build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 55>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 03-Jul-2010 at 03:04
Originally posted by lslcrew

Ама добро, еве немора да тоа биде организирано незнам од какви организации, партии, чуда, врагови. Еве нека се соберат десетина архитекти со тим за компјутерска обработка и нека покажат дека стварно може да се направи ваков проект за централно градско јадро во модерен современ стил. Немора да тоа биде детален проект, нека биде само идеја основна. Да може јавноста да опипа и да стави на вага ск14 со нешто што ќе тежи од каршија.
Повторно го поставувам истото прашање - а која е поентата и какви ефекти очекуваш?

За идеи има секој, па и јас и ти... И многумина други... И сигурно многу концепти се ставени и на хартија или во некој фајл, ама што со тоа? Демек само фалеше некаква прес конференција со презентација и се ќе беше поинаку? Да не бидеме со сила толку наивни...

Да сакаа господата да видат проекти и тоа вистински проекти, ќе имаше конкурс. Ама не сакаа да видат ништо друго освен СК 2014. Тоа е тоа.



Originally posted by lslcrew

Главниот проблем очигледно не е стилот, него борбата е воопшто дали да се заокружи или не централното градско јадро и институциите на државава, а стилот дури допрва после тоа следи. Да беше и модерен пак ќе беше проблематичен. Е сега дека треба да се заокружи, очигледно е дека треба.
Не сум сигурен дека го разбрав ова... Сакаш да кажеш дека има заговор против заокружувањето на централното градско подрачје и институциите на државава  Question
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 03-Jul-2010 at 03:17

lsl, си едитирал, па да го искоментирам и новиот дел:
Originally posted by lslcrew

Луѓе, ама сега тоа е политичкиот живот, така иде секаде во свет. Такво е нивото на тој политички живот и така се игра. Наивно е некој архитект дома да чека да му тропнат на врата и да го молат да проектира градски центар. Мора да си се избори за својот простор и со политички средства, а оценувач е јавноста. Најмалку тоа е некој тип во канцеларија некаде позади завеса. Еве нека излезе втор проект во модерен стил, да почекаме ако некој тоа воопшто го има во план, па тогаш ако треба и сам ќе го цитирам овој пост, но сигурен сум дека искрен проект ќе наиде на голема медиумска поддршка. Па да се најде еден паметен сега да излезе со таква идеја малку поразработена, може да стекне слава и да добиеме лик во архитектурата како што Тоше се памти во музика, Пандев и Панчев се во фудбал, Делчев е во револуционерна борба. Ако биде паметен ќе може на таа вага да застане и јавно да тежи исто колку што на другата страна тежат неколку институции. Во свет паметни градат кариери на вакви случаеви преку ноќ, кај нас не ми се верува дека никој не гледа воопшто шанса, а не па да се нафати. А кај нас попусто се троши времето на забегување со сарказми и цинизам.

Не знам кој тоа чекал некој да му тропне на врата, за да испорачал проект за центарот на скопје. Не иде тоа ниту со тропање на врата, ниту пак со презентација на „искрени“ проекти на прес конференции. По којзнае кој пат - се знае како оди, преку конкурс. Но проблемот е што на некои навистина им е тропнато на врата за да го креираат СК 2014, само по кој основ и критериум се избрани тие луѓе и од кого?

Инаку веќе реков да не бидеме со сила толку наивни околу поентата и ефектите што би ги имало ова што го предлагаш. Ниту пак концептот за раѓање на некаква си архитектонска „ѕвезда“ држи вода. Но најбитно, сето тоа воопшто не би го тангирало СК 2014, а овде сепак тоа е темата.





Edited by Cloverstack - 03-Jul-2010 at 03:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 03-Jul-2010 at 03:24
Па еве нека се соберат, еве од клипот навака скоро пола година има. Малку ли време потрошивме на урушување на постојниот проект, наместо пласирање нови проекти и идеи. Еве памти го постов, стави го во фејворитс, и кога ќе излезе втор проект (со малку повеќе време и идеја посветени на него) ќе го цитираме постов. Па тогаш да видиме дали дебата ќе биде за/против ск14 или ќе биде помеѓу ск14 и ск15 (некојси).

Велиш дека има многумина други. Еве колку што можам да приметам освен за музејот на вмро не памтам за некој друг објект да имало други идеи. Еве кај се тие архитекти што ги дале тие проекти да ги споделат во јавност и да ги стават на јавен мегдан. Потсвесно го отстапуваат целосно легитимитетот на некоја затворена комисија.

И дали актуелната гарнитура сакала или несакала да види друго мислење и дали распишала конкурс е најмалку битно. Каде е зрелата политичка борба на други автори (најмалку на партии) кои мислат дека може подобро и поубаво. Така се води современо општество. А кога една партија има простор, нормално дека ќе го користи. Зашто би била будала сопствениот макотрпно освоен политички простор да го отстапува на некој што дома седи во тросед и чека туку-така да го викнат. Многу си мислиме ние тука дека незнам каде било поинаку и се било така утопија и само кај нас имало ваква политика. Па и јас да имам таков простор за дејствување и јас така ќе се понашам, ако ни еден архитект не ми дише во врат. Да го молам да ми контрира..... ни во лудило. И ни еден политичар во свет, ни еден чиновник и функционер не размислува поинаку, ниту па е забележан таков случај, и наивно е да се очекува.

Еве уште еднаш ќе кажам, чекам втор проект, жал ми е за предходниов параграф што морав да го пишам, но морам да објаснам како изгледа и како сакам да изгледа македонскиот политичко-интелектуален простор. Дајте конечно да се одлепиме од тоа за/против единствени решенија. Да почнеме да бираме и споредуваме меѓу повеќе производи. Политичко-интелектуалната самопослуга да ја направиме широкоснабден маркет, а не ГраНаПче како од пред половина век.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 03-Jul-2010 at 03:30


Не само што се вртиме во круг со дискусијава, туку со последниов пост веќе начнуваш и во сосема непотребна и непожелна тематика. Во интерес на нишката нема да реплицирам, но мислам дека во претходните постови ионака опфатив се што требаше, па нека остане на тоа.


Edited by Cloverstack - 03-Jul-2010 at 03:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 03-Jul-2010 at 04:00
поентата на лсл е на место, та дури и никој не ги викнал на конкурс со свое решение, та дури имале и наметнат правец за следење, та дури и револтирани биле архитектите, тие во секој случај требаше да излезат како што спомна лсл на мегдан, бар ова денес е изводливо и без никој особено да се замара со ова програмиве за проектирање...

прво кроењето на мал ринг требало во илјада варијанти да го понуди само факултетот преку своите студенти, а не па што е потребно и секој етаблиран архитект да има понудено изложбено бар своја размисла ако ништо друго ! но ај што сите се во аут, та дури и својата неспособност си ја оправдуваат да не речам утешуваат со мрчење, само незнам до кога така!? но простено им е со оглед дека нивниот модернизам ниту може ниту мрднал подалеку од проектирање на подруми!

~

сепак и власта изигра надмоќно и напнато, но тоа воопшто не ја оправдува неспособноста на домашниот арх. еснаф да понудат воопшто некаква алтернатива! ајде еве имаат цел град, комотно можат да се искажат на сите страни, бар идејно, а тие пак дремат, пак чекаат некој друг да распали та пак да мјаучат како тоа биле обесправени и никој не ги есапел, та кој, зошто и каде да ги есапи!? абе до сега откако се обелодени проектов освен мрчење по медиуми, но и еден форум кој ни го организира австриски македонец тука, не чув нит видов некоја активна дебата на темава, а уште помалку пак некоја алтернатива! па бар на студентите да им дадеа ова плукачите една семинарска ако ништо друго, но тоа е тоа не еднаш ќе потенцирам нам уште во корен ни се затнати работите, а не па на видело!
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 03-Jul-2010 at 12:20
Originally posted by lslcrew

Главниот проблем очигледно не е стилот, него борбата е воопшто дали да се заокружи или не централното градско јадро и институциите на државава, а стилот дури допрва после тоа следи.


Ајде те молам. На недовршениот архив веќе се местат деталите од семакедонскиот барок. Во случајот со мал ринг, стилот е ставен пред разумот, фино амнестиран со “идентитетот“, па сите што ќе предочат некои реални факти за планот(не за стилот), автоматски се самонегираат и се одродени елементи на општеството. Соголен од стилот, планот е урбанистички дилетантизам. И тоа не е ствар на вкус, тоа е факт. А не знам по кој основ ја изнесуваш теоријата дека некој заговара вечно недовршување на малиот ринг....

Веќе е извитоперена перцепцијата за планирањето. Урбанистички планови за комплетно преуредување на деликатно градско ткиво не се прават преку ноќ, иако упорно се дресира јавноста дека тоа е така, и дека тоа е нормално.

Контрапроект изваден во краток временски рок (на пр. веднаш по фамозното “клипче“), не може да биде квалитетен. Нема да биде ништо подобар од оној за СК2014 , само ќе биде стилска спротивност. А издржан проект бара време и ресурси, мислам дека дури и се подготвува... меѓутоа на пола раскопан центар, тоа ќе биде само едно големо ЏАБЕ... Но тоа не треба да ги спречи некои од членовите на форумов да чекаат втор проект, па и трет здравје боже Додека чекате, разгледувајте ги конкурсните решенија за Објектот на Мајка Тереза Ако сакате може да побараме уште еден конкурс за објектот, за да има различна понуда, не за друго

Originally posted by lslcrew

Каде е зрелата политичка борба на други автори (најмалку на партии) кои мислат дека може подобро и поубаво. Така се води современо општество.


Точно. Ама зрела “политичка“ борба на идеи, ќе видиш во зрел државен апарат.

Со пубертетско мешање во просторно планирање, со стилски условувања (безразлика какви) и праење “финти“ ... тешко дека ќе видиш широкоснабден маркет поразличен од TINEX (pun intendend)

Тоа што постоечките идеи за Скопје(какви-такви), до сега не стигнале до широката јавност, можеби е пропуст....  ама не гледам како реално би сменило во ситуацијата со Малиот ринг.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 03-Jul-2010 at 21:45
Читам од коментариве па се чудим по мене уставниот суд исправно си донел одлука. Колку знам секоја општина зошто си има совет и зошто си има градоначалник секој план секоја идеа треба да се преточи во проект треба да пројде преку советот на општината и таму да добие подршка,па потоа може да се гради да се ѕида да се види од каде се сретствата кој е инвеститор кој добил тендер колку пари ќе чини, значи ставање споменици и градби е надлежност на општините и фирмите кои тоа го работаат. Е сега што е владата ? владата е еден вид надзорно тело кое го контролира  општественото работење и гледа дали тоа правилно се извршува за таа цел и стојат механизми на работење, владата не е фирма па да сама гради, па најмалку се ваквите работи нејзина ствар. Спрема тоа ако го погледнеме проблемот од друга страна мене ме досади тоа сум го кажал многу пати зад овој проект се други намери многу чудни многу нереални од доменот на фантазиата и штетни за Македонскиот народ.
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 03-Jul-2010 at 21:55
Originally posted by Dragan

Спрема тоа ако го погледнеме проблемот од друга страна мене ме досади тоа сум го кажал многу пати зад овој проект се други намери многу чудни многу нереални од доменот на фантазиата и штетни за Македонскиот народ.
 
 
Е ајде де,објани им го тоа на улетаниве од влада.Зарем малце има Македонија природни убавини и вистински антички споменици низ целата држава кои се достојни и за туризам и за лична гордост на нашиот народ,па ајде сега ќе измислуваме барокни и не знам какви ти објекти и споменици во 21 век.Кога треба да се фокусираме да одиме напред и да се ослободиме од притисокот од минатото.За жал премногу наивно ми делуваа оваа влада и не знае да го искористи вистинскиот потенцијал на нашата убава Македонија.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 03-Jul-2010 at 22:21
Previous Па се слагам со тебе и да додадам малку ми се чини како да се изгубивме поради еден проект во нешто што не можеме и не му знаеме да му дадеме одговор. Немој погрешно да ме сватиш, ако не сум јасен еве директно овој проект е покривка и креација на барање на идентитет кој јас не го разбирам премногу зборува за антика. Од друга страна ако нека се гради но и тоа сум го кажал Скопје е предвиден пред многу години како отворен град на кој денес подобро би му прилегала модерна архитектура како што се градат во големите градови на развиените земји ( па нека е тоа стакло челик и бетон) одколку стари стилови кои како ние да сме ги измислиле па еве ни фалат за во Скопје, се на се по мене требаше да се гради нешто модерно ( зошто и не модерен бизнис центар во центарот на Скопје) па нека има од тоа нешто фајде.
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 03-Jul-2010 at 22:37
Апсолутно правилно те сваќам Драган,а за тоа дека преку овие проекти се трага по нашиот идентитет секој малце разумен човек ќе го свати тоа.
 
Но суштината на проблемот во што ја гледам.Ја гледам во тоа што со овакви проекти, како што кажа и ти самиот,само се негираме себеси и се обидуваме да се себе "спознаеме",небаре пред Никола Груевски не знаевме кои сме.
 
Крајно вештачка ситуација за нашиот народ,за кој е вистински срам да се трага за некојси идентитет кој што ние го имаме со векови и дури недостојно и срамно би го нарекол ова задирање во нашиот уникатен идентитет.
 
Уште еднаш,штета што се уништува природниот дух на Скопје,се осеќа како самиот град се гуши во вештачки создаденава ситуација.
 
Кој како сака нека ме свати.


Edited by Buliwyf - 03-Jul-2010 at 22:47
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 03-Jul-2010 at 22:57
Previous Сосема логички и исправно размислување, и нема потреба да се плашиме за себе затоа што добор знам кој сум и што сум а кој не сум, и тоа нема да се промени и од тука е моето мислење дека сето ова што го викаат Скопје 2014 е непотребна авантура на владата, ми текна во статистиката има така наречена афтокорелација или објаснување од објаснето при што нема резултат односно дигитронот покажува ЕРОР Smile. Добро ајде да не претераме понатака да сме живи и здрави и да ни е вечна државата LOL
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 03-Jul-2010 at 23:02

Богами доволно е,ќе помислат дека сме од иста партија LOL(кај нас ако не е црно е бело)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 04-Jul-2010 at 20:24
@ Max

По мое мислење има доста вистина тоа што го кажа, но како што пишав и погоре, сето тоа не го прави СК 2014 ништо подобар или полош отколку што е, ниту ги менува сите негови слабости, пропусти, глупости... ниту пак нуди некакво оправдание или амнестирање за проектот или неговите креатори и реализатори. Урбанистичките и архитектонските карактеристики на СК 2014 не може да ги ставаме во втор план.


Edited by Cloverstack - 04-Jul-2010 at 20:26
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 09-Jul-2010 at 14:28

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ЈА ПОВТОРУВА ПОСТАПКАТА ЗА СПОРНИОТ ДУП

Втора мајка за "Мал ринг"

Општина Центар не се откажува од изградбата на објектите кои се предвидени со последните измени на ДУП-от "Мал ринг", и на наредната седница ќе започне процедурата за усвојување на измените на планот во редовна процеду

Општина Центар ќе ја повторува постапка за донесување на измените на Деталниот урбанистички план "Мал ринг". Иако планот падна на Уставен суд бидејќи бил донесен во скратена постапка, Општина Центар не се откажува од изградбата на објектите кои се предвидени со него. Веќе на наредната седница ќе започне процедурата за усвојување на измените на планот во редовна процедура, што би траело најмалку шест месеци. Најпрвин ќе треба советниците да ја усвојат нацрт - верзијата на планот, потоа да биде даден на разгледување на стручната јавност, па изложен на јавна анкета пред граѓаните, и на крај предлог-планот да се усвои од советниците.
"Нашите стручни служби оценија дека ниту една од градбите на левиот брег на Вардар кои се предвидоа со последните измени на ДУП-от не се спорни, и затоа веќе на наредната седница ќе започнеме со постапка за донесување на планот во редовна процедура", вели градоначалникот Владимир Тодоровиќ.
Со последните измени на спорниот ДУП, вцртани се маркички за портата, зградите на Кривичниот суд, на Обвинителството, Финансиската полиција, на Министерството за надворешни работи, четири катни гаражи, како и обелискот среде Жена парк. Нелегални се и фонтаната и плоштадот на просторот пред црквата "Свети Димитрија", спомениците на мостот Око, античките столбови и хотелот пред Македонската опера и балет. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=DD172D07A52DD847B36CB2AA79229414
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 09-Jul-2010 at 14:43
Originally posted by Baze

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ЈА ПОВТОРУВА ПОСТАПКАТА ЗА СПОРНИОТ ДУП

Втора мајка за "Мал ринг"

Општина Центар не се откажува од изградбата на објектите кои се предвидени со последните измени на ДУП-от "Мал ринг", и на наредната седница ќе започне процедурата за усвојување на измените на планот во редовна процеду

Општина Центар ќе ја повторува постапка за донесување на измените на Деталниот урбанистички план "Мал ринг". Иако планот падна на Уставен суд бидејќи бил донесен во скратена постапка, Општина Центар не се откажува од изградбата на објектите кои се предвидени со него. Веќе на наредната седница ќе започне процедурата за усвојување на измените на планот во редовна процедура, што би траело најмалку шест месеци. Најпрвин ќе треба советниците да ја усвојат нацрт - верзијата на планот, потоа да биде даден на разгледување на стручната јавност, па изложен на јавна анкета пред граѓаните, и на крај предлог-планот да се усвои од советниците.
"Нашите стручни служби оценија дека ниту една од градбите на левиот брег на Вардар кои се предвидоа со последните измени на ДУП-от не се спорни, и затоа веќе на наредната седница ќе започнеме со постапка за донесување на планот во редовна процедура", вели градоначалникот Владимир Тодоровиќ.
Со последните измени на спорниот ДУП, вцртани се маркички за портата, зградите на Кривичниот суд, на Обвинителството, Финансиската полиција, на Министерството за надворешни работи, четири катни гаражи, како и обелискот среде Жена парк. Нелегални се и фонтаната и плоштадот на просторот пред црквата "Свети Димитрија", спомениците на мостот Око, античките столбови и хотелот пред Македонската опера и балет. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=DD172D07A52DD847B36CB2AA79229414


Дали ова значи дека некои од градбите на десниот брег на Вардар се спорни? Иако држам палци да е така LOL, не верувам дека ќе смени нешто ова освен запазување на процедурите (иако крајно нелегално поради закаснувањето).
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 15-Jul-2010 at 22:16
Сега Уставен падна во Општина Центар


Меѓу нив изградбата на двете фонтани во Вардар која продолжува сиве?????? денови Градоначалникот Тодоровиќ рече дека фонтаните не биле спорни. Инаку, со одлуката на Уставниот суд се поништи процедурата, а со тоа и планот на чија листа беа врбите во Вардар, пешачки мост, двете фонтани во Вардар, триумфалната порта, катните гаражи. Новиот термин за завршување на објектите сега е 2015-та


Шесте катни гаражи, фонтаните, триумфалната порта, спомениците, административните објекти од левата страна на Вардар како и новите сообраќајни решенија за срцето на градот, по вторпат после неодамнешното укинување од страна на Уставен суд, изгласани од советниците на Општина Центар. Разликата на оваа одлука според советниците, во споредба со старата, е во тоа што измените на Деталниот урбанистички план Мал ринг, ќе се носат во редовна процедура како што треба а не скратена. Жолчната 29-та седница на Општината Центар на која беше изгласана оваа одлука, помина со бурна расправа на која неколку пати беше прекинувана од страна на советниците што од технички проблеми, што од потреба за меѓупартиска консултација.
И за овој план спротивставени мислења, конфузни ставови. Наметната дилема - дали планот е спротивен на Генералниот урбанистички план.

Опозицијата обвини дека и новиот нацрт-план кој не се разликува од стариот има големи недостатоци и е спротивен на Генералниот урбанистички план. Постапаката за нацрт-планот е спротивна на законот за просторно и урбанистичко планирање и нема оцена за влијанието врз животната средина, тврдат од СДСМ. За нив е спорно и тоа што некои градби ги попречуваат проектите на генералниот план со што ќе се погреба идејата за сообраќајно решение на градот.
"Ние со овој план на самите траси, поставуваме објекти. Планот го правиме нереален, го воведуваме во фаза да не може да се реализира", изјави Јован Тагасовски, советник на СДСМ.
Контра на ова советниците на ВМРО-ДПМНЕ велеа дека беспотребно само се кочи проектот, иако и при донесувањето на првиот според нив немало ништо спорно.

Владимир Бахчовановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, напомена дека овој пат ќе се запази редот и изгласаниот нацрт-план да помине на јавна расправа и презентација пред тој конечно да стапи во сила се со цел да се избегнат понатамошните препреки.

Меѓу нив и изградбата на двете фонтани во Вардар која продолжува сиве денови Градоначалникот Тодоровиќ рече дека фонтаните не биле спорни.
Со одлуката на Уставниот суд се поништи процедурата, а со тоа и планот на чија листа беа врбите во Вардар, пешачки мост, двете фонтани во Вардар, триумфалната порта, катните гаражи. Новиот термин за завршување на објектите сега е 2015-та.

 
Веројатно врбите ќе одат курбан за 2015, другово тешко дека ќе остане за после 2012.. Big%20smile


Edited by SkyBoy - 15-Jul-2010 at 22:17
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 19-Jul-2010 at 11:59
До крајот на месецов „Малиот ринг“ на јавна анкета
     
Советниците на општината Центар предлагаат анкетата да трае три недели или еден месец, за да може заинтересираните детално да го разгледаат ДУП
     
Најновите измени и дополнувања на деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“ од 27 овој месец ќе бидат ставени на јавна анкета. Од општината сé уште не знаат дали анкетата ќе трае 10 работни дена, како што налага Законот за просторно и урбанистичко планирање или, пак, рокот ќе се продолжи поради годишните одмори. Советниците на општината Центар му предложија на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, анкетата да трае три недели, па дури и еден месец, за да може жителите детално да го разгледаат и да се информираат за планот, за потоа да може да дадат и свои забелешки за него. Одговорните за урбанизмот во општината не сакаат да признаат дека промената на планот е поради тоа што Уставниот суд ја прогласи за незаконска претходната верзија на овој документ. Оттаму објаснуваат дека во април се откриени одредени технички недостатоци на планот, што мора да се коригираат.

Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека и овој пат се исклучени од изработката и на последната верзија на планот, што може да резултира со уште еден неуспешен урбанистички обид за центарот.

- По видеопрезентацијата на проектот „Скопје 2014“ се мобилизиравме како еснаф. Се обративме до Владата, до премиерот Никола Груевски, министерката за култура. Сакавме да им ги предочиме сите негативности во планот и проектот, да покренеме една јавна дискусија, да ги изнесеме нашите ставови. Не успеавме во нашата намера пред неколку месеци, а еве надлежните институции повторно нé повикаа. Мислам дека ќе беше од голема полза ако помогневме барем во програмскиот, урбанистичкиот дел, односно во делот во кој се гледа што е потребно, а што не - објасни архитектката Даница Павловска, претседател на управниот одбор на претседателството на ААМ.

Ова е петта по ред постапка за менување на ДУП за „Малиот ринг“. Сé почна во јануари 2008 кога премиерот Груевски изјави дека сонувал како на плоштадот „Македонија“ е изградена црква. Само два месеца подоцна се направи нова верзија за „Малиот ринг“ со маркичка за овој објект, но и за триесетина споменици, згради на Уставен суд, Археолошки музеј, МНР, фонтани во Вардар, нов пешачки мост и два портали на улицата Македонија. Значајно е и тоа што максимално дозволената висина се зголеми од 22 на 29 метри. Во летото 2008 година уследи уште една измена, со која се впиша подземната улица под кејот за потребите на објектот што се гради на местото на поранешната Народна банка. Тогаш се предвидоа и надградби на Домот на АРМ и ТЦЦ „Плаза“, Собранието, подземни паркиралишта под паркот „Жена Борец“ и кај „Палома Бјанка“. По само една година, во август минатата година е направена и третата промена во која во центарот се вметнаа 20 метарски обелиск спроти Собранието, две подземни сообраќајници, пет катни гаражи, уште една кружна зграда кај МОБ и деловен објект. Во четвртата верзија единствената поголема промена беше ѕидот од осумметарски столба на левиот брег на Вардар во форма на амфитеатар. И конечно последната измена не предвиде ниту еден нов објект, туку само нова и овој пат регуларна, а не скратена постапка за донесување на детален урбанистички план.

Но со ребалансот на државниот буџет, Министерството за култура на сметката на општината Центар, треба да префрли 6,6 милиони евра за изработка на нови споменици, од кои пет милиони се за паметниците, а остатокот за изработка на проектна документација. Пред неколку дена распишан е уште една јавна набавка, во кој се бара леарница што ќе ги прави спомениците од бронза.     
     
Автор: Александра Денковска


Оригиналниот текст
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 28-Jul-2010 at 16:20
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО НАЦРТ НА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ “МАЛ РИНГ” ДЕЛ ОД БЛОК 1, БЛОК 4, БЛОК 5, БЛОК 6 И БЛОК 7 ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007 и 91/2009) член 50 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ 5/02) и член 36 став 1 точка 16 од Статутот на Општина Центар – Скопје (Службен гласник на Општина Центар бр.1/06), Градоначалникот на Општина Центар го издава следното


С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од централно градско подрачје дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА


по Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план централно градско подрачје на Град Скопје "Мал Ринг” дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5, Блок 6 и Блок 7 Општина Центар – Скопје.

Границите на опфатот се :

- На север Булеварот "Гоце Делчев”
- На Исток Булеварот "Војвода Васил Аџиларски”
- На Југ Булеварот "Даме Груев”
- На Запад Булевар "Даме Груев” и Булевар "ВМРО”
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 54.00ха.

Јавната презентација по Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план централно градско подрачје на Град Скопје "Мал Ринг” дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5, Блок 6 и Блок 7 Општина Центар – Скопје ќе се одржи во просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев на ден 28.07.2010 година (среда) во 10,00 часот.

Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план централно градско подрачје на Град Скопје "Мал Ринг” дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5, Блок 6 и Блок 7 Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев, 12 работни дена сметано од денот на објавувањето на Соопштението секој работен ден од 10-17 часот, односно од 26.07.2010 до 11.08.2010 година.

Контакт телефон 3203605

Во определениот рок заинтерисираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.


Оригинален текст - тука

Квалитетно избрани денови за презентација, мора да се признае...

п.с просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев се некаде спроти Т-mobile стакленикот....

Edited by Dave Gahan - 28-Jul-2010 at 16:25
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 28-Jul-2010 at 20:06
Денеска бев на презентацијата на ДУП-от за Мал Ринг. Имаше околу 30-40 луѓе, а просторијата беше од десетина квадрати, не можеше ни да се влезе.

Нема ништо ново во планот, така кажа и проектантката од ИНПУМА, а се повторува постапката заради одлуката на Уставен. Наведно ги имале обезбедено сите дозволи и мислења од надлежните институции и ги негираа тврдењата на претставници од Асоцијацијата на архитекти кои велеа дека е загрозена основата на Камениот мост со планираниот подземен паркинг.

Слики за жал немам, ама планот е истиот што е тука некаде на форумов...
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 28-Jul-2010 at 21:43
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 55>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.367 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.