![]() |
![]() |
![]() |
Пуцко Петрол(поранешен G Mall Skopje) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2021222324 27> |
Author | |
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Како беа оние транзициски градби, почнати недовршени, Југобанки и сл? Е има и сега, ама кој да потенцира, кој сите вакви рупи у град да ги собере на купче па да видиме колку вакви прпаднати проекти се десија за само 8 години...
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
Најпрвин го имавме Radisson Blu Swamp а сега ви го претставувам G-Mall Swamp ^_^
![]() Edited by Macedonicus - 05-Dec-2014 at 17:48 |
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Баравме добро место за Црква во Карпош еден дел од овој плац би можело и за тоа да се искористи
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Кој го распродава имотот на Алумина?Кој е вистинскиот сопственик на земјиштето на поранешната фабрика Алумина и за колку пари е продадено.Ова прашање јавно го поставуваат поранешните вработени кои поседуваат 42 проценти од акционерскиот капитал ,според централниот депозитар за хартии од вредност. Над 42 илјади метри квадратни во сопственост на Алумина во 2008 година за 23 милиони и 500-тини илјади евра,се продадени на фирмата Г-Нидерландс со седиште во Амастердам.Во 2013 година како сопственик на истото земјиште во имотниот лист е запишана фирмата Г-Македонија со седиште во Скопје. Вредноста на овој договор никаде не е објавена. Со решение на министерството за транспорт и врски во 2002 година е извршена трансформација на земјиштето на Алумина од право на користење во право на сопственост.Во сегашната структура на акционерскиот капитал државата учествува со 58 ,а поранешните вработени со 42 проценти.Како може велат Алуминци, државата да го распродава имотот без да ги информира и каде се парите. Од 2005 година трае стечајната постапка во Алумина за која неофицијално се вели дека е завршена, но досега ниту еден вработен не добил судско решение.Заради матните игри околу продажбата на земјиштето и на имотите што ги поседувала фабриката, поранешните вработени ке побараат ревизија на стечајната постапка. http://telma.com.mk/vesti/koj-go-rasprodava-imotot-na-alumina |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Многу ми е криво што оној футуристички проект не ни почна да се остварува...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Заглавени инвестиции: Почнува ли изградбата на комплексот кај Алумина![]() Објавено во: Економија 20 Јуни, 2018 Во септември ќе стартува изградбата на трговскиот центар и станбените згради од комплексот кој треба да никне на местото на поранешна Алумина во скопско Тафталиџе, тврдат за Фактор доброупатени извори. На локацијата моментално нема никаква активност, а локацијата ја чува обезбедувањето. Првично најавата за изградбата беше пред повеќе од десет години, кога поранешната Влада објави дека израелската фирма Газит Глоуб ќе почне да го гради деловниот објект Џи мол. Сепак и покрај помпезните најави инвестицијата не беше реализирана. Од општина Карпош за Фактор велат дека тие не добиле барање за издавање на одобрение за градење на ова место. Сепак додаваат и дека општината нема податоци кога некое барање ќе биде поднесено, па не ја отфрлаат можноста тоа да се случи. „До денеска општина Карпош нема добиено барање за издавање на одобрение за градење на местото на стара Алумина. Општината нема податоци кога некое барање ќе биде поднесено ниту кој бил инвеститор, ниту истото може да се претпостави бидејќи правото на градење може да го стекне и друго физичко лице преку отстапување на правото на градење. Општината не навлегува во имотно правните работи, финансиски или бизнис планови на сопствениците на земјиштето“, велат од општина Карпош. Оттаму додаваат дека согласно важечкиот Детално урбанистички план (ДУП) на тоа место основната намена е Б2 – големи трговски единици со можни компатибилни намени до 40 отсто. А ДУПот општина Карпош го смени во 2009 години и тогаш беше најавено дека Џи мол ќе почне да се гради. Поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски следната година објави дека комплексот ќе почне да се гради во февруари 2011 година, но и од тоа немаше ништо. Подоцна самиот Јакимовски изјави дека Израелците најверојатно немаат пари за градба и дека според негови сознанија тие планираат да го продадат земјиштето. Газит Глоуб го
купи земјиштето од 150 илјади квадратни метри на јавно наддавање во 2007 година
и за него плати 19 милиони евра. Официјален сосптвеник на локацијата стана во
2008 година, а според најавите инвеститорот планирал да вложи 100 милиони евра
во резиденцијално- комерцијален центар кој требаше да содржи и луксузен хотел и
деловни згради. https://faktor.mk/zaglaveni-investicii-pochnuva-li-izgradbata-na-kompleksot-kaj-alumina |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реално Скопје веќе нема потреба од овакви молови и комплекси со висококатници.Дури и постоечките се повеќе од доволни
Во Аеродром Скопјанка згасна,Бисер некако живурка но затоа го имаме Капитол и кога тогаш ќе биде готов и оној во склоп на Cevahir Sky City Во Центар покрај ГТЦ и Рамстор за некоја година ќе има уште еден во склоп на комплексот на Лимак(каде се работи мошне интензивно до доцна вечер) Гази Баба ќе добие огромен комплекс наречен Skopje East Gate каде ќе никне еден од поголемите трговски центри во регионот(барем така најавуваат) и таму сметам дека зградите се премногу ама ајде... Незнам што ќе се случи со Емпорио во Ѓорче Петров каде мислам дека долго време нема некоја активност. За G-Mall мислам дека нема потреба да се реализира,тука се случи голема пренатрупаност со згради(да беше само Гранд Престиж ќе беше ок,ама со Домино веќе се претера а гледам сега и некои други TRIM & LUM и ЗСФ почнаа да реализираат нови проекти.) Сметам дека Skopje City Mall e доволен за Карпош. Нелогично е во град од 800.000 жители(отприлика) да опстојуваат 10 трговски центри.По извесно време некој од нив може да ја доживее судбината на Скопјанка,Мавровка... |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Штета што не го изградија, преубави се зградите од рендерот...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Малку да се повториме, освен Скопје Сити Мол е МОЛ во вистинската смисла на зборот. Останатите си се локални трговски центри кои ги има насекаде и си функционираат во обемот кој дозволува и што не секогаш е во потрошувачката моќ на граѓаните. Да, можеби најавениот Скопје Ист Гејт ќе биде конкуренција, но во моментов никако не сметам дека во Скопје има премногу молови, бидејќи има само еден. |
|
![]() |
|
Tooold ![]() Groupie ![]() Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
![]() ![]() |
Шобидна со местово?
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Ништо изгледа...а толку беше убав рендерот со двете кули...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ништо не бидна на локацијава,веќе нема никакви гласини за било каква изградба
![]() ![]() Edited by stef4o - 16-Aug-2020 at 13:40 |
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Па нема види ги зградите како изгледаат бонбона кај може тоа кај нас да помине ? Кај нас еве пример одма до него наполитанка што вика овој диносаурусот
![]() Еве да не биле дебилчини настел,да ја сменеле малку зградана и да ја граделе во висина пак ќе се почнело од негде,овие Г-МАЛЛ згради кога ќе се изграделе ќе имало терен да речам за нешто НОРМАЛНО.....вака,уште еден школски пример како секој отворен простор во градов е уништен и узурпиран. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Еден предлог од 2015 незнам дали досега бил евидентиран на форумов но еве тука го постирам
-------------------------------------------------------------- Урбанистички проект – Алумина / Ивана Ангелова 2013 За да се дојде до најскладна и функционална идеја за зададената дипломска тема “Урбанистички проект локација Алумина” најпрвин беше направено опсежно истражување на локацијата и нејзиниот потенцијал и се отворија и неколку прашања: Како преку архитектурата може да се оствари општествен напредок, имено: Kои намени треба да и се дадат на архитектурата за да се постигне таков напредок; Дали оваа локација може да одговори на овие потреби Приказната се фокусира на разноликоста на социо-економскиот и етничкиот статус на граѓаните која создава хиерархиja и социјална стратификација, додека слепо продолжува да се занемаруваат оние општествени групи кои имаат егзистенцијална потреба и социјална помош. Еден од многуте начини да се посвети внимание на ранливоста на ваквите социјално оштетени групи, е да им се обезбеди урбан простор на кој што би се промовирала идејата за развој на граѓанската свест и капитал во урбаното градското ткиво како па како таква е избрана локацијата Алумина. Иако нејзината диспозиција карактерно се одликува со луксузитет како потенцијален атрибут, напротив таквата карактеристика го оправдува изборот за истата да биде искористена на сосема поинаков начин од веќе планираниот а со цел да се промовира диверзитетот. Предлог решението за овој простор подразбира урбана наменска поделба проследена со социјален и економски баланс како и потенцијален капитален добиток. Подеднакво се застапени и двете основни намени, т.е. домување Програма на Влада и сервисни дејности, поткрепени со нивните компатибилни намени. Според тоа проектот Алумина претставува еден тип на “урбанистички активизам” и треба да послужи како платформа за развој на граѓанската свест, наместо исклучиво да претставува генератор на профит со комерцијална намена. Урбаниот зафат – локација Алумина се наоѓа во југоисточниот дел на општина Карпош, Скопје. На југ таа се граничи со собирната улица Митрополит Теодосиј Гологанов а на источната со булеварот 8ми Септември. Зададената локација се протега на површина од 3,93 Ха. Планскиот опфат во себе содржи 1 градежна парцела со намена лесна индустрија. Според новопроектираната состојба локацијата се дели на две зони односно парцели. Поделбата е таква што парцелата на која лежи социјалната кула и нејзините компатибилни намени, односно пазарот и расадниокот и е во сопственост на владата на Р.М. Втората парцела каде што се наоѓа деловната кула и трактот од култура е во јавно-приватна сопственост остварена помеѓу владата и приватен инвеститор. Според новопроектираната состојба локацијата се дели на две зони односно парцели. Поделбата е таква што парцелата на која лежи социјалната кула и нејзините компатибилни намени, односно пазарот и расадниокот и е во сопственост на владата на Р.М. Втората парцела каде што се наоѓа деловната кула и трактот од култура е во јавно-приватна сопственост остварена помеѓу владата и приватен инвеститор. Мемориска кула Единствениот објект на локацијата оставен е да сведочи за минатото на локацијата. Расади и пазар Расадите се пред се наменети за користење од страна на жителите на социјалната кула со што се нуди алтернативна можност за заработка и просперитет, а би се вработиле околу 20-30 луѓе. Зона 2 СЕРВИСНИ ДЕЈНОСТИ Преку соработка помеѓу владата и приватниот инвеститор оваа парцела има потенцијална економска добивка. Препознаваќи го развојот на млади предприемништва како придонес за развој на општата економска состојба во државата, а притоа недоволно развиен кај нас, доведува до тоа да се појави ваков тип на објект на локацијата. Деловна кула Во сепарираните волумени од кулата сместени простори за невладини организации и платформи, бизнис инкубатор, технолошки парк како и станови под наем. Овде социјалните случаеви би добивале бесплатни професионални обуки и консултации. Сите предприемништа се поттикнати да вршат одржливи и еко бизниси, изнаоѓајки креативни начини за економски исплатливи сценарија кои не го нарушуваат природниот баланс. Конструкцијата е челична со централно бетонско јадро во кое се сместени комуникациите а фадата стаклена. И кај оваа кула има отворени катови погодни за разни социјални собири. Спорт и рекреација Повеќенаменското игралиште и тениското локациски се надоврзуваат на соседните игралиштата на север. Тие се отворени и наменети за сите посетители на паркот. Двете водени плитки површини во паркот во зимскиот периот може да се користат како лизгалишта. ![]() ![]() ![]() ![]() https://marh.mk/урбанистички-проект-локација-алумин/ |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
А зошто нема уште 20 згради измеѓУ? Аматери
![]() Шала на страна штета што ова не е реалност...сега немора до толку високи ама подобро високо отколку набиено. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Мислам дека уште многу години нема да видиме вакво нешто во Скопје и тоа е депресивен факт.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Еве уште една фотка од локацијава,незнам во чија сопственост е сега земјиштето...да не бидне по неколку години и овој дел да се нареди со 7-10 катни фарбаници
![]() https://www.facebook.com/groups/883203825068334 |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Еве една друга идеја: стадион на ФК Вардар на местово. Уште да можеше некој да инвестира...
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Тука само некој добро осмислен комплекс, блоковска градба, нешто слично на овa (нова населба Асперн во Виена):
![]() повеќе фотки на линкот https://www.google.com/search?q=wien+aspern&rlz=1C1GGRV_enMK751MK751&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwjyz9yKztLsAhXH-ioKHTWmCOAQ_AUoAXoECBcQAw&biw=1366&bih=635#imgrc=vEingy1BqmKd6M Edited by Џоле - 26-Oct-2020 at 16:52 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2021222324 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |