега сме подготвени за започнување на тендерска постапка, односно за распишување на тендер за отпонување на реконструктивни зафати. Ветивме и ќе го вратиме сјајот на Офицерскиот дом“, рече Петровска. апла.мк |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Пуштен во употреба реконструираниот објект на Спомен костурницата во Неготино
Проектот е вреден 7,2 милиони денари, со подеднакво учество на Oпштина Неготино и Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој. Изведени се: ✔️ нови скали, ✔️ изградена е и ставена во функција фонтана, ✔️ паркинг-простор, ✔️ пешачки и трим патеки, ✔️ летна сцена (мал амфитеатар), ✔️ поставена е електрика и водовод, а целиот простор е хортикултурно уреден. ![]() ![]() ![]() ![]() =68.ARC1yeCMSTXD8iO3NjNrd6a0KGRsiTtB4tX3nsU_ClgXF9smPY36DgGil-3UXxuw0QQ_LNL1ee_gTZOIL-X_f59AYwRYj63r7P9sZqmukuXnmVMGvcsynf51uiBAHgiGzd0B5VLN0GtCPj-NphQwOLknj0Sza-t8sZo_JBM65W7zjIe2xvja-qYvgin6kmB_bEuLLh3CxB5R3o8BLrbXih5O4RemibHU1tvMrjfJQKu4yx9uqClHHEYrBZhVO0nevOJbM4LJ2Ph6tLuAptXBXFr6Tt79XRKynjc3Bw_MSvc6um60yyFOVYMUf_183WyMC0kP23LAwt4D3fuKf43Et4V2y8PIJMoigrYu5l0T6Q360adA8Y8s4KOpwPrCAHgRh5zcXYh3Br6sk7aCh2POu15mVPLobJJ5Dz0wcBF3sTPSrQQDBVZm_AqXoNnUIiHNFsuqjo4RXNuLf1ygk-cM&__tn__=-UC-R">https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1186683704861540&type=3&__xts__[0">=68.ARC1yeCMSTXD8iO3NjNrd6a0KGRsiTtB4tX3nsU_ClgXF9smPY36DgGil-3UXxuw0QQ_LNL1ee_gTZOIL-X_f59AYwRYj63r7P9sZqmukuXnmVMGvcsynf51uiBAHgiGzd0B5VLN0GtCPj-NphQwOLknj0Sza-t8sZo_JBM65W7zjIe2xvja-qYvgin6kmB_bEuLLh3CxB5R3o8BLrbXih5O4RemibHU1tvMrjfJQKu4yx9uqClHHEYrBZhVO0nevOJbM4LJ2Ph6tLuAptXBXFr6Tt79XRKynjc3Bw_MSvc6um60yyFOVYMUf_183WyMC0kP23LAwt4D3fuKf43Et4V2y8PIJMoigrYu5l0T6Q360adA8Y8s4KOpwPrCAHgRh5zcXYh3Br6sk7aCh2POu15mVPLobJJ5Dz0wcBF3sTPSrQQDBVZm_AqXoNnUIiHNFsuqjo4RXNuLf1ygk-cM&__tn__=-UC-R Edited by Џоле - 09-Nov-2019 at 09:27 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2021222324> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |