build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 65>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 16-Sep-2010 at 02:51
Originally posted by axel

- Не можеме да разбереме зошто ќе ни ги уништат парковите со две катни гаражи, и тоа во тесни „слепи улици“? Кому му треба катна гаража во реон каде што нема комерцијални објекти, туку колективно домување. Се сомневаме во добрите намери на Општината и претпоставуваме дека тие катни гаражи всушност ќе бидат деловни згради, од кои некој добро ќе ќари - вели жител од оваа населба.


И овие мислам дека си ги купиле парковите. Како го кажаа ова сомнеж како да е работи за осомничено лице. Неможе вечно намерно да го пригушуваме градењето секоја една деловна зграда. Се шири деловниот простор, и тоа сакале или нејќеле, порано или подоцна ќе биде на сметка на станбените маала кој мора да го отстапат местото во центар. И не гледам па причина од општината што вака во фази обелоденуваат. Подобро нека ја вцртаат уште од сега како деловен и нека истуркаат на мускули.

И за овие важи истото што важи и за нивните соседи од Илинденска. Ако не ви се седи, иселете се.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 19-Sep-2010 at 09:46
Пробиштип и  Кочани воспоставија меѓуопштинска соработка за Урбанизација на локалитетот Пониква

Според програмата на УНДП за МОС, Општина Пробиштип и Општина Кочани воспоставија меѓуопштинска соработка за Урбанизација на локалитетот Пониква и нејзин развој како спортско рекреативен туристички центар.Цел на воспоставувањето на меѓуопштинската соработка е формирање на Заедничко координативно работно тело согласно со Законот за меѓуопштинска соработка за прашања во надлежност  на Советот на општината,се´ со цел за побрз економски развој особено во делот на туризмот на локалитетот "Пониква".

Заедничкото работно тело ќе ги спроведува активностите поврзани со урбанизацијата на локалитетот "Пониква" и тоа:

Активности за донесување на ДУП-ови за локалитетот "Пониква";

Изработка на главен проект за водоснабдување;

Изработка на главен проект за изградба на пат за поврзување на паркинг просторот  со Манастирот  "Св.Василиј Велики" на локалитетот  "Пониква";

Следење на динамиката на урбанизација на локалитетот "Пониква" ;

Изработка на посебен Развоен план за "Пониква" како и следење на реализацијата на тој План.

 

Заедничкото координативно работно тело ќе се формира како

постојано работно тело на општините Кочани и Пробиштип.Чинењето на изготвувањето на оваа техничка документација изнесува околу 1.353 000,00 ден.,од кои 1.230 000,00 ден. се донација на УНДП,а по 61 500,00 ден. имаат учество општините Кочани и Пробиштип.

Природните убавини со кои располага Пониква се сеуште недоволно  познати на поширокиот круг луѓе во државата и надвор  од неа.Еден од предусловите за развој на туризмот за целосно оформување на населбата,е реализирање на системот за водоснабдување преку акумулирање на природните води во ова подрачје.За таа цел е изготвена прифизибилити студија –Мали акумулации на Пониква , на локалитетот наречен " Арамиска чешма" , кое може да се види од дадениот прилог. Овој проект е од големо значење за овој регион чии што придобивки ќе се огледаат во следните области:

Водоснабдување на населбите во поширокиот регион;

Услови за развој на сточарството;

Водоснабдување на туристичката населба Пониква;

Обезбедување на потребните количини на вода за работа на машините за производство на снег;

Наводнување  на земјоделските површини во атарите на селата Пантелеј и Нивичани во овој ридско-планински регион;

Развој на рибарството-порибување на предвидените акумулации ствара услови за развој на спортски и комерцијален риболов;

Производство на електрична енергија. Со оглед на расположивите  висински разлики, постојат можности за изградба на цевни мини хидроцентрали.

http://www.probistip.gov.mk/images/aramiska_cesma_ponikva.jpghttp://www.probistip.gov.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 23-Sep-2010 at 14:43
Во централно подрачје ќе се градат три станбени згради Штип- Три станбени згради ќе бидат изградени во централното подрачје на Штип, во близина на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“. Одлуката за промена на Деталниот урбанистички план е донесена едногласно од страна на Комисијата за урбанизам при Советот на општината.  Весна Василева од Јавното претпријатие „Штип – проект“ изјави дека планирано е 40 отсто од површината на зградите да биде наменет за деловни простории, а 60 отсто да биде станбен простор. Во рамките на проектот, во кои се вклучени штипски инвеститори, ќе бидат обезбедени паркинг места, а за деловните објекти ќе се користат платформите што ќе се изградат над реката Отиња. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2603&Itemid=125
Back to Top
Damjanovski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 14-Sep-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Damjanovski Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 27-Sep-2010 at 08:30
Може ли некој да ми помогне да го најдам ДУП-от на општина кисела вода? Прочепкав малце на веб сајтот на општината ама не најдов ништо (пишува само на едно место ..во изработка..)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 27-Sep-2010 at 11:19
Такво нешто ДУП на Општина Кисела Вода не постои. За кој дел ти треба?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 27-Sep-2010 at 18:59
Пет дупови за Охрид на јавна анкета... поставени се на општинската веб страна во ПДФ формат:

http://ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=1667
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 31-Oct-2010 at 04:37

Градскиот парк ќе добие бензинска пумпа



И покрај убедувањето меѓу советниците од сите политички партии кој е потранспарентен и кој игра фер, со новиот нацрт-предлог детален урбанистички план изгласаа изградба на бензинска пумпа во Градскиот Парк.

Според планот, кој се простира на скоро 28 хектари, односно од Зоолошката градина, па се до булеварот 8-ми Септември, предвидена е изградба на неколку објекти, од кои потврден е само Земјоделскиот институт.

http://makfax.com.mk/_tools/article/119943/view


Градскиот парк ќе добие бензинска пумпа

И покрај убедувањето меѓу советниците од сите политички партии кој е потранспарентен и кој игра фер, со новиот нацрт-предлог детален урбанистички план изгласаа изградба на бензинска пумпа во Градскиот Парк

Според планот, кој се простира на скоро 28 хектари, односно од Зоолошката градина, па се до булеварот 8-ми Септември, предвидена е изградба на неколку објекти, од кои потврден е само Земјоделскиот институт.
Со новиот план, Градскиот парк ќе се збогати со неколку тематски паркови, како Парк на солидарноста, Кинолошки центар, Изложбен павиљон и Ботаничка градина. Предвидени се и десетина сообраќајници, како и комерцијално-деловни објекти, спортски терени за коњички сопртови, меѓу кои и една парцела за бензинска пумпа.
Предвидената висина за комерцијално-деловните објекти е 20,40 метри, а додека за мешаната намена, каде спаѓа и бензинската пумпа 17 метри висина. Сепак, бидејќи оваа локација е еден дел од Градскиот парк, предвидено е да има и зеленило. Пред гласањето на планот едиственото нешто што беше спорно за советникот од ВМРО ДПМНЕ, Панче Стојановски, беше дали е земено предвид тоа што „Илинденска“ од улица, со нејзиното проширување прерасна во булевар. Никој немаше забелешка што со изградбата на бензинската пумпа и проектирањето на улиците се загрозува безбедноста на децата во паркот.
На седницата се донесе и Деталниот план за урбаната заедница Владо Тасевски, во кој се потврдија постоечките објекти. За објектите за индивидуално домување во Тафталиџе 2, според овој план, беше одлучено дека нивната максимална висина може да биде 10, 20 метри, односно приземје, два ката и поткровје.

http://forum.com.mk/32094



Edited by lslcrew - 31-Oct-2010 at 04:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 31-Oct-2010 at 04:47
Од една страна е добро што ќе се стави во функција тој запуштен дел од градот, од друга страна внесува сомнеж дека ќе се отвори пандорина кутија со узурпуцаија метро по метро и ќе се нагриза паркот. Сега таму е расадник на паркови и зеленило, некои полу-распаднати објекти и ѓубришта. Всушност според планов сегашниот парк ќе се продолжи, ане намали, но нели требаше комплетно опфатот да е до раскрницата? Ваков кордон згради има и неколку позитивни ефекти, како брабик од загадување и бучава од булеварите, а и комплетирање на градежните линии околу блеварите. И немора паркот да е од сите страни отворен, доволну му се неколку "влезови"-"порти". Само сепак да не се случи тоа што никој не посакува па да тргне возот година за година да се ситни зеленилото. На бензинската не и е место воопшто таму, очигледно се некои интереси кои се на работ на правилата и гуп-от, особено што на неколку стотина метри веќе има бензинска.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 31-Oct-2010 at 11:21
Презентација на три проекти за урбанистичката иднина на Охрид

Во предвечерјето на отворањетона овогодишното Охридсколето, арх. проф. Борис Чипанза јавноста приреди своевидно„отворање“ со презентацијана насловениот проект.Приказната на професорот очекуванобеше многу интересна, произлезена одвизијата на човек по рожба охриѓанец,со посветеност на вистински вљубеникна охридската магија.

И навистина,преполната голема одаја на куќата„Уранија“ се претвори во уво и око соочигледна почит кон живата легенда,која зборуваше за визија на еден нов,функционален и современ Охрид.

Поаѓајќи од фактот што сегашната состојба на градот ги гуши неговите витални функции, а пред сè развојот, проф. Борис Чипан тргнал во своевидно истражување, барајќи нови урбани, естески и сообраќајни решенија со оригинален предлог за урбанистичка реорганизација на градскиот центар. (претходно публицирана во списанието Порта3 бр.109 од 25.02.2009 г.) Грдата слика на џган од возила и пешаци низ преубавиот староградски простор, секако бил мотив повеќе, авторот да се зафати со оваа студија, каде што проблемот со сообраќајот добил приоритетно место. Токму ова, како и многуте други нарушувања на развојот што ги произведува дневно профитниот интерес на локалните моќници, можно ќе го сменат трендот, а потоа и сликата, се разбира доколку бидат прифатени решенија и проекти како овој. Горе кажаното, а пред сè љубовта кон својот град, луцидниот автор го поттикнало да предложи и извади на виделина една убава и исто толку хумана визија за уредување на древниот град. Да видиме сепак, што всушност предлага авторот на студијата, кој со мала доза на цинизам вели „исфантазирал“ работејќи го овој проект. Студијата опфаќа три меѓусебно нужно поврзани функции како целина, кои на прв поглед личат за многу скапи или тешко изводливи, но доколку бидат реализирани, убеден сум дека ќе претставуваат вредна инвестиција. Поради фактот што во споменатиот лански број на „Порта3“, детално се опишани предложените решенија за сообраќајот, паркирањето и новиот плоштад со објектите во него, како и предлогот за ново автобуско стојалиште (во опфатот меѓу улиците Туристичка, Јане Сандански, Старото шеталиште под градот и езерото), понатаму во текстов ќе се осврнам на предлозите во старото градско јадро. Имено, авторот ја прифатил, и според моето мислење успешно ја имплементирал максимата на познатиот белградски архитект професорот Никола Добровиќ, дека секоја современа архитектура мора да го одразува и бележи трендот на актуелната архитектура и култура, со што ќе го обележи актуелното време, а тоа би требало да претставува своевидна „додадена вредност“ кон постоечкото.

Елем, професорот и неговиот млад соработник, во таков контекст предлагаат два нови изразито експресивни и според моето видување убави архитектонски градби. Камбанарија кај храмот Св. Софија и Музејско истражувачки центар и видиковец, а во партерот театар на отворено, сместен на Самоиловата тврдина. Обата објекта се со монументални димензии и остваруваат визуелна комуникација, односно „контакт“. Овие објекти ќе претставуваат реперни точки, во и кон градот, а пред се од Езерото. На 20-тина метри северно од Св.Софија е сместен објектот камбанарија. Оваа монументална кула, покрај функцијата на камбанарија, благодарејќи на нејзините димензии 8.0/8.0 во основа и висина од 40 метри, може да извршува и други функции. Новиот објект со изразена експресија добро кореспондира со храмот. Кулата со базниот трем во партерот и Св.Софија оформуваат атриум кој е во функција (заеднички) со двата објекта. Со скалилото што е проектирано на јужната страна од фасадата, поврзани се сите нивоа на објектот Камбанарија. Нивоата (катовите) ќе имаат своја функција, од кои е вредно да се посочат: -резиденција на архиепископот Охридско-Преспански -мала сала за седници на Синодот на МПЦ -ателје за иконописци -работилници за иконописци -мобилија за конзервација на икони -помошни простории и др. Вредно за споменување е и фасадниот дизајн на камбанаријата. Таа е стилизација на средновековните фасади обработени од челик и стакло. Проектот делува импресивно и современо, што е своевидна додадена вредност, во поширокиот, но и непосредниот амбиент на Градот и Св. Софија.

Храбриот потег на авторот не треба никого да изненадува, ако се знае дека значителен дел од својот живот и работа, професорот Чипан ги посветил на заштита и истражување на храмот Св.Софија и нејзината историја. Вториот проект е сместен во средиштето на Самоиловиот Град - акропол, како доминантна точка над Охрид. Архитектонски објектот ненаметливо „лежи“ врз старината Горни Сарај, без да ги загрози археолошките содржини. Напротив, објектот ја збогатува силуетата на старата тврдина. Објектот е поставен врз два нагласено робустни носачи, што го прифаќаат призматичното тело на градбата, подигнато над тврдината. Врз горната плоча е проектиран видиковец (тераса), од каде што се доживува длабокиот простор над и кон Стариот град, Св.Софија и Езерото. Во ниво на приземјето е проектиран и театар на отворено. Доколку овие вредни и храбри идеи во „Трите проекти за иднината на Охрид“ бидат разбрани и прифатени со желба да се реализираат, убеден сум дека Охрид ќе ја обезбеди својата супстанцијална вредност и ексклузивност за иднината.

http://www.porta3.com.mk/images/stories/arhitektura/urbanisticka_slika_ohrid_3.jpg
http://www.porta3.com.mk/images/stories/arhitektura/urbanisticka_slika_ohrid_4.jpg
http://www.porta3.com.mk/images/stories/arhitektura/urbanisticka_slika_ohrid_5.jpg
http://www.porta3.com.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 31-Oct-2010 at 11:41

Детални урбанистички планови кои се усвоени и кои се во фаза на изработка

 

     Усвоен ДУП за УБ 7.4 и УБ 11.2,П=5,6 ха (семејно домување, парковско зеленило, инфраструктура), потег помеѓу ул. 11Октомври и Никола Карев, Јаким Стојковски.

     Усвоен ДУП за УБ 13.3П=3,2ха (домување, производство, дистрибуција, сервиси, зеленило и рекреација)

     Усвоен ДУП за 11.1 дел, околу Градскиот пазар, П= 4,90ха , домување, комерцијални и деловни дејности (мали комерцијални и деловни дејности, голени трговски единици како што е градскиот пазар, хотелски комплекси), зеленило и рекреација, инфраструктура

     ДУП за Блок 11.4, дел, П=1,34ха, (градски плоштад), намена домување,

     ДУП УБ 11 Камењар П=15,1ха , нацрт план, намена домување

     ДУП за Блок 12.1, П=18,51ха, нацрт план, (Миро Барага и р.Киселица), производство, дистрибуција и сервиси, комерцијални и деловни намени, зеленило и рекреација, фаза изработка на стратешка оцена на влијание врз животната средина, избран експерт од листата на експерти на МЖСПП

     ДУП за Блок 2.1, нацрт план, Зеолит

     ДУП за УБ 14.2, П= 4,67ха, (Градски парк, Ленинов Плоштад): во фаза на изработка, планот беше вратен од МТВ за проширување на опфатот, за пристап за Скада системот и сл. (домување, комерцијални и деловни дејности (маликомерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, хотелски комплекси), јавни институции, парковско зеленило)

     ДУП УБ 10.2, Лиса Гара, нацрт план, П=7,3ха, 2010-2015,


http://www.probistip.gov.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 31-Oct-2010 at 13:51
Originally posted by lslcrew

Од една страна е добро што ќе се стави во функција тој запуштен дел од градот, од друга страна внесува сомнеж дека ќе се отвори пандорина кутија со узурпуцаија метро по метро и ќе се нагриза паркот. Сега таму е расадник на паркови и зеленило, некои полу-распаднати објекти и ѓубришта. Всушност според планов сегашниот парк ќе се продолжи, ане намали, но нели требаше комплетно опфатот да е до раскрницата? Ваков кордон згради има и неколку позитивни ефекти, како брабик од загадување и бучава од булеварите, а и комплетирање на градежните линии околу блеварите. И немора паркот да е од сите страни отворен, доволну му се неколку "влезови"-"порти". Само сепак да не се случи тоа што никој не посакува па да тргне возот година за година да се ситни зеленилото. На бензинската не и е место воопшто таму, очигледно се некои интереси кои се на работ на правилата и гуп-от, особено што на неколку стотина метри веќе има бензинска.


Дополнително, која е таа бензинска со 17 метри висина?

Чиста урбана мафија. Немам проблеми со мало структуирање на паркот (проекти од типот на бонсаи градината) но сето ова ми личи на пат за како што велиш метро по метро да се јаде паркот.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 31-Oct-2010 at 14:05
Originally posted by lslcrew





Редот објекти покрај Илинденска е зацртан и во ГУП-от, така да формално не гледам ништо спорно, особено што сега тој простор ионака е несреден и вон секаква функција. Но сепак долгорочно би бил претпазлив во врска со ова што вели lsl, да не биде само подотварање на врата па понатака чекор по чекор да се пенетрира подлабоко во парков... еве сега се носи нов ГУП, за 3-4 години може да им текне пак да прават корекции итн... Туку каков е оној објект вон редот покрај булевоарот, оној на сред парк? Многу прашалници во врска со него, не гледам потреба зошто морало да биде бутнат дури таму. Се надевам дека во иднина нема да запнат да му обезбедуваат и сообраќаен пристап. А покрај намената живо ме интересира и колкава висина е зацртана. Би било убаво да го набавиме планов во подобра резолуција.

Друга работа, што станува со расадниците на „Паркови и зеленило“, каде е планирано да се дислоцираат тие?

А за хиперпродукцијата на бензински пумпи  Thumbs%20Down
Стварно не мора да насадат пумпи на секои 200 метри, макар имало заинтересирани инвеститори.
Едит: ми промакнало дека „бензинскава“ била со висина од 17 метри... уште поубаво...  Wallbash


Edited by Cloverstack - 31-Oct-2010 at 14:08
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 31-Oct-2010 at 15:42
Може на двокатните автобуси дупчето за резервоарот ќе им биде горе на втор кат, па да има кај да ги полнат. LOL

Кловер објектот во среде парк е веројатно еден од овие две Кинолошки центар, Изложбен павиљон, повеќе ми изгледа дека е павиљонот. Супер може да изгледа некој стакленик, а и нема да биде воопшто нападен или чир, само да не е уште некој "кајакарски клуб".

А и ме чуди што сегашната клучка за хотелот Александар Палас и СЦ Борис Трајковски би требало да трпи промени и тоа воопшто не економични. Треба рампата да се помести неколку метри поисточно. Освен ако економичноста не се правда со тоа што се поместува уличката и се добива простор за две маркици покрај булеварот 8-ми септември.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 31-Oct-2010 at 17:17

чекајте малку.... бензиската е тоа виолетовото... А што е тоа портокаловото внатре во паркот....

едит: аха.... во секој случај мене тој внатре во паркот не ми одговара за таму, па и што и да е....

едит2: па добро ако е такво нешто како што вика лсл добро... ама пак некако е големко за таму.... но сепак треба многу да се пази на изгледот за да се вклопи во околината.... да не биде нешто чкарт.... а ако се работи за нешто друго строго сум против....

ај ќе видиме....



Edited by FoSsiL - 31-Oct-2010 at 17:22
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 09-Nov-2010 at 16:23
Предлог нацрт детален урбанистички план за централно градско подрачје-Урбана единица2.Блок 2.2 к.о. Делчево-Општина Делчево

http://www.delcevo.gov.mk/images/stories/sliki/1.10.2010-1.11.2010/PrezentacijaDUP/Sintezen_24-09-2010.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 17-Nov-2010 at 01:54

Промовиран прирачник за урбанизам

Каде да се информирам што се планира за градба на моето земјиште? Дали можам да влијаам на урбаните параметри (површината на градба, катноста на објектот) и што да барам од градоначалникот и од Советот на општината? Ова се трите клучни прашања на кои одговара прирачникот за урбанизам кој беше промовиран од Здружението на граѓани „Млади за млади“.

- Нашата цел е едукација и транспарентност во донесувањето на урбанистичките планови и подигнување на свеста кај граѓаните за влијанието на урбанизмот во начинот на нивното живеење. Доколку граѓаните ги дознаат своите права, нема да дозволат да бидат манипулирани. Со своето знаење ќе може ефикасно да влијаат во својата средина поттикнувајќи ги сите генерации за заштита на нивниот простор при донесување на еден урбанистички план. Со транспарентноста и едукацијата ќе се потрудиме да влијаеме на совеста на советниците кои се членови на политички партии, изјави Ивана Дамовска, координатор на проектот.

Таа информираше дека овој прирачник е дел од проектот „Младите и урбанизмот“, на кој му претходела едукација и анкета во средните училишта и на Универзитетот за тоа колку младите се запознаени со урбанизмот и со просторното планирање и дали биле во општина за да видат како изгледа еден урбанистички план.

- Од оваа анкета произлезе дека средношколците и студентите воопшто не дискутирале на оваа тема, ниту, пак, биле во општина да видат како изгледа еден урбанистички план, информира Дамовска.

Прирачникот е отпечатен во 10.000 примероци на македонски и на албански јазик и во наредниот период ќе биде дистрибуиран по сите скопски општини, како и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола и во Охрид. Програмата ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИР и е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=99CC2F7802343249A149A189FDD035D0
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 28-Nov-2010 at 11:39
Зошто е изработен дупот Крњево поставен на страницата на општина центар?
однапред благодарам
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 03-Dec-2010 at 02:59

Бетон расте во парк-шумите

Властите носат урбанистички планови со кои се дозволува изградба на висококатници во заштитените подрачја на парк-шумите

Деловите на заштитените подрачја на парк-шумите Гази Баба и Водно, единствените бели дробови на Скопје, со години не се физички разграничени на терен. Тоа го користат локалните власти, кои со донесување детаљни урбанистички планови дозволуваат да се атакува врз нив, да се сече шумата, а наместо зеленило, да никнуваат бетонски висококатници.

Водно е нападнато од сите страни - од Нерези, Кисела Вода, Козле. Се гради над Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, но инвеститорите имаат дозволи за градба.

НЕМА ФИЗИЧКИ ГРАНИЦИ

Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кое ги стопанисува и ги управува парк-шумите, односно го одржува зеленилото во нив, признаваат дека состојбата е таква со години.

- На терен се' уште физички не се одредени границите на парк-шумата Гази Баба, ниту пак на Водно. Постои одлука на Градот од 1989 година за измена и за дополнување на одлуката за прогласување на Водно од градски парк во парк-шума, каде што само се одредени катастарските парцели. Со одлука од 1998 година Гази Баба се прогласува за карактеристичен пејзаж, но и тоа постои само на хартија, со одредени катастарски парцели - вели Елизабета Георгиевска, портпарол во „Паркови и зеленило“.

Таа додава дека никој не ги прашува и не ги известува за одржување на јавните расправи, на кои се даваат забелешките по однос на детаљните урбанистички планови што се донесуваат за тие делови.

- Ние секогаш последни дознаваме за одржување на јавните расправи, и тоа најчесто од приватни извори. Всушност, и нашите чувари имаат проблеми во однос на градежните активности во овие зони. А факт е дека полека се окупираат и двете - потенцира Георгиевска.

Од „Паркови и зеленило“ истакнуваат дека со денационализацијата во парк-шумата Гази Баба им е вратено земјиште на приватни сопственици од неколку илјади квадрати. Според нив, засега таму се' уште не се гради.

- И на Водно, кај Нерези, постојат приватни имоти - лозја, но тие според законот не смеат да бидат пренаменети во друго - велат во јавното претпријатие.

Од Градот не признаваат дека досега физички не се утврдени границите на парк-шумите Водно и Гази Баба.

- Границите на парк-шумата Водно и карактеристичниот пејзаж Гази Баба се утврдени со Генералниот урбанистички план на град Скопје. Активните ДУП-ови, донесени од општините за овие локалитети, се во согласност со ГУП - велат градските власти, упатувајќи на тоа дека конкретната реализација и контролата врз нивното спроведување е во надлежност на градежните инспекторати од скопските општини.

Од општините се оградуваат од овој проблем, но негираат дека со донесување на ДУП се пречекорени границите на заштитените делови. Од Општината Центар не одговараат дали воопшто знаат до каде се границите на заштитените подрачја и велат дека заштитата на оваа парк-шума е во надлежност на Градот. Нивните градежни инспектори, како што велат, вршат постојани контроли на теренот. Треба да се спомене и обидот за легализацијата на т.н. Шпанско село на Водно, кое припаѓа на територијата на Општината Карпош. Тогаш, над 2.000 објекти - дивоградби, полудивоградби, скромни, но и луксузни, во месностите над Жданец, Трнодол и Нерези, во време на градоначалникот Андреј Петров беа вметнати во урбанистичките планови, иако тогаш се тврдеше дека во плановите не се влезени 78-те објекти од т.н. Шпанско село, кои се изградени во заштитениот појас на Водно и кои градоначалникот Петров немаше храброст да ги урне. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, тогаш рече дека градоначалникот не може средствата кои на негово барање му беа префрлени за уривање да ги пренаменува за легализација, но до денес остана нејасно зошто не му извршија поголем притисок. Освен што ги легализира овие четири локалитети, Петров отворено се залагаше и за легализација на 78-те дивоградби. За да се случи тоа, тој тогаш бараше поместување на границата на заштитениот појас на парк-шумата, а тоа тогаш го поддржа и градоначалникот Трифун Костовски.

ДУП „ЛИРИЈА 2“ ВО ЗАШТИТЕНА ЗОНА

Најсвеж пример за тоа дека границите не се утврдени како што треба е донесувањето на ДУП „Лирија 2“, со кој се узурпира дел од шумата Гази Баба.

- Уставниот суд, на иницијатива на нашиот инспекторат, го запре спроведувањето на ДУП „Лирија 2“, кој опфаќаше делови на парк-шумата Гази Баба - потенцираат од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Општината Гази Баба реагираше дека Општината Чаир навлегува во нејзина територија. Од Чаир тогаш негираа дека ја узурпираат парк-шумата, иако беше запрена реализацијата на ДУП. Општината Гази Баба реагираше и до Агенцијата за катастар на недвижности, од каде што добија мислење и потврда дека е направен превид и од Уставниот суд им беше наложено да се сопрат сите активности околу донесување на урбанистичката документација додека точно не се утврдат границите меѓу овие две општини.

Дури тогаш реагираа од Градот. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски до Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за градот Скопје, бидејќи во членот 8 од Законот за градот Скопје постои непрецизност и неусогласеност во однос на утврдување на границите меѓу општините Бутел, Гази Баба и Чаир. Според дадените описи на границите, се констатира оти постои простор за кој со сигурност не може да се утврди на која општина и' припаѓа. И самиот Трајановски тогаш призна дека е спорна тромеѓата на општините Гази Баба, Чаир и Бутел.

Жители на Пржино со петиции реагираат на тоа што е дозволена градба на семејни куќи со градини, за кои се плашат дека ќе станат висококатници.

- Ќе запре струењето на воздухот, а со сечењето на шумата може да се создаде опасно свлечиште - велат граѓани од Пржино.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам велат дека локацијата кај хотелот „Панорама“, над ИЗИИС, е опфатена со Генералниот урбанистички план на град Скопје и со ДУП на Општина Центар.

- Границите на парк-шумата Водно се јасно утврдени, исто како и границите на градот Скопје, па може да се констатира дека изведбата на споменатата локација е во рамките на веќе утврдени граници - велат од Инспекторатот.

ЌЕ ГИ ШТИТАТ ОТКАКО ГИ УНИШТИЈА

Од Градот информираат дека се работи на ревреднување на границите на Водно и Гази Баба. Од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое веќе подготвува нов закон, велат дека врз основа на новиот Закон за заштитата на природата, потребно е повторно прогласување на Водно и на Гази Баба за заштитени подрачја.

- Градот веќе изработи Студија за ревалоризација на природните вредности на Гази Баба и Водно, врз основа на која ќе се доутврдуваат нивните граници. Студијата претставува основа за да почне постапката за нивно повторно прогласување за заштитени подрачја - вели Сашо Јорданов од Секторот за природа.

Откако ќе се усогласат границите, ќе се изготви информација за потребата од прогласување на Водно и на Гази Баба за заштитени подрачја. Потоа, ќе се одржи јавна расправа, по што ќе биде изработен предлог-законот и ќе и' предложи на Владата субјект кој ќе управува со тоа заштитено подрачје - велат од надлежното министерство.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=043F848CBE5A3C4C93DBCA7BF291EBFC
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4085
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 03-Dec-2010 at 21:57
Lugje da ne se planira ovde nekoja zgrada?
Go vidv uste ednas gis od skopje i pisuva servisni dejnosti, a vo map gledam samo kucarki a nacrtan e eden sosema druga forma:



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 04-Dec-2010 at 03:09
Не е тоа маркица. Опфатот е обележан како наменет за сервисни дејности. Кога ќе се планира дуп во овој опфат ќе се вцртуваат објкети со сервисни дејност од б категорија изгледа беше.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 65>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.578 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.