![]() |
![]() |
![]() |
Деловни објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 18> |
Author | ||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
сите објекти во градов си се приказна за себе и си имаат свој лик по кој се познати, зошто да го менуваме тоа?
зарем не разбирате дека се што им е потребно на објектите во стил на МТВ, Кјуби, НБРМ и други е менување на стаклата, темелно чистење и реновирање на фасада и можни мали промени поради модернизација, се друго ќе биде излишно но сепак, не се противам многу на промени |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Лупо, што подразбираш точно под „неофицијална информација“? Кажи попрецизно што допрело до тебе.
Инаку сметам дека зградата на QBE е апсолутно прекрасна и е еден од најмаркантните објекти во Скопје, се разбира во позитивна смисла. Муабетот на релација барок-модернизам во контекст на оваа зграда искрено не го разбирам и не знам како овој објект влезе во тој калап и како и овде стигнавме до обвинувања од типот „ништо не ви чини“, ниту пак кога ќе ја прочитам таа изјава ми е јасно кон кого точно е упатена... замислени непријатели?!? Се што и треба на зградата е освежување на прозорите, без експерименти и без коренито менување на изгледот. Не велам дека нема да биде прекрасна и целата во стакло (тоа целосно зависи од конкретниот проект, може да биде и ремек дело), но не ја гледам потребата за тоа. И се сложувам со alexgizh, зградата има многу силен идентитет, и лично не сум премногу лагоден околу таква идеја за целосно нов изглед. Се работи за приватен инвеститор кој може да прави што сака, но мое мислење е дека би било сувишно се освен шминка и редовно одржување.
![]() |
||
![]() |
||
lupo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2009 Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
|
Она што го дознав јас дека самата фирма одлучила да си ја модернизира зградата, прво никаков барок не спомнав и незнам од каде го ископавте тоа, зградата ке биде многу модерна и во стакло и за тоа е скапо платено, а архитектите мислам дека биле тие на Спомен куќата на Тоше во Крушево што ја дизајнирале, аирлија им тргна на архитективе, нека им е вака на сите архитекти и иваа гранка да види бел ден. |
||
...kaj si kapelo pak ke si kape...
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
|
Постар Деловен Објкет во центарот на Битола Пелагонка 2 ![]() |
||
![]() |
||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
Пелагонка 2 или "Стара Болница"..
![]() Edited by Danielbtmk - 27-Jun-2011 at 01:10 |
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
30-50% ОД ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР НЕИСКОРИСТЕН!
Инвеститорите најавуваат нови објекти во Скопје поради зголемената побарувачка на деловни простории, а агенциите ги демантираат со тврдење дека објектите се полупразни, а побарувачката мизерна ![]() За две до три години во Скопје ќе има повеќе од 20 деловни трговски објекти затоа што трендот за нивна изградба кој интензивно почна во последните неколку години, продолжува и понатаму. Бизнисот со изнајмување деловни објекти има иднина, потврдуваат сите инвеститори кои ги консултираше “Капитал“. Тврдат дека се уште има простор за нови деловни квадрати поради недоволната, и по квантитет и по квалитет, понуда на бизнис-простор наспроти растечката побарувачка. Агенциите за недвижности, кои изнајмуваат деловен простор, пак со поинаква слика. Велат побарувачка нема, цените паѓаат, а искористеноста е далеку од таа што ја прикажуваат инвеститорите. Откако пред пет години почна изградбата на, денеска веќе познатите бизнис-центри, Соравија и Хипериум, во центарот на Скопје никнаа и Кубус, Граве, Ера Сити, Сан Марко, Бизнис-центарот Меги, Сити Галери... Освен деловно-администртивни објекти, во Скопје се очекува зголемена понуда на деловно-трговски простор и од страна на инвеститорите на катни гаражи, кои исто така во последниот период никнуваат како печурки, а нудат деловен простор за изнајмување. Очекуваната зголемена понуда на деловен простор го наметнува и прашањето, дали е можна стагнација на цените за изнајмување. Според агенциите за недвижности, цените се движат меѓу 10 и 20 евра по метар квадратен во зависност од квадратурата на деловниот простор и локацијата. Васко Давитковски, менаџер во Соравија, сепак тврди дека овој пазар има иднина во Македонија, бидејќи побарувачката уште не го достигнала својот полн капацитет. “Деловниот простор во Соравија е исполнет со 70% од неговиот капацитет, а дел од закупците се Вип оператор, Капитал банка, Евроинс, КПМГ, ИФЦ, Сони, Страбаг и други. Важно е да се напомене дека понудата се повеќе го зголемува капацитетот, но и квалитетот на деловните простории. Во периодот кога се градеше центарот Соравија, во Скопје само околу 10% од деловниот простор можеше да се класифицира како А класа, а три години подоцна тој процент е значително зголемен со изградба на нови софистицирани објекти. Тоа значи дека и други компании направиле проценка дека побарувачката за таков простор ќе се зголеми и се одлучиле да влезат во инвестиција“, вели Давитковски, и додава дека и банките кои ги поддржуваат ваквите скапи проекти исто така вршат проценки за нивната економска исплатливост. Мира Георгиевска, претседател на Здружението на сопственици на деловниот објект Луна корпорација, лоциран на аголот спроти соборниот храм, вели дека и во овој објект речиси нема слободен простор за изнајмување. “Станува збор за простор од 2.600 метри квадратни од кои речиси 70% се издадени. Останатиот дел го имаат купено странци во чија сопственост е објектот, но немаат интерес да го издаваат“, додава Георгиевска. Речиси максимална искористеност на деловниот простор има и во бизнис-центарот Хипериум, чиј инвеститор е австриската Хипо алпе адриа лизинг, кој нуди канцелариски простор, конгресен центар, како и ресторан со кетеринг услуги. “Од нето-корисна површина од 6.000 метри квадратни, искористеноста е дури 95%. Станува збор за закупци кои се реномирани интернационални компании. Тие имаат долгорочни договори за закуп со траење од 5 и повеќе години. Со сигурност можеме да кажеме дека квалитетот на бизнис-центарот Хипериум и во иднина ќе придонесе да биде исполнет целосниот капацитет на зградата“, велат во Хипериум. Слична е состојбата и во новоизградениот објект на градежната компанија Кубус, на булеварот Партизанска, која веќе има склучено договори за изнајмување на деловен простор. “Исто како и за купување простор, така и за изнајмување навистина е важно објектот да биде изграден во завршна фаза да биде со имотен лист. Тие што изнајмуваат за подолг период, на пример, за 5,6 години, подоцна сакаат и истиот да го купат. Договорите со долгорочните закупци и купците се во завршна фаза за првата зграда на Кубус, додека за другиот објект кој се уште ни е во фаза на изградба имаме само заинтересирани, но немаме дефинитивни договори. Во првиот објект повеќе од 50% од просторот веќе е изнајмен, но има простор и за купување“, вели Златко Тодоров, директор на Кубус. АГЕНЦИИТЕ ГИ ДЕМАНТИРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ И додека инвеститорите се фалат за рекордна изнајменост на нивните деловни простории, агенциите за недвижности тврдат дека пола од бизнис-центрите зјаат празни, цените се преценети, а условите на пазарот сменети. “Секогаш цените во ново изграден објект се повисоки од цените на останатите деловни простории. Се тргнува со почетна цена од 20 евра за метар квадратен, за на крај да се спушти до 10 евра, па дури и 8 евра, само за да се издаде објектот. Факт е дека нема нови побарувања за деловен простор, а буџетите на компаниите се намалени. Ние пред некое време успеавме деловен простор од 1.200 метри квадратни да го земеме под наем за цена од 8 евра по метар квадратен“, вели Донка Филиповска од агенцијата Бастион. Според неа, проблем е што инвеститорите не сакат да прифатат дека по економската криза условите на пазарот се променети и треба да ги намалат цените. “Можеби пред две години овие цени за изнајмување биле реални, меѓутоа сега веќе не се. Пример е објектот Граве, кој повеќе од половина е празен, а се обидуваме да го издадеме повеќе од половина година“, додава Филиповска. ВО ИГРА СЕ И КАТНИТЕ ГАРАЖИ Освен деловно-административните објекти кои се специјално изградени за изнајмување или продавање на деловни простории, ваков тип услуга нудат и катните гаражи во кои, според законските прописи, е дозволено 35% од вкупната површина на објектот да биде од деловно-трговски карактер. Таква катна гаража, која е веќе во завршна фаза на изградба е гаражата на инвеститорот Импексел-2, лоцирана зад Универзална сала, во која се инвестирани три милиони евра. Неим Хусеини, сопственик на градежната компанија Импексел-2, вели дека од деловниот објект веќе се изнајмени 500 метри квадратни. Слична е состојбата и во Зебра, катната гаража во сопственост на градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, каде што приземјето е целосно издадено на закупци, додека дел од канцелариите се продадени. http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/71966/30-50_od_delovniot_prostor_neiskoristen!.aspx?iId=2302 |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Ќе има ли кираџии за сите канцеларии и шопинг-центри?Соња Јованова![]() Деловни објекти никнуваат како печурки Инвеститорите велат дека на Скопје се уште му фали квалитетен деловен простор, додека агенциите за недвижности, пак, предвидуваат пад на кириите поради заситеноста на пазарот ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------ Во Скопје, според последната анализа на агенцијата Фортон МКА, вкупната површина на деловниот трговски простор изнесува повеќе од 92 илјади метри квадратни, а понудата допрва ќе расте, поради градбата на новите шопинг-центри. „Реновирањето на центарот на градот е при крај, а тоа ќе ги ревитализира главните улици на кои се одвива најголем дел од продажбата во втората половина од 2011 година. Во 2012 година, на пазарот може да се очекува влез на значајни меѓународни брендови, како што се оние во рамки на групацијата Inditex, односно најавениот влез на трговската марка Zara, велат аналитичарите на Фортон МКА. Нови 40 илјади метри квадратни канцелариски просторПокрај новите трговски центри, во Скопје се изгради и доста нов канцелариски простор во објектите на Хипериум, Соравија, Граве, Сан Марко (којшто не профункционира поради активирината хипотека врз него), Гема, Меги, потоа неколкуте помали објекти близу Соборниот храм како Луна, Кубус и уште неколку во останатите населби. На новите канцелариски простори во Скопје проценетата површина е околу 40 илјади метри квадратни. Освен деловно-административни објекти, во Скопје се очекува зголемена понуда на деловно-трговски простор и од страна на инвеститорите на катни гаражи, кои исто така во последниот период никнуваат како печурки, а нудат деловен простор за изнајмување. Според агенциите за недвижности, цените се движат меѓу 10 и 20 евра по метар квадратен во зависност од квадратурата на деловниот простор и локацијата. Повеќето инвеститори на завршените деловни објекти во Скопје велат дека просториите им се максимално искористени. Во Хипериум, бизнис-центарот што го изгради Хипо алпе адриа лизинг велат дека во моментов клиенти им се 9 компании, мнозинството се меѓународни, кои вкупно искористуваат 93% од зградата. За солидна искористеност на деловниот простор зборуваат и во австрискиот инвеститор Соравија, каде што искористеноста на капацитетот е повеќе од 70%.Таму закупци се интернационални компании како Вип, Капитал банка, Евроинс, КПМГ, ЕБРД, ИФЦ, Сони, Страбаг. Во Соравија сметаат дека пазарот на недвижности има иднина во Македонија, а понудата допрва ќе се зголемувала. “Во периодот кога се градеше центарот Соравија, во Скопје само околу 10% од деловниот простор можеше да се класифицира како А класа, а три години подоцна тој процент е значително зголемен со изградба на нови софистицирани објекти. Тоа значи дека и други компании напарвиле проценка дека побарувачката за таков простор ќе се зголеми и се одлучиле да влезат во таква инвестиција“, вели Питер Рот, генерален директор на Соравија-Македонија. Агенциите велат: кириите за деловен простор ќе паѓаат!Meѓутоа, не сите деловни центри во Скопје може да се пофалат со добра пополнетост на просторот за изнајмување. Агенциите за недвижности тврдат дека половина од бизнис-центрите зјаат празни, висината на кириите е преценета, а условите на пазарот сменети.“Секогаш цените во ново изграден објект се повисоки од цените на останатите деловни простории. Се тргнува со почетна цена од 20 евра за метар квадратен, за на крај да се спушти до 10 евра, па дури и 8 евра, само за да се издаде објектот. Факт е дека нема нови побарувања за деловен простор, а буџетите на компаниите се намалени. Ние пред некое време успеавме деловен простор од 1.200 метри квадратни да го земеме под наем за цена од 8 евра по метар квадратен“, вели Донка Филиповска од агенцијата Бастион. Според неа, проблем е што инвеститорите не сакат да прифатат дека по економската криза условите на пазарот се променети и треба да ги намалат цените.“Можеби пред две години овие цени за изнајмување биле реални, меѓутоа сега веќе не се. Пример е објектот Граве, кој повеќе од половина е празен, а се обидуваме да го издадеме повеќе од шест месеци“, додава Филиповска. И Аналитичарите на Фортон МКА сметаат дека најатрактивните локации за деловен простор во Скопје сe уште држат високи цени за изнајмување, кои во просек се движат од 20 до 40 евра за метар квадратен. “Цените на атрактивните локации ќе останат стабилни цела година, сe додека не се испорача новиот продажен простор во 2012 година“, велат од Фортон МКА. Аналитичарите од Фортон МКА како фактор кој ќе придонесе за намалување на цените на продажниот простор го посочуваат и проектот за изградба на облакодер во општината Аеродром, финансиран од турски инвеститори, кој на пазарот ќе понуди 40.000 метри квадратни продажен простор. Со влезот на францускиот синџир Mr. Bricolage, пак, кој е пандан на шведската Икеа, понудата на деловен малопродажен простор ќе се зголеми за 4.500 метри квадратни, се потенцира во анализата на Фортон МКА. Цените на бизнис-канцелариите, според анализата на Фортон МКА, веќе се намалени за 9%. Или ако пред една година новите бизнис-канцеларии кои се изградија се издаваа за 20-25 евра за метар квадратен, сега тие се паднати на 15,5 евра. За просторот од класа А веќе се преговара за цени од 10 до 15 евра за метар квадратен, додека за просториите од класа Б цените на кириите одат од 7 до 12 евра.
Според Global Property Guide Во Скопје е најисплатливо да се купува недвижен имот!
Нови шопинг-центри, канцеларии, но и хотели од светски брендови Првиот Мериот во Скопје ќе се отвори во октомври 2013!
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
конечно да видиме лопата со панделка и за Мериот
Edited by gjoko - 14-Dec-2011 at 17:46 |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Спроти американската амбасада
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Како се вика овој деловен објект што е сместен веднаш до комплексот „Македонија“ во Карпош:
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Pallatino ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
![]() Случајно го видов ама незнаев каде да го постирам. Па ако е на погрешно место префрлете го. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
од Срѓан Адамовиќ-македонска берза
![]() ![]() |
||
![]() |
||
G.I. Joe ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 417 |
![]() ![]() |
|
koordinati ima za ovaj objekt ?
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Ова е стар рендер кој се мотка на форумов барем 5 години, веројатно се работи за некое идејно решение, ништо повеќе. Локацијата никогаш не ја дознавме |
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека се работи за местото на палата Читкушееви... ако добро го напишав...
|
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
![]() |
||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
Јас ја дознав ![]() http://wikimapia.org/#lat=41.999999&lon=21.4263504&z=19&l=0&m=b Подоцна на оваа локација се изгради постојниот објект. |
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |