build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Еко (загадување на води и опасни хемикалии)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 23-Dec-2021 at 12:00
ДЕПОНИЈАТА СО ЗГУРА КРАЈ ВЕЛЕС СЕ ОТСТРАНУВА БАВНО, ЛАНИ ИЗВЕЗЕНИ САМО 14 КАМИОНИ, ЗА 2021 НЕМА ПОДАТОЦИ

Отстранувањето на депонијата со згура крај Велес се одвива бавно и со мали количества и динамика. За ова, половина година предупредуваат од локалната власт. Концесијата за користење на депонијата ја има српската фирма „Кепс маунт груп“, која има седиште во Скопје.

„Отстранувањето на техногената минерална суровина од локацијата на некогашна Топилница се одвива забавено. Лани се извезени само 370 тони или 14 камиони. За годинава немаме податоци“, кажа Билјана Манаскова-Шуркова, раководителката на Одделението за животна средина во Општина Велес.

„Б“ интегрираната дозвола за отстранување на згурата е одобрена во септември 2019. Од локалната власт се сомневаат дека концесионерот ќе ја отстрани депонијата до септември 2023, до кога е издадена дозволата. Според проценките, депонијата тежи 1,8 милиони тони. Во неа има 6-10 % цинк, 2,2-3,4% олово и 25% железен оксид. Има и арсен и кадмиум, кои се опасни и токсични елементи, но инвеститорот вели дека нивното присуство е скромно оти биле врзани со други елементи, па не претставувале опасност по здравјето. Концесионерот „Кепс маунт груп“ лоцира три причини зошто количеството на отстранета згура е мало.

„Имавме заразени со коронавирусот поради што немаше можност за нормално функционирање и работење. Проблем беше и обезбедувањето на електрична енергија во количини потребни за експлоатација. Трет проблем беше неможноста за монтирање на магнетен сепаратор, а и Општина Велес одбиваше да ја прошири „Б“ интегрираната дозвола. Но, во 2022 почнуваме со максимална работа“, соопштија од „Кепс маунт груп“.

На прашањето колкаво количество згура годинава е отстрането, кажаа дека тоа е деловна тајна.

Дислокацијата ја следеа проблеми од старт. Една година имаше застој и згурата не се отстрануваше оти, според концесионерот, Малезија, каде што првично требаше да се носи, забранила увоз на вакви материјали. Потоа се бараше нов пазар и се најде во Србија и Косово.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/deponijata-so-zgura-kraj-veles-se-otstranuva-bavno-lani-izvezeni-samo-14-kamioni-za-2021-nema-podatotsi/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15194
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 04-Apr-2022 at 11:48
Не знам дали имавме соодветна тема за Охис...

In #NorthMacedonia, the excavation phase has started near the "Ohis' factory outside Skopje for the safe removal of a dangerous chemical called Lindane.


https://twitter.com/UNOPS_Brussels/status/1509805500585680898





За сè има вторпат
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 90
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 04-Apr-2022 at 12:01
se utepav od cudenje sto ke bide pa sega pa ova
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 28-Apr-2022 at 15:08
Исчистени 450 тони линдан од малата депонија во „ОХИС“

До крајот на годината се планира целосно отстранување на отпадот
Чистењето на малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“ се одвива според предвиденото. Обезбедени се сите потребни средства и отпадот се чисти според сите стандарди, со цел максимална безбедност за животната средина. Досега е исчистен едниот базен во кој се наоѓале 450 тони линдан и околу 150 тони контаминирана почва, која е пониско концентрирана. Отпадот е безбедно складиран и се планира да се започне со негово транспортирање на 3 мај.

При денешната посета на медиумите на малата депонија, националната проект-координаторка од канцеларијата на ПОП-с од Министерството за животна средина и просторно планирање Сузана Андонова инфорираше дека покрај линданот на неколку точки се пронајдени и количини на жива.

– Направивме земање на примероци и резултатите покажаа дека има присуство на жива. Концентрациите се различни, меѓутоа ние водиме сметка тоа што е пронајдено како концентрација да е во согласност со критериумите и барањата на капацитетите кои ќе го примат отпадот на уништување или третирање. Секако ќе се поведе сметка и за тоа, на најсоодветен начин, по сите можни стандарди, ќе се најде начин да се елиминира и овој вид вид на отпад – истакна Андонова.

Еден од надлежните за спроведување на проектот Александар Мицковски, наведе дека на 3 мај ќе се започне со првиот извоз на отпад на седумте контејнери кои ќе бидат подготвени во претстојниот период.

– Сега предвиден е првичнот извоз да биде на 3 мај така да целиот овој отпад што е складиран се предвидува да се пакуваат овие денови во контејнерите и на 3 мај да започне првиот извоз на тие седум контејнери. Не може целата оваа количина одеднаш да биде транспортирана затоа што самата постројка што го третира овој отпад во Франција има лимитирачки количини коишто може да ги прими на месечно ниво. Така да ќе оди дел по дел отстранувањето на отпадот – посочи Мицковски.

Тој се осврна на безбедноста при отстранувањето на отпадот, истакнувајќи дека нивна главна цел при подготвителната работа било да се да се обезбедат услови коишто ќе овозможат максимална безбедност на околината.

– Така можете да видите дека е подигнат шатор и во шаторот е инсталиран негативен притисок. Така да атмосферскиот притисок е поголем од овој што е внатре во шаторот, така сите оние емисии коишто се генерираат при ископувањето внатре во шаторот не може да излезат надвор и да ја афектираат околината. Успешноста и функционирањето на овој систем е и потврдена со редовните мониторинзи што се прават на амбиенталниот воздух. Концентрациите на загадувачки материи во текот на чистењето не се повисоки од оние концентрации кои што беа измерени пред да се започне со чистењето – рече Мицковски.

Тој за миризбата која што се чувствува во „ОХИС“, информираше дека таа потекнува од големата депонија.

Мицковски, врз основа на динамиката нископување што сега ја имаат утврдено, рече дека за околу една година би се завршило чистењето на малата депонија.

Во однос на тоа како ќе влијае успехот со чистењето на малата депонија врз понатамошното работење за чистење на големата депонија, како и на цел простор кај „ОХИС“, рече дека успехот ќе биде пресуден за понатаму.

– Владата формираше мултипартнерски фонд за мобилизирање на средства за продолжување на чистењето на големата депонија. Така да во комуникација сме со повеќе донатори. Беше на некој начин и сугерирано и покажано дека демонстрираниот успех на чистењето на малата депонија ќе влијае драматично на динамиката за обезбедување на средства и за големата депонија. Во комуникација сме со донатори и очекуваме дека како што досега се одвиваат работите ќе биде многу успешен проектот којшто ќе придонесе за продолжување со чистење на големата депонија – нагласи Мицковски.

Во однос на понатамошното дејствување, Мицковски рече дека после чистењето на базените ќе се пристапи кон узоркување на земјата којашто е под базените за да се види колку таа земја е афектирана и дали тие концентрации на линдан кои што се наоѓаат во земјата се безбедни да останат. Ќе се направи анализа на ризикот која што ќе ги покаже тие дозволени вредности на линдан во земјата. Доколку вредностите се повисоки ќе се пристапи до некои техники на ремедијација.

Министерот за животна средина и просторни планирање Насер Нуредини истакна дека работата оди побрзо од што очекувале и оти тоа е добра вест.

– Сега имаме и менување на Закон за животна средина, тоа значи дека сега ние продолжуваме, ние ја обврзуваме државата да ги верифицира сите жешки точки во нашата држава и после тоа да направиме план за рехабилитација. Ние имаме методологија за тоа, но сега за жал, ние немаме законски начин како да верифицираме тие жешки точки во нашата држава. Тоа значи дека ние ќе ја обврземе државата или тие приватни сопственици да направат план за рехабилитација за тие жешки точки – нагласи Нуредини.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ischisteni-450-toni-lindan-od-malata-deponija-vo-ohis/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-May-2022 at 10:52
(ВИДЕО) Како се чисти линданот од ОХИС



https://360stepeni.mk/video-kako-se-chisti-lindanot-od-ohis/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 15-May-2022 at 22:45

мал чернобил
да не беше скандалот со цистерната, можда и никогаш немаше да знаеме за ова
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-Nov-2022 at 18:36
(ВИДЕО) (Не)откриена депонија на линдан над Драчево: Стоката пцовисуваше, плуски ни излегуваа по рацете…



https://360stepeni.mk/video-ne-otkriena-deponija-na-lindan-nad-drachevo-stokata-ptsovisuvashe-pluski-ni-izleguvaa-po-ratsete/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 29-Dec-2022 at 18:40
Моторното масло на улиците неповратно ја загрозува кревката животна средина



УШТЕ ЕДЕН НЕГАТИВЕН ЕФЕКТ ОД НЕОДГОВОРНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ВОЗИЛА

Возилата можеби не се најголеми, но, секако, се едни од главните загадувачи на воздухот и животната средина во градот. Како загадувачи не се јавуваат само поради издувните гасови туку и поради тоа што возачите честопати знаат да не водат многу сметка за нив, па еден од најчестите проблеми што произлегуваат од таквиот однос е истекувањето моторно масло по улиците и тротоарите. Уште повеќе, сѐ уште постојат импровизирани автомеханичарски „сервиси“ или т.н. канали каде што се испушта и менува маслото на моторните возила. Прегореното масло или се истура во оближните паркови или се користи за загревање во импровизирани ќумбиња. Во сите случаи, токму тоа масло претставува исклучително силен загадувач на почвата, водата и воздухот, што негативно влијае и кај растенијата, животните и луѓето.

Само една капка прегорено моторно масло загадува неповратно еден кубик
вода


Кога станува збор за прегорени масла, особено оние од моторните возила, експертите за животна средина веднаш бурно реагираат, истакнувајќи дека прегорените масла имаат само 10 отсто нафта во себе, истакнувајќи дека преостанатото се минерални суровини (хемиски супстанции), кои се екстремно токсични!
Поточно и сликовито кажано од нивна страна, „една капка масло загадува еден кубик вода!“ Според нив, „таму каде што има вакви масла целосно се уништува живиот свет!“
Имајќи ги предвид навиките на локалното население, експертите тврдат дека „маслата потекнуваат од автомеханичарски работилници чии несовесни мајстори менуваат масла во автомобилите, ги собираат во буриња и наместо да почекаат специјални возила, кои бесплатно ги собираат бурињата да ги однесат на преработка во Скопје, полесно им е да го истурат прегореното масло во канализација или да го употребуваат за загревање на просториите во импровизирани печки“!

ЛОКВИ МОТОРНО МАСЛО НА УЛИЦИТЕ И НА ТРОТОАРИТЕ

И моторното масло што истекува од возилата низ метрополата претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот, а негрижата за возилата дополнително влијае девастирачки на животната средина, особено на водите каде што маслото неконтролирано истекува.
За пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот, како и возилата, тоа е проблем проследено од неколку аспекти. Прво, затоа што улиците и тротоарите се лизгави, па претставуваат ризик за безбедноста, но, од друга страна, може да бидат сериозна причина за сообраќајни несреќи, во кои причината би била токму лизгавиот терен.
Речиси нема тротоар или улица без препознатливите траги од истечено моторно масло. Тие траги не се чистат, остануваат тука со денови и месеци, од нив се шири непријатна миризба, а кога маслото е свежо истечено, граѓаните се како на лизгалиште.
Еден драстичен пример е скопската населба Чаир, каде што има огромен број возила и по улиците и речиси на секое ќоше во општината. Тука на тротоарите и улиците има големи количества истечено масло, па за жителите на оваа населба ваквата состојба претставува сѐ поголем проблем: непријатна миризба, теренот е лизгав, опасно е да се минува на тој потег, па велат дека иако реагираат до сопствениците на возилата, досега нема решение за овој нивни проблем.
– Имам мали деца со кои морам да пешачам, тие сакаат да прошетаат, да потрошат енергија. Невозможно е да се помине. Каде било во нашата општина, огромните дамки од масло има речиси насекаде, тие се лизгави, а децата, знаете, и самите дека не се многу внимателни кога се движат. Синот со велосипед неколкупати досега падна како последица на маслото на тротоарот. Некои од сопствениците на возилата дури и си ги поправаат тука, па кога ќе им укажам, веднаш со висок тон и со закани ми велат да не се мешам и дека тоа не е моја работа – вели Милена Јакимовска, жителка на оваа населба.

МАЛКУ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ?!

За општинските тротоари и улици надлежноста паѓа на општините, меѓутоа за главните улици и тротоари, каде што надлежноста паѓа на градот и комуналното претпријатие, надлежните велат дека немаат голем избор што можат да направат.
Од јавното комунално претпријатие велат дека во вакви случаи не можат многу да направат, освен да се обидат да го исчистат истеченото масло од возилата.
– При појава на истечено масло на јавни и сообраќајни површини што се во надлежност на ЈП Комунална хигиена – Скопје, екипите на претпријатието најпрво го посипуваат местото со песок (земја) за да се впие маслото, а потоа со помош на електрична метларка се врши суво метење на локацијата. Тоа е единствениот начин да се санираат евентуалните штетни последици за возилата и минувачите – информираат од претпријатието.

ШТЕТАТА ПО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е НЕПОПРАВЛИВА

Она што најмногу загрижува е фактот што можеби со песок и вода ќе се исчисти маслото од улиците и тротоарите, меѓутоа штетата од неговите ефекти врз животната средина е практично непоправлива.
Испарувањето на моторните масла од земјата, нивното мешање со вода, доаѓањето во контакт со животните се само мал дел од ризиците што се појавуваат како последица на истекувањето.
Според научните истражувања, моторните масла се создадени за да го подмачкуваат и ладат моторот на автомобилот. И таа нивна намена завршува тука. Тие се штетни за животната средина, убиствени се за животните и растенијата, а смртоносно се опасни и за животот на луѓето.
Нивното истекување завршува во водата што ја пиеме, бидејќи само при еден дожд се мешаат со водата, што потоа завршува во земјата, во растенијата, а при испарување, истите тие повторно ни се враќаат како бумеранг во форма на дожд што ни ги наводнува растенијата и садниците. Така, загадената вода доаѓа во контакт со овошјето и зеленчукот со кои секојдневно се храниме, доаѓа во контакт со реките и езерата каде што во летниот период се разладуваме…
Кога истеченото моторно масло доаѓа во контакт со сончевите зраци, како последица на топлината, се случува испарување, при кое се испуштаат штетни хемикалии во воздухот, со што директно се зголемува загадувањето на воздухот. Кај луѓето што ги вдишуваат овие штетни хемикалии се забележуваат негативни здравствени последици, како болести на белите дробови, отежнато дишење и слично.
Но нашите несовесни возачи, очигледно, малку размислуваат за сите овие штетни последици.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/motornoto-maslo-na-ulicite-nepovratno-ja-zagrozuva-krevkata-zhivotna-sredina/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 15-Jan-2023 at 23:01
технички преглед кај нас постои колку да се плати само
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 16-Jan-2023 at 23:29
Па и информирањето од страна на државата/општините е на „завидно“ ниво. Без јавни кампањи не може многу да се промени. Само ако мнозинството луѓе станат свесни за штетноста на нивните активносит по нив самите, по сопствените семејства, можни се промени. Ама ете на пример, си менувам масло на пример дома, каде има место за безбедно да се депонира, или да се пријави? Од репортажата погоре се чини ко ни Комунална хигиена да нема добра претстава што со тоа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 19-Jan-2023 at 09:42
(ВИДЕО) Изворот Рашче под постојана закана од депонија со шестовалентен хром – има ли план „Б“ за водоснабдување на Скопје?


Скопје, во моментов, нема проблем со водоснабдувањето, но што ако канцерогениот шестовалентен хром од депонијата кај „Југохром“, кој веќе го има во околните подземни води, продре до Рашче?
Каква стратегија има Град Скопје за алтернативно водоснабдување на главниот град и зошто континуирано не се мониторира изворот Врело? Ова се прашања на кои градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не сакаше да даде одговор пред нашата камера. Иако уредно ја почекавме да заврши со прес-конференцијата по што ги поставивме прашaњата, таа ни возврати со зборовите „На боледување сум, срамота е ова што го правите“.

Идејата била добронамерна, но пораката „Строго забранет влез на неовластени лица“, на ‘ргосана и импровизирана врата, сега тешко дека ќе ја долови вистинската опасност на ридовите зад него. Ова се два милиони отпад – оставштина од работењето на Хемиско-електрометалуршкиот комбинат „Југохром“ од тетовско Јегуновце. Во него се измешани и 7 400 тони шестовалентен хром, кој е канцероген.

Со депонијата стопанисува централната власт, а во склоп на комбинатот има пречистителна станица. Напорот е преку пумпни станици, водите загадени со шестовалентен хром да се вратат на третман во пречистителната станица во „Југохром“. Но:

„Поради сложеноста и застареноста на системот, различниот состав на депонијата, Министерството се соочуваа со многу проблеми во текот на целиот овој период. Често пати има затнување на дренажниот систем, проблеми со пумпната станица, далечинското управување, тековно одржување и друго. Проблемите сe надминуваат со помош на двете страни и надвор од обврските коишто произлегуваат од одредбите на договорите“,

одговорија од Министерството за животна средина и просторно планирање.
И додека се прават напори за негово чистење, шестовалентниот хром не мирува. Отпадот си наоѓа свој природен пат и несоодветно третиран се слева во реката Вардар. Ова претставува еколошка катастрофа и потенцијална опасност за изворот Рашче, од кој со вода за пиење се снабдува цело Скопје. На ова екпертите предупредуваат со години.

„Индустриската депонија Југохром се наоѓа на позиција која е неповолна по однос на местоположбата на изворото Рашче. Се наоѓа во втора заштитна зона на изворот Рашче и е на место каде што контаминент од депонијата е возможно да стигне до изворот Рашче“,
вели за „360 степени“, проф. д-р Златко Илијовски од Градежен Институт Македонија – Скопје.

Одредени испитувања коишто се вршени преку институциите и Град Скопје ги има правено, укажуваат дека Изворот Врело има некојси капацитет од околу 800 литри во секунда или максимум можеби до 1 метар кубен во секунда, што во однос на просекот на издашноста на Рашче од 4,15 метри кубни во секунда е 4 пати помал. Но, како извор, доколку се мониторира, се испитува, во иднина се направи студија и проект, сигурно треба да се одреди проектантски на кој начин ќе се користи тој извор“,смета Димовски.

https://360stepeni.mk/video-izvorot-rashche-pod-postojana-zakana-od-deponija-so-shestovalenten-hrom-ima-li-plan-b-za-vodosnabduvane-na-skopje/

Edited by stef4o - 19-Jan-2023 at 09:42
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 23-Oct-2023 at 17:16
Се топат 600 тони акумулаторски батерии, опасен отпад што ги труе граѓаните, утре паѓа одлука каде ќе се дислоцира отпадот

Утре ќе се одржи состанк на кој надлежните ќе одлучат кои дополнителни мерки ќе се преземат за случајот со опасниот отпад во близина на село Орман. Околу 500-600 тони отровно олово нелегално складирано.

Во телефонски разговор, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, вели засега дадени се рокови за да се исчисти локацијата на којашто е детектиран овој отпад. Потенцира дека станува збор за приватен имот.

Дел од познавачите велат дека отпадот во близина на село Орман содржи тешки метали кои доведуваат до нарушување на работата на органите кај човекот, како и нарушување на нервниот систем.

Анкетираните граѓани им порачуваат на надлежните веднаш да се санкционира оној кој предизвикува штета за здравјето на жителите.

Здружени граѓани за чиста животна средина, претставници на О2 Иницијатива на социјалните мрежи се огласија-велат дека не се работи за обичен прекршок, туку за кривично дело. Прашуваат зошто Инспекторот за животна средина при општина Ѓорче Петров не поднел кривична пријава за сопствениците на земјиштето во близина на село Орман каде лоцирал во големи количини опасен отпад.

Според извештајот на Државниот инспекторат за животна средина на 10.10.2023 било детектирано одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на територија на Општина Ѓорче Петров од околу 500 до 600 тони и спаѓа во категорија на опасен отпад.

https://24.mk/details/se-topat-600-toni-akumulatorski-baterii-opasen-otpad-shto-gi-true-gra-anite-utre-pa-a-odluka-kade-kje-se-dislocira-otpadot
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 23-Oct-2023 at 17:18
Еко-активистите бараат итна истрага за потеклото на нелегално складираната оловна згура кај Лепенец



https://telma.com.mk/2023/10/23/eko-aktivistite-baraat-itna-istraga-za-potekloto-na-nelegalno-skladiranata-olovna-zgura-kaj-lepenec/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 03-Jul-2024 at 18:58
Еколошката бомба во Лојане: Арсенот продолжува да ги труе жителите

Северна Македонија никако да најде решение за чистење на рудникот за арсен и опасни минерали во селото Лојане. Проблемите со загадувањето и понатаму предизвикуваат штета врз животната средина и здравјето на жителите, кои после толку години се уморни од барање на решение за овој проблем. Долгорочното решение е отпадот да се депонира во депонии за опасен отпад, кои во земјава ги нема. Поради оваа причина, во владината процедура е давањето на концесијата за користењето на материјалните ресурси во Лојане, и доколку тоа не се реализира, од МЖСПП најавија дека ќе ги разгледаат можностите за едно трајно решение, пишува Порталб.мк.

Еколошка бомба

Жителите на селото Лојане рудникот за арсен, кој содржи и други опасни метали, го сметаат за еколошка бомба која им ја загадила почвата. Во меѓувреме, друг проблем е што поради арсенот жителите немаат вода за пиење. Еден жител на селото Лојане за Порталб.мк изјави дека не можат да се снабдат со вода од бунарите бидејќи водата не е безбедна за пиење.

„Водата од бунарите е испитана и содржи минерали, метали и арсен“, рече Шќипдон Реџепи.

Тој ни раскажа дека до денес никој не отишол во Лојане за да испита дали во крвта на жителите на ова село има метали.

„Сме имале многу случаи на болни од рак, веројатно како последица на арсенот.

Бараме што поскоро да се донесе вода за пиење и да се отстрани арсенот во рудникот, за да се заштити нашето село и околните села. Прашината со арсен се крева во воздухот, ја вдишуваат луѓето и животните и се лепи на дрвјата, зеленчукот и житарките што ги консумираме. Слушнав дека турски и германски инвеститори сакале да го купат депозитот за скапите метали, но политичарите сакале да придобијат од тоа“, рече Шќипдон Реџепи.

Жителите на ова село се загрижени и за здравјето на нивните деца, бидејќи основното училиште „Рилиндја“ се наоѓа во близина на депонијата, и тоа на само 100 метри.

Еден жител на Лојане истакна дека депонијата со арсен претставува ризик по здравјето на учениците бидејќи смрди, особено кога дува ветер, прашината полна со арсен ветерот ја носи во училиштето, но истата се шири и по нивите кај селото.

„Исто така, тоа има штетно влијание и на здравјето на целото население. Со години апелиравме до државните органи за да се најде решение за депонијата, а решение нема. Водата во селото Лојане е загадена со арсен. Во општината апелирав што поскоро да се изгради водоводот од браната во Ликово, поради тоа што во селото немаме чиста вода за пиење“, рече Арсим Зимери.

Како дошло до овој проблем?

За проблемот со арсенот во Лојане разговаравме и со професорот по микробиологија Ментор Зеќири. Тој ни објасни подетално за овој рудник. Ископувањето на минералите во рудникот за арсен во селото
Љојане со експлоатација на руди на хром, антимон, кој како компонента се комбинира со арсен, започнало од времето на Отоманската империја, потоа во времето на српско-хрватско – словенечкото кралство и се до 1966 година во времето на Југославија.

„Во 1966 година рудникот во Лојане бил затворен, но по затворањето останала оваа депонија која од тогаш па се до денес е опасност за оваа населба. Арсенот како многу отровен елемент е познат уште од античко време кога се подготвувале многу тешки отрови од арсенот. Арсенот е еден од најканцерогените елементи кој исто така е меѓу првите места на светската ранг-листа на канцерогени субстанции“, изјави Ментор Зеќири.

Тој нагласи дека денес, во модерно време, дозволените минимални концентрации на
арсен во водата се 0,01мг/литар.

„Пред депонирањето на материјалот, во депонијата беше главниот извор на вода „Врела“ кој ги снабдуваше жителите и земјоделските култури со квалитетна вода за пиење. За време на депонирањето оваа вода е загадена со арсен, како и околната почва и земјоделските култури. Арсенот лесно навлегува во подземните води и се поврзува со други отровни елементи, предизвикувајќи така загадување на селото Лојане од рудникот“, изјави Ментор Зеќири.

Вториот сегмент од загадувањето, како што рече, доаѓа од серпентините на ридовите, кои содржат антимон и арсен.

Се бара решение

Зеќири рече дека Владата на Северна Македонија треба да изработи акциски план за решавање на проблемите со депонијата во село Лојане.

„Повеќето обиди да се реши ова прашање беа неуспешни. Се надеваме дека што поскоро ќе имаме квалитетна вода за пиење, ова отсекогаш било наше главно барање. Арсенот продолжува да ја загадува населбата и целиот регион. Оваа депонија треба да се дислоцира и отпадот да се искористи во разни индустрии кои користат арсен како суровина“, рече микробиологот.

Од друга страна, од Еколошката организација „Слупчане“ потенцираа дека ниту една влада и локална самоуправа не успеале да го решат овој стар проблем.

„Самите ние сме виновни затоа што не презедовме сериозни чекори за овој проблем, сега проблемот мора што поскоро да се реши од новата влада и ова нека биде дел од првите 100 дена од владеењето, но и предизвик за следната локална власт“, рече Фејзула Арифи.

Министерството најавува „решенија“

Долгорочното решение за санација на контаминираните локации е отстранувањето и депонирањето на отпадот во депонија за опасен отпад, опција која е предвидена и во актуелната физибилити студија во Лојане. Меѓутоа, во Република Северна Македонија во моментов нема депонии за опасен отпад од овој тип.

Во овој контекст, од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) за Порталб.мк соопштија дека поради интерес на инвеститорите, Министерството за економија ја започнало постапката за доделување на концесијата за депонијата, согласно Законот за минерални суровини. Решението на проблемот е дислокација на отпадот на друго место надвор од државата, за натамошното користење на металите што е предвидено како обврска на концесионерот. Какви било други привремени активности за покривање и оградување нема да го решат проблемот со загадувањето.

„Според информациите од Министерството за економија, во месноста „Лојане“, општина Ликово, започната е постапка за повторно доделување на концесијата за користење на минералните суровини, а подготвена е информацијата во врска со иницијативата за поведување на постапка за доделување на концесијата за користење минералните суровини во локалитетот Лојане, општина Ликово со Предлог – Одлука, која е во процедура на Владата“, соопштија од МЖСПП.

Оттаму додаваат дека по донесувањето на Одлуката за започнување постапка за доделување на концесијата за експлоатација од страна на Владата, следи формирањето на Комисијата и објавувањето на Јавниот повик за доделување на концесијата за експлоатација на минерали во Лојане.

„Доколку истото не може да се реализира, МЖСПП ќе ги разгледа опциите за трајни решенија преку средства од донатори и внатрешен придонес, како што е случајот со опасниот отпад во Охис“, заклучуваат од МЖСПП.

https://meta.mk/ekoloshkata-bomba-vo-lojane-arsenot-prodolzhuva-da-gi-true-zhitelite/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.394 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.