Споменици и скулптури (општо) |
Post Reply | Page <12345 209> |
Author | |
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #41 Posted: 13-Mar-2008 at 00:32 |
Само Александар ти е проблематичен во објавава? Би рекол дека ова ги преминува сите граници, но тие се одавна преминати и воопшто ги нема. Значи вкупно 5 статуи натрупани на плоштадот. Успеаа и програмата за поставување статуи на заслужни личности (која е добра и ја подржував) да ја зезнат скроз, сташни деструктивци. |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #42 Posted: 13-Mar-2008 at 00:39 |
Се трудам некако да го замислам плоштадот со сите статуи во некое добро светло, пробувам да гледам позитивно на ова... Можеби ќе испадне па добро?
Можеби би било интересно плоштадот Македонија да биде како музеј на најважните државници во историјата.. Само пренатрупаноста ме плаши, може да испадне навистина кичерај |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
dejan
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
Quote Reply #43 Posted: 13-Mar-2008 at 00:48 |
Podobro da gi sredat spomenicite koj veke gi ima gradot
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #44 Posted: 13-Mar-2008 at 00:49 |
Абе важно да се натрупаат на плоштад најшаренолики статуи, не е важно дали се има концепт...
А ова со Александар е на едно сосема друго ниво. Бидејќи има реални можности спорот со името да не биде затворен наскоро (условна покана за нато и слични комбинации), ваљда сега треба да им дадеме муниција на грците за понатака и да си ја поткопаме својата позицијата. Далеку од тоа дека грците се во право, ама во очите на некој од страна, ваквите потези баш прават да изгледаме прилично лошо. Овие дилетанти ништо не научија (или намерно не сакаат да научат) од преименувањето на аеродромот. А за жал има и добар дел од народов на кого му е важно баш оваа година распаднатиот аеродром да му се вика Александар Велики и да има споменик на истиот на плоштад, бидејќи очигледно тоа се „ургентни“ работи кои не може ни да почекаат. Сето тоа на штета на круцијалното прашање со името! Многу „мудро“ нема што... Јас сум згрозен |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #45 Posted: 13-Mar-2008 at 00:55 |
Пак овие теории... Да ги оставиме да дивеат, па можеби и нема да испадне толку лошо... Ајде дури и да ги скокнеме сите други проблеми со овој потфат (пред се легалноста) и да поминеме директно на тоа како ќе изгледа сето тоа. Како мислиш дека може да изгледа, без претходен концепт, со расфрлани статуи на личности кои ги делат милениуми плус со различни типови на статуи? Не знам само дали и Чено планираат да го стават на коњ... Ова не е ништо друго освен гол популизам, кој овие копуци треба да ги претстави како големи патриоти кај попростите слоеви од народот. Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 00:57 |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #46 Posted: 13-Mar-2008 at 01:26 |
Навистина не се сметам за приврзаник на оваа теорија, ама очигледно сета оваа работа со статуите добива голем моментум и подршка од, нели, патриотите и националистите, а исто и нејзината популистичка страна е од корист на Владата, така да ова очигледно ќе се истурка по секоја цена. Единствено нешто за кое можеби би те поправил е дека личностите еден од друг ги делат милениуми... Тоа е точно, ама тоа е и поентата - милениумската историја на Македонија како и тоа што сите биле важни државници и личности во историјата. 1. Антика: Александар 2. Средновековие: Самуил 3. Турско робство и Крушевската република: Гоце Делчев и Даме Груев 4. Социјалистичка Македонија: Ченто Мислам дека ваков е нивниот „концепт“. Навистина не можам да го замислам Ченто на коњ кога Втора светска војна се водела со тенкови и авиони. |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #47 Posted: 13-Mar-2008 at 02:17 |
Лошо е што работава ја земаме наопаку, па зборуваме за тоа како сето тоа би изгледало, ама морам да искоментирам Нема таму никаков концепт, единствено има безвезно и невкусно трупање. Нема да се докаже никаква милениумска историја, туку само нашите комплекси, кои за жал почнавме да си ги набиваме како резултат на злобното лаење на јужните и источните соседи (кои меѓусебно нема да се сложат околу ништо друго, освен околу нивното примитивно негирање на нашиот идентитет). Ама некако многу лесно се дадовме и развивме комплекси ради една бедна реторика која ја пласираат уште од 19-ти век, поради минати но и сегашни експанзионистички и хард-кор националистички филозофии. Плус тоа нема ништо што би ги поврзувало тие скулптури во некаква целина - очигледно ќе бидат шаренолики, просторно без концепт, па дури и бројот е промашен (што бараат 2 статуи од еден ист период, посебно што Даме Груев не е личност со исто симболичко значење како Гоце Делчев...? Сеа нормално дека не можат да стават само една статуа кај камени мост, ама само сакам да потенцирам дека оваа симболика што ја објаснуваш не функционира како што треба дури ни во тој поглед). Со еден збор турлитава. Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 02:20 |
|
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #48 Posted: 13-Mar-2008 at 04:42 |
Немам што да кажам, сето ова ми мириса на тежок популизам, највеќе ме нервира што во овој клучен момент кога имаме безброј предизвици од сите страни владата преку општина центар се замара со вакви споредни работи .
Па место Даме зошто не Грујо или Љубчо или Бране или Кирче, сите се светски политичари, Македонскиот народ никогаш нема да ги заборави нивните допринoси Edited by vardar - 13-Mar-2008 at 04:51 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #49 Posted: 13-Mar-2008 at 05:01 |
Па не мора место Даме, како тргнала работава мислам дека нема да е проблем да се наредат сите тие дополнително...
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #50 Posted: 13-Mar-2008 at 12:34 |
Јас сум комлетно на линија со Кловер.
Не сакам да ја расплинувам дискусијата во погрешен правец а и не тука местото за таква дискусија но. Македонската историја сеуште не е оформена и не е стандардизирана од самите нас, во последните 15 години секој се отиде во еден екстрем кој што комплетно го погазува она за кое што сме се залагале до тогаш. Како што реков, не сакам сега тука да читам муабети која верзијаа е правата, кој е крив зошто тоа е така итн но поентата ми е. Додека не усвоиме една Македонска историја на академско ниво сосема е глупаво да го затрупуваме градов со разноразни кипови. Слично како со политичкото влијание врз урбанизмот овдека имаме политичко влијание врз историјата каде што актуелните гарнитури си дозволуваат да бидат историчари правејќи нивна субјективна селекција на личности и расфрлајќи се со нивни статуи по Скопје. Секако не е крива само сегашнава власт, листата е усвоена уште во времето на Пенов. Слична е приказната со Музејот Македонска борба. Македонска борба воделе и илиндинците и комунистите, а овдека се прави политички упад во историјата и непотребно се внесува поделба. Од естетска гледна точка плоштадот ќе личи на складиште на кипови. Наместо да се размислува да се оформи нов плоштад некаде во градов (срамота е што имаме само еден) кој што ќе се посвети ете на Ченто или незнам кој упорно све сакаат да сместат на едниствениот плоштад (уствари полупоштад бидејќи никогаш не е ни дограден). Edited by pbanks - 13-Mar-2008 at 12:36 |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #51 Posted: 22-Mar-2008 at 02:58 |
Ја видов во живо скулптурата на сликата и воопшто не ми се допадна. Особено тунелот, направен е од некакви бетонски цевки, на сликата е обоен со секаква можна боја како што гледате. Ако можам ќе сликнам да видите за каков невкус се работи
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #52 Posted: 22-Mar-2008 at 08:22 |
Каде е овој парк?
|
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #53 Posted: 22-Mar-2008 at 13:08 |
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #54 Posted: 22-Mar-2008 at 13:16 |
Аларова тој парк го нарекува „Опатија“
|
|
ProMKD
Senior Member Joined: 25-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 244 |
Quote Reply #55 Posted: 22-Mar-2008 at 17:40 |
И ја не знаев дека тој парк така се вика! Баш е пријатно место
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #56 Posted: 26-Mar-2008 at 11:47 |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C4216BDB8956D34FB1481B96CC22D4BD
Edited by Cloverstack - 26-Mar-2008 at 11:47 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #57 Posted: 17-Apr-2008 at 03:38 |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=563B2725E7D9CF46B3F2C3A6C3ECCF42
|
|
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #58 Posted: 17-Apr-2008 at 13:06 |
Тоа име е останато од пред земјотресот, тука имаш и некој остатоци од бившата градска монденска кафеана Опатија како и градската плажа Опатија на Варда, па затоа тоа место се нарекува така, што во случајов е добро да не се заборави |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #59 Posted: 21-Apr-2008 at 06:50 |
|
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #60 Posted: 21-Apr-2008 at 12:02 |
Мило ми е што им текнало. Но спомеников ми е чуден. Не ја разбирам симболиката - можеби тоа горе треба да претставува хеликоптер. Можеле да се потрудат повеќе околу споменикот, ама важно е дека им текнало.
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
Post Reply | Page <12345 209> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |