![]() |
![]() |
![]() |
Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Author | ||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Ако брзината на движење на БРТ возилата навистина се зголеми двојно, од 13 km/h кај сегашните автобуси на 30 km/h, тогаш за очекување е да се зголеми и бројот на корисници на јавниот превоз. Пуштање на системот во употреба кон крајот на 2020, дури и се да оди како што треба, ми изгледа преоптимистички. (Двата податока се од изјава на Шилегов, декември 2019)
Се надевам дека,ако проектов се реализира, во иднина ќе размислуваат за продолжување на линија 1 кон Ѓорче, односно Пинтија. |
||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
||||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|||
Јас само напишав што ми текнува од интервјуто, не сум ни малку стручен да коментирам за подземни тунели ниту пак сакам да навлегувам во размислувања дали претходната власт градела друга торта со одредени пари, па поради тоа, имало и можеби криминал итн. Нејсе, се надевам набрзо дека и ќе се проектира соодветно решение, а искрено, да, пологично е да биде поврзувањето кон Партизанска отколку Илинденска. |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Без гајле друже, не ми беше намерата да те прозивам тебе, едноставно сакав да ја објаснам ситуацијата со проектот за тунел од времето на Коце. Тој проект таков каков што беше е практично мртов и мала е веројатноста дека ќе оживее. Затоа решенијата предвидени со тој проект не се веќе релевантни. Кога некој ден ќе се гради тунелот, не верувам дека ќе има многу допирни точки со стариот проект, и дај боже да е така |
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Град Скопје објави тендер за идеен проект за „автобуско метро“ од Ѓорче Петров до Ново Лисиче
![]() ![]() Автобуското метро“ за кое е распишан огласот, би ја поминувало трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за 35 минути. Во него ќе има електронски систем за наплата, а лентата по која би се движело предвидено е да биде одвоена од останатите ленти на булеварите Град Скопје денеска објави тендер за изработка на идеен проект за изградба на брз автобуски систем – БРТ (автобуско метро) за трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче. Крајниот рок за поднесување на понуди е 3 септември Цената и квалитетот ќе бидат подеднакво вреднувани, односно и за едниот и за другиот критериум се предвидени по максимални 50 бодови. Просечната должина на оваа траса за автобуското метро е 12,81 километри, а во документацијата пишува дека приближниот број на патници кои ја користат оваа траса на дневно ниво е 65 000. Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на БРТ во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Да се направи анализа што ќе се случи зимно време при чистење на снег и во зависност од резултатите да се даде мислење дали поставувањето на разграничувачи е неопходно или ќе биде доволно да се постави хоризонтална сигнализација. Ако се постават разграничувачи, истите по потреба да можат да се дислоцираат“, пишува во проектната документација каде се наведува дека трасата треба да биде во третата односно крајната лева сообраќајна лента, а доколку тоа не е можно проектантот да достави предлог како е најизводливо. Во таков случај, на средниот дел кој ги раздвојува двата правци на булеварите би се поставиле автобуските постојки. „Предлогот на Градот Скопје е автобуските настрешници да се постават на средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење. Во зависност од водењето на трасата на БРТ, проектантот да има предвид отворен и/или затворен систем на организација на автобуските настрешници“, На оваа траса е предвидено „автобуското метро“ да застанува на 21 станица во еден правец плус два терминала. Според анализите на Секторот за сообраќај на Град Скопје, кои се наведени во документите, оддалеченоста помеѓу автобуските би била помеѓу 500 и 900 метри. Вкупното време кое би било потребно да се помине оваа траса е 35 минути. Сепак, се нагласува во тендерската документација, проектантот може да предложи нова микролокација на автобуските стојалишта. Во објавените документи со огласот може да се види дека се предвидува и затворање на строгиот центар на градот за сообраќај, односно делот кај „Рекорд“ каде би поминувале само возилата од јавниот превоз. „Во моментов се предвидува улицата „Димитрие Чуповски“ да биде пешачка зона и трасата да биде наменета исклучило за возила од јавен превоз кои ќе се движат со брзината на движење на пешак. Начинот на одделување на БРТ мора се проучи во оваа пешачка зона со цел сообраќајот да може да циркулира со намалена брзина“, Ова е само прва фаза во која се очекува да се избере идеен проект во кој проектантот треба да понуди неколку поединечни проекти, како сообраќаен, архитектонски, градежен, хидротехнички, анализа на ризици. https://360stepeni.mk/grad-skopje-objavi-tender-za-ideen-proekt-za-avtobusko-metro-od-gorche-petrov-do-novo-lisiche/ |
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“
Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Bus Rapid Transit – BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминала. „Приближниот број патници кои ја користат оваа траса изнесува околу 65.000 на ден. Со имплементацијата на првата фаза од овој проект се очекува времето на патување од сегашните 70 минути, да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобусите на 3-4 минути (во врвен интервал), автобусите да бидат на хибриден CNG погон, со должина од 18 метри“, се наведува во Проектната задача за првата линија објавена од Град Скопје. Од проектантот се очекува да ги изработи идејниот сообраќаен проект, архитектонскиот идеен проект, градежниот идеен проект, како и идејните проекти за сообраќајниците, за машинска инсталација и опрема, за хидротехника, термотехничка инсталација и анализа за ризиците на проектот. Во оваа фаза ќе се анализира и капацитетот на постојното депо на ЈСП во Ѓорче Петров и ќе се направи проектирање на нови содржини за идното депо во Ново Лисиче. Идната траса на првата линија на „трамвајот на тркала“ би се протегала од кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Лука Геров“ и „Борис Сарафов“ до терминалот во Ново Лисиче кај последната автобуска станица на линиите 5 и 15. Со идејниот проект проектантите всушност ќе треба да изнајдат решенија за обезбедување простор за движење на БАС-то во Скопје, бидејќи брзите автобуси ќе треба да се движат по физички одвоена траса, а автобуските стојалишта би се наоѓале на средишниот дел од сегашните булевари. Ако ова не е возможно, проектантот ќе треба да достави предлог по која сообраќајна лента е најизводливо да се движат автобусите. За „трамвајот на тркала“ ќе треба да се одземе по една сообраќајна лента и жардињерите на сообраќајниците по кои ќе минува оваа линија: булевар „Партизански одреди“, булевар „Св. Климент Охридски“, улица „Димитрие Чуповски“, улица „11 Октомври“, булевар „Кочо Рацин“, булевар „Кузман Јосифовски – Питу“, булевар „Јане Сандански“, улица „Видое Смилевски – Бато“ и улицата „Февруарски поход“. Во проектната задача, која е вклучена во тендерската документација, се наведува дека со првата БАС линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно би се стигнувало за 35 минути, со комерцијална брзина на автобусите од околу 19,2 километри на час. Компаниите заинтересирани да учествуваат во тендерот за изработка на проектната документација за идеен проект треба да ги достават своите понуди до Град Скопје најдоцна до 3 септември. Проценетата вредност на договорот за изработка на идеен проект е 5 милиони денари, без ДДВ. Најповолниот понудувач ќе има рок од 100 дена за да ја подготви проектната документација по доставувањето на писмен налог за воведување во работа, се наведува во тендерската документација. Инаку, македонската влада веќе побара 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на воведувањето на брзиот автобуски систем во Скопје. Проектот е разгледан од ЕБОР, проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти, при што банката треба допрва да го одобри ваквиот заем. https://meta.mk/grad-skopje-go-raspisha-tenderot-za-ideen-proekt-za-prvata-linija-na-tramvajot-na-trkala/ |
||||
![]() |
||||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|||
Идејата е на оваа траса да се укинат обичните автобуси?
|
||||
![]() |
||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||
Нема линија што го покрива правецот баш точно како БРТов така да мислам не. |
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
ГРАД СКОПЈЕ ОБЈАВИ ТЕНДЕР ЗА АВТОБУСКО МЕТРО ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДО НОВО ЛИСИЧЕ, ЌЕ СЕ ДВИЖИ ПО КРАЈНАТА ЛЕВА ЛЕНТА, СТАНИЦИТЕ ДА БИДАТ ВО СРЕДИШНОТО ЗЕЛЕНИЛО
Град Скопје објави тендер за изработка на проект за воведување брз автобуски систем или т. н. автобуско метро за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Со тоа Градот и официјално ја почнува постапката за воведување нов концепт на јавен провоз, кој уште пред година и половина го најави градоначалникот Петре Шилегов. Понудите треба да се достават до 3 септември по што, како што вели градоначалникот Шилегов, ќе биде потпишат договорот за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и објавен тендерот за набавка и воведување на новиот јавен превоз во Скопје. „Ова е првата фаза од реализацијата на овој значаен проект за градот и основа за да го потпишеме договорот со ЕБОР за заем. Очекувам дека до крајот на оваа година ќе ги завршиме постапките за добивање на заемот и распишување на тендерот за избор на фирма за набавка на возилата и изведба на целокупниот систем. Наредната година би стартувале со имплементацијата“, вели Шилегов. Според тендерската документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица. Во тендарската документација се бара возилата да се движат по крајната лева лента и таа да биде одвоена од другите ленти, за да не може по неа да возат други возила или да се паркираат. „Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на ‘Бас рапид транзит‘ (БРТ) во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Да се направи анализа што ќе се случи зимно време при чистење на снег и во зависност од резултатите да се даде мислење дали поставувањето на разграничувачи е неопходно или ќе биде доволно да се постави хоризонтална сигнализација. Ако се постават разграничувачи, истите по потреба да можат да се дислоцираат. Доколку не може да се постави на крајната лева лента, да се достави предлог на која лента е тоа најизводливо“, стои во тендерската документација. Ако возилата се движат по крајната лева лента, тогаш автобуските станици ќе се постават во средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење. Во зависност од водењето на трасата на БРТ, проектантот да има предвид отворен или затворен систем на организација на автобуските настрешници. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фрекфенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути. Улицата Димитрие Чуповски по воведувањето на автобуското метро ќе треба да се пренамени во пешачка зона, со дозволено движење само на возилата од јавниот превоз, кои би се движење со брзина на пешак. Воведување на новиот концепт на јавен превоз ќе чини 70 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-objavi-tender-za-avtobusko-metro-od-gorche-petrov-do-novo-lisiche-ke-se-dvizhi-po-krajnata-leva-lenta-stanitsite-da-bidat-vo-sredishnoto-zelenilo/ |
||||
![]() |
||||
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|||
Почна кампањата за локалните а,ај што проектов е мртов уште непочнат туку меидумиве ко сдк што форсираат со спинов МЕТРО
![]() ![]() |
||||
![]() |
||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||
разбра некој како мислат да го решат сегментот кај Железничка? а ова спинов, хм, може паметно е да го сторат тро реалност, доколку се има Волја или се стори Притисок од Јавност, да БРТ-трасата е вкопана средишно, додека одозгора да се покрие модуларно со Бетонски Плочи а понив да се пуштат Урбани Вело Автопати ...
|
||||
![]() |
||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||
Што има за решавање таму? Mислам, по што се разликува од остатокот на трасата? |
||||
![]() |
||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Властите рекоа дека долж трасата на БРТ нема да сообраќаат автобуси.
Дали вцртувањето на железничката мрежа значи дека се планира некакво комбинирање на БРТ со железничкиот превоз? Испрекинатите линии веројатно значат можност за продолжување во иднина (по нов мост кај последна 5ка кон Маџари и по бул. Црна Гора до ЖС Даме Груев). |
||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||
![]() нема да сообраќаат постоните на ЈСП, само да не почнат овие да ги вртат во нивни колосек заради дадени тесни грла ...
то масивните Столбои под Железничка в среде булеваро КЈПиту ... тука изгледа ќе ги престројуваат во Трета Лента!? можеби ќе одат со подвозник, а тоа би било чакмак за цела траса, мислам кој Рапид Транзит ако застануе на секој семафор, зато и велм најубо да го вкипаат површински ... Edited by Zelenikovo - 01-Aug-2020 at 14:44 |
||||
![]() |
||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Не гледам каков проблем се столбовите, таман си има место за лента БРТ од двете страни.
Еве ги отприлика трасата и постојките според документот погоре: ![]() Мала моја корекција на постојките: ![]() |
||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||
превид, моја грешка, бреј тие постојките ги предвиделе за во среде, јас си мислев трасата ја пуштаат таму, бар за LRT-то имаше и таква проекција, а ова што да кажам, феномени, од една страна сакаат БРТ на Трета Лента, од друга Врзи Вело Патеки на Прва Лента, и за Коли што ќе остане две збиени ленти на кои капак и ЈСП ќе вергла, каде со ваков памет само незнам, веројатно се надеваат дека Народ инстант ќе престане да тера со аута, попрво ним аут им е муабетов, но да видиме, Скопско И Се Е Можно, дали!? |
||||
![]() |
||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|||
Под услов да мислат оваа идеја да ја спроведат, а да не е мамка за локалните избори 2021, како што беше железничкиот прстен и градскиот воз на Шилегов кој од Драчево до Скопје Север ќе поминува за 10 минути, од 2017 (https://skopjeinfo.mk/kakvi-soobrakjajni-reshenija-veti-shilegov-za-skopje),
тогаш проектов уште на старт има сериозни недостатоци и тоа: 1. Крајната станица му завршува во Ново Лисиче. Треба да се премости Вардар и крајната станица да му биде Хиподром каде ќе се направи хаб, кој ќе биде почетна и завршна станица за сите автобуси што ќе доаѓаат откај Илинден и Петровец. Плус, со ваквото решение ќе се растовари сообраќајниот метеж кај Бит Пазар. 2. Крајната станица во Ѓорче Петров треба да биде на место каде ќе се направи уште еден хаб кој ќе биде почетна и крајна станица за приградските автобуси што ќе доаѓаат од запад. 3. На трасата на БРТ и во склоп на БРТ системот да има неколку комуторски точки кои ќе ги опслужуваат комуторски автобуси, кои ќе бидат во склоп на претпријатието кое ќе стопанисува со БРТ, а кои ќе се разгрануваат од Карпош III кон Индустриската Зона Визбегово, од Транспортен Центар кон Кисела Вода, од ТЦ Бисер кон Првомајска и тамошните фабрики, од ТЦ Бисер кон Автокоманда итн. За да го забрзаме овој проект, имам предлог до администраторите и модераторите на форумот, да ги запознаеме странските амбасадори со нашиов предлог, зашто нашите отепани политикантчиња кога ќе отидат кај нив на бацикара, не БРТ, туку и коњски трамвај како во Даглас да им побараат, ќе го направат. Edited by phenomenon - 01-Aug-2020 at 18:27 |
||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||||
![]() |
||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||
Како ќе се изведат постојките на 11-Х и на Февруарски поход имајќи в предвид дека нема средишно зеленило?
|
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
За половина час од Ново Лисиче до Ѓорче Петров со автобуско метро
https://telma.com.mk/2020/08/01/за-половина-час-од-ново-лисиче-до-ѓорче/ |
||||
![]() |
||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|||
Ќе биде нешто налик на ова: ![]() Edited by phenomenon - 02-Aug-2020 at 19:35 |
||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||||
![]() |
||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |