Print Page | Close Window

G Mall Skopje

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=154
Printed Date: 26-Nov-2020 at 17:30


Topic: G Mall Skopje
Posted By: pbanks
Subject: G Mall Skopje
Date Posted: 03-Dec-2007 at 11:57

Чудна информација околу Алумина. Продадена е на Израелска фирма Gazit-Globe Ltd. Чудно е што оваа информација ја најдов во саботниот број на Време а не е објавена во ниеден друг медиум ниту е промовирана од владата (која знае да држи прес за најситни работи каму ли за инвестиција од 19 милиони ЕУР). Другиот чуден момент е што читав пред само 6-7 дена дека единствена заинтересирана компанија за Алумина е некоја Холандска (и го заборавив името).

 
Е сега зошто го постирам ова во секцијата проекти. Побарав малку информации за Gazit-Globe Ltd. на интернет и се работи за солидна компанија, но компанија која се занимава со недвижности. Тоа веројатно укажува дека Израелците го купиле просторот под Алумина за развој на недвижнини и дека Алумина дефинитивно нема веќе да постои (таа локација и онака е предвидена за недвижнини при што фабриката би се релоцирала во некоја индустриска зона но изгледа до релокација нема да дојде).
 
Еве го сајтот на компанијата
 
http://www.gazit-globe.com/ - http://www.gazit-globe.com/
 
„АЛУМИНА“ СЕ ПРОДАДЕ
Израелска компанија плати 19 милиони евра за загубарот

Израелската компанија „Газит-глоуб“ е новиот сопственик на скопска „Алумина“. Израелците платиле 19 милиони, односно три милиони евра повеќе од минималната побарана цена. - Одборот на доверители донесе одлука да се прифати понудата на израелската компанија, која понуди 19 милиони - изјави Ацо Дамчевски, стечаен управник на „Алумина“. „Газит-глоуб“ со потпишување на договорот за продажба на „Алумина“ станува сопственик на имотот на фабриката, кој се состои од градежни објекти, земјиште, опрема, транспортни средства и резерва, кои ја сочинуваат производствената целина на „Алумина“Контактот со Израелците бил воспоставен во почетокот на оваа година од страна на министерот за привлекување странски инвестиции Глигор Ташковиќ, кој контактирал со израелската компанија во Мајами. Досега за „Алумина“ беа распишани пет тендери за продажба, но ниту еден не беше успешен.

Г. Г.

 
Извор:  http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=1&EditionID=1267&ArticleID=81357 - Време



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Dec-2007 at 12:04
еве ја и интернационалната верзија на нивниот сајт. Имаат активности во доста земји во Европа според мапата а филијали во Германија, Скандинавија и Бугарија. Еве ги и активностите кои ги имаат во Бугарија
 
http://www.gazit-g.com/international/?l=EN&theAsset=53 - http://www.gazit-g.com/international/?l=EN&theAsset=53
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Dec-2007 at 23:11
Хммм, многу мистериозно ова со Алумина,  да не речам сомнително.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Dec-2007 at 10:30

Имаше јавен тендер за продажба на земјиштето и објектите на некогашната фабрика Алумина. Колку што јас знам постапката ја водеа нејзините доверители за да си ги наплатат побарувањата. Почетната цена за продажба на замјиштето (42.000м2) сосе објектите, платени комуналии за истите површини беше околу 15,9 Милиони Евра. Знам дека веднаш се заинтересираа големите регионални ритејлери (Меркатор, Делта, Туш) но најавите беа дека никој не би излегол со понуда да на следното наддавање се почне со 20% пониска цена. Дали Израелците им ги расипале плановите, или пак сите овие информации во суштина биле дезинформации, веќе не е ни важно. Во секој случај доста е сомнителна оваа вест знаејќи дека краен датум за доставување на понудите беше токму петок (30.11.2007), а веста излезе уште истиот ден (Време се печати веќе околу 17.00). Уште е почудно што таа вест излезе само во тој медиум, иако се работи за огромно земјиште и солидна понудена сума во релативно интересен дел на градот. 

Колку за илустрација излегува дека цена по м2 на ова земјиште достигнала 452 ЕУР што е прескапо спрема мене за таа локација макар била и со платени комуналии за дел од објектите. Но останува да видиме дали е сево ова вистина, или како и дузина други вести ќе стигне до маргините на шпекулација и ништо повеќе.


Posted By: dejan
Date Posted: 12-Dec-2007 at 14:21
Neznam dali e postirano negde

Gazit-Globe to build €100m Macedonia project
The company will build a mall, hotel, and office complex in Skopje.
Globes' correspondent 12 Dec 07   11:04
http://www.gazit-globe.com/ - Gazit-Globe Ltd. (TASE: javascript:viewInstrument%28126011,45,EN%29 - GLOB ) subsidiary Gazit Israel (Development) Ltd. has bought a 10.5-acre lot in the Macedonian capital of Skopje for €19 million. The company financed the purchase from its own sources.

The company plans to build a 60,000-square meter mall and office and hotel high-rises with 90,000 square meters of space altogether on the site at an investment of €100 million.

http://www.globes.co.il/serveen/globes/docview.asp?did=1000285545&fid=942 - tuka


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Dec-2007 at 14:34
Thumbs%20UpКаде ли е таа локација знае некој каде што ке се гради ова? Машала, 100 милиони евра

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 12-Dec-2007 at 14:40
Golema investicija...samo da ne e od tie prazni investicii:\ poshto stvarno zvuchi golema, so trgovski centar (mislam Skopje ima dovolno(?)), pa drugi mali zgradi.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 14:48
Originally posted by La Linea

Thumbs%20UpКаде ли е таа локација знае некој каде што ке се гради ова? Машала, 100 милиони евра
 
Прочитај погоре во оваа нишка, дискусијата за земјиштето кај Алумина Cheers


Posted By: волан
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:32

http://volanskopje.blog.com.mk/node/128334 - Алумина ... локација за станбена изградба ... нов бизнис центар ...


Пред некој ден прочитав дека http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1277&ArticleID=82100 - Израелска компанија ја одкупила Алумина во стечај ... со цел на плацот да изгради станови за продажба ... трговски центар, хотел и деловни згради, во инвестиција вредна 100 милиони евра. (трговски центар на 60.000 квадратни метри, и уште 90.000 квадрати хотелските и деловните простории) ...

Мислев дека е ова само пуста желба - за неопходните странски инвестиции ... Ова е втора најава дека израелците се впуштаат во станбена изградба на подрачје на Скопје ... Нели првата беше http://volanskopje.blog.com.mk/node/78605 - Снчевиот град на јужните падини на Водно ... 

Но Израелците деновиве ја уплатиле првата рата од договорените 19 милиони евра ( http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1299&ArticleID=83512 - уплатен е http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1299&ArticleID=83512 - депозитот од 795 илјади евра ... во рок од 21 ден треба да се уплати и остатокот од зделката со вредност од 19 милиони евра - „Газит-глоуб“, израелска компанија) ...

Ме чуди што Владата не се пофали за ова ... ?! Или не сум во тек.




-------------
волан


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:43
Одлично за депозитот, тоа зборува многу Thumbs%20Up

Инаку за ова беше постирано на форумов: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=1876#1876 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=1876#1876

Беше ставено во вести зашто „политиката“ на форумов е да не се отвараат нишки додека нема нешто поопипливо.


Posted By: волан
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:46
Ваљда е сега опипливо платен е првиот дел ... 

-------------
волан


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 18:47
Да сега веќе може да се каже


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Apr-2008 at 19:44
deja vu Ohno

БЛОКИРАНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ПОРАДИ ХИПОТЕКА ОД 90 ИЛЈАДИ ЕВРА
УЈП ја кочи продажбата на Алумина
Преносот на имотот на Алумина во стечај е блокиран, бидејќи УЈП не сака да се откаже од хипотеката, додека не си го наплати побарувањето од околу 90 илјади евра, за кои е во тек судски спор

УЈП го блокира преносот на имотот на "Алумина во стечај" на израелската компанија "Газит-Глоуб", која лани во декември на петтиот тендер за продажба на Алумина понуди 19 милиони евра. Станува збор за побарување на УЈП од 5,5 милиони денари (околу 90 илјади евра), кое е обезбедено со залог на имотот, но не може да им се исплати, бидејќи е судски оспорено од друг доверител. Неможноста да се избрише хипотеката го блокира затворањето на стечајната постапка, односно, не може да се финализира купопродажниот договор, поради што стечајниот управник Ацо Дамчевски бара од УЈП да потпише изјава за бришење на заложното право на имотот. Дамчевски тврди дека во тек се преговори со УЈП за потпишување изјава, потенцирајќи дека со тоа УЈП нема да се откаже од своите пари, туку ќе овозможи завршување на купопродажната процедура.
"Побарувањата на УЈП и на Комерцијална банка се судски оспорени од друг доверител. Согласно Законот за стечај, овие пари ќе бидат резервирани и исплатени согласно судската пресуда. Комерцијална банка веќе потпиша изјава за бришење на заложното право на имотот, за да не се чека завршувањето на судскиот спор", објаснува Ацо Дамчевски.
Од Управата за јавни приходи одговараат дека заложното право на имотот ќе биде избришано само ако им биде исплатен долгот од 5.563.711,00 денари.
Компанијата " Газит-Глоуб" лани во декември беше единствен понудувач на петтиот тендер за продажба на Алумина. Инвеститорот, кој го донесе министерот без ресор Глигор Ташковиќ, ги запази рокови за уплата на понудените пари за имотот. Тој најави изградба на трговски центар, луксузен хотел и деловни згради, вредни околу 100 милиони евра. (Т.Ј.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149828&idg=8&idb=2343&rubrika=Makedonija


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jul-2008 at 15:28
Хмм... па нели ова веќе бидна или сега се формализирало сето ова? Последниот параграф е ветувачки... Би било фино да споделат малку повеќе детали

Компанијата Газит Глоуб нов сопственик на Алумина

Компанијата Газит Глоуб преку својата филијала основана во земјава “Г –Македонија”, станала легален сопственик на фабриката Алумина и земјиштето на кое Алумина е лоцирана на 30 јуни, соопштија од кабинетот на министерот без ресор Глигор Ташковиќ.

Газит Глоуб била  единствениот наддавач во петтиот обид на продажба на објектот. Компанијата дала цена која е 20% поголема од почетната цена, на тој начин обезбедувајќи поголема наплата на кредиторите на Алумина.

“Оваа компанија планира да инвестира 100 милиони евра во резиденцијално комерцијален центар. Ова е еден од трите проекти што Газит Глоуб планира да ги иницира во Република Македонија со вкупна вредност од 200 милиони евра“, стои во соопштението до медиумите.

Воедно се најавува во наредните  две седмици, посета на Извршениот директор од Газит Глоуб  на земјава кој  треба да одржи прес- конференција на која ќе ги претстави плановите на компанијата за Македонија.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=33907&kategorija=2 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=33907&kategorija=2


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jul-2008 at 13:19
Газит Глоуб ќе гради шопинг центар и деловен објект на местото на Алумина

Бордот на директори на израелската компанија Газит Глоуб која што ја купи Алумина најави изградба на голем шопинг центар и деловен објект на местото на поранешна Алумина кој ќе опслужува  еден милион граѓани  а во кој се инвестирани помеѓу 100 и 120  милиони евра.

“Со нашата одлука да инвестираме 100 милиони евра во изградбата на шопинг центар и деловен простор даваме сигнал за позитивна инвестициска клима, а воедно ќе се создадат стотици работни места  за граѓаните од Македонија “, изјави претседателот на бордот на директори, Чаим Катзман.

Тој рече дека изградбата на комерцијалниот центар би требало да отпочне  за три - четири месеци.

Катзмен истакна дека верува во економската иднина на земјата и дека се надева дека Газит Глоуб ќе одигра голема улога во комерцијалниот домен. Според него во Македонија има добри економски можности и нивната инвестиција може да биде почеток и на други дополнителни инвестиции и  проекти во земјава.

Во однос на постоечката конкуренција во земјава, Катзман верува дека можат да се справат со неа.

“Ние како компанија не сме нови  и веруваме дека можеме да се справиме со конкуренцијата . Имаме верба во македонската економија , таа ќе расте а заедно со неа ќе растеме и ние“, додаде Катзман.

Министерот без ресор Глигор Ташковиќ  рече дека и покрај сите тешкотии со кој се соочувала Алумина сепак конечно успеале да ја реализираат продажбата која изгледала невозможна.

“Газит Глоуб понуди  повеќе  од 20 отсто  од почетната цена  и ја купи Алумина за 22 милиони евра заедно со пресметан ДДВ.“

Ташковиќ  истакна дека  700 работници ќе добијат  придонеси за пензии, плати, здравствено осугурување односно вкупно 4,14 милиони евра ќе бидат исплатени за  истиве како и дека ќе бидат исплатени придонесите кон УЈП.


http://%20www.netpress.com.mk/vest.asp?id=35301&kategorija=2 -
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=35301&kategorija=2


Posted By: se_manda
Date Posted: 18-Jul-2008 at 15:35
ke pocekame uste 3-4 meseca doeka pak najavat deka ke gradat neso....


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jul-2008 at 15:37
Originally posted by se_manda

ke pocekame uste 3-4 meseca doeka pak najavat deka ke gradat neso....


LOL абе бар да презентираат рендери да не излажат малку со шарени сликички


Posted By: se_manda
Date Posted: 18-Jul-2008 at 15:44
e sea ne preteruj i ti...renderi...znaes li koj trosok e toa be?!?!? mora da imaat pari da plakaat po vesnicive da gi reklamiraat be so ti e...vaka so ova najavive si napraija reklama u mk....


Posted By: Vlado_strelec
Date Posted: 30-Jul-2008 at 08:19
Sto Ima Novo! Gledam deka samo vo MAkedonija ima vakvi problemi gradezni i slicno ne znam sto ke donesi idninata Samo se falat a od ekskluzivnosta na objektite Nisto.
Pozdrav od Prilep Gradot Na Mermerot !!


-------------
Vlado_Strelec


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2008 at 08:40
Поздрав и до тебе! Cheers

Инаку далеку од тоа дека сме единствени, но ние сигурно сме во врвот кога станува збор за вакви и слични компликации...  Unhappy


Posted By: Vlado_strelec
Date Posted: 30-Jul-2008 at 08:53
Znaete li cisto za informacija kolku plaka segasniot sopstvenik na Mermeren kombinat Kirjakidis za 1m3 Prodaden Blok?? Samo 100 denari odat Vo drzavna Kasa +ddvApplauseA znaete li kolku kosta !m3 Prilepski mermer ekstra belo?? 10000evra m3Question

-------------
Vlado_Strelec


Posted By: twin
Date Posted: 04-Aug-2008 at 16:25
znaete li kade se naoga alumina Question


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Aug-2008 at 17:57


Хе хе хе, па каде живееш ти 



Posted By: Djole88
Date Posted: 03-Nov-2008 at 20:33
што стана со ова, мислам дека е само некоја тешка превара. Еднаш во 4-5 месеци ќе пуштат инфо демек ќе се гради и толку.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2008 at 20:36
Originally posted by Djole88

што стана со ова, мислам дека е само некоја тешка превара. Еднаш во 4-5 месеци ќе пуштат инфо демек ќе се гради и толку.


Gazit Globe има претставништво во Скопје и вработени. Сепак се работи за квалитетна фирма а веста за ова ја има на многу странски медиуми така да не мислам дека е некоја заебанција што не значи дека во македонски стил неможе да ги предомислиме и на купена парцела да си отидат од земјата пред да инвестираат.



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Nov-2008 at 20:37
bravo cloverstack vakvi informaci se mnogu dobri so mapa i (kordinati )


Posted By: assyst
Date Posted: 06-Nov-2008 at 23:25
http://www.g-centers.com/fullSize.asp?theImg=Skopia-mall.jpg -

Морам да признаам дека ако Израелциве го реализираат Газит глоуб како што е направен рендеров ќе биде одличен. Кулата од 25 ката ми е малку сомнителна, ама
може да биде интересна.

Навистина изгледа импресивно, вкусно и модерно. Во споредба со другите центри на страницата што следува, овој во Скопје мене најубаво ми изгледа.

Еве од каде се информациите:
http://www.g-centers.com/skopje.asp - http://www.g-centers.com/skopje.asp



G mall skopje is a groundbreaking undertaking. In the city's first modern building project of such large scale, it will introduce into skopje a modern shopping mall and commercial center. This flagship project and the first of its kind in Macedonia's capital, will cover an area of 42,000 sqm and will consist of 100,000 sqm of built space that will give an amount of 55,000 GLA, the project will also include two office towers consisting of 15,000 sqm each. At an estimated investment of € 120 million, the showcase shopping mall will house leading fashion brands from around the world. It will include leading hypermarket chains as well as DIY vendors. Serving as an all-in-one shopping and entertainment center, visitors to the mall will enjoy a choice of cinemas, relaxation in a spa, or getting fit in the health club, all integral features of the site.

The project will include 2,500 parking places.

G mall skopje is designed to offer a total shopping and entertainment experience, the complex will feature impressively designed spacious walkways to ensure easy movement throughout the mall and from floor to floor. The space will be flooded with natural light and will offer numerous escalators and elevators, some of them transparent offering the extra passenger experience of a bird's-eye view of the beautiful design of the mall. The shops will be well-lit and spacious with large entrances for easy access and flow of shoppers. Transfer from parking areas to commercial areas will be clearly marked and designed for convenience.

The design of G mall skopje is under the supervision of operating architect: Moshe Tzur.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Nov-2008 at 23:30
EeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeek

assyst браво за информацијава доколку ова се направи ќе биде најдоброто нешто што му се случило на Скопје во последниве ХХХХХХХХХХ години. Пред се зборувам за кулата

уште еднашка

EeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeekEeek


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2008 at 23:35
Мене објектов ме фасцинира. Браво, ако се изгради. До сега све се сведува на штури најави еднаш у два месеца. Ништо реално на терен. За кулава Applause!!! Објектот соодвествува со далечината од центарот на градот, со намената за која се прави. Тој дел од Скопје ќе го направи втор центар. Покрај ваков објект, фали уште јужен булевар!


Posted By: dacito
Date Posted: 06-Nov-2008 at 23:46
Само еден збор: ФЕНОМЕНАЛНО


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Nov-2008 at 00:09


Можда уште еден: ФАНТАСТИЧНО!

Туку она не било една, ами две кули:
the project will also include two office towers



Posted By: blejdsk
Date Posted: 07-Nov-2008 at 01:22
LELELELELE luge se naeziv ,, neznaete kolku sum sreken. Skoro sekoj den pominuvam od tamo i celo vreme se prasuvav sto i koga ke se raboti veke na ti grdi konzervi Alumina.

Odlicno

-------------





Posted By: vardar
Date Posted: 07-Nov-2008 at 06:15
 
Drool Master Bow Eeek3 Rock Banana Thumbs%20Up Applause Laugh Eeek Hug 
 
 
Е ова е веќе нешто....
 
 
Originally posted by assyst

Навистина изгледа импресивно, вкусно и модерно.
 
 
Апсолутно се сложувам, во било кој град да се градеше ова ќе го речев истото но фактот дека се гради во Скопје и земајки во обзир што досега се градеше во МК а инвеститорите и новинарите ни го продаваа како ново/модерно, тогаш ова е нешто многу повеќе од тоа.
 
 
Да се надеваме дека ќе почне да се гради, и дека рендеров е реален.
 
 


Posted By: Plugger
Date Posted: 07-Nov-2008 at 06:35
Sto e ova u besraga?? Zverska rabota

Dali znae nekoj do koga treba da bide gotov ovoj golem proekt?? Veke od lani se pravi kako sto razbrav.Eeek Eeek 


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Nov-2008 at 06:38
 
Е сега мора да спомнам и нешто што се дискутираше во една друга нишка, а тоа е локацијата. Сите ги мразиме огромните запуштени плацови во строгиот центар на Скопје и до пред некое време немаше никаква надеж дека нешто ќе се смени, но во последно време како да летаме да се пополнат сите дупки и тоа по секоја цена, а цената е обично просечни/невкусни/немодерни објекти од сомнителни/непознати инвеститори.
 
 
Еден пример е просторот кај рамстор/нлб/еквест/резидор, никој не жали за тоа како изгледаше тој простор пред да почне да се гради но што се (из)гради??? Единствена забелешка за проектов (највише кулите) е што не се наоѓа поблиску до центарот, конкретно на спомнатата локација Big%20smile 
 
 
Знам дека се уште има еден куп дупки низ центарот за да се секираме премногу, но факт е дека се повеќе и побрзо се гради и доколку не се посвети повеќе внимание на квалитетот постои шанса најдобрите и најубавите објекти да бидат далеку од центарот кој пак ќе стане еден музеј на невкус (транзициска-криминална архитектура)


Posted By: Plugger
Date Posted: 07-Nov-2008 at 06:50

Ova e fantasticno nema shto, mnogu golem i biten proekt za site nas. Pogotovo toa sto ke ima 2500 mesta za parking ke ima barem kaj da se parkiraat lugeto.

Dobra atrakcija kaj i da e, so Israelcite dobro ni trgna golemi pari ke vlozuvaat vo Makedonija a isto taka i mnogu turusti nivni ke doagjaat vo Ohrid i drugite gradovi.

E sea samo da vidime kolku vreme ke se gradi ova, se nadevam za edna godina ke bide gotovo se uste nigde ne pisuva do koga ke bide gotov proektot.

Applause Rock Thumbs%20Up Master Thumbs%20UpHug
Shifty


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 07-Nov-2008 at 09:47
Ова е добро, дури гледам дека рендеров има некаква врска со реалната околина, е сега fuck дека е mall, ама подобро од мраковине што се сега таму (во маало ми е ова)...како ќе се снајдат со сообраќајот ќе видиме - сега е тотална затка...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-Nov-2008 at 09:50
Импресивно, немам зборови.

Малку просурфав за Моше Цур (Moshe Tzur) кој е главен архитект на проектов, и најдов навистина импресивно портфолио во Израел, Бугарија, Чешка.... Еве што најдов на ССЦ

http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=191875&page=2 - http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=191875&page=2
(побарајте го King Shaul Squares Towers проектот)



Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Nov-2008 at 10:26
Originally posted by Dave Gahan

Ова е добро, дури гледам дека рендеров има некаква врска со реалната околина, е сега fuck дека е mall, ама подобро од мраковине што се сега таму (во маало ми е ова)...како ќе се снајдат со сообраќајот ќе видиме - сега е тотална затка...


Тоа е едино нешто негативно што ми падна на памет (но нема врска со инвеститорот туку со локацијата) но можеби сметаат на проточниот Јужен булевар кој треба да поминува таму теоретски  Dunno

@UrbanFreak баш и јас побарав вчера други проекти на архитектот и навистина импресивно портфолио Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Nov-2008 at 10:35
Originally posted by vardar

 
Е сега мора да спомнам и нешто што се дискутираше во една друга нишка, а тоа е локацијата. Сите ги мразиме огромните запуштени плацови во строгиот центар на Скопје и до пред некое време немаше никаква надеж дека нешто ќе се смени, но во последно време како да летаме да се пополнат сите дупки и тоа по секоја цена, а цената е обично просечни/невкусни/немодерни објекти од сомнителни/непознати инвеститори.
 
 
Еден пример е просторот кај рамстор/нлб/еквест/резидор, никој не жали за тоа како изгледаше тој простор пред да почне да се гради но што се (из)гради??? Единствена забелешка за проектов (највише кулите) е што не се наоѓа поблиску до центарот, конкретно на спомнатата локација Big%20smile 
 
 
Знам дека се уште има еден куп дупки низ центарот за да се секираме премногу, но факт е дека се повеќе и побрзо се гради и доколку не се посвети повеќе внимание на квалитетот постои шанса најдобрите и најубавите објекти да бидат далеку од центарот кој пак ќе стане еден музеј на невкус (транзициска-криминална архитектура)


ПА јас напротив, не жалам за тоа. Просторот во центар на оној или оној начин ќе се урбанизира како што треба и ќе стане ексклузивен. Многу е пореално во густиот центар да се создадат услови да се исплати да се откупи некој објект како Рамстор и да се изгради нешто многу подобро на таа локација отколку на некои попериферни локации.

НА пример на оваа локација доколку имаше утка таа ќе беше далеку потрајна по мое мислење.

Дополнително ми се допаѓа што центарот се шири или барем се создава ново тежиште. Булеварот 8 Септември менува физиономија во последниве 10на години. Pочна срамежливо со Александар Палас пред 10на години а денес се гради објектче како Хипо и се најавува нешто како G Mall Skopje.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 07-Nov-2008 at 11:42
Ова е навистина феноменален проект ApplauseApplauseApplauseApplause


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Nov-2008 at 12:52
 
Originally posted by pbanks


ПА јас напротив, не жалам за тоа. Просторот во центар на оној или оној начин ќе се урбанизира како што треба и ќе стане ексклузивен. Многу е пореално во густиот центар да се создадат услови да се исплати да се откупи некој објект како Рамстор и да се изгради нешто многу подобро на таа локација отколку на некои попериферни локации.
 
 
А зошто воопшто да се помириме со тоа дека се ќе усерат па после да се молиме дека некој тоа ќе го поправи ???  За жал не го делам твојот оптимизам дека во блиска иднина некој ќе го откупи рамстор и ќе изгради нешто поубаво, ако одиме по некоја логика треба прво да се пополнат сите ливади и да има навистина голема побарувачка за деловен простор токму на таа локација па да видиме такво нешто, мислам дека ќе си остане вака со децении и децении. 
 
 

НА пример на оваа локација доколку имаше утка таа ќе беше далеку потрајна по мое мислење.
 
 
Тоа е точно но барем не се работи за строг центар. Да додам само дека нлб/резидор итн. не ги рачунам за утки но не се за во строг центар на еден главен град.
 
 

Дополнително ми се допаѓа што центарот се шири или барем се создава ново тежиште. Булеварот 8 Септември менува физиономија во последниве 10на години. Pочна срамежливо со Александар Палас пред 10на години а денес се гради објектче како Хипо и се најавува нешто како G Mall Skopje.
 
 
Мене па не ми се допаѓа што центарот се шири, трговски центри да но не и деловен простор. Мислам дека треба да има една централна деловна област каде што ќе бидат сите повисоки деловни згради (и по некој хотел/трговски/луксузни станови), ем изгледа поубаво ем се добива некој екслузивин простор и полесно се решава од инфраструктурен аспект.
 
 
 
Извинете за офтопик


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Nov-2008 at 12:58
Ова е фантастично/феноменално/импресивно...
Дефинитно ќе се гради??

Originally posted by Cloverstack

Можда уште еден: ФАНТАСТИЧНО!Туку она не било една, ами две кули:
the project will also include two
office towers


Да де, се познава од сликата дека се ДВЕ кули

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Nov-2008 at 13:02
Вардар баш еден центар потешко се решава инфраструктурно и со паркинзи и со пристам и со све. Центарот само убаво изгледа. За мене дисперзирани центари на неколку места во градот се многу подобра опција, во однос на трговски, деловни и различни центри. Нормално центарот си останува центар и повеќе игра церемонијална улога на центар (плоштад итн) одколку што е комерцијален центар. Не ја сваќам потребата што ја имаш да се претрупа центар и да неможе да се мрдне воопшто. На секоја ливада ќе и дојде редот кога ќе има интерес.


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Nov-2008 at 13:23
 
Погрешно си ме разбрал немам желба да се претрупа центарот, лично сум против сегашново градење по секоја цена (резултатот е јасен) А мислам дека грешиш околку инфраструктурата, доколку се изведе плански и паметно централна деловна област е многу попрактично, не мора таа област да биде во строгиот центар на градот но барем да се сконцетрира на едно место. Се разбира дека ќе има помали деловни објекти во другите делови од градот но големите објекти како овие кули би ги ставил воо таа област додека големи трговски центри и такви работи е нормално да има по секоја општина.
 
 
Да не редам сега ваму и ваму се прави вака и вака али факт е дека поголеми деловни објекти обично се сконцетрирани на едно место (не го сфаќај ова БАШ буквално), во поголеми/поразвиени градови има потреба за повеќе такви области но во скопје такво нешто не треба барем сега за сега.


Posted By: shyes
Date Posted: 12-Nov-2008 at 18:39
Супер дезајн, специално на зградата.  


Posted By: mitatos
Date Posted: 12-Nov-2008 at 19:10
За трговски центар можам да кажам дека ќе биде еден од најубавите во скопје, но не верувам дека ке има некаков голем ефект, не сме навикнати ние на такви големи простории , ама ќе чекаме и ќе видиме што , и како ќе биде понатака кога ке се изгради  и дали во општо ќе почне да се гради.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: dejan
Date Posted: 13-Nov-2008 at 02:11
Најдобар трговски центар би бил во Скопје од секогаш ако се изгради. Дај боже да да се изгради, навистина е многу убав, посебно со кулата.


Posted By: SkaNdErBeG
Date Posted: 20-Nov-2008 at 22:23
Impressive project... Congratulations... Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Nov-2008 at 23:48
Еве уште некои информации. 2012 се дава како година на отварање. Тоа не е ни така лошо со оглед на тоа дека за ова чудо веројатно ќе требаат едно 1.5-2 години ефективна изградба.

G Mall Skopje is a shoping mall groundbreaking undertaking. In the city’s first modern  building project of such large scale, it will introduce into Skopje a modern shopping mall and
commercial center. G Mall Skopje is the flagship project and the first of its kind in Macedonia’s capital.

Merchandise Mix:
- over 250 shops
- leading hypermarket chain
- leading fashion brands worldwide
- high quality DIY center
- electronics
- entertainment center, cinemas
- health club, spa.

Property type: Shopping and Office Center
GBA:
GLA Retail: 42 000 sq. m
GLA Offices: 30 000 sq. m
Developer: Gazit Globe
Completion date: 2012

http://forton.bg/en/?page_id=305 - http://forton.bg/en/?page_id=305

Еве и уште два рендера но од внатрешноста...

1

2




Posted By: dacito
Date Posted: 22-Nov-2008 at 00:02
I`m just thrilled.... преубав... си го замислувам вака, и се што можам да кажам е преубаво, за наши услови, за наши стандарди преубаво!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Nov-2008 at 00:07
Originally posted by dacito

I`m just thrilled.... преубав... си го замислувам вака, и се што можам да кажам е преубаво, за наши услови, за наши стандарди преубаво!!!


Јас мислам за сечиви стандарди е преубаво. Стварно е топ проектов...


Posted By: dacito
Date Posted: 22-Nov-2008 at 00:16
Го ѕирнав http://forton.bg/en и слободно можам да кажам дека од се она што е изградено или планира да се гради во Бугарија нашиот проект проект е најдобар. Се што имаат изградено овие Forton International мене ми е сосема Ок, ама ова што планираат да го градат кај нас, двете кули со трговскиот доле, е врв. Како само добро изгледа, неможам да верувам!!! Некако многу ми е „шмекерски“ проектов...


Posted By: twin
Date Posted: 22-Nov-2008 at 00:56
kolku kuli ke ima 2 ili 1 po 25 kata


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Nov-2008 at 00:58
Originally posted by twin

kolku kuli ke ima 2 ili 1 po 25 kata


2


Posted By: twin
Date Posted: 22-Nov-2008 at 01:02
waw prekrasnoApplause


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Nov-2008 at 01:07
Еве го типчето на кого му го должиме ова...

Prof. Moshe Zur



На линкот има профил на неговата фирма и мал колаж со некои негови проекти кои се топ.

BTW ова е најверојатно и архитектот на Delta City во Белград колку што можев да сфатам.

http://duns100.dundb.co.il/2008/600432801/index.asp - http://duns100.dundb.co.il/2008/600432801/index.asp


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 22-Nov-2008 at 01:33
bravo za tipceto,stvarno e top proektot,ne mi se veruva deka takvo nesto ke se gradi kaj nas.poveke mi se svika od nadvor nego od vnatre ama od slika do realnost ima mnogu,taka da dodeka da se izgradi uste 100 izmeni ke napravat pa moze ke bide poubavo.vo sekoj slucaj TOP E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Nov-2008 at 03:21
Оној голем стаклен покрив ме остави без зборови... Навистина ќе биде прекрасно доживување!


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Nov-2008 at 15:36
Originally posted by pbanks

Originally posted by dacito

I`m just thrilled.... преубав... си го замислувам вака, и се што можам да кажам е преубаво, за наши услови, за наши стандарди преубаво!!!


Јас мислам за сечиви стандарди е преубаво. Стварно е топ проектов...
 
Yes   Cheers
 
Единствено ме чуди зошто ништо нема по медиумиве, или инвеститориве се ептен скромни или има нешто друго Dunno 
 
 
Дали знаеме која е макс. дозволена висина таму, да не треба да се мењаат г/дуп-ови па затоа сеуште ќутат???
 
 


Posted By: kire85
Date Posted: 22-Nov-2008 at 19:00
Originally posted by assyst

http://www.g-centers.com/fullSize.asp?theImg=Skopia-mall.jpg -

Морам да признаам дека ако Израелциве го реализираат Газит глоуб како што е направен рендеров ќе биде одличен. Кулата од 25 ката ми е малку сомнителна, ама
може да биде интересна.

Навистина изгледа импресивно, вкусно и модерно. Во споредба со другите центри на страницата што следува, овој во Скопје мене најубаво ми изгледа.

Еве од каде се информациите:
http://www.g-centers.com/skopje.asp - http://www.g-centers.com/skopje.asp



G mall skopje is a groundbreaking undertaking. In the city's first modern building project of such large scale, it will introduce into skopje a modern shopping mall and commercial center. This flagship project and the first of its kind in Macedonia's capital, will cover an area of 42,000 sqm and will consist of 100,000 sqm of built space that will give an amount of 55,000 GLA, the project will also include two office towers consisting of 15,000 sqm each. At an estimated investment of € 120 million, the showcase shopping mall will house leading fashion brands from around the world. It will include leading hypermarket chains as well as DIY vendors. Serving as an all-in-one shopping and entertainment center, visitors to the mall will enjoy a choice of cinemas, relaxation in a spa, or getting fit in the health club, all integral features of the site.

The project will include 2,500 parking places.

G mall skopje is designed to offer a total shopping and entertainment experience, the complex will feature impressively designed spacious walkways to ensure easy movement throughout the mall and from floor to floor. The space will be flooded with natural light and will offer numerous escalators and elevators, some of them transparent offering the extra passenger experience of a bird's-eye view of the beautiful design of the mall. The shops will be well-lit and spacious with large entrances for easy access and flow of shoppers. Transfer from parking areas to commercial areas will be clearly marked and designed for convenience.

The design of G mall skopje is under the supervision of operating architect: Moshe Tzur.


WOW!!

Ako ova se izgradi mozebi ke bide najubav objekt vo celo skopje....favorit za cista debela 10ka CheersCheersCheers

P.S. fala bogu da vidime eden asalen render Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Nov-2008 at 20:36
Originally posted by vardar

Единствено ме чуди зошто ништо нема по медиумиве, или инвеститориве се ептен скромни или има нешто друго Dunno


Па доколку нема прес конференција на готово зарем очекуваш некој новинар да земе и уствари да истражува околу ова Dunno? Тоа би било преседан.
 

Дали знаеме која е макс. дозволена висина таму, да не треба да се мењаат г/дуп-ови па затоа сеуште ќутат???


Колку што гледав сега на сајтот на Општина Карпош ДУП за тој локалитет нема. На ГИС алатката која ја имаат на сајтот токму на тој локалитет има бришан бел простор. Веројатно е целата работа во процедура.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Nov-2008 at 20:39
Инаку има и таква можност која се уфрла чат-пат во дуп-овите. Се остава голем бришан простор и само висинската квота е дефинирана. На таквите простори се остава слобода на инвеститорот. Сличен прсотр има и во аеродром за стокатниците.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Nov-2008 at 02:13
Стопирано, додека не пројдат овие светски турбуленции, е коментар од „извори“

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mitatos
Date Posted: 18-Dec-2008 at 20:23
ima nekoja novost vo vrska so obejktov?" 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2008 at 22:03


Единствено поголема резолуција на единствениот рендер од надворешноста... Big%20smile






Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2008 at 11:57
Еве малку инфо...

G Mall Skopje

G Mall Skopje
Project type: Advisory and Leasing
Property type: Shopping and Office Center
GBA:
GLA Retail: 42 000 sq. m
GLA Offices: 30 000 sq. m

Developer: Gazit Globe
Completion date: 2012

G Mall Skopje is a shoping mall groundbreaking undertaking. In the city’s first modern  building project of such large scale, it will introduce into Skopje a modern shopping mall and
commercial center. G Mall Skopje is the flagship project and the first of its kind in Macedonia’s capital.

Merchandise Mix:
- over 250 shops
- leading hypermarket chain
- leading fashion brands worldwide
- high quality DIY center
- electronics
- entertainment center, cinemas
- health club, spa.

Forton involvement:
- Layout consultancy
- Catchment analysis
- Merchandise mix
- Tenant mix
- Letting services
http://forton.bg/en/?page_id=305

И две слики што ни имаат промакнато....






Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Dec-2008 at 12:04


Добро бе ја читате ли нишкава и маестро пред некоја недела ги постави сликите и инфото како нови а ги имаме во нишкава повеќе од месец дена. Види на претходната страна.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 29-Dec-2008 at 12:05
nemaat promaknato gi imaBig%20smile


Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-Dec-2008 at 12:06
EeekМестово ќе биде лудница, доколку се изгради според проектов! Дали е 100% сигурна инвестицијава или е можно и таа да се одложи поради светската економска криза? Мислам дека ова ќе биде објект на деценијата во СкопјеBig%20smile.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2008 at 12:07
G-mall-ов далеку ќе ги надмаши сите деловни и стопански центри со својата квадратура. 72 декара простор немаат некои земјоделци, а овие го имаат у деловен простор! Еве прв пат имаме и рок на изградба 2012 и не баш така малку!

Се извинувам за повтарањето на веста, мене ова ми промакнало кога ме зафркаваа cookies на комјутерот, тој период. Така да ми излетало нешто непрочитано!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Dec-2008 at 12:12

zosto ne pisuva koga ce pocne ...znaci ne e mnogu sigurna



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2008 at 16:36
@ lslcrew
И за 2012 беше искоментирано - со оглед на големината на проектов и катноста на кулите тоа не е воопшто лошо. Сепак збориме за целосно комплетирање на проектот, а импресивни фотки од градилиште би имале многу порано. Само да нема дополнителни развлекувања поради кризава или други фактори...


@ my Macedonia
За жал никогаш не излезе информација кога ќе почне, само некој спомна дека сега ради глобалнава криза е одложено, а ни тоа не се знае до кога.
За сигурноста не би бил толку песимист, сепак се работи за сериозна фирма која веќе го има откупено земјиштето. Мене ме плаши само да не успеат да ги избркаат некои дебелоглавци што би ги закочиле процедурите по државниве институции... Но тоа е екстремно сценарио и не е баш веројатно.
Пред се се надевам да не се одложи премногу почетокот на градба ради глобалнава криза.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Dec-2008 at 16:49
da isl vo pravo si ..kolku sum slusal ima i problemi vo israel ..
ama jas mislam deka ima mnogu  sansi da se odkaze
1.globalna kriza
2.procedurite
(3.problemi vo israel)
ama sepak ne se znae
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2008 at 17:14
1. Глобалната криза е фактор за одложување а не за откажување. Плус тоа во Скопје фали многу комерцијален простор и особено деловни простории, па тука сепак доста ќе се гради дури и кризата да биде долга.

2. Тоа го спомнав како екстремно сценарио. На крајот на краиштата израелците веќе имаат доста искеширано, па нема лесно да кренат раце дури и да имаат сериозни потешкотии.

3. Ако мислиш на ова што се случува сега со Газа, мислам тоа е најмал проблем. Вакви проблеми во Израел имало и ќе има во континуитет, тоа за нив не е ништо ново, а и оваа инвестиција не гледам на кој начин би била поврзана со такви фактори...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Dec-2008 at 17:19
epa dobro ako taka e togas se e super


Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Dec-2008 at 18:58
Работата е за колкав период е одложена инвестицијата? Се сеќавам на трговскиот карши МИ-ДА, го одложуваа и не го изградијаDunno.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2009 at 03:17

Доцни реализацијата на инвестиција вредна 120 милиони евра

четврток, 29 јануари 2009, 12:20

Доцни реализацијата на инвестиција вредна 120 милиони евра, која требаше да отвори неколку стотици нови работни места. И по 7 месеци од најавите на израелската компанија „ Газитглоуб“,  дека на местото на некогашната фабрика за алуминиумски профили „Алумина“ ќе изгради луксузен трговски центар, изградбата се уште не е ниту почната. Министерот за странски инвестиции Веле Самак вели дека не е во тек со оваа инвестиција. Алфа се обиде да ги контактира и првите луѓе на компанијата во Израел, од каде добивме само кус одговор:

„ Се уште сме во фаза на планирање, засега неможеме да ви дадеме какви било детали околу оваа инвестиција.“
Претседателот на компанијата, Хајм Кацман, своевремено  изјави дека е среќен што бизнисот ќе го прошири и во Македонија.

Тогашниот  министер за странски инвестииции Глигор Ташковиќ, пак, донесувањето на оваа инвестиција си ја припиша како своја заслуга.

„Газитглоуб“ го купи земјиштето на „Алумина“ за 22 милиони евра.

Израелските инвеститори заедно со тогашниот министер за странски инвестиции Ташковиќ уште пред 7 месеци токму на ова место најавија изградба на луксузен трговски центар, вреден 120 милиони евра. Од најавената инвестиција, засега на терен нема ниту трага.

Останува отворена дилемата дали ова е уште една од неколкуте странски инвестиции кои се одложија годинава поради продлабочувањето на економкста криза или израелсаката фирма се соочува со некои други проблеми во изградбата на трговскиот центар.
 

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=4738


Posted By: maestro
Date Posted: 30-Jan-2009 at 08:55
Зошто мене ми мириса дека на крај тие кулите од 25 ќе ги смалат на максимум 10 спрата?
Стварно не знам тој простор од вкупно 50 спрата како би се пополнил.


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Jan-2009 at 14:32
да бе, граѓаните ќе се бунат како им го одземале сонцето LOL



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:29
Се испитува почвата, дали значи нешто мрда, или недовршена работа од порано !?




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:38
Во недостаток на попрецизни вести за проектов и во атмосфера на замрзнување и повлекување на инвестиции, дури и оваа глетка ме радува и ме охрабрува.
Cheers


И аман, само овој распаднат ТАМ ли се користи за испитување на земјиштето низ градов LOL



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Jan-2009 at 22:09
Originally posted by Cloverstack

... И аман, само овој распаднат ТАМ ли се користи за испитување на земјиштето низ градов LOL

Извинете за off
Тој олтајмер камион како да го има секаде низ цел град Crazy


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 01-Feb-2009 at 15:55
pa ne e istiotBig%20smile se se takvi ko sto gi znam i gi imam videno...ima samo 2-3 ponovi i tolku.drugo se e isto i raspadnato,a koga ke zapali disenje samo na shkrgiBig%20smile


Posted By: SkaNdErBeG
Date Posted: 15-Mar-2009 at 21:08
Hi everyone! Cheers

Anything happening with this project?


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Mar-2009 at 21:30
i think no.in the moment we have`t information for this projekt...maybe it commin in the next monthRoll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Mar-2009 at 21:41
Originally posted by SkaNdErBeG

Hi everyone! Cheers

Anything happening with this project?


no update unfortunately, for the good or for the bad. just status quo


Posted By: SkaNdErBeG
Date Posted: 16-Mar-2009 at 23:54
Thanks for the answers.. It'll probably take some time before the construction starts, afterall its not long ago this project was announced.

Lets hope the financial crisis won't affect this project.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2009 at 23:57
Originally posted by SkaNdErBeG

Thanks for the answers.. It'll probably take some time before the construction starts, afterall its not long ago this project was announced.

Lets hope the financial crisis won't affect this project.


This is what we are the most afraid of


Posted By: maestro
Date Posted: 28-Jun-2009 at 17:41
Сега на Сител Бизнис Вести имаше кајрон „Трговскиот центар кај Алумина ќе се реализира“. На сајтот не гледам ништо поставено, освен наслов од вчера кој вели за запуштеноста на објектот.


УЛТРА МОДЕРНИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СЕ УШТЕ Е САМО ПРОЕКТ

РЕАЛНОСТ Е ЗАПУШТЕНИОТ ПРОСТОР НА НЕКОГАШНА АЛУМИНА

Наместо очекуваниот модерен шопинг центар, некогашна Алумина е претворена во рушевини.

Запуштениот простор од 150 илјади метри квадратни стои неупотребен во центарот на Скопје. На ова земјиште требаше да се гради трговски и деловен центар во вредност од 100 до 120 милиони евра. На веб сајтот на новиот сопственик, израелската компанија Газит Глоуб, може да се види и проектот за тоа како треба да изгледа ултра модерната градба. Сител во неколку наврати се обиде да добие одговор од компанијата зошто изградбата се уште не е почната.

Израелската компанија Газит Глоуб стана легален сопственик на Алумина на 30 јуни минатата година. Фабриката и земјиштето беа откупени за 22 милиони евра. Изградбата на најавениот модерен шопинг центар, луксузен хотел и деловни згради требаше да почне за 3 до 4 месеци од продажбата на скопска Алумина. Но и после цела година, од инвестицијата ни трага, а надлежните институции си ја префрлаат топката.

Продажбата на Алумина во стечај успеа по неколку пропаднати тендери на кои никој не се јави. Зделката со Газит Глоуб се реализираше преку кабинетот на екс министерот за странски инвестиции, Глигор Ташковиќ. Писмено тој ни одговори дека по продажбата нема повеќе контакти со компанијата, но дека не постојат ни рокови, ниту услови за инвестицијата, бидејќи Алумина се продала како претпријатие во стечај, без други обврски. Што ќе се случи со фабриката сега зависело само од новиот сопственик Газит Глоуб, кој е втора најголема компанија за неподвижен имот во Израел. Може единствено да се шпекулира дека плановите ги одложила економската криза која силно ги погоди недвижностите, вели Ташковиќ.

Израелците во овој бизнис работат во повеќе земји, како САД, Канада, Бразил и Индија, а во регионот се присутни во Бугарија и во Турција. Алумина е една од ретките фабрики во Македонија која беше продадена по повисока вредност од проценетата.

http://sitel.com.mk/?ItemID=5C0A05A7BC63564F9D9E5EC95AF00B7A



На линкот од Сител имате и видео.

Инаку на слика денес го имаше и истиот рендер со двете кули.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2009 at 18:56


Добра вест маестро Thumbs%20Up. Еве ја објавиле и на сајтот.

ГАЗИТ ГЛОУБ - ПРОЕКТОТ КАЈ АЛУМИНА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА

Израелците не се откажуваат од изградбата на ултра модерниот шопинг центар во Македонија на земјиштето на некогашна Алумина.

Во телефонски разговор за Сител, директорот на Газит Глоуб за југоисточна Европа, Ронен Ашкенази изјави дека компанијата има сериозни намери за реализација на инвестицијата од 120 милиони евра во нашата земја, но со градба сеуште не почнале, бидејќи проект со таква големина подразбирал и голем број на процедури. Ашкенази не прецизираше за какви процедури станува збор, но најави подетални информации од компанијата во текот на неделата.

Израелската компанија Газит Глоуб стана легален сопственик на Алумина на 30-ти јуни минатата година. Фабриката и земјиштето беа откупени за 22 милиони евра, или за 20% повеќе од проценетата вредност на имотот. Проектот требаше да почне да се реализира некаде во октомври минатата година, но и после цела година на теренот се уште нема никакви активности.

Модерната градба ќе биде прва од ваков тип во Македонија. Покрај трговскиот центар, ќе се гради и луксузен хотел и деловни згради, а за целата таа структура се планирани и 2.500 паркинг места.



http://www.sitel.com.mk/?ItemID=2C4296ECFA864548A71DB55A312117A7


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Jun-2009 at 12:40
навистина убава вест, само ми е страв да не го заменат проектот со некој „поевтин“
и уште не знам дали треба да ги занемаруваме „процедурите“


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Jun-2009 at 21:34
uste eden super vest
 

ГАЗИТ ГЛОУБ ЌЕ ГРАДИ МОДЕРЕН ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО "АЛУМИНА" ЧЕКААТ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА ОД ОПШТИНА КАРПОШ

До крајот на годинава ќе почне изградбата на шопинг центарот на земјиштето на некогашна Алумина. Во телефонски разговор за Сител, директорот на Газит Глоуб за Југоисточна Европа, Ронен Ашкенази изјави дека проектот целосно е готов и компанијата чека одобрение за градба од Општина Карпош.

Ашкенази е уверен дека тоа е само процедура и дозволите ќе ги имаат до крајот на годинава, со што ќе почне да се гради трговскиот центар.

– Проектот ќе почне да се реализира оваа година, 2009-та. Имаме трговски центар кој е целосно дизајниран, чекаме само одобрение од општина Карпош. Доколку се биде во ред и ги добиеме дозволите навреме, изградбата ќе почне до крајот на годинава - изјави Ронен Ашкенази, директор на Газит Глоуб за Југоисточна Европа во телефонскиот разговор за Сител.

Од Општина Карпош не информираа дека има уште неколку процедури до реализацијата на ултрамодерната градба. Прво треба да се изработи деталниот урбанистички план, Газит Глоуб да поднесе барање за локациски услови и за проектот, кои кога ќе бидат одобрени компанијата ќе треба да плати комуналии и потоа ќе може да гради.

Модерната градба, со трговски центар, луксузен хотел и деловни згради ќе биде прва од ваков тип во Македонија. Израелската инвестиција за проектот изнесува 120 милиони евра.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=AD8838D27E675A46AAAC387518FF2653 - http://www.sitel.com.mk/?ItemID=AD8838D27E675A46AAAC387518FF2653


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Jul-2009 at 01:46
Да се надеваме дека овие најави се реални а не само колку да замолчат новинариве 5-6 месеци ....
 
 
 
Ова незнам како да го сфатам...
 
Проектот ќе почне да се реализира оваа година, 2009-та. Имаме трговски центар кој е целосно дизајниран, чекаме само одобрение од општина Карпош.
 
 
... дали дека само трговскиот ќе го градат а зградите ги оставаат за понатаму, или пак дека дизајнот за зградите не е готов ама штом завршат одма ќе поцнат со градба???
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Jul-2009 at 01:54


незнам како да го толкувам ова што си го потенцирал, но јас лично сум скептик за реализацијата на тие две кули. Не заради друго, туку заради премногуте примери во некои соседни градови каде се гради многу поголемо и на големо од Скопје, но ваквите проекти редовно се изјаловуваа. Просто не ми се верува дека ние кои знаеме да искомплицираме се ќе истуркаме нешто вакво.

Дополнително, тоа е огромен простој кој би требало да се изгради. Кој би го закупил?



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jul-2009 at 02:05
Јас не би обраќал премногу внимание на тоа „трговски центар“. Знаете колкава поетска слобода си земаат добар дел од нашите новинари. Којзнае, можеби е речено нешто сосема трето, а нам ни е пренесено како „трговски центар“ кој е целосно дизајниран.

Не знам што да мислам за информацијата во целина... Кој не сака да го види овој проект да стартува? Но оние тврдења дека се е сигурно и спремно и дека се чека само на некои формалности е најупотребуваното клише кај нас и не гарантира ама баш ништо. Што ни останува освен да се надеваме дека нема да остане само празен муабет.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Jul-2009 at 14:07
jas mislam deka ova investicija ce se realizira, deka koga se javija od nekoj vesnik da go prasat poradi proektot, tie rekoa deka ce se javat za nekolku dena i ete nad 2 dena se javija, sto znaci imaat interesi zatoa nema pricina da ne ignjorirat
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2009 at 17:07
Штотуку е почнато со оградување на просторот. Ми беше кажано дека рокот за рушење на фабриката и расчистување на теренот е 6 месеци.




Cheers Cheers Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Aug-2009 at 04:12
Се обидов со некоја проста пропорција да проценам колку е висок трговскиот центар па според тоа да видам всушност колку спрата реално е висока зградата. Се работи за реална висина од 28 спрата!




Posted By: blejdsk
Date Posted: 24-Aug-2009 at 01:25
Одлична позитивна информација,,,ова ми се допаѓа ))

-------------






Print Page | Close Window