![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627> |
Author | ||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15108 |
![]() ![]() |
|
Сакаш да кажеш дека Заев намерно саботира и ги казнува граѓаните? |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
РАМАДАНИ ЗА ФАКТОР: МЕПСО пак презема струја, ситуацијата е лоша
Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани. Претходно АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека заради дефект во котелот на Блок 1, целиот бпок е исклучен синоќа во 3 часот наутро. Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ЕСМ и сосем минимално од хидропотенцијалот. Рамадани е дециден дека мора брзо да се реагира и дека во моментов топлото време е на наша страна. „Преземавме утрово струја од европската мрежа, но не многу околу 30 до 40 мегаватчасови струја. Сепак исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди воприлог, не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен за РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е во добра и не ни оди во прилог, вели Рамадани за Фактор. Тој рече дека во моментов на компанијата и требаат околу 30 милиони евра од кои 15 милиони евра се за ликвидност. Деновиве ќе стасаат за наплата фактурите од преземањата на струја кои МЕПСО ги правеше во претходниот период. Можноста да се префрлаат пари од буџетот ќе се отвори со прогласување на кризната состојба која е планирана за утрешната владина седница. Од Министерството за економија за Фактор велат дека стартувањето на ТЕЦ Неготино ќе зависи од тоа дали Владата ќе прогласи енергетска кризна состојба на следната седница. На прашањето колку мазут има за централата упатуваат во ТЕЦ Неготино. Рамадани уверува дека засега нема да има рестрикции на струја, но останува проблематична ситуацијата со оглед на тоа што ниту еден домашен капацитет не произведува доволно. Не планирал да си оди од МЕПСО и вели дека ќе остане се додека не биде разрешен. https://faktor.mk/ramadani-za-faktor-mepso-pak-prezema-struja-situacijata-e-losha |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1124 |
![]() ![]() |
|
Најдобрата теорија на заговор на овие простори ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
ЕСМ ПЛАЌА 1,1 МИЛИОН ЕВРА: Струја што домаќинствата ја трошат од вчера до утре, цената е 240 евра!
Енергијата за која ќе платат 1,1 милиони евра ангажира 90 мегавати односно само 45 отсто од инсталираниот капацитет на само еден блок во РЕК Битола Државната компанија за производство на струја ЕСМ плати 1,1 милиони евра за набавка на електрична енергија која е потребна само за три дена односно за периодот од вчера 7 ноември до утре – 9 ноември. Резултатите од набавката се јавно достапни на веб страницата на државната компанија на следниот линк https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/REZULTATI-07.11-09.11.2021.pdf ЕСМ јакупува енергијата од 4 трговски компании и од еден приватен производител на струја. Цените за еден мегаватчас се движат од 199 евра до 259 евра. Само за споредба цената по која ЕСМ ја продава својата струја за потребите на домаќинствата е 37 евра за еден мегаватчас. За вчера се пазарени 10 мегавати моќност (5% од инсталираниот капацитет на еден блок во РЕК Битола) , а за денеска и утре се набавуваат 90 мегавати моќност (45% од инсталираниот капацитет на еден блок од РЕК Битола). Просечната цена за еден набавен мегаватчас изнесува 240 евра за мегаватчас https://faktor.mk/esm-plakja-11-milion-evra-struja-shto-domakjinstvata-ja-troshat-od-vchera-do-utre-cenata-e-240-evra |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2020 |
![]() ![]() |
|
Само приватизација и гасификација, блок по блок, кроз 15-тина години! Све друго е свирање курцу!
|
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 875 |
![]() ![]() |
|
Дефекти се случуваат секаде, ама на сред енергетска криза да останеш без ват сопствено производство е... немам ни пцовки за да го опишам. Едноставно, си ја зацртавме патеката и храбро си чекориме 30 години - партиско дно, дебилизам, безрбетништо, лигавење. Дно дна. Ти викаш приватизција, јас ќе се повикам на говор на омраза - само гилотина за цел партиски неспособен гнилеж навтеран во секоја пора на системот. Ама за жал радикални методи не се на повидок, па така да ни промени.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
Владата денес ќе прогласи вонредна енергетска криза
Денеска Владата на редовната седница треба да прогласи вонредна енергетска кризна состојба. Рестрикции на струја нема да има, според најавите од Министерството за економија, а до крајот на годината нема да се зголеми ниту цената на електичната енергија за домаќинствата, но сепак ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, прес се МЕПСО и АД ЕСМ. Во новата уредба се попрецизно пропишани работите во надлежност на Комисијата која ќе треба да се формира за следење на состојбата. Учесниците на пазарот ќе бидат должни на секој можен начин да прибават енергија со која ќе се покрие недостатокот. Освен хавариска испомош, дополнителен увоз и ангажирање резерви, се отвора можност за обезбедување дополнителни финансиски средства преку репрограмирање на побарувањата од балансно одговорните страни, како и ослободување од обврската за гарантирање на балансната одговорност. Ова значи покривање на “дупките” создадени од дебалансите со буџетски средства, односно употреба на парите на граѓаните за справување со последиците на крајно недомаќинскиот однос во енергетскиот сектор и отсуството на стратегија во секторот со години наназад, велат експертите. Кризна состојба, како што претходно најави министерот за економија Крешник Бектеши, ќе биде прогласена на денешната владина седница, а треба и да се знае колку средства од буџетот ќе бидат трансферирани кај енергетските компании. Според Бектеши, Владата има средства за да интервенира и во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од буџетот, но најверојатно се работи за сума од 100 милиони евра, пари кои останаа непотрошени за ковид-кризата. Во меѓувреме АД ЕСМ продолжува да купува струја за домаќинствата, откако РЕК Битола поради технички проблем престана да работи со единствениот блок кој произведуваше електрична енергија. Куштрим Рамадани, директорот на МЕПСО, пак рече дека на компанијата и се потребни барем 30 милиони евра во моментов. https://faktor.mk/vladata-denes-kje-proglasi-vonredna-energetska-kriza |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
ТЕМА НА ТВ 24: ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ЗЕМЈАВА - КАКО ДОЈДОВМЕ ДО СОСТОЈБА НА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА?
8 големи и 93 мали хидроцентрали, 3 термоцентрали на мазут и јаглен и три на биогориво, 1 ветерна електрана и 63 фотонапонски електроцентрали. Ова е вкупниот електроенергетски капацитет со кои располага Македонија. Термоцентралата РЕК Битола е најголемиот производител на струја кај нас. Заедно со термоелектраната Осломеј, обезбедуваат 79% од вкупното дневно производство на електрична енергија. Токму овие два капацитети се во фокусот на вниманието деновиве. За да ја амортизира енергетската криза, државата набави јаглен, за да ги стави во целосен погон овие две централи. Сепак, застарената опрема и слабото одржување, прават чести испади од системот. Последните се случија пред неколку дена, кога во РЕК Битола прво се запали трансформатор, па пукна цевка, поради што мораше да се запре производството на струја. И РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј се изградени пред точно 41 година. Последниот блок на битолската електрана е пуштен во употреба во 1988 година. Оттогаш, Македонија нема изградено сериозен електроенергетски капацитет, со кој земјава не би била увозно зависна. Македонија веќе 12 години не ја користи термоелектраната во Неготино за производство на струја. Иако нејзиниот капацитет е една третина од РЕК Битола и не е неза-немар-лив, централата која како енергенс го користи мазутот, не е во функција. Сериозната енергетска криза ја натера владата да прави сценарија, со кои наскоро ќе го пушти овој капацитет во погон. Пред две недели од таму соопштија дека анализираат можности за обезбедување на мазут во најкус можен рок, како би можело и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во секој момент се очекува оваа термоелектрана да започне со пробна работа, оти последен пат работела во 2009 година. Вториот голем потенција за производство на струја е водата. Најзначајни се хидроелектраните Вруток и Тиквеш. Првата е дел од трите хидроелектрани од т.н. Мавровски слив. Според експертите, ова производство е најефтино, но тоа зависи од хидропотенцијалот на акумулациите. Поради ова, но и поради капацитетите на централите, само 18 проценти од дневното производство на струја во земјава отпаѓа на хидроелектраните. Земјава има потенцијали за користење на обновливи енергетски извори. Веќе се инвестира во користење на сончевата енергија, енергијата на ветерот и биоенергијата добиена од отпадната маса од земјоделието. Но, капацитетите се се уште мали, па само околу 3 отсто од дневното производство отпаѓа на нив. Македонија е енергетски неефикасна земја, губи премногу енергија, долго не инвестира во нови енергетски капацитети, поради што е увозно зависна, веќе долго време апелираат експертите. Ако не се подобрат постојните енергетски извори и не се изградат нови, земјава ќе се соочи со забавување на целата економија, огромен трговски дефицит и недостиг од ресурси, коментираат тие. https://24.mk/details/tema-na-tv-24-energetski-kapaciteti-vo-zemjava-kako-dojdovme-do-sostojba-na-energetska-kriza |
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 875 |
![]() ![]() |
|
Ако не грешам, ова "79% од вкупното дневно производство" се однесува само на домашното производство, што нема врска со потрошувачката, и тука статијата е нејасна. Не знам точно колку беше, ама ми се чини дека во нормални услови произведуваме, со сите капацитети, околу 60-70% од тоа што го трошиме/ни е потребно. Некој поупатен?
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
од твитер
![]() |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
![]() ![]() |
|
Е сакаме и здрава животна средина, а сакаме и струја. You can't have your cake and eat it (Не може и волкот сит и овците на број).
Не сакавме да инвестираме во Белене, бевме против Чебрен и Галиште, и РЕК Битола и Осломеј ни пречат... Ништо лошо во тоа, ама струјата нема магично да излезе од никаде. Ќе ја плаќаме по увозни цени. Да, неспособни се властите, ама и да беа способни пак ќе требаше да се изградат дополнителни капацитети, особено хидроцентрали. Edited by гитардемон - 14-Nov-2021 at 15:11 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1124 |
![]() ![]() |
|
Може и тоа и тоа. Битола, Осломеј и Неготино на гас. Секако, прво до Москва и Катар на баци рака. Паралелно со тоа, привлекување приватен капитал за Чебрен, Галиште, соларни електрани и ветерни паркови.
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
@Гитардемон Сакаш да кажеш дека граѓаните со желбата за здрав воздух за дишење и заштита на националните паркови допринесоа ПРЕНЕСПОСОБНИТЕ државни власти да не доведат во ситуација во државава да не се произведува струја колку што се произведувало во 1996 година?!?
Која постројка е затворена поради граѓаните? Ситуацијава не е воопшто наивна, а во тоа најмалку се виновни граѓаните. Зашто никој не го споменува криминалниот закон донесен во време на поранешниот вицепремиер во кој стриктно се забрани домаќинствата да продаваат електрична енергија добиена преку ветер/сонце на нивните покриви на самиот систем со што практично се уништи единствената шанса да се мрднеа работите од мртвило. Дополнително, неспособните власти со неископаните количини на јаглен, неизвршените ремонти, непредвидените празнења на езерата продавајќи енергија претходно, немањето стратегија за било што, ниту изградбата на било каков друг енергетски објект се ЕДИНСТВЕНИТЕ виновници за ова. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
СТРУЈА ПАК САМО ОД ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА: Блок 2 го пуштија ноќеска, а сега го испитуваат
Во функција е ама не произведува струја. Вториот блок на РЕК БИтола сега повторно не произведува струја откако синоќа во 2.45 часот бил пуштен на мрежата. Од комбинатот потврдуваат дека моментно на постројката се изведувал технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот. Ветуваат дека ова ќе заврши до крајот на денот. Сега, значи повтроно струја произведува само еден болк на комбинатот. „Станува збор за испитување на нова, софистицирана опрема за заштита на генераторот од германскиот производител Сименс која беше набавена и инсталирана со цел зголемување на доверливоста на капацитетот и заштита на опремата. Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, велат од РЕК Битола. https://faktor.mk/struja-pak-samo-od-eden-blok-na-rek-bitola-blok-2-go-pushtija-nokjeska-a-sega-go-ispituvaat |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
ЕСМ не се јави на тендерот на ЕВН, струја за граѓаните ќе се увезува од странство а сметките ќе растат
На тендерот на универзалниот снабдувач за обезбедување на струја за граѓаните за следната година, државната ЕСМ не даде понуда, дознава Сител. Согласно законот за енергетика, државните електрани имаат обврска да покријат 60 проценти од потребните количини за домаќинствата. Со ова дополнително се проблематизира работата со електрчната енергија, бидејќи сега согласно законот ЕВН ХОУМ ( Универзалниот снабдувач) ќе мора потребните количини да ги обезбеди од увоз на струја по рекордно високи цени. Како за илустрација, државната ЕСМ досега на ЕВН ХОУМ, струјата за домаќинствата му ја продаваше за 37 евра за мегават час, а сега ќе мора да ја купи за над 200 евра за мегават час. Вообичаено компанијата за да ја држи ниска цената за граѓаните, ја нудеше својата електрична енергија по дампинг цена. Со ова станува се позвесно дека цената за домаќинствата од јанаури ќе се зголеми двојно. Инаку тендерот беше распишат на 2 ноември согласно законот кога требаше да се обезбеди струја за домаќинствата за 2022 година. За лошата состојба со струјата, неколку пати предупредија и експертите и посочија дека не чека тешка зима. Објектите се стари и дотраени и не може да ги испорачаат потребните количини струја. Пред неклку дена и владата прогласи кризна сосотјба во енергетиката, во времетраење од 30 дена. 65 милиони евра се префрлија на ЕСМ но за што точно ќе се користат овие пари се уште не се знае. Во меѓувреме и МЕПСО ја чека сметката за влечењето на струјата од европската мрежа која се чека да биде најмалку 16 милиони. Очекувањата се дека сосотојбата со струјата ќе се стабилизра дури во втората поливна догодина. https://sitel.com.mk/esm-ne-se-javi-na-tenderot-na-evn-struja-za-gragjanite-kje-se-uvezuva-od-stranstvo-smetkite-kje |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
МИЦУБИШИ“ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО РЕК БИТОЛА? Јапонците заинтересирани да градат гасна електрана
Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола за да ги испита можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола. На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Северна Македонија, односно за реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката. Согласно податоците што ги сподели делегацијата на ‘Мицубиши’, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија. Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на ‘Мицубиши’ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година“, соопшти ЕСМ. Делегацијата на „Мицубиши“ оствари средба и со претставници на Владата на Република Северна Македонија од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител. https://plusinfo.mk/micubishi-e-vleze-vo-rek-bitola-aponcite-zainteresirani-da-gradat-gasna-elektrana/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
Третиот блок во РЕК Битола нема да проработи до крајот на годинава
https://telma.com.mk/2021/11/17/третиот-блок-во-рек-битола-нема-да-прор/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20013 |
![]() ![]() |
|
ЕСМ набави само 90 илјади тони јаглен од Косово, за останатите количини ќе има нов повик
Електрани на Северна Македонија објави дека е прифатена понуда од 90 илјади тони јаглен од Косово за потребите за РЕК Битола, додека за останатите 810.000 тони ќе има повторно нов, односно трет повик за прибирање понуди. „Од деветтте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во Р. Северна Македонија и од регионот, дел од понуди не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација. Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј“, се вели во соопштението на најголемиот производител на струја во земјата. Само понудата на јаглен од Косово ги задоволувала техничките, финансиските и количинските барања на повикот. „Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК-државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини“, се дополнува во информацијата. АД ЕСМ,дополнува дека нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони. https://faktor.mk/esm-nabavi-samo-90-iljadi-toni-jaglen-od-kosovo-za-ostanatite-kolichini-kje-ima-nov-povik |
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 875 |
![]() ![]() |
|
Баш ме интересира дали и Ковачевски си купва дрва за грејната сезона во средина на Декември.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |