Македонска авијација |
Post Reply | Page <123 |
Author | |
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #41 Posted: 30-Oct-2019 at 23:07 |
Вчера ги видов три летаа над Ново Лисиче околу 11 часот.
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #42 Posted: 29-Dec-2019 at 02:01 |
Еве многу многу детална (фото)историографија. Браво!
https://en.wikipedia.org/wiki/User:FkpCascais/Sandbox20#Macedonia |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
gorazd
Senior Member Joined: 29-Oct-2011 Online Status: Offline Posts: 551 |
Quote Reply #43 Posted: 23-Apr-2020 at 21:05 |
RETRO HOUR: (od airline-memorabilia) |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #44 Posted: 04-May-2020 at 18:01 |
Сѐ уште трае увидот за хеликоптерската несреќа на скопскиот аеродром
Увидот за причините на падот на хеликоптерот М17 на МВР сѐ уште трае. Утрово во 11,30 часот на скопскиот аеродром, веднаш по полетувањето падна хелокоптерот со пет лица внатре. Полесно беше повреден само еден од пилотите на леталото. За причините за несреќата допрва ќе се истражува. Се претпоставува дека една од можните причини бил и силниот ветер. На местото на несреќата интервенирало противпожарно возило. Пожарникарите спречиле избувнување пожар од превртениот хеликоптер. https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/sje-ushte-trae-uvidot-za-helikopterskata-nesrekja-na-skopskiot-aerodrom-foto#5 |
|
За сè има вторпат
|
|
Tranquilis
Senior Member Joined: 11-Nov-2013 Location: Женева Online Status: Offline Posts: 426 |
Quote Reply #45 Posted: 09-Nov-2022 at 16:36 |
Perfect speed, my son, is being there.
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #46 Posted: 04-Oct-2023 at 13:35 |
Здружението на контролори на летање целосно ја поддржа одлуката за штрајк
Здружението на контролорите на летање на Македонија (ЗКЛМ) денеска соопшти дека дава целосна поддршка на барањата на Струковиот синдикат на контролорите на летање кој најави штрајк за 12 октомври и истакнува дека се поклопуваат со целите и програмата. Здружението бара од менаџментот на М-НАВ да се воздржи од лични напади кон поединци како и да покаже достоинствен третман кон контролорите на летање, помошниците контролори на летање, а и сите останати професионалци и оперативен персонал. „Како што неуморно ве водиме низ нашето небо, така ќе се бориме за нашето достоинство“, истакнуваат од ЗКЛМ. „Најавениот штрајк од ССКЛ е кулминација на претходните наши континуирани заеднички барања за подобрување на целокупното функционирање на М-НАВ, чија примарна цел е овозможување на безбеден авио-сообраќај на небото над Македонија и регионот. Овие наши заеднички барања се интензивираа во последните година и половина, за што се доказ бројните дописи до менаџментот, бидејќи условите во кои работиме се повеќе од срамни за компанија од оваа индустрија“, наведува ЗКЛМ. „Ние, контролорите на летање и помошниците на контролорите на летање, стои во соопштението, работиме во супстандардни услови 24/7, речиси непостоечки набавки на инвентар кој се користи и амортизира 365 дена во годината, со застарени системи за вентилација на воздухот, ладење и греење кои не се сервисирани долги години, недостаток и рестрикции на вода, што е основна човечка потреба, односно услови кои го загрозуваат нашето здравје“, велат од здружението и додаваат дека и покрај сето горенаведено, само со соработка помеѓу работничкиот колектив се успеа најпрофесионално да бидат исполнети сите работни обврски и задолженија, иако тековно се подложни на разни проверки на компетентност, лекарски прегледи, задолжителни стручни усовршувања и обуки според светски и европски стандарди. „Опслужуваме обем на авиосообраќај кој континуирано се зголемува, кој за жал се води со застарен и технолошки ограничен систем за контрола на летање, што создава само дополнителен стрес и притисок во работата на контролорите и помошниците контролори на летање, а истовремено сме сведоци на долгогодишно неодговорно менаџирање со ресурсите што доведе до создавање на нечовечки услови, деградирачка и крајно немотивирачка атмосфера на работа. Токму поради овие причини застануваме покрај ССКЛ и ја поддржуваме одлуката на Синдикатот за штрајк, а воедно бараме од менаџментот на М-НАВ да се воздржи од лични напади кон поединци како и да покаже достоинствен третман кон контролорите на летање, помошниците контролори на летање, а и сите останати професионалци и оперативен персонал. Како што неуморно ве водиме низ нашето небо, така ќе се бориме за нашето достоинство“, истакнуваат од ЗКЛМ. Како што најави претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање Александар Тасевски, штрајкот ќе се одржи на 12 октомври и во периодот од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови на Скопскиот и Охридскиот аеродром. Тасевски изјави дека бараат „да престане непрофесионалното однесување од директорите во однос на процесите за вработувања, внатрешни прераспоредувања, услови за работа и опрема која треба да се имплементира за да се модернизира системот за работа“. ...... Извор: https://www.mkd.mk/node/526665 |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #47 Posted: 04-Oct-2023 at 13:58 |
Некој поупатен? Дали ова би значело дека летови одма после 17ч ќе бидат опслужувани? |
|
Post Reply | Page <123 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |