Print Page | Close Window

Деловни објекти (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=911
Printed Date: 16-Oct-2019 at 10:26


Topic: Деловни објекти (општо)
Posted By: vardar
Subject: Деловни објекти (општо)
Date Posted: 05-Apr-2008 at 12:42

Доста со негативизам..имиња...вето....да се вратиме на урбанизам/архитектура.....

Многу ми се допаѓа проектов Yes  Thumbs%20Up испаѓа во Македонија најдобрите проекти се градат надвор од скопје  LOL
 
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BD892DD2C064334B8F9ADCDB608A4EF5 - Dnevnik

Студиото „Платформа“ победи на Бимас со објектот „Мебо“

Студиото за архитектура и дизајн „Платформа“ ја освои главната награда за најуспешно реализирано авторско архитектонско дело за административно-деловниот објект „Мебо“ во Штип, на 14. биенале на македонската архитектура - Бимас 2008. Автори на објектот се Елена Павловска, Емил Јегени, Веле Богоевски и Јасна Милојковиќ. Тие победија во конкуренција на 160 трудови, а со наградата, студио „Платформа“ стана најмлад добитник на ова признание. „Платформа“ е млад тим на архитекти што работат архитектура и внатрешен дизајн. Добитници се на повеќе признанија и награди.Бимас 2008 се одржа од 14 до 31 март, а темата на годинашното издание беше „РЕ-Архитектура - повторно промислување за архитектурата“. Биеналето на македонската архитектура е врвна манифестација од државен ранг, што со години наназад го организира Асоцијацијата на архитектите на Македонија. Целта на Биеналето е на најрепрезентативен начин да се претстави двегодишната продукција на македонските архитекти. Бимас се одржува од 1981 година. Досегашни добитници на главната награда се: Георги Константиновски, Александар Никољски,Илија Пулејков,Марија Марковска,Здравко Рафајловски, Донка Петкова Костиќ, Василка Ладинска и други.

 
 



Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 05-Apr-2008 at 13:27

Еве и  http://www.platforma.com.mk/ - линк од вебстраната на дечкиве, имаат доста интересни проекти Thumbs%20Up 



Posted By: blejdsk
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:36

ВО СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА


Крка со нов деловен простор


Претставништвото на словенечката фармацевтската компанија Крка во земјава доби нов деловен простор во скопската населба Кисела Вода. Во објектот, кој вчера беше пуштен во употреба, ќе работат 23 лица. Деловниот простор е на површина од 2.400 квадратни метри. Крка годинава прославува 40 години од своето постоење.

Јоже Цоларич, претседател на Управата и генерален директор на Крка, на отворањето на објектот ја потенцираше долгогодишната соработка со нашата земја, иако само еден процент од нивното вкупно производство се пласира на македонскиот пазар.

- Од нашата палета на лекови во земјава се регистрирани 120 производи, а поголемиот дел од нив на македонскиот пазар се продаваат поевтино отколку на словенечкиот - вели Цоларич.
Тој годинава очекува компанијата да оствари 160 милиони евра нето-добивка, бидејќи уште првите три месеца продажба се зголемила за 19 отсто. Десет проценти од производството тие го реализираат на словенечкиот пазар, а остатокот во странски земји. Околу 82 проценти од лековите се продаваат на лекарски рецепт. Во компанијата се вработени над 7.000 лица, а акцијата на Крка е најликвидна хартија од вредност на Љубљанската берза.

http://vecer.com.mk/?ItemID=90BD0AB574363C45B804132295C5FCF3 - http://vecer.com.mk/?ItemID=90BD0AB574363C45B804132295C5FCF3



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 01:01
Каде бре ова у кисела вода?!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 10-Apr-2008 at 05:54
Не е ова крка накај драчево? 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2008 at 17:16
Оваа зграда ја немаме евидентирано, а е една од првите покултурни објекти што се изградија во независна Македонија. Чисто поради евиденција....




Posted By: pavche
Date Posted: 14-Oct-2009 at 15:08
Benchmark Tower & Ellipse Centre, Sofia :













Posted By: Forensic
Date Posted: 24-Oct-2009 at 14:27
Almost done: Varna Towers:














Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 27-Oct-2009 at 12:13
Originally posted by ovaj_stariov

Сликнав(од автобус) неколку слики од новата софијска архитектура,има добри примери но добар дел се тежки транзициски градби.. . .

Зградата од Jonson Controls



 
Тоа е зграда изградена от познатата и во Македониjа "Соравиjа Груп". Не е много маштабна, но и така е една от омилените ми нови згради во Софиjа.
Ето неколку мои слики от вчера:
 
 
 
 
 
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-May-2010 at 11:50
Од каталогот Бимас 2010.

Адаптација и доградба на деловен центар Медиа. На крстосницата Љубљанска/Илинденска

 42° 0'27.22"N
 21°23'26.74"E






Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-May-2010 at 02:44
ТДА ТРЕЈД ќе гради деловен центар во Аеродром


Министерството за транспорт и врски информираше дека по пат на јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште со вкупна површина од 2.225 мІ кое се наоѓа во Општина Аеродром со намена за изградба на деловни простории за најповолен понудувач беше избрана компанијата "ТДА Трејд" од Скопје. Компанијата ја понуди највисоката цена од 15.500,00 денари по метар квадратен или вкупно 34.487.500,00. Почетната цена на јавното наддавање изнесуваше 6.000,00 денари по метар квадратен.

Како што велат од Министерството најповолниот понудувач ги уплати средствата, согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во предвидениот рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршување на Јавното наддавање кое се одржа на 13 мај 2010 година.

По склучувањето на договор за отуѓување на градежното земјиште, најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од шест месеци од склучување на договорот ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект со урбанистичкиот план, од надлежната општина, а истиот ќе го изгради во рок од 2 години од прибавеното одобрение. Доколку објектот не се изгради во определниот рок, договорот ќе биде раскинат се, вели во соопштението на Министерството за транспорт.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B6884C1EC6AC8D409500FE38AA5161AA

http://www.tda.com.mk/ - http://www.tda.com.mk/

Ги превртев сите ДУП-ови што се на страницата на Општина Аеродром и никаде не фигурира таква квадратура 2225м2, освен ако можеби има такво нешто во два плана кои не се читливи поради слабата резолуција.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 08-Aug-2010 at 20:55
Еве ја филијалата на Комерцијална Банка во Прилеп. Зградата порано служела како пошта пред изградбата на новата зграда.

01.

02.



-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Sep-2010 at 18:34
Доградба на деловниот објект на Неоком

1.

2.




Posted By: axel
Date Posted: 08-Sep-2010 at 18:40
ubavo bi bilo da se dogradi zgradata na neocom ama mislam deka nema nisto da bide od taa rabota a u stanarite od okolnite zgradi se protivele nesto svetlinata kke ima ja odzeme zgradata ako se dogradi...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Sep-2010 at 18:50
Очигледно не се постигнал договор со околните "граѓани" за кои што незнам зашто воопшто општината ретерирала пред нивните барања. Требаше да се догради и комплетира зградава. Нашле импровизационо решение за непланирана дограба што супер се надоставува на објектов. Ретко се случува ваков дизајн на зграда во Македонија. Мислам дека многу поубаво ќе изгледа доградбата ако беше посебен објект во непосредна близина, ако е до толку битна близината и централизираност на вработените. Дури и на истата локација не морало врската меѓу двата објекта да биде комплетна по секој кат по цела страна. Мислам дека за функционалност на компанијата доволно би била и само близината да двата објекта еден до друг или ако до толку треба некои два-три моста на секој втор кат внатре длабоко меѓу двата објекта.




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Sep-2010 at 19:36
А зошто да не и едното и другото.... одлично ќе се вклопат и ќе си одговараат...


Posted By: alexgizh
Date Posted: 08-Sep-2010 at 20:01
Како ретко каде, ми се допаѓа доградбата. Многу добро го пополнува аголот и создава илузија на комплетен кварт.

Сепак, во мене тлее надеж дека зградата на ОНЕ/Неотел ќе биде комплетирана и доградена како што беше планирано. Кога Duke Nukem Forever можеше по 13 години сепак да искочи иако луѓе ја отпишаа пред години, може и зградава да се доправи


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-Sep-2010 at 22:10
Во право си lsl доградба е смешна работа. Не само што ќе се загуши и уништи просторот туку и првобитниот план за една висока и модерна бизнис зграда е подобар. Штета што не е земен предвид иако првобитно тој си постоеше.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Sep-2010 at 22:18
Далеку од тоа дека е смешна работа. Најнормална работа е. Оваа доградба е максимум, следи комплетно современ дизајн и совршено дизајнот и се вклопува со старата зграда. А и сама по себе е интересна. Далеку од тоа дека реков дека ова е смешна работа, добра си е доградбата, само сметам дека не требало да има толкава врска помеѓу стариот и новиот објект.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Nov-2010 at 18:19
Државата продава девет парцели за деловни објекти во Штип

На лицитација ќе одат над 18.000 метри квадратни државно градежно земјиште во Штип. Министерството за транспорт и врски распиша оглас за вкупно девет парцели распоредени на три локации во градот. Тие се опфатени со Деталните урбанистички планови „Индустриска зона север“ (2 парцели), „Населба Балканска“ (3 парцели), „Населба Баби 5“ (4 парцели) и се предвидени за изградба на деловни објекти. Површината на парцелите се движи помеѓу 1.241 и 3.780 метри квадратни, додека почетната цена за сите изнесува 2.800 денари по квадрат. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 10.12.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 16.12.2010. Депозитот е утврден на 10% од почетната цена.

http://www.build.com.mk/?p=5716 - http://www.build.com.mk/?p=5716




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Mar-2011 at 17:45
Vo bulevarod ilinden se gradese eden mal objekt visok 5 kata, ne se vklopuvase so drugite zgradi, katastrofa izgledase
http://img847.imageshack.us/i/p1103111425.jpg/">
http://img696.imageshack.us/i/p110311142501.jpg/">




-------------


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 14-Mar-2011 at 21:56
emi prozorci mu nacukaja sosednite objekti i nemozi kalkanski da se zatvori


Posted By: axel
Date Posted: 28-Mar-2011 at 10:30

Телеком и Т-мобиле ќе ги трампат зградите со Дивелоп Груп дооел Скопје со доплата

28.03.2011

Телеком и Т-мобиле ќе ги трампат зградите со Дивелоп Груп дооел Скопје со доплата

На претстојното собрание на акционери на Македонски телеком една од предлог одлуките е да се одобри продажбата на три згради во сопственост на Македонски Телеком и Т-мобиле и да се купи зградата на Дивелоп Груп дооел која  во моментов сеуште е во изградба. Телеком и Т-мобиле ќе ги продадат зградите за вкупно 20.700.000 евра, а ќе ја купат зградата од Дивелоп Груп за 37.300.000 евра по принцип клуч на рака, т.е. целосно завршена . Разликата ќе се плати на 6 еднакви годишни рати, откако ќе се впише сопственоста врз зградата која е во изградба. Оваа одлука мора да биде изгласана на собранието на акционерите според статутот на друштвото, бидејќи претставува измена на структура на имотот на Македонски Телеком каде сметководствената вредност надминува 10% од нето вредноста на имотот на друштвото утврдена според последните финансиски извештаи.
Фирмата Дивелоп Груп се спомнува во повеќе инвестиции како хотелот Мериот кој треба да се гради на плоштадот и хотелот со 5 звезди во Охрид кај Горица.

Инаку како интересен податок инвестицијата во хотелот Мериот во Скопје според http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51510104105&id=14&setIzdanie=21984 - новинарскиот текст во Нова Македонија ќе изнесува 37.000.000 евра

Предлог-одлука во целост можете да ја видите на следниот http://www.telekom.mk/download/Investor_Relations/2011/godisno_sobranie14_4/11.MKT%20SA%20Nacrt%20Odluka_Prodazba%20i%20kupuvanje%20na%20adm.%20zgradi.pdf - линк.
На мапата подолу можете да ги видите зградите за кои станува збор и зградата која е во сопственост на Т-мобиле и не е предмет на овој договор.



View http://maps.google.com/maps/ms?ie=UTF8&hl=en&t=h&msa=0&msid=215342690537110783856.00049f741abcc53d6e87a&ll=41.996944,21.430528&spn=0.005581,0.00912&z=16&source=embed - Македонски Телеком и Дивелоп Груп дооел in a larger map

http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/21839-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BC-%D0%B8-%D1%82-%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B5-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B4%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%BF-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%BF-%D0%B4%D0%BE%D0%BE%D0%B5%D0%BB-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0.html


Posted By: N23
Date Posted: 03-Apr-2011 at 13:21
Ова се неколку објекти од Струмица, некако оваа нишка најсоодветна ми изгледаше. Ги сликав само "подобрите", останатите беа во некој "тетовско-драчевски" стил, објекти изградени колку да се рече. Иначе сликано е од автобус.

1.


2.


3.


4.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 13-Apr-2011 at 19:50

Салата „Партизан“ ќе прерасне во Бизнис Инкубатор преку проект на Општина Берово финансиран од ЕУ

Преку реализирањето на инфраструктурни проекти, комплетно се менуваат визуелните ефекти и функционирањето на заедницата т.е. категоријата на населението кое најмногу ги користи бенефитите од овие реализации.

Конечно и салата „Партизан“ која се наоѓа во центарот во Берово и претставувала значајна алка од културниот живот на жителите од Општина Берово ќе ја добие својата ренесанса и најпосле ќе престане да ја нагрдува сликата на овој дел од градот.

Преку проектот „Бизнис Инкубатор – економски развој и видливост во пограничниот регион“ салата ќе биде реконструирана и надградена со средства кои се обезбедени преку претпристапните фондови на Европската  Унија (IPA), од програмата за прекугранична соработка на Македонија и Бугарија во висина од околу 280.000 евра.

Од архитектонска гледна точка реконструираната и доградена сала „Партизан“ ќе претставува спој на модерното и традиционалното и во неа се предвидени голема конгресна сала, мала сала за состаноци и канцеларии од кои најголем бенефит би имале претприемачите од општините Берово и Струмјани -  Р.Бугарија која е партнер во проектот, малите и средните претпријатија, Локалните власти како и целото население во општините.

Преку реализацијата на овој проект ќе се воспостави бизнис инкубатор кој ќе работи на развојот на економијата на пограничниот регион т.е во Општина Берово и Општина Струмјани

http://berovo.gov.mk/images/stories/partizan/part10.jpg
http://berovo.gov.mk/images/stories/partizan/part11.jpg
http://berovo.gov.mk/images/stories/partizan/part8.jpg
http://berovo.gov.mk/images/stories/partizan/part1.jpg
http://berovo.gov.mk/images/stories/partizan/part3.jpg

http://berovo.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=447%3A2011-04-13-16-21-16&catid=40%3Avesti-berovo&Itemid=62



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Apr-2011 at 20:30
дај бе барем еднаш нека се загрижат за дизајн, а не за пари! мешавина од елементи кои не одат заедно и фасада чие време поминало пред 20 години, до кога ќе се сведуваме на вакво нешто?


Posted By: alexgizh
Date Posted: 15-Apr-2011 at 07:03
Originally posted by zabegan

дај бе барем еднаш нека се загрижат за дизајн, а не за пари! мешавина од елементи кои не одат заедно и фасада чие време поминало пред 20 години, до кога ќе се сведуваме на вакво нешто?


Previous

По 20 години! Bash


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Apr-2011 at 20:53
Neoficijalno zgradata na QBI Makedonija ke ja menuva svojata fasada vo moderen dizajn, ke bide celata vo staklo.

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-Apr-2011 at 21:29
Previous

НЕЕЕЕЕЕЕ!!!

Доволно ретардирани вести чувме денеска... мораше ли и ова...


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Apr-2011 at 21:38
Originally posted by alexgizh

Previous

НЕЕЕЕЕЕЕ!!!

Доволно ретардирани вести чувме денеска... мораше ли и ова...
 
Зошто вака? Јас баш се израдував


-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-Apr-2011 at 21:47
Originally posted by lupo

Originally posted by alexgizh

Previous

НЕЕЕЕЕЕЕ!!!

Доволно ретардирани вести чувме денеска... мораше ли и ова...
 
Зошто вака? Јас баш се израдував


Сметам дека зградата има добар идентитет, и дека кога/ако се преслече во стакленица ќе го изгуби. А Скопје нема да добие ништо.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Apr-2011 at 21:50
Originally posted by alexgizh

Originally posted by lupo

Originally posted by alexgizh

Previous

НЕЕЕЕЕЕЕ!!!

Доволно ретардирани вести чувме денеска... мораше ли и ова...
 
Зошто вака? Јас баш се израдував


Сметам дека зградата има добар идентитет, и дека кога/ако се преслече во стакленица ќе го изгуби. А Скопје нема да добие ништо.
Ајде ајде сега, кога е барокот пекате по модерно, сега кога се преправа во модерно, ке се изгубел идентитетот

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-Apr-2011 at 21:57
Зарем зградава до сега не беше модерна?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Apr-2011 at 22:00

Човек да не си се помешал нешто? Каква модерна бе зградата беше жива беда од надвор



-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-Apr-2011 at 22:04
Незнам, мене ми е сосема во ред. Каква што е направена таква е и сега. Не е распадната воопшто. Можеби стаклата беа за менување, но да се откорне целата постојна фасада ми е претерано.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Apr-2011 at 22:08

Ок секој си има свој вкус, што е до мене и НИП Нова Македонија плаче за реконструкција како банката до неа што ја направија, па и зградата на Народна Банка,



-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Мартин
Date Posted: 25-Apr-2011 at 22:25
Зградата на QBE ми е една од поомилените објекти во Скопје. Сметам дека воопшто нема потреба од комплетно менување на фасадата. Треба само редовно да се одржува ништо повеќе.


Posted By: N23
Date Posted: 25-Apr-2011 at 22:57
Никако! Симбол на Скопје е. НИП-от со реновирањето кај банката не го загуби ликот, само ја освежија со нови прозорци и боја, додадоа стилски елементи и е бомбона. Може така и со QBE. Ама мермерот мора да остане. Нека ги сменат прозорите, нека го преправат влезот, околината, нека ја осветлат, нека турат горе светлеча реклама и ќе биде таман.


Posted By: krale
Date Posted: 25-Apr-2011 at 23:15
Народна банка плаче за нова фасада.

МРТВ плаче за еден барок.

Другите се ок.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Apr-2011 at 04:04
Травертинот не е посебно којзнае колку на објектов. Дури и да е ново фасадно решение, и  тоа е проект и тоа си носи автентичност. Кај нас се протна некако таа теза дека обејкт не смее да семни изглед, како да е еден проект мора да биде вечно на одредено место и само тој и никој друг. ако сакате сметајте се го за нова зграда со искористена стара конструкција.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Apr-2011 at 23:38
сите објекти во градов си се приказна за себе и си имаат свој лик по кој се познати, зошто да го менуваме тоа?
зарем не разбирате дека се што им е потребно на објектите во стил на МТВ, Кјуби, НБРМ и други е менување на стаклата, темелно чистење и реновирање на фасада и можни мали промени поради модернизација, се друго ќе биде излишно
но сепак, не се противам многу на промени


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Apr-2011 at 01:05
Лупо, што подразбираш точно под „неофицијална информација“? Кажи попрецизно што допрело до тебе.

Инаку сметам дека зградата на QBE е апсолутно прекрасна и е еден од најмаркантните објекти во Скопје, се разбира во позитивна смисла. Муабетот на релација барок-модернизам во контекст на оваа зграда искрено не го разбирам и не знам како овој објект влезе во тој калап и како и овде стигнавме до обвинувања од типот „ништо не ви чини“, ниту пак кога ќе ја прочитам таа изјава ми е јасно кон кого точно е упатена... замислени непријатели?!?

Се што и треба на зградата е освежување на прозорите, без експерименти и без коренито менување на изгледот. Не велам дека нема да биде прекрасна и целата во стакло (тоа целосно зависи од конкретниот проект, може да биде и ремек дело), но не ја гледам потребата за тоа. И се сложувам со alexgizh, зградата има многу силен идентитет, и лично не сум премногу лагоден околу таква идеја за целосно нов изглед. Се работи за приватен инвеститор кој може да прави што сака, но мое мислење е дека би било сувишно се освен шминка и редовно одржување.



Originally posted by krale

МРТВ плаче за еден барок.
  Suicide


Posted By: lupo
Date Posted: 27-Apr-2011 at 14:36
Originally posted by Cloverstack

Лупо, што подразбираш точно под „неофицијална информација“? Кажи попрецизно што допрело до тебе.

Инаку сметам дека зградата на QBE е апсолутно прекрасна и е еден од најмаркантните објекти во Скопје, се разбира во позитивна смисла. Муабетот на релација барок-модернизам во контекст на оваа зграда искрено не го разбирам и не знам како овој објект влезе во тој калап и како и овде стигнавме до обвинувања од типот „ништо не ви чини“, ниту пак кога ќе ја прочитам таа изјава ми е јасно кон кого точно е упатена... замислени непријатели?!?


Она што го дознав јас дека самата фирма одлучила да си ја модернизира зградата, прво никаков барок не спомнав и незнам од каде го ископавте тоа, зградата ке биде многу модерна и во стакло и за тоа е скапо платено, а архитектите мислам дека биле тие на Спомен куќата на Тоше во Крушево што ја дизајнирале, аирлија им тргна на архитективе, нека им е вака на сите архитекти и иваа гранка да види бел ден.


-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Apr-2011 at 14:45
Originally posted by lupo

прво никаков барок не спомнав и незнам од каде го ископавте тоа, зградата ке биде многу модерна
Не си ме разбрал, баш и јас се чудев зошто воопшто „барокот“ како поим мораше да биде вмешан и во оваа дискусија, а не дека зградата ќе била во „барок“. Алудирав на ова:
Originally posted by lupo

Ајде ајде сега, кога е барокот пекате по модерно, сега кога се преправа во модерно, ке се изгубел идентитетот


Posted By: JOE
Date Posted: 27-Jun-2011 at 00:59

Постар Деловен Објкет во центарот на Битола Пелагонка 2



Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 27-Jun-2011 at 01:09
Пелагонка 2 или "Стара Болница"..  


-------------


Posted By: stratus
Date Posted: 27-Jun-2011 at 06:59
Стара болница е областа, а не објектот. Објектот на библиотеката погоре е старата болница


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2011 at 19:06
Vo centarot na gradot Kicevo
http://imageshack.us/photo/my-images/39/img0702ix.jpg/">
Ovaj objet e istotaka vo centarot na gradot
http://imageshack.us/photo/my-images/843/img1006d.jpg/">
Ova strana na objektot mnogu mi se dopagjaCheers
http://imageshack.us/photo/my-images/135/img0995g.jpg/">



Posted By: OCB
Date Posted: 08-Aug-2011 at 22:55
30-50% ОД ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР НЕИСКОРИСТЕН!

Инвеститорите најавуваат нови објекти во Скопје поради зголемената побарувачка на деловни простории, а агенциите ги демантираат со тврдење дека објектите се полупразни, а побарувачката мизерна


За две до три години во Скопје ќе има повеќе од 20 деловни трговски објекти затоа што трендот за нивна изградба кој интензивно почна во последните неколку години, продолжува и понатаму. Бизнисот со изнајмување деловни објекти има иднина, потврдуваат сите инвеститори кои ги консултираше “Капитал“. Тврдат дека се уште има простор за нови деловни квадрати поради недоволната, и по квантитет и по квалитет, понуда на бизнис-простор наспроти растечката побарувачка. Агенциите за недвижности, кои изнајмуваат деловен простор, пак со поинаква слика. Велат побарувачка нема, цените паѓаат, а искористеноста е далеку од таа што ја прикажуваат инвеститорите.

Откако пред пет години почна изградбата на, денеска веќе познатите бизнис-центри, Соравија и Хипериум, во центарот на Скопје никнаа и Кубус, Граве, Ера Сити, Сан Марко, Бизнис-центарот Меги, Сити Галери...
Освен деловно-администртивни објекти, во Скопје се очекува зголемена понуда на деловно-трговски простор и од страна на инвеститорите на катни гаражи, кои исто така во последниот период никнуваат како печурки, а нудат деловен простор за изнајмување. Очекуваната зголемена понуда на деловен простор го наметнува и прашањето, дали е можна стагнација на цените за изнајмување. Според агенциите за недвижности, цените се движат меѓу 10 и 20 евра по метар квадратен во зависност од квадратурата на деловниот простор и локацијата.

Васко Давитковски, менаџер во Соравија, сепак тврди дека овој пазар има иднина во Македонија, бидејќи побарувачката уште не го достигнала својот полн капацитет.
“Деловниот простор во Соравија е исполнет со 70% од неговиот капацитет, а дел од закупците се Вип оператор, Капитал банка, Евроинс, КПМГ, ИФЦ, Сони, Страбаг и други. Важно е да се напомене дека понудата се повеќе го зголемува капацитетот, но и квалитетот на деловните простории. Во периодот кога се градеше центарот Соравија, во Скопје само околу 10% од деловниот простор можеше да се класифицира како А класа, а три години подоцна тој процент е значително зголемен со изградба на нови софистицирани објекти. Тоа значи дека и други компании направиле проценка дека побарувачката за таков простор ќе се зголеми и се одлучиле да влезат во инвестиција“, вели Давитковски, и додава дека и банките кои ги поддржуваат ваквите скапи проекти исто така вршат проценки за нивната економска исплатливост.

Мира Георгиевска, претседател на Здружението на сопственици на деловниот објект Луна корпорација, лоциран на аголот спроти соборниот храм, вели дека и во овој објект речиси нема слободен простор за изнајмување.
“Станува збор за простор од 2.600 метри квадратни од кои речиси 70% се издадени. Останатиот дел го имаат купено странци во чија сопственост е објектот, но немаат интерес да го издаваат“, додава Георгиевска.
Речиси максимална искористеност на деловниот простор има и во бизнис-центарот Хипериум, чиј инвеститор е австриската Хипо алпе адриа лизинг, кој нуди канцелариски простор, конгресен центар, како и ресторан со кетеринг услуги.

“Од нето-корисна површина од 6.000 метри квадратни, искористеноста е дури 95%. Станува збор за закупци кои се реномирани интернационални компании. Тие имаат долгорочни договори за закуп со траење од 5 и повеќе години. Со сигурност можеме да кажеме дека квалитетот на бизнис-центарот Хипериум и во иднина ќе придонесе да биде исполнет целосниот капацитет на зградата“, велат во Хипериум.
Слична е состојбата и во новоизградениот објект на градежната компанија Кубус, на булеварот Партизанска, која веќе има склучено договори за изнајмување на деловен простор.

“Исто како и за купување простор, така и за изнајмување навистина е важно објектот да биде изграден во завршна фаза да биде со имотен лист. Тие што изнајмуваат за подолг период, на пример, за 5,6 години, подоцна сакаат и истиот да го купат. Договорите со долгорочните закупци и купците се во завршна фаза за првата зграда на Кубус, додека за другиот објект кој се уште ни е во фаза на изградба имаме само заинтересирани, но немаме дефинитивни договори. Во првиот објект повеќе од 50% од просторот веќе е изнајмен, но има простор и за купување“, вели Златко Тодоров, директор на Кубус.

АГЕНЦИИТЕ ГИ ДЕМАНТИРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ

И додека инвеститорите се фалат за рекордна изнајменост на нивните деловни простории, агенциите за недвижности тврдат дека пола од бизнис-центрите зјаат празни, цените се преценети, а условите на пазарот сменети.
“Секогаш цените во ново изграден објект се повисоки од цените на останатите деловни простории. Се тргнува со почетна цена од 20 евра за метар квадратен, за на крај да се спушти до 10 евра, па дури и 8 евра, само за да се издаде објектот. Факт е дека нема нови побарувања за деловен простор, а буџетите на компаниите се намалени. Ние пред некое време успеавме деловен простор од 1.200 метри квадратни да го земеме под наем за цена од 8 евра по метар квадратен“, вели Донка Филиповска од агенцијата Бастион.
Според неа, проблем е што инвеститорите не сакат да прифатат дека по економската криза условите на пазарот се променети и треба да ги намалат цените.
“Можеби пред две години овие цени за изнајмување биле реални, меѓутоа сега веќе не се. Пример е објектот Граве, кој повеќе од половина е празен, а се обидуваме да го издадеме повеќе од половина година“, додава Филиповска.

ВО ИГРА СЕ И КАТНИТЕ ГАРАЖИ

Освен деловно-административните објекти кои се специјално изградени за изнајмување или продавање на деловни простории, ваков тип услуга нудат и катните гаражи во кои, според законските прописи, е дозволено 35% од вкупната површина на објектот да биде од деловно-трговски карактер. Таква катна гаража, која е веќе во завршна фаза на изградба е гаражата на инвеститорот Импексел-2, лоцирана зад Универзална сала, во која се инвестирани три милиони евра. Неим Хусеини, сопственик на градежната компанија Импексел-2, вели дека од деловниот објект веќе се изнајмени 500 метри квадратни. Слична е состојбата и во Зебра, катната гаража во сопственост на градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, каде што приземјето е целосно издадено на закупци, додека дел од канцелариите се продадени.

http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/71966/30-50_od_delovniot_prostor_neiskoristen!.aspx?iId=2302


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Dec-2011 at 18:29
Eve edna slika od pred 1 mesec od plasticarska..
Izgleda niknaa 3 novi objekti
http://imageshack.us/photo/my-images/855/img0545qk.jpg/">
A objektot (kraj desno) zaversi celosno so fasadata
http://imageshack.us/photo/my-images/210/img0542vu.jpg/">




Posted By: axel
Date Posted: 14-Dec-2011 at 16:10

Ќе има ли кираџии за сите канцеларии и шопинг-центри?

mailto:s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова
Ќе%20има%20ли%20кираџии%20за%20сите%20канцеларии%20и%20шопинг-центри?

Деловни објекти никнуваат како печурки

Инвеститорите велат дека на Скопје се уште му фали квалитетен деловен простор, додека агенциите за недвижности, пак, предвидуваат пад на кириите поради заситеноста на пазарот

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
92.000 метри квадратни е површината на трговскиот деловен простор за изнајмување во Скопје
40.000метри квадратни нов канцелариски простор се изгради последниве 2-3 години во Скопје
20-40 eвра за метар квадратен чини изнајмување деловен простор во центарот на Скопје
9%е намалена цената на изнајмување деловен простор последнава година, според агенцијата Фортон МКА
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Белград има 100 метри квадратни модерен трговски простор на 1.000 жители, Софија има 140 метри квадратни на 1.000 жители, Загреб 500 метри квадратни, Будимпешта 1.150 метри квадратни, додека Скопје има само 50 метри квадратни продажен простор кој треба да ги задоволи побарувањата на домашните и интернационалните трговски синџири, велат во Балфин МК, инвеститори во Skopje City Mall, големиот трговски центар што се гради во скопската населба Карпош 4, вреден 80 милиони евра. Токму ова големо заостанување на Скопје во понудата на трговски простор од А класа според менаџментот на Балфин ја оправдува идејата за инвестирање во ваков сериозен проект, и покрај тоа што во метрополата последниве неколку години се изградија Рамстор, Соравија, Веро центарот, Сити галери, Зебра и уште неколку помали трговски центри. Уште еден голем трговски центар треба да се гради на местото на поранешната фабрика Алумина, инвестиција на израелската групација Газит Глоуб, но таму градежните работи бавно се движат, за што од компанијата не добивме официјално објаснување што е причината.

Во Скопје, според последната анализа на агенцијата Фортон МКА, вкупната површина на деловниот трговски простор изнесува повеќе од 92 илјади метри квадратни, а понудата допрва ќе расте, поради градбата на новите шопинг-центри.

„Реновирањето на центарот на градот е при крај, а тоа ќе ги ревитализира главните улици на кои се одвива најголем дел од продажбата во втората половина од 2011 година. Во 2012 година, на пазарот може да се очекува влез на значајни меѓународни брендови, како што се оние во рамки на групацијата Inditex, односно најавениот влез на трговската марка Zara, велат аналитичарите на Фортон МКА.

Нови 40 илјади метри квадратни канцелариски простор

Покрај новите трговски центри, во Скопје се изгради и доста нов канцелариски простор во објектите на Хипериум, Соравија, Граве, Сан Марко (којшто не профункционира поради активирината хипотека врз него), Гема, Меги, потоа неколкуте помали објекти близу Соборниот храм како Луна, Кубус и уште неколку во останатите населби. На новите канцелариски простори во Скопје проценетата површина е околу 40 илјади метри квадратни.

Освен деловно-административни објекти, во Скопје се очекува зголемена понуда на деловно-трговски простор и од страна на инвеститорите на катни гаражи, кои исто така во последниот период никнуваат како печурки, а нудат деловен простор за изнајмување. Според агенциите за недвижности, цените се движат меѓу 10 и 20 евра по метар квадратен во зависност од квадратурата на деловниот простор и локацијата. Повеќето инвеститори на завршените деловни објекти во Скопје велат дека просториите им се максимално искористени.

Во Хипериум, бизнис-центарот што го изгради Хипо алпе адриа лизинг велат дека во моментов клиенти им се 9 компании, мнозинството се меѓународни, кои вкупно искористуваат 93% од зградата.

За солидна искористеност на деловниот простор зборуваат и во австрискиот инвеститор Соравија, каде што искористеноста на капацитетот е повеќе од 70%.Таму закупци се интернационални компании како Вип, Капитал банка, Евроинс, КПМГ, ЕБРД, ИФЦ, Сони, Страбаг. Во Соравија сметаат дека пазарот на недвижности има иднина во Македонија, а понудата допрва ќе се зголемувала. “Во периодот кога се градеше центарот Соравија, во Скопје само околу 10% од деловниот простор можеше да се класифицира како А класа, а три години подоцна тој процент е значително зголемен со изградба на нови софистицирани објекти. Тоа значи дека и други компании напарвиле проценка дека побарувачката за таков простор ќе се зголеми и се одлучиле да влезат во таква инвестиција“, вели Питер Рот, генерален директор на Соравија-Македонија.

Агенциите велат: кириите за деловен простор ќе паѓаат!

Meѓутоа, не сите деловни центри во Скопје може да се пофалат со добра пополнетост на просторот за изнајмување. Агенциите за недвижности тврдат дека половина од бизнис-центрите зјаат празни, висината на кириите е преценета, а условите на пазарот сменети.“Секогаш цените во ново изграден објект се повисоки од цените на останатите деловни простории. Се тргнува со почетна цена од 20 евра за метар квадратен, за на крај да се спушти до 10 евра, па дури и 8 евра, само за да се издаде објектот. Факт е дека нема нови побарувања за деловен простор, а буџетите на компаниите се намалени. Ние пред некое време успеавме деловен простор од 1.200 метри квадратни да го земеме под наем за цена од 8 евра по метар квадратен“, вели Донка Филиповска од агенцијата Бастион. Според неа, проблем е што инвеститорите не сакат да прифатат дека по економската криза условите на пазарот се променети и треба да ги намалат цените.“Можеби пред две години овие цени за изнајмување биле реални, меѓутоа сега веќе не се. Пример е објектот Граве, кој повеќе од половина е празен, а се обидуваме да го издадеме повеќе од шест месеци“, додава Филиповска.

И Аналитичарите на Фортон МКА сметаат дека најатрактивните локации за деловен простор во Скопје сe уште држат високи цени за изнајмување, кои во просек се движат од 20 до 40 евра за метар квадратен. “Цените на атрактивните локации ќе останат стабилни цела година, сe додека не се испорача новиот продажен простор во 2012 година“, велат од Фортон МКА.

Аналитичарите од Фортон МКА како фактор кој ќе придонесе за намалување на цените на продажниот простор го посочуваат и проектот за изградба на облакодер во општината Аеродром, финансиран од турски инвеститори, кој на пазарот ќе понуди 40.000 метри квадратни продажен простор. Со влезот на францускиот синџир Mr. Bricolage, пак, кој е пандан на шведската Икеа, понудата на деловен малопродажен простор ќе се зголеми за 4.500 метри квадратни, се потенцира во анализата на Фортон МКА.

Цените на бизнис-канцелариите, според анализата на Фортон МКА, веќе се намалени за 9%. Или ако пред една година новите бизнис-канцеларии кои се изградија се издаваа за 20-25 евра за метар квадратен, сега тие се паднати на 15,5 евра. За просторот од класа А веќе се преговара за цени од 10 до 15 евра за метар квадратен, додека за просториите од класа Б цените на кириите одат од 7 до 12 евра.

 

Според Global Property Guide

Во Скопје е најисплатливо да се купува недвижен имот!

Интернет-порталот Business Insider, повикувајќи се на податоци од специјализираната интернет-страница за недвижности Global Property Guide, направи листа на градови во Европа каде што е најисплатливо да се купува недвижен имот. Скопје, е втор на листата, со годишен бруто-принос на инвестиција во недвижности од 7,38%, веднаш зад Будимпешта со стапка од 7,18%. Меѓутоа, приходите од изнајмување не се единствениот фактор за рангирањето, туку предвид се зема и колку регулативата е наклонета кон инвеститорите во недвижности, колкави се даноците на приход од изнајмување, каква е бизнис и политичката клима и сл. Скопје е оценет како пазар со високи приноси од изнајмувања, наклонет кон сопствениците на недвижности, со ниски трансакциски трошоци и умерени даноци на приход. Како лоши страни се наведени сериозните ограничувања во поглед на правото на купување недвижности и политичко-безбедносните ризици.

 

Нови шопинг-центри, канцеларии, но и хотели од светски брендови

Првиот Мериот во Скопје ќе се отвори во октомври 2013!

Првиот светски хотелски бренд во Македонија на групацијата Мериот ќе биде целосно изграден на локацијата на плоштад веднаш до објектот Сан Марко, за година ипол. Инвеститорот Александар Ивановски од фирмата Дивелоп груп која го гради хотелот, вели дека за една недела ќе почнат со градежни активности. Проценките се дека хотелот ќе биде целосно готов до октомври 2013 година, а во првата година од работењето, ќе оствари 48% искористеност на капацитетот, со можност за зголемување во третата година до 60%, што се смета за рентабилно работење.

“Она што е карактеристично во изградбата е дека многу се внимава на сигурносниот момент, на противпожарни скали и сл. Сите хотели на Мериот во светот се осигурани на 10 милиони долари штета за не дај боже ако се случи немил настан на гостин од хотелот. Во Мериот во Скопје ќе има 166 обични соби и апартмани и претседателски апартман, ќе има спа-центар и базен на 4 кат, ќе има неколку видови ресторани, пет митинг-соби со бизнис-центар. Најгоре ќе има ресторан со тераса во кој ќе доминира азиската кујна“, вели Ивановски.

Во моментот, Скопје располага со само три хотели со 5 ѕвезди, Арка, Стоун Бриџ и Александар Палас, во кои просечна цена за ноќевање е 120 евра. Мериот на светско ниво има 70% пополнетост на капацитетот и повеќе од 3,5 милиони гости кои имаат членска карта на хотелот.

http://www.time.mk/read/NONE/5d95e080eb/index.html



Posted By: gjoko
Date Posted: 14-Dec-2011 at 17:45
конечно да видиме лопата со панделка и за Мериот


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Feb-2012 at 10:24
Спроти американската амбасада Во близина на университетот кај бит пазар


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-May-2012 at 18:04
Како се вика овој деловен објект што е сместен веднаш до комплексот „Македонија“ во Карпош:





Posted By: Pallatino
Date Posted: 12-Jul-2012 at 19:57

Случајно го видов ама незнаев каде да го постирам. Па ако е на погрешно место префрлете го.


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Jul-2012 at 19:27
од Срѓан Адамовиќ-македонска берза




Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 23-Jul-2012 at 20:13
koordinati ima za ovaj objekt ?


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jul-2012 at 20:15


Ова е стар рендер кој се мотка на форумов барем 5 години, веројатно се работи за некое идејно решение, ништо повеќе. Локацијата никогаш не ја дознавме


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Jul-2012 at 20:27
Мислам дека се работи за местото на палата Читкушееви... ако добро го напишав...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: alexgizh
Date Posted: 23-Jul-2012 at 20:36
Originally posted by pbanks

Ова е стар рендер кој се мотка на форумов барем 5 години, веројатно се работи за некое идејно решение, ништо повеќе. Локацијата никогаш не ја дознавме



Јас ја дознав Се работи за предлог објект за Македонската Берза. Локацијата е на ќошот карши бензинската на Макпетрол кај Соборниот Храм.

http://wikimapia.org/#lat=41.999999&lon=21.4263504&z=19&l=0&m=b - http://wikimapia.org/#lat=41.999999&lon=21.4263504&z=19&l=0&m=b

Подоцна на оваа локација се изгради постојниот објект.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Jul-2012 at 17:26
При крај е карабината на десниот дел од овој објект на Партизанска чие име неможе да ми текне сега.



-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Ines
Date Posted: 15-Oct-2012 at 09:46
Деновиве почна со расчистување и заградување на просторот пред Шпаркасе банка(централата)-Скопје, односно кај рибата.
За градењето на објект на овој простор центарци се бунеа, ама неуспешно.


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Apr-2013 at 09:35
Оваа зграда не знам дали е деловен или станбен објект, па ќе ја постирам тука. Сликано на 14 април. Се наоѓа во близина на Феријален дом, трговскиот центар ВЕРО. Зад Олимписки базен, отприлика.

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8646118362/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8646118362/ - DSC00184 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8645017593/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8645017593/ - DSC00185 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8646118204/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8646118204/ - DSC00186 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 23-Apr-2013 at 13:32
simpaticna e ovaa crnava zad olimpiski


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Apr-2013 at 15:10
оваа се наоѓа до Клинички центар, ама не знам како се вика

http://s1326.photobucket.com/user/george_krstevski/media/DSC00268_zps5085e7c5.jpg.html">

-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Apr-2013 at 19:56
Originally posted by alexgizh

При крај е карабината на десниот дел од овој објект на Партизанска чие име неможе да ми текне сега.





-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Apr-2013 at 15:19
http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Skopje2014-2/krovovi.jpg.html">


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Apr-2013 at 00:02
Previous



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Apr-2013 at 01:30
баш...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Danndy
Date Posted: 29-Apr-2013 at 01:35
А што се случува со зградава? Немаа доволно место, па подкровје градат?
Се што беше ОК уништуваат... не можам да си верувам на очиве повеке.

-------------
Traveling.


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-May-2013 at 14:45
Денес

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8740364503/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8740364503/ - . by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 18-May-2013 at 17:19
Во К.Вода на Првомајска одма до Супер Тинексот изникнала една нова деловна зграда ,веќе е при крај зградата , да не знае некој кој ја гради и за што ќе служи?


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 27-May-2013 at 09:54
Originally posted by daci92

Во К.Вода на Првомајска одма до Супер Тинексот изникнала една нова деловна зграда ,веќе е при крај зградата , да не знае некој кој ја гради и за што ќе служи?

Да, објектот треба да е на Мега Куманово, т.е. интересот на фирмата е трговија со керамички и гранитни плочки, ламинатни подови и санитарија. Ова треба да биде еден голем изложбен салон со таа намена.

-------------
.....   .......


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Jun-2013 at 17:05
Во близина на клинички центар, гледа и кон бул. Мајка Тереза (стара Водњанска)

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977081617/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977081617/ - DSC00836 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8978265580/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8978265580/ - . by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Jun-2013 at 17:07
во близина на ТЦ Беверли Хилс

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977080803/"> http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977080803/ - DSC00840 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr[/IMG]

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977081007/"> http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977081007/ - DSC00839 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr[/IMG]

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977081393/"> http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977081393/ - DSC00838 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr[/IMG]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: axel
Date Posted: 20-Jun-2013 at 10:52

„Бетон“ во нов и современ објект

Новата административна зграда на градежната компанија „Бетон“ денеска, токму на Денот на градежниците, 20 јуни, ќе биде официјално пуштена во употреба

 
 
%20  
НА ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ

Зградата, како што посочуваат од компанијата, ќе биде место каде што ќе работи мисловното и творечко јадро на компанијата, место каде што интелектуалниот, менаџерскиот и креативниот потенцијал ќе ги осмислуваат, креираат и планираат за изведба на најсложените градежни зафати. Во скопската населба Капиштец, поточно на улицата Миле Поп Јорданов, зад Министерството за економија, ќе биде сместено срцето на „Бетон“, срцето на македонското градежништво.

Градежната компанија „Бетон“ е основана во далечната 1947 година, со интеграција на неколку мали и слабо опремени тогашни претпријатија. Низ годините, минувајќи низ многу етапи на трансформации, со постојан и динамичен развој, „Бетон“ израсна во една од водечките градежни компании на Балканот. Денес „Бетон“ е современа, високотехнолошки опремена градежна компанија, подготвена да се справи со сите предизвици на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати.

Градежната компанија ги задоволува и највисоките стандарди и барања на денешното време од областа на сигурноста, безбедноста, екологијата, технолошкиот развој и иновативноста. Претставниците на компанијата работат на усовршување на строгите критериуми за сертифицирање, континуирано модернизирање на работата и го нудат најдоброто од областа на градежништвото за сите клиенти.

Компанијата е подготвена да изведе и брзо да се вклучи во изградба и проектирање објекти од секаков тип и обем, на која било локација во светот. Тоа се должи на огромното искуство, квалификуваниот кадар, современата опрема и механизација и посветеноста на секој поединец. Речиси седум децении градат во Македонија, но и во многу други градови и земји, како Германија, Чешка, Либија, Ирак, Русија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Литванија...

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=619132028464&id=10&prilog=0&setIzdanie=22909


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jun-2013 at 14:19
од нивната ФБ страница







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Jul-2013 at 18:27
Во близина на ТЦ Беверли Хилс (погоре имате и слика со рендерот)

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9345296630/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9345296630/ - DSC01049 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2013 at 15:13




-------------
За сè има вторпат


Posted By: Teglarot
Date Posted: 16-Aug-2013 at 15:31
Originally posted by Џоле






Нема благе везе со рендерот.

Објектот воопшто не ми се допаѓа, тотална утка, но не толку голема како Дилајла од спротивната страна на ул."Васил Ѓоргов".




Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Aug-2013 at 22:33
деловна зграда на булевар Борис Трајковски, Кисела Вода



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Aug-2013 at 22:34
Изложбен салон за мебел на Кристина ДАМИЛ на бул. Борис Трајковски, Кисела Вода



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Aug-2013 at 22:39
изложбен салон во близина на Драчево (на пат кон Марков манастир)





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Sep-2013 at 14:12
административно-деловна зграда на DIMOLA COMPANY (можеби објектот е одамна изграден, ама сега го најдов на интернет)









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Sep-2013 at 14:15
административно-деловна зграда на Интер Ал-Пин / administrative-business building of Inter Al-Pin









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Sep-2013 at 14:19
деловна зграда на FOOD BAZAAR













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Sep-2013 at 14:23
деловна зграда на Бекутан









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dexter26
Date Posted: 31-Oct-2013 at 19:26
На официјалниот веб сајт на Охридска Банка пишува дека уште од 10 октомври 2013 нивната главна филијала или комерцијален центар во Скопје, како што тие го нарекуваат во нивното официјално соопштение, го преселиле во поранешното седиште на Ти-Мобајл, но денес свечено се сечела лента.
 
Соопштението на официјалниот веб сајт на Охридска Банка:
 
http://www.ohridskabanka.mk/content/Soopstenija/Izvestuvanje%20za%20komercijalen%20centar.pdf - http://www.ohridskabanka.mk/content/Soopstenija/Izvestuvanje%20za%20komercijalen%20centar.pdf
 
Оваа слика врти на речиси сите Интернет портали.
 



Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Oct-2013 at 19:34
Пред една недела поминав оттаму, и видов дека се работеше на зградата, веројатно ја „шминкале“ за да се разликува малку од претходната состојба.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 31-Oct-2013 at 19:50
Зградата се сминкаше (реновираше) неколку месеци така да не било само пред една недела


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Oct-2013 at 23:03
Јасно, зборот ми беше дека пред една недела не беше готова.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 01-Nov-2013 at 18:13


http://mia.mk - МИА


Posted By: Тркало
Date Posted: 01-Nov-2013 at 18:59
Зградата е официјално пуштена вчера на Денот на штедењето, а персоналот од минатиот понеделник...(пола повлечени од Охрид ).

ОТ: Нели беше забрането само латинични натписи по фирмите?


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Nov-2013 at 19:17
Во Македонија ништо не е забрането

-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexsend
Date Posted: 01-Nov-2013 at 20:15
Кај нас закони важат селективно. Исто и на катната на Макоил натписите се стриктно на латиница!

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 01-Nov-2013 at 23:42
Originally posted by Тркало

Зградата е официјално пуштена вчера на Денот на штедењето, а персоналот од минатиот понеделник...(пола повлечени од Охрид ).
 
ОТ: Нели беше забрането само латинични натписи по фирмите?

 
И шчо велет ориѓани и ориѓанки, како го бендисвет Скопјево ?
 
Не се забранети латинични логоа доколку станува збор за странска фирма или за фирма која е во сопственост на странска фирма.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 02-Nov-2013 at 00:28
Поентата не е да ги ритаат со шутеви по газ за да пишуваат на својот јазик! Поентата е да им допре до свест на малоумнициве дека ако претендираш дека си го описменил пола свет, тогаш барем ти употребувај го својот јазик. И ајде да беше МекДоналдс (којшто во сите кирилични земји е напишан и на кирилица), но името Охридска банка не е и нормално да се напише на латиница. Каква е потребата, зар е ова извозен продукт во германија па мора да има унифицирано лого? 

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Тркало
Date Posted: 02-Nov-2013 at 16:48
Originally posted by Dexter26


Originally posted by Тркало

Зградата е официјално пуштена вчера на Денот на штедењето, а персоналот од минатиот понеделник...(пола повлечени од Охрид ).  
ОТ: Нели беше забрането само латинични натписи по фирмите?

 И шчо велет ориѓани и ориѓанки, како го бендисвет Скопјево ?  Не се забранети латинични логоа доколку станува збор за странска фирма или за фирма која е во сопственост на странска фирма.

1.(OT)Едно е и да работиш настрана (како на крајот на светот со нашава инфраструктура ), да патуваш и да подучуваш други (кои за брзо ќе ти се претпоставени), а друго е само да си ја гледаш работата.

2.Е ваков одговор макес сенце


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Nov-2013 at 09:23
Спроти Сити Мол во Карпош ќе никне нов деловен центар

Нов деловен центар ќе никне спроти Сити Мол во Карпош. Ќе биде составен од неколку станбени блокови, катна гаража, додека земјиштето пред приватната болница Филип Втори ќе биде продадено на инвеститор. Како што објави телевизијата Tелма, ова се дел од предлог измените на деталниот урбанистички план за Карпош 3.

Во тензична атмосфера мина седницата на Советот кога опозициските советници бараа градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги објасни нелогичностите и измените во новиот ДУП-от. Тие го обвинија Јакимовски дека му се оддолжува на бизнис партнерот, додека Jакимовски врати дека се’ додека има интерес од инвеститорите ќе излегува во пресрет за економскиот развој на општината.

Со новиот урбанистички план за Карпош 3 се предвидени нови пристапни улици, крај кои во иднина ќе се градат станбени згради во висина до триесет метри, јавува Телма.

http://faktor.mk/archives/81957?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=sproti-siti-mol-vo-karposh-kje-nikne-nov-deloven-centar - http://faktor.mk/archives/81957?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=sproti-siti-mol-vo-karposh-kje-nikne-nov-deloven-centar

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Nov-2013 at 22:28
каков е тој деловен центар со станбени објекти?... only in macedonia


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares



Print Page | Close Window